КАФЕ ПАУЗА

Tag: венчавка

  • Девојка му приредила интересна шега на нејзиното момче на денот на свадбата

    Девојка му приредила интересна шега на нејзиното момче на денот на свадбата

    Венчавките не се само најзначајниот момент од животот, туку и најстресниот. Кога забележала дека нејзиното момче не се чувствува најдобро, Хајди Жерелиев одлучила да се пошегува со него за да му го подобри расположението.rnrnДевојка му приредила интересна шега на нејзиното момче на денот на свадбатаrnrnШтом Вал, момчето на Хајди се свртел да ја види својата невеста за прв пат, пред него не стоела таа, туку нејзиниот брат Ерик.rnrnДевојка му приредила интересна шега на нејзиното момче на денот на свадбатаrn

    „Сопругот беше навистина изненаден што го виде Ерик наместо мене. За среќа тој се навикна на овие шеги од моето семејство.“

    rnДевојка му приредила интересна шега на нејзиното момче на денот на свадбатаrnrnХајди исто така признала дека шегата била интимен момент помеѓу младите момче и девојка, фотографот, Ерик и еден пријател, бидејќи никој од гостите не знаел за настанот сè додека приказната не се прославила.rnrnДевојка му приредила интересна шега на нејзиното момче на денот на свадбатаrnrnДевојка му приредила интересна шега на нејзиното момче на денот на свадбатаrnrnРеакцијата на момчето е фатена од страна на фотографот Никол Клин.rnrnДевојка му приредила интересна шега на нејзиното момче на денот на свадбатаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 традиции од британската кралска венчавка

    10 традиции од британската кралска венчавка

    Британските кралски венчавки следат многу традиции кои се развивале со текот на времето. Нивните венчавки се запишуваат во историјата. Па, погледнете кои се најважните правила и традиции што се следат за време на овие церемонии.rn

    1. Дозвола за стапување во брак

    rn10 традиции од британската кралска венчавкаrnrnПрвите 6 наследници на тронот мораат да побараат дозвола од кралицата за да се венчаат. На 14-ти март кралицата Елизабета го одобри бракот помеѓу принцот Хари и Меган Маркл и напиша писмо со кое го потврдува тоа.rn

    2. Прстенот на невестата треба да биде направен од велшко злато

    rn10 традиции од британската кралска венчавкаrnrnОваа традиција потекнува од 1923-та година кога прстенот на мајката на Елизабета бил направен од вакво злато. Рудниците за злато во Велс се истрошени, па навистина е тешко да се најде. Поради ова велшкото злато е многу поскапо. Прстените на Елизабета, Дијана, Кејт и Камила биле направени од овој метал. Хари го добил прстенот на Меган од кралицата кратко по веридбата.rn

    3. Букет на гробот на непознатиот воин

    rn10 традиции од британската кралска венчавкаrnrnНаместо да го фрла букетот, невестата го поставува на гробот на непознатиот воин во Вестминстер Аби во Лондон. Мајката на Елизабета била првата која го направила ова во чест на војниците и нејзиниот брат Фергус кои загинале во Битката на Лус во 1915-та година.rn

    4. Официјален семеен портрет

    rn10 традиции од британската кралска венчавкаrnrnОфицијалната фотосесија е уште една традиција. Обично се први помеѓу церемонијата и венчавката. Првиот британски монарх кој го направил ова бил кралот Едвард VII. Принцот Хари и Меган Маркл го одбрале Алекси Лубомирски, еден од најпознатите модни фотографи.rn

    5. Момчето носи воена униформа

    rn10 традиции од британската кралска венчавкаrnrnМажите од британското кралско семејство мораат да служат војска. Сите имаат и титула. Според традицијата, тие се венчаваат во нивните униформи носејќи ги медалите што ги освоиле.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 9 знаци дека не треба да брзате со стапување во брак

    9 знаци дека не треба да брзате со стапување во брак

    За паровите кои веќе се вериле или живеат заедно, а венчавката е на повидок, важно е да ги средат сите аспекти на врската пред, а не откако ќе застанат пред олтарот. Наместо слепо планирање на свадбата, добро е да се инвестира во врската, но и да се направи ревизија на минатото и можните сценарија од иднината за партнерите да бидат сигурни дека се со вистинската личност. Токму затоа и ги издвојуваме советите од терапевтите за брак и семејство кои ни ги откриваат најчестите знаци што укажуваат на тоа дека не треба да се брза со ставање потпис кај матичар.rnrn9 знаци кои кажуваат дека не треба да брзате со стапување во бракrn

    1. Партнерот често им дава предност на другите наместо вам

    rnСте забележале дека откажува договори во последен момент, не го цени вашето време или им дава простор и на не толку важни нешта во периодот што сте го договориле само за вас? Можеби биле само неколку такви моменти, но ако почнува да станува често и премногу очигледно, многу е веројатно дека врската веќе не е меѓу најважните приоритети.rn

    2. Комуникацијата ви е лоша и безлична

    rnНаместо да имате продуктивни разговори во врска со заедничкиот живот, вашиот партнер ги избегнува или пак, многу се противи? Комуникацијата е движечка сила на сите меѓусебни човечки односи, па така и на бракот. Доколку не можете да разговарате за потешки теми, особено од областа на семејниот живот, тогаш најмалку еден од вас не е подготвен на големиот чекор.rnrn9 знаци кои кажуваат дека не треба да брзате со стапување во бракrn

    3. Некој од вас изневерил во текот на врската

    rnДоколку вакво нешто се случило во минатото, добро е да се разгледаат причините и околностите пред да се прости неверството. Понекогаш навистина неверство се случува само еднаш и тоа често во афективна состојба, но ако имате информација дека често се повторува, тогаш дефинитивно не е време за брак. Истото важи и доколку вие сте биле партнерот кој изневерил.rn

    4. Веќе не зборувате за секс

    rnАко не разговарате за сексот, нема да дојдете до тоа да кажете што ви се допаѓа, а што не, ниту пак што ви пречи или што сакате да подобрите. Ако партнерот категорично одбива да се вклучи во ваков разговор, тогаш е сигурно дека истото ќе се случува и откако ќе си кажете „Да“ еден на друг.rnrn9 знаци кои кажуваат дека не треба да брзате со стапување во бракrn

    5. Имате проблем со зависност

    rnОвој проблем не секогаш го расипува заедничкиот живот, особено ако партнерот има контрола врз тоа што го прави. Секогаш можете да разговарате и да го замолите да намали или да прекине со тоа што му штети. Но, доколку самиот партнер одрекува дека има проблем, истиот тешко би се решил во следните години, а можеби и до крајот на живот.rn

    6. Ако неодамна сте имале некаква значајна животна случка или пресврт

    rnДоколку вашиот партнер изминатиот период доживеал болест (своја или на близок), смрт на член од семејството, нова работа или селење во подалечно место, тогаш и двајцата треба да го преиспитате временскиот план. Понекогаш е добро да се одложи свадбата додека нештата дојдат на свое место.rn

    7. Сака да ве контролира и е избувлив

    rnСите имаме лоши денови и не секогаш сме најдобрата верзија од себе. Сепак, ваквата раздразливост и избувливост треба да се надмине. Доколку, пак, овие карактеристики се дел од секојдневното однесување на вашиот партнер, многу е веројатно дека и во бракот ќе сака да ја има контролата над вас, но и дека ќе има емотивни избувнувања кои сигурно нема да ви се допаднат.rnrn9 знаци кои кажуваат дека не треба да брзате со стапување во бракrn

    8. Има сериозно ментално нарушување

    rnСтресот што се појавува при планирање на венчавка може сериозно да влијае врз менталното здравје на парот. Доколку еден од партнерите се соочува со тешко нарушување, неопходно е плановите да се одвиваат со помал интензитет, без притисоци и без предизвикување ситуации кои може да ја влошат состојбата. Исто така, колку и да звучи грубо, партнерот сериозно треба да размисли дали ќе може да се носи со состојбата на брачниот другар и понатаму во животот.rn

    9. Имате тајни еден пред друг

    rnБез разлика дали се работи за некоја ситница или пак за криење на вистината за важна работа, тоа ја руши константноста на врската. Понекогаш се нијанси во прашање за тоа дали некоја лага била кажана за да се заштити партнерот додека нештата да се средат или за да се скрие нешто сериозно и другиот да живее во некаква заблуда. Споделувањето на тајните често ја става врската на тест, па ако го поминете, тогаш можете да продолжите со планирање на следниот чекор. Но, доколку и двајцата сте влезени во мрежа на лаги, тогаш треба да се запрашате и дали воопшто треба да продолжи вашата врска.rnrnНема потреба од брзање: Науката открива и дека најдобро е да се има деца на 35-годишна возраст!

  • Неодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутриња

    Неодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутриња

    Беки и Џон ја планирале својата венчавка кога еден човек објавил на Фејсбук дека бара дом за семејство кутриња што ги нашол во дворот на соседот. Беки и Џон ја виделе објавата и решиле да го прифатат предизвикот.rnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnНајпрво, посвоиле само 2 кутриња и ги крстиле Пени и Печ. Кутрињата биле толку мали што не можеле да седат дома сами. Беки и Џон морале да отпатуваат за да набават некои работи за нивниот меден месец, па ги понеле кучињата со себе.rnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnПотоа, посвоиле уште 3 кутриња од семејството, Роли, Лаки и Фреклес. Кога Беки и Џон ги учеле кутрињата како да преминат од млеко на храна за кучиња, тие толку многу се валкале што морале да ги бањаат секогаш кога ќе јаделе, неколку пати дневно. Вистински хаос!rnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnБеки и Џон ги посвоиле сите кучиња кога се вселиле во својот нов дом. Воопшто не се двоумеле дали да ги вклучат нивните кутриња во големиот ден. Кому му требаат букети кога можете да имате мали кутриња?!rnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnСите кутриња го нашле својот дом веднаш по свадбата на Беки и Џон. Семејствата кои биле заинтересирани да ги посвојат кутрињата, поднеле апликации и препораки, вклучувајќи и препораки од нивните ветеринари.rnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnПеч го нашол својот дом кај тетка му на Џон, па затоа брачниот пар може да го посетува.rnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnБеки цврсто верува дека сите тие непрестајни прегратки што ги добивале кутрињата додека ги чувале, ќе ги претворат во прекрасни кучиња!rnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnНеодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутрињаrnrnДоколку сакате да погледнете уште една необична венчавка, видете ја оваа невеста која немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици.

  • 24 смешни и неочекувани свадбени фотографии

    24 смешни и неочекувани свадбени фотографии

    Подготвување со недели, мали и големи проблеми, пари и многу радост – ова е рецептот за речиси секоја венчавка. За да биде уште подобра, потребен ви е малку хумор и малку лудило… исто како на хероите на овие фотографии. Погледнете ги овие интересни фотографии од венчавки на кои не одело сè по план.rn

    „Мојот пријател имаше тежок почеток на неговата венчавка“

    rn24 смешни и неочекувани свадбени фотографииrn

    Никогаш немојте да скокате со вакви фустани

    rn24 смешни и неочекувани свадбени фотографииrn

    Девојчето се сомнева

    rn24 смешни и неочекувани свадбени фотографииrn

    Кога ќе ви стане јасно дека не припаѓате на настанот…

    rn24 смешни и неочекувани свадбени фотографииrn

    „Речиси го изгубив окото од конфетите на мојата венчавка“

    rn24 смешни и неочекувани свадбени фотографииrn

    „Мојата пријателка се венча на Ноќта на вештерките“

    rn24 смешни и неочекувани свадбени фотографииrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 8 работи од кои треба да се откаже Меган Маркл откако ќе се венча со принцот Хари

    8 работи од кои треба да се откаже Меган Маркл откако ќе се венча со принцот Хари

    Животот на Меган Маркл драстично ќе се промени. Иако овие промени може да изгледаат како од бајка, некои од нив се навистина тешки. Можеби венчањето со принц е остварување на сон, но ова не значи дека Меган нема да жртвува ништо. За разлика од Кејт Мидлтон која пораснала во Англија, Меган доаѓа од сосема различна држава со различна култура. Ова се работите од кои таа ќе треба да се откаже.rnrn8-raboti-od-koi-kje-treba-da-se-otkazhe-megan-markl-po-venchanjeto-so-princot-hari-kafepauza.mkrn

    1. Социјални мрежи

    rnКралското семејство не е активно на социјалните мрежи. Иако имаат официјални профили, тие не се лично нивни. Целта на ова е да се зачува нивниот углед и да се заштити нивната приватност.rn

    2. Државјанство

    rnПо венчавката, Меган ќе живее во Англија и ќе добие англиско државјанство. Сепак ќе има право да аплицира за двојно државјанство и да го задржи она од САД.rn

    3. Едно од нејзините кучиња

    rnОва е можеби најтажната промена. Иако ќе може да го земе едното куче со неа, ќе мора да го остави другото бидејќи е премногу старо за селење.rn

    4. Нејзината кариера

    rnМаркл се прослави со улогата во серијата „Костуми“ (Suits). Сега таа ќе треба да се збогува и со серијата и со нејзината кариера како актерка. Да се биде принцеза е работа со полно работно време.rn

    5. Нејзиниот веб-сајт

    rnНеодамна Меган го затвори својот блог „The Tig“ по 3 години работа на него. Како збогување со своите читатели таа напишала:rn

    „Она што започна како проект од страст еволуира во неверојатна заедница од инспирација, поддршка и забава. Ми ги направивте деновите поубави и го исполнивте ова искуство со многу радост.“

    rn

    6. Нејзината линија облека

    rnНе секој знае дека Меган има дизајнирано облека со компанијата „Reitmans“. Откако ќе стане член на кралското семејство, ќе треба да се откаже и од ова хоби.rn

    7. Не може да биде политички активна

    rnПретходно Меган била активна во полето на политиката и социјалните проблеми. Сега таа ќе треба да се откаже од нејзината добротворна работа со Обединетите Нации, како и од нејзината улога во организациите „World Vision Canada“ и „One Young World“.rn

    8. Нејзината титула

    rnОва можеби е дел од бајката. Кога ќе стане дел од монархијата, таа ќе добие своја формална титула. Луѓето ќе ѝ се обраќаат или со Нејзиното кралско височество принцезата од Велс, или Војвотката од Сасекс.rnrnАко ве интересира нешто повеќе за Меган Маркл, прочитајте ги и нејзините 6 правила за здрав живот.

  • Невестите признаа: 10 грешки на венчавката заради кои најмногу жалиме!

    Невестите признаа: 10 грешки на венчавката заради кои најмногу жалиме!

    Планирате венчавка? За да им ја олесниме организацијата на идните невести на овој важен ден и да им помогнеме да не ги направат истите грешки, жените кои веќе ја имале својата венчавка ни открија заради кои 10 работи најмногу жалат.rnrn1-nevestite-priznaa-10-greshki-na-venchavkata-zaradi-koi-najmnogu-zhalime-www.kafepauza.mk_rn

    1. „Сметката за цвеќето се дуплира преку ноќ“

    rnИли сметката за музика, храна, или некоја друга услуга. Заради неочекуваните промени некои невести се соочиле со трошоци за венчавката на кои не сметале. И веднаш добиле главоболка!rn

    2. „Не ѝ дозволив на мојата мајка да ги изрази своите чувства на мојата венчавка“

    rnНевестите често сакаат да го избегнат „изливот на емоции“ на венчавката без разлика дали е тоа од страна на родителите или од некоја друга драга и блиска личност. Некои се плашат дека ќе се расплачат и така ќе ја уништат шминката или дека заради тоа денот нема да биде совршен. Меѓутоа, некогаш изразувањето на најскриените и најдлабоките чувства е токму она што го прави тој ден совршен.rn

    3. „Пред венчавката не разговарав со партнерот за тоа како нашата врска ќе се промени после влегувањето во брак“

    rnНа денот на венчавката многу невести ги „удира“ сознанието дека со влегувањето во брак односот со партнерот би можел да се промени и дека досега не разговарале за важните теми.rnrn2-nevestite-priznaa-10-greshki-na-venchavkata-zaradi-koi-najmnogu-zhalime-www.kafepauza.mk_rn

    4. „Жалам што за организирање на венчавката не инсистирав на деталите“

    rnОрганизирањето на венчавката бара многу време и трпение и на тоа секоја невеста мора да биде подготвена. Во спротивно, може да се случи да не го добие она што го сакала, на пример, соодветна фризура што и тоа како може да ѝ го расипе овој важен ден.rn

    5. „Требаше да замолам други луѓе да ми помогнат околу организирањето на венчавката“

    rnНикој не очекува дека невестата целиот товар за организирање на венчавката ќе го преземе на себе. Луѓето кои се грижат за вас сигурно ќе сакаат да ви помогнат во тоа. Токму затоа и се овде – за вашиот живот и вашиот посебен ден да го направат помалку стресен.rn

    6. „Жал ми е што на својата венчавка не пробав скоро ништо од храната“

    rnМногу невести заради возбудување и трема немаат апетит и го пропуштаат уживањето од свадбената трпеза. Невести, опуштете се и уживајте во фината храна, бидејќи славите еден од најважните денови во вашиот живот.rn

    7. „Жалам што им дозволив на другите премногу да се мешаат во организирањето на мојата венчавка“

    rnПомошта е секогаш добредојдена, но за некои работи, на пример распоредот за седење на гостите во салата, последниот збор секогаш би требало да го имаат младенците.rnrn3-nevestite-priznaa-10-greshki-na-venchavkata-zaradi-koi-najmnogu-zhalime-www.kafepauza.mk_rn

    8. „Жал ми е што инсистирав на тоа сѐ да биде совршено“

    rnНема смисла да се обидувате да ги задоволите сите и да инсистирате венчавката да биде совршена, бидејќи тоа е невозможно. Едноставно оставете денот да тече наместо постојано да сте нервозни и да се грижите дали сѐ ќе помине онака како што сте замислувале.rn

    9. „Жал ми е што не побарав професионална помош околу организирањето на венчавката“

    rnАко можете да си го дозволите тоа, ангажирањето на професионален организатор за венчавки е секогаш добредојдено. Особено заради промените кои може да се случат во последен момент, а со кои не сакате да ја оптоварувате вашата мајка или кума кои и онака имаат други обврски.rn

    10. „Жал ми е што заборавив која е всушност суштината на сето ова“

    rnПреплавени со сите обврски, грижејќи се за гостите и сто други работи, невестите често забораваат дека венчавката всушност е почеток на преданост на другата личност за цел живот. Обред на преминување во новиот живот. Ако на венчавката и не биде сѐ по планот, на вас и вашиот брачен партнер ќе ви даде само материјал за смеа (или солзи) во заедничките години кои се пред вас.rnrnПогледнете кои се најголемите грешки што ги прават сите штотуку венчани парови.

  • Зошто невестата и младоженецот меѓусебно се хранат со торта на венчавката?

    Зошто невестата и младоженецот меѓусебно се хранат со торта на венчавката?

    Еден од најстарите обичаи без кој не може да помине ниту една венчавка е моментот кога невестата и младоженецот меѓусебно се хранат со торта. Истраживме од каде всушност поттикнува оваа традиција и што таа претставува.rnrn1-zoshto-vsushnost-nevestata-i-mladozhenec-megjusebno-se-hranat-so-torta-na-venchavkata-www.kafepauza.mk_rnrnВо стариот Рим, а подоцна и за време на Средниот век, гостите свадбената торта ја фрлале кон главата на невестата, бидејќи се верувало дека тоа носи среќа и плодност. Потоа, гостите ќе се собереле и земале парчиња торта од невестата, и ги носеле со себе дома за среќа. Постои и мит дека девериците своето парче торта го земале дома и го ставале под перницата во текот на ноќта надевајќи се дека тоа ќе им донесе среќа да пронајдат сопруг.rnrnВо Средниот век постоела и традицијата според која гостите ределе торти, колачи и печива едни врз други и ако младенците успееле да се бакнат преку таа кула без да ја срушат, се верувало дека нивниот заеднички живот ќе биде полн со благосостојба.rnrnСо тек не време во тортите започнало да се става овошје како симбол на плодност, а се верувало и дека на невестата ќе ѝ донесе плодност ако сама ја исече тортата и ја сподели со гостите. Кога започнале да се подготвуваат торти на повеќе ката, на невестата ѝ требало помош за да успее да ги послужи сите гости до полноќ.rnrnМладоженецот започнал да ѝ помага, и така сечењето на тортата симболички започнало да се смета како нивна прва заедничка задача како брачен пар и почеток на нивниот заеднички живот како партнери.rnrnНаскоро невестата и младоженецот започнале меѓусебно да се хранат со торта како симбол на обврзување дека ќе се грижат еден за друг и начин на славење на нивниот нов заеднички живот.rnrn Дали некогаш сте се запрашале зошто невестата го фрла букетот на венчавката?

  • Организаторите на свадби откриваат: 3 знаци дека бракот нема да трае долго

    Организаторите на свадби откриваат: 3 знаци дека бракот нема да трае долго

    Според статистичките податоци, дури 50% од браковите завршуваат со развод, а поголемиот дел од разведените парови го знаат точниот момент кога им станало јасно дека на бракот му дошол крајот. Меѓутоа, организаторите на свадби тврдат дека за некои парови јасно е дека ќе се разведат уште пред да се венчаат, а ова се знаците што укажуваат на тоа…rnrnОрганизаторите на свадби откриваат: 3 знаци дека бракот нема да трае долгоrn

    1. Партнерите се опијануваат уште пред свадбата

    rnСпоред повеќето луѓе, свадбата без алкохол не е свадба, но количината на алкохол што младенците ја консумираат во текот на вечерта може да покаже колку ќе им потрае бракот. Организаторите на свадби веруваат дека ако сопружниците многу се напијат, тоа е знак дека нешто не е во ред. Ако се опијанат уште пред самата венчавка, работата е уште посериозна.rn

    2. Едниот од партнерите го засрамува другиот

    rnСвадбите се прилично опуштени, но таа опуштеност понекогаш може да се претвори во непријатна ситуација. Ако еден од партнерите чувствува дека другиот го срами, тоа е јасен показател дека засрамениот сопружник повеќе се грижи за впечатокот што го оставаат пред другите отколку за среќата на партнерот.rn

    3. Бившите се некаде во близина

    rnПрисуството на бившите на свадбата секогаш предизвикува непријатност барем кај една личност, дури и да не се покажува тоа. Ако ги поканите вашите поранешни партнери на вашата венчавка, тоа може да предизвика проблеми на самата свадба, а ако не дојде до тоа, секогаш ќе биде присутно некаде во потсвеста како повод за караница.rnrnЗа да бидете сигурни дека венчавањето е вистинската одлука, дознајте што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак.

  • Дознајте на кој ден се случуваат најголемиот дел од запросувањата

    Дознајте на кој ден се случуваат најголемиот дел од запросувањата

    Во врска сте подолго време и веќе сте зборувале со партнерот за венчавка и деца, така што убедени сте дека ќе ве запроси на пролет. Подгответе се за вистинско изненадување, бидејќи долго очекуваното прашање можеби ќе ви биде поставено порано одошто мислите.rnrnДознајте на кој ден се случуваат најголемиот дел од запросувањатаrnrnПостојат многу традиции што се поврзани со запросувањето, како на пример тоа дека мора да има прстен и дека партнерот мора да клекне на колено. Но, постои уште една помалку позната традиција. Не само што во декември се случуваат најголемиот дел од запросувањата, туку и половина од сите запросувања во текот на месецот се случуваат околу 19-ти декември. Годинава, околу 100.000 од запросувањата ширум светот најверојатно ќе се случат месецов што доаѓа, според веб-сајтот Bridebook.co.uk.rnrnОткако ги истражиле месечните податоци од минатогодишните запросувања, сајтот предвидува дека оваа година најпопуларниот ден за запросување ќе биде 23-ти декември, сабота, но голем дел од запросувањата ќе се случат и на 24-ти декември.rnrnИсториски гледано, овој период отсекогаш бил популарен помеѓу љубовните парови кои планирале да се венчаат. Главната причина за тоа е фактот што се ближат празници, целото семејство и пријатели се собрани за да прослават и тоа е одлична можност да се извади прстен и да се постави судбоносното прашање.rnrnПодготвени сте да кажете „Да“? Којзнае, можеби и вашиот партнер ќе ве изненади овој декември и ќе ви ги направи празниците посебни?!rnrnДоколку сте подготвени да го направите следниот чекор во врската, дали сте размислиле колку би платиле за совршеното запросување?