КАФЕ ПАУЗА

Tag: венчавка

  • Романтични фризури за венчавка кои можете и сами да ги направите

    Романтични фризури за венчавка кои можете и сами да ги направите

    Доколку ве очекува свадба во брзо време или пак, доколку вие сте среќната невеста, тогаш погледнете ги овие 2 идеи за фризури кои можете и самите да ги направите за само неколку минути. Тие се подготвуваат едноставно и што е најважно од сè, ќе изгледаат беспрекорно на вас без разлика дали сте само гостинка на свадбата, деверица или пак, самата невеста.rnrnРомантична фризура за венчавка која можете да ја направите и самиrnrnПрво треба да ја направите вашата коса кадрава, со помош на фигаро, пегла за коса или виклери. Имајте при рака и лак за коса, бидејќи ќе ви биде потребен при зацврстување на фризурата. Погледнете го подеталното објаснување за тоа како да ги направите овие совршено романтични фризури…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 причини за венчавка во зима

    6 причини за венчавка во зима

    Треба сериозно да размислите околу годишното време за вашата венчавка. Студените месеци се избегнуваат за организирање на овој вид прослави, па честа им припаѓа на месеците помеѓу мај и октомври. Но, ние ви нудиме 6 причини зошто судбоносното „ДА“, да го кажете токму во зима. Дајте ѝ шанса на зимата да ви овозможи волшебна свадба!rn

    1. Помалку ќе ве чини

    rn1-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mkrnrnНа зимата не се гледа како на најповолно годишно време за свадба, иако трошоците се значително помали во овој период. Тоа е последица на помалиот број свадби кои се прават од декември до март, па затоа продавачите имаат поголема потреба од муштерии. Заради ова ви се отвараат можности да преговарате околу поволностите.rn

    2. Ќе ви треба помалку време

    rn2-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mkrnrnТоа е затоа што местата и продавачите ќе ви ги понудат сите можности и ќе бидат повеќе посветени за време на помалку просперитетните месеци.rn

    3. Позадината на фотографиите ќе биде волшебна

    rn3-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mkrnrnСекако, летните пејзажи се преубави, но зимската идила на свадбените фотографии е едноставно волшебна. Дополнителна компонента е гламурот во просторни места како зимските хотели.rn

    4. Сите со задоволство ќе ја очекуваат

    rn4-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mkrnrnСите венчавки се свечени, но оние зимските се многу повеќе. Тие се поуникатни од причина што се многу поретки во овој период, па сите гости со задоволство ќе го очекуваат датумот на вашата венчавка. Во зима не се патува толку често како во лето, па има поголеми шанси да дојдат сите поканети.rn

    5. Вашата коса ќе изгледа неверојатно

    rn5-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mkrnrnВо зима косата ќе ви остане цврста и нема да се растури поради потење или други несакани ситуации кои може да ви се случат во лето. Кога сме кај изгледот, шминката со црвен кармин кој ќе создаде ефект на полни усни и благо заруменети образи се полн погодок за во зима.rn

    6. Можете да имате уникатен фустан

    rnАко повеќе сакате традиционални, класични невестински фустани вашите опции не се ограничени на стандардните фустани без прерамки. Во зима може да размислувате за наметки со долги ракави, потешки материјали и гламурозни додатоци.rnrn6-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mkrnrnВсушност, според „Телеграф“, неодамнешниот бран на зимски свадби се должи на зимските модни парчиња кои ги нудат дизајнерите. Од интересни капути, шалови во различни бои до класични и модерни венчаници, изборот е сè поголем.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тажна венчавка со многу солзи: Кажал „да“, а потоа починал

    Тажна венчавка со многу солзи: Кажал „да“, а потоа починал

    Роуден Гоу починал само 10 часа откако пред свештеникот ѝ кажал да на својата идна сопруга Лејзел.rnrntazhna-venchavka-so-mnogu-solzi-kazhal-da-a-potoa-pochinal-kafepauza.mkrnrnОва можело да биде една обична љубовна приказна за двајца заљубени кои сакале да ја крунисаат својата љубов со брак, оваа година во јули. Тие имале желба да ја направат венчавката во овој период бидејќи Роуден е тогаш роден, па сакале да прослават два среќни настани одеднаш – навршувањето 30 години и вечната љубов. Тие инаку веќе живееле заедно и имале двегодишна ќерка.rnrnНо, на крајот на мај на Роуден му бил дијагностициран рак во напредна фаза, после што му останало многу малку време за живот. Тој буквално пропаѓал од ден на ден, бргу завршил на болничка постела и тогаш единствена желба му била да го каже најважното „да“ во својот живот опкружен со своите најблиски.rnrnНеговите родители успеале да ја организираат свеченоста за само 12 часа, а невестата стоела покрај својот сакан кој не можел да стане од кревет, која после 10 часа веќе станала вдовица. На најтажната венчавка во светот се радувала само нивната ќерка, која незнаејќи што се случува гордо позирала со бидермаерот на нејзината мајка.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За каква свадба мечтаат хороскопските знаци?

    За каква свадба мечтаат хороскопските знаци?

    Секој хороскопски знак има различни желби, замисли и фантазии. Еве како изгледаат тие кога се работи за стапувањето во брак и сите настани кои се поврзани со тоа.rnrnza-kakva-svadba-mechtaat-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnОвенот сонува за отмена венчавка во главната општина, со многу гости и цвеќиња на свадбата, а родителите (од двете страни) седат на почесните места на главната маса заедно со младоженците. Иако сака свадби, Овенот сака и слобода, па затоа треба да му ја препуштите организацијата на свадбата, нарачката на бидермаерот, поканите и правењето на списокот на гости. Така ќе му овозможите и понатаму да одлучува за сѐ и да си докаже себеси дека ете, освоил уште еден терен – брачниот.rn

    Бик

    rnКога Бикот ќе одлучи да стапи во брачните води, венчавањето мора да биде раскошно, и тоа од општината до ресторанот, со двојно повеќе храна и пијалаци одошто има гости, барем два музички бенда кои ќе се менуваат и торта на пет ката. Невестата мора да биде во венчаница припиена за телото, долга и бела во која ќе изгледа како сирена, весело ќе го фрла бидермаерот, со грбот свртена кон другарките, кои пак ѝ завидуваат на младоженецот во црно одело со дискретни пруги, бидејќи делува по малку опасно.rn

    Близнаци

    rnСамо опуштено, без паника, сѐ е навреме закажано во матично и во црква, уште кумот (кој ги има бурмите) да му се јави на телефон бидејќи е недостапен. Впрочем има време, ќе му прати СМС, свадбата е дури на пладне, а потоа право на аеродром, бидејќи младенците одма после настанот продолжуваат на меден месец – крстарење по Медитеранот, што им е подарок од кумовите. Таму ќе има интимна прослава на нивниот брак – само тие двајца во некој италијански ресторан, со свеќи, вино и виолина на увце.rn

    Рак

    rnРакот ќе избере свадба во родното село или на брег покрај вода. Тој испланирал сѐ со месеци однапред. Не сака никакви изненадувања, па сака точно да го знае распоредот на седење на гостите, дури и кои подароци ќе ги добие од блиските роднини. А тие се толку практични, особено оние од негова страна, бидејќи нема да им донесат дупликат. Младоженецот, освен со рузмарин на реверот на своето скапо одело, има и кума која внимава чашата на сите, а особено нему, да не им биде празна.rn

    Лав

    rnПростран ресторан со градина, бели столици со позлатени рачки, зелен тревник украсен со саксиски цвеќиња и бели балони, а на големата маса, егзотични цветни аранжмани, специјалитети од месо, тестенини подготвени на оригинален италијански начин и избрани пијалаци. Невестата носи едноставен фустан со деколте, украсен со дискретни сваровски кристали и чевли со високи потпетици. Гостите се на сите страни, има многу и од странство, а тек подароците…rn

    Девица

    rnДевицата, иако резервирана и рационална, фантазира за романтична свадба на која ќе се собере мешано друштво составено од нејзините и неговите роднини, пријателите и некои одбрани колеги. Не би се расфрлала непотребно со пари, но ништо не би недостасувало на шведската маса полна со салати, печени меса, црно, бело и розе вино, како и разни врски слатки, додека младоженците би се шетале помеѓу масите на гостите со чаши шампањ во рацете за да наздрават.rn

    Вага

    rnВагата сонува за венчавка на егзотичен остров во Тихиот Океан, но во тој случај гости на свадбата би биле само локалните жители, а тоа веќе на Вагата не би ѝ одговарало, бидејќи нема да познава никој. Затоа таа ќе ја избере општината, црквата, дури и матичарот кој ќе дојде во ресторанот каде што ќе ги венча, а потоа заедно со гостите ќе остане на прославата. Таа носи едноставна венчаница од сатенска свила со деколте, и обетки кои ѝ прилегаат на нејзината романтична фризура, додека младоженецот изгледа како да излегол од некој моден машки магазин и успева да ги шармира сите гости.rn

    Скорпија

    rnСамо најдоброто за Скорпијата, а тоа се однесува и на свадбите, изборот на ресторанот, гостите, црквата. Таа сака да се венча во општина, како што си е редот, а потоа да продолжи во црква, бидејќи сето тоа ќе му даде романтичен призвук на настанот. Голем број гости пристигнуваат на нејзината свадба, а таа е најсексапилна, дури и кога носи вел и долг фустан закопчан до грло. Тој е среќен што на својата свадба може да ги угости сите кои сакал да дојдат, па иако навратиле и некои непоканети, тој ги остава, ќе им кажува на другите на чија свадба бил.rn

    Стрелец

    rnСтрелецот сака свадба во градината на некоја стара градба или на езерски брег, на сончев ден, каде гостите ќе седат на бели столици со златни потпирачи покрај голема овална маса и ќе пеат до длабоко во ноќта. На трпезата има риба, еленско месо, црно вино и шампањ, но нема камера, ниту јако озвучување. Невестата носи венчаница од фина чипка со отворен грб, а околу вратот има дијамантски ѓердан додека стајлингот на младоженецот може да се опише како лежерно елегантен.rn

    Јарец

    rnРомантична венчавка од фантазиите, музика без силно озвучување, за да можат сите меѓусебно да се слушнат и да разговараат без да се надвикуваат со оркестарот. Меѓу гостите има добри пријатели кои веќе зазеле добри позиции во друштвото, тоа е она што го одликува Јарецот, воздржан и крут, но бескрајно сентиментален. Кога ќе пројде прославата, младенците ќе продолжат на меден месец на езеро или на море, можеби таму каде што се запознале и заљубиле додека биле во врска.rn

    Водолија

    rnНа Водолијата нема да ѝ биде тешко да го изговори судбоносното „да“ пред матичарот, бидејќи смета дека во нејзиниот живот ништо нема да се промени, затоа што таа така сака. Сепак, венчавањето мора да биде гламурозно, ќе покани познати, успешни и угледни гости, максимално дотерани, а младоженците секако ќе бидат најубави, особено на фотографиите, а невестата ќе биде најубава на оние кои ги слика лично младоженецот. Избран е ресторан на добар глас, специјалитетите се врвни, а виното е старо колку Водолијата, чекало таа да се одлучи на брак.rn

    Риби

    rnТаа замислила романтично венчавање во ресторан среде езеро или на некој брод или на морско или речно пристаниште, а внатрешноста е осветлена и декорирана со сјајни украси и придушено осветлување. Нејзината венчаница е многу едноставна и многу женствена, неговото одело е во посветла боја, а списокот на гости младоженците го составувале заедно трудејќи се никој да не седи со некој во чие друштво не би се чувствувал добро.

  • Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга

    Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга

    Таткото Бен и неговата млада ќеркичка Оливија ја изгубиле нивната сопруга и мајка Али, од еден редок вид рак на белите дробови, кога девојчето било старо само една година. Овој ноември, после две години поминати во „ролерскостер од тешки емоции“, Бен решил дека треба да се отселат од нивниот дом во Синсинати, Охајо во кој живееле со неговата сега почината сопруга. Пред да си заминат, за да ги овековечат последните спомени од нивниот живот поминат во таа куќа, Бен ја замолил неговата балдза и професионална фотографка Мелани Пејс да направи фотографии од него и неговата 3-годишна ќеркичка.rnrnТатко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопругаrnrnПред 4 години, во 2009 година, Бен и Али ја затвориле вратата од куќата еден ден пред свадбата, за да направат свадбени фотографии во празен дом. Сега, Бен сакал да ѝ го каже своето последно „збогум“ на куќата и заедно со ќерката Оливија, ги рекреирале оригиналните фотографии од свадбата, кои биле направени од страна на истиот семеен фотограф.rnrnТатко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопругаrnrnИ покрај тоа што Бен вели дека ја направил оваа фотосесија поради него и неговата ќеркичка, трогателните слики поставени една до друга си го пробија патот во интернет просторот, каде што многу луѓе ја искажуваат својата почит за автентичноста и ранливоста кои провејуваат во секоја од нив.rnrnТатко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга
    rn

    „Многу луѓе ме прашаа како се чувствував додека учествував во оваа фотосесија. Но, она што би сакал да го знаат е дека ова не е приказна за тага, болка и страдање. Да, поминав низ сите тие емоции и сè уште поминувам, но сепак тоа не е она што сакам луѓето да го видат во овие фотографии. Ова е приказна за една љубов“ – вели Бен.

    rnТатко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот

    Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот

    Љубениот татко и сопруг, Фред Еванс отсекогаш сакал да ги испрати неговите две ќерки пред олтарот на денот на нивната венчавка, но открил дека има метастатичен меланон, додека закрепнувал од двојна трансплантација на белите дробови и дознал дека има само неколку месеци за да ја оствари неговата последна животна мисија. Но, посветениот татко пронашол начин да ги изненади неговите две немажени ќерки Грејси и Кејт, со уникатна церемонија.rnrnЕмотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтаротrnrnОткако ја чула трогателната приказна на Фред, невладината организација „Fotolanthropy“ чија цел е споделување инспиративни животни приказни, му се обратила на фотографскиот тим Мет и Џули Норин, за да ги овековечат спомените од оваа специјална церемонија. Фотографите веќе биле спремни да ја работат нивната работа, кога Фред го изненадил семејството со помошта од неговата сопруга Карла и најстарата мажена ќерка Марта. Грејси и Кејт пристигнале на настанот, мислејќи дека Фред спрема некое специјално изненадување за нивната мајка, но набрзо сфатиле дека вусшност тие се почестените гости.rnrnЕмотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтаротrnrnЕдна по една, милиот татко ги допратил неговите ќерки до олтарот и им подарил топла прегратка, давајќи им на знаење дека сака да ја исполни оваа традиција, во случај да не е повеќе тука кога навистина ќе треба. Потоа, Фред ја изненадил неговата сопруга давајќи ѝ букет во облик на бидермаер и носејќи ја до олтарот во црквата „Watermark Community Church“, за да ги обноват нивните завети. До самиот крај, Фред ја споделувал неговата љубов и радост со најблиските, сè до неговиот последен ден од животот, на 25 јули, 2013 година.rnrnЕмотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтаротrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до совршена венчавка?

    Како до совршена венчавка?

    Автор: Бојана МандевскаrnrnКонечно решивте вашата љубов да ја крунисате со брак. Од моментот кога се одлучивте за венчавка, па сè до големиот ден кога ќе го кажете големото ДА, ви претстојат многу подготовки, желби, очекувања, барања, различни обичаи и адети. А воопшто не е лесно различните вкусови и желби да се спојат во едно.rnrnКако до совршена венчавка?rnrnНајпрво е потребно да одберете и закажете термин за венчавка. Потоа да ја одберете темата на венчавката. Може да одберете традиционална, формална, венчавка по последната мода, сезонска, венчавка како од бајките, венчавка под маски или пак неформална. Друг избор е венчавка во сала или пак на отворено. Изберете го тоа што најмногу ви се допаѓа.rnrnКако до совршена венчавка?rnrnОд кога ќе ја одберете темата на венчавката ќе можете да ја одберете и локацијата на прославата, црква, дали ќе одите во матично или матичар ќе дојде на вашата прослава.rnrnПотоа следи изборот на бурмите. Златни, сребрени, со камчиња или не, гравирани или не. Изборот на бурмата исклучиво зависи од вкусот на младоженците.rnrnКако до совршена венчавка?rnrnСигурно веќе имате одбрано и кумови, старосвати, деверици. Па изборот на нивните фустани и костуми сигурно ќе сакате да се вклопи со темата на вашата венчавка. При изборот на вашиот венчален фустан можете да одберете и фустани за вашите деверици, а младоженецот да одбере костум или смокинг заедно со кумот и деверот.rnrnКако до совршена венчавка?rnrnДоколку имате и млади младоженци – мала невестичка и младоженец, можете и за нив да одберете фустан и костум.rnrnКако до совршена венчавка?rnrnИсто така многу важен момент е изборот на покани. Потрудете се да бидете единствени и изберете интересни покани. Бидете креативни и со интересна порака соопштете ја веста за вашето венчавање. И секако, поканите за гостите нека бидат тематски вклопени во целата венчавка.rnrnКако до совршена венчавка?rnrnКога веќе ја имате одбрано темата на свадбата, многу полесно ќе ви биде да ја одберете музиката, декорациите за колата, за домот, бидермаерот, цветните китки, формата и вкусот на невестинската торта и бонбончињата.rnrnКако до совршена венчавка?rnrnИ секако она што е најважно за овој прекрасен ден долго да го зачувате свеж, е изборот на добар и квалитетен фотограф и снимател.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Се венчале откако неправедно поминале по 15 години во затвор

    Се венчале откако неправедно поминале по 15 години во затвор

    Необичен пар пред кусо време се венчаше во Њујорк. Имено, откако и обајцата биле затвореници по 15 години, едниот во САД, другиот во Ирска, решиле остатокот од животот да го поминат заедно.Се венчале откако неправедно поминале по 15 години во затворИнтересното е тоа што и Соња Џејкобс и Питер Прингл се наоѓале пред смртна казна за извршени убиства, но биле ослободени откако бил повторен судскиот процес и се докажало дека биле неправедно осудени.rnrnТие се запознале во Ирска на конференција одржана од „Амнести Интернешнал“, каде што Соња била еден од говорниците. Тука тие си ги размениле своите неверојатни приказни. Таа била уапсена откако од автомобил било пукано врз двајца полицајци, во кој наводно се наоѓала и таа. Од друга страна, Питер исто така бил оптужен за убиство на полицаец за време на вооружен грабеж во Ирска.rnrnБидејќи и двајцата поминале низ ист пекол, Соња и Питер решиле останатиот дел од животот да го поминат заедно, а на нивната венчавка присуствувала и глумицата Брук Шилдс.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Среќни завршетоци (Happy Endings)

    Среќни завршетоци (Happy Endings)

    ТВ серија за нераскинливото пријателство на „бандата“, кое може да продолжи и по една непријатно раскината венчавка помеѓу двајца од нејзините членовиrnrnСреќни завршетоци (Happy Endings)Главни улоги: Закари Најтон, Елајза Куп, Елиша Катберт, Кејси Вилсон, Адам Пали, Дејмон Вајанс ЏуниорrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnПремиера: 13 април 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 2rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————rnДали друштво кое е оформено околу еден љубовен пар може да опстане откако тој пар ќе се раскине? Што ако раскинувањето се случи на денот на венчавката? Може ли по ваков непријатен настан да се остане во добри пријателски односи? Ако да, како, ако не, кој ќе го добие остатокот од друштвото, напуштениот или оној кој го иницирал немилиот чин? Околу овие прашања се врти приказната во ТВ серијата „Среќни завршетоци“.rn———————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Во оваа хумористична ТВ серија се зборува за пријателството, за секојдневното дружење, за врските помеѓу еден брачен пар, помеѓу еден поранешен пар, раскинат на денот на венчавката и помеѓу еден сега пријателски пар, кој некогаш бил и повеќе, но ситуацијата се сменила откако се открила хомосексуалната ориентација на едниот од нив. Но, врските се испреплетуваат уште повеќе, тука има сестри, најдобри пријатели и најдобри пријателки. Сите се дружат со сите.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Ситуацијата станува незгодна уште во пилот-епизодата кога Алекс го напушта Дејв на олтарот, по што тој паѓа во депресија, а нивните заеднички пријатели се мачат да го балансираат своето присуство во животот на двајцата. Набргу станува јасно дека вака работите нема да може да функционираат, па Алекс и Дејв ќе мораат да најдат начин да ги надминат недоразбирањата и чувствата за да останат дел од друштвото, но сега како пријатели.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Џејн и Бред се во совршен брак, кој се базира на разбирање и доверба. Џејн е компетитивна и сака да ја има контролата над сè, додека Бред има најдено совршен начин да се согласува со неговата сопруга, така што секогаш ќе се труди да ја уверува дека тој го прави тоа што таа го сака.Среќни завршетоци (Happy Endings)Макс е геј кој е отворен за својата сексуалност, а неговата одамнешна девојка Пени му е сега најдобра другака. Таа пак е одлична во својата работа, но стравува дека нема да успее да го најде совршеното момче за себе.Среќни завршетоци (Happy Endings)Можеби навидум изгледа како некој обид за репликација на ТВ серијата „Пријатели“ и иако не може да се оспори сличноста во поставеноста на меѓусебните врски, сепак „Среќни завршетоци“ е сосема поинаку обликувана. Дејството е подинамично, хуморот е вгнезден во него, а карактерите се изградени на свој начин.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Кога и како да ја гледате: Ова не е серија која ќе ве навлече да ја гледате, но ќе ве релаксира и ќе ве оттргне од секојдневието. Затоа, најдобро е да ја гледате по завршувањето на работниот ден, токму кога ќе сакате да се опуштите и да заборавите на актуелните грижи.Среќни завршетоци (Happy Endings)Бидејќи е серија за пријателството и блиските љубовни врски, најдобро е да ја гледате во пар со некого, вашиот партнер, сестра, пријател, кој пак може да е црн или бел, геј или стрејт.rnrnСлични серии:Пријатели за секс“ (Friends with Benefits), „Заедница“ (Community), „Совршени парови“ (Perfect Couples), „Градот на пумите“ (Cougar Town), „Како ја запознав мајка ви“, „Пријатели“ (Friends)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Венчавка од соништата

    Венчавка од соништата

    Автор: ДареrnПоднесено преку „Предложи содржина“rnrnАко некогаш сте се запрашале која е совршената венчавка, сигурно оваа ќе ви биде во топ 3. Ве оставам да уживате 🙂Венчавка од соништатаП.С. Дами задолжително имајте марамче до вас ;)rn

    rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn