КАФЕ ПАУЗА

Tag: x-зраци

  • Сонцето во малку поинакво издание

    Сонцето во малку поинакво издание

    Ова е поглед на Сонцето какво што досега никогаш не сме го виделе. Овие восхитувачки фотографии ни го прикажуваат внатрешното вриење на нашата ѕвезда на таков начин што човечкото око не би можел да го забележи. Сателитот на Сончевата Динамична Опсерваторија на NASA (SDO) направил слики кои ја покажуваат енергијата што ја ослободува Сонцето во вид на бранови должини, како X-зраци и ултравиолетова светлина. Тоа помогнало за добивање многу нови сознанија за начинот на функционирање на Сонцето.rnrn

    Сонцето во малку поинакво издание
    Овие X-зраци и УВ-светлината им помогнале на научниците да го разберат начинот на кој функционира Сонцето.
    rnrnЧистината на сликите од SDO-сателитот укажува на тоа дека во NASA ќе пристигнат многу покорисни податоци за разлика од кое било друго вселенско летало. Овој сателит секој ден испраќа околу 1,5 терабајти податоци што е еднакво на 500.000 песни на вашиот мп3 плеер.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сателитот има произведено чудесни слики од Сонцето, набрзо по неговото лансирање во февруари, 2010 година.
    rnrnНекои слики покажуваат и работи кои никогаш досега не биле видени, детали за сончевиот материјал кој струи околу Сонцето, како и приказ одблизу на активностите кои се одвиваат на неговата  површина.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектрум – светлина која е невидлива за човековото око, но која го предизвикува потемнувањето на кожата при сончање
    rnrnСателитот бил лансиран во февруари, 2010 година. Неговиот главен научник Дин Песнел, пренесува дека податоците кои NASA ги добива од него ги реобликуваат и менуваат теориите за начинот на кој функционира нашата ѕвезда, но и овозможуваат да се набљудуваат скорешните бурни активности кои се одвиваат на неговата површина.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектар на бои. Светлите делови се предели на Сонцето со изразена активност кои можат да предизвикаат сончеви бури.
    rnrnВо текот на 5-годишната мисија, овој сателит ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговата улога во климатските промени на Земјата. Исто така, ќе се детерминира улогата на магнетното после на Сонцето во создавањето на силните соларни, деструктивни појави како соларните ветрови.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сателитот ќе им помогне на научниците во проучувањето на штетата која може да ја предизвика соларната светлина врз работата на комуникациските сателити и напојувањето со енергија.
    rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    NASA објавува дневни фотографии и видеа од движењето на Сонцето
    rnrnСончевата Динамична Опсерваторија на NASA е лансирана од Кејп Канаверал во Флорида, Америка. Во текот на 5-годишната мисија, се проценува дека ќе се потрошат околу 855 милиони долари за одржување на неговата активност. Ова вселенско летало, орбитира околу Земјата на околу 35.405 км, сончевите панели се големи 6,4 метри и продуцираат струја со јачина од 1.450 вати.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Во текот на 5-годишната мисија на сателитот, тој ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговото влијание врз климатските промени на Земјата.
    rnrnИнструментите кои се наоѓаат во сателитот се дополнително заштитени од радијација, бидејќи тој се наоѓа надвор од радијацискиот појас на Земјата, каде што има високо ниво на зрачење.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Комбинација од три бранови должини на светлина во една слика – од X-зраци до УВ-зраци… Светлиот прстен ги прикажува местата со големо магнетно зрачење.
    rnrnОва летало има три инструменти кои се задолжени за фаќање слики од Сонцето со ултрависока резолуција.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Црните точки се сончеви пеги кои се движат по површината на Сонцето.
    rnrnСателитот, исто така, помага во разбирањето на соларниот притисок кој се генерира на неговата површина.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рентген слики од цвеќиња

    Рентген слики од цвеќиња

    Велат убавината е длабоко под кожата, но Хју Турви ни покажа дека и цвеќињата имаат што да покажат кога ќе бидат изложени на x-зраци. Хју, кој по професија е дизајнер/уметнички директор, пред да студира фотографија, во 1996 година за првпат употребил рентген снимки за да слика човечки череп, кој бил наменет за неговиот пријател, музичар по професија. Таа слика била искористена за омотот на неговиот албум.rnrn

    рентген слики од цвеќиња
    букет од рози
    rnrnТој секогаш бил фасциниран од тоа што има под површината на работите. Вели: „Јас сум управуван од љубопитноста. Се работи за откривање на светот околу нас. Како дете секогаш сакав да ги расклопам работите и да видам на кој начин работат. X-зраците ми ја даваат таа можност да ѕирнам во длабочината и сето тоа да го претворам во уметност”.rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    обичен крин
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    носачи на спори
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    син крин
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    базга
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    роза
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    крин (одблизу)
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    бодлика
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    крин
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    орхидеја
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    мoрска трева
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    морска трева
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    лалиња
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    роза
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    спори на „Љубов во маглата"
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    „лалето на Нил“
    rnrn
    рентген слики од цвеќиња
    Lisianthus (расте во топлите предели на Јужна Америка, Мексико, Карибите и Северна Америка)
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn