КАФЕ ПАУЗА

Tag: Венера

  • Разрешени мистериите за оние од Венера

    Разрешени мистериите за оние од Венера

    Еве да ви откријам нешто за себе. Кога наближува зима а времето е студено, се претворам во екстремно флегматична личност и единствено немам проблем кога станува збор за јадење и спиење – сè останато правам со потешкотии. Па како резултат на мојата „сезонска“ мрзливост, за денешната колумна решив едноставно да собирам мислења од повеќе паметни девојки кои ги познавам и да ги склопам во еден текст.rnrnКога станува збор за љубовните врски, сите ние помалку или повеќе сме минале низ доволно патешествија за човек да може да напише книга. Ако во викторијанското време изразената сексуалност и отвореното зборување за сексот биле забранети, срамни дела казнувани со закон, во новото време сексот и љубовните врски не се табу тема. rnrnНеодамна наидов на многу интересно истражување кое ги издвојува десетте најголеми мистерии на мажите поврзани со припадничките на поубавата половина. Забавно беше, признавам. Ајде да ги сумираме одговорите.rnrnРазрешени мистериите за оние од Венераrnrn

    Зошто мојата бивша пробува да ми биде пријателка?

    rnСè уште те сака или пак не знае што сака. Можеби е само желна за внимание. Нема расчистено со своите чувства и пробува да стои блиску во случај да ѝ биде отворена нова шанса. Можеби само сака да добие соодветен завршеток на врската или пак овој пат таа да биде онаа која става крај.rnrn

    Кој е најдобриот начин да ѝ се пристапи на убава жена/девојка?

    rnСекоја жена сака да биде третирана како посебна и оригинална, затоа не ѝ пристапувај со клише изрази туку со нешто што вистински и конкретно се однесува само на неа. Едноставно – без глумење лудило, кажи нешто паметно и симпатично, но не биди нападен. Не труди се премногу – оставаш впечаток дека си очаен. Најважно од сè – пристапи ѝ со широка насмевка.rnrn

    Кој дел од машкото тело жените го преферираат?

    rnНие жените ја гледаме целата слика, така што погрешно би било доколку мислите дека се концентрираме само на еден дел од вашето тело. Но ако треба да сумираме, сакаме искрен поглед, убава насмевка, јака вилица (дури не го прочитав овој одговор не знаев дека всушност и мене ме привлекува, што може да звучи чудно но така е), плочкички на мешето и добар задник не се одмет.rnrnНајважно од сè, речиси и да немаше девојка која не одговори дека кај машко гледа: држење на телото, големи дланки, грб и рамена. Да да да, сакаме широки и секси рамена кои прават да се чувствуваме заштитено и безбедно. rnrnНо слушнете го и ова: „преку надворешниот изглед читаме цврстина на карактер, тоа е она што сите ние потсвесно го правиме“.rnrnrn

    Важно им е на жените дали се бричиме и средуваме?

    rnДа, да, да.rnrnВажна е хигиената и грижата за изгледот – тоа ми кажува со каква личност си имам работа. Нејќам да ме боцка со брадата!rnrnДа се средува доволно – да, да се средува повеќе од жена – не!rnrn

    Како да направам мојата девојка да биде послободна и „подива“ во кревет?

    rnДа ѝ покажеш дека ја сакаш… а може и малку да ја поднапиеш. Направи да се чувствува самоуверено и сугурно за себе и за убавината на нејзиното тело. Впрочем, ние не се вклучуваме на дугме, на нас треба да „поработиш“.rnrnКористете го погледот и допирот за да ја „вжештите“ атмосферата. Правете го она што ви доаѓа природно, не сте во порно филм!rnrnПокажи дека тебе ти е важно и таа да биде задоволна. Посвети ѝ време и внимание. Ќе се опушти кога ќе те почувствува близок на повеќе „нивоа“.rnrn

    Колку долго да чекам пред да ѝ се јавам откако ќе ми даде број?

    rnНе мора одма да ѝ се јавиш, но наредното утро прати ѝ едно пораче. Не очајно, туку весело и природно.rnrnНе повеќе од еден ден. После тоа веќе знаеме дека „одбројувате“ за да не изгледате очајни.rnrnЕдноставно нема правило, кога ќе почувствуваш дека е вистинско време крени слушалка!rnrn

    Кој е најдобриот начин да ја импресионирам на првиот состанок?

    rnОдведи ме на добар концерт, филм или театарска претстава (тоа дополнително ми дава до знаење дека си се информирал за мојот вкус), и направи да не почувствувам кога поминало времето.rnrnБиди оригинален, одбери најмалку две места каде ќе одиме, направи нешто што никој досега не го сторил за мене.rnrnНаправи ми искрен муабет и гледај ме во очи. Сакам да ми кажеш нешто паметно, нешто што држи вода, сакам да се почувствувам инволвирана во тој муабет на интелектуално ниво. Немој да мелеш цела вечер како очите ми светкале како ѕвезди! Свесна сум дека немам такви моќи.rnПокажи добри манири!rnrn

    Постои сигурен начин да знам дали навистина ѝ се допаѓам или само е фина со мене?

    rnrnСекако! Доколку наоѓа начини да биде што поблиску до тебе, дури и да те допре спонтано низ муабет, знај дека ѝ се допаѓаш!rnrnВиди како се однесува со нејзините машки пријатели и дали ти имаш некоја привилегија плус.rnrnАко е паметен, ќе ме погледне во очи и ќе ми ги прочита мислите.rnrnПа би требало да сфатиш – ако не сфаќаш тогаш всушност не ми се допаѓаш. Повлечи се малку и види дали таа ќе те побара (но не изигрувај недостижен).rnrn

    Зошто мојата девојка не доживува оргазам? Правам нешто погрешно? До мене е или…?

    rnrnНајверојатно не е опуштена доволно. Пробај да се зближиш со неа, да те почувствува многу близок, смејте се за време на сексот или предиграта.rnrnПреокупиран си со себе или таа не е заинтересирана.rnrn

    Пријател сум ѝ. Како да станам нешто повеќе од тоа?

    rnАко веќе сте многу блиски најверојатно нема да бидне ништо. rnrnТреба да сте пријатели доволно долго за да не испаднеш нападен и доволно кратко за да не си заглавил веќе во „пријателската зона“ засекогаш.rnrnБиди храбар, нели мајка ти ти велела дека си СИН на мајка?! Покани ја на состанок, нема да е крај на свет ако рече „не“.rnrnВсушност, да не се лажеме. Ние можеме да ви дадеме многу одговори, но ни една мистерија за жените нема да биде целосно откриена.rnrnЕлиrnrnП.С. Женски, ви благодарам што завршивте дел од работата за мене. :)rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Планетата Венера низ 12-те хороскопски знаци

    Планетата Венера низ 12-те хороскопски знаци

     rnrnВо митологијата Венера е божицата на убавината, додека во астрологијата таа е позната како планетата на љубовта, женственоста, естетиката. Знакот во кој се наоѓа Венера, опишува кои се нештата кои ги цените во животот, сето она што ве привлекува и ви причинува задоволство. Движењето на планетата Венера, е моќна алатка за прецизна претпоставка на човечките особини и различните внатрешни желби и љубовни потреби на хороскопските знаци. За да дознаете која е позиција на Венера во вашата натална карта, отворете го линкот.rnrnПланетата Венера низ 12-те хороскопски знаци rn

    Венера во Овен

    rnОвие луѓе се силни и динамични. Сакаат авантури и спонтани ситуации. Активно ја бараат љубовта и не губат време во чекање. Директни се, храбри и сигурни во својот избор. Доколку некој им се допаѓа спремни се да направат сè за да бидат со таа личност.rn

    Венера во Бик

    rnРодените со Венера во бик љубат со сите свои сетила. Не се бунтовни во љубовта и претпочитаат старомодни врски. Тие се посветени и целосно се предаваат на партнерот. Сакаат луксуз, удобен живот, а истовремено имаат и почит кон традиционалниот животен стил.rn

    Венера во Близнаци

    rnЛуѓето родени со Венера во близнаци се среќни и весели индивидуалисти. Обожаваат да комуницираат со секого. Бараат интелигентен партнер со кого може да разговараат на секакви теми кои ќе го стимулираат нивниот интелект. Тие исто така, сакаат да флертуваат и почесто да влегуваат во нови љубовни врски. Имаат живот исполнет со возбуда и разноликост. Честопати знаат да бидат саркастични.rn

    Венера во Рак

    rnОвие се чувствителни луѓе кои бараат сигурност и стабилност во партнерот. Бескрајно им угодуваат на сите, несебични се и обожаваат да им помагаат на оние кои ги сакаат. Смирени се и избегнуваат расправии. Домот и семејството им се секогаш приоритет.rn

    Венера во Лав

    rnОние кои се лав во Венера, се гламурозни и суптилно доминантни личности. Кога ќе се заљубат, целиот свет им се врти околу партнерот. Само кога чувствуваат внатрешна емоционална хармонија, успеваат да ја пронајдат среќата во љубовта. Сакаат почит и внимание.rn

    Венера во Девица

    rnПриземјени се и реални во љубовта. Овие луѓе сакаат педантни партнери и трагаат по невина и чиста љубов. Не го преземаат првиот чекор и делуваат малку надмено. Но, кога веќе еднаш ќе влезат во сериозна врска, прават сè за партнерот. Тогаш постигнуваат целосна хармонија.rn

    Венера во Вага

    rnПрактични, опуштени, но и пребирливи. Шармантни се и природно знаат кои чекори треба да се преземат во врската. Сакаат да им помагаат на луѓето и понекогаш дури и премногу им угодуваат. Сепак, кога веќе ќе го најдат вистинскиот партнер, прават сè за тој/таа да се чувствува сакано.rn

    Венера во Скорпија

    rnЛуѓето со Венера во скорпија се страсни и амбициозни. Потребно им е време да се зближат со некого. Кога ќе се прилагодат на личноста и ќе престанат да ја анализираат, стануваат поотворени и емоционално поприемчиви. Самоуверени се и не брзаат, одговорни се и внимаваат на своите постапки во врските.rn

    Венера во Стрелец

    rnТие се харизматични луѓе кои не вршат никаков притисок врз нивниот партнер. Сакаат да имаат што повеќе и повеќе контакти и да запознаваат луѓе од различни средини и култури. Можно е и нивниот партнер да потекнува од друга земја. Секогаш се спремни за нови патувања и истражувања.rn

    Венера во Јарец

    rnОвие луѓе се сериозни и реални во љубовта. Спремни се да направат сè за партнерот. Но, честопати предност ѝ даваат на кариерата и личниот развој. Не сакаат кратки врски, туку љубов што ќе трае за цел живот.rn

    Венера во Водолија

    rnЛуѓе со слободен дух и невообичаен вкус. Генерално се независни во врските кои ги остваруваат. Во љубовта сакаат да експериментираат и да си дадат повеќе шанси пред да го најдат вистинскиот партнер. Иако по природа се дружељубиви, понекогаш им треба време за самоиспитување.rn

    Венера во Риби

    rnОвие се вистинските сонувачи во зодијакот. Во однос на љубовта, тие си создаваат слика на идеален партнер во нивната глава и често се разочаруваат од неможноста некој реално да ги пресретне нивните идеали. Емоционално се несигурни. Повеќе сакаат да сонуваат, отколку вистински да ја бараат љубовта.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови

    Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови

    Помина и последната можност за овој век за набљудување на еден прекрасен астрономски настан. На 5-6 јуни, 2012 (во зависност од вашата локација), Венера на само еден ден беше видлива со голо око од Земјата. Набљудувачите можеа да ја забележат како мала црна точка која поминува пред Сонцето.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиТранзитите на Венера се многу ретки, тие се појавуваат на неколку стотици години. Од 2000 година п.н.е, па сè до денес имало вкупно 53 од кои по појавата на првиот телескоп во 1608 година, само 6 биле набљудувани од страна на луѓето. Овие ретки фасцинантни настани се случуваат во парови, од кои овој пат првиот транзит беше на 8 јуни 2004. Следната можност ќе биде дури на 10-11 декември, 2117 година.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиЏеремаја Хорокс и Вилијам Крабтри, двајца млади астрономи од Англија ги евидентирале првите опсервации на транзитот во 1639 година. Во 1769 година, група на научници ги употребиле сите записи низ светот за овој настан за да ја искалкулираат оддалеченоста на Земјата од Сонцето и на тој начин ја утврдиле точната големина на сончевиот систем.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови rn
    rn

    „Низ историјата, астрономите на многу креативен начин ги употребувале овие случајности на природата како можности за учење на нешто ново за универзумот,“ вели научничката Натали Батала. Овој пат, научниците транзитот го употребиле за откривање на планети надвор од нашиот сончев систем.

    rnФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови„Solar Dynamics Observatory“ – летало наменето за истражување на Сонцето, стои позади оваа низа на фотографии кои се снимени на неколку бранови должини, од екстремна ултравиолетова светлина до мал дел од видливиот спектар.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиДоколку не успеавте да го проследите овој настан, погледнете го и ова видео кое ќе ви долови мал дел од специфичноста и уникатноста на кратката „прошетка“ на Венера по нашето небо…rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Венера, планетата на љубовта низ хороскопските знаци

    Венера, планетата на љубовта низ хороскопските знаци

    Автор: Тања ИлиевскаrnrnПланетата Венера во астрологијата се поврзува со љубовта, убавината, привлекувањето, креативноста, поврзувањето, феминистичкиот идеал, хармонијата… Всушност и самата планета името го добила по римската божица на љубовта и убавината. Знакот во кој се наоѓа Венера во нашиот хороскоп, а кој може да се прочита од сопствената наталната карта, го покажува начинот на кој примаме и даваме љубов и внимание, како формираме блиски врски и како се однесуваме во нив, како уметнички се изразуваме и кои креативни таленти ги поседуваме. Проверете го вашиот знак во кој се наоѓа Венера, а потоа прочитајте го неговото толкување.rnrnВенера, планетата на љубовта низ хороскопските знациrn

    Венера во овен

    rnШто мисли за себе: „Авантурист сум. Ќе те освојам. Јас сум самоук и независен.“rnrnДоколку ја имате Венера во овен, тогаш во врските сте жестоки. Кај вас чувствата и страстите лесно се будат и вообичаено се обидувате да преземате иницијатива кога е во прашање срцето. Го освојувате другиот така што ќе му покажете колку сте решителни и самостојни. Излегувате и го добивате тоа што мислите дека го сакате. Проблемот е што, кога еднаш ќе го добиете, може да се заситите од тоа што сте го добиле. Поради тоа вашите врски можат да започнуваат возбудливо, а да завршат со монотонија и здодевност. Всушност, возбудата која ви ја создава потрагата по некого, за вас е поважна од  финалниот „лов“.rnrnНезависни сте и импулсивни, сакате да се натпреварувате и понекогаш одбирате да му се спротивставите на другиот, само затоа што тоа ви носи акција и возбуда. Понекогаш, со оваа позиција на Венера, кај вас може да се јави тенденција  премногу да им се удоволува на другите. Тогаш може да одберете доминантен партнер кој ќе сака работите да ги правите на негов/нејзин начин, на сметка на вашите лични желби. Понекогаш може да бидете нечувствителни во однос на тоа какви ефекти имаат вашите дела врз најблиските.rn

    Венера во бик

    rnШто мисли за себе: „Јас сум личност  на која можеш да се потпреш. Мојот идеален состанок се состои од добра храна, добро вино и многу гушкање со љубениот/а по дома.rnrnДоколку имате Венера во бик, тогаш во љубовните врски сте лојални и урамнотежени, особено доколку вашиот партнер знае да ги покажува своите чувства. Ориентирани сте кон сетилната страна на животот, што може да се манифестира и преку зголемена телесна тежина, бидејќи добрата храна е вашиот најдобар пријател.rnrnСакате да се разгалувате себеси и оние кои ги сакате. Реагирате на убавина, па за вас е многу значаен физичкиот изглед и атрактивноста на вашиот партнер. Некогаш преголема важност им давате на материјалните работи. Сакате удобност и понекогаш знаете да бидете мрзеливи и да очекувате дека некој друг ќе ги заврши работите кои мораат да се завршат наместо вас. Топли сте во душа, имате изострен осет за естетика, шармантни и знаете да сочувствувате со другите. Она на што треба да поработите е самоконтролата, посесивноста и обидот да го одбирате полесниот пат во вашите љубовни врски.rn

    Венера во близнаци

    rnШто мисли за себе: „Јас сакам забава. Мојот идеален состанок се состои од одење во кафуле, потоа гледање филм во домашна атмосфера и дискутирање за него.“rnrnДоколку ја имате Венера во близнаци, поважни ви се смислата за хумор, интелектот, комуникациските способности кои ги поседува личноста што го „уловила“ вашето внимание, одошто нејзиниот физички изглед. Посакувате партнер кој ментално ќе ве стимулира, некој кој е љубопитен, кој може да го предизвика вашиот ум и со кого нема да ви биде здодевно.rnrnПреферирате и имате потреба од врски во кои заедно ќе учите нови нешта, ќе разговарате, ќе споделувате разни идеи и ќе посетувате различни места. Вам не ви се допаѓаат посесивни и љубоморни партнери. Шармантни сте, пријателски настроени, сакате да запознавате нови луѓе, но и да флертувате. Уживате во забавата и возбудата кои ги носи љубовта, но се плашите од обврските. Вашите чувства најдобро можете да ги изразите преку говорење, пишување или некој вид уметност.rn

    Венера во рак

    rnШто мисли за себе: „Јас сум само еден обичен човек. Животот го градам на солидна основа. Знам да те утешам и да ти пружам поддршка. Јас се грижам. Јас останувам тука. Мојот идеален состанок се состои од јадење дома и гушкање.“rnrnДоколку ја имате Венера во рак, вие сте тивки, срамежливи, чувствителни и романтични, а вашите чувства се силно врзани за семејството, старите пријатели, спомените и минатото. За вас многу важни се родендените, годишнините, куќните слави и нивното прославување. Во љубовните врски имате потреба од внимание, грижа, емоционална поддршка и сигурност, а во домот имате потреба од мир и хармонија.rnrnСе „лепите“ за оние што ги сакате, но доколку таквото однесување отиде предалеку, имате тенденција да станете посесивни. Сакате кога другите имаат потреба од вас. Чувството на несигурност и чувството дека не сте доволно сакани, кои понекогаш се јавуваат кај вас, знаете да ги потиснете со храна, особено со благи работи. Имате свој личен шарм и знаете да сочувствувате со другите. Вие имате потреба да се грижите за другите.rn

    Венера во лав

    rnШто мисли за себе: „Јас сум љубезна и забавена личност. Интересен/а сум и искусен/а. Дозволи ми да те забавувам.“rnrnДоколку ја имате Венера во лав, во љубовта сте спонтани, лојални, приврзани и дарежливи. Не сакате партнер кој е ситничав и скржав. Вие го барате херојот, принцот или принцезата, некој кој ќе можете да го обожавате, со кого ќе се гордеете и кој ќе ви го „помести“ тлото под нозете. Копнеете по љубов, почит и внимание од другите и ви годи кога ви ласкаат.rnrnВо љубовниот живот сакате драма, големи романтични гестови и необични изрази на дарежливост. Искрени сте, љубезни и сакате забава. Понекогаш очекувате премногу од луѓето и кога ќе ве разочараат, се чувствувате повредени. Совет за вас е да не го запоставите развивањето на вашите внатрешни потенцијали и да се фокусирате и преокупирате единствено со надворешниот изглед. Бидејќи сакате да сте во центарот на вниманието, внимавајте да не станете фалбаџии и премногу суетни.rn

    Венера во девица

    rnШто мисли за себе: „Јас ќе се грижам за тебе и ќе направам многу мали работи за тебе. Јас ќе ти помогнам“.rnrnДоколку ја имате Венера во девица, тогаш вие сте посветени и верни на оние кои ги сакате. Некако сте срамежливи кога е потребно да ги покажете вашите чувства, па наместо да му кажете некому дека ви значи на некаков романтичен начин, вие преферирате љубовта да ја покажувате така што ќе направите нешто убаво за личноста или едноставно ќе бидете тука за неа.rnrnЗнаете да бидете критички настроени кон партнерот и да очекувате совршенство. Сакате сѐ околу вас да биде чисто и уредно. Понекогаш немате доверба во вашата привлечност и способност да привлечете љубов и бракот може да дојде со задоцнување во вашиот живот, поради стремежот да најдете совршен партнер, а совршен партнер не постои. Љубезни сте и знаете да сочувствувате со другите, па можете да бидете одлични негуватели.rn

    Венера во вага

    rnШто мисли за себе: „Јас сум само едно фино момче/девојка – некои велат дека сум премногу фин/а. Романтичен/а сум и сакам добри разговори. Ќе ти удоволувам. Единственото нешто што барам е фер игра.“rnrnДоколку ја имате Венера во вага, тогаш вие сте шармантни, тактични, учтиви и урамнотежени и имате силна желба да им угодувате на другите и не сакате да создавате немир. Бидејќи се трудите секогаш да се согласувате со другите, понекогаш имате тешкотија да кажете „не“, што може да биде злоупотребено од другата страна. Но, понекогаш знаете да бидете и безмилосни со другите. Со оваа позиција на Венера, вие знаете што другата личност сака да слушне и на тој начин може да манипулирате со неа.rnrnХармонијата за вас е многу важна и би жртвувале многу за да ја зачувате. Во врските и бракот сакате некој со кого се наоѓате на иста фреквенција, кој ќе ве урамнотежи. Ве привлекуваат луѓе кои се префинети и чувствителни. Цените добри манири и не сакате луѓе кои се однесуваат грубо. И самите вие сте префинети и најверојатно имате талент за музика или некоја друга уметност или во најмала рака ја цените уметноста. Имате и смисла за бои. Негативната страна на ваквата позиција на Венера е тоа што ве прави неодлучни и мрзеливи.rn

    Венера во скорпија

    rnШто мисли за себе: „Чувствителен/а сум и не сум површен/а. Ќе ти бидам мошне лојален/а, засекогаш. Ќе те усреќам во кревет.“rnrnДоколку имате Венера во скорпија, тогаш посакувате длабока, интензивна и страсна врска. Во љубовта ништо површно нема да ве задоволи. Вие копнеете за бесмртна љубов, како онаа на Ромео и Јулија. Оние кои ја имаат оваа позиција на Венера се едни од најстрасните љубовници. Врските кои ги формирате се базираат на силни емоции и можат да бидат опишани дури и како посесивни. Може да станете многу љубоморни кога се во прашање оние кои ги сакате. Неконтролираната љубомора и посесивност можат да ги уништат врските кои најмногу ви значат.rnrnПоставувате големи барања за вашиот партнер. Донекаде се сомневате дури и во платонските, пријателски врски кои вашиот партнер ги има. Ако некогаш ве изневерат, способни сте да мразите со истиот интензитет со кој некогаш сте сакале. Вие може да имате една љубов за целиот свој живот. Вам ве привлекуваат луѓе кои делуваат мистериозно. Иако имате длабоки чувства, имате проблем да ги изразите. Понекогаш посветеноста кон религијата може да ви служи како „издувен вентил“ за вашите преоптоварени емоции. Совет за вас е да ја научите вредноста на самоконтролата.rn

    Венера во стрелец

    rnШто мисли за себе: „Јас сум весел/а и забавен/а. Му се радувам на животот и сакам да се смеам. Отворен/а сум за нови искуства.“rnrnДоколку ја имате Венера во стрелец, вие барате некој кој ќе ги прошири вашите хоризонти и ќе ја продлабочи вашата свест. Вам ве привлекува некој кој ја сака забавата, кој е весел и отворен за авантури и нови искуства. Заедно би уживале во патување, запознавање нови луѓе и откривање нови места низ светот во кои особено уживате. Луѓето од различни култури го прошируваат вашето разбирање за светот и себеси.rnrnВие сакате да ги споделувате своите соништа, тежнеења и идеали со вашиот партнер. Затоа за вас многу важен е интелектуалниот однос. Не сте претерано сентиментални, па вашиот партнер понекогаш може да има чувство дека сте недоволно сериозни и романтични. Вие ја идеализирате љубовта. Не можете да останете долго во врска во која нема доволно возбуда.rn

    Венера во јарец

    rnШто мисли за себе: „Јас имам добра работа и паметно вложувам во неа. Ќе ти овозможам сигурност. Бракот и фамилијата се многу значајни за мене.“rnrnДоколку ја имате Венера во јарец, тогаш љубовта ја изразувате на претпазлив, резервиран и сериозен начин. Веројатно не сте демонстративни кон оние кои ги сакате. Многу се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас и копнеете по љубов и внимание, но вашите резервирани реакции ве прават да изгледате незаинтересирано.rnrnПовршни врски воопшто не ве интересираат. Претпазливи сте и сериозни кога е љубовта во прашање и сакате длабока, вистинска, трајна љубов. Конзервативни сте и традиционални во однос на додворувањето и останувате верни на саканиот/саканата и во добро и во лошо. Може да ве привлекуваат личности кои се постари од вас, некој кој е емоционално зрел и доверлив и кој може да ви ја даде сигурноста која ви е потребна. Не сакате да бидете повредени и имате силна желба да се заштитите себеси, па ова може да ве спречи да бидете поотворени во љубовта. Негативните аспекти на Венера може да ве направат плашливи, себични, љубоморни и пресметливи. Кај вас може да се јави и голема амбиција и желба за престиж и статус.rn

    Венера во водолија

    rnШто мисли за себе: „Јас сум либерален/а. Јас не сум посесивен/а. Барам пријател во партнерот/партнерката. Јас сум единствен/а. Ајде да разговараме и да се забавуваме.“rnrnДоколку ја имате Венера во водолија, тогаш љубовта ја изразувате на отворен, неконвенционален начин. Вие сакате да имате многу пријатели и познаници и сакате дружење. Бидејќи го цените пријателството толку многу, поудобно се чувствувате во улогата на пријател, отколку на љубовник. Едно е сигурно, она што навистина не ви се допаѓа се врски во кои има посесивност и наметливост. Вие сакате да бидете слободни да правите што сакате, со кого сакате.rnrnСакате интелектуална или спиритуална врска со партнерот и таа може да биде вашата преферирана замена за интимно или емоционално поврзување. Имате потреба од партнер кој ќе ви даде слобода и ќе ви дозволи да бидете свои. Шармантни сте, среќни и оригинални, но знаете да бидете и ладни, смирени и незаинтересирани. Потребно е да научите да бидете потопли и да имате поголемо разбирање.rn

    Венера во риби

    rnШто мисли за себе: „Ќе те сакам. Ќе те прифатам. Дури и ако остатокот од светот мисли дека тебе никој не може да те сака, јас ќе те видам онаков/а  каков/а што навистина си.“rnrnДоколку ја имате Венера во риби, тогаш љубовта ја изразувате на кроток, романтичен, чувствителен начин. Несебично се давате себеси на оние кои ги сакате или оние кои имаат потреба од вас и вашата помош. Понекогаш „паѓате“ на сентиментални приказни и давате толку многу, што некои луѓе стануваат зависни од вас. Идеалисти сте кога е во прашање љубовта и ова некогаш може да заврши така што станувате маченик или спасител во врските. Сочувствени сте и се врзувате со другите поради нивната потреба од љубов или поради потребата да бидат „спасени“.rnrnГи привлекувате и ве привлекуваат сензитивни, имагинативни личности кои имаат склоност кон музика или друг вид уметност. Посакувате да најдете некого со кого ќе развиете длабока и спиритуална врска. Ја идеализирате љубовта и имате многу убава и романтична визија за тоа каква љубовта може да биде. Понекогаш едноставно сте вљубени во љубовта. Знаете да бидете многу емотивни и кротки, но не треба да дозволите да ве искористуваат само затоа што не сакате да разочарате некого и не сакате да создадете немир. Може однадвор да изгледате како личност која мора да трпи и да пати во љубовта и дека тоа го правите по сопствена волја.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрономски доживувања во 2012

    Астрономски доживувања во 2012

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnОваа година ќе имате причина често да гледате во небото и да се воодушевувате од небесната глетка. Доколку сте во можност, не заборавајте ги овие датуми и периоди од годината и уживајте во природните феномени на небесните тела во 2012.Астрономски доживувања во 2012rn

    4 јануари: метеорски дожд „Квадрантиди“

    rnВечерва метеорскиот дожд „Квадрантиди“ го достигнува својот врв во североисточна Америка. Тој е меѓу најсилните метеорски дождови. Зависно од каде набљудувате, за еден час можат да се видат до 100 метеори. Најдобрите шанси да се ужива во оваа глетка се во 3 часот наутро, кога небото ќе биде најтемно. Тогаш најубаво ќе можат да се видат сино обоените метеори. Квадрантиди е единствениот метеор кој носи име по непостоечко соѕвездие. Созѕвездието по кое бил именуван не постои од 1922 година.Астрономски доживувања во 2012rn

    Од 20 февруари до 12 март: појавата на Меркур

    rnВо февруари и март, најскриената планета Меркур ќе може да се види со голо око. Планетата во овие дваесетина дена ќе се движи далеку од сјајот на Сонцето, заради кој во останатиот период од годината, таа е практично невидлива. Најдобра за набљудување ќе биде 20 минути по зајдисонце или пред изгрејсонце. Појавата на оваа планета ќе биде надополнета со сјајните Венера и Јупитер, кои исто така, ќе бидат видливи на западната страна од небото, во истиот период. На 5 март планетата ќе биде најдалеку од Сонцето и највидлива. За да ја набљудувате, доволен ќе ви биде само еден обичен двоглед. Во останатиот период од годината, Меркур не може да се набљудува, бидејќи е преблиску до Сонцето во однос на нашата планета.Астрономски доживувања во 2012rn

    3 март: Марс во опозиција

    rnНа 3 март, таканаречената црвена планета ќе биде најблиску до Земјата, односно ќе биде оддалечена 100.744.934 километри и комплетно ќе биде осветлена од Сонцето. Ова е одличен ден за набљудување и фотографирање на Марс. Во ова астрономско доживување ќе можете да уживате преку целата ноќ. Во август 2003 година, Марс била уште поблиску до Земјата, односно на околу 50.000.000 километри оддалеченост.Астрономски доживувања во 2012rn

    13-14 март: заеднички настап на Венера и Јупитер

    rnВенера и Јупитер тогаш ќе бидат најблиску една до друга или на околу 3 степени оддалеченост. Двете најсветли планети, по залезот на Сонцето ќе направат преубава небесна глетка, во која ќе уживате со голо око. После овој датум тие ќе почнат полека да се разделуваат. На 25 и 26 март небесната сцена ќе ја надополни месечевата светлина, со што глетката ќе стане уште поубава.Астрономски доживувања во 2012rn

    5 и 6 мај: метеорски дожд „Аквариди“ и полна месечина

    rnВо овие два дена ќе се случи метеорскиот рој „Аквариди“. Тоа е слаб метеорски дожд, со максимум 10 метеори на час. На 6 мај очекувајте ја и најголемата полна месечина во 2012 година. Таа уште толку ќе ја намали видливоста на метеорите, но оние најсјајните кои ќе дојдат од правец на соѕвездието Водолија, сепак, ќе можат да се видат. Веднаш по полноќ, свртете се кон исток и набљудувајте ја оваа несекојдневна појава.Астрономски доживувања во 2012rn

    20 мај: Ануларна соларна еклипса

    rnНа овој датум ќе може да се види затемнувањето на Сонцето. Патеката ќе започне од источна Кина, преку јужна и централна Јапонија, Тихиот Океан, Западна Америка. Делумно, затемнувањето ќе може да се види и во Источна Азија и Северна Америка. Дискот на Месечината ќе биде помал, со што околу неа ќе се појави огнен сончев прстен.Астрономски доживувања во 2012rn

    4 јуни: делумно затемнување на Месечината и полна Месечина

    rnВо 12:12 часот, ќе се појави полна Месечина, а ќе следи и нејзино делумно затемнување, кое ќе биде видливо во Азија, Америка, Австралија и на Тихиот океан.Астрономски доживувања во 2012rn

    5 јуни: транзит на Венера преку Сонцето

    rnОва е еден од најретките астрономски настани, поретки дури и од враќањето на Халеевата комета, која се појавува на секои 76 години. Досега биле забележани само 6 транзити на Венера. Овој транзит ќе биде целосно видлив во голем дел од Источна Азија, Алјаска и Источна Австралија. Во текот на изгрејсонцето, тој ќе може да се види и во Источна Африка, Западна Азија и низ цела Европа, што значи и кај нас. Делумно ќе можат да го погледнат и во добар дел од САД, за време на зајдисонцето. Следниот транзит на планетата треба да се случи дури во 2117 година. Кога Венера е во транзит низ сончевиот диск, на неа се појавува мала црна дамка од Сонцето, но доволно голема да се види со голо око. Потенцијалните набљудувачи, за да ја видат силуетата на Венера, ќе треба да преземат посебни мерки на претпазливост, исто како и за затемнувањето на Сонцето.Астрономски доживувања во 2012rn

    12 и 13 август: метеорски рој „Персеиди“

    rnПерсеидите се меѓу поголемите метеорски дождови. Нивниот максимум е 90 метеори на час. Месечината во овој период ќе биде високо на небото, па на набљудувачите ќе им предизвика мала непријатност, со тоа што ќе им ја намали видливоста. Но, тоа сепак, ќе биде незначително. Затоа, свртете го погледот кон североисток, застанете на некоја темна локација, далеку од населените осветлени места и уживајте во метеорскиот дожд. Помали метеорски дождови од овој вид ќе може да се забележат и во периодот од 23 јули до 12 август.Астрономски доживувања во 2012rn

    13 ноември: целосно затемнување на Сонцето

    rn

    Но, ова ќе биде видливо само на Јужниот Пацифик и во делови од Северна Австралија. Практично целата патека е над вода. Делумно ќе можат да го набљудуваат во источна Австралија и Нов зеланд. Првото комплетно затемнување на Сонцето е регистрирано во јули 2010 година. На овој датум во 23.08 часот ќе се појави и млада месечина.Астрономски доживувања во 2012

    rnrn

    3 декември: Јупитер во опозиција

    rnНа 3 декември најголемата планета Јупитер ќе биде во опозиција, односно најблиску до Земјата. Ќе биде во целост осветлена од страна на Сонцето и ќе може да се набљудува со голо око. Слободно изберете локација и со себе понесете фотоапарат.Астрономски доживувања во 2012rn

    13 и 14 декември: метеорски дожд „Близнаци“

    rnТој ќе биде најинтересниот метеорски дожд годинава. Неговиот максимум е 120 метеори на час. Вечерта на 13 декември, ќе започне да доаѓа од над источниот хоризонт, од правецот на соѕвездието „Близнаци“ и ќе паѓа цела ноќ. Но, најдобро е да се набљудува по полноќ. Ќе има млада месечина, односно небото ќе биде темно, а метеорскиот дожд поволен за набљудување. Мал број метеори ќе бидат видливи и една недела пред 13-ти, како и пет дена после 14 декември.Астрономски доживувања во 2012rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.