КАФЕ ПАУЗА

Tag: вештини

  • 4 личности со вистински супермоќи кои науката не може да ги објасни

    4 личности со вистински супермоќи кои науката не може да ги објасни

    Изгледа луѓето со супермоќи не постојат само во фиктивните светови на филмовите и сериите и тоа добро ни го покажуваат следниве 4 личности за чии способности науката не може да најде објаснување. Тие се издвојуваат со неверојатни таленти, започнувајќи од контрола врз телесната температура, па сè до беспрекорно помнење. Погледнете…rnrn4 личности со вистински супермоќи кои науката не може да ги објасниrn

    Инго Сван

    rnИнго Сван е човек кој има способност да гледа далечни географски локации и да разговара за нивните физички атрибути. ЦИА и НСА дури направиле контролирани експерименти на голема оддалеченост, и и покрај тоа што нивните откритија не се многу јасни, сепак тврдат дека неговите способности се вистинити.rnrnrnrn

    Стефан Вилтшајр

    rnСтефан Вилтшајр бил дијагностициран со аутизам кога имал само 3 години. Денес, тој може да црта неверојатни градски пејзажи кои ги влече директно од неговото помнење. Тој доволно е да погледне една фотографија само неколку секунди и потоа по помнење да ја нацрта на хартија со неверојатна точност.rnrnrnrn

    Вим Хоф

    rnВим Хоф станал познат кога се потопил под лед и останал во таа позиција скоро 2 часа без неговата телесна температура воопшто да се промени. Тој вели дека во тоа успеал со помош на медитација, но науката сè уште не може да објасни како го извел тоа.rnrnrnrn

    Даниел Тамет

    rnДаниел Тамет го шокирал светот кога ја рецитирал математичката константа пи, 3,141… од помнење сè до својата 22.414-та децимала во рок од 5 часа без да направи грешка. Тоа се случило во Музејот за историја и наука во Оксфорд каде што тој поставил нов европски рекорд. Тој истата година бил дијагностициран со синдромот високо функционален аутистичен савант и може да прави неверојатно комплексни ментални задачи со многу поголеми брзини одошто нормалниот ум може да постигне.rnrn

  • Клучни вештини за заведување: Техники кои успеваат кај секој маж

    Клучни вештини за заведување: Техники кои успеваат кај секој маж

    Дали некогаш сте посакале да заведете маж по кој веќе некое време копнеете, но се плашите да не излезете чудни и смешни додека го правите тоа? Или пак, можеби се плашите да не бидете одбиени? Не сте единствени! Погледнете ги следниве 7 одлични совети кои ќе ви помогнат брзо да ги подобрите вашите заводнички вештини…rnrnКлучни вештини за заведување: Техники кои успеваат кај секој мажrn

    1. Смешкајте се и остварувајте контакт со очите

    rnОвие две вештини се основните при заведувањето. Вие на овој начин ќе изгледате поотворени и мажите ќе почувствуваат поголема храброст за да ви пријдат. Токму тоа ви е важно, се согласувате? Сакате тие да почнат да ви приоѓаат? Насмевката ќе предизвика да делувате многу попристапно, но истовремено и поатрактивно. Не можете да погрешите ако постојано сте насмеани.rn

    2. Бидете пријателски настроени

    rnОва е вториот чекор кон заведувањето кој ќе ви помогне да го нагласите сиот ваш шарм. Доколку сте природно разговорливи, зошто не се обидете да бидете пријателски настроени и љубезни дури и кога сте во маркет? Луѓето на тој начин полесно ќе ве забележуваат и ќе сакаат да разговараат со вас, па токму така и ќе си ја отворите вратата кон запознавање многу нови луѓе. А што повеќе луѓе знаете, толку поголеми се шансите да го најдете „вистинскиот“.rn

    3. Постојано обрнувајте внимание на вашето однесување

    rnСо цел да станете подостапни, мора да бидете свесни за вашето окружување. Мажите многу често се прашуваат зошто жените кои ги сретнуваат во секојдневниот живот се толку нељубезни. Не сте свесни за тоа? Веројатно не внимавате како се однесувате додека ги извршувате вашите секојдневни обврски. Доколку сте во контакт со луѓе, без разлика на вашата работа, обидете се да си давате од 5 до 10 минути само за разговор и поврзување со луѓето.rn

    4. Скршете го мразот

    rnБидете храбри и кажете нешто први! Многу мажи се чувствуваат поласкано кога жената ќе го започне разговорот. На тој начин вие ќе му ја олесните работата, но и ќе можете да започнете тема на разговор за која сте сигурни кога зборувате.rn

    5. Бидете онаму каде што изборот е добар

    rnСо цел да ги зголемите шансите за запознавања во текот на целиот ден, почнете да поминувате повеќе време на места каде што има многу луѓе. Без разлика дали станува збор за голем маркет, ресторани, кафулиња… Опкружете се себеси со голем број луѓе и почнете да го анализирате нивното однесување. На овој начин ќе можете многу полесно да дојдете до разговор, бидејќи и двајцата во тој момент ќе правите иста работа.rn

    6. Разговарајте со луѓето додека чекате во ред

    rnБез разлика дали чекате ред на каса во супермаркет, за кафе за носење, покрај банкомат или пак на било кое друго место, искористете го ова време на најдобар можен начин. Не е важно што точно ќе кажете, важно е само да го почнете разговорот. Од таму, работите ќе почнат сами да си течат по природен тек.rn

    7. Опуштете се

    rnОва е можеби најважниот совет при запознавањето мажи. Вие едноставно морате да се опуштите. Флертувањето не треба да биде ништо повеќе од забавување и опуштање. На овој начин вашата самодоверба ќе порасне, вие ќе станете многу попристапни и посигурни во себе. Не заборавајте дека мажите секогаш се привлечени од атрактивни жени, секогаш насмеани, кои сјаат со висока самодоверба.

  • Вежба во два чекори со која ќе откриете за што ве бива

    Вежба во два чекори со која ќе откриете за што ве бива

    Многумина не знаат во што се добри, кои се нивните способности и што е она со кое навистина сакаат да се занимаваат во животот. Сите сме „присилени“ да избереме професија за цел живот кога имаме 18 години, но многумина од нас уште долго се бараат себеси пред да сфатат која е нивната вистинска страст и во што навистина се добри. Доколку се соочувате со ваков проблем, постои една едноставна вежба во два чекори која може многу да ви помогне. Двата чекори се:rnrn1. Напишете ги на лист хартија квалитетите и способностите кои сметате дека ги поседувате.rnrn2. Барајте некаков шаблон, некаква поврзаност меѓу нив.rnrnВежба во два чекори со која ќе откриете за што ве биваrnrnПодетално за двата чекори…rn

    Вашите способности

    rnНапишете колку што можете повеќе способности кои можете да ги пронајдете кај вас. Во овој чекор важен е квантитетот. Запрашајте се во што сте добри и одговорете си без да дозволите скромноста да ги скрати можните одговори. На пример, дали знаете добро да го планирате буџетот, колку сте добри во логичкото размислување, дали препознавате шаблони, дали знаете како да проникнете во суштината на апстрактните работи, дали сте точни и секогаш на време и слично. Потоа одговорете си и на прашањето што е она кое знаете да го правите, а си доаѓа природно и сами сте го смислиле. На пример, дали самите сте сфатиле како да спакувате облека за десет дена во мал куфер, сами сте создале интересна варијанта на некој рецепт или нешто слично.rn

    Шаблонот

    rnСега побарајте поврзаност меѓу некои ваши вештини и групирајте ги. Направете група со работи кои уживате да ги правите, вештини кои се добро платени, вештини кои не ги користам во животот, вештини кои сакам да ги подобрам, итн. Самите изберете си какви групи на вештини ќе си направите. Не грижете се ако веднаш не добиете резултати кои ќе ви дадат подобра слика за себе. Повторете ја вежбата доколку е потребно и одново барајте поврзаност меѓу тоа што претходно сте го напишале. Ако веднаш не ви текнува што да напишете, ставете го листот хартија некаде и допишувајте кога ќе се сетите на нешто друго. Целта на вежбата е да ви даде подобар преглед на сопствените вештини и да ви даде надеж дека навистина ве бива за нешто. Направете ја, повторете ја ако е потребно и ќе успеете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секој може да развие вештини. Дали вие знаете како?

    Секој може да развие вештини. Дали вие знаете како?

    Автор: Петар Лазаровrn

    „Најголемата посебност на човекот се гледа во можноста за стекнување и развој на вештини. Моќ која ни е дадена надвор од нашите природни, вродени карактеристики.“ – Discovery Channel

    rnБез оглед дали гледаме на вештините како нешто што нè одвојува од останатиот жив свет на планетава (животните), вештините и нивото на нивно усовршување нè прави сите нас луѓето различни и помалку или повеќе успешни во животот, приватно или професионално.rnrnsekoj-mozhe-da-razvie-veshtini-dali-vie-znaete-kako-kafepauza.mkrnrnВештина по дефиниција значи, научена способност да се изврши некоја задача или цел со предефинирани резултати, која побарува определено количество време и енергија. Вештините можат да се поделат во две групи, генерални и специфични. Генерални, професионални, се оние којшто вклучуваат самомотивација, лидерство, менаџерски вештини и сите оние што ни овозможуваат справување со секојдневните предизвици. А специфични се оние кои се важни за определен специфичен аспект од работењето (живеењето).rn

    Вештина = Умешност

    rnЗа примена на која било вештина, без оглед дали станува збор за умешност во некој занает, медицина, уметност или друго, потребно е следење на некои општи правила. Со цел да ја развиете која било вештина, треба да сте свесни дека процесот е макотрпен, побарува енергија и време, како и поседување на некои силни карактерни особини:rn

    1. ПРАВИЛО: Свесност

    rnТраба да сме свесни дека постојано треба да работиме на стекнување и развој на нашите вештини. Најважно е да знаеме кои генерални и специфични вештини ни се потребни со цел да оствариме подобри резултати на работа и приватно, и континуирано да работиме на нив.rn

    2. ПРАВИЛО: Знаење

    rnЗа да развиеме некоја вештина, нам ни е потребно знаење. Убавината е што денес знаењето ни е многу достапно, и тоа за без пари. Проблемот се појавува во умешноста да се дефинира кое знаење (информации) е применливо и корисно за нас, а кое не.rn

    3. ПРАВИЛО: Дисциплина

    rnКарактеристика што ја поседуваат малку луѓе, посебно надвор од сферата на професионалното работење. Доколку сакаме да сме повеќе дисциплинирани, прво мора да сфатиме дека дисциплината не е правило што ни е наметнато од надвор. Таа треба да е избор на нашата сопствена волја.rn

    4. ПРАВИЛО: Концентрација

    rnДенес, многу е тешко да бидеме концентрирани и фокусирани на некоја работа, поради самиот начин на функционирање на човекот. Постојано сме „бомбардирани“ со безброј искушенија што нè дефокусираат. Мора да научиме како да ги елиминираме надворешните влијанија и да ги смириме мислите.rn

    5. ПРАВИЛО: Трпение

    rnИсто така, се коси со денешниот начин на живеење и работење. Сите ние сме научени да ги завршуваме работите веднаш и тука. Тоа е црната страна на технологијата и на маркетингот. Нè учат дека работите се прават инстант. За да успееме да совладаме некоја вештина, мора да сме свесни дека тоа не се прави преку ноќ или дека со едно апченце ќе се реши проблемот. Потребно е трпение и истрајност да се развие која било вештина.rn

    6. ПРАВИЛО: Важност

    rnПоследното правило, но она што ќе ги повлече и другите, е тоа дека развојот на некоја вештина, мора да биде од огромна важност за нас. Ако нема важност, тогаш и мотивот и волјата за да работиме на нејзино остварување се губат. И нормално е ние да се откажеме. Тоа е проблемот што ние почнуваме да си го гледаме здравјето само тогаш кога ќе нè погоди нешто лошо и тогаш му даваме поголема важност.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Знаете ли да се менаџирате себеси?

    Знаете ли да се менаџирате себеси?

    Автор: Петар Лазаров rnrnЗа една личност, вработен, професионалец, менаџер, сопственик, кој било, да биде комплетен и успешен, во справување со секојдневните предизвици (на работа и приватно), освен неговите професионални вештини и знаења, мора да знае како да се менаџира себеси, своите капацитети и емоции. Односно, да знае да се справи сам со своите препреки и бариери.rn
    rn

    „Сите размислуваат да го променат светот, но никој не размислува да се промени самиот себеси.“ – Лев Н. Толстој

    rnznaete-li-da-se-menadzhirate-sebesi-kafepauza.mk rnrnСамоменаџирањето претставува склоп на вештини, методи и стратегии со кои една индивидуа ќе може ефективно да ги насочи своите активности кон остварување на своите цели, но и да знае како тие ќе се одразат на другите. Самоменаџирањето се однесува на: поставување и на исполнување на целите, донесување на одлука, менаџирање на стрес, самомотивација, иницијативност, фокус, организација, планирање, менаџирање на време и најважно за нашата ментална и физичка стабилност. Вработен, со карактеристики што би сакала да го има секоја компанија. Доколку успеам во 500 зборови да ви објаснам и да ви помогнам да ги зајакнете сите овие карактеристики, прво сам себеси ќе си помогнев, а потоа ќе се прогласев за мастер, 9-ти дaн, црн појас. Нажалост тоа не е толку лесно. Тоа бара огромна работа, посветеност, жртва и време. Но, еве неколку совети што може да ви помогнат малку и да ви дадат иницијација повеќе да размислувате и да работите на концептот на самоменаџирање:rn

    1. Да бидеме свесни дека треба да работиме на себеси:

    rn„Свесност“ е вистинскиот збор. Ако немате проблем со овие активности, тогаш вие нема потреба да губите време на самоменџирање:rn

      rn011

    • Не чекате никој да ве мотивира, вие самите си ги исполнувате сите задачи.
    • rn011

    • Немате проблем со пробивање на рокови, бидејќи сте добро организирани и испланирани.
    • rn011

    • Немате стрес или лесно се справувате со сите стресни ситуации, притисоци итн.
    • rn011

    • Не кажувате изговори зошто не може да се реши некој проблем, туку веднаш се фокусирате да пронајдете креативно решение за секоја ситуација.
    • rn011

    • Самостојно ги завршувате задачите и не чекате некој друг да ве „подбутне“.
    • rn011

    • Кога ќе ве извади некој од такт, не се истурате на другите.
    • rn011

    • Размислувате пред да кажете нешто и мислите како тоа ќе се одрази на другиот.
    • rn011

    • Внимавате на својата исхрана и работите на јакнење на вашиот ментален и физички капацитет.
    • rn

    rn

    2. Познавање на самиот себеси

    rnСамоменаџирањето значи свесност за себе и за своите особини. Кога последен пат сте застанале и сте направиле самоанализа – кои се вашите слаби страни и каде и колку треба да работите за да ги зајакнете?! Каде го губите времето, дали сте мрзеливи, што ве мотивира, дали сте проактивни, зошто давам изговори итн.? ВАЖНО! Внимавајте да не донесете погрешен заклучок, бидејќи многу често знаеме да бидеме нереални за себе самите (си даваме преголема важност).rn

    3. Самоменаџирањето претставува склоп на вештини, методи и стратегии

    rnЕдна од најважните точки. Самоменаџирањето не е текст, еден ден работа или книга што се чита за 5 дена. Тоа е цел систем на методи и знаења што треба макотрпно да се имплементираат за да дадат ефект. Не постои брз начин на остварување на целите. Сè си бара посветеност, жртва и многу работа. Направете план за самоменаџирање и работете според него. Ако сте рекле дека ќе вежбате секој втор ден, немој да се откажете (и да си најдете изговор) после 3-то вежбање.rn

    4. Самоменаџирање значи менаџирање на емоции

    rnЕмоциите се тие што нè водат во животот, што нè прават силни или слаби во некои моменти. Читајте повеќе и работете на развој на вашата Емоционална интелигенција (EQ). Его, емпатија, страв, лутина, омраза, љубов, нагон, сите тие се виновни за реакциите и акциите што ги правиме (сакани или несакани).rn

    5. Самоменаџирањето е рутина

    rnТреба да бидеме свесни дека за да направиме каква било промена, таа треба да ни влезе во навика. А некоја работа да ни влезе во навика треба да ја повторуваме минимум 21 ден (најновите истражувања велат дека оди и дури до 60 дена). Да видите колку е тешко да смениме некоја навика, пробајте еден едноставен тест: од денес почнете 21 ден да ги четкате забите со другата рака (наместо со таа со која секој ден го правите тоа).rn

    6. Работете на вашиот ум и тело

    rnМенталните вежби ќе ви помогнат полесно да се справите со стрелите и со боксовите што ги примате секојдневно од околината и од опкружувањето, а физичките ви се издувен вентил и ќе ви помогнат да ја извадите негативната енергија собрана преку денот и ќе ви обезбеди простор за акумулација на нова, свежа енергија.rn

    Живејте живот што е убав однатре, не само што личи убав однадвор!

    rn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто да научите германски?

    Зошто да научите германски?

    Доколку размислувате да почнете со учење на нов јазик, тогаш германскиот е вистинскиот избор за вас. И додека не е толку романтичен како францускиот и шармантен како италијанскиот, овој јазик сепак има свои други огромни предности. На пример, германскиот јазик е најзастапениот јазик во Европската унија, каде што според мерењата во 2007-ма, го применувале 19% од Европејците. Германскиот е јазик кој го зборуваат над 120 милиони луѓе во светот, но ова не е единствената причина што би ве натерала да го научите. Погледнете ги и следниве интересни факти, што ќе ве натераат да го засакате германскиот уште веднаш.rnrn(0) zoshto-da-uchite-germanski-kafepauza.mkrnrn1. Германскиот јазик е официјален јазик на Германија, Швајцарија, Австрија, Луксембург и Лихтенштајн.rnrn2. Германскиот јазик е третиот најизучуван јазик во светот.rnrn3. Едни од најголемите литературни и филозофски дела се напишани токму на германски. Гете, Кафка, Хесе, Фројд, Ниче, Маркс се само дел од значајните авторски имиња.rnrn4. Германија се наоѓа на првото место според нивото на извоз во светот.rnrn5. Исто така, Германија е и најмоќната сила што стои зад Европската унија.rnrn6. Има повеќе од 1.100 компании во земјите каде што се зборува германски, кои имаат субвенции во САД. Овие компании вкупно бројат 700.000 работни места во САД.rnrn(1) zoshto-da-uchite-germanski-kafepauza.mkrnrn7. Германскиот е вториот најупотребуван јазик во науката. Секако, тоа е јазикот на Ајнштајн, но и на многу други современи научници.rnrn8. Германија е третата најсилна економија во светот.rnrn9. Класичната музика не би била тоа што е денес без делата на познатите Бах, Моцарт, Бетовен, Штраус, Вагнер, Брамс, кои го зборувале германскиот јазик.rnrn10. Германскиот е вториот најупотребуван јазик во научните публикации.rnrn(2) zoshto-da-uchite-germanski-kafepauza.mkrnrn11. Доколку сте заинтересирани лесно ќе најдете многу интернет материјали кои ќе ви помогнат при учењето на јазикот.rnrn12. Доменот „.de“ е втор по популарност во светот и сигурно ќе наидете на многу германски сајтови каде ќе можете да ги подобрите и проширите стекнатите вештини.rnrn13. Доколку добро го познавате англискиот јазик, германскиот и нема да ви биде многу тежок за учење. Дури 40 % од зборовите се слични со нивните англиски парови.rnrn14. Изучувањето на германскиот ќе ви го подобри англискиот.rnrn15. Германците трошат многу на патувања. Па, бидете сигурни дека каде и да одите ќе најдете некој со кој ќе можете да зборувате и да го покажете наученото на дело.rnrnИ за крај, отворете овде и уште веднаш посветете се на учењето на германскиот јазик. Среќно!rnrnАко ве интересираат јазиците, погледнете ги и причините зошто да научите шпански.

  • Каков е вашиот стил на креативно изразување?

    Каков е вашиот стил на креативно изразување?

    Секој е креативен на еден или на друг начин, па и вие имате свој специфичен канал преку кој му покажувате на светот кои во суштина сте. Направете го овој тест на личноста – изберете ја сликата со вибрацијата која најмногу ви говори и дознајте како вие ја изразувате својата креативност.rn

    [column col=”1/2″]1-kakov-e-vashiot-stil-na-kreativno-izrazuvanje-kafepauza.mk[/column][column col=”1/2″]4-kakov-e-vashiot-stil-na-kreativno-izrazuvanje-kafepauza.mk[/column][column col=”1/2″]2-kakov-e-vashiot-stil-na-kreativno-izrazuvanje-kafepauza.mk[/column][column col=”1/2″]5-kakov-e-vashiot-stil-na-kreativno-izrazuvanje-kafepauza.mk[/column][column col=”1/2″]3-kakov-e-vashiot-stil-na-kreativno-izrazuvanje-kafepauza.mk[/column][column col=”1/2″]6-kakov-e-vashiot-stil-na-kreativno-izrazuvanje-kafepauza.mk[/column]

    rn

  • Еве ги вештините со кои ќе го импресионирате секој маж

    Еве ги вештините со кои ќе го импресионирате секој маж

    Никогаш не треба да се менуваме за некого, но еве кои се вештините кои би го импресионирале секој припадник на машкиот род, а кои се истовремено и многу корисни за вас самите.rnrnЕве ги вештините со кои ќе го импресионирате секој мажrn

    Самоодбрана

    rnМажите сакаат независни жени. Способноста да се грижите сами за себе е многу привлечна. Во бајките, жените обично се преставени како слаби и беспомошни, но во реалниот живот тие треба да се силни и вешти. Па, според тоа, еден од талентите што би го воодушевил секој маж се и вештините за самоодбрана. Зошто да не почнете да посетувате кик-бокс или некои други слични дисциплини?rn

    Јавно говорење

    rnМажите сакаат жени кои знаат да зборуваат јавно. Ставете и се и вие во истата позиција: дали повеќе би се одлучиле за некој кој едвај плашливо склопува реченици или за некој кој зрачи со самодоверба? Потребна е храброст за јавно говорење и кога некој ќе види дека тоа ви оди лесно, тоа секако би било привлечно.rnrnЕве ги вештините со кои ќе го импресионирате секој мажrn

    Готвење

    rnСигурно сите ја имате слушнато поговорката Готвењето е најсигурниот пат до машкото срце. Дури да научите само еден или два оброци, верувајте дека веднаш ќе има позитивни реакции. Секако, готвењето е вештина што помага и во други ситуации. На пример, кога сакате да ги воодушевите пријателите, зошто да не направите една чинија домашни колачиња како подарок за нивниот роденден.rn

    Танцување

    rnИма многу различни видови танц, како и различни типови мажи. Некои повеќе ја сакаат грациозноста на балетот, додека пак други се за нешто побрзо и модерно. Сѐ зависи од тоа кого се трудите да воодушевите. Најдобро е да го правите она што ве прави да се чувствувате убаво. Нека сопствената исполнетост и забава ви биде приоритет, а импресионирањето нека дојде само како бонус.rnЕве ги вештините со кои ќе го импресионирате секој мажrn

    Гимнастика

    rnМажите сакаат еластични жени. Секако не треба да вежбате гимнастика само поради тоа, туку затоа што навистина е добро за здравјето и телесната тежина.rn

    Пеење

    rnДури и ако некој не е многу убав, ако таа личност знае да пее, веднаш ви станува посимпатична и попривлечна. Така и мажите гледаат на жените кои знаат да пеат. Не мора професионално да се занимавате со тоа, но барем блеснете на некое караоке каде секој ќе може да ги забележи вашите пеачки способности.rnrnЕве ги вештините со кои ќе го импресионирате секој мажrn

    Добро согласување со деца/животни

    rnМожеби ова не е типичен талент, но сепак човек треба да има одредени вештини за да знае како треба да се однесува со деца или животни. Доколку умеете да смирите пискаво бебе, сите тоа ќе го сметаат за плус. Доколку кученцата најпрвин доаѓаат кај вас, сигурно има нешто. Се вели дека животните имаат шесто сетило, па кога тие ве сакаат, тогаш и луѓето ќе се чувствуваат така.rnrnДоколку ви се допаднаа вештините, зошто да не се обидете и со малку труд да внесете големи промени во сопствениот живот? И за крај, запомнете дека првенствено треба да го направите тоа за себе, а импресионирањето ќе си дојде само по себе.

  • Неверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чуле

    Неверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чуле

    Билингвизмот има големи и значајни ефекти врз функционирањето на мозокот и развојот на когнитивните вештини. За жал, до скоро се тврдеше дека билингвизмот ги прави децата поглупави, па многу родители кои не делеа исто потекло, се одлучуваа децата да ги воспитуваат учејќи ги само на еден јазик. Подоцна ова гледиште се покажа како многу погрешно.rnrnБилингвизмот, или мултилингвизмот, нуди бројни придобивки, особено кај најмладите. Но придобивките не ги чувствуваат само децата, туку и возрасните. Истражувањата покажале дека билингвистите, за разлика од монолингвистите, во просек се поплатени на кое било работно место.rnrnНеверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чулеrnrnДоколку ви треба мотивација да научите странски јазик, прочитајте ги овие неверојатни придобивки од билингвизмот. Доколку пак веќе зборувате повеќе од еден јазик, слободно уверете се во погодностите кои таа ваша способност ви ги нуди.rn

    Придобивки од билингвизмот кај децата

    rn

      rn011

    • Младите билингвисти уште на возраст од само 7 месеци можат многу полесно да се прилагодат на промените во средината на живеење. Кај децата кои зборуваат два јазици, може да се забележи подобар развој на когнитивните способности.
    • rn011

    • Билингвистите во просек покажуваат подобри резултати на тестовите на училиште и се добри во математичко и логичко размислување, токму поради способноста за брзо размислување и апстрактно класифицирање.
    • rn011

    • Ја зголемува самодовербата и го подобрува чувството на самовреднување и идентитет.
    • rn011

    • Децата билингвисти учат да читаат побрзо од нивните соученици.
    • rn011

    • Уште од млада возраст децата кои зборуваат два јазици се многу посконцентрирани, развиваат можност за аналитичко размислување, како и способност за мултитаскинг.
    • rn011

    • Овие деца имаат поголема веројатност да живеат во странство и да изучуваат повеќе странски јазици подоцна во животот.
    • rn011

    • Билингвистите обично се изложени на повеќе од една култура, што ги прави поотворени за нови познанства и прави да имаат почит и разбирање кон другите култури и националности.
    • rn

    rnНеверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чулеrn

    Умствени придобивки од билингвизмот

    rn

    Подобри когнитивни вештини

    rnЛуѓето кои зборуваат најмалку два јазици се остроумни, имаат развиени когнитивни способности, способност за поврзување, креативност во перцепцијата на нештата, како и логично размислување и расудување. Способноста да се префрлаат мислите од еден во друг јазик ја подобрува способноста за мултитаскинг и го држи мозокот алармиран дури кога се зборува само едниот јазик.rnrnБилингвистите во просек побрзо решаваат загатки, крстозбори, сложувалки и други игри кои бараат логичко размислување.rn

    Поголема лингвистичка свест

    rnИзучувањето на втор јазик значи фокусирање на граматиката и синтаксата, што ја развива способноста за логично и контрастивно размислување за двата јазици, и ја зголемува лингвистичката свест.rnrnБилингвистите имаат многу добри комуникациски способности, добри се во пишување и уредување.rn

    Спречува оштетувања на мозокот

    rnАлцхајмеровата болест се развива дупло побавно кај билингвистите отколку кај монолингвистите. Исто така, критичната возраст за развој на некој вид деменција кај монолингвистите е 71,4 години, додека кај билингвистите е 75,5.rnrnНеверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чулеrn

    Мултитаскинг

    rnБилингвистите се истренирани брзо да го сменуваат системот на двата јазици кои ги владеат, нивната граматика, синтакса и морфологија, како и системот на знаци и гласови.rnrnТокму поради брзата промена во јазичните сфери, билингвистите се одлични во мултитаскинг и способноста да бидат сконцентрирани на повеќе од една работа истовремено.rnrnИсто така, билингвистите се многу повешти во одделување на важните од неважните информации. Нивната моќ на фокусирање на дадената задача е во просек повисока отколку кај монолингвистите.rn

    Ја подобрува меморијата

    rnБидејќи мозокот е истрениран да памети широк обем на вокабулар и граматички правила, билингвистите имаат доста добра меморија.rnrnУмствените вежби за памтење јазични шеми, го зајакнуваат мозокот, ја подобруваат моќта на категоризирање, визуелизација и памтење листи.rn

    Ја згуснува сивата материја

    rnСпоредено со монолингвистите, билингвистите имаат повеќе сива материја во мозокот, која е главна компонента на централниот нервен систем и е задолжена за процесирање на јазикот.rnrnБилингвистите, исто така, се многу посигурни во своите одлуки, можности и способности. Докажано е дека билингвистите многу порационално се справуваат со проблемите бидејќи неретко го преиспитуваат секое можно решение и на двата јазици кои ги владеат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Придобивките од изучување странски јазици

    Придобивките од изучување странски јазици

    Изучувањето странски јазици не само што ќе ви ги зголеми шансите за вработување, туку и ќе ве направи попаметни и поодлучни.rn

    Последните психолошки истражувања на оваа тема, покажуваат дека познавањето на два или повеќе јазици исклучително го подобрува мисловниот процес. Мозокот на луѓето кои изучуваат повеќе странски јазици функционира поразлично и со себе носи голем број придобивки. Еве некои од нив:

    rn

    Придобивките од изучување странски јазици

    rnrn

    Станувате попаметни

    rnУчењето на нови зборови и фрази значително ја подобрува меморијата и ја зголемува мозочната активност. Тоа позитивно влијае врз самиот процес на учење и го поттикнува критичкото размислување. Се смета дека децата кои зборуваат повеќе јазици, покажуваат подобри резултати на тестовите во училиште и полесно го совладуваат материјалот од останатите.rn

    Зголемена самодоверба

    rnЧувството на самодоверба кое доаѓа со стекнувањето на нова вештина е непроценливо. Уживањето во ваквата придобивка, уште повеќе ја зголемува желбата за истражување и учење нови нешта. Тоа со себе носи зголемен ентузијазам, љубопитност, сигурност.rn

    Поголема отвореност

    rnПатувањата се интересно искуство за секого. Познавањето на јазикот на одредена земја во која патувате, не ве прави само обичен турист, туку и ви помага полесно да ги разберете нејзината култура, народ, начин на живеење. Исто како кога слушате песна на јазик кој добро го познавате – не ги слушате само зборовите, туку ја слушате и музиката зад нив, го слушате самиот живот.rn

    Нови познанства

    rnЗборувањето на странски јазик ве прави поотворени кон другите луѓе. Одржувањето на тие контакти ги зголемува комуникациските вештини и ве прави лично побогати. Создавате не само лични врски, туку и врски со различни култури, идеи, традиции.rn

    Усовршување на мајчиниот јазик

    rnКога го учиме мајчиниот јазик, не обрнуваме големо внимание на граматичките правила и конструкции. Но, изучувањето на странски јазик нè поттикнува повеќе да се фокусираме на самата механика на јазикот, и со тоа несвесно подобро да го разбереме и сопствениот јазик.rn

    Еден јазик никогаш не е доволен

    rnОној кој знае повеќе странски јазици, веднаш ќе ви каже дека еден јазик никогаш не е доволен. Секогаш може да се научи повеќе. Изберете го вашиот омилен и уживајте во придобивките.rnrnДоколку ве заинтригиравме, и ви ја разбудивме желбата за учење нов јазик, ве упатуваме на duolingo, каде може уште веднаш да почнете. Пријатно учење.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.