КАФЕ ПАУЗА

Tag: зарови

  • Несекојдневно хоби со зарови и чаши

    Несекојдневно хоби со зарови и чаши

    Некои луѓе имаат исклучителни таленти за работи кои никогаш не би ни паднале на ум. Така, овој човек умее со неверојатна брзина да ги лови заровите во пластична чаша и притоа ниеден да не му падне на масата. Кога ќе ја отклопи чашата заровите се идеално наредени во висина.rn

    rnЗвучи неверојатно и изгледа како тој да е некаков магионичар, но самото ѕвечкање на заровите во чашата ќе ве увери дека неговото креативно хоби, е резултат на многу часови вежбање и работа. Секоја чест на луѓето кои на уникатен начин го поминуваат своето слободно време, откривајќи нови и невообичаени таленти кај себе.Несекојдневно хоби со зарови и чаши

  • Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

    Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

    Наместо да мислите дека живеете во себичен свет, во кој единствено можете да си верувате себеси, ослободете го духот и почнете да анализирате што би можеле да направите за да бидете попозитивни и посреќни. Човекот не може да се чувствува исполнето ако нема околу себе искрени луѓе, кои вистински го сакаат и почитуваат. Сите ние имаме чувства, желби, соништа… Тоа значи дека само доколку соработуваме заеднички, можеме да го направиме светот подобро место за живеење. Се прашувате како? Еве еден несекојдневен предлог.rnrnСтани подобра личност, со едноставно фрлање на коцкитеrnrn„Коцки за промени“ е навистина уникатен концепт направен од страна на холандската дизајнерска куќа Криејтив хироус, кој има за цел да го промени однесувањето на луѓето на еден весел начин – со едноставно фрлање на коцките. Засега се измислени три типа на коцки, на кои има по шест симпатични икони што прикажуваат што да направите во текот на денот за да се чувствувате хармонично, урамнотежено и исполнето. Секојдневното фрлање на коцките, ќе ве стимулира да направите мали промени во секојдневната рутина, кои можат да резултираат со изненадувачки позитивен ефект.rn

    1. Коцка за љубезност

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцкитеrn

    2. Коцка за здравје

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките rn

    3. Коцка за еколошка свесност

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките rnrnКонцептот за жал, сè уште не е на продажба бидејќи дизајнерите бараат партнерство за производство на заровите. Доколку мислите дека ваквиот начин на негување на психичката состојба е одличен избор за вас, можете да ја оставите вашата имејл адреса на официјалниот веб сајт, за да добиете известување кога заровите ќе бидат ставени на продажба. До тогаш, вкулчете ја вашата креативност и рачно изработете нешто слично, кое секој ден ќе ви го покачува степенот на задоволство од сопствениот живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Седум необични професии од кои можете да живеете #1

    Седум необични професии од кои можете да живеете #1

    1. Испитувач на квалитет на дезодоранси

    rnОва навистина ќе звучи чудно, но некои хемичари мораат да се уверат дека сите произведени дезодоранси и анти-перспиранти го даваат посакуваниот ефект, односно спречување на потењето на мишките на корисниците.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    2. Обработувач на животинско влакно

    rnОвој среќник вари различни видови крзно од животни, со цел тоа да се накадри за понатамошна употреба. Сите знаеме дека мирисот предизвикан од изгорено влакно е ужасен. Епа сега вие замислете си како ли му е на оној, кој треба цел ден да ја мириса аромата на супа од животинско влакно.Седум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    3. Бојар  на цитрони

    rnСигурно некогаш сте застанале покрај свежите лимони, цитрони или портокали во супермаркет и заслепени од нивната совршена боја, сте си помислиле дека би било жалосно да не купите барем  1кг. Неодоливата желба за консумирање на таквото овошје, најверојатно е резултат на постоењето на посебен вид трговски фармери, кои го бојат овошјето со динамични бои, за да ја сокријат зрелоста.Седум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    4. Необично новинарство

    rn

    Има  таков вид новинари кои всушност се платени за да пишуваат статии за други необични професии коишто  постојат. Којзнае, еден ден можеби ќе успеат да си најдат вистинска новинарска работа.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1

    rnrn

    5. Пронаоѓач на бори на чевли

    rnНа никој не му се допаѓа оној набор кој се прави на кожните чевли, после само еден месец носење. Затоа постои таков работник кој се осигурува дека ниеден кожен чевел нема да ја напушти фабриката со бора. Проблемот е само како да најдеме некој кој ќе измисли нешто за чевлите да останат мазни и после кратко време носење.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    6. Амбасадор на виски

    rnОва е дефинитивно работа од соништата на сите полнолетни луѓе. Вие треба да бидете одговорни да го изберете најпрефинетото првокласно виски и да ги научите вашите клиенти, како на соодветен начин да го вкусат. Меѓу другото, ќе уживате восхитувајќи се на различните состојки, кои се идеално измешани во овој извонреден ликер.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    7. Испитувач на облик на зарови

    rnСо само едно погрешено фрлање на заровите, човек може да изгуби огромна сума пари. За да не постојат нерегуларности во квалитетот на заровите, постои личност која се грижи за пропорционалноста, специфичните агли или за евентуалните мани. Претпоставуваме дека несовршеноста на коцките не може да биде причина за да останете шворц во казино.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1