КАФЕ ПАУЗА

Tag: возачка култура

  • 6 причини поради кои луѓето возат брзо и арогантно

    6 причини поради кои луѓето возат брзо и арогантно

    На секое излегување на улица гледаме агресивни возачи кои возат супер брзо и неодговорно и ни оставаат впечаток на арогантни ликови на кои не им е местото на нашите заеднички улици. Сигурно на сите ви е преку глава од нив, но ако сакате подобро да ги разберете, прочитајте кои причини можат да придонесат за тоа.rnrn6 причини поради кои луѓето возат брзо и арогантноrn

    1. Го гледале „Брзи и бесни“ или некој сличен филм

    rnНаспроти сите кампањи за безбедно возење или домашното воспитување во врска со бонтонот, забавната индустрија влијае во спротивен правец. Филмот „Брзи и бесни“ е еден таков пример. Тоа е филм кој го воспева неодговорното возење и тркање во урбани средини. На таков начин во вистинскиот живот почина еден од главните ликови во тој серијал, но тоа резултираше само со поголемо воздигнување на неговиот лик и дело. За жал тој има огромна база на фанови, а со тоа создава и огромна маса на луѓе кои можат да бидат опасни штом стигнат до волан. Тоа го докажува и драстичното зголемување на сообраќајните прекршоци и несреќи веднаш по прикажувањето на овој филм во кино. Затоа во САД е вообичаена практика да испратат повеќе патроли на терен во термините додека се прикажува овој или некој сличен филм.rn

    2. Играле видео игри со тркање

    rnНаучните истражувања кои ги третираат агресивните возачи потврдуваат дека луѓето кои често се тркаат на компјутер претендираат тоа да го прават и на улица. Тие возат како да имаат замислена целна линија до која мораат први да стигнат, се однесуваат агресивно кон другите возачи и преземаат повеќе ризици при возењето. Ризиците не се само по сопствениот живот и здравје. Интересно било тоа што истражувањето покажало дека тркачките видео игри негативно влијаат само на мажите.rn

    3. Данинг-Кругер ефект

    rnДанинг-Кругер ефектот е виновен за многу лоши работи кои се случуваат во светот, меѓу нив и арогантното возење. Појавата на овој ефект значи дека личноста е цврсто убедена во своите способности, а всушност не е свесна дека нема никакви способности. Затоа некои луѓе мислат дека знаат да пеат, дека се идни славни фудбалери или дека можат да возат колку брзо ќе посакаат, а при тоа лесно ќе ги избегнат штетните последици. Возачот ги преценува своите можности, смета дека сите други се полоши возачи од него, седнува зад воланот, и…rnrn6 причини поради кои луѓето возат брзо и арогантноrn

    4. И безбедноста носи небезбедност

    rnСите инстинктивно тежнееме кон безбедност. Оној кој не се чувствува безбедно не вози пребрзо. Оној кој вози нов автомобил со воздушни перничиња, нови гуми и има одлични кочници ќе вози побрзо затоа што смета дека и со такво возење пак ќе биде безбеден. Самиот автомобил му дава можност да биде побезбеден од другите, но тој тоа го анулира со своето возење сметајќи дека можностите на автомобилот ќе спречат каква било несреќа.rn

    5. Ген на лош возач

    rnЧовечкиот организам создава протеин кој се нарекува БНДФ. Тој му помага на мозокот да се обновува и да ги зачувува информациите во себе. Возењето во голема мера зависи од количината на овој протеин во мозокот. Возачите кои го имаат се подобри од оние кои го имаат во помали количини. Тоа понатаму се поврзува со генот Рс6265, кој се јавува кај вторите. Тоа не значи дека тие автоматски се послаби возачи, но сигурно имаат поголеми шанси да завршат лошо доколку не внимаваат на своето возење.rn

    6. Им смрди автомобилот

    rnНекои научни истражувања покажале дека лошата миризба предизвикува непријателски емоции и агресивност. Истиот тој лош мирис може да разбуди и некој непријатен спомен или да не му дозволи на возачот целосно да се сконцентрира на возењето. Затоа научниците веруваат дека ако нечиј автомобил мириса лошо со тоа се зголемуваат шансите тој да вози агресивно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Неверојатна „улична“ уметност

    Неверојатна „улична“ уметност

    Канаѓанецот Питер Гибсон познат како Roadsworth, од 2001 година започнал да црта по улиците на неговиот роден град Монтреал. Неговата првична замисла била да покрене иницијатива да се направат патеки за велосипеди по улиците и воопшто да го покаже својот протест против општата „возачка култура“ во градот.rnНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеговите дела, кои доаѓаат како надополнување или изменување на нацртаните сообраќајни знаци, изработени во уникатен стил со претходно направени шаблони, добиле голем публицитет.rnНеверојатна „улична“ уметностСепак тоа не поминало незабележано од полицијата, па така тој заработил 53 казни. На крајот, поради големата поддршка од јавноста, и покрај можните високи парични надоместоци и дебелото досие, Питер поминал со многу мала казна. До ден денеска тој продолжува да се бави со уметност и активизам.rnНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметност