Сопствениците на мачки кои се во самоизолација и со симптоми на коронавирусот, треба да ги задржат милениците во својот дом за да спречат животното да го пренесува вирусот доколку го има на крзното, советуваат ветеринарите.rnrn
rnrnПретставниците од британското здружение на ветеринари соопштиле дека животните може да бидат преносители и може да го задржат вирусот на своето крзно доколку ги допре човек кој е заразен со коронавирус.rnrnТие на сопствениците на миленичиња кои имаат коронавирус или се во изолација, им препорачуваат нивната мачка да ја чуваат затворена, доколку имаат услови, се додека не помине периодот на инкубација и додаваат дека вирусот може да преживее на нивното крзно, исто како и на другите површини, како што се масите и кваките.rnrnТие нагласуваат дека сопствениците на миленичиња треба особено да внимаваат на хигиената на рацете.rnrnВетеринарите истакнуваат дека не советуваат сите мачки да останат во затворен простор, по секоја цена, туку дека сопствениците треба да го сторат тоа само ако мачката сака да е дома. Исто така, додаваат дека некои мачки не можат да останат во затворен простор поради здраствени причини и тоа е премногу стресно за нив.rnrnИма многу малку случаи во кои животните се позитивни на коронавирусот, еден од нив е тигар во зоолошката градина во Бронкс, но дури и во тие случаи нема докази дека животните може да им го пренесат вирусот на луѓето.rnrnМногу е важно луѓето да не паничат за своите миленици. Нема докази дека животните може да ја пренесат болеста на луѓето, советуваат од Британското здружение на ветеринари.rnrnВрз основа, се претпоставува дека кучињата не покажуваат симптоми, но мачките може да покажат клинички знаци на болеста.rnrnПоголема причина за загриженост е доколку заразените сопственици ги галат мачките, и потоа тие го напуштат домот, а потоа ги галат, чешкаат и гушкаат други луѓе.rnrnСепак, мислењата се поделени во врска со прашањето дали миленичињата може да го пренесат вирусот на овој начин.rnrnАмериканското ветеринарно медицинско здружение има поинакви совети за сопствениците на миленичиња.rnrnТие на нивната официјална веб-страна објавиле дека важно е да се запомни дека во моментот нема причина да се верува дека домашните животни може да бидат причина за заразување со новиот коронавирус.rnrnЗатоа, не постои причина за да се отстранат миленичињата од домовите во кој има позитивни на ковид 19, освен ако постои ризик заразеното лице да не може да се грижи за нив. Во ваквите случаи, миленичињата и луѓето имаат потреба од меѓусебна поддршка, а ветеринарните лица треба да се погрижат за нивното добро, објаснуваат тие.rnrnСпоред нив, теоретски, ако пациентот кој го има вирусот во својот нос го допира носот и вирусот се пренесе на рацете, па го погали кучето, а потоа друг член на семејството го погали кучето на истото место и се допре на носот, тогаш би можело да дојде до пренесување на вирусот, Но, додаваат и дека доколку живеете во куќа со личност која е заразена од вирусот, фактор на ризик е човекот, а не миленичето.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирусот и како да го користите?
Tag: зараза
-

Ветеринарите предупредуваат: Еве на што треба да посветите особено внимание ако сте во самоизолација и имате мачка!
-

Развод и уште 6 други работи кои се заразни…
Кога е во прашање заразата, секогаш се помислува на грип, настинка или вирус. Но, постојат и некои други работи кои немаат никаква врска со болест, а сепак може да се „пренесат“. Дознајте за што станува збор!rnrn
rnНегативно размислување
rnГолемо влијание на вас имаат луѓето со кои се дружите. Тие влијаат на начинот на кој се справувате со предизвиците во животот. Потребни се само три месеци за да присвоите негативно размислување, претворајќи го во ваш животен став.rnrn
rnСреќа
rnОд друга страна пак, за среќа, и среќата е заразна. Доколку сте среќни, вашите пријатели се 25% посреќни, а вашите комшии за 34%. Според едно истражување, за споредба, наградата од 5.000 долари ја зголемува вашата среќа за само 2%, што значи дека треба да тргнете во потрга по среќни пријатели и да заборавите на парите.rn
Откажување од цигари
rnКога еден човек ќе престане да пуши, можноста за неговото семејство и пријателите да ги остават цигарите се зголемува за 36%.rnrn
rnСтрес
rnНашиот мозок има способност да детектира стрес кај други луѓе преку најчестите симптоми, како што е забрзаното дишење. Кога ќе се открие овој симптом, кај вас веднаш започнува да се лачи хормон на стрес. Личноста од која ќе се „заразите“ постои можност дури да не се наоѓа во иста просторија со вас.rn
Желба за нови работи
rnЧесто луѓето сметаат дека некои работи се повредни кога и друг ги посакува. Мажите и жените стануваат попривлечни кога се во врска. Ова може да биде голема замка, па затоа внимавајте што посакувате и бидете благодарни на она што веќе го имате.rn
Осаменост
rnЛогично е да мислите дека далечината спречува да се шири осаменоста, но грешите. Напротив, се случува обратното. Истражувањата покажале кога една личност се чувствува осамено, со текот на времето и нејзините блиски ќе почнат да се чувствуваат исто така осамено.rnrn
rnРазвод
rnДоколку вашите пријатели се разведени, шансите за развод во вашиот брак се зголемени за 75%, во однос со оние чии пријатели не се разведени. Доколку пријателите на вашите пријатели се разведат, шансите за ваш развод се 33%. Според истражувањата, она што може да ви помогне во вашата врска е всушност помагањето на вашите пријатели да ги надминат проблемите во нивните врски.rnrnДознајте и зошто смеењето и муртењето се заразни.
-

10 застрашувачки болести кои се речиси искоренети благодарение на вакцините
Благодарение на откривањето на вакцините, многу болести се на патот да станат историја. Во последно време многу родители се одлучуваат да не ги вакцинираат нивните деца, бидејќи мислат дека вакцините всушност немаат никаква корист и можат само да наштетат. Постои вечна дебата на оваа тема, но сепак не може да се негира фактот дека појавата на многу заразни болести е намалена по појавата на вакцините. А се верува и дека различните видови рак, кои се поврзани со вирусот ХПВ, исто така можат целосно да исчезнат. Доколку сѐ уште не сте убедени, прочитајте кои 10 болести се речиси само дел од минатото благодарение на вакцините…rn
1. Детска парализа
rn
rnrnДетската парализа е болест која го напаѓа нервниот систем, а полио-вакцината е откриена во 1952 година од страна на Џонас Салк. Во доцните 90-ти, 80% од децата во светот станале имуни на полио вирусот. Денес, детската парализа редовно се појавува само во Пакистан и Авганистан. Во 1952 година Салк создал вакцина која ја тестирал на многу посебни волонтери: На самиот себе, жена му и децата. Кај сите нив се произвела потребната антитела заштита од вирусот и не се заразиле.rn2. Мала сипаница
rn
rnrnДосега, малата сипаница е единствената човечка болест која е целосно отстранета благодарение на вакцините, а последниот познат случај бил во Англија во 1978 година. Малата сипаница била многу заразна, луѓето се заразувале од обичен контакт лице со лице или од делење постелина за спиење. Малата сипаница прво изгледа како лоша настинка, но подоцна се манифестира со црвени точки по целото тело кои се претвораат во болни чиреви. Убавата аристократка Лејди Мери Вортли Монтаг била изобличена како последица од малата сипаница и таа прва го претставила методот на зараза со оваа болест како превенција од развивање на истата.rn3. Заушки
rn
rnrnЗаушките почнуваат како настинка, но подоцна предизвикуваат подуени образи и отечена вилица. Заушките сѐ уште се појавуваат кај некои поединци со послаб имунитет, но сепак се ретки. Човекот кој ја има откриено вакцината за имунизација против заушки, голема сипаница и рубела може да ѝ се заблагодари на неговата ќерка Џерил Лин за претставувањето на вакцината во јавноста.rn4. Рубеола
rn
rnrnРубеола се вид сипаници кои се многу заразни, а понекогаш и смртоносни кај децата. Почнува со симптоми на настинка и потоа се манифестира како црвен насип низ целото тело. Денес бројот на случаи на рубеола е значително намален, но сепак постои поради намалената вакцинација во одредени земји.rn5. Рубела
rn
rnrnРубела, позната и како германски сипаници, исто така се манифестира со црвен насип на телото како кај рубеолата, но станува збор за сосема различен вирус. Луѓето веднаш ја прифатиле вакцинацијата против рубела кога станала достапна, бидејќи вирусот му наштетувал на фетусот во првото тромесечје, поради што се сметал за многу непријатен вирус за бремените жени и нивните бебиња, иако не бил смртоносен.rnrnПродолжете на следната страница за останатите 5 болести…rn -

Како настинката навистина се пренесува?
Еден од водечките истражувачи Рон Еклс изјавил дека настинката не треба да застане на патот на романсата бидејќи таа не може да се пренесе преку бакнеж. Професорот Еклс тврди дека вирусот се пренесува преку слузта, а не преку плунката. Токму затоа поголеми се шансите да се заразите доколку личноста која е настината ја држите за рака отколку кога се бакнувате. Всушност рацете се најголемите преносители на вирусот.rnrn
rnrnИстражувањето покажало дека и до 21% од оние кои биле настинати откажувале љубовни состаноци од страв да не ја заразат другата личност, додека пак петина од испитаниците изјавиле дека не би спиеле во ист кревет со партнер кој е настинат. Професорот Еклс вели дека обичниот вирус за настинка патува низ слузта од респираторниот систем, па токму затоа не може да дојде во допир со плунката што ни укажува на фактот дека бакнежите не се заразни. Тој исто така додал и дека вирусот се пренесува со раце бидејќи настинатите често кога киваат или кашлаат ја прекриваат устата со нивните дланки и на тој начин дел од исфрлената слуз се закачува за нив.rnrnОва истражување покажало дека луѓето немаат многу разбирање кога станува збор за обична настинка бидејќи се плашат да не се заразат, а не се доволно информирани за начинот на кој вирусот навистина се пренесува. Токму затоа за да го спречите ширењето на настинката мијте ги редовно рацете и слободно бакнувајте го вашиот партнер бидејќи бакнежите се целосно безопасни.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Женската чанта содржи повеќе бактерии од тоалет?
Женските чанти содржат повеќе бактерии од еден просечен тоалет, а највалкан предмет во неа е помадата за раце, на која има повеќе бактерии одошто има на веце школката, открива новото истражување на стручњаците од институтот „Initial Washroom Hygiene“. Истражувањето покажало дека рачката на секоја петта женска чанта, има доволно бактерии за да претставува закана по здравјето. За карминот и маскарата резултатите се малку подобри.
Најмногу бактерии има на кожните торби бидејќи сунѓерестата текстура на кожата е совршена за развој и размножување на бактериите. На жените им се препорачува редовно да ги мијат рацете со влажни марамчиња или дезинфекциски гел, за да се спречи некаква зараза од бактериите.rnrnПитер Барат, менаџер од Initial Hygiene, истакнува дека чантите доаѓаат во редовен контакт со нашите раце и низа други површини, па ризикот за пренесување разни причинители на болести е многу висок, особено со оглед на фактот дека чантите не се чистат редовно.
Инаку, ова истражување е спроведено последователно по друго истражување, кое покажало дека работните површини во кујната се толку многу валкани, што можат да предизвикаат сериозни болести, како епидемии и гастро-цревни болести, како резултат на опасно високите количества од колиформната бактерија (присутна во фекалиите).rnrnИсто така, повеќе од четвртина од испитаните тацни за сушење садови, имале четири пати поголемо присуство на колиформни бактерии од безбедното. Истото истражување открило дека рачките од фрижидерите како и рачките и копчињата на микробрановата печка, се полни со бактерии над безбедносната граница.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Зараза (Contagion)
Филм за кршливоста на човековиот живот, но и за нашата битка „целта ги оправдува средствата“ за да го задржиме… Сепак, што ако смртта ни ја носи едно обично пријателско ракување или вечера во ресторан?rnrn
Режија: Стивен СоденбергrnrnУлоги: Мет Дејмон, Кејт Винслет, Гвинет Палтроу, Лоренс Фишбурн, Џуд Лоу, Маријон КотиарrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 септември 2011rnrnЖанр: трилер, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnОткако светот реално ја почувствува паниката поради САРС-от и свинскиот грип, а голем дел од луѓето сè уште се сеќаваат на тој страв, најдобро е да направиш трилер за нов вирус, за нова закана. Ако режисерот Стивен Соденберг го снимeше овој филм пред некоја година, во очите на јавноста ќе беше осуден како суров бескрупулозен филмаџија кој гази по трупови за да заработи. Но сега, поминато е доволно време за да може дистанцирано да гледаме на работите, а од друга страна, сепак, сè е доволно блиску за да почувствуваме емотивна поврзаност. rnrnА, иако во Македонија целата ситуација со вирусите мина помирно, низ целиот свет луѓето подлабоко ги преживеаја паниката и стравот за сопствениот живот. Можеби поради овие мали наговестувања за сценариото, ви наликува дека филмот е копија на „Епидемија“ со Дастин Хофман, но факт е дека Соденберг создава малку потемна и помачна приказна во која нема некои особени љубовни стории или пак слепо трчање по магичниот противотров кој за 24 часа ќе реши сè.rn————————————————————————————————————————————————- rnrnПриказна: Уште во првите 10 минути од филмот, Бет (Гвинет Палтроу) се враќа од бизнис патување во Хонг Конг, по што има напад и умира, а сличното му се случува и на нејзиниот малечок син, Кларк. Единствено сопругот Мич е имун. Како во епицентар на една огромна пајакова мрежа, филмски се регистрираат сите страни во кои тргнува заразата и колку таа излегува од контрола. Веднаш се алармираат надлежните органи и почнува истрага. На истражувачката страна се: Лоренс Фишбурн, Кејт Винслент и Марион Котијард и сметам дека поголемо навлегување во деталите е непотребно.
Соденберг, како режисер кој има потпишано култни филмови како „Ерин Брокович“ или „Секс, лаги и видеоленти”, работи (најверојатно) со огромен буџет, па е слободен да си прави што сака. Така што, ако вообичаено во филмовите знаете дека најголемата ѕвезда нема да умре или пак тоа ќе ù се случи на пет минути пред крајот, тука тоа воопшто не е случај. Палтроу ја има, сè на сè, 15 минути и… добро не откривам што сè понатаму се случува. Интересно е што и во споредните улоги се јавуваат оние актери на кои можеби не им го знаете името, но знаете дека сте ги виделе некаде.
Режија: И покрај сите атрибути, чувството е дека Соденберг прави филм кој на крајот не те задоволува комплетно. Од една страна е приказната за трката по лек, но и бирократските шаховски игри кој ја кочат. Низ ликот на Ален (Џуд Лоу) се разгледува и граѓанското новинарство, односно сè поприсутните блогери, твитерџии, кои иако во одредени моменти може да придонесат многу за да излезат некои информации на виделина, се случува и во таа слепа потрага по нешто, да направат повеќе штета отколку корист.rnrnСе разгледува и прашањето кој ќе биде прв спасен – ти или јас, кој е поважен. Соденберг наметнува толку многу потприказни што е просто невозможно целосно да се разработат само во еден филм. Тој почнува да ги поставува, но некаде попатно во целата таа конфузија се губи и ги остава некако магливи, недоречени, без некој особено силен импакт врз гледачите.
Кога и како да го гледате: На моменти има кратки сцени кои може да ги вознемират почувствителните гледачи, како сликите од аутопсија. Сепак, според мој вкус, генерално филмот и не е нешто трауматичен. Ако му текне на некого да го донесе во кино, тоа е вистинското место да се гледа „Зараза“ и дефинитивно подобро „легнува“ ноќно време.
———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 факти за смеењето
Смеење… од самиот збор веќе малку ви заигруваат врвовите на усните, нели? Се смееме уште од самото раѓање и, верувале или не, тоа е една од најважните работи што ја правиме во текот на животот.rnrn
rnrnВелат дека смеењето е заразно. И навистина, сигурно ви се случило да се разминете со некого на улица, кој има широка насмевка на лицето, поради што и вие махинално веднаш местите на своето. Или пак, кога некој „се гази од смеење“, дури и ако не знаете зошто, сепак неконтролирано и вие се вклучувате во тој групен акт на среќа и задоволство. Еве неколку факти за смеењето, кои можеби не ви се познати:rnrn1. Глумете дека се смеете за да се смеете повеќе – Психолошки е докажано дека доколку се форсирате да се смеете дури и кога не ви е до смеење, кога тогаш ќе си го подобрите расположението, а воедно и расположението на оние околу вас.rnrn2. Смеењето го подобрува здравјето – Кога се смеете, сте порелаксирани што значи дека се чувствувате помалку стресно, а пак, познато е дека стресот е штетен по здравјето. Останувањето во релаксирана состојба, го подобрува имунолошкиот систем.rnrn3. Помалку мускули се потребни за смеење одошто за муртење – Зошто тогаш би се муртеле, кога смеењето е многу полесна опција?rnrn4. Смеењето е начин на комуникација кое ги руши јазичните бариери – Сите луѓе во светот, независно од културата и од јазикот што го зборуваат, го разбираат смеењето на ист начин.rnrn5. Смеењето може да ви овозможи полесно вработување – Докажано е дека луѓето кои се смеат, се доживуваат како подружељубиви и поатрактивни. Овие луѓе имаат поголеми шанси да ја добијат работата за која се пријавиле, во однос на оние кои не се смеат често. Па и логично, никој не сака да работи со намуртени луѓе.rnrn6. Девојчињата се смеат повеќе од момчињата – Ова продолжува и во подоцнежните години од животот. Жените почесто остваруваат контакт со очите. Но, во слични работни средини, ситуацијата е балансирана, па мажите се смеат отприлика онолку пати колку што се смеат и жените.rnrn7. Можете да се смеете на 19 различни начини – Секоја насмевка има различно значење. Има потсмев, смешкање со подбив, смешкање од социјална природа, кое се практикува кога се разминувате со некој на улица и смеење од уво до уво, кое ги опфаќа и очите и ги ангажира речиси сите мускули на лицето.rnrn8. Бебињата можат да разликуваат смеење и муртење – Бебињата преферираат луѓе што се смеат.rnrn9. Бебињата имаат специјални насмевки за саканите – Бебињата практикуваат различни насмевки во различни ситуации, а најдобрите ги чуваат за оние кои најмногу ги сакаат.rnrn10. Смеењето е заразно – Доколку им се смеете на луѓето, тие ќе имаат тенденција да ви ја возвратат насмевката.rnrnКога сите би се смееле доволно, светот би бил поубаво место за живеење. Обидете се да направите промена.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.