Најпознатата и највредната круна во британската монархија е државната кралска круна. Составена е од многу скапоцени камења, меѓу кои е и еден од најретките дијаманти – „Втората ѕвезда на Африка“.
Според кралската колекција, државната кралска круна брои повеќе од 3.000 скапоцени камења. Кралицата беше крунисана со оваа круна од страна на надбискупот од Кантербери на специјална церемонија во јуни 1953 година.
Големата тијара со смарагди била изработена во текот на 80-тите години на 19-тиот век. Кралицата Елизабета Втора е сопственик на тијарата која ѝ припаѓала на нејзината баба, кралицата Мери, која пак, ја купила пред 90 години. Пред тоа, тијарата со смарагди била дел од колекцијата на големата војвотка Владимир, тетката на рускиот цар Николај Втори.
Тијарата е направена од испреплетени кругови во кои се наоѓаат смарагди, кои лесно може да се извадат и да се заменат со бисери.
Тијарата на семејството Спенсер ѝ припаѓаше на принцезата Дајана. Принцезата од Велс ја носеше оваа тијара на нејзината венчавка, на 29 јули 1981.
Викторијанската тијара со сафири е подарок за кралицата Елизабета од нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, кој ѝ ја подарил на својата ќерка во 1947 година, заедно со обетки и ѓердан, исто така изработени од сафири. Кралицата го носеше овој сет во 1994 година, на 50-годишнината од Денот Д.
Бразилската аквамарин тијара беше специјално изработена за кралицата Елизабета, откако народот во Бразил ѝ подари на кралицата ѓердан и обетки изработени од аквамарин, по повод нејзиното крунисување во 1953 година.
„Делхи Дурбар“ тијарата била изработена во 1911 година за кралицата Мери, бабата на кралицата Елизабета. Оваа тијара сега ѝ припаѓа на Камила, војвотката од Корнвол, која за првпат ја покажа во јавност во октомври, 2005 година. Тијарата се состои од дијаманти вметнати во злато и потоа поставени во платина.
Тијарата со рубини од Бурма го добила своето име според народот од Бурма, кој во 1947 година на кралицата Елизабета ѝ подарил 96 рубини како свадбен подарок. Кралицата побарала рубините да се искористат на тијара која била изработена дури во 1973 година.
Тијарата „Љубовен јазол“ била изработена во 1914 година по желба на кралицата Мери. Оваа тијара за првпат беше прикажана во јавноста од страна на принцезата Дајана, која ја добила тијарата како свадбен подарок. По смртта на Дајана, во 1997 година, тијарата „Љубовен јазол“ ѝ беше вратена на кралицата Елизабета.
Дијадемата од кралот Џорџ IV, чиј сопственик е кралицата Елизабета, може да се види како лого на монетите и поштенските марки во земјите од Комонвелтот. На самата дијадема се наоѓаат амблемите на Англија, Шкотска и Ирска. Според кралската колекција, оваа дијадема се состои од 1.333 дијаманти.
Тијарата „Кокошник“, која денес ѝ припаѓа на кралицата Елизабета, порано била сопственост на кралицата Александра, која ја добила оваа тијара во 1888 година, како подарок за сребрената свадба.
Тијарата од девојките од Велика Британија и Ирска ја добила кралицата Елизабета, како свадбен подарок од нејзината мајка, кралицата Мери. Во тоа време, Велика Британија сè уште закрепнувала од Втората светска војна, па Елизабета морала да собира купони за облека за да ја купи својата венчаница. Заради кризата, кралицата Мери, која ја добила оваа тијара како подарок за нејзината свадба, подоцна ѝ ја подарила истата тијара на својата ќерка.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Пред почетокот на Првата светска војна, семејството вработило 22 луѓе да се грижат за градината, но сите заминале да се борат за својата земја. Поголемиот дел не се ни вратиле, а градините останале запуштени. Имотот низ годините бил издаван на други луѓе, па така сè до 1990 година, тие не биле повторно откриени.
Нив повторно ги открил еден далечен роднина на семејството Тремејн, а реставрацијата на градините била извршена од компанијата „




rnrn

Бен поминува повеќе часови барајќи мастика залепена на тротоар и потоа, употребувајќи шарени бои, црта на таквата леплива површина.
Прво, ја загрева мастиката со летламба и потоа ја лакира за да се стврдне. Употребува специјални акрилни бои со кои ги креира своите уметнички дела. Автор е на повеќе од 10.000 шарени и уметнички мастики кои не се поголеми од оригиналната големина на гумата за џвакање. Негови дела има во Велика Британија и во делови од Европа.
Вилсон со оваа уметност почнал да се занимава пред неколку години сакајќи да си го разубави соседството во Мусвел Хил, Северен Лондон и така почнал да создава шарени плочници низ Велика Британија.
rn
Бен вели дека најчудната работа што ја нацртал е реченицата „Ќе се омажиш ли за мене?“ на парче мастика пред продавница за чевли во која сакала да купува девојката. На крајот, таа се согласила на понудата.rnrn
Бен го уапсија од градската полиција во Лондон заради сомнителни криминални дела. За среќа, случајот беше отфрлен само неколку месеци подоцна и тој го избегна кривичното гонење.





rnrnrn
Овој 28 годишен човек, по потекло Сицилијанец, во август го отвори својот прв ресторан, Relæ, откако работеше во најпознатиот, најпрефинетиот и најлуксузниот ресторан El Bulli и во ресторанот
Пред неколку години, 31 годишниот готвач Alexandre Gauthier ја обнови ѕвездичката „Мишелин“ за најдобар ресторан (фамилијарен) во северна Франција. Искуството и знаењето ги стекнал прво во фамилијарниот ресторан, потоа кај Alain Ducasse во Plaza Athénée во Париз и во La Pinède во Saint Tropez. Тој сака заносни вечери и најразлични комбинации, а негов специјалитет е јајце од препелица на кекс од никулци, со рендан лук и сецкано грозје.rn
Со само двајца вработени, 27 годишниот Mathieu Rostaing Tayard е главен готвач во ресторанот Le 126. Претходно работел со Nicolas le Bec и Pierre Gagnaire. Негов специјалитет се њоки со зачини и лук и телешка глава на пире од целер.rn
За да уживате во прекрасните јадења од менито во овој ресторан, ќе ви требаат два месеца упорност за да закажете. 32 годишниот Greg Marchand работел во ресторани во Британија и Њујорк (Gramercy Tavern), а во неговиот ресторан креира иновативни јадења, како чадена пастрмка на пире од аспарагус.rn
28 годишниот Iñigo Pena е можеби најинтересниот млад главен готвач. Неговата кујна е базирана стриктно на употреба на ориз и морски плодови. Негов специјалитет е Luma Gorri – пилешки крилца со лесно сварени компири и жолчка.rn
Овој ресторан се закити со две Мишелинови ѕвездички, а главниот готвач, 30 годишниот Bret Graham подготвува неверојатни специјалитети како чадена јагула, скуша на скара, јоркширски тетреб и многу други.
25 годишниот Stevie Parle го отвори својот прв ресторан кон крајот на 2009 година, после неколку години работење во ресторанот River Café во London. Овој млад главен готвач веќе освои награда како резултат на неговата едноставност во готвењето и неизбежната софистицираност во јадењата.
Ова е најдобриот италијански ресторан во Лондон. 28 годишниот готвач научил да готви преку ТВ емисии за готвење, а го подучувал лично и персонално, најдобриот и најпознатиот готвач Џејми Оливер. Препечена скуша и препелица, срце од вол на скара со чили и колбаси и телешки одрезок во сос од глуварче се неговите специјалитети.