КАФЕ ПАУЗА

Tag: витамини

  • Витамини и минерали што ви се потребни после 30-тата година од животот

    Витамини и минерали што ви се потребни после 30-тата година од животот

    Брзиот начин на живот и недостатокот од време за планирање на оброците ја зголемуваат популарноста на додатоците во исхраната. Сè повеќе луѓе земаат витамини за да го надополнат недостатокот од нивниот начин на исхрана. По 30-тата година од животот, витамините се особено важни за жените кои имаат хормонални промени поради бременост или рана менопауза. Па, погледнете кои се витамините и минералите што ви се потребни после 30-тата година.rnrnВитамини и минерали што ви се потребни после 30-тата година од живототrn

    Омега 3 масни киселини

    rnОвие масни киселини се клучни за правилно функционирање на организмот, а нашето тело не може да ги произведе само. Морате да ги внесете преку храна или додатоци во исхраната. Најдобар природен извор на омега 3 масни киселини се лососот и другите видови риба.rn

    Витамини од групата Б

    rnОвие витамини најчесто се поврзани со енергијата, но исто така го подобруваат расположението и ги ублажуваат симптомите на депресија. Бидејќи се разградуваат во вода, телото не ги задржува во организмот, па потребно е да ги внесувате секојдневно. Овие витамини се одлични и во борбата против заморот, а особено се важни за трудниците кај кои недостатокот од витамин Б12 може да биде опасен.rn

    Витамин Д

    rnВитаминот Д е познат и како витамин од сонцето. Но, многумина од нас не поминуваат доволно време на отворено, а особено тешко е да го внесете витаминот по природен пат во текот на зимата. Овој витамин повеќе се однесува како хормон наместо хранлива материја во телото, а му се припишува нормалната функција на организмот. Витаминот Д е одговорен и за искористувањето на калциумот, а неговиот недостаток е поврзан со појавата на рак, автоимуни болести и нарушувања во расположението.rn

    Железо

    rnЖените кои и после 30-тата година имаат обилни менструации треба да размислат за дополнително внесување железо во организмот. Моментално слабокрвноста е едно од најчестите здравствени нарушувања во светот. Речиси 40% од бремените жени се слабокрвни, а најголемата причина е недостаток од железо. Слабокрвноста предизвикува замор, главоболки, недостаток од енергија, а може да се појави и паѓање на косата и бледа кожа. Железото земајте го со храна за да ги избегнете проблемите со варењето.rnrnПогледнете и кои се витамините и минералите што ќе ја зголемат вашата енергија.

  • Витаминска вода за освежување и полесно справување со летните горештини

    Витаминска вода за освежување и полесно справување со летните горештини

    Справете се со последиците од непријатните високи температури со вкусна витаминска вода

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 200 грама боровинки
    • rn 011

    • 2 излупени и исечкани портокали
    • rn 011

    • 1 излупен и исечкан лимон
    • rn 011

    • 1 исечкана краставица
    • rn 011

    • 2-3 листови босилек
    • rn 011

    • 3 литри вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ги боровинките, излупете ги портокалите, лимонот и краставиците и ставете ги во три литри вода. Оставете ги да отстојат барем два часа во фрижидер и потоа слободно можете да уживате во освежителниот пијалак.rnrnЦитрусите ќе ги елиминираат токсините од вашето тело, боровинките се одличен извор на антиоксиданси, босилекот ќе ви стабилизира нивото на шеќер во крвта, додека пак, краставицата ќе ви ги даде потребните освежителни минерали.rnrnПогледнете ги и најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода.

  • 8 знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витамини

    8 знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витамини

    Иако постојат безброј додатоци со витамини, постојат многу луѓе кои сепак имаат недостатоци. Но ова не значи дека треба да земате многу витамин без да го знаете нивниот ефект. Научниците откриле дека здравата и балансирана исхрана му дава на телото сè што му е потребно. Погледнете кои се знаците дека имате недостаток од некои витамини и како да надоместите за нив без да му наштетите на вашето здравје.rn

    1. Паѓање на косата

    rn8 знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витаминиrn

    Причина

    rnНедостаток од витамин Б7 (биотин) поради јадење премногу сирови јајца. Сировите јајца содржат состојка која ја спречува способноста на телото да го преработи биотинот.rn

    Што да правите?

    rnЗа да го зголемите внесувањето на витамин Б7 консумирајте повеќе бадеми, соја, компири и банани.rn

    2. Грчеви

    rn8 знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витаминиrn

    Причина

    rnЧестите грчеви се знак дека ви недостасуваат калциум, магнезиум и калиум. Ова може да се случи ако спортувате пречесто бидејќи преку потењето се исфрлаат многу минерали.rn

    Што да правите?

    rnЈадете повеќе јаткасти плодови (како бадеми и лешници), тиква, банани и јаболка.rn

    3. Осип на лицето

    rn8 знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витаминиrn

    Причина

    rnНедостаток од витамин Б7. Нашите тела складираат многу витамини како А, Е, К и Д, но витамините од групата Б постојано треба да се надополнуваат.rn

    Што да правите?

    rnПокрај внесување на додатоци, можете да направите и промена во вашата исхрана. Консумирајте повеќе печурки, компири, сирење, варени јајца, спанаќ и карфиол.rn

    4. Вкочанетост во екстремитетите

    rn8 знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витаминиrn

    Причина

    rnЈадете храна што е богата со витамините Б6, Б12 и Б9. Овие витамини имаат влијание на хранливите материи кои се користат за производство на здрави крвни клетки.rn

    Што да правите

    rnЈадете повеќе грав, цитрусни овошја, морска храна и пилешко.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Внимавајте: 6 физички симптоми кои покажуваат дека сте изложени на преголем стрес

    Внимавајте: 6 физички симптоми кои покажуваат дека сте изложени на преголем стрес

    Никој не може целосно да го избегне стресот, но тоа што може да се направи е да се ограничи неговиот интензитет. Дознајте кои физички симптоми се често предупредување на тоа дека сте под преголем стрес. Нутриционистот Шарлот Ватс вели дека на стрес може да упатуваат и некои физички показатели кои често се јавуваат кај личностите кои секојдневно се изложени на него. Ватс вели дека телото кое е под притисок побрзо ги апсорбира хранливите состојки, што значи дека организмот функционира побрзо, но помалку ефикасно.rnrn1-vnimavajte-6-znaci-na-teloto-koi-pokazhuvaat-deka-ste-pod-pregolem-stres-www.kafepauza.mk_rnrnСимптомите кои се јавуваат најчесто се поврзуваат со недостаток на витамини и минерали, што предизвикуваат крвавење на непцата и појава на бели дамки на ноктите. Нутриционистката вели дека секој симптом укажува на недостаток на одреден витамин или минерал:rnrn1. Испукани усни – Недостаток на витамин Б6.rnrn2. Бруксизам или крцкање со забите – Недостаток на витамин Б5.rnrn3. Појава на бели дамки на ноктите – Недостаток на цинк.rnrn4. Тврда столица или дијареја – Недостаток на магнезиум.rnrn5. Тврди акни на рацете и бедрата – Недостаток на витамин Е.rnrn6. Чести инфекции на грлото и градниот кош – Недостаток на витамин А.rnrnrnrnНаправени се бројни студии кои докажуваат дека стресот влијае и на промена на тежината. Истражувањето спроведено на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско покажало дека жените кои поминале низ некој стресен настан се склони кон дебелеење за разлика од оние кои живеат мирен живот.rnrnИ додека поголем дел од научниците тврдат дека стресот има само негативна страна, група научници од Универзитетот Нортвестерн во Илиноис тврдат дека малата количина стрес може да биде од корист за клеточното здравје. Истражувањето чии резултати се објавени во журналот „Cell Reports“ упатува на тоа дека кортизолот, често наречен „хормон на стресот“, може да ги заштити клетките кои стареат и да го намали ризикот од развој на дегенеративни болести како Алцхајмеровата и Хантингтоновата болест.rnrnДоколку сте под стрес, прочитајте го ова 2-минутно правило што ќе ви помогне лесно да се ослободите од стресот.

  • Единствениот витамин што ви е потребен за секоја декада од вашиот живот

    Единствениот витамин што ви е потребен за секоја декада од вашиот живот

    Витамините се важни во секој период од животот, но, постојат некои кои на одредена возраст треба да се внесуваат почесто и во поголеми количини. Со оглед на тоа дека во различни години една личност се справува со различни ризици, во продолжение погледнете кој витамин би требало да го внесувате во зависност од тоа во која животна доба се наоѓате.rnrnВитамини кои треба да ги внесувате во вашите 30-ти, 40-ти, 50-ти и 60-ти години од живототrn

    30-ти години

    rnДоколку се обидувате да забремените во вашите 30-ти години, многу е важно да го зголемите внесувањето фолна киселина која, освен што ја намалува веројатноста за појава на одредени недостатоци при раѓање, ја намалува и веројатноста за појава на срцев или мозочен удар. Доколку пак не сакате да забремените во тој период, тогаш потребно е да го зголемите количеството на цинк и магнезиум во вашата исхрана, затоа што одредени средства за контрацепција може да го осиромашат вашето тело од овие минерали.rn

    40-ти години

    rnВитаминот Д е важен за секого, но од особена важност е за личностите кои се наоѓаат во нивните 40-ти години, затоа што недостатокот од овој витамин честопати се поврзува со болести кои типично се појавуваат во оваа доба, како што е ракот, остеопорозата и срцевите заболувања.rn

    50-ти години

    rnВитаминот Б12, кој е од суштинско значење за крвта и мозокот, почнува послабо да биде апсорбиран од телото кога личноста се наоѓа во своите 50-ти години, па затоа, внимавајте што внесувате. Исто така можете да почнете со внесување мултивитамини наменети специјално за жени над 50 години, кои имаат помалку железо отколку мултивитамините наменети за помлади жени, како и дополнително количество Б12 за да се прилагодите на промените на вашето тело.rn

    60-ти години

    rnВо периодот после менопаузата од клучно значење е да внесувате доволно калиум со цел да го намалите ризикот од мозочен удар. Исто така жените во шеесеттите години треба да настојуваат да консумираат и омега 3, кои ќе им помогнат во намалување на симптомите на артритис.

  • Еликсир на здравјето: Овој зеленчук треба да го јадете почесто

    Еликсир на здравјето: Овој зеленчук треба да го јадете почесто

    Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на овој зеленчук го спречува губењето на минералите од коските, го забавува стареењето и ја поттикнува работата на цревата.rnrn(1) Еликсир на здравјето: Овој зеленчук треба да го јадете почестоrnrnСтанува збор за цвеклото. Тоа е богато со витамини, минерали и влакна, што го прават вистински „еликсир на здравјето“. Нутриционистите особено го препорачуваат во диеталната исхрана, за прочистување на организмот од токсини и за зајакнување на имунитетот. Овој плод ги содржи речиси сите важни минерали.rnrnИсто така, цвеклото се препорачува и во случаи на грип, бронхитис, воспаление на белите дробови, болести на желудникот и тоа не е сè. Овој лековит зеленчук позитивно влијае и врз работата на мозокот.

  • 6 видови храна коишто се повкусни замрзнати

    6 видови храна коишто се повкусни замрзнати

    Замрзнатата храна најчесто не изгледа привлечно. Постои верување дека таа нема доволно свежина, но тоа не е вистината. Всушност и оваа храна содржи одредена доза свежина којашто е причина плус да посегнете по неа. Користењето замрзната храна заштедува време и овозможува да си подготвите брз оброк, што е од особена важност кога живееме во време кога премногу сме зафатени. Затоа, погледнете ја оваа листа на замрзната храна којашто може да биде добра опција за вашиот нареден оброк.rn

    1. Бобинки

    rnКога на некои плодови не им е сезона, тие може да бидат доста скапи. Со тоа што ќе ги купите замрзнати, не само што ќе заштедите пари, туку исто така ќе се збогатите и со многу витамини, минерали, влакна и антиоксиданси. Замрзнатите плодови секогаш се свежи и го задржуваат својот вкус и своите хранливи состојки, за разлика од нивното купување во време кога се надвор од сезоната. Овие плодови можете да ги одмрзнете и да ги користите како ужина, да ги додадете во вашиот десерт или пак да бидат дел од вашето омилено смуди.rn

    2. Брокула

    rnНе е лесно додека пазарувате во супермаркет да најдете брокула со убава, зелена дршка. Не можете да бидете сигурни колку брокулата била чувана во вода со цел да се одржува свежа. Токму поради ова, подобар избор е замрзнатата брокула којашто е извор на витамин Ц, ниско ниво на калории, богата е со протеини и е богат извор на растителни влакна.rn

    3. Манго

    rnТоа што мангото е достапно во текот на годината се должи на двете сезони коишто се поклопуваат, но се испраќаат од различни локации, во зависност од времето во годината. Ова го доведува во прашање квалитетот на мангото коешто сакате да го купите. Доколку планирате да купите замрзнато манго, вие ќе добиете овошје полно со витамин Ц, витамин А, а и ќе ви помогне во регенерирање на кожата.rn

    4. Грашок

    rnГрашокот можете да го користите во многу различни јадења, како за појадок, така и за ручек и вечера. Сепак, не секогаш можете да се снабдите со свеж плод. Доколку е така, тогаш подобро е да консумирате замрзнат грашок, отколку во конзерва. Замрзнатиот грашок содржи помалку конзерванси, а истовремено е одличен извор на протеини, влакна и витамин Ц.rnrnrn

    5. Зелена соја

    rnОваа соја е преполна со протеини, железо и калциум. Замрзнатата соја го задржува својот состав затоа што се замрзнува во рок од 24 часа по бербата. Оваа соја можете да ја комбинирате со ориз или со тестенини, a можете да ја служите и топла откако ќе биде одмрзната.rn

    6. Мешан зеленчук

    rnСигурно сте забележале замрзната мешавина од зеленчук во најблискиот супермаркет. Овој зеленчук ви овозможува на брз и лесен начин да го подготвите вашиот оброк, со тоа што едноставно ќе го додадете во јадењето и ќе промешате пет минути. Ова може да биде доста корисно за вашиот паричник, а и за вам, доколку немате време за готвење, не сакате да готвите или пак доколку немате било какви кулинарски вештини.

  • 10 едноставни трикa за поцврсти и поздрави нокти

    10 едноставни трикa за поцврсти и поздрави нокти

    Ноктите се огледало на секој човек. Многу жени одат на маникир и на педикир за да ги доведат до совршенство. Но, постојат и неколку едноставни трикови, коишто можете да ги применувате дома. Со малку труд ќе добиете прекрасни здрави и цврсти нокти.rnrn(1) 10 едноставни трикa за поцврсти и поздрави ноктиrn

    1. Натопете ги во маслиново масло

    rnСлабите и оштетени нокти натопете ги во квалитетно маслиново масло. Така држете ги околу 10 до 15 минути, секој ден во период од еден месец. Потоа, продолжете со истиот третман, но два пати неделно. Неверојатните состојки во маслиновото масло ќе ги зацврстат вашите оштетени и излупени нокти.rnrnСпоред д-р Венџау Сунг, примената на растителни масла ја враќа влажноста и ги отстранува причините за пукање на ноктите. Според експертот од Лос Анџелес, маслата продираат подлабоко во подлогата на нокотот и на тој начин ја обезбедуваат потребната влажност.rn

    2. Секојдневно користете крема за нокти

    rnДенес на пазарот можат да се најдат голем број креми специјално создадени за одржување на здравјето на ноктите. Најдете една којашто најмногу ви одговара и користете ја редовно. Најдобро е добро да ги премачкате ноктите пред спиење. На тој начин ноктите и делот околу нив ќе ги добијат потребните материи кои ќе ги зацврстат и заштитат од дневните активности.rn

    3. Внимавајте како и за што ги користите вашите нокти

    rnСекогаш имајте на ум дека вашите нокти не се отворач за конзерви и други цврсти материјали. Наместо со нив, бидете паметни и искористете некој друг предмет за отворање на лименките.rn

    4. Носете заштитни ракавици

    rnКога миете садови, кога чистите или ја средувате градината, секогаш носете ракавици. Средствата за чистење при директниот контакт, ги оштетуваат вашите нокти и тие веднаш добиваат некоја белузлава боја, стануваат рапави и набрзо пукаат и се раслојуваат.rnrnД-р Елизабет Танци од Одделот за дерматологија на Медицинскиот центар при Универзитетот Џорџ Вашингтон, посочува дека најдобра заштита на нашите нокти е всушност да избегнуваме нивно сушење. Според неа, врз здравјето и квалитетот на нашите нокти, во голема мера влијаат и силните антибактериски сапуни за миење раце. Таа советува да се користат нежни средства за миење раце. Пред спиење е добро да се нанесува лесна крема којашто ќе ги освежи нашите дланки и нокти.rn

    5. Јадете храна богата со витамин Б7

    rnНоктите се одраз на нашето внатрешно здравје. Затоа, доколку забележите влошување на нивниот изглед, побарајте лекарска помош. Исто така, многу е важно да се внесува доволно количество витамин Б7, којшто го има во џигерот, варените јајца, житарките, карфиолот, авокадото и во друга храна. Исто така, доколку е потребно, можете да го консумирате и како додаток во исхраната.rnrn(2) 10 едноставни трикa за поцврсти и поздрави ноктиrn

    6. Земајте мултивитамини

    rnВитамините се од суштинско значење за општата здравствена состојба на човечкото тело, а истовремено можат да направат чуда и за вашите нокти. Недостиг на витамин А, витамин Ц и калциум, доведуваат до суви и кршливи нокти. Обезбедете си ја дневната доза од овие витамини и калциум, а освен како додатоци, можете вашето мени да го збогатите со храна која изобилува со протеини.rn

    7. Избегнувајте ги вообичаените отстранувачи на лак

    rnДоколку сакате здрави и цврсти нокти, не употребувајте од вообичаените отстранувачи на лакови кои содржат ацетон повеќе од два пати во месецот, секако доколку е можно. Најдете некоја алтернатива, а на пазарот денес можат да се набават средства од природни состојки.rn

    8. Најдете си „магичен“ третман

    rnПотрудете се да сфатите што е тоа што најмногу им штети на вашите нокти, кога се тие најранливи и најкршливи. Според тоа, најдете си свој третман, којшто ќе го применувате редовно. Ноктите се специфични и различни кај секој човек. Затоа гледајте ги нив и тие самите ќе ви кажат што им одговара најмногу. Можете да направите различни состојки дома, а може и да најдете средства и креми кои совршено ќе се погрижат за изгледот и квалитетот на вашите нокти.rn

    9. Масирајте ги ноктите и прстите

    rnПреку масажата се стимулира протокот на крв во тој, краен дел од нашето тело, со што се овозможува ноктите да растат подолги и поцврсти. Исто така, се препорачува по миењето на рацете да се нанесува лесен лосион на дланките, кој преку лесна масажа ќе се впие во делот околу ноктите и ќе ја обезбеди потребната влажност.rn

    10. Пијте многу вода

    rnВодата е витална за здравјето на секој дел од нашето тело, па така и на ноктите. Водата не дозволува дехидрација на нашата кожа, како и на делот околу ноктите.rnrnДоколку во моментов вашите нокти се оштетени, го немаат потребниот сјај и не изгледаат добро, не очајувајте. Со примена на горенаведените совети, како и со консултација на стручни лица, може да добиете совршени и цврсти нокти во период од три до шест месеци.

  • Водич за совршена кожа: Кои витамини се најдобрите противници на брчките и нееднаквиот тен?

    Водич за совршена кожа: Кои витамини се најдобрите противници на брчките и нееднаквиот тен?

    Моќно оружје во борбата со брчките на лицето како и здравјето на самата кожа не се само квалитетните и скапи креми. Важно е да се знае дека едни од најмоќните состојки во нив, како и во преостанатите козметички препарати наменети за правилна грижа на кожата се витамините и токму тие во својата основна форма се одлични за вашето тело и лице.rnrnВодич за совршената кожа: Кои витамини се најдобрите противници на брчките и нееднаквиот тенrn

    Витамин А

    rnПознат како: Противник на стареењетоrnrnДоаѓа во облик на ретинол или ретинил палмитат. И двата вида се сметаат за антиоксиданси, но ретинолот е појака и поделотворна верзија.rn

    „Ретинолот се претвора во ретинолска киселина кога се наоѓа на кожата и тоа има сличен ефект како и ретиноидите во препаратите. Овие состојки го стимулираат колагенот и лачењето на фибропластите, кои прават кожата да изгледа помлада. Општо кажано, ретинолoт ќе ја обнови површината на кожата и ќе ги омекне брчките. Тоа е најдобриот препарат за подмладување кој го имаме на располагање,“ вели Рене Руло – естетски експерт за славните.

    rnЗа кого е наменет: Руло препорачува користење на ретинил палмитат во дваесеттите години, за спречување на оштетувањето на кожата и премин на ретинол во триесеттите.rn

    Витамин Б3

    rnПознат како: Витамин кој го ублажува црвенилото и ја хидрира кожатаrnrnГо зголемува производството на церамид и ја зајакнува функцијата на бариерите на кожата, што е клучно за одржување на хидратацијата, држејќи го подалеку сѐ она што може да ѝ наштети или иритира. Б3 е познат и како прва помош за воспалителната хиперпигментација, посебно онаа настаната поради акни, така што го изедначува тенот со рекордна брзина.rnrnЗа кого е наменет: Природната хидратација почнува да слабее во периодот од 30-тите до 40-тите години, па тогаш би било идеално време за користење на витаминот Б3.rn

    Витамин Ц

    rnПознат како: ОсветлувачrnrnВо прашање е антиоксиданс кој директно се нанесува на телото и лицето и има докажан силен ефект во спречувањето на влијанијата кои предизвикуваат брчки и нееднаквости, како и стареењето на кожата воопшто.rn

    „Постои во многу разни облици, но општоприфатено правило е, доколку имате чувствителна кожа, да најдете стабилен препарат познат и како ‘формула без пецкање’, бидејќи витаминот Ц може да биде доста кисел. Киселината има pH вредност помала од нашата кожа и може да ја иритира. Доколку составот го нема зборот ‘киселина’ тогаш е понежен“, вели Руло.

    rnНекиселинските облици на витаминот обично се и постабилни и не оксидираат толку брзо на светлина (со други зборови секој пат кога ќе ја отворите амбалажата), па така нема да ја изгубат јачината на делување толку брзо како што е случај со киселините.rnrnЗа кого е наменет: За секој што има сува и чувствителна кожа.rn

    Витамин Е

    rnПознат како: Хидратантен антиоксидансrnrnГо намалува создавањето на слободните радикали и штетните материи и го спречува губењето на влажноста на кожата. Поради тоа ќе го пронајдете во производите за после сончање, како и оние за ослободување од стриите и намалување на лузните.rnrnЗа кого е наменет: Генерално во секој производ се препорачува да има барем 1% витамин Е.

  • Карела: Природен инсулин во форма на тропско овошје

    Карела: Природен инсулин во форма на тропско овошје

    Карелата традиционално се користи во готвењето и медицината кај народите од Азија, Африка и Јужна Америка. Тропското растение е дел од фамилијата на растенија „Momordica sharantia“ и е едно од ретките кое добило потврда за неговата лековитост од официјалната медицина. Го нарекуваат и горка диња и е откриено во Индија, а во 14-от век се пренесува во Кина како и во другите делови на светот.rnrnКарела: Природен инсулин во форма на тропско овошјеrnrnРасте како лоза, со долги и расцепени горки листови кои можат да се јадат и жолти цветови. Најпозната е по својот горчлив плод кој потсетува на тиквичка со издолжен облик и краставица. Додека е млада, карелата, како и повеќето растенија, има зелена боја, а кога ќе созрее добива портокалово-жолта боја. Плодот распукува на 3 дела и се појавуваат црвени семки кои се исто таа горчливи и можат да се јадат.rnrnКарелата содржи малку калории, а незрелите плодови се ризница на витамините Ц, Б1, Б2 и Б3. Изобилува со калиум и фосфор, магнезиум, цинк, манган, влакна и други корисни состојки кои поволно делуваат на имунитетот и целокупното здравје. Ова овошје е природен инсулин бидејќи содржи специфична состојка, гликопротеин лектин, кој го снижува нивото на гликозата, односно шеќерот во крвта.rnrnОсвен тоа, го прочистува организмот од токсини и ја лечи псоријазата, го подигнува нивото на енергија и го олеснува дишењето. Делува и како имуномодулатор, бидејќи екстрактите од карела ги зајакнуваат имунолошките функции на клетките, што е важно за заболените од ХИВ, карцином и други тешки болести.rnrnПостојат докази дека редовното консумирање на сокот од карела ги „изгладнува“ канцерогените клетки и така ги уништува. Исто така, сокот делува антивирусно, ги чисти цревата од микроорганизмите, го подобрува варењето на храната, го забрзува метаболизмот, ги олеснува проблемите кои се појавуваат поради дијабетесот и го забрзува заздравувањето на раните. Од исушените листови се прави чај против бактерии кој го поттикнува варењето и лечи од маларија.rnrnКарелата не се препорачува само за трудниците и доилките, бидејќи нејзините состојки можат да предизвикаат контракции на матката, а доилките преку млекото можат да ги снабдат бебињата со материи од растението кои се непожелни за најмладата возраст.rnrnВо Индија, карелата се смета за суперхрана и традиционално се пие како горчлив и незасладен, свежо исцеден сок од еден плод. Се препорачува да се пие само еднаш во денот. Со оглед на тоа дека Индијците веруваат дека токму ова растение е причината за нивната долговечност, виталност и добро здравје, тие често го имаат на својата трпеза.rnrnГорчината на карелата се намалува со маринирање во солена вода и отстранување на внатрешноста на плодот. Индијците ја полнат со разни зачини, кромид, лук, го врзуваат со конци и го пржат во масло.rnrnКај нас, карелата може да се најде во добро снабдените аптеки и продавници за здрава храна и обично се продава како сок во шише или екстракт во капсули.