КАФЕ ПАУЗА

Tag: витамини

  • Погледнете кои се 5-те најважни витамини и минерали за секоја жена

    Погледнете кои се 5-те најважни витамини и минерали за секоја жена

    Сите витамини и минерали имаат важна функција во телото, но овие пет се најважни кога станува збор за зачувување на здравјето, виталноста и убавината на жената.rnrnVitamins & mineralsrn

    1. Витамин Е

    rnВитаминот Е е всушност витамин на младоста. Овој моќен антиоксиданс е познат по своето позитивно дејство врз здравјето и изгледот на кожата. Тој ги штити кожата и организмот од штетното влијание на оксидативниот стрес и спречува предвремено стареење и развој на болести. За жените е важен затоа што влијае врз менструалните болки, го намалува нивото на холестерол, го штити срцето и ги зајакнува имунитетот и здравјето на репродуктивниот систем.rn

    2. Витамин Д

    rnНајголемите количини на овој витамин ги добиваме од сончевите зраци. Во минатото, додека човекот работел на отворено, нашето тело овој витамин го добивало во изобилство. Но, денес, кога најголем дел од времето го поминуваме во затворен простор, се јавува недостиг на витамин Д. Тој ни е потребен затоа што ја поттикнува апсорпцијата на калциум, кој автоматски ја зголемува густината на коските и спречува остеопороза. Подеднакво важен е и за зајакнување на имунитетот, зачувување на мускулите и спречување разни воспаленија.rn

    3. Б комплекс

    rnБ комплексот е всушност составен од 8 витамини кои учествуваат во околу 300 ензимски реакции во нашето тело. Поголемиот дел од Б витамините даваат енергија, добро расположение, здрав сон и апетит. Некои витамини од Б комплексот се многу важни за време на бременоста. Таков е Б9 или познат како фолна киселина. Жените го сакаат Б комплексот бидејќи директно влијае на растот и цврстината на ноктите и косата, како и на здравјето и убавината на кожата.rn

    4. Железо

    rnОва е еден од најважните минерали во нашиот организам. Тој има клучна улога во репродуктивниот период од животот на жената, но и после него. Железото има важна улога во создавањето на црвените крвни зрнца кои ги снабдуваат виталните органи и ткива со кислород. Прв показател за недостаток на железо е постојан умор и недостаток на енергија.rnrnНедостатокот на железо настанува поради несоодветна исхрана (безмасна или вегетаријанска) или поради обилни менструални циклуси што често доведува до анемија. За да се регулира нивото на железо во крвта, потребно е тоа да се внесува преку храна која е богата со овој минерал како што е спанаќот, темното чоколадо, школките, сончогледовото семе, говедското и јагнешкото месо.rn

    5. Цинк

    rnЦинкот е многу важен минерал во женскиот организам затоа што позитивно влијае врз растот на косата и изгледот на кожата и ноктите. Многуте проблеми како акни, дерматитис и слаби нокти со бели дамки се последица на недостатокот на цинк во организмот. Но, освен дејството врз убавината на жената, цинкот е важен и за имунитетот, правилната работа на репродуктивниот систем и помага при (пред)менструални тегоби.

  • Направете сами: Домашна крема против темни кругови под очите

    Направете сами: Домашна крема против темни кругови под очите

    Верувале или не, за време на пролетта најголем број луѓе имаат проблем со темните кругови под очите. Со цел полесно да се справувате со нив, почнете да пиете повеќе вода и обидувајте се да спиете на грб. Исто така, постои и еден одличен рецепт кој можете многу лесно да го направите во вашиот дом. Сè што ви е потребно е 1/2 лимон и 1/6 патлиџан.rnrnНаправете сами: Домашна крема против темни кругови под очитеrnrnВо еден сад измешајте ги сокот од патлиџан и сокот од лимон. Не грижете се за семките бидејќи оваа смеса ќе ја нанесувате со помош на стапче. Пред нанесувањето не заборавајте добро да го исчистите вашето лице, а потоа нежно, во едно движење, нанесете ја смесата врз вашите темни кругови под очите. Оставете ја да делува 15 минути и потоа измијте ја со вода и нанесете хидратантна крема.rnrnЛимонот содржи антиоксиданси и витамин Ц, па токму затоа ќе осветли вашата кожа, додека пак патлиџанот е преполн со антиоксиданси и витамините Б1, Б2, Б3, Б6 и А.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Едноставен домашен рецепт против стрии со магично дејство

    Едноставен домашен рецепт против стрии со магично дејство

    Ретки се среќниците кои немаат стрии. Овие грди линии на телото најчесто се појавуваат во пубертетот поради брзото растење, но многу често се и несакана последица од големото варирање на тежината, особено во периодот за време на бременоста. Па, доколку и вие имате стрии, тогаш ви препорачуваме да го пробате овој ефикасен домашен метод на отстранување.rnrnЕдноставен домашен рецепт против стрии со магично дејствоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажица шеќер
    • rn011

    • 1 лажица рицинусово или маслиново масло
    • rn011

    • ½ лимон, исцеден
    • rn011

    • 1 капсула витамин Е
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnМешајте ги сите состојки сè додека не се соединат и потоа со кружни движења нанесете ги на местото каде што имате стрии. Најдобро е да ги триете со четка, бидејќи на тој начин ќе ја подобрите циркулациите на оние места од телото каде што стриите најчесто се појавуваат.rnrnПовторувајте ја постапката секој ден, 2 до 3 минути. Смесата може да стои во фрижидер и до 3 недели. За подетални упатства погледнете го следново видео…rnrn

  • Зошто треба да ги замрзнувате лимоните?

    Зошто треба да ги замрзнувате лимоните?

    Добро е познато дека лимонот носи бројни бенефити за организмот. Богат е со витамини кои ни се многу потребни, помага во процесот на губење на килограмите, помага во борбата со настинките итн. Добрата работа во врска со тоа е тоа што може да се употребува цел.rnrnЗошто треба да ги замрзнувате лимоните?rnrnИнтересно е тоа што во неговата лушпа има дури и до десет пати повеќе витамини отколку во неговиот сок. Лимоновата лушпа силно се бори против разни бактериски инфекции, се бори со паразитите, го регулира крвниот притисок, а има и антидепресивни и анти-стрес состојки.rnrnЗа да можете да ја употребите, замрзнете еден цел лимон, а кога ќе биде добро замрзнат изрендајте го. Потоа можете да го употребувате како додаток во супи, салати, десерти, сладоледи, житарки и секаде каде што ќе посакате. Освен што ќе додаде одличен вкус, на тој начин ќе можете да ги соберете и сите бенефити кои тој има да ги понуди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку причини зошто сланината е храна од соништата

    Неколку причини зошто сланината е храна од соништата

    Постои ли нешто попривлечно и повкусно од сланина? Сите оние утра кои ги започнувате со неа, сигурно се најдобрите утра во вашиот живот. Меѓу луѓето владее погрешно мислење дека сланината не е воопшто здрава, но вистината е спротивна, па токму овие 10 нешта се доказ за тоа.rnrnНеколку причини зошто сланината е храна од соништатаrn

    1. Сланината е единствената намирница која истовремено е и слатка и солена

    rnИ токму затоа таа со сè одговара. Неверојатно е колку добро функционираат овие два спротивни и сосема различни вкусови во сланината, кои се во целосна хармонија. Можеме слободно да кажеме дека сланината го спојува и она што не може да биде споено!rn

    2. Таа е најдоброто оружје за борба против мамурлакот

    rnНишто не може да излечи мамурлак толку добро како пржена сланина и една шолја кафе. Тоа е универзална вистина. Колку пати ви се случило да се разбудите мамурни со неверојатен копнеж за чизбургер со сланина?rn

    3. Сланината ве заситува

    rnТаа е богата со заситени масти, па токму затоа по нејзиното консумирање ќе бидете подолго време сити отколку кога јадете храна која изобилува со јаглехидрати. Доколку сте гладни, а сакате подолго време да бидете сити, секогаш одбирајте сланина!rn

    4. Преполна е со витамини

    rnДа, можеби ова ви звучи чудно, ама сланината изобилува со витамини. Таа содржи многу големи количества витамин Б кој е важен за имунитетот и општо за здравјето. Во неа се наоѓаат и до 65% од препорачаната дневна доза тијамин, како и нијацин. Токму затоа наместо да давате пари за различни мултивитамини, послужете се со оброк со сланина.rn

    5. Сланината е дел од палео диетата

    rnПалео диетата е еден вид режим на исхрана кој се заснова на исхраната на нашите предци, далеку пред преработената храна да дојде во нашите домови. Таа се состои од овошје, зеленчук и месо, каде што е вклучена и сланината.rn

    6. Лесна е за подготовка

    rnСланината е сон на секоја мрзлива личност – лесна е за подготовка и е екстремно многу вкусна. Неа може да ја подготви секој, дури и оние кои не се баш надарени за готвење. Најинтересно од сè е што можете да ја подготвите и во микробранова печка.rn

    7. Можете да ја комбинирате со секаков вид храна во кое било време од денот

    rnСланина за појадок? Секако. Сланина за ручек? Да, благодарам. Сланина за вечера? Зошто да не. Таа добро оди со јајце, палента, бургери, скоро сите видови месо, салата…rn

    8. Дури и кога не е добра, добра е

    rnКако и секоја друга храна, различни компании произведуваат различни видови сланина, кои се помалку или повеќе вкусни. Но, дури и кога таа е премногу крцкава и не толку добро подготвена, сепак не можете да ѝ одолеете. Во секој случај, дури и лошата сланина секогаш ќе биде подобар избор од брокула!rn

    9. Богата е со протеини

    rnПротеините се клучна компонента за здрава диета и за наша среќа сланината е исклучително богата со нив. Протеините ви помагаат при одржување на коските, ноктите и кожата, па доколку сакате да бидете убави, не ја избегнувајте.rn

    10. За секој човек постои различен вид сланина

    rnСекогаш можете да јадете сланина, без разлика на вашите религиски верувања. Иако сланината најчесто е од свинско месо, таа може да биде и од мисирка, па дури и од патка.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 јадења кои го потхрануваат мозокот

    10 јадења кои го потхрануваат мозокот

    Во здраво тело – здрав дух. Ова е позната изрека која секој треба да ја сфати сериозно. Менталното и физичкото здравје се подеднакво важни, а здравата исхрана тука игра важна улога.rnrn0-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk_rnrnЗа правилно функционирање на телото, на организмот и на мозокот им се потребни хранливи материи кои ќе ги одржуваат во форма така што тие би можеле целосно да си ги извршуваат своите функции. А бидејќи тие хранливи материи ги внесуваме преку храната и течностите, од непроценлива важност е да знаеме што влијае добро, а што лошо на нас.rnrnПравилната исхрана и те како влијае на нашата мозочна активност, брзината на размислување и продуктивноста во завршување на работите. За правилно да функционира, на мозокот му е потребна енергија, па од витална важност е да знаеме како и преку што да му ја обезбедиме.rn

    Интегрални житарици

    rnМозокот ги прима хранливите материи преку крвта која доаѓа во мозокот и тоа во облик на глукоза. Житариците со ниска вредност на гликемиски индекс, посебно оние кафеавите, се совршени за да ја завршат оваа задача одржувајќи го мозокот постојано буден.rnrn(1)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mkrn

    Масна риба

    rnТелото не произведува есенцијални масни киселини, па тие можат единствено да се внесат во организмот преку исхраната. Најефективните омега 3 маснотии во најголеми количини ги има во масната риба, а се јавуваат како еикозапентаеноинска и докозахексаеноинска киселина. Иако истите можат да се најдат и во други состојки, во масната риба тие се во форма која мозокот може лесно и веднаш да ја искористи. Во масни риби спаѓаат лососот, пастрмката, скушата, харингата, сардините, сарделата и др.rnrn(2)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mkrn

    Боровинки

    rnСпоред истражувања направени на Универзитетот Тафтс во Соединетите американски држави, боровинките се покажале како доста ефективни во борбата против краткотрајното губење на меморијата. Тие ја подобруваат и зајакнуваат мозочната активност, а со тоа ја подобруваат меморијата во мозокот.rnrn(3)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mkrn

    Домати

    rnДоколку се прашувавте зошто баш доматите се толку препорачливи во секојдневната исхрана, тогаш одговорот е многу едноставен: содржат еден куп витамини кои се потребни за нашиот организам, а за мозокот најважен е ликопенот. Тој е моќен антиоксиданс од групата на каротеноидите, кој ги заштитува мозочните ќелии од оштетување кое се јавува во состојба на деменција.rnrn(4)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mkrn

    Витамини

    rnНекои Б витамини, посебно Б6, Б9 (фолна киселина) и Б12, се познати по тоа што го намалуваат нивото на хомоцистин во крвта, а со тоа ја намалуваат веројатноста за мозочен удар или заболување од Алцхајмерова болест. Едно истражување спроведено на група постари луѓе, покажало дека после 2 години интервенција со овие витамини, мозочната активност им била значително подобрена во однос на користење на некои други третмани.rnrn(5)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mkrn

    Црна рибизла

    rnРизбизлата е богата со витамин Ц за кој долго време се смета дека ја подобрува работата на мозокот. А кога притоа може да уживате во вкусот на ова превкусно и многу здраво овошје, воопшто нема потреба да купувате вештачки витамини во вид на апчиња.rnrn(6)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mkrn

    Семки од тиква

    rnДневно доволни ви се една шака семки и ќе бидете како нови. Семките од тиква содржат големо количество на цинк кој е многу значаен за меморијата и размислувањето. Природно си е природно нели?rnrn(7)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mkrn

    Брокула

    rnБрокулата е зеленчук богат со витаминот К кој значително влијае врз когнитивните функции на мозокот. Тоа подразбира дека размислувањето, чувствувањето, интуицијата и други мозочни функции, ќе бидат многу подобрени доколку овој витамин го внесувате во поголеми количини во вашиот организам.rnrn(8)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mkrn

    Жалфија

    rnВо македонскиот јазик позната и како растение мудрец, жалфијата има важна функција во подобрување на меморијата. Уште од најстари времиња оваа билка ја користеле за лечење на секакви болести, па ни денес не е лошо да стане постојан дел од вашата исхрана. Помага за релаксација, нервоза, вртоглавица и друго.rnrn(9)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mkrn

    Лешници

    rnВитаминот Е се покажал како многу значаен за подобрување и одржување на мозочните функции, посебно кај постарите. За ова е спроведено и истражување од Американското списание за епидемиологија според кое, задоволително количество од овој витамин може да спречи какви било мозочни пречки. Покрај зелените зеленчуци, маслинките, оризот и многу други, лешниците се посебно добар извор на овој витамин.rnrn(10)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mkrnrnДобрата и правилна исхрана ни овозможува нормален тек на мозочната и физичката активност. Енергијата која ја добиваме преку хранливите материи е најважна за правилното функционирање на човечкото тело, како и за спречување на болести кои можат да го нападнат. Здравата исхрана и внесувањето на потребните витамини во нашето тело треба да ни биде приоритет, бидејќи здравјето доаѓа пред сè.

  • Вкусен и здрав појадок со јаболка и ореви

    Вкусен и здрав појадок со јаболка и ореви

    Пробајте нешто различно, појадок во чашка полна витамини

    rnВкусен и здрав појадок со јаболка и оревиrn

    Потребно време за подготовка: 15 минути

    rn

    Потребни состојки (за две сервирања):

    rn

      rn011

    • 2 јаболка, излупени и исечени на парчиња
    • rn011

    • 2 супени лажици кафеав шеќер
    • rn011

    • ¼ кафена лажичка цимет
    • rn011

    • 1 супена лажица путер
    • rn011

    • 1 супена лажица брашно
    • rn011

    • 2 супени лажици ореви (исчистени)
    • rn011

    • 4 супени лажици житарки
    • rn011

    • 350 мл овошен јогурт со вкус на ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Во огноотпорен сад ставете ги јаболката, една лажица кафеав шеќер и циметот. Садот ставете го во микропечка околу 2 минути, или додека јаболката не омекнат. Извадете ги од микропечката и оставете да се оладат.
    2. rn011

    3. Во еден сад ставете го путерот, па додајте го брашното и уште една лажица кафеав шеќер. Додајте ги оревите и житариците и измешајте. Смесата треба да биде ронлива. Смесата ставете ја на тава обложена со хартија за печење и ставете ја во рерна на 200 ˚C. Оставете да се пече околу 8 минути.
    4. rn011

    5. Откако јаболката ќе се оладат, поделете ги еднакво во две стаклени чаши. Врз секоја од чашите додајте од овошниот јогурт, а над јогуртот ставете од смесата со ореви и житарици.
    6. rn

    rnВкусен и здрав појадок со јаболка и ореви Вкусен и здрав појадок со јаболка и оревиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Не сакате да јадете наутро? Подгответе смуди за појадок

    Не сакате да јадете наутро? Подгответе смуди за појадок

    Појадокот е најважниот оброк во денот бидејќи ни обезбедува енергија која му е потребна на телото за секојдневните задачи. Ако сте од оние кои не сакаат да појадуваат, ова зелено смуди е идеално за вас.rnrnИако е во течна состојба, овој појадок ќе ви ја даде потребната енергија. Преку намирниците кои треба да ги употребите, ќе ја примите потребната количина на витамини, минерали и антиоксиданси.rnrnne-sakate-da-jadete-nautro-podgotvete-smudi-za-pojadok-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 грст спанаќ
    • rn011

    • ½ краставица
    • rn011

    • 165 грама манго
    • rn011

    • 1 шолја сварен зелен чај
    • rn011

    • ½ лимон или лимета
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите наведени состојки ставете ги во блендер и додајте го лимоновиот сок. Од оваа количина ќе добиете околу 1 литар напиток, а она што ќе ви остане ставете го во фрижидер и конзумирајте го во текот на денот.rnrnСпанаќот го јакне имунолошкиот систем и е полн со витамини А и К, а краставицата го контролира нивото на шеќер во крвта. Зелениот чај штити од многу болести, а лимонот го додаваме за да ја олесни можната утринска мачнина, плус дава витамин Ц и го штити срцето во текот на денот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на бадемите – совршен сојузник во секоја диета

    Моќта на бадемите – совршен сојузник во секоја диета

    Една рака бадеми на ден е совршена ужина која ќе ве засити и ќе ве заштити од многу болести. Овој високопротеински оброк го потиснува и го залажува апетитот и е одличен за здравјето на срцето.rnrnmokjta-na-bademite-sovrshen-sojuznik-vo-sekoja-dieta-kafepauza.mkrnrnБадемите се преполни со монозаситени масти и витамин Е, кои штитат од лошите влијанија на УВ-зраците и Алцхамеровата блосет, тврдат дури 6 неодамна презентирани студии.rnrnЗа оние со ризик од дијабетес, бадемите на дневна база го регулираат нивото на глукоза во крвта.rnrnТие се исто така богати со минерали кои им помагаат на нашите коски да бидат јаки, а магнезиумот е важен за мускулите и за нервите, и плус го регулира крвниот притисок.rnrnЗа кожата, тука се групата флавоноиди кои се антиоксиданси и го подобруваат ефектот на витаминот Е заради што изгледаме младолико.rnrnЕдно истражување кое го водел д-р Керол О’Нил од Универзитетот во Луизијана во кое бил вклучен импресивен примерок од 24.0808 возрасни луѓе, потврдило дека со редовно внесување на бадеми доаѓа до подобрување на нашата психолошка состојба.rnrnЗанимливо е и тоа што со умерено конзумирањње на бадеми, учесниците во истражувањето не се дебелееле. Диетата со бадеми по 6 недели ја намалила масата околу стомакот и количината на сало.rnrnПрелиминарните резултати тврдат дека грицкањето бадеми ја намалува количината на масти во телото што доведува до намалување на ризикот од метаболички синдром, со што автоматски се намалува шансата за срцеви болести и останати заболувања на крвните садови.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто е добро да се јаде кисела зелка?

    Зошто е добро да се јаде кисела зелка?

    Зелката е една од ретките, ако не и единствена природна намирница која човекот успеал да ја подобри, односно да ѝ ги зголеми нутритивните својства преку процесот на киселење. Богатството од калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар, ја прави киселата зелка многу корисна за нашето здравје.rnrnЗошто е добро да се јаде кисела зелка? rnrnЗелката преку процесот на киселење (ферментација) создава исклучително активен кобаламин (витаминот Б12), кој инаку исклучиво може да се најде во намирниците од животинско потекло. Поради оваа причина киселата зелка е неизоставна намирница за вегетаријанците.rnrnПовеќегодишните истражувања потврдуваат дека киселата зелка содржи големо количество на витамин Ц (во 100 г зелка има 50 мг витамин Ц). Покрај тоа, киселата зелка крие вистинско богатство од пиридоксин (витамин Б6), без кој инаку протеините воопшто не би биле искористени. Исто така киселата зелка е богат извор на нијацин (витамин Б3), кој е потребен за целосниот метаболизам, енергија и размена на материи во мозокот.rn

    Расол

    rnПознато е дека расолот е пијалак кој се препорачува како лек за тегоби поврзани со варењето, како и народен лек за смалување на отоците на зглобовите.rnrnМеѓутоа, малку е познато дека сокот од кисела зелка не е богат само со витамин Ц, туку е и лековит пијалак со широк спектар на дејства. Со експерименти е докажано дека со сок од свежа зелка успешно се лечи чир на желудник и воспаление на дебелото црево. Помешан со сок од морков и репка, расолот е одличен пијалак за оние кои имаат недостаток на калциум. Исто така се препорачува да го пијат жени во средни години за да го спречат процесот на остеопороза.rn

    Лековити својства

    rn1. Го подобрува расположениетоrn2. Го прави организмот отпорен на стресrn3. Ја активира размената на материи во мозокотrn4. Помага при создавањето на црвени крвни зрнцаrn5. Ја стимулира работата на клетките и подмладуваrn6. Помага за зајакнување на коскитеrn7. Ја регулира и намалува количината на масни материи и холестерол во крвтаrn8. Го зајакнува имунитетот и ја зголемува силата на мускулитеrn9. Придонесува за обновување на истрошеното сврзно ткивоrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.