КАФЕ ПАУЗА

Tag: весело

  • Моден хит за оваа пролет: цветни чевли

    Моден хит за оваа пролет: цветни чевли

    Пролетта е најдоброто годишно време да го истакнете вашиот забавен и ведар дух. Тоа е најдобриот период да си играте со стилови и бои, кои најмногу ја провоцираат вашата среќна „вибрација“. Сите девојки сакаат цвеќиња, но дали би ги носеле на стапалата? Кога модните дизајнери се согласуваат, зошто да не и вие?Чевлите со цветни принтови се одлични за секоја девојка која сака да ја истакне својата женственост, уметничка природа и разигран стил на облекување. Мода, која го покренува расположението на секој околу вас. Во последниве неколку години, овие чевли се упорно во тренд секоја пролет, како еден вид прослава за цутењето на пролетните цвеќенца. Совет: кога носите цветни чевли, многу е важно да ги комбинирате со едноставна облека. Доколку сакате да постигнете формален, но малку разигран изглед за на работа, комбинирајте ги со црни, бели, сиви или светло кафени капри-панталони, а за заводнички изглед, комбинирајте ги со фустан во жива боја, а може и со двобоен, кој ќе одговара на боите на чевлите. Мешајте стилови и бои. Цветните чевли ги има во секаква варијанта, од патики, до ниски чевлички, сандали, потпетици…
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летни музички фестивали на Балканот во 2012

    Летни музички фестивали на Балканот во 2012

    Доколку сакате летово да бидете дел од голема маса на весели луѓе кои создаваат еуфорична атмосфера, танцувајќи и врискајќи на ритмите кои доаѓаат од сцената, проверете кои се најинтересните летни музички фестивали кои наскоро ќе се одржат во нашето соседство.Летни музички фестивали на Балканот во 2012rn

    Exit

    rnОд своето основање во 2000 година, па до денес, фестивалот Exit стана еден од најпознатите летни музички фестивали, не само на Балканот, туку во целиот свет. Високото реноме на организаторите годинава им помогна да соберат извонредна екипа изведувачи, меѓу кои најзвучни се: Guns ‘n Roses, Duran Duran, Plan B, Avicii, Erykah Badu и многу други. Се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад од 12 до 15 јули. Редовната цена за една влезница е 3.650 денари, а може да се купи и еднодневна влезница која чини околу 2.000 денари. За околу 6.000 денари може да се следат буквално сите настани.rn
    rn

    Hideout

    rnНа јадранскиот остров Паг се наоѓа прекрасната плажа Зрче за која многумина сметаат дека ја надминува убавината и забавата што ја нуди Ибица. Во рамките на фестивалот Hideout гостуваат многу диџеи кои прават дива денска и ноќна журка на плажата и на сплавовите. Влезниците се доста скапи, за трите дена од 29 јуни до 1 јули надминуваат 120 евра, но и покрај тоа за летово сите се веќе распродадени.rn
    rn

    Fresh Island

    rnСо завршувањето на Hideout нема да престане фестивалската атмосфера на Зрче. На 5 јули почнува фестивалот Fresh Island каде што доминираат имиња од хип-хоп музиката, како Nas и Eve. Билетите се доста поеvтини од Hideout, со цена од 40 евра за трите дена.Летни музички фестивали на Балканот во 2012rn

    Spirit of Burgas

    rnИако првото издание беше во 2009 година, најпознатиот летен фестивал на брегот на Црното Море веќе ги привлекува младите од цела Европа. Благодарение на медиумската поддршка од MTV, годинава меѓу другите ќе настапат и Armin van Buuren, Korn и Richie Hawtin. Ако сакате да се препуштите на еуфоријата и на духот на Бургас, треба да бидете таму од 3 до 5 август со најмалку 30 евра в џеб за еднодневна влезница, додека тридневната чини 100 евра.rn
    rn

    INmusic Festival

    rnОвогодишното издание на фестивалот INmusic ќе се одржи од 28 до 30 јуни. На сцената на Островот на хрватската младост на езерото Јарун во Загреб ќе се појават еден куп афирмирани имиња како Franz Ferdinand, Mando Diao, The Cranberries, Plan B и многу други. Цените за влезниците се движат од 50 евра нагоре.rn
    rn

    Rockwave Festival

    rnЛокацијата на фестивалот Rockwave е во Малакаса, на неколку километри оддалеченост од Атина. За тридневната влезница во износ од 85 евра во периодот од 30 јуни до 2 јули, во живо ќе можете да ги видите Ozzy Osbourne, Iggy Pop and Tthe Stooges, Paradise Lost, Machine Head, The Prodigy и други.rn
    rn

    Elevation Music Festival

    rnЗвучните имиња кои ќе се појават на сцената во Софија се Sean Paul, Cypress Hill, Kosheen, Fatboy Slim, Erykah Badu и Breakbot ветуваат една од најдобрите забави на Балканот за летото 2012. Elevation Music Festival се одржува од 22 до 24 јуни, а задоволството да се следи чини 50 евра.Летни музички фестивали на Балканот во 2012rn

    Rock ‘n Coke

    rn фестивалот Rock ‘n Coke се одржува секоја година кон крајот на август и почетокот на септември во Истанбул. Организаторите сè уште немаат објавено детали за овогодишното издание, но имајќи предвид дека минатите неколку години тука настапиле Linkin Park, Travis, The Prodigy, Moby, Limp Bizkit, Franz Ferdinand, The Smashing Pumpkins, Muse, The Cure, може да се очекува дека и годинава за цената од 60 евра ќе се добие фантастична забава.rn
    rn

    The Garden Festival и Electric Elephant

    rnThe Garden Festival и Electric Elephant се два сосема различни фестивали, но поради сличната програма и фактот што се одржуваат еден по друг во Задар, може да се купи една карта и за двата фестивали која чини нешто под 200 евра. Билет за секој фестивал поединечно чини 110 евра. The Garden Festival ќе започне на 4 јули и ќе трае до 11 јули, додека петдневниот Electric Elephant започнува веќе следниот ден на 12 јули. Се пушта главно електронска музика.rn
    rn

    Soundwave Music Festival

    rnSoundwave Music Festival ќе се одржи за време на викендот од 20 до 22 јули во малото далматинско гратче Тисно, во близина на Шибеник. Иако редовната цена на влезниците се движи околу 130 евра, жителите на поранешна Југославија имаат можност да ги купат по повластена цена од 80 евра. Помеѓу изведувачите на овогодишносто издание се De La Soul, Fink, DJ Yoda, Craig Charles и многу други.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рио (Rio)

    Рио (Rio)

    Анимиран филм за менталитетот, за оној „северниот“, кој е стегнат, ригиден и на кој му се потребни решетките на кафезот, наспроти оној „јужниот“ исполнет со звуците на самба и сето тоа раскажано низ авантурите на две птици

    rn

     Рио (Rio)

    rnРежија: Карлос СалдаjаrnrnГласови: Џеси Ајзенберг, Ен Хатавеј, Џејми Фокс, Вил Ај ЕмrnrnВреметраење: 96 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 15 април 2011rnrnЖанр: анимација, авантура, комедијаrnrnОфицијален веб-сајт rnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnАнимиранните филмови уште одамна не се детска играчка туку сериозен продукт, кој веќе на големо ни се продава и нам, возрасните. Искрено, повеќето анимирани филмови не знам како изгледаат во очите на малечките, но за мене се повеќе од феноменални и релаксирачки. Стегнати приказни, сериозно динамични и сосема смешни, па нема зошто и на моите 28 години да не ги изгледам. По „Мегаум”, „Приказна за играчките”, на филмското платно ни доаѓа и „Рио”. И да, доколку претпоставувавте, името доаѓа од Рио де Жанеиро. Живи бои, силни звуци на самба, луди движења… и тоа е бразилскиот дух.rn———————————————————————————————————————————————————————

    rnrn

    rn

    Приказна: Блу е редок вид птица во Бразил кој како малечок бил жртва на криумчари со ретки животни, но судбината го носи кај прекрасно мало девојче кое во него гледа најдобар другар. Години минуваат и, иако Блу е тропска птица, се навикнува на животот во снежната Минесота. Но, наспроти својата природа, тој живее постојано затворен зад топлите ѕидови на домот под постојана грижа на својата најдобра пријателка и газдарица, Линда. Сé до моментот кога ќе дојде орнитолог од Бразил кој ќе им открие дека Блу е последниот мажјак од неговиот вид и дека потребно е да се спари со женката Џул, која се чува во нивниот центар во Рио. Тие решаваат да појдат во Рио, но приказната тргнува наопаку кога Блу заедно со Џул повторно ги киднапираат криумчари.Рио (Rio).

    rnrn

    rn

    Дали си тука за карневалот?rnНе, треба да запознаам девојка.rnАааа, девојка. Мал совет – ти направи го првиот чекор. Бразилките реагираат на самоувереност.rn

    rn

    rn

    Анимираната авантура за да се ослободат од канџите на злосторниците, воедно станува и суптилна паралела меѓу северниот и јужниот начин на живот. Блу премногу се плаши да преземе ризик во животот, па дури не знае ниту да лета. Сака да живее сигурно, мирно и секое попладне да ужива во какаото со шест манчмелоуа, кое му го прави газдарицата. Џул, пак, е импулсивна, брза и во постојана потрага по слобода… исто како стереотипните „северњаци“ наспроти „јужњаци“. А дали е тоа така и чиј живот е прав, а чиј е крив, секој гледач си одлучува за себе.Рио (Rio).rn

    rnrn

    rn

    Мразам самба!rnТоа е малку предалеку.rnАаааа, натерај ја злобната птица да го повлече тоа!

    rn

    rnМузика: Во анимиран филм каде што гласовите ги позајмуваат Вил Ај Ем и Џејми Фокс, едноставно е непростливо да има лоша музика. Покрај тоа што поголемиот дел од саундтракот се песни кои ги изведуваат главните позајмувачи на гласови, се слушаат и песни од Бебел Жилберто, Серџио Мендез… Накратко музиката е одлична.Рио (Rio)Кога и како да ја гледате: Сепак, да не ја игнорираме светата и главна намена на анимираните филмови, а тоа е да ги развеселат децата. Па затоа, ако имате деца, нормално, гледајте го со нив. Но, ако сакате да си го проследите сами или во возрасно друштво, одберете некој екстранапнат ден кога никако не можете да се релаксирате. Иако и во друга ситуација ќе го почуствувате неговиот ефект, вака е само уште посилен.Рио (Rio)rn rnrn rnrn

  • Песни кои ќе ве натераат да заиграте

    Песни кои ќе ве натераат да заиграте

    Снегот се стопи, сонце не огреа и на сите веднаш ни се врати насмевката на лицето и енергијата во нашите тела. Ако сè уште не сте доволно размрдани и ви треба будење од „зимскиот сон“, тогаш вие сте на вистинското место. Ритамот на овие десет постари и понови весели песнички од различен жанр, ќе ве натера да станете и да почнете да „шизите“ низ вашата соба или да уживате лулкајќи се налево-надесно во прегратките на вашиот партнер. Во секој случај, вашето тело ќе има потреба да изреагира на неодоливиот ритам, а ваш е изборот да одлучите како ќе го манифестирате ефектот кој тие ќе го извршат врз вас.Песни кои ќе ве натераат да заиграте

    rnrn

    John Travolta & Olivia Newton-John – You Are The One That I Want

    rn

    .

    rn

    Rednex – Cotton Eye Joe

    rn

    rn

    Whitney Houston – I Wanna Dance With Somebody

    rn

    rn

    Michael Jackson – Billie Jean

    rn

    rn

    Daft Punk – One More Time

    rn

    rn

    Chuck Berry – Johnny B. Goode

    rn

    rn

    Elvis Presley – Jailhouse Rock

    rn

    rn

    OutKast – Hey Ya!

    rn

    rn

    Kenny Loggins – Footloose

    rn

    rn

    John Travolta & Olivia Newton-John – Summer Nights

    rn