Фразата „Сакајте се себеси“ во последно време многу често се користи за личниот развој и воопшто, во процесот за вклопување на човекот во рамките на општеството. Веројатно досега некој ви кажал „дека не се сакате доволно“ и поради тоа нештата не ви одат од рака. Секојдневно сме бомбардирани од инспиративни мисли и идеи, кои нè упатуваат на тоа да се сакаме себеси, да си го подобриме расположението и да ја зајакнеме самодовербата.rnrn
rnrnНо, сепак, многу често луѓето се прашуваат како да го постигнат тоа? Како да се засакаат себеси до таа мера, што веднаш ќе почувствуваат свежина и успех во нивниот живот? Постојат 3 главни нешта кои можат да ви помогнат лесно да се вљубите во себеси и да се чувствувате удобно во своето тело…rn
1. Запомнете дека вие сте си доволни и доволно добри
rn
rnrnГолем број од луѓето сметаат дека не си се доволни самите на себе. Ова верување најчесто ги влече своите корени од детството и добива интензитет понатаму во текот на животот. Помислете на нештата кои си ги говорите секојдневно. Можеби си мислите дека не сте доволно убави, дека немате убава фигура, дека не сте доволно паметни или доволно успешни. Колку од овие и слични вакви мисли постојано се појавуваат во вашите глави?rnrnТокму тука и се создава проблемот. Вашите верувања се субјективни. Ослободете се од потребата постојано да одите наоколу, носејќи ја со себе тежината на огледалото кое без престан ви вели дека не сте доволно добри и поради тоа барате почит и прифаќање од околината. На тој начин вие не функционирате какви што сте навистина, туку како ваша сенка која постојано бара одобрување за себе и своите постапки. Сфатете, вие сте доволно добри, без оглед на ситуацијата во која што се наоѓате во моментов. Ослободете се од лошите мисли и верувања и засакајте се!rn
2. Прифатете ги своите недостатоци
rn
rnrnСекој човек има дел од себе кој го чува далеку од очите на останатиот свет, дел од кој се срами. Луѓето во текот на својот живот трошат многу енергија да ги прикријат своите несигурности и стравови. Ставаат маски за да ги покријат темните сенки на своите лица, затоа што се плашат дека околината ќе ги осудува за она што се и за маните кои ги носат со и во себе. Но, луѓето всушност не се плашат што за нив ќе кажат и помислат другите, туку тие не се сакаат доволно себеси затоа што не научиле да ги прифатат своите недостатоци.rnrnДа се сакате себеси значи да ги прифатите своите несовршености и да не се осудувате заради нив. Тие, едноставно се дел од вас и токму тие ве прават поразлични од останатиот свет. Со обидот да ги отфрлиме и да се преправаме дека ги немаме во нас, не дозволуваме да зацарува вистинската љубов. Едноставно се залажуваме дека кога еден ден ќе исчезнат, тогаш ќе се вљубиме во себеси. Но, тоа не оди така. Прифатете ги недостатоците на ист начин како што ги гушкате вашите квалитети и предности и набрзо ќе забележите прекрасна хармонија којашто ќе ве направи да зрачите и да уживате во својот живот.rn
3. Бидете великодушни
rn
rnrnТоа е божествено присуство на добрина и љубов. Великодушноста го брише сето она во што претходно сме верувале за себе и за нашиот живот. Таа го победува злото, стравот и сето она што нè тера да се чувствуваме дека сме жртви – лошо и немоќно.rnrnТреба да бидеме благодарни за сето она што го имаме и да ја пронајдеме чистата љубов во нас. Тоа ќе не воздигне од ситните и бедни идеи и верувања кои сме ги развиле за самите нас. Возвишеноста е тука за нас и ќе нè потсетува зошто треба да се сакаме и да веруваме во себеси.rn
Не можете да сакате други, ако не се сакате себеси
rnОтворајќи ги својот ум и својата душа, ние ќе дозволиме оттаму да излезат сите негативни мисли, а со нив да завладее љубов и разбирање како за себе, така и за светот. Тоа ќе ни овозможи да си дадеме една топла прегратка и да се издигнеме над просечните или лошите верувања за себе и за својот живот. Ако сакате да живеете живот полн со радост, здравје и изобилство тогаш пуштете ги сите работи кои ве влечат назад од вистинското вљубување во себе. Сакајте се и светот ќе ве сака вас!

rnrnНо, кога ќе се фокусирате на големата слика – вашиот живот од соништата, вашата визија – работата ќе стане помалку напорна. Кога ќе ја стекнете визијата за она што сакате да го постигнете, следен чекор е да ги прифатите овие три алатки во вашиот ум, кои ќе ви помогнат побрзо да дојдете до вашата цел. Доколку не ги сфатите на време, тогаш може да останете заглавени единствено во вашиот сон.rn
rnrnДали се познавате доволно себеси? Дали сте запознаени со своите способности, со своите слабости, со своите навики? Самосвесноста е клучна за остварување на сите цели. Вие сте главниот менаџер на вашиот живот. Покренете ги вашите силни страни и отстранете ги или намалете ги слабостите. Дали имате тенденција да ги одложувате работите или пак, можеби му дозволувате на стравот да завладее со патот до вашиот успех? Дали самите си се блокирате? Сменете ги вашите навики. Откријте на кој начин тоа можете најлесно да го постигнете и почнете со работа, прво на себеси, а потоа впуштете се во остварување на вашите животни сништа.rn
rnrnМногу често, мислата дека не сме способни за одредена работа, нè држи на едно место или пак нè уназадува. Веруваме дека не можеме да оствариме некаква цел, дури и без да се обидеме. Можеби имате прекрасна претстава за тоа како треба да изгледа вашиот живот, но доколку не верувате во себе, нема да направите никаков напредок. Начинот на којшто размислуваме и вербата во себеси е најважната работа за постигнување успех. Тие се суштинските карактеристики кои ве тераат да одите напред и покрај непријатностите и разочарувањата. Научете го мозокот да размислува на успех и верувајте со сето срце дека тоа и го заслужувате.rn
rnrnКога имате идеа или одредена цел во вашиот ум, мора веднаш да ги претворите во акција. Преку дејствувањето го постигнуваме успехот, а прогресот е најдобрата мотивација. Патувањето до целта е најделотворно доколку секој ден преземате акција. На тој начин секојдневно си давате причина да бидете горди на она што сте го постигнале. Никогаш не го потценувајте малиот чекор што води кон вистинската цел. Не паѓајте во замката на премногу размислување и премногу планирање на многу далечни патеки. Фокусирајте се на следниот чекор и на ништо друго.rn
rn
rnrnМлад полицаец од Јужна Каролина неодамна објавил слика од неговиот нов партнер, малото маченце кое било спасено благодарение на повикот од еден локален граѓанин. Полицаецот, кој одлучил да му даде дом на ова слатко црвено суштество, има еден вид засолниште за миленичиња во неговата куќа каде што веќе живеат мачка со нејзините мачиња и неколку кучиња. Велат дека новодојденото маче било срдечно прифатено.rn
rnrnНикол го пропуштила последниот воз од Лондон и кога станицата затворила таа била принудена да ја помине ноќта на улица. Но, еден бездомник, Марк, ја испратил прво во едно кафуле кое работело 24/7, а потоа ја однел назад на станицата следното утро. За да ја изрази нејзината благодарност, Никол започнала кампања за собирање средства со цел да му помогне на Марк и на луѓето како него и успеала да собере повеќе од 13.000 фунти за само неколку дена.rn
rnrnОлав Тон, 92-годишен Норвежанец, одлучил да го донира целото свое богатство (околу 6 милијарди долари) за да помогне во финансиите на едно медицинско истражување. Немал деца, така што нема да има наследници кои би биле лишени од неговото наследство. „Не можам да го земам со мене“, се смее Олав. „Доволен ми е мојот велосипед и скии, а и не јадам многу“.rn
rnrnПолицаец за малку ќе му пишел казна на еден човек затоа што немал детско седиште во автомобилот. Тој го прашал зошто нема такво седиште во автомобилот. Откако дознал дека човекот едвај заработувал за живот, полицаецот отишол до најблискиот трговски центар и самиот го купил детското седиште.rn
rnrnВо Полска има многу улични мачки и локалната влада смислила план како да им помогне. Биле изградени специјални заштитени куќички и секој кој сакал да стави таква куќичка до неговата, добивал храна за мачки доволна за преку целата зима. Архитектите исто така ја земале предвид и психологијата на мачките: Сите соби во куќите биле одвоени и имале сопствен влез, така што животните не морале да ги толерираат несаканите соседи.rn
rnrnДвајца момци од Алабама решиле да ѝ помогнат на една 93-годишна жена да го искоси дворот и со текот на времето тоа прераснало во целосна добротворна фондација. Денес, цел тим волонтери им помагаат на постарите граѓани, луѓето со посебни потреби и самохраните мајки да ги одржуваат нивните дворови, додека хумани луѓе од целиот свет им испраќаат пари на градинарите за да ги купат потребните алати и материјали.rn
rnrnВеќе 13 години, патката по име Ванеса си прави гнездо и несе јајца во дворот на едно основно училиште во мало градче во Мичиген. Кога ќе дојде време да ги пренесе малечките патчиња до барата, наставниците и учениците прават место за да може Ванеса и нејзините бебиња да поминат низ училишната сала и не ги вознемируваат птиците додека се движат кон нивното гнездо.rn
rnrnЕден човек со индиско потекло кој живее во Канада, им дава храна на оние коишто се сиромашни без да им наплати. „Ако сте гладни, но немате пари за да ја платите храната, само заѕвонете или дојдете по чинија бесплатна храна или кафе во секое време“ – Ова го пишува на самиот знак на вратата. Сопственикот објаснува дека и самиот тој поминал низ тешки периоди, но бил премногу срамежлив за да побара помош.rn
rnrnМлада, но осамена жена сакала да биде мајка и решила да посвои дете. Меѓутоа, се случило да не посвои едно, туку четири деца одеднаш. Подоцна, посвоила уште две ќерки од истата мајка! „Мојот живот би бил празен без нив“, вели мајката на шест деца.rn
rnrnКако последица од ужасните шумски пожари во Канада, и луѓето и животните остануваат без домови. За време на евакуацијата, локалните воздушни линии привремено ја укинуваат забраната да се внесуваат животни на авионите. Во меѓувреме, еден Канаѓанин се грижи за кучињата, мачките, зајаците и другите крзнени пријателчиња кое биле оставени во пожарот. Тој ги храни и што е најважно им прави друштво. „Ним им е потребно внимание“, забележува волонтерот. Тој ги информира сопствениците на овие миленичиња, кои по некоја случајност не биле дома од различни причини, за состојбата на нивните пријателчиња.
rn
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn

rn
