КАФЕ ПАУЗА

Tag: видеа

  • Видеа со вежби за перфектно тело од моделите на „Victoria’s Secret“

    Видеа со вежби за перфектно тело од моделите на „Victoria’s Secret“

    Преку овие видеа со вежби, откријте ја тајната за совршен задник, рамен стомак и цврсти бутови на најпосакуваните девојки на светот, моделите на „Victoria’s Secret“, Кендис Сванапул, Дуцен Крос и Линдзи Елингсон. Видеа со вежби за перфектно тело од моделите на „Victoria’s Secret“Сите три видеа содржат по 5 вежби кои ги објаснува тренерот на секоја од девојките, додека тие ги извршуваат дадените задачи. Па доколку сакате да го стигнете нивното ниво, почнете да практикувате некоја од програмите на овие три познати модели или пак направете своја програма со комбинација од вежбите.rn.rn

    1. Кендис Сванапул

    rn

    rn.

    rn

    2. Дуцен Крос

    rn

    rn.

    rn

    3. Линдзи Елингсон

    rn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Живот во еден ден (Life in a Day)

    Живот во еден ден (Life in a Day)

    Филмски колаж од видеа снимени само на 24 јули 2010 година, од десетици луѓе низ целиот свет, а финалниот производ е ода за различностите, за животот, но и за убавината на секој ден минат на оваа планетаrnrnЖивот во еден ден (Life in a Day)Режија: Кевин МекдоналдrnrnПродуцент: Тони Скот, Ридли СкотrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnЈазик: англиски, германски, руски, италијански, јапонски итн.rnrnПремиера: 27 јануари 2011rnrnЖанр: документарецrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnЗнаете ли што правевте на 24 јули 2010 година? За повеќето од нас тоа беше само уште еден ден во низата наречена живот, додека за некој друг денот кога му се родило дете, кога се земал… кога снимил видео за новиот филм на режисерот Кевин Мекдоналд. На 24 јули, илјадници луѓе од цел свет ги кренаа камерите и евидентираа по нешто за тоа што им се случува во тој момент и потоа материјалите ги закачија на сервисот „Јутјуб“. А од селектираните видеа е направен „Живот во еден ден“, глобална ода за човековите различности, за обичните луѓе како и за убавината и посебноста на секој ден минат на оваа планета, дури и ако вие во моментот не сте го почувствувале тоа.rn———————————————————————————————————————————————————————rn

    rnСодржина: Во овој филм нема главни јунаци туку се добива чувство дека тоа сме сите ние, обичните луѓе како јас и вие. Приказните не се одбрани по трогателност и срцепарателност иако има и такви. Сепак, влезени се и сосема обични материјали кои треба да ни ја пренесат убавината на еден ден. Час и половина минуваат веднаш низ видеата со човек како јаде големо парче лубеница, со девојче кое кажува од што се плаши, со мајка која доаѓа дома по операција, со трудна жена на која двете деца ù го гушкаат големиот стомак, за сопруга која преку „Скајп“ зборува со својот маж кој е во војска, за син кој доаѓа да се види со својот татко, за… Затоа што таквите слики се тие што го прават еден обичен 24 јули посебен, само тоа треба да го сфатиме и да го цениме.Живот во еден ден (Life in a Day)Дел од прикажаните приказни сосема разбирливо повеќе се запечатуваат во нашите сеќавања. Но освен неколку луѓе, поголем дел од ликовите се појавуваат само по еднаш што е сосема разбирливо. Ова не е воајерско навлегување во нечиј живот туку збир на секвенци. Интересно е што филмот не е направен за да ни крене некаков морал или да направи да се чувствуваме подобро за нашиот живот. Има и среќни и тажни и глупави и обични приказни. Но сепак, крајно интелигентно и ненаметливо, „Живот во еден ден“ го слави животот.Живот во еден ден (Life in a Day)Во ова филмско патување воопшто не се губи фокусот и не се добива конфузно чувство и покрај тоа што се користат видеа снимени од различни луѓе. И нормално, едно од прашањата кое сигурно ви се поставува е „Дали има видео од Македонец?” Искрено мислам дека не, освен една сомнителна секвенца во филмот каде едно момче набројува што има во џебовите и вели нешто како „клучеви, телефон, шприцеви“, но сепак тоа може да се должи на блискоста на словенските јазици.Живот во еден ден (Life in a Day)Кинематографија: Иако видеата се снимени на различен начин и доаѓаат од секаде во светот, запазен е одреден минимум на гледливост. Не заморуваат, дури на моменти се и вистински уметнички дела, како да не се снимени од аматери. А, за сликите кои се гледаат, не се ни осудувам да почнам да ги доловувам во еден пасус. Разновидноста на светот е еднаква со разновидноста на кадрите во овој филм.Живот во еден ден (Life in a Day) Кога и како да го гледате: Доколку го даваа во некое македонско кино, би ви препорачала да го гледате таму затоа што сликите така ќе останат подолго со вас. Но во недостаток на оваа опција, проследете го дома, навечер и по можност со друштво. Сепак, оние кои се чувствителни на сцени на суровост кон животни, ќе мора брзо да „премотуваат“ некои делови затоа што, да, има и такви крвави парчиња.Живот во еден ден (Life in a Day)———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте ја Џеси Џеј

    Запознајте ја Џеси Џеј

    Џесика Елен Корниш, позната како Џеси Џеј е 23-годишна британска R&B, поп рок и соул пејачка, која полека го освои светот со нејзиниот неверојатно моќен глас и уникатна појава. Џеси Џеј плени со својата дрска, но истовремено нежна појава, ангелско-ѓаволски глас, секси рокерска облека, креативно дизајнирани нокти, интересна фризура со рамни шишки и голема самоувереност. Во врска со нејзиниот уникатен стил, таа вели: „Имав обичај да си цртам по моето лице и ја имам боено косата во 15 различни бои. Отсекогаш сум се изразувала себеси преку мојот стил.“ Самата таа има удел но нејзиниот целокупен сценски имиџ и не дозволува некој да ја натера да си ја смени фризурата.Запознајте ја Џеси ЏејИ покрај тоа што Џеси Џеј е нова пејачка на музичкото небо, таа не е тотална нова на поп сцената. Има напишано многу песни за познати музички ѕвезди, како Мајли Сајрус („Party in the USA“), за Џастин Тимберлејк, Кристина Агилера, Бритни Спирс, Крис Браун… Во нејзината биографија таа е опишана: „Помешајте малку од Ријана со Гвен Стефани и додадете ја харизмата на Пинк и ќе почнете да добивате идеја за тоа каков тип девојка е Џеси Џеј.“ Со други зборови, таа е совршен материјал за да биде вистинска музичка икона и МТВ поп-ѕвезда. Во врска со нејзиното пишување песни, Џеси вели: „Јас сум пола артист, пола терапевт“. Татко ù е социјален работник и Џеси смета дека советите кои тој ù ги дава имаат огромно влијание во нејзиното пишување психолошки текстови за песните.rnrnТаа вели дека од поодамна се обидувала да склучи договор со некоја музичка куќа, за да почне да се занимава со пеење, но никој не сакал да ја земе. „Не верувам дека не им се допаѓаше тоа што го правам, но тогаш актуелни во индустријата беа Дафи, Ејми Вајнхаус, Габриела Килми и мислам дека едноставно си ја пропуштив шансата.“ Потоа решила дека треба да отпатува за Америка и таму да си ја проба среќата. Таму успеала да склучи договор со музичката куќа Ајленд Рекордс и да стане она што е денес.rnrnЏеси има две постари сестри кои секогаш биле одлични ученички. За разлика од нив, Џеси има изјавено дека никогаш не била толку добра во нешто. Во училиште, базирајќи се на нејзиното презиме, сите очекувале дека ќе биде исто толку успешна колку нејзините сестри. „Дајте ми нешто да нацртам, да изберам облека за некого, да направам фризура, шминка, да глумам или да напишам песна, со тоа сум сосема ОК, но не нешто што е поврзано со резултати. Таа никогаш не ја базирала нејзината интелигенција на резултатите кои ги имала на тестовите. Секогаш умеела добро да пее и вели дека тоа е „нејзината ствар“. Како и да е, таа била отстранета од училишниот хор, бидејќи била премногу гласна. „Бев во хорот еден ден и некои од родителите почнаа да се бунат дека нивните деца биле вознемирени затоа што сум била премногу добра. Имав 11 години, можете да замислите? Срцето ми се скрши.“Запознајте ја Џеси ЏејЏеси имала нерамномерни отчукувања на срцето уште од 11 години и преживеала мал срцев удар на 18-годишна возраст. Како резултат на тоа, таа не пие и не пуши.rnrnЦеси Џеј е отворена хомосексуалка. Таа признала дека има излегувано и со мажи и со жени, но не гледа причина зошто треба да се крева „галама“ околу тоа. „Не се плашам да кажам дека мене ми е сосема удобно да бидам тоа што сум и да го сакам, оној кој ќе решам да го сакам“.rn.rn

    Jessie J – Nobody’s Perfect

    rn

    rn

    Преслушајте ја оваа песна и во акустична варијанта, каде може да се почувствува волшебниот глас на Џеси.rn.

    rn

    Jessie J – Who You Are

    rnПесната „Who You Are“ е најгордото музичко парче на Џеси, за кого вели дека има за цел да им даде позитивен пример на младите луѓе. Погледнете како оваа патриотка со британско знаме нацртано на ноктите, се промовира на Тајм Сквер во Њујорк. (За почеток на песната премотајте до 30-та секунда).rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Do It Like A Dude

    rnПрвиот сингл на Џеси „Do It Like a Dude“ го напишала таа, но не за себе, туку за Ријана. Во тој период популарна била „Rude Boy“ на Ријана, поради што Џеси добила инспириција да ја напише оваа песна. Но, нејзината продукција ù рекла дека песната е неверојатна и треба да ја задржи за себе и да биде нејзина деби-песна. Преслушајте ја и интересната акустична варијанта.rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Acoustic Price Tag

    rn„Price Tag“ најпрво изгледа како да зборува за неприфаќање на материјализмот, но симболизмот во видео записот ù дава на песната подлабоко значење: музичката индустрија повеќе не е наменета за правење пари, туку настојува да му наметне на светот определени сфаќања, верувања и начини на однесување.rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Who’s Laughing Now

    rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Stand Up

    rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Mamma Knows Best

    rnПогледнете како публиката реагира на Џеси Џеј кога таа „грми“ на сцена. :)rn

    rn

    rn

    Првиот и единствен албум на Џеси Џеј „Who You Are“ бил пуштен во продажба во февруари 2011, за кој Џеси признала дека ù биле потребни 6 години за целосно да го комплетира. Во него е вклучена и песната „Big White Room“, која ја има напишано на 10 години, во болница, кога малечко момче кое билo во истата соба со неа, починало.

    rn

    Посетете го каналот на Јутјуб на Џеси Џеј, кој има над 170.000 следачи и вкупно над 218 милиони посети на видеата.

    rnrn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Талент кој свири на инструмент направен од ПВЦ-цевки

    Талент кој свири на инструмент направен од ПВЦ-цевки

    Изведувачот Кент Џенкинс, познат како Snubby J, е новооткриен талент со посебна вештина. Тој сам има изработено инструмент, составен од ПВЦ-цевки кои даваат различен звук. Интересен е начинот на свирење на овој инструмент, бидејќи е сличен како лупање на тапани, но со две големи дрвени лажици. Негова инспирација за оваа креативност е групата „Blue Man“, кои исто така изведуваат точки на сличен инструмент.rnТалент кој свири на инструмент направен од ПВЦ цевкиКент беше пријаевен и на шоуто „Америка има талент“, но не успеа да се закити со победа иако тоа што тој го прави е ретко видено. Неговиот канал на Јутјуб досега има 30.000 претплатници, а неговите видеа вкупно се гледани околу 10 милиони пати. Неговото најгледано видео е од средношколска аудиција за таленти, на која тој изведува точка, свирејќи многу познати песни. Некои од нив се: официјалната песна од ТВ серијата„Office“, препознатливите песни од видеоигрите „Тетрис“ и „Супер Марио“, „Bad Romance“ од Лејди Гага, „Crazy Train“ од Ози Озборн и неколку други.rn

    rnНа неговиот канал можат да се најдат и други тематски видеа, каде што свири песни само од еден изведувач.Талент кој свири на инструмент направен од ПВЦ цевкиrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Што можеме да научиме од Јутјуб?

    Што можеме да научиме од Јутјуб?

    Многумина корисници на сервисот „Јутјуб“ паметно ги користат неговите можности. Покрај многуте смешни видеа, инсерти, спотови, исечоци од филмови, аматерски снимки и слично, на „Јутјуб“ можат да се најдат илјадници корисни туторијали од кои можете да научите нешто. Ова се само дел од нив кои ние ги одвоивме за вас. Дали можеби вие имате направено некој интересен туторијал?rnШто можеме да научиме од Јутјуб?

    rn1. Како да читате брзоrn

    rn2. Како да врзете вратоврскаrn

    rn3. Како да запалите оган без запалка или кибритrn

    rn4. Како да се ослободите од полициски лисициrn

    rn5. Како да презентиратеrn

    rn6. Како да отворите кокосrn

    rn7. Како да направите туторијалrn8. Како професионално да завиткате поклонrn9. Како да направите виноrn10. Како да свирите на виолинаrn11. Како да сурфатеrn12. Како да отворите пиво со пенкалоrn13. Како да научите да плететеrn14. Како да олупите дињаrn15. Како да испечатите своја маичкаrn16. Како да направите совршено црвени усниrn17. Како да направите пастаrn18. Како да го издресирате вашето куче да седиrn19. Како да станете диџејrn20. Како да се нашминкате доколку имате мали очиrn21. Како да заштедитеrn22. Како да ја подобрите меморијатаrn23. Како да направите коса во локниrn24. Како да исполирате чевлиrn25. Како да направите вегетеријанско сушиrn26. Како да снимате подобри видеа со веб-камераrn27. Како да породите жена во итен случајrn28. Како да ослабетеrn29. Како да направите оригамиrn30. Како да ја трансформирате досадната училишна униформаrn——————————————————————————————————————————————————————–rnДали вие сте научиле нешто со помош на Јутјуб? Споделете го вашиот омилен туторијал преку коментар.rn——————————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јутјуб видеа со најмногу „dislikes“

    Јутјуб видеа со најмногу „dislikes“

    Ова е листа од 10 видеа кои заработиле најмногу „dislikes“ на популарниот сервис Јутјуб. Можеби ќе ви биде нелогично, зoшто некои од нив се наоѓаат тука, но и покрај нивната голема популарност, сепак на голем дел од публиката не им се допаѓаат. Убедливо на прво место е новооткриениот американски „талент“ Ребека Блек со нејзината песна „Friday“ за која коментарите, шегите и имитациите никако да стивнат, па таа заслужено е кралицата на оваа листа. Зад неа се наоѓа и ултрапопуларниот Џастин Бибер, кој може да се пофали со 5 негови видеа на оваа листа. Целата маса луѓе никогаш не може да биде комплетно задоволена, па затоа и се добиени следниве резултати. Јутјуб видеа со најмногу „dislikes“rnrn1. Rebecca Black – Friday (OFFICIAL VIDEO)rn

      rn011

    • Погледнато: 83,109,914 пати
    • rn011

    • Сооднос: 208,293 likes, 1,649,812 dislikes
    • rn

    rn

    rn2. Justin Bieber – Baby ft. Ludacrisrn

      rn011

    • Погледнато: 507,746,478 пати
    • rn011

    • Сооднос: 600,444 likes, 1,211,075 dislikes
    • rn

    rn

    rn3. Justin Bieber – Never Say Never ft. Jaden Smithrn

      rn011

    • Погледнато: 183,176,609 пати
    • rn011

    • Сооднос: 299,223 likes, 101,259 dislikes Jaden Smith
    • rn

    rn

    rn4. Justin Bieber – Somebody To Love Remix ft. Usherrn

      rn011

    • Погледнато: 147,562,822 пати
    • rn011

    • Сооднос: 256,844 likes, 89,914 dislikes
    • rn

    rn

    rn5. Lady Gaga – Bad Romancern

      rn011

    • Погледнато: 364,385,500 пати
    • rn011

    • Сооднос: 390,705 likes, 83,512 dislikes
    • rn

    rn

    rn6. Justin Bieber – One Less Lonely Girlrn

      rn011

    • Погледнато: 119,503,107 пати
    • rn011

    • Сооднос: 131,226 likes, 79,541 dislikes
    • rn

    rn

    rn7. Justin Bieber – Never Let You Gorn

      rn011

    • Погледнато: 129,458,832 пати
    • rn011

    • Сооднос: 175,802 likes, 75,479 dislikes
    • rn

    rn

    rn8. Charlie bit my finger – again !rnrn

      rn011

    • Погледнато: 300,110,054 пати
    • rn011

    • Сооднос: 608,284 likes, 74,286 dislikes
    • rn

    rn

    rn9. “Chocolate Rain” Original Song by Tay Zondayrn

      rn011

    • Погледнато: 64,922,338 пати
    • rn011

    • Сооднос: 314,650 likes, 70,584 dislikes
    • rn

    rn

    rn10. Evolution of Dance – By Judson Laipplyrn

      rn011

    • Погледнато: 169,138,050 пати
    • rn011

    • Сооднос: 726,468 likes, 63,398 dislikes
    • rn

    rn

  • Смешни грешки при снимањето на ТВ сериите

    Смешни грешки при снимањето на ТВ сериите

    Снимањето ТВ серии со сигурност не е лесна работа. Максималната концентрација, доловувањето на емоцијата, помнењето на сценариотo и многу други нешта, секогаш треба да се на највисоко ниво, за сцената да излезе баш како што режисерот ја замислил.rnrnСмешни грешки при снимањето на ТВ сериитеrnrnНо, за снимањето на хумористичните серии, целата екипа си има проблем. Па доколку се земе предвид дека сценаријата на сериите во последниве две децении го достигнаа врвот на хуморот и кога на тоа ќе се додадат одличните актерски екипи кои се задолжени да ги реализираат, веднаш станува јасно колку забавен може да биде целиот овој процес и покрај грешките. Следуваат 4 одлични видеа кои ќе ве насмеат до солзи, а истовремено и ќе ве присетат на многу моменти од вашите омилени хумористични ТВ серии.rnrn

    Пријатели

    rnrnrnrn

    Два и пол мажи

    rnrnrnrn

    Теоријата за Биг Бенг

    rnrnrnrn

    Како ја запознав мајка ви

    rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.