КАФЕ ПАУЗА

Tag: венчавка

  • 6 инспиративни Инстаграм профили за сите оние кои наскоро планираат венчавка

    6 инспиративни Инстаграм профили за сите оние кои наскоро планираат венчавка

    Планирањето и организирањето венчавка е едно прекрасно искуство, но понекогаш, со желба сѐ да биде совршено, може да се случи да паднете во зоната на стресот, односно да ве преплави чувството на незадоволство. Токму поради тоа е добро да имате помош, а освен што можете да ги прашате вашите роднини, како експерт, поточно планер за венчавки кој ќе се погрижи на вашиот голем ден сѐ да помине во најдобар ред, можете да побарате и виртуелна инспирација – на Инстаграм профилите. Иако овој вид помош не е типичен за овие прилики, бидете сигурни дека следните профили може да направат чуда за вашето организирање на венчавката.rnrn1-kje-uzhivate-6-instagram-profili-za-site-onie-koi-naskoro-planiraat-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Wedded Wonderland

    rnОвој профил претставува вистинска база богата со различни содржини и свежи идеи: Од изглед како модна писта, до предлози за декорација и венчаници од невести кои само што кажале „да“.rnrn2-kje-uzhivate-6-instagram-profili-za-site-onie-koi-naskoro-planiraat-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

    2. Carats and Cake

    rnКако мрежа наменета за препорака на креативни тимови, фирми и поединци кои се занимаваат со организирање на венчавки и останатите делови (декорација, кетеринг, фотограф), Carats and Cake нуди најдобри идеи и најсвежи проверени соработници.rnrn3-kje-uzhivate-6-instagram-profili-za-site-onie-koi-naskoro-planiraat-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

    3. Style Me Pretty

    rnАко ги обожавате деталите, како и поголемиот дел од невестите, тогаш мора да го следите овој профил кој секојдневно ќе ви овозможува прекрасна инспирација која се однесува на сите мали и големи работи кои прават една венчавка да биде посебна.rnrn4-kje-uzhivate-6-instagram-profili-za-site-onie-koi-naskoro-planiraat-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

    4. Wedding Dream

    rnКога ќе започнете да го следите овој профил ќе имате чувство дека го имате целиот свет на дофат, бидејќи ќе ги видите најубавите моменти од венчавките кои доаѓаат од целиот свет.rnrn5-kje-uzhivate-6-instagram-profili-za-site-onie-koi-naskoro-planiraat-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

    5. BHLDN

    rnЉубителите на антропологијата ќе бидат опседнати со овој бренд, кој е инспириран од винтиџ естетика намена за невестите.rnrn6-kje-uzhivate-6-instagram-profili-za-site-onie-koi-naskoro-planiraat-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

    6. The Mrs. Box

    rnДодека технички овој профил продава само една работа – шик кутии за прстени, тој претставува и одлична инспирација која се однесува на сѐ – од цветови до тоа како треба да позирате на венчавката.rnrn7-kje-uzhivate-6-instagram-profili-za-site-onie-koi-naskoro-planiraat-venchavka-www.kafepauza.mk_

  • Поканети сте на свадба? Модни комбинации со чија помош ќе се издвоите од останатите гости

    Поканети сте на свадба? Модни комбинации со чија помош ќе се издвоите од останатите гости

    Ах да, наскоро започнува сезоната на венчавки. Доба од годината кога вашиот фрижидер станува потсетник за сите свадбени датуми, а вашиот гардеробер ви изгледа мал и досаден. Скоро целата гардероба сте ја облекле најмалку десетина пати, а поканите не престануваат да пристигнуваат. За малку да ви помогнеме и да ви ја олесниме потрагата за следната модна комбинација, избравме 9 идеи кои совршено ќе ви се најдат кога ќе дојде следната покана за венчавка.rn

    1. Молив миди здолниште + чипкаста кошула

    rn1-idei-za-modni-kombinacii-koi-treba-da-gi-zemete-vo-obyir-dokolku-ste-pokaneti-na-venavka-www.kafepauza.mk_ 2-idei-za-modni-kombinacii-koi-treba-da-gi-zemete-vo-obyir-dokolku-ste-pokaneti-na-venavka-www.kafepauza.mk_rn

    2. Панталони + пеплум кошула

    rn3-idei-za-modni-kombinacii-koi-treba-da-gi-zemete-vo-obyir-dokolku-ste-pokaneti-na-venavka-www.kafepauza.mk_ 4-idei-za-modni-kombinacii-koi-treba-da-gi-zemete-vo-obyir-dokolku-ste-pokaneti-na-venavka-www.kafepauza.mk_rnНа следната страница погледнете уште неколку предлози, а ќе останете воодушевени од прекрасниот спој на кроп топот и полното здолниште!rn

  • Моден стил или сосема друга приказна: Знаете ли зошто невестите носат вел на нивната венчавка?

    Моден стил или сосема друга приказна: Знаете ли зошто невестите носат вел на нивната венчавка?

    Сите ние слепо ги следиме традициите кои се врзани за венчавките, без навистина да го знаеме нивното потекло. Една од таквите традиции е и носењето вел на денот на венчавката. Потеклото на оваа традиција датира од времето на Римското Царство.rnrn1-moden-vkus-ili-sosema-druga-prikazna-znaete-li-zoshto-nevestite-nosat-vel-na-nivnata-venchavka-www.kafepauza.mk_rnrnТогаш, невестата од глава до пети била покриена со црвено платно кое го нарекувале „фламеум“, а целата на покривањето била таа да изгледа како да гори. Всушност, „запалената невеста“ на тој начин би требало да ги истера злите духови кои планирале да го уништат денот на нејзината венчавка.rnrnНо, тогашните долги платна и венчаници имале уште една цел, а тоа е да го отежнат бегството на невестата.rnrnКако што поминувале вековите, така велот имал различни задачи. Кога биле во прашање договорените бракови, невестата морала да носи вел сè додека не биле договорени условите, бидејќи се стравувало дека ако младоженецот ја види идната сопруга пред договорот и таа не му се допадне, можел да го одбие склопувањето на бракот.rn

    Статусен симбол

    rnИсто така, во многу религии велот е знак на понизност и почитување на божествата во текот на религиската церемонија. Но, во Викторијанската доба велот станал статусен симбол. Тежината, должината и квалитетот на велот ја означувале материјалната состојба на невестата. Секако, невестите од кралските семејства имале најдолги велови и венчаници. Велот се користел и за да го замагли видот на невестата. Затоа до олтарот морал да ја следи нејзиниот татко или некој друг за да ја „предаде“ на идниот сопруг, бидејќи во спротивно самата многу веројатно не би успеала да го изоди тој пат без застанување или удирање во нешто.rnrnИ како за крај, според суеверието, кое е познато и денес, се смета дека лоша среќа ќе го следи заљубениот пар, ако младоженецот ја види невестата пред церемонијата, па затоа и таа се крие под својот вел.

  • Креативни декоративни идеи поради кои ќе ги засакате зимските венчавки

    Креативни декоративни идеи поради кои ќе ги засакате зимските венчавки

    Многумина ќе кажат дека нема ништо поубаво од пролетните венчавки, но сепак мораме да признаеме дека има нешто волшебно и посебно во текот на зимските месеци. Зимата е време кое добро ги поднесува тешките материјали, декадентите украси и потемните теми, па поради тоа актуелните венчавки може да изгледаат посебно привлечно.rnrnrnrnМесеците во кои акцентот е ставен на затоплувањето со себе носат многу идеи. Кадифе, тартан, придушени нијанси, рустичен изглед, како и палета на кафеави, сини и металик нијанси и секако да не ја заборавиме класичната црвено-бела тема. Сите овие елементи совршено ќе се вклопат во зимската венчавка. На пример, доколку ви се допаѓа боемскиот стил, за време на зимата додајте металик елементи, со кои овој стил ќе добие доза на луксуз и ќе изгледа потопло. Во оваа тема добро ќе се вклопат и зелените и земјените тонови, и некои силни детали, најдобро во облик на цветови на масите.rnrn2-idei-poradi-koi-kje-gi-zasakate-zimskite-venchavki-www.kafepauza.mk_rnrnЗа вашата венчавка да добие рустичен изглед, треба да се користат дрвени елементи со зелени и црвени детали, а одлично ќе се вклопи и бар со топли зимски напивки, на пример топло чоколадо во кое секогаш можете да додадете малку рум. Оние што се грижат за природата сигурно ќе ја сакаат идејата за еколошки конфети кои најчесто се изработуваат од глутен и скроб, а може да се набават од Интернет.rn3-idei-poradi-koi-kje-gi-zasakate-zimskite-venchavki-www.kafepauza.mk_rnrnАко сакате гламурозна, но и воедно минималистичка венчавка, тогаш во палетата со бои вклопете разигран сјај. Чаршафите направени од сјајни снегулки ќе изгледаат прекрасно во склоп на елегантниот централен аранжман и белите столици. Ако сте пак љубител на романтиката, заедно со нежно розовите нијанси комбинирајте бела боја, винтиџ порцелан, злато, свеќи и слатки ламби. Во продолжение ви споделуваме неколку идеи од Пинтерест што ќе ве натераат да се заљубите во зимските свадби.rnrn4-idei-poradi-koi-kje-gi-zasakate-zimskite-venchavki-www.kafepauza.mk_ 5-idei-poradi-koi-kje-gi-zasakate-zimskite-venchavki-www.kafepauza.mk_rnrnПродолжете на следната страница за останатите слики…rn

  • 5 познати модни дизајнери советуваат: Како да ја пронајдете совршената венчаница?

    5 познати модни дизајнери советуваат: Како да ја пронајдете совршената венчаница?

    Без разлика колку го познавате вашиот вкус и стил, па дури и како сакате да изгледа вашата венчаница, факт е дека за прв пат избирате ваков вид свечен фустан. Затоа е сосема нормално да сте нервозни и загрижени. За да ви помогнеме во решавањето на оваа драма, ви ги пренесуваме светите на славните дизајнери на венчаници кои ќе ви ја олеснат оваа мачна потрага.rnrn1-5-poznati-modni-dizajneri-sovetuvaat-kako-da-ja-pronajdete-sovrshenata-venchanica-www.kafepauza.mk_rn

    Алберта Ферети

    rn

    „Првото правило кое треба да го почитува невестата, е да биде искрена кон себе. Секогаш би требало да се избегнуваат деталите како што се екстремен волумен или длабоки исечоци, а да се почитува личниот стил и фигурата на невестата. Локацијата или ентериерот на кој е венчавката, исто така треба да се земе предвид. Девојката која прави веселба во етно опкружување би требало да ги избегнува широките венчаници и да избере некоја со едноставни, чисти линии. Доколку е во прашање класична градска венчавка, особено ако еден дел од церемонијата се одвива во црква, моја препорака е велот да биде задолжителен детаљ, бидејќи тој е ефективно парче и остава одличен впечаток.“

    rn2-5-poznati-modni-dizajneri-sovetuvaat-kako-da-ja-pronajdete-sovrshenata-venchanica-www.kafepauza.mk_rn

    Џени Пекам

    rn

    „Понекогаш имам чувство дека изборот на венчаницата е подеднакво важен како и изборот на партнерот. Во прашање е голема одлука. Меѓутоа, добрата вест е тоа дека денес имате поголема понуда од кога било досега. Јас би ве советувала секогаш да изберете квалитетен производител, можеби ќе ве чини поскапо, но е побезбедно и ќе имате помали главоболки, кои се неизбежни во процесот на организирањето на венчавката и сите детали вклучени, каде што фустанот е дефинитивно најголемиот. Експериментирајте во текот на потрагата за фустанот, испробајте го она што инаку не би го облекле. Можеби ќе заблескате во венчаницата со боја на слонова коска, а не во стандардната бела боја. Дајте си време, опуштете се и испробајте различни облици и стилови, бидејќи често се случува совршено да ви прилега нешто што не би сте помислиле дека е возможно. Поведете ги вашите блиски пријателки со себе или членови од семејството, но најмногу слушајте се себе.“

    rn5-5-poznati-modni-dizajneri-sovetuvaat-kako-da-ja-pronajdete-sovrshenata-venchanica-www.kafepauza.mk_rnrnПродолжете на следната страница за останатите совети…rn

  • Брачен пар ја фотографира својата венчавка по 70 години, а љубовта е сѐ уште видливо присутна

    Брачен пар ја фотографира својата венчавка по 70 години, а љубовта е сѐ уште видливо присутна

    Во 1946 година, заљубените ученици Ферис и Маргарет Ромер стапиле во брак. За жал, никој немал камера, па тие не успеале да сочуваат ниту еден од прекрасните свадбени моменти. Сега, цели 70 години подоцна, нивната внука Аманда организирала фотосесија за да направат свадбени фотографии, за што во минатото не биле во можност.rnrnБрачен пар ја фотографира својата венчавка по одминати 70 години, а љубовта е сѐ уште присутнаrnrnМаргарет, која сега има 89 години, носи фустан со боја на лаванда, а и превез, додека пак Ферис, кој има 90 години, изгледа прекрасно во неговиот костум. Прекрасниот брачен пар бил фотографиран од страна на фотографот Лара Картер.rn

    „Можете да ја видите љубовта помеѓу нив на начинот на кој тие комуницираа еден со друг и се смееја заедно, како што заземаа различни пози“, изјавила Лара. „Тие се прекрасен пример за тоа како треба да изгледа бракот.“

    rnБрачен пар ја фотографира својата венчавка по одминати 70 години, а љубовта е сѐ уште присутнаrnrnПогледнете ја галеријата и видете дел од овие прекрасни свадбени моменти.rnrn

  • 86-годишна баба се венчала во прекрасен фустан што самата си го дизајнирала

    86-годишна баба се венчала во прекрасен фустан што самата си го дизајнирала

    86-годишната Мили Тејлор-Морисон неодамна се појавила во фустан што самата си го дизајнирала и со тоа ги шокирала сите. Невестата работела како модел пред повеќе од педесет години и очигледно е дека не ја изгубила магијата и нејзиниот шарм.rnrn86-годишна баба се омажила во прекрасен фустан кој самата си го дизајниралаrnrnНејзината внука, Кадија, ја фотографирала и ја објавила фотографијата на Фејсбук, каде што брзо се прославила и добила речиси 100.000 лајкови.rnrn86-годишна баба се омажила во прекрасен фустан кој самата си го дизајниралаrn

    „Таа пред една недела наполни 86 години, а нејзиниот сопруг ќе наполни 86 во декември“, вели Кадија. „Баба ми беше во брак со дедо ми 41 година кога тој умре. Таа повторно пронајде љубов речиси 25 години подоцна и нашето семејство не може да биде посреќно за неа.“

    rnМладоженецот, Харолд Морисон, ја познавал Нана Мили шест децении. Неколку години порано, Харолд сериозно се разболел, па двајцата се преселиле. Мили се грижела за него и кога Харолд оздравел, тие одлучиле да стапат во брак.rnrn86-годишна баба се омажила во прекрасен фустан кој самата си го дизајниралаrnrnПриемот се одржал во Њу Џерси. Прекрасната соба била осветлена со виолетови светла кои совршено го надополнувале фустанот на Мили.rnrn86-годишна баба се омажила во прекрасен фустан кој самата си го дизајниралаrnrn86-годишна баба се омажила во прекрасен фустан кој самата си го дизајнирала

  • 5 модни комбинации и додатоци што никогаш не треба да ги носите на свадба

    5 модни комбинации и додатоци што никогаш не треба да ги носите на свадба

    Кога сте поканети на венчавка, сигурно и вам една од потешките работи ви е да изберете што да облечете. Избирањето совршена облека може да биде истовремено и тешко и возбудливо, а постојат и неколку работи кои треба да ги земете предвид. За да ви помогнеме при вашиот нареден избор, ви прикажуваме 5 работи што треба да ги избегнувате кога одите на венчавка.rnrn5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавкаrn

    1. Бел фустан

    rnПо некое правило, белата боја е резервирана за невестата. Па, наместо тоа, белиот фустан оставете го за некоја друга прослава, а доколку уживате во светли бои, изберете крем или светло розова.rnrn5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавкаrn

    2. Новите шпицести чевли

    rnИако венчавките се шанса да се облечете убаво и свечено, сепак, запаметете дека треба да се чувствувате и удобно. Сигурно ќе играте поголемиот дел од времето, па доколку чевлите кои ги носите не ви одговараат, тогаш тоа може да ви претставува проблем. Затоа, или осигурете се дека тие ви се удобни така што претходно ќе ги носите, или пак од самиот почеток изберете поразумна комбинација.rnrn5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавкаrn

    3. Премногу проѕирна облека или длабоко деколте

    rnДури и ако првично мислите дека нешто ви стои добро кога се гледате пред огледалото, сепак, внимавајте да не покажувате повеќе отколку што треба. Не дозволувајте да бидете предмет на озборување на присутните гости.rnrn5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавкаrn

    4. Какво било парче облека кое не се совпаѓа со кодексот на облекување

    rnМожеби во вашиот плакар имате фустан кој едвај чекате да го носите на некоја свеченост, но, најпрво осигурете се дека тој одговара на кодексот на облекување. Доколку пак не сте сигурни која ви е најдобрата опција, долгиот фустан е секогаш одлична идеја.rnrn5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавкаrn

    5. Накит кој произведува звук

    rnДржете се настрана од алките кои постојано ќе произведуваат звук секогаш кога ќе се помрднете. Наместо тоа, изберете обетки кои совршено ќе ви прилегаат на вашата модна комбинација.rnrn5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавкаrnrnАко сѐ уште се двоумите при вашиот избор, панталоните се уште една одлична идеја за вас!

  • Овој маж се венчал со својот смартфон за да докаже важна поента

    Овој маж се венчал со својот смартфон за да докаже важна поента

    Она што се случува во Вегас, не останува секогаш во Вегас. Токму затоа и еден маж минатиот месец се венчал со својот смартфон во Градот на гревовите за да ја потенцира опседнатоста на општеството со потребата да се остане поврзан.rnrnОвој маж се венчал за својот смартфон за да ја докаже неговата поента за општествотоrn

    „Да бидеме искрени: Ние се поврзуваме со нашите телефони на толку многу емотивни нивоа. Се потпираме на нив кога сме осамени, потребни ни се за да нè смират, заспијат, да нѐ ослободат од негативните мисли и според мене, токму од овие работи треба да се состои една врска. Така што, до некаде врската со мојот смартфон била најдолгата врска што сум ја имал. Затоа решив да видам како е да се венчаш со телефон“, изјавил Ерон Червенак.

    rnЧервенак официјално „скокнал во тавче“ со неговиот сакан на 20-ти мај, и покрај тоа што бракот не е навистина признаен од страна на Невада, бидејќи не се смета за легален. Без разлика на тоа, тој се надева дека видеото од неговата малку нехристијанска церемонија ќе послужи како симболичен гест кој соодветно ја прикажува љубовта на општеството кон телефоните.rn

    „Се надевам дека мојата венчавка ќе биде прифатена како чин на симболичен гест кој покажува колку бесценето значење добиваат телефоните во нашите секојдневни животи и се надевам дека другите ќе си го постават истото прашање кое се однесува на врската што ја имаат со нивните телефони“, вели Червенак.

    rnПогледнете го следново видео кое ја прикажува оваа необична венчавка и ќе ве замисли дали овој потег е генијален или се граничи со лудост.rnrn

  • Уникатна венчавка инспирирана од Хари Потер која ќе ве остави без зборови!

    Уникатна венчавка инспирирана од Хари Потер која ќе ве остави без зборови!

    Кејси и Луис Бајром гордо тврдат дека не се нормален брачен пар, а тоа воопшто не е многу далеку од вистината. Двојката неодамна стапила во брак во Градската сала на Манчестер, а нивната тематска свадба инспирирана од приказната за Хари Потер ги оставила гостите счудоневидени!rnrnПриемот бил одржан во хотелот Мидленд во Манчестер и бил надополнет со сите можни детали: Од постери со затворениците од Азкабан, до чоколадни бомбици во стилот на златното топче „снич“.rnrnunikatna-venchavka-inspirirana-od-hari-poter-koja-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrnrnЗа да биде доживувањето уште пореалистично, на нивната свадбена церемонија се читало дел од Редот на Фениксот.rnrnПогледнете ги сите детали од оваа неверојатна свадба во волшебниот дух на приказната за малиот магионичар, по што со сигурност ќе посакате да сте биле дел од овој неповторлив настан!rnrn