КАФЕ ПАУЗА

Tag: Венеција

  • Романтичната Венеција во мрачно издание

    Романтичната Венеција во мрачно издание

    „Dark Venice“ (Темната Венеција) е фотосерија од торонтскиот фотограф Алесандро Кансијан, преку која тој го претставува италијанскиот град Венеција во темно, мистично издание. Интригантните дневни пејзажи кои честопати ги гледаме од колоритниот романтичен град, сега се неочекувано прекриени со моќни сенки. Мрачната естетика ја прави воодушевувачката архитектура едвај видлива, терајќи нè да се загледаме подлабоко во фотографиите. Романтичната Венеција во мрачно изданиеОваа фотосерија на ироничен начин го става фокусот на италијанската убавина, прекривајќи ја нејзината видливост. Убавата фотографска уметност на Алесандро е истовремено романтична и мрачна. Архитектурата на секоја слика, грациозно се најавува низ малкуте зраци светлина.Романтичната Венеција во мрачно издание Романтичната Венеција во мрачно издание Романтичната Венеција во мрачно издание Романтичната Венеција во мрачно издание Романтичната Венеција во мрачно издание Романтичната Венеција во мрачно издание Романтичната Венеција во мрачно издание Романтичната Венеција во мрачно издание
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ноќна прошетка низ Венеција

    Ноќна прошетка низ Венеција

    Венеција е доволно необично место за да привлече илјадници туристи кои секој ден се восхитуваат на сето она што таа има да го понуди. Но, градот којшто преку ден врие од туристи, навечер добива сосема поинаков амбиент.rnrnНоќна прошетка низ ВенецијаrnrnОние кои ја посетуваат Венеција попладне се прибираат во некое од соседните многу поевтини гратчиња каде што обично отседнуваат. Рестораните и кафулињата не работат до доцна во ноќта, така што веќе на полноќ владее тишина. Тоа е одличен момент за полноќна прошетка во која Венеција може да се доживее со сета своја грациозност низ призма на мистериозноста и магијата кои го носи ноќта.rnrnНоќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венецијаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дедо Мраз патува околу светот

    Дедо Мраз патува околу светот

    Дедо Мраз веќе го започна своето патување околу светот. Тој патува на различни начини во зависност од земјата во која се наоѓа.rnrn

    Дедо Мраз патува околу светот
    На камила во Австралија
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со велосипед во Германија
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со кану во Хонолулу, Хаваи
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со параглајдер во Сиднеј
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со брод во Чиле
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Скијање на вода во Вирџинија
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со рикша во Виетнам
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со хеликоптер во Багдад
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    На гондола во Венеција
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Во метро во Њујорк
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со трицикл во Сеул, Јужна Кореа
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со санка во Финска

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еднодневна прошетка во магичната Венеција

    Еднодневна прошетка во магичната Венеција

    Венеција се наоѓа во североисточниот дел на Италија и е составена од 118 мали острови кои се одвоени со канали, но се споени меѓу себе со мостови. Овој град најмногу е познат по убавината на средината, уникатноста на архитектурата и неверојатната уметност.rnrnЕднодневна прошетка во магичната ВенецијаrnrnПогледнете го ова кратко видео кое одлично ги доловува овие магични карактеристики на Венеција.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магијата на мурано стаклото

    Магијата на мурано стаклото

    Автор: Симона РистоскаrnrnКомплицираната постапка за изработка на предмети и накит од мурано стакло, потекнува од истоимениот остров во близина на Венеција и е традиција која се поврзува со ова место уште од 9-тиот век. Магијата на мурано стаклотоВештината којашто била потребна за да се обработи мурано стаклото и прекрасните предмети кои од него ги изработувале, ги направиле мајсторите на овој занает едни од најистакнатите граѓани на Венеција. Нивните ќерки биле мажени во најдобрите и најбогатите фамилии, поседувале имунитет од прогонување, а самите мајстори не смееле да ја напуштат, во тоа време, Венецијанската Република со цел тајната вештина да остане во рамките на областа. До 16-тиот век дури 3.000 од вкупно 7.000 жители на островот Мурано се занимавале со некаков облик на изработка на предмети од стакло.Магијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоЗа популарноста и убавината на предметите од мурано стакло говори фактот што најистакнатите и најмоќни кралски семејства од целиот свет правеле посебни нарачки од вредните мајстори. И ден денес, мурано стаклото нема изгубено од својата магија, можат да се пронајдат предмети и накит во разни форми и за сите вкусови.Магијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоЕдна од најпопуларните техники за изработка на Мурано стакло е Millefiori (илјада цвеќиња), но истовремено и една од најкомплицираните. Резултатот е секогаш неверојатен, а секое парче накит изобилува со прекрасни бои и форми и е приказна само за себе. Подолу може да погледнете интересно видео за тоа колку комплицирани и меѓусебно поврзани постапки се потребни за да се изработи едно парче во оваа техника.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Потеклото на најпознатите плоштади

    Потеклото на најпознатите плоштади

    Плоштадите се места каде што луѓето се среќаваат, прават бизнис зделки, се дружат или дискутираат за политика. Овие места ја комбинираат историјата на градот со моменталната атмосфера. За патниците, токму плоштадите се првите места кои тие ги посетуваат.rn
    rn

    Плоштадот Навона во Рим

    rnНа местото каде што денес се наоѓа плоштадот Навона, порано се наоѓал староримски стадион изграден од императорот Диоклецијан. Стадионот имал овална форма, исто како и денешниот плоштад. Плоштадот Навона е познат по Фонтаната на четирите реки кои всушност ги претставуваат четирите големи реки од познатите континенти: Нил во Африка, Ганг во Азија, Дунав во Европа и Рио де ла Плата во Америка. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот Конкорд во Париз

    rnСместен во средината на Елисејските полиња, Плоштадот Конкорд изобилува со статуи сместени околу 3000 години стариот обелиск, подарок од Египет за Франција во 1829 година. Кога плоштадот бил изграден во 1763 година, тој бил на самиот раб на градот, кога граничел со полиња и градини. Елеганцијата на овој плоштад стои наспроти неговата мрачна историја, кога Конкорд бил место каде биле егзекутирани кралот Луј XVI, Марија Антоанета и Максимилијан Робеспјер. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот Свети Марко во Венеција

    rnОвој плоштад го добил своето име според истоимената базилика Свети Марко и модерната палата Дукале, најпознатите венецијански атракции кои се наоѓаат една до друга. Плоштадот Свети Марко е создаден за време на првите денови од прогласувањето на Венецијанската Република. Заради нивната големина, токму овие градби се првото нешто што ќе го забележите кога ќе пристигнете во Венеција. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Црвениот плоштад во Москва

    rnИмето на овој плоштад не се поврзува со црвената боја, ниту со комунизмот. На руски се вика Krásnaja Plóščaď, што во превод значи убав или црвен плоштад. Најпозната атракција на овој плоштад е катедралата Свети Василиј, препознатлива по нејзините шарени куполи. На Црвениот плоштад, исто така, се наоѓаат и мавзолејот на Ленин и црквите и палатите на Кремљ. Во минатото, Црвениот плоштад бил пазар, место за крунисување на царевите, терен за воени паради, а денес е и концертна сцена. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Големиот плоштад во Брисел

    rnТрагедијата понекогаш може да доведе до големина. Откако централниот плоштад во Брисел бил уништен во војната со Луј XIV во 1695 година, градоначалниците на Белгија одлучиле да изградат нов плоштад, каде што сите градби ќе имаат иста висина и барокна фасада. Така, по четири години интензивна работа, беше создаден Големиот плоштад. Денес на Големиот плоштад се наоѓаат градското собрание, една црква и еснафски куќи за различни професии. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот на имамот во Иран

    rnПлоштадот на имамот е вториот најголем плоштад во светот, веднаш зад плоштадот Тјенанмен во Пекинг. Конструкцијата на џамијата на овој плоштад е слична со конструкцијата на Таџ Махал. На овој плоштад, освен главната џамија, се наоѓаат и џамијата на шеикот Лотф Алах, Кралската палата и чаршијата која води до северната страна на плоштадот. Многубројните чајџилници на плоштадот ја надополнуваат глетката на плочките кои ја менуваат бојата во зависност од позицијата на сонцето. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Вашингтон сквер парк во Њујорк

    rnПред три децении Вашингтон сквер парк во Њујорк беше збиралиште на дилерите на дрога. Меѓутоа, со неговата реставрација која вклучуваше детално уредување и центрирање на фонтаната, ова место го доби својот гламур. Историјата на Вашингтон сквер парк опфаќа најразлични протести, закопи и паради. Денес во близина на фонтаната се собираат џез музичари кои импровизираат со музиката. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот во стариот дел од градот Краков

    rnВеќе 800 години по ред, секој час од кулата Света Марија во стариот дел на Краков се слуша звук што означува предупредување. Уште од тоа време овој плоштад бил најголемиот средновековен плоштад во Европа. Тоа што порано бил пазарот во овој дел од Краков, денес е продавница за рачно изработени чипка, накит од килибар, украсни јајца во рококо стил и многу други орнаменти. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот во стариот дел од градот Прага

    rnПлоштадот во стариот дел од градот Прага претставува хармонија на романескни, барокни и готски градби. Со векови ова место било центар на трговијата, сè додека во 1990-тите години не се појавиле договорите за приватизација. Во средината на плоштадот се наоѓа статуата на Јан Хус, верски реформатор кој бил изгорен на клада заради неговите верувања. Најинтересната атракција на овој плоштад е астрономскиот часовник, на кој секој час е претставен со симболични фигури, како што се Суетата и Смртноста. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот Зокало во Мексико Сити

    rnПлоштадот Зокало е центар на животот во Мексико Сити од времето на Ацтеките. Опкружен е со федералните згради и Националниот дворец, а како најголема градба се издвојува катедралата, до која се наоѓа музејот во кој се изложени сите предмети пронајдени од ископувањата кои, исто така, се вршат во непосредна близина на катедралата. На овој плоштад секојдневно може да се сретнат улични забавувачи маскирани како Ацтеки кои го вршат ритуалот на прочистување пред катедралата. Потеклото на најпознатите плоштади
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Историја на карневалот во Венеција

    Историја на карневалот во Венеција

    Познатиот венецијански карневал трае сè до празникот познат како Чиста среда, популарниот Марди Грас, а започнува 10 дена порано. Оваа година карневалот се одржа од 11 до 21 февруари.Историја на карневалот во ВенецијаЗборот „карнвеал“ (carne – месо), има латинско потекло и значи „збогум месо“. Слично на Великиот пост, Римјаните биле должни да постат за празникот Чиста среда. Но, овие верски формалности биле оправдување за прослава на паганските фестивали. Saturnalia и Lupercalia биле римски празници кога биле прославувани слободоумните и расипниците. Подоцна, нешто слично било воведено во христијанскиот календар. Тоа е прославата која започнува ноќта спроти Водици. Папите Клемент IX и XI и Бенедикт XIII се обидувале да го вратат карневалот во соодветните верски граници, но немале никакво влијание врз Венеција.Историја на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторијата на венецијанскиот карневал започнува во далечната 1162 година. Венецијанската република го победила Улрико, патријархот на Аквелија и тогаш за да се одбележи победата, започнала традицијата со колење бик и 12 свињи на плоштадот Свети Марко во Венеција. Оваа прослава станувала сè повеличествена и веќе во 1268 година за првпат се забележува употреба на маски.Историја на карневалот во ВенецијаВо 18 век, венецијанскиот карневал го доживеал својот „златен период“. Богати млади благородници доаѓале во Венеција, како дел од нивната Голема Европска турнеја, за да уживаат во карневалот. Сликите на Франческо Гварди и неговите современици и дневниците на Џакомо Казанова биле најпознатите симболи на тоа време.Историја на карневалот во ВенецијаВо текот на 1930-тите години, карневалот постепено почнал да исчезнува заради забраната што ја издал Мусолини. Во 1979 година, група Венецијанци и љубители на Венеција одлучиле повторно да ја оживеат традицијата на карневалот. За неколку години, маскираните Венецијанци станале симбол на Венеција во зимскиот период.Историја на карневалот во ВенецијаМаските изработени за венецијанскиот карневал се уникатни. Најпознати маски се оние кои ги претставуваат ликовите од италијанската „Commedia dell’Arte“, како и познатите бели маски со долг клун што всушност го претставуваат докторот кој се бори против чумата. Денес изработката на маски во Венеција е посебна индустриска гранка.Историја на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во Венеција
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Париз како Венеција

    Париз како Венеција

    Дали сте знаеле дека во 1910 година, Париз бил погоден од огромна поплава, па преку ноќ заличел на Венеција? Кога ќе погледнете слика од поплавата, навистина изгледа неверојатно што му се случило на градот на светлината.Париз како Венеција Овој краток фотореалистичен филм е создаден од Оливиер Кампањ и Вивиен Балѕи. Неговата цел е да го претстави градот поплавен, како што тоа било случај пред точно еден век, но овојпат наместо низ него да проаѓаат луѓе со гондоли и чамци, тој е мртов и мирен. Видеото е морничаво, но сепак, на некој чуден начин, релаксирачко. Париз како ВенецијаМузиката и звуците ќе ве наежат, а од глетката на градот ќе ви поминат морници низ телото. Иако видеото е направено да изгледа како еден вид уметност, сепак неговата цел е да предупреди дека ваквите случувања после подолг период можеби може повторно да се случат.rnrnАмериканскиот магазин „Newsweek“ смета дека историјата неизбежно ќе се повтори. За жал властите не би можеле со сигурност да предвидат кога поплавата би можела повторно да се случи, до ден-два пред несреќата. Поради големата урбанизација на Париз, тој денес е изложен на поголема опасност од пред еден век и покрај тоа што заштитата е подобрена.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кинеската Венеција

    Кинеската Венеција

    Бидејќи веќе ви ја претставивме „Холандската Венеција“, сега решивме да отидеме на истокот и да ви ја прикажеме Кинеската Венеција. Градот Жоужуанг се наоѓа во областа Џангсу и е лоциран на само 100 километри од Шангај.  Кинеската ВенецијаСвојата историја, градот ја започнува во 700-та година од новата ера. Имено, Жоужуанг претставува најстариот кинески град на вода. Интересното е тоа што многу работи во градот се зачувани и непроменети што говори за традицијата и културата на овие луѓе. Сега тој е многу популарно место, кое го посетуваат илјадници туристи.Кинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската Венецијаrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Холандската Венеција

    Холандската Венеција

    Гитхорн е мало село кое се наоѓа во местото Оверејсел во периферијата на Холандија. Тоа е познато под имињата „Холандска Венеција“ и „Венеција на северот“, токму поради фактот што во него нема ниту една единствена улица.rnrnХоландската Венеција rnrnНаместо тоа, селото е поврзано преку канали со вода, мостови и патеки за велосипеди, кои до пред кратко време воопшто ги немало. Прекрасното мирно местенце, годишно привлекува многу туристи кои можат да изнајмат чамец и да направат тура низ ова мало парче рај на земјата. Прекрасна идила за уживање и рекреација, од која со сигурност ќе се инспирирате…rnrnХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската Венеција
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn