КАФЕ ПАУЗА

Tag: забавена снимка

  • Вештините на еден каскадер во забавена снимка

    Вештините на еден каскадер во забавена снимка

    Данте Ха е професионален каскадер чијашто работа можете да ја видите во филмовите „Воскреснувањето на црниот витез“ (The Dark Knight Rises, 2012) и „Икс-мен: прва генерација“ (X-Men: First Class), во ТВ сериите „Живи мртовци“ (Walking Dead), „Младиот врколак“ (Teen Wolf) и др. Вештините на еден каскадер во забавена снимкаОва видео ни ги прикажува неговите вештини во забавена снимка и нè остава со подзината уста секогаш кога таа ќе се замрзне. Краткиот филм е режиран од Риши Канерија, а музиката е на Клинт Мансел.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Почеток на една љубовна приказна…

    Почеток на една љубовна приказна…

    Зад ова филмско ремек дело, насловено „Nuit Blanche“ (Непреспиена ноќ), стои 30-годишниот француски режисер Arev Manoukian, а е во продукција на „Spy Films“.rnrnКраткиот филм, е снимен во Париз, а прикажува еден бурен момент на конекција помеѓу маж и жена, кои никогаш во животот се немаат сретнато, до мигот кога нивните погледи ќе се судрат и инстантно ќе создадат фатална магнетската привлечност. Никој и ништо на светот не е посилно од нивната љубов за да може да ги раздели.rnrnПочеток на една љубовна приказна...rnrnОна што „Nuit Blanche“ го прави маркантен и незаборавен, е црно-белата техника, забавената снимка, експлозиите од вода и стакло и целокупниот впечатлив приказ на безусловната страсна љубов помеѓу мажот и жената. Продолжените секунди ги отсликуваат чувствата кои секој од нив ги има за другиот, а времето само по себе е експресија на нивната преголема, дури болна потреба да бидат заедно.rnrnПочеток на една љубовна приказна...rnrn„Непреспиена ноќ“ ја освои главната награда на LG-Филмскиот фестивал, одржан во 2010.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.