КАФЕ ПАУЗА

Tag: видеа

  • 6 кратки видеа кои веднаш ќе ви помогнат да се ослободите од стресот

    6 кратки видеа кои веднаш ќе ви помогнат да се ослободите од стресот

    Во денешно време животот е многу брз и напорен, така што не е воопшто чудно тоа што повеќето луѓе се под голем стрес. За среќа, постои начин да се ослободите од стресот и тоа благодарение на Мајката природа. Имено, најновите истражувања, спроведени на Универзитетот Беркли во Калифорнија и поддржани од страна на Би-Би-Си, откриле дека гледањето видеа од природата може да ги намали стресот и лутината и да ги зголеми чувствата на радост и среќа кај гледачите.rnrn6 кратки видеа кои веднаш ќе ви помогнат да се ослободите од стресотrnrnИстражувачите испитале повеќе од 7.500 луѓе од САД, Велика Британија, Сингапур, Индија, Јужна Африка и Австралија. Тие го набљудувале нивното однесување пред и по гледањето делови од документарецот „Планетата Земја 2“(Planet Earth II), една популарна ТВ драма и вести. На учесниците им покажале вкупно 5 видеа, две од природа, едно од вести и едно од драмата. Секое видео траело од 1 до 3 минути.rnrnГенерално, кај луѓето било забележано зголемување на позитивните емоции и намалување на негативните емоции по видеата од „Планетата Земја 2“. Истиот ефект не бил постигнат по гледањето вести и драма. Кај најмладите учесници на возраст од 16 до 24 години бил забележан најголем раст на среќните емоции, како што се восхитот и радоста.rnrnВажно е да се спомене дека „Планетата Земја 2“ е производ на Би-Би-Си, а тие биле и партнери во истражувањето, така што резултатите можно е да се малку пристрасни. Но, сепак, истражувањето ја докажува силната врска меѓу природата и емоционалната благосостојба. Некои претходни истражувања откриле дека поминувањето време во природа може да ги намали симптомите на депресија, а гледањето во зеленило или во живо или на слики може да ја подобри меморијата.rnrnИако ова истражување било фокусирано на гледањето видеа од „Планетата Земја 2“, сосема возможно е да се постигне истиот ефект и со други видеа од природата. Вреди да се обидеме, се согласувате?rnrnПогледнете ги овие неколку видеа од природата ширум светот и почувствувајте како стресот полека ви се намалува…rn

    1. Националниот парк Јосемити полн со дрвја и зеленила

    rnrn

    2. Величествените планини во Норвешка

    rnrn

    3. Неверојатна тура околу Големиот Кањон

    rnrn

    4. Богатиот пејзаж на Хавајските брегови

    rnrn

    5. Свежиот воздух на Канадското езеро

    rnrn

    6. Тропските води на тајландската плажа

    rnrnrnДоколку овие видеа не ви помогнаа да се опуштите, прочитајте ги следните 4 чекори за ослободување од стрес.

  • Џастин Бибер во малку поинакво светло: Слушнете ги неговите одлични гласовни способности

    Џастин Бибер во малку поинакво светло: Слушнете ги неговите одлични гласовни способности

    Ако сакате да имате пријател со гитара на вашата домашна задача, тогаш мораме да ви го препорачаме Џастин Бибер. Тој бил гостин на радиото BBC 1 во Лос Анџелес каде што бил 90 минути во живо, па откако вежбал малку јога за да се загрее, преминал на пеење од срце. Бибер направил комбинација од сопствени песни и акустични верзии од делата на Трејси Чепмен и Тупак.rnrnЏастин Бибер во малку поинакво светло: Слушнете ги неговите одлични гласовни способностиrn

    Тој вели дека мајка му често му ја пуштала „Fast Car“ кога бил дете и дека тоа е една од неговите песни

    rnrn

    Тој ја отпеа и „Thugz Mansion“ која на некој начин ја отсликува неговата емоционална состојба во текот на последнава година

    rnrn

    Погледнете ги и останатите видеа и подгответе се да го доживеете овој бунтовник во едно сосема поинакво светло

    rnrnhttps://youtu.be/rEbZmTxxDNUrnrnhttps://youtu.be/0KXQ9eQxnuU

  • 4 одлични вежби за момците и девојките кои долго време седат пред компјутер

    4 одлични вежби за момците и девојките кои долго време седат пред компјутер

    Доколку имате типична канцелариска работа која бара долго седење пред компјутер или пак, работите од вашиот дом, повторно седејќи пред монитор, тогаш сте дошле на вистинското место. Овој вид долго седење проследено со малку движење може да предизвика најразновидни болки и потешкотии, а особено е штетно за ‘рбетот.rnrn4 одлични вежби за момците и девојките кои долго време седат пред компјутерrnrnНајчестите последици од долгото седење се слаби и крути мускули, како и скратени тетиви и лигаменти, што во крајна мера предизвикува лошо држење и болки во грбот и вратот. Најдоброто решение се вежбите, а еве кои ви ги препорачуваат експертите на ова поле:rn

    Птица – куче

    rnПоставете се на колена и дланки, притоа одржувајќи го грбот рамен. Истовремено подигнете ја едната рака и едната спротивна нога, така што ќе го задржите грбот рамен, а потоа вратете се во основната позиција. Направете 4 серии од 15 повторувања.rnrnrnrn

    Подигнување колкови

    rnЛегнете на под и раширете ги нозете така што колената ќе ви дојдат во ширина на рамената. Подигнете ги колковите, држејќи го останатиот дел од телото на подот, па вратете се во основната положба. Направете 4 серии од 15 повторувања.rnrnrnrn

    Истегнување на грбот

    rnЛегнете на стомак. Подигнете го горниот и долниот дел од телото и задржете се кратко во таа позиција. Вратете се назад. Направете 4 серии од 10-15 повторувања.rnrnrnrn

    Бочно подигнување

    rnПоголемиот дел од вас сигурно нема во својот дом тегови, но каков било отпор за оваа вежба е практичен, па токму затоа и можете да искористите што било, како на пример, 2 шишиња од по 2 литра вода. Седнете на подот и потпрете се со градите на колена. Подигнете ги само рацете, бавно враќајте ги наназад. Направете 4 серии од 12-15 повторувања.rnrn

  • 14 популарни песни кои ќе ги вратат назад во детството оние кои растеле во 90-тите

    14 популарни песни кои ќе ги вратат назад во детството оние кои растеле во 90-тите

    Основното и средното училиште беа истовремено чудни, забавни, но и лоши периоди од сечиј живот. Вашите родители ви купуваа облека, имавте часови за сексуална едукација и компјутерските лаборатории беа голема работа. Вашата иднина беше детерминирана од партијата „Каунтер Страјк“ со вашиот тим. Но, едно од најносталгичните нешта од тој период беше нашата љубов за музиката. Се сеќавате колку вашиот живот се вртеше околу вашите омилени песни? Потсетете се колку убава музика се слушаше тогаш… Погледнете ги следниве 14 класични хитови без кои сигурно не можевте да поминете ниту еден ден.rnrn14 популарни песни кои ќе ги вратат назад во детството оние кои растеле во 90-титеrn

    1. Get Low – Лил Џон

    rnВие дефинитивно сте мислеле дека оваа песна е многу кул кога сте имале околу 12 години. Таа истовремено е многу моќна, погрешна и правилна. Исто така сигурно вашите родители ја мразеле, па затоа и вие сте ја сакале уште повеќе.rnrnrnrn

    2. A Thousand Miles – Ванеса Карлтон

    rnДевојчињата ширум светот врискаа на оваа песна и свиреа воздушно пијано кога ги препознаваа почетните акорди. Немаше ниту една тинејџерка која не ги знаеше напамет зборовите и не уживаше целосно во овој спот.rnrnrnrn

    3. Crazy in Love – Бијонсе

    rnОваа песна ги инспирираше дури и најсрамежливите девојчиња да ги изведуваат своите „о оу“ танцови движења во истиот момент кога ќе го чујат гласот на Бијонсе. Всушност, оваа песна беше првиот момент кога таа ја започна својата легендарна кариера, како и една од најмоќните љубовни врски во светот на музиката.rnrnrnrn

    4. Yeah – Ашер

    rnКако шефови, вие сигурно ги знаевте сите зборови на оваа песна. Исто така сте се погрижиле да го знаете и целиот дел на Лудакрис (вклучувајќи ги и звуците) кој е тотално несоодветен за помладите уши.rnrnrnrn

    5. Unwritten – Наташа Бедингфилд

    rnНиту една песна не правеше да се почувствуваме посреќно од оваа. Наташа Бединфилд беше Кејти Пери пред таа да се појави на сцената. Сигурно секогаш кога ќе ја чуевте оваа песна вие ги собиравте вашите пријателки, формиравте круг и пеевте од срце.rnrnrnrn

    6. Candy Shop – 50 Сент

    rnОваа песна беше вовед во еден свет од која подоцна нема враќање. Добре дојдовте во адолесценцијата. Од тогаш, сигурно не гледате на лижавчињата на истиот начин.rnrnrnrn

    7. Everytime We Touch – Каскада

    rnЗарем постоеше домашна журка во која оваа песна не се пушташе барем 3 до 4 пати? Всушност сите песни од овој бенд беа одлични за танцување и забави, па токму затоа и тие беа неизбежен дел од поголемите собири.rnrnrnrn

    8. Hey Ya – Ауткаст

    rnСекоја девојка сакаше да биде Бијонсе или Луси Лиу по оваа песна. Оваа песна без сомнение и ден денес остана како луд епски производ на оваа легендарна рап група.rnrnrnrn

    9. Lose Yourself – Еминем

    rnКога оваа песна ќе почнеше, во истиот момент сите и сè останато околу вас избледуваше. Вие станувавте ваша верзија на Еминем и рапувавте заедно со него. Оваа песна исто така беше и одлична за загревање пред спортски натпревар или за вежбање во теретана. Можеби и сè уште е…rnrnrnrn

    10. Hot In Herre – Нели

    rnСигурни сме дека сè уште ги знаете зборовите на оваа песна. Признајте!rnrnrnrn

    11. Hollaback Girl – Гвен Стефани

    rnДо ден денешен, кога ќе го чуете зборот банана сигурно ви доаѓа да го спелувате со гласот на Гвен Стефани. Оваа песна е дефинитивно класика! И дали се сеќавате како таа ги натера чудните девојчиња во училиште да сакаат да бидат Хараџуку девојчиња?rnrnrnrn

    12. Grindin’ – Клипс

    rnВие не бевте кул доколку не знаевте да го рекреирате ритамот на оваа песна врз вашата училишна клупа. Сè што ви беше потребно беа вашите раце и молив и одеднаш станувавте главни фраери.rnrnrnrn

    13. Photograph – Никлбек

    rnВо ред е, можете слободно да признаете. Постоеше време кога мислевте дека овој бенд е многу кул, нели? Никој не ве осудува… (освен ако сè уште не ги сакате!)rnrnrnrn

    14. How To Save A Life – Д Фреј

    rn10 години подоцна и сè уште не знаете каде нештата тргнаа погрешно. Толку добра, но сепак тажна песна.rnrn

  • 10-те најпопуларни видеа на Јутјуб од 2015 година

    10-те најпопуларни видеа на Јутјуб од 2015 година

    Доволно е само да ги погледнете статистиките на Јутјуб и веднаш ќе сфатите зошто нашите социјални мрежи се преполни со видеа со слатки животни, забавни дечиња, компилации, кавери, различни видови глупости, епски запросувања и слично. Јутјуб моментално има над 1 милијарда корисници, секојдневно добива по 4 милијарди прегледувања и вклучува 6 милијарди часови видеа секој месец.rnrn10-те најпопуларни видеа на Јутјуб од 2015 годинаrnrnПа, што гледаат луѓето на Јутјуб? Според статистиките, следниве 10 видеа биле најпопуларни во 2015 година. Тие биле избрани според прегледувањата, лајковите, споделувањата, пребарувањата, пародиите, ремиксите и одговорите…rn

    10. Злобни твитови – Издание со претседателот Обама

    rnrn

    9. Полицаец фатен на дело како ужива во песната „Shake It Off“ од Тејлор Свифт

    rnrn

    8. Златното момче Калум Скот воодушевува со својата аудиција на шоуто „Британија има талент“

    rnrn

    7. Забавено видео: Човек со висина од 180 метри во огромен воден балон со големина од 180 метри

    rnrn

    6. Караоке во автомобил со Џастин Бибер

    rnrn

    5. Битка во синхронизирање со усни помеѓу Вил Фарел, Кевин Харт и Џими Фалон

    rnrn

    4. Реклама која допре до целиот свет – Љубовта нема етикети

    rnrn

    3. Луд пренк со пластични топки

    rnrn

    2. Судир на кланови: Одмазда (Официјална ТВ реклама за Супер Боул)

    rnrn

    1. Дечиња одлично танцуваат на песната „Watch Me (Whip/Nae Nae)“ од Силенто

    rn

  • Како звучи гласот на познатите музички ѕвезди без музика?

    Како звучи гласот на познатите музички ѕвезди без музика?

    Настапите во живо се навистина тешки. Постои ризик од голем број грешки, како заборавање на текстот или кореографијата, негативен фидбек од публиката… Од друга страна пак, дури и на најдобрите им се случува да го изгубат својот глас или да ги згрешат нотите. Па, погледнете што се случува со гласот на дел од најпознатите музички ѕвезди доколку не е скриен од страна на музиката.rnrnКако звучи гласот на познатите музички ѕвезди без музика?rn

    Добро пеење: Меган Трејнор

    rnrnМеган добро се држи пеејќи ја оваа песна.rn

    Лошо пеење: Мараја Кери

    rnrnРеакциите на Ники Минаж и бебето кажуваат сè.rn

    Неверојатно пеење: Бијонсе

    rnrnНе постојат зборови за овој настап.rn

    Прекрасно пеење: Аријана Гранде

    rnrnМалата Аријана има огромен глас.rn

    Исклучително пеење: Кристина Агилера

    rnrnКажете што сакате, но Кристина има моќен глас кој никој не може да го следи.rn

    Очекувано пеење: Кејти Пери

    rnrnВисоките ноти не се баш онака како што би требало…rn

    Пеење кое ќе ве остави без здив: Сиа

    rnrnГласот на Сиа не може да направи грешка. Дури и кога малку се крши.rn

    Убиствено пеење: Деми Ловато

    rnrnОдличен глас, прекрасно пеење.rn

    Просечно пеење: Ријана

    rnrnОдлична песна, просечен глас.rn

    Уникатно пеење: Адел

    rnrnГласот на Адел звучи едноставно неверојатно и целосно различно.rn

    Ексцентрично пеење: Лејди Гага

    rnrnИ токму затоа таа засекогаш ќе биде во нашите срца…

  • 5-те најдобри пролетни мејкап туторијали на Јутјуб

    5-те најдобри пролетни мејкап туторијали на Јутјуб

    Со пролетта доаѓаат и новите мејкап трендови. Изгледа оваа пролет зачадените очи во темни тонови се менуваат со пастелен, сјаен и едноставен изглед. Токму затоа ги одделивме овие 5 одлични пролетни туторијали кои можат да ви послужат како инспирација.rnrn5-те најдобри пролетни мејкап туторијали на Јутјубrn

    1. Свеж и чист пролетен изглед

    rnЕдна од најдобрите козметички блогерки ни претставува совршен свеж и чист пролетен изглед. Тој е идеален за овој период бидејќи делува нежно и едноставно.rnrnrn

    2. Бронза на очите и праска на усните

    rnОвој пролетен изглед има совршено количество топлина, а бронзата им дава одличен сјај на очите. Бојата на праска на усните само дополнително го надополнува овој едноставен, но моќен пролетен изглед.rnrnrn

    3. Суптилни пастелни бои

    rnАко сте личност која го обожава пролетното време, тогаш време е да ја извадите вашата пастелна шминка и веднаш да го пробате овој изглед. Следете ја блогерката која ќе ви покаже како да нанесете убави тонови на очите, без притоа да изгледате како кловн.rnrnrn

    4. Совршена пролетна комбинација

    rnОвој туторијал е одличен пример за совршен дневен пролетен изглед кој лесно може да се трансформира за вечерно излегување. Овој изглед одлично ги комбинира црвените со суптилните розови и златни тонови.rnrnrn

    5. Силни бои

    rnОваа комбинација е за оние девојки кои сакаат да додадат малку повеќе бои во својот изглед. Со помош на овој туторијал можете да постигнете совршен изглед со комбинација од силни бои како сина, розова и виолетова.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

    8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

    Сигурно има нешто што ве нервира на Јутјуб и би сакале да го смените. За среќа, веќе постојат решенија за тоа.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    1. Старт на видеото од определен момент

    rnАко сакате да споделите само одреден дел од видеото со други корисници на социјалните мрежи, Јутјуб има опција која го овозможува тоа. Не мора да ги информирате другите кога почнува делот во кој се содржани работите кои сакате да ги видат, туку треба во линкот на видеото да додадете еден дел. Ако, на пример сакате видеото да стартува после 1 минута и 59 секунди, ќе додадете #t=01m59s. На крај, УРЛ-то ќе изгледа вака:rnrn8 трикови за поголемо уживање на ЈутјубrnrnКога некој ќе кликне на овој линк, видеото ќе стартува од 1:59.rn

    2. Бескрајно повторување на исто видео

    rnНа некој начин, Јутјуб има ауториплеј копче и нема потреба постојано да притискате плеј кога ќе се опседнете со некоја песна. InfiniteLooper.com е сервис кој го исправа недостатокот на Јутјуб. Таму има линкови до сите видеа на видео сервисот, а под нив и можност да определите дека сакате некое видео да стартува одново секогаш штом заврши.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    3. Автоматско стартување на HD верзиите на видеата

    rnЗа да ги гледате само супер квалитетните верзии на видеата потребно е да инсталирате една екстензија за Гугл Хром или Мозила Фајрфокс. Таа се вика Magic Actions for Youtube и со овозможување на опцијата Auto HD, Јутјуб ќе ви ги пушта само верзиите во висока резолуција, кога она што сакате да го гледате има таква верзија.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    4. Поефикасно пребарување видеа

    rnВпишете allintitle: пред клучните зборови со кои сакате да пребарувате и Јутјуб ќе ви ги даде само видеата кои ги содржат тие клучни зборови. На пример, allintitle: Coldpay Paradise Live in Paris.rnrnАко сакате да изземете некој збор од пребарувањето, ставете – (минус) пред зборот кој сакате да биде изземен. На пример, Coldplay Live in Paris –Paradise.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    5. Отстранување на белешките

    rnБелешки, или анотации, се оние квадратчиња и правоаголничиња кои се појавуваат на видеата и бараат да кликнете на нив, но не се реклами. Тие се поставени од страна на тој што го качил видеото на Јутјуб и може да се тргнат. Кликнете на вашиот профил на Јутјуб, потоа на копчето со запчаникот кое ќе ве однесе во Youtube Settings. Потоа од левата страна кликнете на Playback, па тргнете ја ознаката од Show annotations, channel promotions and interactive cards on videos.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    6. Гледање видеа со слаба брзина на интернет

    rnГледањето видеа на Јутјуб е тортура кога интернетот не е доволно брз. Кога сивата лента на плеерот тешко ја добива битката со црвената, тогаш многумина оставаат видеото целосно да се баферира за да можат да ги изгледаат на раат. Можете да го натерате видео сервисот да не ги пушта видеата додека не се баферираат до крај со екстензија за Гугл Хром и Мозила Фајрфокс која се вика SmartVideo for Youtube. Откако ќе ја инсталирате, ќе видите една дополнителна опција на дното на видеото, а таму во Global Preferences треба да означите Smart Buffer.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    7. Автоматско стартување на видеата

    rnАко не сакате Јутјуб автоматски да ги стартува видеата штом кликнете на нив, туку сакате вие да стиснете плеј за тоа да се случи, потребно е да ја инсталирате и активирате екстензијата Stop Autoplay. Од тој момент овој проблем станува минато. Истото е можно и со претходните екстензии.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    8. Гледање видеа во забавена или забрзана снимка

    rnАко гледате видео во кое работите се случуваат многу брзо, а сакате да не ги пропуштите малите детали, можете да го гледате во забавена снимка. Кликнете на Settings на дното на видеото, а потоа во Speed одберете ја и брзината.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни видеа кои сигурно ќе ве насмеат

    Интересни видеа кои сигурно ќе ве насмеат

    Дали ви треба малку смеа, инспирација, слатки животни и љубовни изјави? Тогаш, убаво сместете се и уживајте во видеата, што сигурно ќе ве расположат!rnrninteresni-videa-koi-sigurno-kje-ve-nasmeat-kafepauza.mkrn

    1. Најсмешното задевање на куче

    rnПаметно и смешно. Видео што слатко ќе ве насмее.rnrnrn

    2. Скок во вода

    rnОва видео е доказ колку паметни, креативни и непобедливи може да бидат луѓето.rnrnrn

    3. Првата аудиција на Сузан Бојл

    rnПрвата аудиција на Сузан Бојл на Британија има талент (2009), ќе ве натера да верувате во чуда и ќе ве натера да не донесувате заклучоци за луѓето, само врз основа на нивниот изглед.rnrnrn

    4. Маченце се обидува да разбуди друго маченце

    rnДефиниција за слатко видео, што ќе ви ги разбуди најнежните чувства.rnrnrn

    5. Неуспесите на познатите

    rnОва видео зборува за поразите со кои познатите се имаат соочено пред да станат она што се денес, а кои веруваме дека ќе ве инспирираат да ги следите вашите соништа.rnrnrn

    6. Војник кој го гледа кучето по враќањето од Авганистан

    rnПредупредување: Ќе се расплачете од среќа! После сѐ, љубовта на кучињата навистина е безусловна!rnrnrn

    7. Близнаци ја пеат „Love is an Open Door“ од „Снежната кралица“ на Дизни

    rnОдлично видео за кревање на расположението. Доколку ви фали малку смеа и свежина во сивото секојдневие, слободно пуштете и уживајте!rnrnrn

    8. Неочекуван крај: Флеш моб понуда за брак

    rnИако има многу вакви идеа, ова дефинитивно е најдоброто!rnrnrn

    9. Сопругата добива подарок – кученце!

    rnНачинот на кој реагира на жената, кога сопругот ја изненадува со слатко кученце е пресладок и бесценет. Среќа насекаде!rnrnrn

    10. Најдобриот свадбен танц меѓу мајка и син

    rnЗаборавете на типичните танци меѓу младоженците, ова е многу поуникатно и поинтересно! Денот веднаш ќе ви стане поубав!rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Славните личности читаат злобни твитови посветени на нив

    Славните личности читаат злобни твитови посветени на нив

    Голем број од познатите ѕвезди користат Твитер и некои твитерџии едноставно не можат да одолеат за да го искажат своето вистинско негативно мислење за нив. Токму затоа одвреме-навреме Џими Кимел издвојува дел од најинтересните злобни твитови и потоа им дава на самите славни личности да ги прочитаат пред камера. Тоа го прави за забава, но и за да ги потсети корисниците на оваа мрежа дека и ѕвездите се луѓе со чувства кои можат да бидат повредени.rnrnСлавните личности читаат злобни твитови посветени на нивrnrnДел од учесниците во 7-то издание на „Celebrities Read Mean Tweets“ се Џулија Робертс, Ештон Кучер, Кортни Кокс, Енди Гарсија, Метју Меконахи, Ема Стоун и Софија Вергера чии реакции и коментари ќе ве насмеат до солзи.rnrnrnrnДоколку ви се допадна ова видео, погледнете ги и претходните кои се исто толку забавни колку и најновото…rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.