КАФЕ ПАУЗА

Tag: задачи

  • Како да ја зголемите вашата продуктивност?

    Како да ја зголемите вашата продуктивност?

    Дали ви се случува да легнете навечер и да си речете дека не сте завршиле ни половина од работите кои сте ги планирале за денот кој изминал? Еве како да ја зголемите вашата продуктивност, да го победите уморот, досадата и сите нешта кои ви го одвлекуваат вниманието.rnrnКако да ја зголемите вашата продуктивност?rn

    Забранет пристап до интернет

    rnИнтернетот е важна компонента на модерниот живот. Вистина е дека во многу наврати е неопходен и е вистински извор на информации. Но исто така, интернетот е број 1 занимација која ви го одзема вниманието. Ќе седнете да завршите некоја задача, но ќе ви текне да го проверите профилот на некоја од социјалните мрежи, набрзина да ѕирнете што има ново и дали некој ви пратил „животи“ за некоја од игрите кои ги играте.rnrnКога ќе решите дека треба да направите нешто, тогаш најдобро би било самите да си забраните пристап до интернет. Доколку вашата работа бара од вас да бидете пред компјутер и да користите интернет, тогаш забранете си пристап до социјалните мрежи.rnrnЌе си речете само да видам што има ново на Фејсбук, и ете залудно заминале 20 минути од вашето скапоцено време. Не само што ви одзема време туку и ве деконцентрира. Ќе преживеат твитерџиите и без вас – во часот кој следи вие имате задача која треба да ја завршите!rn

    Листа со задачи

    rnTo-do листите никогаш не излегуваат од мода. Не само што ќе се чувствувате вистински успешно откако ќе ги исполните, ваквите листи ве насочуваат, ви помагаат да останете организирани и не ви дозволуваат да заборавите некоја од вашите обврски.rnrnКако да ја зголемите вашата продуктивност?rnrnНо, она што е важно е начинот на кој ги употребувате таквите листи. Како прво, за да бидете вистински продуктивни следејќи ја вашата листа со задачи, мора да бидете навикнати да го правите тоа. Ако веќе сте почнале, правете ги постојано инаку ќе заборавате да ги погледнете работите кои сте ги запишале и нема да створите навика за да ги исполнувате. Друга важна работа е да ги запишувате вашите задачи според временскиот период во кој треба да бидат завршени и според истиот да ги подредувате по редослед. Така полесно ќе се движите низ листата. Сè е навика и важна е шемата според која го навинувате вашиот мозок.rnrnНе запишувајте непотребни работи ниту пак премногу општи. Нема потреба на вашата листа да стои дека треба да го нахраните вашето милениче кога во секој случај го правите тоа постојано. Не пренатрупувајте ги листите со непотребни работи.rn

    Одберете го вистинскиот систем за вас

    rnСите сме различни и сите би требало да си создадеме навики кои ни годат според времето со кое располагаме и според начинот на кој ги извршуваме работите. Најдете систем на исполнување на обврските кој најмногу ви одговара вам. Ако сте најконцентрирани наутро, тогаш важните нешта исполнувајте ги заедно со вашето утринско кафе. Доколку сте личност кој работи подобро под притисок, тогаш самите поставете си крајни рокови; ако по природа сте личност која ги одложува важните обврски, тогаш за инает на сите сили кои ве влечат назад, исполнете ги прво работите кои се потешки и пообемни. За брзо ќе сфатите дека нема од што да се плашите и ќе ви прејде во навика да бидете точни и продуктивни.rnrnКако да ја зголемите вашата продуктивност?rn

    Победете ги уморот и досадата

    rnСекако дека може да изгубите концентрација, особено доколку исполнувате обемна ментална задача. Ќе добиете ужасна желба за сон и во вас ќе се јави инстинкт кој ќе ви рече дека едноставно ви е премногу здодевно. Одете под ладен туш, направете јако кафе, сменете ја просторијата во која работите, одморете неколку минути па вратете се на работа. Најдете начин да ги победите уморот и здодевноста и фокусирајте се на вашата задача.rn

    Фокусирајте се на исходот

    rnШто ќе биде кога ќе ја завршите задачата? Можеби ќе бидете наградени или барем ќе знаете дека сте направиле голем чекор и ќе ви биде многу полесно. Кога ќе помислите да се откажете и она што го правите да го оставите за утре или задутре, размислете колку би било прекрасно оваа вечер да си легнете знаејќи дека сте ја завршиле работата.rnrnКако да ја зголемите вашата продуктивност?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рецепт за зголемување на продуктивноста за само една недела

    Рецепт за зголемување на продуктивноста за само една недела

    Колку често добивате напад на паника само штом ќе погледнете во листата со работи кои треба да ги направите? Да, зафатеноста е најважна работа во светот и луѓето кои имаат обврски се активни и продуктивни. Но дали сте се соочиле со потешкотии во извршувањето на задачите? Дали често чувствувате дека не можете да постигнете сè и дека она што се бара од вас е едноставно премногу?rnrnРецепт за зголемување на продуктивноста за само една неделаrnrnКако најчесто ви започнува денот? На пример, се будите по само неколку часа сон (бидејќи сте останале до доцна да гледате филм или несвесно сте поминале неколку часа на социјалните мрежи), веднаш ја проверувате електронската пошта или вклучувате ТВ, се спремате многу брзо, целосно го прескокнувате појадокот или купувате нешто по пат, најверојатно нешто што не е задоволителен и здрав појадок, и додека стигнете до вашето работно место веќе се чувствувате изморени и безволни. Дали е вистинско време еднаш засекогаш да прекинете со оваа нездрава навика?rnrnВо продолжение следува рецепт со кој загарантирано ќе ја зголемите вашата продуктивност и тоа за само една недела. Не се откажувајте, дозволете оваа нова утринска рутина да ви стане навика и самите ќе ги забележите промените во резултатите и бројот на завршените задачи.rnrnРецепт за зголемување на продуктивноста за само една неделаrn

    Подготовка:

    rnrn

      rn011

    • Нема телевизија/радио/компјутер после 21 часот
    • rn011

    • Пред легнување запишете ги оние мисли и интересни идеи кои ви доаѓаат на ум
    • rn011

    • Не посегнувајте по телефонот веднаш штом ќе ги отворите очите наутро
    • rn011

    • Не го вклучувајте телевизорот или компјутерот веднаш штом ќе се разбудите
    • rn011

    • Колку и да ви звучи тешко или невозможно, битна е вашата желба да издржите со оваа рутина во нареднава една недела
    • rn

    rnrn

    Од што се состои „рецептот“?

    rn1. Во 21 часот, напијте се чаша млеко или вода и направете мала закуска (овошје, зеленчук или шака ореви).rnrn2. Заминете на спиење пред 22 часот.rnrn3. Наместете го алармот за во 6 часот (заборавете на опцијата за „дремка“ од 5 или 10 минути).rnrn4. Во никој случај не посегнувајте веднаш по вашиот компјутер/телевизор/мобилен.rnrn5. По будењето, дајте си 5-10 минути време и само вдишувајте и издишувајте длабоко.rnrnРецепт за зголемување на продуктивноста за само една неделаrnrn6. Во првиот половина час по будењето појадувајте нешто лесно.rnrn7. Доколку имате можност, организирајте го вашето време така што ќе одвоите 15-20 минути време за лесни вежби за раздвижување.rnrn8. Во вашиот нотес запишете ги трите најважни работи кои треба да ги завршите во текот на денот (не претерувајте со листата, запишете ги само трите најважни).rnrn9. Имате само 3 минути да проверите мејл.rn

    10. Сега сте подготвени за новиот работен ден.

    rn

    Рецепт за зголемување на продуктивноста за само една недела

    rnrn

    Важно!

    rnСо ваквата рутина им кажувате на телото и на духот дека со повеќе сон ќе имате повеќе енергија и волја за извршување на обврските, а воедно и подобро здравје. Колку и да ви звучи страшно тоа што ќе мора да си легнувате рано и да станувате дури и порано од предвиденото, бидејќи така ви налага рутината, треба да сфатите колку ја зголемувате вашата продуктивност. Половина час излежување во кревет наутро или „висење“ пред компјутер е далеку полоша варијанта од раздвижување на телото и умот и воспоставување здрава навика. Кога тргнувате од дома знаејќи ги вашите цели и задачи за денот и фокусирајќи се на истите, вие буквално се движите кон нивно остварување со многу помал притисок.rnrnМислите дека никогаш нема да успеете да воспоставите една ваква навика во вашиот живот? Се двоумите дали навистина нешто ќе се промени? Ваше е да пробате и да утврдите самите. Ја имате целата наредна недела да проверите дали овој рецепт за поголема продуктивност позитивно ќе влијае на вас.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како најдобро да го искористите слободното време во лето?

    Како најдобро да го искористите слободното време во лето?

    Доколку ова лето сте решиле да не работите, времето мора да го искористите правилно за да не ви пројде залудно. Постојат многу начини за тоа како најефикасно да го искористите времето додека сте невработени, а особено во лето. Правилно искористете го слободното време во ваша полза.rnrnКако најдобро да го искористите слободното време во летоrnrnПосветете се самите на себе – Одвојте време само за себе, времето кое уживате да го поминувате во безделничење не е залудно потрошено време. Но, гледајте да имате некаква цел и причина. На пример, средете си ја собата, направете си по некој домашен третман, вежбајте дома и останете активни.rnrnСамите поставете си задача – Не сте вработени, а во овој период немате ни обврски за на факултет или училиште, но затоа самите поставете си задачи. Снабдете се со материјали за учење или почнете со некој курс преку интернет, како на пример курс за јазици или за танцување.rnrnНаправете распоред – И покрај тоа што немате големи обврски, имајте си распоред и бележник за секој ден. Тука ќе запишувате сè што треба да направите, како на пример, средба со друштвото во четврток во 20 часот, или пазарење во Петок во 17, запишувајте и останете организирани. Имајте си и список со ситни работи низ дома кои треба да ги направите и нешта кои треба да ги купите. Додека сте слободни може да си изготвите план за наредниот период кога ќе бидете зафатени (на пример од почетокот на наредната учебна година) или изгответе детален финансиски план за наредните месеци. Така секогаш ќе знаете како стојат работите и ќе имате чувство на сигурност.rnrnСобирајте спомени – Правете многу слики, без разлика дали станува збор за вечерно излегување или дневна кафе-шема, имајте си колекција од спомени по што ќе го паметите летото. Тука не спаѓаат само слики, туку и влезниците од концертите кои сте ги посетиле дури и флаерите кои сте ги собрале, сето тоа ќе ве потсеќа на добрите помини со друштвото, семејството, љубените…rnrnКако најдобро да го искористите слободното време во летоrnrnЧитајте книги – Не затоа што сите советуваат дека треба да читате, туку зашто е вистински корисно. Опуштете се наутро со добра книга и вкусно кафе на вашиот балкон. Имајте си дневни ритуали кои ќе ги почитувате. А секоја книга е едно искуство плус, и тоа големо искуство.rnrnВолонтирајте – Доколку имате можност волонтирајте, правете сè што ве исполнува. Добро исчистете го и преуредете си го плакарот и сите непотребни работи донирајте ги во некоја организација. Така ќе знаете дека сте корисни и сте направиле некое добро дело.rnrnУпотребете ја фантазијата – Бидете креативни и употребете ја фантазијата. Подобрете ги и унапредете ги работите кои секојдневно ви требаат, украсете ја вашата шолја за кафе, направете си постери за во соба, преуредете го мебелот, декорирајте, внесете новости и разубавете си го домот.rnrnЗапишувајте – Водете си дневник, запишувајте важни настани, смешни случки, моменти кои ви го одзеле здивот. Чудесно е чувството кога ќе се навратите на спомените и ќе го читате тоа после неколку години. Којзнае, можеби од тоа ваше творење ќе излезе и цел писателски труд.rnrnПосетувајте важни настани – Кино, театар, интересни и неповторливи журки, посетувајте ги настаните по кои ова лето ќе остане запаметено. Најважно од сè, секогаш гледајте да понесете добри спомени и да запознаете многу луѓе.rnrnОстанете информирани – Бидете во тек со настаните, читајте дневни весници, гледајте по малку телевизија, останете информирани и секогаш знајте што се случува околу вас. Размислувајте на интересни теми на кои би можеле да дебатирате во друштво.rnrnИспланирајте си одмор – Дури и да не сте вработени вам ви треба одмор, бегство од секојдневието, зашто секојдневието исполнето со досада е позаморно и од полното работно време. Доколку не можете да си дозволите летен одмор во странство, испланирајте си викенд со друштво, за време на кој вие целосно ќе се опуштите и ќе ја „избркате“ негативната енергија и здодевното секојдневие.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни лепливи бележници

    Креативни лепливи бележници

    Ги ставате во книгите за да ги означите местата на кои треба да им се навратите подоцна, го украсувате мониторот за да не ги заборавате важните задачи што треба да ги завршите и ги лепите на фрижидерот за да можете секогаш спремни да појдете во продавница за да купувате продукти за дома.rnrnОбични или креативни, тие си ја вршат функцијата – не потсетуваат на секојдневните работи со кои не мора да се оптеретуваме да ги запомниме. Еве 12 креативни бележници кои би можеле да ви го направат секојдневието малку поинтересно.Креативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележнициКреативни лепливи бележници

  • Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

    Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

    Декември, се одбројуваат деновите до Новата година. Како се чувствувате? – Нестрпливо, возбудено, разочарано? Потрошете 30-ина минути и искрено одговорете на овие 7 прашања. Тестот ќе ви открие некои важни работи и ќе ви даде добри насоки за да бидете позадоволни и посреќни следната година.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrn

    1. На скала 1-10, колку сте задоволни од себе за оваа година?

    rnОценете се себеси во оваа година. Ова е едноставна вежба со која ќе дојдете до прецизен одговор, а бројката ќе ви биде показател за многу работи во вашиот живот.rn

    2. Зошто се оценивте така?

    rnВажно е да разберете која е причината за таквото себе-оценување. На пример, ако си дадовте оценка 3/10, дали е тоа заради запоставувањето на вашиот љубовен живот и здравјето на сметка на работата или пак бидејќи не ги остваривте сите цели кои ги зацртавте? Кои и да се причините, запишете ги некаде.rn

    3. Кои беа вашите најголеми достигнувања изминатава година?

    rnОвде одговорите опфаќаат какви било успеси на кои сте горди: унапредување во кариерата, влегување во долго-посакуваната врска, доследност во физичките активности…rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrnrnОва за некои луѓе може да биде тешко бидејќи треба строго да се погледне кон 365 изминати дена и да се даде оценка дали тие биле добро искористени. Благодарение на одговорите, ќе можете да се ослободите од неважните работи и да го фокусирате вниманието само на она што е вистински важно.rnrnПонекогаш, веруваме дека сме успеале во нешто, но и тогаш треба да се запрашаме дали со тој успех сме си помогнале себеси или на некој друг. Можеби сакате да им помагате на другите и нема ништо лошо во тоа, но не заборавајте на вашите соништа. Искреирајте ги во вашата глава и догодина повторно запрашајте се истово. Ќе се изненадите колку можете да успеете во остварување на своите соништа.rn

    4. Кои се најзначајните лекции кои ги научивте годинава?

    rnШто сè научивте од сè што ви се случи изминатава година?rnrnСекојдневните искуства не прават помудри, сите го знаеме тоа. Но, не сите се однесуваат исто со работите кои им се случуваат во секојдневното опкружување. Без разлика дали добри или лоши, новите искуства ни додаваат нов слој мудрост врз постоечкиот. Запишувајќи ги научените лекции од секојдневните искуства ќе бидете свесни за големата мудрост која ви се натрупала низ годините.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrn

    5. Кои се целите кои сакате да ги постигнете следната година?

    rnОва прашање можете да си го поставите уште во 2 други варијанти:rn
    rn

    „Како можам да направам следната година да ми биде најдобра во животот?“rnrn„Ако сега е 31 декември следната година, што би сакал/а да видам во својот живот?“

    rnОткако ќе си одговорите на прашањата, поставете си ги целите со согласност со нив.rnrnШто би требало да ви се случи за да си дадете оценка 10/10 кога следната година ќе го правите истово? Кои се целите кои сакате да ги постигнете и соништата кои сакате да станат реалност? Запишете си ги одговорите како цели за следната година.rn

    6. Кои нови навики би сакале да ги стекнете/одржите?

    rnЗа да ги остварите вашите цели со успех, мора прво да си создадете добри навики. Кои нови навики би сакале да ги стекнете? Луѓето обично се одлучуваат за медитација, вежбање, рано станување, рано легнување, пиење повеќе вода, откажување од цигарите… Кога ќе почнете да негувате одредени позитивни навики, природно станувате подобра личност, за себе и за другите.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrn

    7. Кои се вашите идни итни чекори кои треба да ги преземете?

    rnОткако ги запишавте вашите намери за следната година, одредете ги оние кои се однесуваат на најитниот период. Што би требало да почнете да правите за да почнат работите да течат во одредена насока? Закажете си точни датуми за овие планови и запишете ги.rnrnНа крајот, не заборавајте да почнете веднаш. Почнете од почеток уште пред да заврши старата година. Размислувајте однапред за работите кои ќе ве очекуваат во иднина. Така ќе бидете пред сите.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrnrnАко ви помогна тестот во прецизирање на вашите цели за следната година, споделете ги размислувањата и чувствата во коментар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.