КАФЕ ПАУЗА

Tag: венчавка

  • 10 личности кои не мора да ги поканите на вашата венчавка

    10 личности кои не мора да ги поканите на вашата венчавка

    Кого да поканите на вашата венчавка е одлука околу која поголемиот дел од младенците најчесто се расправаат. Треба ли да ги поканите роднините кои не сте ги виделе со години? Или пријателката со која комуницирате само преку Фејсбук? Ви откриваме 10 личности кои не мора да ги поканите на вашата венчавка.rnrn1-10-lichnosti-koi-ne-morate-da-gi-pokanite-na-vashata-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Најдобрата пријателка од средно со која денес ве врзува само еден лајк на Фејсбук

    rnМожеби во средно образование сте си позајмувале облека, сте спиеле една кај друга и со часови сте разговарале за момчиња, но ако вашата комуникација денес се сведува на повремен лајк на Фејсбук, таа пријателка не мора да ја поканите на вашата венчавка.rn

    2. Отуѓените роднини и пријатели

    rnОд некои роднини и пријатели сте оддалечени без некаква посебна причина, од други заради караница. Ако не можете да замислите да се венчате без присуство на таа личност можеби е време да ја контактирате и да ги закопате „секирите на војната“. Но, ако помислата на тоа повторно да стапите во контакт со таа личност во вас буди чувство на тешкотија наместо чувство на олеснување, избегнете какви било негативности и немојте да ја ставате на вашата листа со гости.rn

    3. Пријатели од пријателите на пријателите

    rnПонекогаш со таа личност се наоѓате во заедничко друштво, но ако таа личност не е некој со кој насамо би испиле кафе не морате да чувствувате обврска дека морате да ја поканите на вашата венчавка.rn

    4. „Пријателката“ која ве искористува

    rnАко имате „пријателка“ која ви се јавува само кога ѝ е потребно нешто и живее за да создава драма, подобро немојте да ја поканите на венчавката. Таа можеби ќе се навреди заради вашата одлука, но зарем ви е потребна таква пријателка воопшто во вашиот живот? Сочувајте ја столицата за пријателите и членовите од семејството кои искрено се грижат за вас.rnrn2-10-lichnosti-koi-ne-morate-da-gi-pokanite-na-vashata-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

    5. Колегите со кои не се гледате надвор од работното место

    rnНепишаното правило вели дека на венчавката треба да ги поканите само колегите со кои се гледате и надвор од работното време, односно колегите кои ви се и пријатели. Што се однесува до сите останати, не мора да чувствувате притисок дека сте обврзани да ги поканите на венчавката.rn

    6. Момчето на вашата братучетка со кого постојано раскинува

    rnВашата братучетка има момче со кое раскинала веќе неколкупати, па повторно се смирила? Кој знае во која фаза ќе биде до вашата венчавка, па воопшто не мора да се чувствувате виновни ако не го повикате нејзиното момче.rn

    7. Соседите

    rnАко тие соседи не би ги поканиле на вечера кај вас дома или вашите разговори траат онолку колку што ви е потребно да го почекате лифтот или да го фрлите ѓубрето, не мора да се двоумите околу тоа дали да ги поканите на венчавката или не.rnrn3-10-lichnosti-koi-ne-morate-da-gi-pokanite-na-vashata-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

    8. Роднини од трето, четврто, петто… колено

    rnМногумина од нас далечните роднини ги гледаат отприлика на секои 5 години (или поретко), на семејните собирања. Рака на срце, тие луѓе најверојатно не ги познавате добро, ниту ви се блиски, па денот на вашата венчавка може да помине и без нив.rn

    9. Поширокиот круг на семејни пријатели

    rnБез оглед на тоа дали ги познавате тие луѓе со години, без разлика дали станува збор за некогашни соседи или луѓе со кои сте оделе во училиште, ако со нив не разговарате со години, освен повремените кратки разговори кога ќе се сретнете во маркетот, не мора да ги повикате на венчавката.rn

    10. Секој кој не е среќен за вас

    rnВлегувањето во брак треба да го славите со луѓето кои ве сакаат и кои се среќни за вас. Личноста која не е среќна за вас не заслужува да ја повикате на вашата венчавка. На толку прекрасен и важен ден окружете се со луѓе со кои ќе се чувствувате сакано, опуштено и среќно.rnrnА, доколку вие добивте покана за свадба, тогаш погледнете ги овие модни комбинации со чија помош ќе се издвоите од останатите гости на свадбата.

  • За совршена венчавка: Ви ги откриваме најновите трендови во светот на тортите

    За совршена венчавка: Ви ги откриваме најновите трендови во светот на тортите

    Покрај изборот на венчаницата, одлуката за декорациите и резервирањето на фотограф, идните невести мора да пронајдат време и за избор на тортата. Бидејќи, најслаткиот дел од свадбата, после младенците, е свадбената торта. Исто како што се менува модата од сезона во сезона, така и свадбените торти ги следат новите трендови, а кои се актуелни за оваа сезона ќе дознаете во продолжение.rnrn1-za-sovrshena-venchavka-vi-gi-otkrivame-najnovite-trendovi-vo-svetot-na-tortite-www.kafepauza.mk_rn

    1. „Голи“ торти

    rnТортите без глазура и фондан биле омилен избор во изминатите сезони, а остануваат на врвот и во текот на оваа сезона. Можеби понекогаш изгледаат помалку раскошно, но и тоа како се примамливи, и за окото и за непцето. Голата торта со шумско овошје е совршен избор за венчавка во рустичен и бохо стил, додека украсената со цветови може добро да се вклопи и во класичните венчавки.rnrn2-za-sovrshena-venchavka-vi-gi-otkrivame-najnovite-trendovi-vo-svetot-na-tortite-www.kafepauza.mk_3-za-sovrshena-venchavka-vi-gi-otkrivame-najnovite-trendovi-vo-svetot-na-tortite-www.kafepauza.mk_rn

    2. Торта со карнери

    rnЕдна од најновите техники, кога се во прашање венчавките, овозможува правење брановидни текстури по површината на тортата. Може да се направат со фондан, но и со шлаг. Резултатот е лесна и прозрачна торта која одлично ќе се вклопи во нежната декорација.rnrn4-za-sovrshena-venchavka-vi-gi-otkrivame-najnovite-trendovi-vo-svetot-na-tortite-www.kafepauza.mk_5-za-sovrshena-venchavka-vi-gi-otkrivame-najnovite-trendovi-vo-svetot-na-tortite-www.kafepauza.mk_rn

    3. Металик глазура

    rnВо текот на целата година владеат металик парчиња облека на модната сцена, па овој тренд не ги заобиколи ниту свадбените торти. Голема предност е тоа што металик глазурите може да се вклопат во скоро секој стил, како и во секој амбиент. Ако ви е премногу целата торта да биде во металик нијанса, искористете го овој тренд на еден од катовите или само на деталите.rnrn7-za-sovrshena-venchavka-vi-gi-otkrivame-najnovite-trendovi-vo-svetot-na-tortite-www.kafepauza.mk_6-za-sovrshena-venchavka-vi-gi-otkrivame-najnovite-trendovi-vo-svetot-na-tortite-www.kafepauza.mk_rn

    4. Чипкани торти

    rnВистински избор за романтичните невести. Дополнителен плус – овој тренд овозможува да го копирате изгледот на чипката од вашата венчаница на тортата. Доколку се одлучите за ваква торта, не претерувајте со боите и држете се до неколку нијанси за подобро да го истакнете дезенот на чипка.rnrn8-za-sovrshena-venchavka-vi-gi-otkrivame-najnovite-trendovi-vo-svetot-na-tortite-www.kafepauza.mk_9-za-sovrshena-venchavka-vi-gi-otkrivame-najnovite-trendovi-vo-svetot-na-tortite-www.kafepauza.mk_rn

    5. Бела елеганција

    rnОвој нов тренд ја подигна белата торта на повисоко ниво. Тие се сѐ, само не едноставни – софистицирани и модерни кои на целата атмосфера ѝ даваат доза на елеганција. Во вистинска комбинација на облик, дезен, текстура и детали ќе добиете впечатлив десерт со кој ќе ги импресионирате гостите.rnrn10-za-sovrshena-venchavka-vi-gi-otkrivame-najnovite-trendovi-vo-svetot-na-tortite-www.kafepauza.mk_ 11-za-sovrshena-venchavka-vi-gi-otkrivame-najnovite-trendovi-vo-svetot-na-tortite-www.kafepauza.mk_

  • 5 подароци кои младенците не сакаат да ги добијат на својата венчавка

    5 подароци кои младенците не сакаат да ги добијат на својата венчавка

    Изборот на идеален подарок за младенците не е лесна задача. Иако многумина се одлучуваат за подарок во плик, голем е бројот и на оние кои сакаат да подарат „класични“ подароци. За да го олесниме вашиот избор, ви откриваме листа на подароци кои не би требало да им ги подарите на младенците.rnrn2-5-podaroci-koi-mladencite-ne-sakaat-da-gi-dobijat-na-svojata-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Подарок кој одговара само на едниот партнер

    rnСекогаш избирајте подароци кои ќе им се допаднат и на двајцата, односно избегнувајте поделба на невестата или младоженецот. Најдобар подарок е оној во кој младенците ќе можат заедно да уживаат. rn

    2. Подарок за кој младенците мора да издвојуваат пари

    rnИзбегнувајте компјутери или мобилни телефони со интернет претплата, но и други слични подароци за кои младенците во иднина ќе мораат да издвојуваат пари. Ако знаете дека сакаат токму таков подарок, пред венчавката договорете се со нив за сите детали и организирајте плаќање на рати кое ќе го исплатите вие.rn

    3. Подарок кој не одговара на животниот стил на младенците

    rnНесоодветниот подарок ќе испрати порака дека воопшто не го познавате парот или едноставно не сте се „подготвиле“ добро и не сте размислиле за тоа што ќе им подарите. Обрнете внимание на нивниот животен стил, какви активности сакаат, со што се занимаваат во слободното време и врз основа на тоа одлучете што ќе биде вашиот подарок.rnrn3-5-podaroci-koi-mladencite-ne-sakaat-da-gi-dobijat-na-svojata-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

    4. Подарок кој може да се „расипе“

    rnНе подарувајте подароци во кои сте додале каков било лесно „расиплив“ елемент како цвеќе или чоколадо. Постои голема шанса дека младенците нема да ги прегледаат сите подароци непосредно после венчавката, а ниту еден пар не сакат после медениот месец да ги дочека еден куп „ѓубре“.rn

    5. Подарок кој нешто инсинуира или испраќа „погрешна“ порака

    rnЗадолжително избегнувајте ги подароците кои на младенците им испраќаат каква било порака за нивната заедничка иднина. Ова особено се однесува на детската облека или каква било опрема за бебе. Дури и ако сакате да им го подарите тоа на шега, имајте на ум дека подобро е вашиот подарок да биде корисен.rnrnАко наскоро планирате венчавка, погледнете ги овие причини за венчавка во зима.

  • Прекрасна венчавка во Дизниленд ни докажува дека магијата сепак постои

    Прекрасна венчавка во Дизниленд ни докажува дека магијата сепак постои

    Многумина сонуваат за венчавка во светот на Дизни, но овој пар отишол еден чекор подалеку. Гилберт Хернандез и Сара Кабилинг на 8-ми септември се венчале во Дизниленд во Калифорнија, а целиот настан бил волшебен.rnrn(1)venchavka-vo-diznilend-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnГилберт и Сара ја оживеале нивната фантазија. Вистинската церемонија се одржувала на друго место, во чест на починатата баба на Сара. Но, забавата ја продолжиле и во Дизниленд.rnrn(2)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnВо Дизниленд бил првиот одмор на овој пар, и оттогаш го посетувале секоја година.rn

    „Сакавме со пријателите и семејството да ја споделиме магијата која ја чувствуваме кога сме во паркот“, изјавил Хернандез.

    rn(3)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnФотографот Џена Хендерсон, која прави фотографии инспирирани од бајките, ја овековечила и свадбата на Сара и Гилберт.rnrn(4)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnВо планирањето на свадбата помогнале и Disney’s Fairy Tale Weddings, па можеби поради ова целиот настан изгледа како од бајка.rnrn(5)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnНа церемонијата се појавиле и Мики и Мини.rnrn(6)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnКога завршил приемот, гостите биле поканети на огномет. Замислете во Дизниленд да направат огномет само за вас!rnrn(7)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnНа крај, Сара и Гилберт изнајмиле една од атракциите од филмот Приказна за играчките (Toy Story) и секој од гостите можел да се вози.rnrn(8)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnГилберт изјавил дека омилениот дел од целиот настан му бил кога Сара пристигнала со кочијата.rn

    „Бев преплавен со чувства и не можев да се воздржам. Во тој момент ништо друго не ми беше важно.“

    rnОвие двајца навистина го имале својот среќен крај како во бајките.rnrnАко пак сте љубители на Хари Потер, оваа венчавка ќе ве остави без зборови.

  • Важно и за младоженците: Зошто невестите носат син детаљ на својата венчавка?

    Важно и за младоженците: Зошто невестите носат син детаљ на својата венчавка?

    Нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино – е традиција до која и до ден денес на денот на венчавката се држат невестите. А, нешто сино има посебно значење кое е важно и за младоженците.rnrn1-vazhno-i-za-mladozhencite-zoshto-nevestite-nosat-sin-detalj-na-svojata-venchavka-www.kafepauza.mk_rnrnНешто старо го симболизира минатото на невестата, нешто ново е заедничката иднина со избраникот на нејзиното срце (и обично е подарок од младоженецот или некој член од неговото семејство), додека според традицијата нешто позајмено зема од некој кој е во среќен брак со надеж дека на тој начин среќата од таа личност ќе се пренесе и на невестата. Од друга страна, невестите често на денот на венчавката позајмуваат накит или украс за коса од својата мајка, баба или пријателка од сентиментални и слични причини.rnrnНешто сино има посебно значење кое е важно и за младоженецот – синиот детаљ симболизира верност и вечна љубов.rnrnИако овие верувања датираат од далечното минато, сепак убаво е невестата во својот изглед да вклучи некој син детаљ, како што се сини подвезици или украсна лента на букетот.rnrnЗад многу свадбени ритуали постојат скриени значења и објаснувања, па еве зошто невестата го фрла букетот на венчавката?

  • 7 одлуки кои треба да ги донесете веднаш после вашата веридба

    7 одлуки кои треба да ги донесете веднаш после вашата веридба

    Веридбата е еден прекрасен и возбудлив момент во кој треба апсолутно да уживате. Но, истовремено оние што го преземаат овој чекор знаат да се најдат под голем стрес, бидејќи е време да ја планираат иднината и нивниот заеднички живот, а многумина не знаат од каде да почнат. За да го избегнете ова, ви откриваме 7 работи за кои треба да почнете да размислувате веднаш после вашата веридба.rnrn1-7-odluki-koi-treba-da-gi-donesete-vednash-posle-vashata-veridba-www.kafepauza.mk_rn

    1. Туѓи мислења кои се важни за вас и за вашиот партнер

    rnОд оној момент кога ќе се верите, многу луѓе во вашиот живот ќе имаат одредени мислења и сопствени предлози за вашата венчавка. Па затоа, веднаш одлучете чии мислења ќе ви бидат важни и чии совети ќе сакате да ги послушате, бидејќи колку повеќе одложувате и колку повеќе луѓе слушате, толку повеќе ќе бидете под поголем, непотребен стрес.rn

    2. Граничен буџет за вашата венчавка

    rnНе морате веднаш после веридбата да седнете и да разговарате за точниот износ за венчавката и прецизно да одредите колку пари ќе одвоите за овој важен ден. Но, морате да се сложите барем за некоја гранична бројка. Би било добро да разговарате и со родителите и да ги прашате дали можат финансиски да ви помогнат. Исто така, веднаш подгответе и тетратка за планирање, бидејќи ќе размислувате за голем број детали, па најдобро е да ги запишувате за да не ги заборавате.rnrn2-7-odluki-koi-treba-da-gi-donesete-vednash-posle-vashata-veridba-www.kafepauza.mk_rn

    3. Точен датум за вашата венчавка

    rnКолку побрзо ќе се одлучите за датумот на венчавката, толку полесно ќе ви биде. Тогаш ќе можете остатокот од планирањето да го прилагодите според тоа и поедноставно ќе донесувате одлуки за она што го сакате на вашата венчавка. Земете предвид дека сезоната на венчавки трае од мај до септември, што значи дека тогаш поголемиот дел од работите ќе бидат поскапи, а некои локации однапред резервирани. Но, од средината на октомври до крајот на април, шансите дека ќе потрошите помалку пари се поголеми, како и фактот дека ќе имате поголем број опции кога ќе избирате локација за вашата венчавка.rn

    4. Најважни нешта на денот на венчавката

    rnПред да почнете со официјалното планирање, договорете се околу тоа што ви е најважно. Односно, дали ваш приоритет ќе биде квалитетната храна, атмосферата во текот на венчавката или пак, фустанот. Нема вистински или погрешен приоритет, само е важно вие и вашиот партнер целосно да се согласувате околу тоа што ќе ви биде најважно на денот на венчавката.rn

    5. Граничен број на гости кои сакате да ги повикате

    rnВажно е уште на почетокот да го знаете граничниот број на гости. Поточно, дали сакате голема венчавка или интимна прослава со најблиските. Тоа ќе ви го олесни самиот почеток на планирањето, бидејќи според бројот на гостите ќе ја барате и соодветната локација. Кога официјалното планирање ќе започне, тогаш можете да одлучите и за точниот број гости, односно кого сакате да повикате, а кого не.rnrn3-7-odluki-koi-treba-da-gi-donesete-vednash-posle-vashata-veridba-www.kafepauza.mk_rn

    6. Локација за прославата

    rnНе можете да започнете да барате локација додека не одлучите каков вид свадба сакате. Сепак, првиот чекор за планирање венчавка е пронаоѓање идеална локација. Постојат многу опции, но сигурно не сакате да трошите време за разгледување на оние кои со сигурност нема да ги изберете за вашата венчавка.rn

    7. Договор за трајно место на живеење

    rnУште една голема животна одлука за која би требало да размислувате е и местото на живеење. Или пак, за заедничкиот живот доколку не сте живееле заедно. Младите парови честопати немаат целосно решение за местото на живеење, односно би било добро да одлучите за тоа пред да започнете официјално да ја планирате вашата венчавка.rnrnДоколку планирате венчавка, а немате многу идеи и инспирација, погледнете ги овие Инстаграм профили кои се наменети за оние кои наскоро планираат венчавка.

  • Валкано розова, боја што ќе ги одбележи венчавките во наредните месеци

    Валкано розова, боја што ќе ги одбележи венчавките во наредните месеци

    Нијансите на розова боја отсекогаш биле актуелни на свечените случувања и манифестации. Од бледо розова, топло розова, пудресто розова, па сѐ до валкано розова која стана вистински тренд за венчавките во 2017-та година. Интернетот и социјалните мрежи се преплавени со идеи за венчавки на кои сѐ е во знак на валкано розовата боја и бојата на месо.rnrn1-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_rnrn rnrnБидејќи венчавката е бајковит и нежен настан, токму поради тоа воопшто не сме изненадени. За вас е најважно тоа да биде боја која и обично ја преферирате, и во која се чувствувате добро. Сѐ останато оваа боја ќе го направи сјајно. Инспирирајте се со фотографиите кои ги избравме и осмислете ја вашата совршена венчавка.rn

    1. Цвеќе

    rnВалкано розовата е особено добар избор ако се венчавате во текот на пролетта или летото, бидејќи одлично се вклопува во опкружувањето, природата и романтиката. Пронајдете цвеќе во розова боја и спојте го со цвеќе во борда и бела боја. Зеленилото, дрвата, реката или езерото само ќе го засилат идеалниот призор.rnrn2-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_rn

    2. Венчаница

    rnВалкано розовата венчаница од тул е вистинскиот избор за урбана жена која не се потпира на традицијата и класиката. Сребрената дијадема е задолжителен детаљ за долгата, брановидна коса. Немојте да ја комбинирате валкано розовата боја со силни и контрастни бои како што е црната, за да не го уништите целокупниот впечаток.rnrn3-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_rn

    3. Деверици и кума

    rnНајдобрите другарки мора да ѝ покажат солидарност на невестата и да изберат лелеави фустани во пастелни бои! Немојте да заборавите дека насмевката на лицето е најубавиот аксесоар којшто можете да го понесете.rnrn4-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_rn

    4. Декорација на ентериерот

    rnЛивчињата расфрлете ги на патот кон олтарот, а како декорација изберете розови завеси, салвети и свеќи, затемнето светло и магијата може да започне!rnrn5-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_rn

    5. Костумот за младоженецот

    rnА доколку имате храброст, заменете ги улогите! Кој вели дека младоженецот не може да носи розов костум и притоа да изгледа феноменално? Поиграјте си со боите и личниот стил, бодејќи ова е само ваш ден!rnrn6-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_

  • Зошто невестата го фрла букетот на венчавката?

    Зошто невестата го фрла букетот на венчавката?

    Еден од задолжителните моменти на многу венчавки е оној кога невестата го фрла својот букет преку раменици, а се верува дека на девојката што ќе го фати, ќе ѝ донесе среќа во љубовта и таа ќе се венча следна. Корените на овој обичај потекнуваат од далечното минато кога се верувало дека невестата донесува среќа, што всушност важи и денес, но не во толкави размери.rnrn1-zoshto-nevestata-go-frla-buketot-na-venchavkata-www.kafepauza.mk_rnrnВсушност, пред стотина години се сметало за среќа да се допре невестата, а уште поголема среќа ако гостите успеат да скинат парче од венчаницата или велот. За да избегнат да ги допираат и да им ја кинат венчаницата и велот, невестите започнале да ги фрлаат своите букети за да го одвлечат вниманието од себе и да ги поттикнат гостите да го фаќаат цвеќето наместо неа.rnrnЗа среќа на невестите, гостите со воодушевување го прифатиле фаќањето на букетот за кој, исто така, се верувало дека носи среќа во љубовта, односно се очекувало дека личноста која ќе го фати букетот е идната за брак. Благодарение на овој лукав трик, обичајот за допирање на невестата и нејзината венчаница изумрел, а гостите сфатиле дека можат мирно да чекаат кога таа ќе го фрла букетот, а тоа набрзо станало неизоставен дел од венчавката.rnrnПрочитајте и зошто невестата стои од левата страна на младоженецот. Причината не е воопшто романтична!

  • Волшебна венчавка инспирирана од ТВ серијата „Игра на тронови“

    Волшебна венчавка инспирирана од ТВ серијата „Игра на тронови“

    Доколку сте фанови на оваа ТВ серија, тогаш сигурно знаете дека во „Игра на тронови“ (Game of Thrones) нема многу успешни венчавки. Сепак, тоа не значи дека невестите и младоженците не можат го искористат овој неверојатен свет богат со фантастични елементи како инспирација за прославата на денот кога ќе си го кажат судбоносното „Да“.rnrnВолшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“rnrnФотографката Кејти Ли од Katherine Elena Photography се погрижила за прекрасните фотографии од оваа венчавка која се одржала во замокот Смитмор во Северна Каролина.rnrnВолшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“rnrnНевестата Остин Тејлор Мони одлично ја одиграла улогата на Денерис Таргариен, а и Кортни Еделман успешно успеала да го долови ликот на Санса Старк. Исто како и хероините од серијата, така и овие дами изгледаат прекрасно и „опасно“.rnrnВолшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“rnrnВолшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“rnrnМеѓутоа, организаторите на свадбата отишле малку подалеку и донеле вистински волк за да го направат целото искуство уште понезаборавно.rnrnВолшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“rnrnВолкот се викал Ривер и бил донесен од засолништето Full Moon Farm Wolfdog, непрофитна организација која се грижи за волци. Мора да признаеме дека и Ривер одлично ја игра улогата на страшниот волк.rnrnВолшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“rnrnПродолжете на следната страница за да ги видите сите детали од оваа неверојатна венчавка…rnrn

  • Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

    Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

    Тешко е да се планира свадба, а уште потешко е кога невестата решила да го каже судбоносното „Да“ во водите на Карипското Море. Сузана Замос и младоженецот Џовани, кои живеат во Бостон, го одбрале совршеното место за да ја одржат нивната венчавка во ноември 2016 година. На почетокот, многумина се сомневале во остварувањето на нивната венчавка од соништата.rnrnСвадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Мореrn

    „Имавме свадбен планер кој ни кажа ’Не! Не можете да го направите тоа! Премногу е комплицирано!’“, открива Сузана.

    rnСвадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското МореrnrnИдниот брачен пар само што не се откажал од идејата, кога свадбените фотографи од „Del Sol Photography“ ги охрабриле да продолжат со нивните планови.rn

    „Идејата да се одржи цела свадбена церемонија во вода е неверојатна. Можев да ги замислам прекрасните фотографии. Кога друг пат ќе добиете шанса да фотографирате венчавка во океан, со даска за сурфање и олтар?!“, изјавил Сол Тамарго, главниот фотограф.

    rnСвадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското МореrnrnВо Козумел, Мексико, парот заедно со нивните 100 гости биле однесени со помош на два брода и јахта до песочникот кој се наоѓал сред Карипското Море.rnrnСвадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското МореrnrnСузана носела розова венчаница на денот на свадбата иако имала вкупно 5 фустани.rnrnСвадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското МореrnrnФотографите целосно ги прифатиле предизвиците што им ги наметнала ваквата необична венчавка во вода и користеле дрон за да направат прекрасни снимки од поголема височина, а самиот Тамарго направил фотографии со голем подводен фотоапарат.rnrnСвадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Мореrn

    „Фотографирав од бродот и потоа скокнав во вода со опрема за нуркање“, открил Тамарго.

    rnТимот бил составен од вкупно 8 фотографи, видеографи и управувачи на дрон. Сите заедно помогнале да се овековечи овој посебен ден со помош на три подводни фотоапарати, две обични камери и дрон.rnrnСвадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското МореrnrnНевестата која себеси се нарекува „сирена“ открила дека денот не можел да помине посовршено.rn

    „Отсекогаш сум ја сакала водата. Обожавам да нуркам и имав среќа да пораснам со базен во градината, а и морето не ми беше многу далеку. Моите најсреќни денови секогаш биле под вода“, објаснила Сузана.

    rnСвадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското МореrnrnКоја девојка не би посакала да се претвори во сирена макар на еден ден?!rnrnСвадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското МореrnrnВо продолжение погледнете го и видеото од неверојатната свадба на сирената Сузана и Џовани…rnrn