КАФЕ ПАУЗА

Tag: видеа

  • Незаборавни сцени од одличната ТВ серија „Третиот камен од сонцето“

    Незаборавни сцени од одличната ТВ серија „Третиот камен од сонцето“

    Се сеќавате ли на лудите вонземјани Дик, Сали, Хери и Томи кои дојдоа на Земјата преправени во луѓе со цел да го истражуваат човештвтото и животот на оваа планета? Ние слободно можеме да кажеме дека ТВ серијата „Третиот камен од сонцето“ е една од најдобрите комедии кои некогаш биле снимени. И токму поради тоа ја составивме оваа листа од неколку видеа кои ќе ве потсетат на дел од најинтересните моменти низ кои поминуваа овие истражувачи…rnrnНезаборавни сцени од одличната ТВ серија „Третиот камен од сонцето“rnrn rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 7 документарни филмови кои мора да ги погледнете

    Топ 7 документарни филмови кои мора да ги погледнете

    Автор: Ана ПетровиќrnrnПовторно сурфавме, баравме, проверувавме и прегледувавме. И, се разбира ги одбравме, само за вас, најдобрите документарни филмови кои морате да ги погледнете. Барем еднаш! Од спортски документарци, преку филмови за планетата на која живееме, па сè до приказна за обична шолја кафе – ви ги претставуваме топ 7-те документарци, одобрени од Редит-заедницата. Дел од нив, овде можете да ги изгледате во целост.rnrntop-7-dokumentarni-filmovi-koi-mora-da-gi-poglednete-kafepauza.mkrn

    1. Сена (Senna)

    rnСена е британски документарец од 2010 година чија акција одлично го опишува животот и смртта на истоимениот бразилски возач и повеќекратен шампион во Формула 1. Фокусот е ставен на неговата кариера како професионален возач, од неговата прва трка во 1984 година до страшната несреќа и прераната смрт десет години подоцна, во Сан Марино. Филмот е во режија на Асиф Кападија и продукција на Universal Pictures.rnrnrn

    2. Планетата Земја (Planet Earth)

    rnДокументарно ремек-дело во 11 дела на BBC кое премиерно е прикажано во 2006 година и важи за еден од најскапите документарци снимени на оваа тематика. Снимањето траеше пет години и е потполно снимен во тогаш уште, новата и неистражена HD технологија. Наратор? Сер Дејвид Атенбороу, се разбира.rnrnrnrn

    3. Нејаснотиите во војната (The Fog of War)

    rnАмерикански документарец од 2003 година за животот и кариерата на поранешниот министер за одбрана Роберт С. Мекнамара и неговиот поглед кон модерното војување. Режиран од страна на Ерол Морис, „Нејаснотиите во војната“ е прикажан на престижниот Филмски фестивал во Кан. Насловот се однесува на воениот израз „fog of war“ кој ја опишува тежината на донесување клучни одлуки во време на војна. Филм кој мора да се погледне, а за тоа сведочи и освоениот Оскар за најдобар документарен филм во 2003 година.rnrnrnrn

    4. Мрачни денови (Dark Days)

    rnБританскиот режисер Марк Сингер е „виновникот“ за одличниот документарен филм за мала група луѓе кои живеат во напуштен дел од њујоршката подземна железница. Откако живее со нив цели три месеци, Сингер е инспириран да го сними „Мрачни денови“ сè со цел да собере донации за да им помогне. Ваквата идеја ја добива откако се доселува во Њујорк и останува запрепастен колку бездомници живеат во тој град.rnrnrnrnrnrnrnrn

  • Пуштете се по 10-те најстрашни луди железници во светот

    Пуштете се по 10-те најстрашни луди железници во светот

    Погледнете ја оваа листа од 10-те најстрашни луди железници во светот од кои на момент ќе ви застане срцето. Почнувајќи од најкратките и најбрзите, па сѐ до најдолгите и највисоките, наредниве ролеркостери со години ги преплашуваат и најголемите авантуристи ширум светот.rnrn10-те најстрашни луди железници во светотrn

    1. Сребрена ѕвезда

    rnrn

    Europa Park, Раст, Германија

    rnrnИскривувајќи ги лицата на најхрабрите во Германија од 2002 година, Сребрена Ѕвезда е највисоката луда железница во Европа. Употребувајќи систем на бавно искачување со помош на синџир-лифт, таа ги води авантуристите до височина од 73 метри и потоа ги турка во пад со брзина од 130 километри на час и 4Г вертикална сила.rnrnrn

    2. Кулата на теророт

    rnrn

    Dreamworld, Квинсленд, Австралија

    rnrnОригиналната Кула на теророт, по своето лансирање во 1997 година, одвои над 8 милиони авантуристи од нивниот ручек. Потоа во 2010 година, оваа луда железница била преправена и претворена во уште пострашна верзија. Оние кои ќе се осмелат да се возат на неа се катапултирани од тунел нагоре кон вертикалната кула, достигнувајќи брзина од 161 километар на час за само неколку секунди. На врвот, на околу 35 метри височина, вие на една секунда „висите“ неподвижни и во бестежинска состојба, а потоа нагло паѓате кон земјата во застрашувачкиот тунел.rnrnrn

    3. Челичен Змеј 2000

    rnrn

    Nagashima Spa Land, Мије префектура, Јапонија

    rnrnЧеличниот Змеј можеби веќе не е најбрзиот и највисокиот ролеркостер во светот, но сѐ уште е најдолгиот. Количината на челик која била употребена за да се изгради го прави еден од најскапите досега составени. Настрана од тоа, монструозната големина на Челичниот змеј лесно го сместува во 10-те најстрашни луди железници во светот.rnrnrnrn

  • 10 инспиративни монолози од женски филмски ликови

    10 инспиративни монолози од женски филмски ликови

    Резултатите од една студија откриле дека жените имаат само 30% од улогите со текст во денешните филмови, а само 15% имаат женски карактери во главната улога. И покрај фактот што Кејт Бланшет и Лупита Нјонг земале огромен број Оскари и најноминираната личност на сите времиња е брилијантната Мерил Стрип, сепак изгледа дека машките карактери сè уште во голема мера преовладуваат на филмското платно.rnrn10 неверојатни и инспиративни монолози од женски филмски ликовиrnrnТокму затоа составивме листа од најсилните и најневеројатните женски карактери кои ќе ве инспирираат со својот говор и ќе ве потсетат зошто токму тие ја имаат главната улога во овие филмови.rn

    1. Злобни девојки (Mean Girls)

    rnrn

    2. Легално плавуша (Legally Blonde)

    rnrn

    3. Валкано танцување (Dirty Dancing)

    rnrn

    4. Убавица на задача (Miss Congeniality)

    rnrn

    5. Убиј го Бил (Kill Bill)

    rnrn

    6. Деверици (Bridesmaids)

    rnrn

    7. Железната жена (The Iron Lady)

    rnrn

    8. Сексот и градот (Sex and the City)

    rnrn

    9. Да се има и да се нема (To Have and Have Not)

    rnrn

    10. 10 нешта кои ги мразам кај тебе (10 Things I Hate About You)

    rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање

    Јулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање

    Русинката Јулија Вјачеславовна Липницкаја е родена на 5 јуни 1998 година и на само 15 години успеала да постигне нешто што никој досега не успеал. Таа во областа на уметничкото лизгање за само 3 години освоила 4 златни и 4 сребрени медали, а исто така ги држи рекордите за најмладата девојка која ја освоила титулата Европски шампион и најмладата девојка која освоила Олимписко злато во оваа категорија.rnrnЈулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање...rnrnЛипницкаја започнала со лизгање уште кога имала само 4 години. Таа тренирала во градот Eкатеринбург сè до 2009 година, кога со мајка ѝ решиле да разговараат за нејзината иднина, заклучувајќи дека треба или да се преселат за да продолжи со својата кариера во уметничкото лизгање или целосно да го напушти овој спорт. За среќа, тие одлучиле да се преселат во Москва каде што Липницкаја се придружила на групата Етери Тутбериџе и таму продолжила со својот тренинг. Погледнете како изгледаше нејзината рутина на овогодишните Зимски Олимписки Игри…rnrnrnrnНеверојатно е колку грациозно изгледа секое нејзино движење и со каква леснотија ги прави скоковите и пируетите. Сигурни сме дека таа ќе продолжи да нè изненадува со секоја нова рутина и дека за неколку години ќе стане една од најпознатите и најпрепознатливите спортистки во уметничкото лизгање. Погледнете дел од нејзините најдобри перформанси досега…rnrnrnrnrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мојата убава жена – серијал од кратки филмови базирани на вистински приказни

    Мојата убава жена – серијал од кратки филмови базирани на вистински приказни

    Целта на кампањата насловена My beautiful woman, е да се истакне убавината што секоја жена ја поседува. Ова е еден вид критика на површноста на општеството кое се фокусира на пари, изглед и надворешна убавина. Главната поента е да се поттикне човечноста и да се инспирираат жените да ја согледаат убавината која ја носат во себе.rnrnОва е серија од три кратки, но моќни видеа базирани на вистински приказни, кои ја прикажуваат пожртвуваноста на жените кои ги следат своите срца и донесуваат правилни одлуки во животот.rnrnПораката која овие видеа ја пренесуваат е дека секоја жена е создадена да биде убава.rn

    1. A mother’s choice (Изборот на една мајка)

    rnrn

    2. The missing employee (Девојката која отсуствува од работа)

    rnrn

    3. Jane’s secret (Тајната на Џејн)

    rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмови кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година

    Филмови кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година

    Нова година, нови идеи, нови филмови. Според листата на филмови кои излегуваат во 2014-та година, веднаш може да се забележи дека преовладуваат неколку жанрови – научна фантастика, фантазија и акција. Компјутерската технологија и неверојатните ефекти направија експлозија на филмското платно во последниве неколку години, а со тоа се поместија границите и се сврте вниманието на гледачите кон овие специфични жанрови. Па, можеби ова е причината поради која нареднава година се запоставуваат класичните драми, комедии и акции. Но, сепак тоа не значи дека се намалува и самиот квалитет на идните филмови. Погледнете дел од филмовите кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година…rn

    1. Работата со лешникот (The nut job) – 17 јануари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Една верверичка е протерана од нејзиниот дом во паркот и е присилена да живее во големиот град. За среќа, таа го пронаоѓа единственото нешто кое може да ѝ помогне да ја преживее зимата – продавница за лешници.rnrnГласови: Вил Арнет, Катерин Хејгел, Брендан Фрејзерrn

    2. Ловци на богатство (The monuments men) – 7 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Група војници во Втората светска војна добиваат задача да спасат уметнички ремек-дела од нацистите кои сакале да ги уништат и да ги вратат на своите сопственици.rnrnГлавни улоги: Џорџ Клуни, Кејт Бланшет, Мет Дејмонrn

    3. Зимска приказна (Winter’s Tale) – 14 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Обичен крадец се заљубува во богата девојка која ќе почине во неговите раце. Но, тој дознава дека поседува дарба за реинкарнација и на тој начин ќе се обиде да ја спаси. Ова не е вистинска приказна, ова е приказна за вистинска љубов.rnrnГлавни улоги: Колин Фарел, Џесика Браун Финдлеј, Расел Кроуrn

    4. Бел (Belle) – 14 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Овој филм е инспириран од вистинската приказна за Дајдо Елизабет Бел, вонбрачната ќерка од мешана раса на кралскиот адмирал на морнарицата. Нејзиното потекло ѝ овозможило одредени привилегии, но бојата на кожата ја спречува целосно да учествува во настаните и токму поради тоа таа се плаши дека никогаш нема да пронајде љубов.rnrnГлавни улоги: Гугу Мбата-Ро, Метју Гуд, Емили Вотсонrn

    5. Академија за вампири (Vampire Academy) – 14 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Роуз Хатевеј е половина човек, половина вампир. Таа е заштитничка на Морои, мирни и смртни вампири кои живеат во светот на луѓето. Нејзината задача е да ја штити најдобрата пријателка која е кралски член на прастара раса и можна престолонаследничка.rnrnГлавни улоги: Зои Дуч, Луси Фрај, Данила Козловскиrnrn

  • Тринаесетгодишно девојче кое ќе ве воодушеви со нејзиниот глас

    Тринаесетгодишно девојче кое ќе ве воодушеви со нејзиниот глас

    Џасмин Томсон е многу талентирано тринаесетгодишно девојче кое живее во Лондон. На својот Јутјуб канал таа има околу 180.000 претплатници кои секоја недела со нетрпение очекуваат таа да закачи ново видео со нејзина изведба од некој светски хит.rnrnТринаесетгодишно девојче кое ќе ве воодушеви со нејзиниот гласrnrnНекои од нејзините видеа се гледани и повеќе милиони пати, а досега има изведувано песни од Адел, Давид Гета, Ели Голдинг, Ријана, Бруно Марс и многу други. Покрај тоа што пее фантастично за нејзина возраст, таа одлично свири на гитара и пијано. Доколку сакате постојано да сте во тек со нејзината работа, можете да ја следите на Фејсбук и на Твитер.rnrnТринаесетгодишно девојче кое ќе ве воодушеви со нејзиниот глас Тринаесетгодишно девојче кое ќе ве воодушеви со нејзиниот гласrnrnВо продолжение слушнете неколку нејзини изведби кои тотално ќе ве воодушеват.rn

    rn

    rn

    rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 шминкерки кои треба да ги следите на Јутјуб

    5 шминкерки кои треба да ги следите на Јутјуб

    Без разлика колку добро знаете да се шминкате, овие девојки можат многу да ви помогнат и да ве научат. Ви препорачуваме редовно да ги следите нивните Јутјуб-канали.rnrnПет шминкерки кои треба да ги следите на Јутјуб
    rn

    Зои Суг (Zoella)

    rnТаа е популарна во Велика Британија, многу е остроумна, интересна и слатка. Секое нејзино видео делува професионално и квалитетно, а ќе ве научи да правите и многу фризури.rn


    rn

    Вејли Хонг (I Like Weylie)

    rnТаа е позната како многу практична девојка. Сите видеа ѝ се снимани „чекор по чекор“ и за неа не постои табу тема.rn


    rn

    Патрисија Брајт (Patricia Bright)

    rnНе само што е иновативна кога станува збор за шминката, туку знае одлично да се справи и со косата.rn


    rn

    Ингрид Нилсен (Miss Glamorazzi)

    rnТаа снима видеа од 2009 година и во овој период стана вистински експерт за давање брзи и едноставни совети.rn


    rn

    Кенди Џонсон (Kandee Johnson)

    rnТаа е холивудска шминкерка која своите смели идеи ги дели со своите обожаватели ширум светот. Позната е по тоа што секогаш има свежи и различни идеи.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Разни стилови на машна-фризура за долга и за кратка коса

    Разни стилови на машна-фризура за долга и за кратка коса

    Фризурите со машни од коса делуваат невообичаено и откачено, но за среќа се лесни за правење. Најчесто потребен ќе ви биде само чешел, мали шнолички за прицврстување, лак за коса и ластичиња, а за некои може да користите и препарати за измазнување на косата, пегла за коса и помагало за протнување на завршниот прамен низ машните.rnrnУште една добра работа е што овој вид фризура може да се направи и на кратки и на долги коси, опфаќајќи дел од косата или целата. Разиграјте го вашиот стил со некои од овие машна-фризури.rnrnРазни стилови на машна-фризура за долга и за кратка косаrn

    Машна на горниот дел од главата со дел и со цела коса

    rnrnrnrn

    Спуштена машна со дел од косата

    rnrnrn

    Спуштена машна со цела коса

    rnrnrn

    Странично опавче со машничка

    rnrn

    Кики машнички

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.