КАФЕ ПАУЗА

Tag: вештини

  • Необични вештини кои можете да ги научите во училиштата ширум целиот свет

    Необични вештини кои можете да ги научите во училиштата ширум целиот свет

    Дали ви се здодевни работите кои треба да ги учите на училиште? Дали сакате да стекнете некои навистина необични и практични вештини? Во продолжение погледнете ги најневеројатните курсеви кои можете да ги слушате и да добиете навистина необични сертификати.rn

    1. Професионален елф

    rn(1)neobichni-veshtini-koi-mozhete-da-gi-nauchite-shirum-uchilishtata-od-celiot-svet-kafepauza.mkrnrnВо Алфасколин, „елфско“ училиште во Исланд, можете да научите сè за 13-те различни видови елфови. Учениците во ова училиште се среќаваат со луѓе кои имале личен контакт со овие митски суштества. Тие учат како изгледаат елфовите, каде живеат и какви се нивните врски со луѓето.rn

    2. Погребна служба

    rn(2)neobichni-veshtini-koi-mozhete-da-gi-nauchite-shirum-uchilishtata-od-celiot-svet-kafepauza.mkrnrnКолеџот за погребални служби Гуптон-Џоунс е вистинското место за оние кои сакаат да се вклучат во бизнисот на погребите. Не само што ќе ги научите основните работи како математика и историја, туку ќе научите сè за балсамирањето, како и законите и етиката на мртовечниците.rn

    3. Диплома за зомби

    rn(3)neobichni-veshtini-koi-mozhete-da-gi-nauchite-shirum-uchilishtata-od-celiot-svet-kafepauza.mkrnrnНа Универзитетот Балтимор во САД, во 2010 година се појавил курсот „Употребата на зомбињата во поп културата“. Курсот го води Арнолд Блумберг, професор по дизајн. Овие часови даваат академски поглед кон суштествата и нивната улога во забавата.rn

    4. Циркуски вештини

    rn(4)neobichni-veshtini-koi-mozhete-da-gi-nauchite-shirum-uchilishtata-od-celiot-svet-kafepauza.mkrnrnВо Универзитетот Бет Спа можете да научите многу за циркусот, како и за техниките кои ви се потребни да учествувавте во циркус. Студентите по завршувањето може да бидат професионални артисти и знаат како да ја менаџираат и да ја промовираат нивната работа.rn

    5. Водење ранч

    rn(5)neobichni-veshtini-koi-mozhete-da-gi-nauchite-shirum-uchilishtata-od-celiot-svet-kafepauza.mkrnrnНа колеџот Дип Спрингс во Калифорнија, студентите се одговорни за ранчот. Тие треба да ги молзат кравите, да се грижат за нив, но и да посетуваат предавања. Основната идеја на институцијата е дека физичката работа е исто важна колку и интелектуалното образование за урамнотежен развој на личноста.rn

    6. Курс за гладијатори

    rn(6)neobichni-veshtini-koi-mozhete-da-gi-nauchite-shirum-uchilishtata-od-celiot-svet-kafepauza.mkrnrnУчилиштето за гладијатори се наоѓа во Рим и нуди предавања од 2 часа каде што можете да ги научите основите на борењето и мечувањето. Исто така има и предавања за древната римска историја.rn

    7. „Шармирање“ змии

    rn(7)neobichni-veshtini-koi-mozhete-da-gi-nauchite-shirum-uchilishtata-od-celiot-svet-kafepauza.mkrnrnВо Индија, децата од племето Вади можат да научат како да шармираат отровни змии. Тие почнуваат да тренираат на возраст од 2 години кога се запознаени со смртоносните кобри. Студирањето обично трае 10 години. На 12 години, овие деца веќе знаат сè за контролирањето змии со флејти.rn

    8. Трансцендентална медитација

    rn(8)neobichni-veshtini-koi-mozhete-da-gi-nauchite-shirum-uchilishtata-od-celiot-svet-kafepauza.mkrnrnУчилиштето Махариши во Ајова е навистина необично. Покрај традиционалните предмети кои ги изучуваат речиси сите, се учи и техниката за трансцендентална медитација.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Модерни и згодни: Секси старци ги освојуваат социјалните мрежи

    Модерни и згодни: Секси старци ги освојуваат социјалните мрежи

    Убавината и стилот не се поврзани со годините, туку со тоа како се чувствуваме однатре. Овие седум мажи се доказ дека и старата доба може да биде и тоа како згодна и шармантна и дека најдоброто само што доаѓа.rnrn1-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Антонио Варечија, 54 години

    rnСивокосиот убавец Антонио го подигна џентлменскиот изглед на едно повисоко ниво. Персоналниот тренер и модел Антонио Веречија има повеќе од 164.000 следбеници на Инстаграм. Тој е страстен дигач на тегови, модел и голем љубител на кафе.rn

    „Вие можете да бидете личност со одреден број години и понатаму да изгледате фантастично! Јас отсекогаш бев оној кој се издвојува од толпата. Имам свој сопствен стил и изглед и постојано добивам комплименти и пораки на социјалните мрежи дека им служам на другите како инспирација. Дали знаете какво е чувството? Не се опишува!“

    rn2-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Рон Џек Фоли, 50 години

    rnРон Џек Фоли е уште еден машки модел кој има прекрасна брада. И како ова да не е доволно, тој е исто така надарен и со совршени очи и одлично тело. Тој докажа дека годините не можат да го спречат духот на модерниот живот. Тој е модел, страстен пушач на цигари и долгогодишен скијач.rnrn3-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Гарет Сван, 48 години

    rnДали можете да му одолеете? Доколку сакате да го запознаете Гарет подобро, тогаш имајте ги на ум овие информации. Тој е доста баран модел. Теретаната ја посетува шест до седум пати неделно, па на тој начин ја одржува својата форма, но и мирот во себе. За својот стил вели дека е ретро, класичен и модерен, но и доста забавен. Додава дека сака во своите модни комбинации постојано да внесува малку смисла за хумор.rnrn4-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Алесандро Манфредини, 49 години

    rnОвој старец изгледа како секојдневно да се капе во фонтаната на младоста. Тој е жив доказ дека брадестите, истетовирани мажи како што стареат, така сѐ уште може да изгледаат фантастично и модерно. Тој има совршено негувана брада со која се гордее. По професија е графички дизајнер и керамички скулптор. Доколку се запрашавте како тој станал стилска икона, тогаш мора да ви ја откриеме приказната која се крие зад тоа.rnrnТој купил стара куќа што требало да биде неговиот дом од соништата. За жал, земјотресот кој следувал ја уништил. Како одговор на трагедијата, тој потонал во депресија. Во текот на оваа фаза тој ја израснал својата брада и мустаќи кои потоа се претворија во вистинско сребро. Денес, Алесандро е интернационален модел и е следен од масовна бројка на социјалните мрежи.rnrn5-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Рудолф вон Блон, 53 години

    rnРудолф целиот свој живот работи како модел. Тој одлично го држи местото на еден од најзгодните и најмодерни старци на социјалните мрежи. Сигурни сме дека веќе ве хипнотизира со својата сива коса и зелените очи.rnrn6-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Алесандро (Сребрена лисица), 43 години

    rnМожеби ќе се обидете да развиете вкус за одредена сива нијанса откако ќе го запознаете овој џентлмен. Тој изјавува дека не се храни здраво секогаш, но се обидува да стои што е можно подалеку од лошата, брза храна. Секако, за вистинитоста на оваа објава сведочи неговото совршено обликувано тело. Неговата коса и брада се целосно сиви, па токму затоа го избрал овој прекар.rnrn20346927_1335162703263038_243080133747933184_nrn

    Ерик Рутерфорд

    rnПоследниот старец, но никако помалку атрактивен и модерен, е долгогодишен модел чија возраст е добро скриена од очите на Интернетот. Одличниот изглед и совршеното тело му ја овозможиле славата која ја има денес.rnrn7-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rnrnПрочитајте ги и овие 17 знаци дека сте старци сокриени во телото на млади луѓе!

  • 3 животни вештини што не се учат на училиште, а без кои не можете да преживеете

    3 животни вештини што не се учат на училиште, а без кои не можете да преживеете

    Училиштата се установи во кои се специјализираме за одредена област од животот од која сакаме да заработуваме, но често токму оние клучните вештини што ни се потребни најпрво за преживување, а потоа и за успех, целосно се занемаруваат. Во продолжение следуваат трите клучни вештини што ниту едно училиште не ги развива, а би требало, бидејќи се важни за животот надвор од училишните клупи.rnrn3-zhivotni-veshtini-shto-ne-se-uchat-na-uchilishte-a-bez-koi-ne-mozhete-da-prezhiveete-www.kafepauzaz.mkrn

    1. Управување со времето

    rnУправувањето со времето е една од клучните животни вештини, но ниту едно училиште не овозможува детални лекции на оваа тема. Никој нема да ви даде модел или образец по кој треба да управувате со времето, па затоа обрнете внимание на следниве совети.rnrnНајпрво, многу е важно да се ослободите од лошите навики како што е одложувањето. Исто така треба да ги ставите зад себе и сите оние навики што ви одземаат време, а за возврат не ви даваат ништо. Потребно е и да ги елиминирате активностите што не ви ги даваат резултатите што ги посакувате.rn

    2. Управување со финансиите

    rnДури и оние што завршиле факултет во областа на финансиите не знаат како правилно да управуваат со парите во секојдневието. Тие теоретски ги разбираат големите трансакции и нивните форми, но немале прилика да преземат одговорност за себе.rnrnИсто како и со управувањето на времето, управувањето со парите во голема мера влијае на целиот живот. Најпрво, многу е важно да бидете свесни каде ви одат сите пари, до последниот денар. На овој начин ќе можете поефикасно да ги распределувате финансиите. Потоа потребно е да создадете соодветен лимит за трошење и секако, да започнете со штедење (барем 10% од вашата месечна заработка да се трга на страна).rn

    3. Техники за преживување

    rnИако некои училишта обработуваат некои теми во оваа област, денес ретко се наоѓа човек што би можел да преживее подолго време во дивина, без помош од други луѓе или технологија. Градењето засолниште, навигацијата, првата помош, како и користењето растенија и животни за опстанок во непозната средина е многу важно да се знае, бидејќи животот е непредвидлив.rnrnДоколку ги знаеме основите за преживување во дивина, ние исто така и многу полесно ќе се снаоѓаме во секојдневниот живот, а на тој начин и ќе си ги олесниме деновите. Токму затоа и не испуштајте ниту една шанса да научите нешто повеќе на оваа тема, без разлика дали е со читање и потоа вежбање, или пак, со патување и снаоѓање во различни култури. Кога учите како изгледа животот без технологија, почнувате да се вреднувате и повеќе да го цените секојдневието.rnrnПрочитајте ги и овие 5 причини коишто покажуваат дека училиштето не ве подготвува за реалниот свет.

  • 5 важни вештини што сами треба да си ги научите

    5 важни вештини што сами треба да си ги научите

    Најуспешните луѓе имаат едно заедничко нешто: тие никогаш не престануваат со учење. Додека никој не може да знае сè, погледнете некои од вештините кои лесно можете самите да си ги додадете на вашиот репертоар.rnrn5-vazhni-veshitni-koi-bi-trebalo-da-gi-nauchite-kafepauza.mkrn

    1. Научете да држите јавен говор

    rnДури до 75% од луѓето имаат страв од јавно зборување. Јавното зборување не мора да биде само стоење пред огромна публика држејќи презентација. Совладувањето на оваа вештина ќе ви помогне полесно да комуницирате со другите, кое пак може да придонесе за ваш успех. Исто така, јавното зборување може да ја зголеми вашата самодоверба и вашата удобност на социјалните настани.rn

    2. Научете да се справувате со вашите финансии

    rnТука не спаѓа само средување на буџетот, туку сè што правите: од купување на автомобил до одење во продавница. Справувањето со парите е процес кој трае цел живот и може да ви помогне при подобрување на вашиот живот.rn

    3. Научете странски јазик

    rnАко некогаш сте биле во странство и сте се чувствувале како да не припаѓате, тогаш ја знаете важноста од познавањето друг јазик. Учењето странски јазици ви го отвора целиот свет. Новиот јазик ја има способноста да ја зголеми моќта на вашиот мозок, па дури се покажало и дека ја одложува деменцијата.rn

    4. Научете да управувате со вашето време

    rnИма 24 часа во денот и на крајот од секој сигурно се чувствувате како да не сте исполниле сѐ на вашата листа. Кога ќе научите да управувате со времето кое ви е на располагање ќе станете попродуктивни и ќе се чувствувате како денот да има некој час повеќе.rn

    5. Научете да преговарате

    rnБез разлика дали преговарате за цената на новиот дом, унапредување на работното место или кој филм да го гледате со партнерот, во животот постојано треба да правите зделки. Ако се чувствувате како секогаш да го извлекувате лошиот крај во некој преговор, зошто да не поработите на оваа вештина?rnrnНема да станете професионалец преку ноќ, но не ви е потребно многу време за да ги совладате овие вештини. Одвојувањето време за да научите нешто ново сигурно ќе се исплати.rnrnПрочитајте ги и овие совети за развивање нови вештини.

  • 5 чудесни вештини што кучињата ги имаат, а луѓето не

    5 чудесни вештини што кучињата ги имаат, а луѓето не

    Сите љубители на кучињата ќе се согласат дека овие домашни миленици се прекрасни и извонредни суштества. Тие се толку неверојатни благодарение на нивните 5 чудесни вештини што ги издвојуваат од луѓето. Во продолжение дознајте за што станува збор…rnrn5 чудесни вештини што кучињата ги имаат, а луѓето неrn

    1. Тие можат да ја намирисаат и најмалата количина на храна без разлика дали се наоѓа блиску или далеку

    rnСетилото за мирис кај кучињата е од 10.000 до 100.000 посилно од она кај луѓето, што значи дека тие можат да намирисаат работи кои ние ни во сон не би можеле да ги намирисаме. Од аспект на видот, тоа би значело дека ако вие можете јасно да гледате на далечина од 500 метри, вашето куче би можело да гледа на далечина од 5 километри. Благодарение на нивното извонредно сетило за мирис, кучињата многу им помагаат на луѓето, како на пример во потрагата по исчезнати лица.rn

    2. Можат да откријат болести кај луѓето со помош на нивните сетила и интуиција

    rnКучињата можат да откријат болести кај нивните сопственици. Тие можат дури и да се дресираат да го предупредат сопственикот пред да добие епилептичен напад, додека, пак, некои кучиња можат да го алармираат човекот за промените кои се случуваат во неговото тело, а се предизвикани од болести. Постојат многу вистински приказни за кучиња кои ги почувствувале биолошките промени во телото на човекот и испаднало дека се работи за рак. Кога ќе почувствува дека нешто не е во ред, кучето ќе се обидува да привлече внимание на тој дел од телото додека сопственикот не сфати дека нешто не е во ред.rn

    3. Можат да предвидат што ќе направите без да кажете ни збор

    rnКучињата се вистински експерти за читање на човечкиот говор на телото, поради што можат да предвидат како ќе реагирате. Кучињата го користат контактот со очи за да откријат што мисли нивниот сопственик. Нема да морате да кажете ни збор! Вашето куче веднаш ќе знае што ќе направите следно.rnrn5 чудесни вештини што кучињата ги имаат, а луѓето неrn

    4. Можат да предвидат природна катастрофа

    rnПо секоја природна катастрофа, многу луѓе раскажуваат како нивните домашни миленици ги предупредиле дека нешто не е во ред со нивното необично однесување. Науката сѐ уште не успеала со сигурност да докаже како животните можат да почувствуваат дека ќе се случи природна катастрофа, но постојат неколку теории за ова.rnrnНекои веруваат дека животните можат да ги почувствуваат промените што се случуваа во подземните води пред земјотрес, додека, пак, други веруваат дека тие се способни да го чујат татнежот на екстремно ниски фреквенции што се јавуваат како резултат на природните појави, како земјотресите и вулканите на пример. Постојат и многубројни истражувања кои докажуваат дека кучињата благодарение на нивното силно сетило за мирис можат да ги намирисаат промените во воздухот што се појавуваат пред да се случи катастрофа.rn

    5. Можат да го пронајдат патот до дома и од најдалечни непознати места

    rnВо вакви ситуации луѓето користат GPS, но на кучињата доволни им се нивните сетила и природниот инстинкт. Кучињата можат да го пронајдат патот дури и кога се наоѓаат на целосно непозната територија, односно дури и ако никогаш претходно не го поминале истиот пат. Тука повторно им помага нивното сетило за мирис, бидејќи кога ќе помирисаат познат мирис тие можат да го следат сѐ додека не го пронајдат патот до дома.rnrnДоколку сте љубители на овие прекрасни животни, сигурно ќе ве интересираат следниве помалку познати факти за кучињата.

  • 5 работни вештини кои ќе бидат најбарани во 2017 година

    5 работни вештини кои ќе бидат најбарани во 2017 година

    Брзото менување на светската економија доведува до тоа многу луѓе да се запрашаат какви работни вештини им се потребни, со цел да пронајдат работа. Тука се бараат посебни способности кои ќе ги издвојат од другите и ќе им бидат потребни на многу работодавачи. Но, со брзото менување на технологијата и економијата, може да биде навистина тешко да се открие какви видови работници им се потребни на компаниите. Инвестирањето во себе во смисла на учење нови вештини, може да доведе до нови, непредвидливи можности, а со тоа и до поголема заработка. Погледнете кои вештини би биле најбарани на пазарот на труд во 2017 година.rnrn5 работни вештини кои ќе бидат побарувани во 2017 годинаrn

    1. Социјални вештини

    rnСоцијалните вештини стануваат сѐ позначајни во повеќето организации. Иако понекогаш овие вештини може да изгледаат како пречка за продуктивноста, сепак, како што минува времето, менаџерите и лидерите ја согледуваат нивната важност и како тие може да придонесат за обликување на работното место. Главната причина за ова е тоа што човекот не може целосно да биде заменет од машините и компјутерите. Колку повеќе е присутна автоматизацијата, а со тоа се ограничени и социјалните врски, толку повеќе ќе се зголеми нивната вредност.rn

    2. Програми поврзани со индустријата

    rnДоколку сте се определиле за одредена работа или индустрија во која сакате и планирате да работите, тогаш треба постојано да ги усовршувате вашите вештини. Пронаоѓањето и развивањето нови програми и софтверските вештини секогаш се предност при вработувањето.rn

    3. Програмери

    rnПрограмерите во кој било сектор се многу побарувани. Во овој случај конкретно се однесува на софтверски и веб-програмери кои се барани од страна на многу компании. Ако ова е она за што сте заинтересирани, тогаш само напред, вие сте на вистинскиот пат!rnrn5 работни вештини кои ќе бидат побарувани во 2017 годинаrn

    4. Дизајнери

    rnИсто како и програмерите, така и дизајнерите се особено побарувани. Тие може да бидат поразлични, како на пример графички дизајнер, софтверски дизајнер, дизајнер на игри, моден дизајнер и слично. Но, на светот му требаат дизајнери, а поконкретно веб-дизајнери. Овие вештини не само што ќе ви донесат работа, туку исто така ќе ви понудат и прилично висока плата.rn

    5. Заштита на информации

    rnДенес, многу често се случува да бидат пробиени податоците на многу луѓе, со тоа изложувајќи ги на ризик. Особено станува збор за големите корпорации или владини агенции, чиишто податоци се многу важни. Затоа, безбедноста на информациите е нешто што ѝ е потребно на секоја организација. Така, тоа значи дека организацијата има потреба од професионалци со посебни вештини и способности.

  • 23 работи кои секоја девојка треба да знае да ги прави пред да наполни 30 години

    23 работи кои секоја девојка треба да знае да ги прави пред да наполни 30 години

    Сега кога конечно станувате возрасна жена, треба да почнете и да се однесувате како таква. Да се биде возрасен човек значи дека не смеете постојано да ги барате вашите пријатели, родители или мајстори кога ќе наидете на некој проблем. Треба да научите да ги преземате работите во ваши раце. Погледнете ја следнава листа од 23 животни вештини кои треба да ги совладате пред целосно да влезете во светот на возрасните…rnrn23 работи кои секоја девојка треба да знае да ги прави пред да наполни 30 годиниrnrn1. Како да отидете на ручек сами.rnrn2. Што да нарачате за пиење.rnrn3. Но, и како да кажете „стоп“ пред да испиете премногу.rnrn4. Како да флертувате со маж без да завршите во кревет со него.rnrn5. Како да нанесувате маскара без да си брцнете во око.rnrn6. И како да нанесувате кармин без огледало.rnrn7. Како да приготвувате јајца на око, кајгана и омлет.rnrn8. Како да се справите со дупната гума.rnrn23 работи кои секоја девојка треба да знае да ги прави пред да наполни 30 годиниrnrn9. Како да користите бормашина.rnrn10. И да го усовршите паралелното паркирање.rnrn11. Како да преговарате за некоја работна понуда.rnrn12. Како самите да си ги плаќате сметките и даноците.rnrn13. Како да сошиете копче.rnrn14. Како да не се потресувате пред да одите на гинеколошки преглед.rnrn15. И на депилација.rnrn16. Или пред авионски лет.rnrn23 работи кои секоја девојка треба да знае да ги прави пред да наполни 30 годиниrnrn17. Како да се ослободите од токсичните пријатели.rnrn18. И како да направите место во вашиот распоред за најдобриот пријател.rnrn19. Како да престанете да се извинувате.rnrn20. Како да побарате помош.rnrn21. Како самите да си ги прегледате градите.rnrn22. Како да знаете кога е време за спиење.rnrn23. Како да се грижите за себе.

  • 5 корисни хобија кои ќе ви помогнат да ја разбиете монотонијата ова лето

    5 корисни хобија кои ќе ви помогнат да ја разбиете монотонијата ова лето

    Сигурно со нетрпение го очекувате летото бидејќи конечно ќе можете да здивнете од сите обврски што ги имавте во текот на цела година и ќе можете слободно да безделничите без грижа на совест. Меѓутоа, токму тој недостаток на обврски може да го направи летниот период малку монотон, бидејќи иако уживате и се одмарате, сепак секој човек има потреба да биде продуктивен и да прави нешто корисно за себе, без притоа многу да се заморува. Овие неколку хобија се идеални за летниот период бидејќи се интересни, забавни и истовремено многу корисни.rn

    1. Програмирање

    rn5 корисни хобија кои ќе ви помогнат да ја разбиете монотонијата ова летоrnrnДа бидеме искрени: Да се биде паметен е неверојатно привлечна карактеристика во денешно време. Бубалиците не се повеќе аутсајдери, туку напротив, сè повеќе девојки посакуваат да најдат момче кое ќе биде неверојатно паметно и ќе знае да им го поправи компјутерот во секое време. Па, зошто да не се обидете со програмирање? Зар не би сакале да создадете ваша сопствена апликација? Конечно би можеле да ја креирате совршената апликација која ќе ги задоволи потребите на вашите врсници. Дури би можеле и добро да заработите, ако вашата креација стане популарна.rn

    2. Пишување

    rn5 корисни хобија кои ќе ви помогнат да ја разбиете монотонијата ова летоrnrnНе е важно дали имате талент за пишување или не. Пишувањето е одличен издувен вентил за сите проблеми и грижи кои ве мачат. Преточете ги вашите мисли во зборови преку поезија, раскази, драмски текстови, па ако ви тргне можеби ќе можете да почнете и сопствен блог. Нема поголема сатисфакција од сознанието дека некој ги чита вашите текстови и се пронаоѓа во истите.rn

    3. Планинарење

    rn5 корисни хобија кои ќе ви помогнат да ја разбиете монотонијата ова летоrnrnДоцна е веќе да го доведувате вашето тело во топ форма, но почнете уште од сега за да видите неверојатни резултати наредната година. Можеби нема да ослабете, но со сигурност ќе ги зацврстите вашите мускули ако редовно планинарите ова лето. Ова е одлична прилика за да подишете малку чист воздух и да уживате во убавините кои ги нуди природата.rn

    4. Готвење

    rn5 корисни хобија кои ќе ви помогнат да ја разбиете монотонијата ова летоrnrnАко не се сметате за многу вешти во кујната, сега е идеалното време да го смените тоа. Постојат многу едноставни рецепти кои нема да ви одземат многу време, а ќе резултираат со вкусно јадење кое ќе ги изненади вашите блиски. Не постои човек кој не ужива во добрата храна, па така ако посветите малку време на оваа вештина нема сомнеж дека ќе станете најпопуларната личност во друштвото.rn

    5. Учење странски јазик

    rn5 корисни хобија кои ќе ви помогнат да ја разбиете монотонијата ова летоrnrnСекогаш е добро да знаете што е можно повеќе јазици и никогаш не е доцна да почнете да учите нов. Денес има многу апликации и сајтови на Интернет кои нудат бесплатни часови, па така сè што ви е потребно е волја и малку од вашето време. Доколку планирате да патувате надвор од државата, многу ќе ви помогне тоа што ќе знаете неколку јазици. Без проблем ќе можете да нарачувате храна, да купувате облека, сувенири и да ги одбегнете лигавите типови кои ќе ви се пуштаат во клубовите.rnrnНа вас останува како ќе го поминете летото, но имајте ја предвид идејата да започнете ново хоби кое ќе ви овозможи да додадете некои интересни вештини во вашето CV.

  • Не правете го ова во вашиот дом!

    Не правете го ова во вашиот дом!

    Често наидуваме на статии со совети и упатства како самите да изработиме нешто во нашите домови, внесувајќи притоа љубов и креативност при изработката. Но, понекогаш тоа не е доволно и најдоброто што можете да го направите за себе и вашиот дом е да повикате професионалец кој си ја познава работата и чесно ги заработува своите пари. Внатрешниот дизајн и архитектурата се добри примери кога секој се обидува да стане сам свој мајстор и архитект, па во продолжение погледнете смешни ситуации кои се резултат токму на нашата креативност и незнаење.rnrnНе правете го ова во вашиот домrnrn

  • Неколку совети за успешно учење странски јазик

    Неколку совети за успешно учење странски јазик

    Современиот пристап за учење јазик има своја научна основа којашто допринела за многу науки и дисциплини, меѓу кои најзначајни се филологијата, психологијата и педагогијата. Во продолжение погледнете што е важно кога пристапувате кон учење нов јазик со цел побрзо да го совладате.rnrnrn

    1. Јазично его

    rnВо научната и стручната литература за учењето странски јазик може да се сретне изразот „јазично его“. Кога учиме странски јазик и кога го користиме во усна или писмена форма, ние на некој начин се трансформираме во друга личност. Зошто? Затоа што познавањето странски јазик нè ограничува, па во комуникацијата не можеме лесно да се изразиме како што тоа го правиме на мајчиниот јазик. Со самото тоа не можеме да бидеме подеднакво духовити или иронични, ние честопати можеме да се почувствуваме лошо. Тоа не сме ние во полн сјај. Затоа, измислете нова личност!rnrnНа првиот час, кога учениците се претставувале, еден професор им предложил да смислат ново име за себе. Поентата е учениците да го преземат името коешто им се допаѓа. Можеби звучи смешно или претерано, но вреди да се испроба. Овој професор советува дека откако неколку пати ќе го изговорите тоа име, ќе се чувствувате поблиски до тој јазик и таа култура, а тоа може да ви биде само поттик.rn

    2. Буквален превод

    rnОва е сигурно една од најважните работи. Не преведувајте! Ако сакате да направите една добра работа за себе како ученик на странски јазик, тогаш најмногу што можете трудете се во главата да не ја преведувате реченицата додека зборувате со некого. Зошто? Постојат многу причини. Но, најголемиот проблем е дека така постојано ќе наидувате на блокади и ќе си потврдувате себеси колку „не знаете“. Дозволете си да побарате помош од професорот или пак да го побарате изразот во речник. Преводот е посебна вештина којашто веројатно сè уште не ја владеете.rnrnНајважно е на часот или во дадената ситуација да се потрудите што поправилно да го примените вашето знаење. На тоа гледајте како на градење куќа во старо време. Морате сè сами да направите, од под до плафон, од чиниите до креветот, а тоа бара труд и време. Буквалниот превод значи постојано трудење во куќата да завршите некоја работа за којашто немате услови, а кога цело време барате помош за тој превод, тоа е како постојано да позајмувате нож од соседите (позајмувате нож да исечете парче леб, па го враќате, па повторно позајмувате и така до недоглед). Со тек на времето, во куќата ќе имате сè што ви е потребно, но до тогаш посоодветно е да се служите со она што го имате. Патот е долг, но на крајот ви преостанува функционална куќа.rn

    3. Применливи фрази

    rnЧесто се кажува дека нечиј богат речник не се состои само од познавање и користење на поединечни реченици, туку цели фрази. Под применливи фрази се мисли на изрази или цели реченици коишто звучат природно, а може да се употребат во најразлични ситуации. На пример, изразот „That sounds good“ значи „Тоа звучи добро“. Оваа реченица можеме да ја употребиме кога се договараме каде ќе излегуваме, кој филм ќе го гледаме и во многу други ситуации. Иако овој израз може да се преведе на нашиот јазик, постојат многу други кои едноставно нема да имаат логика ако ги преведете онака како што ги слушате. Додека вие се обидувате да преведете нешто, возот ќе ви избега. Но, ако се фокусирате на целата реченица и ја повторите неколку пати, без сомнение полесно ќе ја запомните.rnТие можат многу да ви помогнат за да го намалите честото преведување, но истовремено и ќе го зајакнат вашето јазично его – ќе се чувствувате подобро и поуспешно во комуникацијата.