Од овој викенд па натаму секој ќе може да ја почувствува магијата на приказната за Пепелашка со тоа што ќе може да се венча токму пред нејзиниот замок во Светот на Дизни. Кој не би сакал неговите соништа да станат реалност и да има венчавка како од бајките? Меѓутоа, изгледа соништата се доста скапи, бидејќи овој настан би ве чинел најмалку 75.000 долари.rnrn
rnrnПонудата е следнава: За да ја одржите церемонијата пред замокот, каде што може да собере 100 луѓе, и таа да започне во точно 9:30 часот наутро, треба да платите најмалку 25.000 долари. Во цената не се вклучени храната, пијалаците и другите трошоци, кои сè заедно би ве чинеле 75.000 долари. Ова се однесува само за церемонијата. Не може да имате и прием на истата локација.rnrnУште една важна работа: Може да ги додадете сите елементи вклучени во една венчавка од бајките, како што се влез на церемонијата во стаклената кочија на Пепелашка (2.950 долари за два часа), огномет за да го осветли кралството и сите Дизни ликови како придружба, но тоа не е воопшто евтино. Цените се однесуваат на еден час, и не го вклучуваат и бакшишот што ќе мора да го оставите.rnrn
rnrnПретходно во Светот на Дизни се одржувале венчавки и за 2.500 долари на различни локации во паркот, но оние коишто сакаат да се венчаат пред замокот ќе мора да располагаат со буџет кој ќе може им го дозволи тоа. Сè додека знаете што сакате, самовилите ќе ве придружат и ќе ви го овозможат тоа. Препорачливо е да закажете најрано 16 месеци однапред, за да можете без проблем да си одберете датум.rnrnКој не би сакал да биде Пепелашка, макар на еден ден?rnrn
Tag: венчавка
-

Никогаш нема да погодите колку чини венчавка пред замокот на Пепелашка!
-

Холивудски дами кои рекоа НЕ за бракот: Ова се нивните причини
Бракот е заедница за којашто некои жени фантазираат уште од мали нозе, додека пак други за тоа почнуваат да размислуваат во нивните дваесетти, трети во нивните триесетти, а постојат и такви кои никогаш не ни помислуваат на брак. Некои жени едноставно не се пронаоѓаат во бракот и немаат потреба својата љубовна врска да ја зацврстат со закон.rnrnВи ги прикажуваме изјавите на 7 славни жени кои никогаш не се омажиле и кои сметаат дека бракот едноставно не е за нив.rn
1. Шарлиз Терон, актерка
rn
„Бракот никогаш не ми бил важен. Не знам зошто е тоа така. Она што сакам е врска која ќе трае, а сум била во долги врски. Тоа е таков вид заедница каква што сакам. Чинот на венчавањето и стапувањето во брак не е нешто што ми е важно, но разбирам зошто на другите им значи“.
rn

rn
2. Кристин Дејвис, актерка
rn
„Се сеќавам дека во младоста мислев: ‘Зошто луѓето се венчаваат?’ Ни како девојче никогаш не сум рекла: ‘Еден ден сакам да се омажам’. Тоа не значи дека никогаш не би се омажила, но мислам дека не морам да го направам тоа за да бидам среќна. Не знам дали некогаш ќе се омажам. Потполно сум среќна со својот сингл статус.“
rn
3. Ева Мендез, актерка
rn
„Мислам дека е многу секси да бидеш со некој во своите педесетти и шеесетти години и да им зборуваш на другите дека тој е твој дечко. Мислам дека зборовите маж и жена се премногу несекси“
rn
4. Наоми Вотс, актерка
rn
„Не сум пораснала мечтаејќи за својата венчавка од бајките. Мојата мајка два пати се венчаше и два пати се разведуваше. И мојот партнер, Лив Шрајбер, потекнува од слично семејство. Можеби ќе се разбудиме некој ден и ќе кажеме: ‘Еј, ајде да го направиме тоа’. А можеби и нема. Тој и јас имаме семејство. Премногу сме блиски и поврзани. Само ја немаме таа писмена потврда, а нам тоа ни најмалку не ни смета“.
rn
rn5. Мариса Томеј, актерка
rn
„Не сум голем фан на институциите за брак и не знам зошто жените би требало да имаат деца за на нив да гледаат како на сите човечки битија“.
rn
6. Опра Винфри, водителка
rn
„Кога би ја имала титулата сопруга, би постоеле очекувања околу што е тоа сопруга и што прави сопругата. Мојот дечко, Стедман Грејем, ме запроси и прво реков да. Но, се покажа дека повеќе сум сакала да ме праша дали сакам да се омажам, отколку што сум сакала да се омажам. Едноставно не чувствувам дека тоа е вистинската работа за мене“.
rn
rn7. Дајан Китон, актерка
rn
„Ме привлекуваат мажите и сакам да си поигрувам со нив. Но, да делиме заеднички живот? Тоа е друг свет. Мислам дека за такво нешто личноста треба да биде спремна на компромиси и да биде реална. Јас тоа никогаш не би го можела. Никогаш“.
-

Омажи се за мене: Најлошите понуди за брак на сите времиња!
Секојдневно слушаме многу различни приказни за емотивни и романтични понуди за брак кои предизвикуваат насмевка на нашето лице и се паметат засекогаш. Секако, постојат и некои кои актерите во нив сакаат што побрзо да го заборават тој момент. Корисниците на Reddit ги споделија со светот своите приказни за најлошите понуди за брак. Дали би му кажале „ДА“ на вашиот партнер, ако тој ве запроси на еден од овие начини?rnrn
rn„Мојот татко е познат по тоа што нема многу такт. Начинот на којшто ја запросил мојата мајка е најлошиот на целиот свет. Ја прашал колку килограми може да ослаби до септември. Кога таа збунето го погледнала, ѝ рекол дека тогаш може да направат свадба.“
rn
„Бевме на музички концерт и испивме малку повеќе. Направив прстен од две тревки. Страшно!“
rn
„Мојот пријател ѝ купи дијамантски прстен на својата девојка за роденден без никаква намера да ѝ предложи брак. Таа го отвори подарокот и рече ‘Па секако дека ќе се омажам за тебе!’ Наместо да ја разјасни неудобната ситуација, тој се одлучи да се прави луд дека навистина планирал да ѝ предложи брак. На крајот, раскинаа!“
rn
„Мојата сопруга ми кажа дека предлогот за брак ѝ останал во сеќавањето како трауматично искуство. Беше во 6-тиот месец од бременоста. Бевме во нашиот стан и се спремавме да одиме на еден саем. Ѝ реков дека мораме сериозно да поразговараме, ја замолив да седне, а потоа започнав со приказната дека нешто ми смета во нашата врска и тоа може да се реши само ако… Таа се омажи за мене!“
rn
rn„Пред да ги изговорам последните зборови таа помисли дека раскинувам со неа и дека ќе ја оставам сама со нашето дете. Започна да плаче, ме удри и на крајот се согласи. Баш сум среќник поради тоа што е моја, само би сакал сето тоа да го направев малку поразлично.“
rn
„Ја запросив мојата жена со мала помош. Полицаецот го запре нејзиниот автомобил, ја замоли да излезе од него и ѝ кажа дека таа е осомничена за злочин. Таа стана многу нервозна и тогаш полицаецот ја извади мојата фотографија и ѝ кажа ‘Го украдовте срцето на овој човек’. Тогаш јас излегов од полицискиот автомобил и клекнав пред неа.“
-

Баш како од бајка: Најромантичната фотографија од венчавка која сте ја виделе!
Иако сигурно не мечтаете за свадба на обилен дожд, токму оваа временска непогода била главниот аксесоар на венчавката на Џесика Гровер и нејзиниот партнер Ник.rnrn
rnrnЏесика и Ник се венчале во Ирска на еден облачен септемвриски ден. Времето било студено, облачно и магловито цела недела пред свадбата, но тие сепак одлучиле да ја направат на отворено. За жал, за време на приемот започнало да истура дожд, но за среќа, вештиот фотограф Томас Стјуарт не дозволил тоа да стане најлошиот кошмар за невестата. Тој го одвел парот на дождот за да направи фотографија која излегла како од бајките. Стјуарт потоа изјавил дека потајно сака кога врне за време на приемот и му се допаѓа кога има променливо време во текот на тој ден.rnrn
rn„Во саботата наутро врнеше и беше доста облачно, па морав да донесам одлука дали ќе ја правиме свадбата на отворено или не до пладне. Иако јасно се гледаа облаци од двете насоки, јас решив да одам само напред и да ја направиме венчавката на тревникот со поглед кон езерото, како што отсекогаш си замислував… Сепак, обезбедивме чадори за сите гости во случај да почне да врне“ – вели Џесика.
rnОткако надвор почнало да истура дожд, магичниот фотограф, ги замолил младоженците да излезат на неколку секунди за да направат неколку фотографии. Тие без двоумење зграпчиле еден чадор од своите пријатели и излегле надвор на тремот. Фотографот трчал зад нив, носејќи го своето помагало за заднинско осветлување.rn
„Бевме надвор на патеката и беше многу убаво, бидејќи јас и Ник сакавме да поминеме неколку моменти заедно, па затоа бевме многу среќни кога излеговме и го имавме овој заеднички момент“ – вели Џесика.
rn
rnrnТаа воопшто не се грижела за нејзината венчаница, бидејќи таа веќе била „уништена“ и каллива од времето надвор.rnrnОткако фотографијата била поставена само на Фејсбук, за многу краток временски период се раширила низ сите социјални мрежи, под името „фотографија од бајките“.rn„Кога наредното утро ја видов фотографијата на Фејсбук, бев многу изненадена. Беше преубавo, многу луѓе ја споделуваа и велеа дека ги потсетува на некоја бајка“ – вели Џесика.
rnИако многумина од вас сметаат дека дождот може да ја уништи целата убавина на вашиот посебен ден, не заборавајте дека токму тој може да ја претвори таа убавина во вистинска магија.rnrn
rnrnПотребни биле само околу 30 секунди и 5 обиди за да се создаде оваа „дождовна фото бајка“.rnrn
-

Симбол на вечна љубов: Како порано изгледале бурмите и зошто се носеле?
Порано, венчалниот прстен не се носел на прст, туку околу зглобот. Старите цивилизации биле многу суеверни, а животниот век бил многу пократок и морталитетот многу поголем отколку денес. Исто така, било популарно верувањето дека духот на човекот може да замине од телото. Па затоа, за да ја заштити младоженецот својата жена, ѝ врзувал гранче или тревка околу зглобот и на тој начин ѝ искажувал љубов. Тоа значи дека потврдувањето на љубовта датира уште од многу одамна.rnrn
rnrnПрвата бурма која се носела на рацете се јавува пред повеќе од 4.000 години на брегот на реката Нил во Египет, а била направена од плетени трски и други тревки, наспроти денешните – од злато, сребро или платина. Честопати, прстените биле направени од кожа или од слонова коска и биле украсувани со разни детали.rnrnСтарите Египќани, како и многу цивилизации после нив, носеле бурма на домалиот прст од левата рака. За време на церемонијата на венчавање, младенците си разменувале завети преку кои се заколнувале на вечна љубов – љубов која ќе опстои и во „добро и во зло“ и „додека смртта не нѐ раздели“. Симболот на кругот, а подоцна и на прстенот, освен кај Египќаните, и кај многу други народи и култури има слично значење – вечност, затоа што кругот нема ни почеток ни крај.rnrnЕгипќаните исто така верувале дека прстенот има натприродни моќи и дека претставува ветување вечна љубов и заеднички живот. За разлика од нив, Римјаните имале малку поинаква симболика за бурмите – додека кај Египќаните прстенот бил симбол на љубов, кај нив тој бил доказ за поседување – бил симбол на сила и издржливост – па затоа и се правел од железо. Исто така, постои податок дека идејата за гравирање потекнува токму од Римјаните.rnrnОбичајот бурмата да се носи на домалиот, односно на четвртиот прст од левата рака потекнува од старите Грци. Изговарајќи ги зборовите „Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух“ младоженецот, со помош на прстенот прво го допира палецот на невестата, потоа показалецот и средниот прст, за со „Амин“ да го стави на домалиот. Оттогаш се воспоставил обичајот и невестата и младоженецот да носат бурми. Според легендата, луѓето верувале дека вената од домалиот прст на левата рака води до срцето, па затоа и на латински таа се вика vena amoris – вена на љубовта. Денес, кај православните народи, бурмата традиционално се носи на домалиот прст од десната рака. Многу современи парови бурмата ја носат како ланче околу вратот или ја чуваат во кутиче.rnrnИако материјалот на бурмата се менувал, симболиката до ден-денес останува иста. Прстенот претставува традиција и составен дел од венчавките дури и во денешните модерни општества, па затоа и целта на ваквиот прстен како симбол на љубовта и денес успешно му пркоси на времето. -

Ако планирате есенска венчавка, тогаш искористете ги паднатите лисја како совршена декорација
Ако барате романтични и необични идеи за венчавка, тогаш есента може да ви биде одличен сојузник. На многу едноставен начин и без многу потрошени средства можете просторот за венчавка да го направите посебен и романтичен.rnrn
rnrnНајверојатно досега на никого не му паднало на памет да ја украси салата со паднати есенски лисја. Да, есенски лисја во необични бои кои можете да ги соберете од парковите, улиците или од вашата градина и со нив да го претворите просторот во прекрасна есенска бајка.rnrn
rnrnКако ви се чини од паднати есенски лисја да направите цветен аранжман на масата?rnrn
rnrnИли наместо со ливчиња од ружа, патот кон олтарот да ви биде прекриен со лисја во есенски бои?rnrn
rnrnКој вели дека поканата мора да биде украсена со светки, бисери или со сатенска лента? И паднат лист делува како одличен избор, изгледа префинето, а заштедата не е за потценување.rnrn
rnrnДури и свадбената торта можете да ја украсите со ружи во портокалова боја, бидејќи оваа боја е карактеристична за есента, а околу нив да има лисја во зелена боја како и ливчиња од ружи.rnrn
rnrnПа и масите за гостите, но и просторот пред салата ќе добијат некој посебен ефект ако се украсат на овој начин.rnrn
rnДали ви се допаѓа идејата да ја украсите вашата венчавка со паднати есенски лисја?
rn

-

За да бидете оригинални треба да бидете поразлични! Заменете го традиционалниот букет со овие алтернативи
Ако наскоро треба да бидете невеста и ако сакате традиционалниот букет да го замените со нешто ново, несекојдневно и поразлично од останатите, тогаш погледнете ги овие алтернативи. Кога би се одлучиле за букет од свежи цветови, знаете дека тој ќе трае неколку дена. Но, рачно изработениот букет може да трае со години и секогаш кога ќе го погледнете ќе ве потсетува на најсреќниот ден од вашиот живот. Во зависност од тоа во кое годишно време ја планирате вашата венчавка, за вас издвоивме неколку интересни идеи за букети кои ќе ве направат оригинални и поразлични од останатите.rnrn
rn1. Прекрасни школки
rnОдлични за венчавка на плажа, но и за сите венчавки во летниот период. Школките се прекрасна алтернатива на традиционалниот букет. Тие доаѓаат во сите големини и форми, во разни бои и што е најважно, лесно се достапни. Украсете ги со разни ленти во боја и додадете некој свој детаљ.rnrn
rn2. Разлетани пеперутки
rnВенчавка во градина? Овој букет е разигран и има прекрасен излив од бои. Совршен е за во пролет. Побарајте вакви пеперутките во продавниците за украси и накит. Тие се многу лесни за креирање на букет. Среќно!rnrn
rn3. Разнобојни брошови
rnАко успеете да го изработите, верувајте дека нема да зажалите. Овој букет ќе додаде малку повеќе „искри“ на вашата венчавка. Ако немате доволно брошови, замолете ги вашите пријателки да ви позајмат. Погрижете се после венчавката да им ги вратите. Со тоа, ќе имате мал детаљ со себе од секоја. Прашајте ги вашите пријателки за помош и забавувајте се!rnrn
rn4. Снежни шишарки
rnАко вашата венчавка е во периодот есен-зима, погрижете се да соберете шишарки. Овој букет е многу лесен за изработка и нема да одземе многу средства од вашиот буџет. Во него има елементи на природата.rnrn
rn5. Прецизни оригами
rnОвој букет е најтежок и одзема најмногу време од сите останати букети на листава. Но, ако имате желба и добро се снаоѓате во изработувањето на оригами, тогаш ова е вистински предизвик за вас. Резултатот ќе ви го одземе здивот. Ова ќе биде предмет кој гордо ќе го покажувате и на кој ќе се сеќавате засекогаш.rnrn
rn6. Макси цвет
rnОва е еден необичен букет. Не е традиционален, но е енергичен исто како свежиот букет. Можете да ја прилагодите бојата за да се совпаѓа со букетите на вашите деверици. Секако, нивните букети ќе бидат помали. Па, затоа повикајте ги и имајте забавно попладне. Бонус е тоа што не е потребно многу материјал.rnrn
rn7. Волшебни цветови од ткаенина
rnИст букет како свежиот, но цветовите се направени од ткаенина. Овој букет ќе трае засекогаш. Ако сакате да постигнете подобар ефект, искористете ткаенини како свила или сатен, бидејќи тие го имитираат нежниот ефект на цветовите. Уште една придобивка од овој букет е тоа што е лесен и обликот може да се прилагоди за тој да изгледа волшебно.rnrn
rn8. Новогодишни лампиони
rnДали некој кажа венчавка во зима? Доловете ја вашата зимска бајка со букет изработен од новогодишни лампиони. Кога светлината ќе допре до нив тие ќе засветкаат и ќе направи да изгледате магично. Овој букет е деликатен, но тој засветкува на секој ваш потег којшто ќе го направите.rnrn
rn9. Цветови со мазна површина
rnПоследен, но исто така многу интересен. Потребен ви е филц материјал, за да ја задржи формата и структурата на цветот. Ова е прекрасна идеја и добра можност за вас да ја покажете вашата креативност.rnrn

-

10 работи кои треба да ги знаете ако се жените со силна жена
Ова се неколку работи кои би ве советувале да ги имате на ум доколку размислувате да се венчате со силна жена.rnrn
rn1. Нам ни е потребно да работиме
rn
rnrnКласична домаќинка или вработена мајка? Нема дискусија околу оваа работа, за нас работата е дел од она што сме.rn2. Ние мора да имаме контрола над парите
rn
rnrnДобро, можеби контрола е груб збор, но да разјасниме: Ние цело време ќе знаме што се случува. Па, зошто минатиот месец си потрошил толку многу? Шега!rn3. Немаме гајле кога треба да излеземе соло
rn
rnrnНие немаме никаков проблем да излегуваме неколку викенди сами, додека вие се забавувате со момците. Само не очекувајте дека вашата страна од креветот ќе остане празна, затоа што ќе ви ја зафатиме целата… и ќе уживаме во тоа.rn4. Не си го трошиме времето со мисловни игри
rn
rnrnЖените обично ги смислуваат таквите игри за да си поиграат со вашиот ум. Но, кај нас она „добро сум“ кога не сме, не постои. Ние сме силни жени и не заобиколуваме, ако не сме добро ќе си кажеме дека не сме и тоа е тоа!rn5. Ќе ви кажеме што сакаме
rn
rnrnАјде да кажеме дека тоа што знаеме што сакаме се познава во повеќе аспекти од нашата врска.rn6. Ќе ви укажеме на секој вид сексизам
rn
rnrnДоколку сакате да бидете со нас, тогаш и вие секако мора да бидете феминисти и да се навикнете на нашите коментари на секој сексизам.rn7. Немаме проблем да ги земеме работите во наши раце
rn
rnrnВообичаено не ни пречи да жонглираме со многуте обврски затоа што тоа нè исполнува. Но, тоа не значи дека сакаме да ве тргаме на страна. Бракот е и партнерство.rn8. Ние сепак сакаме и вие да преземете дел од одговорностите
rn
rnrnДали сме добри во тоа што го правиме? Секако дека сме. Но, тоа не значи дека одвреме-навреме не сакаме и вие да преземете дел од одговорностите. Всушност не, тотално е секси кога вие ќе ја преземете контролата, а ние ќе се чувствуваме слободно.rn9. Ние не веруваме во пумпање на машкото его
rn
rnrnНекои мажи се згрозени од силни и независни жени кои прават пари. Тоа не смее да биде така, затоа што сигурните мажи нема зошто да бидат згрозени од моќни жени.rn10. Покрај сè, вие навистина сте ни потребни
rn
rnrnПред вас ќе се претставиме како силни независни жени кои може да се справат со она што животот ни го носи. Но, да имаш некој зад себе е навистина прекрасно.rnrnПотребни сте ни повеќе отколку што можете да видите, силните жени не секогаш сакаат да убиваат пајаци по дома. -

Прекрасни фотографии од штотуку венчани хомосексуални парови
Денот на венчавката е еден од најубавите и најсреќни денови во животот на младенците. Тоа е денот кога тие решаваат да започнат заеднички живот, да се сакаат и почитуваат и да бидат среќни заедно. Славејќи ја љубовта пред сѐ останато, тој ден е денот кога некој нè прифаќа нас такви какви што сме и ние го прифаќаме тој некој со цело срце и душа. Без разлика кои сме и што сме за останатиот дел од светот, од тој ден еден за друг сме си сѐ со партнерот.rnrn
rnrnМесец јуни во Соединетите Американски Држави е прогласен за месец на гордите хомосексуалци, бисексуалци и трансџендери. Иако ова е сѐ уште табу тема кај нас, сѐ што следниве фотографии покажуваат се лица на пресреќни и насмеани луѓе на денот на нивната венчавка кои делат бесконечна љубов еден за друг. Љубов која тие ја овековечиле со брак.rnrn -

5 основни правила на свадбениот бонтон
Дали ги знаете основните правила на свадбениот бонтон? Доколку не сте најсигурни, тогаш сега е вистинско време да ги откриете бидејќи сезоната на свадбите е во полн ек. Погледнете ја следнава листа која е составена од нешта кои ниту еден гостин не смее никогаш да ги направи за време на венчавката.rnrn
rn1. Не им се јавувајте на младенците на денот на свадбата
rnВие сигурно сте добиле детални упатства за каде и кога се одржува свадбата како и за сите останати нешта кои треба да ги знаете. Токму затоа ваша обврска е да ги потврдите овие работи пред големиот ден. Но, доколку имате каква било дилема, јавете се кај кој било освен младенците.rn
2. Не се жалете од младенците
rnТие ве сместиле на иста маса со луѓе кои воопшто не ги познавате? Храната не ви е добра? Нема хартија во тоалетот? Во ред е да имате замерки, но овој ден задржете ги само за себе и не ги нервирајте младенците со нив.rn
3. Не изостанувајте без најава
rnПонекогаш во животот се случуваат непредвидливи ситуации поради кои едноставно мора да откажете, но доколку неколку недели пред венчавката знаете дека можеби нема да стигнете на настанот, известете ги младенците со време.rn
4. Не носете бело
rnЕдно од најстарите правила на свадбениот бонтон е дека на венчавката само невестата треба да биде во бело. Ниту една друга гостинка не треба да ја носи оваа боја со цел да не ја засени невестата на нејзиниот голем ден. Придружувајте се колку што можете повеќе до ова правило.rn
5. Не објавувајте важни новости за вашиот живот
rnГлавните ѕвезди на венчавката треба да бидат младенците, бидејќи тој ден се слави токму нивната љубов. Доколку вие имате големи вести кои би сакале да ги споделите, задржете ги за себе и објавете ги некој друг ден.














