Нема ништо лошо во тоа да го прифатите вашето внатрешно дете, но секој знае дека штом ќе стигнете до 20-тите, на некој начин веќе сте и возрасни. Понекогаш ова може да биде тешка задача и ќе посакате да се вратите на училиште, да се забавувате и да не се грижите за важните работи. Но важно е да знаете како да пораснете и да станете независни.rnrn
rn
1. Сфатете ги нештата сериозно
rnНеодамна се прослави концепт, односно идеја дека толку не сакате да пораснете што не ги сфаќате нештата сериозно. Се шегувате дека повеќе сакате да јадете помфрит наместо да направите хранлив ручек. Исто така се шегувате за состојбата на вашата сметка во банката. Едноставно, посакувате растењето воопшто да не постои. За жал, ако сакате да пораснете шегувањето нема да ви помогне. Можеби ќе направи да се чувствувате подобро, но тоа не е доволно. Почнете посериозно да ги сфаќате нештата и тогаш навистина ќе ви биде подобро. Кога ќе си признаете дека си ја сакате работата и дека сакате да заработувате, ќе се чувствувате навистина гордо.rn
2. Престанете со озборување
rnТешко е да созреете кога единственото нешто што го правите со пријателките е озборување. Озборувањето никогаш не е добра идеја, не прави да се чувствувате добро, па нема причина да го правите. Наместо тоа направете вистински разговор со луѓето во вашиот живот. Ќе почнете да размислувате позрело штом ќе престанете да ги критикувате другите. Сепак, и вие не би сакале да зборуваат лошо за вас.rn
3. Престанете да се грижите за ситници
rnКога сте во средно навистина е лесно да помислите дека секоја одлука е од голема важност. Токму поради ова тинејџерите се навистина драматични. Вистинско искушение е да продолжите со тоа однесување и кога ќе пораснете. Но, време е да престанете да се грижите за ситници. Можете да се тренирате да размислувате дека сè ќе биде во ред. Подобро е да мислите дека нема да се случи ништо лошо ако задоцните.rn
4. Правете повеќе работи за другите луѓе
rnДа бидете возрасни значи да мислите за другите повеќе отколку што мислите за себе. Правењето добри нешта за другите е одличен начин да созреете. На овој начин ќе научите да бидете сочувствителни и ќе ги сфатите и нивните проблеми. Ова ќе ви биде потсетник дека секој има проблеми и дека вашите не се толку сериозни колку што ви изгледаат. Нема потреба да купувате скапи подароци за ова. Можете да го проверите пријателот кој не се чувствува добро, или да ѝ понудите помош на вашата мајка.rn
5. Научете да кажувате НЕ и да се слушате себеси
rnНе можете да ја прифатите секоја покана за забава. Всушност можете, но тогаш нема да бидете среќни и нема да уживате. Ако сакате да созреете, почнете да кажувате НЕ. И треба да не чувствувате вина кога го правите тоа. Слушајте се себеси и правете го она што вам ви треба. Да пораснете значи да бидете пријатели и со самите себеси.rnrnДали знаете кои се 10-те фази на созревање во 20-тите?


rnrn
rnrn

„Cougar women“ е англиска фраза која се однесува на жени над 35 години, што „бркаат“ помлади момци, кои согласно возраста би можеле да им бидат синови. Оттука „Cougar Town“ е измислено гратче во Флорида, каде постои таков тренд кај повозрасните сингл жени. Меѓу нив е и трудољубивата и осамена Џулс, разведена 40 годишна жена, со син средношколец кој го обожава и сопствена агенција за недвижнини. Taa никогаш немала прилика да ги живее „лудите, млади години“, па сега решава дека е крајно време да започне да го живее сето она што го пропуштила во средношколските денови. Таа ги исмева жените кои излегуваат со помлади мажи, бидејќи смета дека тоа е очајно и патетично, но набрзо и „светнува“ дека и неа и е потребно малку „лудување“ и без разлика на ризикот дека ќе и биде ставена етикетата „cougar“, решава да тргне во потрага по добар „плен“.rn
Најдобрата другарка на Џулс – Ели, со која живеат врата до врата и кога не се една кај друга на гости, си муабетат преку прозор, се обидува да ја спречи од правење глупости, во период кога нејзиниот син се срами од двајцата негови родители.
Карши Џулс живее нејзиниот шармантен, симпатично дрзок сосед Грејсон, кој е исто така тазе разведен, а осаменоста ја прикрива спиејќи со многу млади девојки.
rn
Кога и како да ја гледате: