КАФЕ ПАУЗА

Tag: витамини

  • Неколку причини зошто треба да јадете повеќе компири

    Неколку причини зошто треба да јадете повеќе компири

    Иако на малкумина им е познато ова, јадењето компири нема автоматски да ве направи подебели. Напротив, ако знаете на кој начин да ги консумирате, тие може да ви помогнат во вашите планови за губење на вишокот килограми. Денес ви прикажуваме неколку работи коишто треба да ги знаете за компирите и придобивките од нив.rnrnrn

    1. Тие се полни со витамини и минерали

    rnКомпирите (со лушпа), се многу богати со витамин Б6, како и со калиум – и тоа двојно повеќе од една банана. Тие имаат многу хранливи влакна и протеини, железо, манган, магнезиум и витамин Ц. Тие се како мултивитамини, освен ако не ги претворите во помфрит, каде што ќе ги испржите овие витамини. Па, зошто би го правеле ова? Некои нутриционисти дури советуваат и да го јадете целиот компир, затоа што лушпата содржи половина од вкупните хранливи влакна и важни минерали.rn

    2. Компирите содржат својства што ве релаксираат

    rnВисоките нивоа витамин Б и магнезиум се одличен начин природно да се справите со стресот и анксиозноста.rn

    3. Скробот не е зло

    rnКомпирите се полисахариди, па токму затоа и можат да ви помогнат во намалувањето на килограмите, сè додека не создавате услови коишто ќе го попречат нивното варење.rn

    4. Престанете постојано да ги пржите

    rnНа овој начин вие ќе ги изгубите хранливите материи. Едноставно испечете ги, додајте им малку масло и зачини и имајте го вашиот прекрасен, хранлив оброк.rn

    5. Големината на порцијата е клучна, особено ако се соочувате со шеќер во крвта

    rnДоколку имате проблеми со регулирање на нивото на шеќер во крвта, тогаш препорачливо е да консумирате мали или средни компири.

  • Рајско стапче: Растението кое лечи преку 50 болести и здравствени нарушувања

    Рајско стапче: Растението кое лечи преку 50 болести и здравствени нарушувања

    Во Египет е познато како „растение на бесмртноста“, а древните Индијанци го нарекувале „рајско стапче“. Ниту еден од овие називи не е залуден, бидејќи алое верата има многубројни здравствени придобивки од кои некои ни се веќе добро познати. Таков е случајот со облогите од листовите алое вера кои се одлични за изгореници и исеченици, но дали сте знаеле дека ова растение не е ограничено само на надворешна употреба?rnrnАлое Вера: Растението кое лечи преку 50 болести и здравствени нарушувањаrnrnИмено, алое верата содржи преку 200 биолошки активни компоненти меѓу кои се вбројуваат полисахаридите, витамините, аминокиселините и минералите кои ја унапредуваат апсорпцијата на хранливите материи. Исто така, тоа содржи и антимикробни и антифунгални својства, помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем и го чисти организмот од токсини. Меѓу минералите кои се наоѓаат во оваа билка се и калциумот, магнезиумот, цинкот, калајот, хромот, селенот, натриумот, железото, бакарот и манганот. Овие минерали го подобруваат метаболизмот и помагаат при варењето на храната, па алое верата често се користи и како растение кое е редовно присутно во диетите и оброците на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.rnrnПокрај набројаните елементи, алое верата ги содржи и ензимите амилаза и липаза кои помагаат во разградувањето на шеќерот и мастите. Ова растение е едно од ретките кои го содржат витаминот Б12 кој, пак, е неопходен за производство на црвените крвни зрнца, што е и одлична вест за сите вегетаријанци. Покрај Б12, ги содржи и витамините А, Ц, Е, фолна киселина, Б1, Б2, Б3 и Б6.rnrnАлое верата во својот хемиски состав ги вклучува сите есенцијални аминокиселини, но и салицилната киселина која се бори против бактериите и воспаленијата. Во некои од истражувањата се покажало дека растението е и одлично за отстранување на наслагите од забите и непцата и помага во лекувањето на афтите и раните во усната празнина. Може да се консумира како сок или да се нанесува во вид на гел, а доколку се одлучите да го пиете тогаш најдобро е да го комбинирате со некој друг пијалак бидејќи има горчлив вкус. Сокот од алое вера можете да го набавите во која било продавница за здрава храна. Поради сите материи кои ги содржи, научниците заклучиле дека алое верата значително помага во лекувањето и олеснувањето на симптомите на повеќе од 50 болести.

  • 7 причини зошто целерот е неверојатно здрав за вас

    7 причини зошто целерот е неверојатно здрав за вас

    Целерот е богат со витамини, калциум, магнезиум и калиум, и навистина е корисен за вашето здравје. Прочитајте ги следниве неверојатни здравствени придобивки од овој зеленчук кои ќе ве натераат да го вклучите во вашата секојдневна исхрана.rnrn7 причини зошто целерот е неверојатно здрава хранаrn

    1. Целерот го намалува крвниот притисок

    rnВисокиот крвен притисок може да предизвика повеќе здравствени проблеми, вклучувајќи и срцев удар. За да го контролирате крвниот притисок потребно е здраво да се храните, а нема ништо поздраво од целерот. Тој содржи фталид, соединение кое го намалува производството на хормоните за стрес, ги опушта мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот кој се наоѓа во целерот ги стабилизира срцевите отчукувања.rn

    2. Одлично се бори против ракот

    rnЕдно од најважните нешта за целерот е тоа што има лековити својства против ракот. Едно истражување докажало дека целерот содржи лутеолин, соединение кои го намалува производството на клетките на ракот. Секојдневното консумирање значително го намалува и ризикот од рак на дојка.rn

    3. Ги намалува воспаленијата

    rnЦелерот може да ви помогне да ги отстраните хроничните воспаленија кои се исклучително опасни и можат да доведат до дијабетес и Алцхајмерова болест. Хипократ напишал дека целерот ги смирува нервите и може да ви ги ублажи симптомите на астма, болка во зглобовите, инфекции на белите дробови и акни.rn

    4. Го намалува нивото на холестерол

    rnЦелерот содржи 3-Н-бутилфталид, единственото соединение кое го одржува нивото на холестерол. Целерот го намалува холестеролот и го чува срцето здраво.rn

    5. Ја зголемува плодноста кај мажите

    rnНекои нови истражувања покажале дека денес младите луѓе имаат помала количина сперма од своите предци. Намалувањето на продуктивноста влијае на намалувањето на плодноста. Со додавање на целерот во вашата исхрана, вие ги зголемувате бројот и подвижноста на сперматозоидите.rn

    6. Го подобрува варењето

    rnЦелерот содржи многу вода и тоа може да помогне во олеснување на варењето. Тој исто така содржи и соединение наречено „NBP“ кое ја подобрува циркулацијата низ цревата.rn

    7. Целерот помага при слабеење

    rnЦелерот е совршен продукт кој треба да го додавате во скоро секое јадење доколку сакате да изгубите тежина. Целерот е богат со хранливи состојки и содржи многу малку калории.rnrn7 причини зошто целерот е неверојатно здрава хранаrn

    Италијанска салата од печурки и целер

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 7 лажички ладно цедено маслиново масло
    • rn011

    • 1 килограм печурки
    • rn011

    • 2 лажички свеж сок од лимон
    • rn011

    • 25 милилитри оцет
    • rn011

    • Прстофат морска сол и свежо мелен црн бибер
    • rn011

    • 75 грама исечкан магдонос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо тава, на среден оган, загрејте три лажички од маслиновото масло. Додајте ги печурките и нека се динстуваат. Додајте малку сол и бибер и оставете ги да се готват. Измешајте ги четирите лажички маслиново масло со сокот од лимон. Додајте сол и бибер. Во голем сад додајте го целерот, ладните печурки, магдоносот, оцетот и зачинете ја салата со лимон и маслиново масло.

  • 3 диети за прекрасна кожа

    3 диети за прекрасна кожа

    Кожата на лицето е многу нежна и чувствителна и токму затоа на неа се покажуваат сите наши прехранбени навики и начинот на исхрана. Постојат неколку намирници кои помагаат при одржувањето здрав и еднаков тен, па во продолжение прочитајте на кој начин е најдобро тие да се консумираат.rnrn3 диети за прекрасна кожаrnrnАко на кожата на лицето забележувате неправилности и нееднаквости, тогаш треба да ја зголемите консумацијата на риба и зеленчук. Зелениот зеленчук како марулата, блитвата и спанаќот, како и лососот прават чуда за вашата кожа. Рибата е богата со омега 3 масни киселини, а зеленчукот со витамините А и Ц, па токму овие хранливи материи се заслужни за чистиот и изедначен тен ослободен од борбата со акните и мозолчињата.rnrn3 диети за прекрасна кожаrnrnАко сакате вашата кожа да биде поинтензивно хидратизирана, тогаш обидете се да го замените утринското кафе со чај. Најсоодветен би бил зелениот чај со неколку капки лимон, без шеќерни додатоци. Тој изобилува со антиоксидансот полифенол, а поради него не само што ќе ја држите кожата хидратизирана туку и ќе ја задоволите потребата од кофеин во организмот.rnrn3 диети за прекрасна кожаrnrnМеката кожа ослободена од неправилни линии првенствено може да ја заштитите со консумацијата на разно овошје и зеленчук. Јагодите, портокалите, пиперките, брокулата и кивите се само некои од намирниците кои имаат благотворно дејство на кожата. Тие обилуваат со витаминот Ц кој што е важен за производството на колаген, кој, пак помага во затегнувањето на кожата.

  • Што ќе се случи ако ги исфрлите месото и месните производи од исхраната?

    Што ќе се случи ако ги исфрлите месото и месните производи од исхраната?

    Во едно научно истражување од Универзитетот во Њујорк, Америка, во кое учествувале 50-тина испитаници, бил спроведен експеримент за да се одреди точно што се случува со човечкиот организам, односно какви промени настануваат во него доколку се исфрлат месото и месните производи од исхраната. Резултатите биле истовремено позитивни и негативни, и кај скоро сите учесници се појавиле овие 5 најкарактеристични промени во нивните тела.rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?rn

    1. Ќе ослабете

    rnИспитаниците кои го исфрлиле месото од нивната исхрана ослабеле до 5 килограми. Притоа, не ги менувале своите дневни рутини и навики, ниту пак ги броеле калориите.rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?rn

    2. Ќе ви се промени цревната микрофлора

    rnВегетаријанците имаат повеќе видови цревни бактерии кои се борат против воспаленијата и инфекциите, но сепак, голема е разликата помеѓу нивната микрофлора и микрофлората на месојадите.rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?rn

    3. Можно е да изгубите неколку важни хранливи материи

    rnСо растителната исхрана е потешко да се добие доволно железо, витамин Д и витамин Б12. Исто така, можно е да ви недостасуваат и протеини. Меѓутоа дневните потреби на организмот од овие материи можете да ги надоместите со соодветни алтернативи: Мешунките и јаткастите плодови се добар извор на белковини и здрави масти, јајцата содржат витамин Д, а ако јадете намирници богати со железо (како што е спанаќот) тогаш тоа правете го во комбинација со витамин Ц (на пример додадете малку лимон во спанаќот).rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?rn

    4. Можно е да го намалите ризикот од канцерогени болести

    rnСветската здравствена организација минатава година ги шокира сите кога објави извештај дека во сланината и колбасите има приближно ист број штетни елементи како што има и во цигарите. Меѓутоа, според истражувањето, тоа не значело дека со консумацијата на овие производи се зголемува и ризикот од рак. Сепак, познато е дека црвеното месо не треба да се внесува во големи количини, особено тоа што е хемиски обработено, бидејќи може да предизвика сериозни здравствени проблеми во цревата и абдоминалниот предел.rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?rn

    5. Сигурно ќе го намалите ризикот од срцеви болести

    rnОсвен претераното внесување масти, американскиот институт Лернер, кој бил партнер на њујоршкиот универзитет во научното истражување, го изолирал и карнитинот. Ова соединение од црвеното место ги поттикнува реакциите во организмот кои го стимулираат настанокот на кардиоваскуларни болести.rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?

  • Идеи за лесни појадоци кои ќе ви дадат енергија за целиот ден

    Идеи за лесни појадоци кои ќе ви дадат енергија за целиот ден

    Потполно ве разбираме кога ќе кажете дека ви претставува тешкотија да станете наутро за да подготвите појадок, а уште повеќе ве разбираме ако после напорната работа имате проблем да останете будни во текот на целиот ден. Затоа денес ви претставуваме неколку вкусни идеи за појадок кои со сигурност ќе ве одржат будни подолго време. Станува збор за солени и слатки појадоци со кои ви е гарантирана доволната количина енергија за во текот на целиот ден.rnrn1-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку својот ден не можете да го започнете без некоја слатка закуска, тогаш дефинитивно изберете мафини со Нутела и банана.rnrn2-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnСакате омлет, но немате доволно време да го направите? Постапката е премногу едноставна! Сè што треба да направите е сите состојки за омлетот да ги ставите во калап за мафини и да ги потпечете.rnrn3-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку не сакате вашиот појадок да биде толку сладок, а сепак да биде витамински и здрав, тогаш идеален избор за вас се мафините со јаболка и цимет, кои ќе ги украсите со исечкани свежи јагоди.rnrn4-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnНема подобра опција за појадок од премногу вкусното смуди. Наш предлог е тоа да биде смуди кое е богато со банани и разни семиња, кое ќе го дополнувате по вкус и ќе го направите уште похранливо.rnrn5-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnМафините со боровинки не чинат многу, а можете да ги направите и сами во микробранова. Без разлика, овие мафини се одличен избор за појадок.rnrn6-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnЗа да направите едноставен, но потполно витамински појадок, изберете тост намачкан со авокадо. Авокадото е многу здрава состојка која ги подобрува функциите на мозокот, па со самото тоа е одличен избор за утринските часови, бидејќи ја зголемува вашата концентрација и прави да имате многу енергија во текот на целиот ден.rnrn7-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnЗа да не се оптоварувате наутро со правењето комплициран појадок, оставете во чаша или тегла да отстоијогурт помешан со житарки и овошје. На тој начин ќе добиете здрав и вкусен појадок кој ќе биде вистинска енергетска бомба за вашиот организам.rnrn8-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_

  • Главоболки, грчеви, кршливи нокти и коса: Симптоми за недостаток на витамини и минерали

    Главоболки, грчеви, кршливи нокти и коса: Симптоми за недостаток на витамини и минерали

    Одредени недостатоци на минерали и витамини во организмот можат да предизвикаат најразлични здравствени проблеми. Симптомите со кои се сочуваме секојдневно можеби не се последица на стресот или нашата психичка состојба, туку се само еден начин на кој нашето тело се обидува да ни каже дека треба да почнеме да консумираме повеќе витамини.rnrnГлавоболка, грчеви, кршливи нокти и коса: Ви недостасува овој витамин!rnrnОва се најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на витамини и минерали во вашето тело:rn

    1. Грчеви во мускулите и главоболки – Недостаток на магнезиум

    rnНад 75% од луѓето патат од недостаток на магнезиум во организмот. Магнезиумот е една од најсилните материи која помага вашиот нервен систем да функционира правилно. Тој ги опушта мускулите и нервите, ја ублажува главоболката и може да ви помогне подобро да спиете. Ако и вие страдате од недостаток на магнезиум, тогаш додадете малку зелје или кељ во вашата исхрана. Сипете и малку горка сол во топлата купка бидејќи таа е богата со магнезиум, а на овој начин тој ќе се апсорбира преку кожата.rn

    2. Акни на лицето – Недостаток на цинк

    rnАкните можат да укажуваат на недостаток на цинк. Цинкот влијае на изгледот на лицето и тенот, но исто така го контролира и производството на маснотии за кожата. Со земањето 30 милиграми цинк дневно, вие можете многу да му помогнете на вашето тело, а вашето лице ќе се ослободи од акните. Исто така може да пробате да јадете и голо семе од тиква.rn

    3. Суви, меки и кршливи нокти и сува коса – Недостаток на витамин Б7

    rnВитаминот Б7 или биотинот е клучен за здравата коса. Иако тој ретко недостасува во организмот, сепак возможно е да имате намалени количини од него, а неговите недостатоци се манифестираат преку губење на косата, сува коса и кршливи нокти. Консумирајте храна богата со витамин Б7 за да ја подобрите оваа состојба.rn

    4. Слаба коса – Недостаток на железо

    rnЖелезото му помага на кислородот да минува низ целото тело, дури и до дланките. Ако забележите дека вашата кожа станува потенка и имате нагло губење на косата, можеби треба да започнете да консумирате храна побогата со железо за да ги решите ваквите проблеми.rn

    5. Бели истакнати отоци – Есенцијални масни киселини

    rnАко забележите мали, бели отоци по прстите и зглобовите на дланките, тоа значи дека патите од недостаток на омега 3 масни киселини. Јадете храна која е богата со омега 3, како на пример риба, за да ја вратите рамнотежата во вашиот организам.

  • 10 причини зошто вашите прсти се секогаш ладни

    10 причини зошто вашите прсти се секогаш ладни

    „Кога надвор е студено и вие мора да излезете, студот најмногу го чувствувате во прстите. Тоа е нормално. Екстремитетите се обично поладни, бидејќи телото најпрво испраќа повеќе крв и топлина кон вашите витални органи: срцето, мозокот и белите дробови“, објаснува д-р Давид А. Фридман, кардиолог од Њујорк.

    rn10 причини зошто вашите прсти се секогаш ладниrnrnНо, ако прстите секогаш ви се ладни, дури и во простории со повисоки температури, тоа може да биде знак за нешто друго. Ова се 10-те причини за ладни прсти:rn

    1. Рејноов синдром

    rnОвој феномен е честа причина за ладни прсти.rn

    „Рејноовиот синдром е состојба во која има стеснување на крвните садови во прстите на рацете, а понекогаш и во прстите на нозете, во ушите и носот, како реакција на студот или на емоционален стрес“, вели Орин Траум, ревматолог од Санта Моника, Калифорнија.

    rnЗа време на епизода од овој синдром, прстите стануваат бели, па сини, бидејќи многу малку крв тече низ овој дел. Потоа тие стануваат црвени, бидејќи крвта се враќа. Често, за време на нападот, прстите можат да бидат здрвени, да боцкаат или да болат. Повеќето случаи на овој синдром немаат познати причинители. Но, добрата вест е што синдромот често е само иритирачки, а не опасен по живот. Промените во начинот на живеењето, како носењето потопла облека, носењето ракавици во студени средини и избегнувањето на емоционалниот стрес се доволни за тој да се држи под контрола.rn

    2. Автоимуни болести

    rnПонекогаш, некоја друга состојба во организмот може да предизвика Рејноов синдром. Лупусот, болест при која имуниот систем го напаѓа сопственото ткиво, склеродермата, болест која доведува до стврднување и појава на лузни на кожата, како и ревматичниот артритис се само дел од автоимуните болести кои можат да предизвикаат Рејноов синдром. Ова е познато како секундарен Рејноов синдром. Обично, кога е во прашање некоја друга состојба, присутни се и преостанатите симптоми. Во тој момент кога оригиналната состојба ќе биде дијагностицирана и доведена под контрола, ќе се подобрат и симптомите на овој синдром.rn

    3. Хипотироидизам

    rnНеретко се појавуваат здрвени и ладни прсти кога е нарушен балансот на тироидната жлезда.rn

    „Тироидната жлезда е термостат на телото. Кога е помалку активна од нормалата, повеќето од телесните функции го забавуваат темпото на работа и може да се појават симптоми како умор, тврда столица, зголемена телесна тежина и чувство дека секогаш ви е ладно, вклучувајќи и ладни прсти“, вели д-р Али Аџам, ревматолог од Охајо.

    rnХипотироидизмот е најчест кај жените и луѓето над 50 години.rn

    4. Проблеми со циркулацијата на крвта

    rnОва е обично главната причина за која луѓето мислат дека е причинител за ладни прсти.rn

    „Слабата циркулација на крвта се појавува кога хранливата крв богата со кислород тече послабо низ телото, поради слабо пумпање на крв од срцето, физички опструкции на крвотокот како блокирање на холестеролот во големите артерии или помалите капилари, или од други причини“, вели Фридман.

    rnКога срцето не може да испумпа доволно крв низ телото, тоа ќе го почувствувате во дланките и стапалата во форма на студ, здрвување или боцкање, бидејќи тие се најоддалечени од него.rn

    5. Анемија

    rnАнемијата се јавува кога телото нема доволно црвени крвни зрнца или кога хемоглобинот во крвта е понизок.rn

    „Анемијата резултира со намалено количество кислород во телото, што може да предизвика ладни раце“, вели д-р Несочи Океке-Игбокве, интернист од Њујорк.

    rnНекои познати причинители се недоволното консумирање железо, губење крв (поради тежок менструален циклус, чиреви или гастроинтестинални крвавења), некои одредени форми рак и дигестивни нарушувања како целијакија или Кронова болест. Покрај ладните раце, анемијата може да предизвика умор, главоболка, вртоглавица, потешкотии во дишењето и бледа кожа. Во повеќето случаи, анемијата предизвикана од недостаток на железо може да се излечи со суплементи на железо.rn

    6. Недостаток на витамин В12

    rnВитаминот В12, кој го има во месото, јајцата, млекото и други производи, е многу важен во создавањето на црвените крвни зрнца.rn

    „Недостатокот на овој витамин може да доведе до намалено производство на црвени крвни зрнца, а со тоа и да се појави анемија“, вели д-р Океке-Игбокве.

    rnНедостатокот на овој витамин е чест помеѓу вегетаријанците како и луѓето над 50 години кои можат да ја изгубат способноста да го апсорбираат овој витамин од храната. Обично испитување на крвта може да покаже дали постои недостаток на Б12 и дали тоа е причината зошто вашите прсти се ладни.rn

    7. Низок крвен притисок

    rn10 причини зошто вашите прсти се секогаш ладниrn

    „Хипотензијата, или нискиот крвен притисок, може да се појави од најразлични причини: дехидрација, губење крв, одредени лекови и ендокрини болести“, вели д-р Океке-Игбокве.

    rnКога крвниот притисок ви е низок, вашите крвни садови ќе ја поместат крвта подалеку од екстремитетите и ќе ја насочат кон виталните органи, што може да резултира со ладни прсти. Ако имате симптоми на хипотензија, како вртоглавица, заматен вид, умор, нагон за повраќање и збунетост, побарајте лекарска помош.rn

    8. Стрес и анксиозност

    rnПознато е дека стресот може да предизвика голем број болести и нарушувања на различни делови од телото, а дланките не се исклучок. Кога искусувате хроничен стрес или анксиозност, вашето тело се подготвува „или да бега или да се бори“. Адреналинот се покачува и како резултат крвните садови во екстремитетите се стеснуваат и прстите, како и дланките стануваат ладни. Ако го контролирате и намалите стресот, ќе ги намалите и симптомите.rn

    9. Лекови

    rnНекои од лековите може да предизвикаат ладни раце.rn

    „Постојат многу лекови кои ги стеснуваат крвните садови, поконкретно во артериите, и кога тоа се случува, еден од несаканите ефекти кој се појавува може да биде Рејноовиот синдром“, вели Фридман.

    rnНекои од овие лекови се бета-блокатори (кои се препишуваат за регулација на крвниот притисок), одредени лекови за рак, за главоболка и слично. Разговарајте со вашиот лекар или фармацевт за да дознаете дали некои од лековите кои ги земате може да ги предизвикуваат вашите симптоми.rn

    10. Пушење

    rn10 причини зошто вашите прсти се секогаш ладниrnrnПокрај многубројните причини да ги откажете цигарите, еве уште една: никотинот предизвикува стеснување на крвните садови и може да предизвика блокирање на делови од артериите, што резултира со намален крвоток во екстремитетите.

  • Здрави производи од кои ќе изгледате помладо

    Здрави производи од кои ќе изгледате помладо

    Здравата исхрана не е само добра за струкот и за имунитетот, туку може да има и неверојатно влијание врз „пеглањето“ на брчките и сјајот на косата.rnrn1-zdravi-proizvodi-od-koi-kje-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_rn

    1. Лубеница

    rnЛетната миленичка, лубеницата, е полна со антиоксиданси кои ѝ ја даваат нејзината црвена боја. Тие состојки ѝ помагаат на кожата да им се спротивстави на штетните УВ-зраци. Лубеницата содржи околу 40% повеќе антиоксиданси отколку доматот и затоа е корисна за оние кои сакаат да излегуваат на сонце.rn

    2 Калинка

    rnЗрната на калинката се полни со антиоксиданси и витамин Ц кои ги спречуваат брчките и сувоста на кожата. Ова овошје во себе, исто така, содржи хемиски соединенија кои го засилуваат создавањето на колаген, кој на кожата ѝ дава поцврст изглед и киселина, која ги намалува воспаленијата предизвикани од УВ-зрачењето.rn

    3. Боровинка

    rnБоровинките ќе ви пружат витамини Ц и Е кои ќе ви помогнат во осветлувањето на кожата и изедначувањето на нејзината боја.rnrn2-zdravi-proizvodi-od-koi-kje-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_rn

    4. Јастог

    rnЈастозите се полни со цинк и имаат разни противвоспалителни својства. Тоа помага при каков било проблем со кожата, па дури и со акните. Цинкот го забрзува обновувањето на кожата.rn

    5. Кељ

    rnКељот е полн со витамин К кој помага во згуснувањето на крвта како и железо кое ни дава здрава боја на кожата.rn

    6. Јајце

    rnНашите нокти се составени од протеини, па може да станат меки доколку не ги внесуваме во нашето тело. Јајцето е добар извор на биотин – витамин кој ги метаболизира аминокселините (главната состојка на протеините).rnrn3-zdravi-proizvodi-od-koi-kje-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_

  • Храна која ќе ѝ помогне на вашата кожа брзо да добие прекрасен бронзен тен

    Храна која ќе ѝ помогне на вашата кожа брзо да добие прекрасен бронзен тен

    Покрај дневната доза сончање, додајте ги и следниве неколку намирници во исхраната со цел да го добиете совршениот тен за брзо време. Состојките на овие продукти ќе ви помогне вашата кожа да изгледа прекрасно, но и здраво да потемни.rnrnХрана која ќе ѝ помогне на вашата кожа брзо да добие прекрасен бронзен тенrn

    Витамин А

    rnМорковите се првите на оваа листа, кои содржат и до 1.200 милиграми витамин А. Тој го зголемува производството на меланин и помага при потемнување на кожата.rn

    Бета каротин

    rnЦикоријата е веднаш зад морковите, а зад неа се дињата, целерот, патлиџанот, лубеницата, кајсиите, јагодите и вишните. Сите овие намирници се богати со бета каротин, кој има ист ефект како антиоксидансите и ѝ помага на вашата кожа побрзо да произведува меланин.rn

    Селен и витамин Е

    rnСеленот и витаминот Е ја штитат вашата кожа од брчки. Тие се најзастапени во јајцата, пченката, патлиџаните, авокадото и белото сирење.rn

    Омега 3

    rnРибите, бадемите и лешниците содржат огромни количини омега 3 масни киселини кои се клучни при превенција на стареење на кожата.rn

    Витамин ПП

    rnЦрвеното месо, школките, сината риба и црниот дроб помагаат при лечење на изгорениците од сонце бидејќи содржат витамин ПП, додека пак житарките ѝ помагаат на вашата кожа да се заштити од голем број надворешни влијанија.rn

    Избегнувајте цитруси

    rnСите оние овошја кои содржат витамин Ц треба да се избегнуваат бидејќи тие ја прават кожата поподложна на изгореници. Избегнувајте ја и храната која содржи многу сол бидејќи таа создава задржување на водата во организмот.rn

    Предлог мени за летните денови:

    rn

      rn011

    • Комбинација од овошје и јогурт за појадок
    • rn011

    • Ориз со шафран и тиква (80 грама) во комбинација со печена пиперка зачинета со маслиново масло за ручек
    • rn011

    • Кој било вид сина риба (200 грама) со авокадо и патлиџан за вечера во комбинација со кајсии како десерт.
    • rn