КАФЕ ПАУЗА

Tag: вечера

  • Романтичен состанок со музиката на Луис Армстронг

    Романтичен состанок со музиката на Луис Армстронг

    Домашно подготвена вечера, вино, свеќи и тивка музика. Можеби ви звучи како клише, но зарем има поромантичен начин да го изненадите вашиот партнер и да му покажете колку ви значи? И покрај сè, понекогаш на секој од нас му е потребна едноставна и мирна ноќ помината во прегратките на саканиот/та, слушајќи музика која ќе ни ги оттргне мислите од секојдневните обврски и проблеми. Романтичен состанок со музиката на Луис АрмстронгСекако, доколку сакате вашата романтична вечера да биде целосно совршена, мора да имате добар избор на музика. И токму во тоа може да ви помогне легендарниот Луис Армстронг. Погледнете ја нареднава плејлиста со дел од неговите најромантични песни… Ви посакуваме пријатна вечер.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шпански омлет со компири

    Шпански омлет со компири

    Одличен појадок или вечера за целото семејство

    rnШпански омлет со компириrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 компири
    • rn011

    • 8 јајца
    • rn011

    • сол
    • rn011

    • бибер
    • rn011

    • малсиново масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзлупете ги компирите и исечете ги на крукчиња, а потоа крукчињата на четири дела. Пржете ги во тавче со врело масло додека не станат крцкави. Потоа ставете сол и бибер по вкус и ставете ги во сад, во кој претходно ги имате сматено јајцата. Потоа целата смеса ставете ја на врело масло за убаво да се испржи.rn

    Совет:

    rnЗа компирот да биде повкусен, пред пржењето извалкајте ги парчињата во брашно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќна диета базирана на домати

    Моќна диета базирана на домати

    Овој црвен плод е вистинска ризница и во себе содржи витамини А и Ц, калциум и ликопен, најмоќниот антиоксиданс кој го смалува ризикот од малигни заболувања. Сто грама домати содржат само 18 калории, па совршен е за диета. Оваа диета трае 5 дена, а можете да ја повторите после 2 дена пауза.rnrnЗа време на овие пет дена, нормално морате да заборавите на слатки, бел леб, млечни производи со висока масленост, а предност ќе треба да им дадете на рибата, пилешкото месо, овошјето, зеленчукот и на интегралните житарки.rnrnМоќна диета базирана на доматиrnrnСмеете да користите маслиново масло, а од зачините сол, бибер и ароматични билки. Секое утро потребно е да пиете чаша со млака вода на празен стомак, а задолжителни се најмалку четири оброка дневно.rnrnОва се правилата кои морате да ги следите при исхраната, а покрај тоа што ќе загубите неколку килограми, зависно од вашиот метаболизам, ќе го исчистите телото од токсини.rn

    Предлог за појадок:

    rn

      rn011

    • Интегрално печиво, парче немасно сирење и еден домат
    • rn011

    • 2 лепчиња на тост намачкани со маргарин и 2 парчиња шунка
    • rn011

    • 200 грама јогурт со ниска масленост помешан со лажица мед и 2 лажици житарки
    • rn

    rn

    Прв ден

    rnРучек: домати со сирењеrnrnИзмешајте 300 грама домати со 200 грама свежо сирење со ниска масленост. Одозгора полијте една лажица маслиново масло и зачинете со босилок. Со салатата каснете и 30 грама интегрален леб.rnrnУжина: 100 грама овошје по изборrnrnВечера: тестенини со сос од доматиrnrnДва моркови исечете ги на крукчиња и динстајте ги со малку маслиново масло. Потоа додадете 50 милилитри пилешка супа и динстајте уште пет минути. Во тавата додадете 450 грама исечкани домати, посолете и додадете половина лажичка мед. Оставете сосот да се крчка на тивок оган околу 15 минути. Сварете 100 грама тестенини и полијте ги со сосот.rn

    Втор ден:

    rnРучек: грчка салатаrnrnИсечкајте една главица црвен кромид, два домати и една поголема краставица. Прелијте ја салатата со маслиново масло и зачинете ја по вкус. Одозгора додадете неколку коцки сирење. Со салатата каснете 30 грама интегрален леб.rnrnУжина: шолја црно кафе и две бисквитиrnrnВечера: супа од осличrn

    Две главици црвен кромид динстајте ги со малку маслиново масло и додадете два поголеми домати, кои претходно сте ги олупиле и исечкале на резанки, коцка за супа од зеленчук и половина литар вода. Кога супата ќе се свари, додадете сечкани парчиња од филети ослич и варете уште 20 минути. Зачинете по вкус.

    rn

    Моќна диета базирана на домати

    rnrn

    Трет ден

    rnРучек: омлетrnrnИсечкајте 100 грама шампињони и 300 грама домати и динстајте ги со малку маслиново масло. Кога водата ќе испари, додајте две јајца и убаво измешајте.rnrnУжина: 2 морковиrnrnВечера: телешко со доматиrnrnИспечете едно парче телешко месо, од 125-150 грамови. Во друга тава динстајте една исечкана главица црвен кромид и два домати, потоа додадете го и месото и оставете ги заедно на оган уште 15 минути.rn

    Четврт ден

    rnРучек: ладна салатаrnrnВо блендер ставете 300 грама исечкани домати, една пиперка, краставица, една лажица маслиново масло, две чешниња лук и две парчиња тост искршен на парчиња. Ставете сол и бибер, изладете го и потоа уживајте.rnrnУжина: сендвич со доматиrnrnВечера: полнети доматиrnrnИздлабете три домати и ставете ги во еден сад. Помешајте 100 грама свежо сирење, 125 грама недоварен ориз, малку босилок, исечкан домат и кромид, па со смесата наполнете ги доматите. Печете ги 20 минути на 200 степени Целзиусови.rnrnМоќна диета базирана на доматиrn

    Петти ден

    rnРучек: италијанска салатаrnrnЕдно парче тост и 400 грама домати исечете ги на парчиња и измешајте ги. Додадете малку марула, полијте ја салатата со две лажици маслиново масло и оцет и зачинете по вкус.rnrnУжина: овошна салата со мед и ментаrnrnЗемете едно киви и едно јаболко и исечкајте ги на коцки. Во нив додадете една лажица мед и зачинете ја овошната салата со еден лист од мента.rnrnВечера: паприкашrnrnЕдна главица црвен кромид исечкајте ја ситно и динстајте ја заедно со 200 грама компир, исечкан на коцкички, четири моркови исечкани на крукчиња, 100 грама печурки и малку праз. Зачинете, а потоа додадете 100 милилитри супа од зеленчук и 250 милилитри сок од домати. Оставете го на оган уште 15 минути.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога чиниите се гости на вечера

    Кога чиниите се гости на вечера

    Кога наместо луѓето, чиниите се гости на вечерата, тие мора да бидат убаво дотерани и да се однесуваат по бонтон. Австралискиот уметник Соња Ренч со помош на фотографот Скот Њует ја создалa серијата фотографии наречена „Кодекс за однесување на вечера“ во која главни ѕвезди се чиниите и останатиот прибор за јадење.Кога чиниите се гости на вечераСоња го употребила приборот за јадење комбинирајќи го така за да претставува одреден начин на облекување за свечена пригода. Во фото-серијата на Соња, виљушките и ножевите стануваат вратоврски, шолјите за кафе се шешири, а салфетките – кошули и машни.rn
    rn

    Материјалите употребени во „Кодекс за однесување на вечера“ се токму онакви какви што изгледаат. Чиниите, виљушките, лажиците и салфетките се мои, на моите родители и на моите великодушни пријатели – вели таа.

    rnKога чиниите се гости на вечераKога чиниите се гости на вечераKога чиниите се гости на вечераKога чиниите се гости на вечераKога чиниите се гости на вечера
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјата

    Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјата

    Како ви звучи идејата да ручате високо во крошната на некое дрво? Оваа интересна идеја може многу брзо да стане вистински хит за организирање романтични ручеци и вечери, а ваква услуга во вакви услови, сега може да ви овозможи само летувалиштето „Six Senses’ Soneva Kiri“ кое се наоѓа на тајландскиот остров Кокс Куд.Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаОдморалиштето со 6 ѕвезди, нуди триесетина фантастични вили, но ресторанот сместен 5 метри над земјата помеѓу листовите од бујните дрва со романтичен поглед кон прекрасните песочни плажи, дефинитивно ќе биде голем хит во светот. Додека вие седите и уживате во погледот, вашата храна „долетува“, а нејзе ја носи келнер прикачен на метална сајла.Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни состаноци за Денот на вљубените

    Креативни состаноци за Денот на вљубените

    Секоја година за 14-ти февруари се случува истото. Секој пар си има своја традиција… Некои одлучуваат да останат дома гледајќи романтичен филм, други излегуваат на романтична вечера каде што секогаш разменуваат црвени подароци со срциња, а некои пак не му придаваат големо значење на денот и не прават ништо поразлично од секојдневните излегувања. Доколку ви е здодеано од рутинските состаноци за Денот на вљубените, еве неколку идеи како можете без многу напор да го/ја оставите партнерот/ката без зборови.rn

    Слатки бакнежи

    rnНапишете му/ѝ покана за интимна вечера на интересна хартија, замотајте ја во ролна и заврзете ја со црвена машна. Купете различни видови мали чоколатца. Смислете различни видови бакнежи или побарајте идеи на интернет и одберете ги оние кои најмногу ви се допаѓаат. На мали ливчиња запишете по еден вид бакнеж и залепете ги врз чоколатцата. Спакувајте ги во кутија. После вечерата, за десерт понудете го партнерот со чоколатце. Потоа замолете го да ви го демонстрира бакнежот што му/ѝ се погодил. Продолжете наизменично да одбирате по едно чоколадно колаче и да ги испробувате бакнежите. Тие засекогаш ќе останат во вашите сеќавања.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Караоке настап

    rnНапишете необична и забавна песна која ќе ја опишува вашата љубов кон партнерот. Најдете караоке верзија од неговата/нејзината омилена песна која ќе ви користи како матрица и ако сте доволно храбри однесете го партнерот на караоке забава, качете се на сцената и испејте му/ѝ ја песната. Настапот продолжете го така што ќе го повикате партнерот да ви се придружи во дует. Доколку сте посрамежливи, сè ова можете да го изведете и во домашна атмосфера. Вашата песна ќе остане во неговите/нејзините мисли долго време.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Серенада на гитара

    rnАко романтиката ви е појака страна еве една идеја која секогаш успева. Замолете пријател (кој знае да свири на гитара) да биде ваш личен келнер вечерта. Во трпезаријата украсете малку да изгледа како да е приватен дел од елитен ресторан, а на масата поставете свеќи и цвеќиња. За време на десертот, побарајте од пријателот да ја отсвири омилената песна на вашиот партнер. Тој/таа никогаш нема да ја заборави серенадата.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Заедничка топла бања

    rnИсецкајте различни видови овошје и пуштете музика. Запалете оган во каминот (или загрејте друго грејно тело), поставете ги пешкирите блиску до него и истуширајте се заедно. Кога ќе завршите, завиткајте се во топлите пешкири и наместете се покрај каминот. Замолете го партнерот да ги затвори очите и почнете да му давате од овошјето. Неговата/нејзината задача ќе биде да погодува за каков вид овошје се работи. Романтичноста на овој состанок ќе остане долго време во вашите сеќавања.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Со превез на очите до прекрасно место

    rnВеднаш кога ќе пристигнете пред домот на вашиот партнер заврзете му/ѝ ги очите и однесете го/ја на сосема неочекувано место. Може да биде на некој планински предел со убав поглед на градот, покрај река или езеро… Какво било место што ќе остави голем впечаток откако ќе биде тргнат превезот од очите. Прошетката ќе биде незаборавна за него/неа.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Вашиот прв состанок

    rnПробајте да го рекреирате вашиот прв состанок. Облечете ја истата облека што ја носевте, одете по истиот пат до местото каде што бил вашиот прв бакнеж. Доколку сте биле на кафе или на вечера, нарачајте го истото како и тогаш. А како поклон подгответе мал албум со слики од поважни настани со интересни посвети. Ова е совршен начин да се потсетите зашто сте заедно за Денот на вљубените.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Зајдисонце под отворено небо

    rnИспратете до партнерот разгледница на која има прекрасно зајдисонце. На неа напишете тој/таа да се облече во многу топла облека. Потоа со кола отидете до езеро или до река во близина и доколку дозволуваат условите, постелете ќебе на земјата и имајте пикник на зајдисонце. Кога ќе завршите со јадењето извадете од колата вреќи за спиење и наместете се да ги гледате ѕвездите. Моментите за време на зајдисонцето и отвореното небо ќе бидат оние што тој/таа ќе ги памти многу долго време.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Необичен љубовен состанок

    rnИспланирајте комплетно необичен состанок за Св. Валентин. Одете на билјард, куглање, пеинтбол, во музеј… Или пак на кое било друго место за кое сте разговарале со партнерот, меѓутоа никогаш не сте нашле време да отидете. Можеби вашето идно заедничко хоби ќе започне токму оваа вечер.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Потрага по скриеното богатство

    rnНацртајте кратка и едноставна мапа за вашиот партнер. На поголем картон нацртајте „X“ и исечете го по неговите линии. Замолете ваш пријател непосредно пред состанокот да ја однесе мапата до домот на вашиот партнер, а вие за тоа време отидете до целта, земете го знакот во едната рака, големо чоколадо во другата и почекајте да бидете пронајдени. Тој/таа одлично ќе се забавува за време на потрагата.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубените
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Судија пресудил романтична вечера

    Судија пресудил романтична вечера

    Необична судска пресуда на Флорида. 47-годишниот Џозеф Бреј, обвинет за семејно насилство, наместо во затвор, судот го испратил на романтичен состанок со сопругата. Му наредил да ù купи букет цвеќе, да ја однесе на куглање и на вечера во ресторан за морска храна.Судија пресудил романтична вечераНа ваквото необично судско рочиште, сериозните дискусии секако биле излишни, па одбраната запрашала: „Дали тоа значи дека на куглањето ќе треба да ù попушта и да ù дозволи да победи?“rnrnСудијата останал доследен на „фер-судењето“ па рекол: „Не“. :-)rnrnОчигледно тој се ставил во улога на брачен советник и раскараните сопружници одлучил да ги натера на примирје, нарекувајќи го физичкиот инцидент незначително мал. Се скарале, бидејќи Џозеф заборавил да ù го честита роденденот на сопругата. Ваквата расправија, од вербална, преминала во физичка.Судија пресудил романтична вечера
    rn

    „Судот не би донел ваква пресуда, ако навистина стануваше збор за сериозно насилство. Од сите можни решенија, ова е најдобро. После романтичната вечера, седни и размисли каде ќе одите на советување. Закажете состанок и во рок од една недела, заедно со сопругата започнете со советувањето“, рекол судијата Џон Харли, на изрекувањето на пресудата.

    rnСудија пресудил романтична вечераРасплаканата 39-годишна Соња Бреј веднаш ја прифатила пресудата, по што изјавила:rn
    rn

    Мислам дека требаше да ми го честита роденденот, а тој не ми рече ниту добро утро. Но, јас го сакам својот сопруг и сакам да се врати дома“.

    rnСпоред полицискиот извештај, расправијата започнала во кујната, по што Џозеф ја турнал Соња на софата, ја фатил за вратот и ù се заканил со тупаница, но не ја удрил. Како и да е, судот си го кажал своето.Судија пресудил романтична вечераСлични неконвенционални пресуди и досега биле изрекувани во судниците низ САД.rnrnВо ноември 2011 година, судија во Орландо, Флорида, на возач без дозвола и со прекумерна тежина, му пресудил казна затвор од 30 дена. Но, за секој килограм што ќе го намали додека ја издржува казната, наредил да му се крати по еден ден. Осудениот бил пуштен 10 дена порано.rnrnВо 2008 година пак, судот во Илиноис, на хип-хоп фан му наредил цели 20 часа да слуша класична музика во неговата кола и тоа пуштена на најгласно.rnrnВо Охајо, маж кој бил фатен со проститутка, за да ја избегне затворската казна, морал да парадира по улиците облечен во костум на кокошка.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го украсите домот за Свети Валентин?

    Како да го украсите домот за Свети Валентин?

    За да го направите вашиот дом попривлечно и поромантично место, треба да ги задоволите вашите сетила. Одберете голем и удобен мебел, нежни ткаенини, привлечни мириси и придушени светла. Но, не претерувајте. Еве неколку совети како вашиот дом да се претвори во едно едноставно, но сензуално место за Денот на вљубените.rn

    Црвен аларм

    rnЦрвената боја има неверојатна енергија. Таа го забрзува пулсот и го разработува метаболизмот. Њујоршкиот декоратор Мили де Каброл ја препорачува црвената боја за акцентирање на одредени делови, како што се кадифен стол, голема слика или тепих. Црвената боја може да се комбинира со смарагдно зелена, портокалова или кралско сина боја.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

    Вечерно светло

    rnНајдобро е да се одлучите за столни ламби. Мол Андерсон, авторот на книгата „Заводлив дом“, сугерира да инвестирате во придушено светло. Според Андерсон, светлото е многу важно за секоја соба. Тоа може дури и да ја смени намената на собата и да ја направи многу попривлечна.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

    Вечен пламен

    rnВо прилог на ламбите и придушеното светло, треперењето на пламенот од свеќите е совршен додаток. Без разлика дали се мали или големи, тесни или широки, во чаша или во свеќник, свеќите секогаш го поттикнуваат романтичното расположение.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

    Нежен допир

    rn

    Удобните и нежни ткаенини не само што го задоволуваат сетилото за допир, туку може да изгледаат и многу луксузно. Одберете перници од кашмир, свила, кадифе или вештачко крзно, во кафеава, сива или кремаста боја.

    rn

    Како да го украсите домот за Свети Валентин?

    rnrn

    Островот на фантазијата

    rnЕдно парче мебел во големи размери може да создаде романтична атмосфера во гостинската или во спалната соба. Можете да ја создадете сопствената фантазија во кревет со балдахин.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

    Љубовна јама

    rnУкрасете ја најважната соба со нежна постела, но не заборавајте го и удобниот душек. Андерсон советува да одберете постела во која ќе се чувствувате удобно, потоа додадете уште неколку перници, а наутро послужете го партнерот со топло кафе.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

    Моќта на мирисот

    rn

    Романтиката, апетитот и мирисот се меѓусебно интимно поврзани. Мирисот на ванила, роза, иланг-иланг, бергам и јасмин се познати афродизијаци. И лавандата е, исто така, добар избор затоа што ја обожаваат и мажите и жените. Ако сте се одлучиле за неароматични свеќи, во тој случај може да употребите миризливи стапчиња.

    rn

    Како да го украсите домот за Свети Валентин?

    rnrn

    Променете го местото

    rnВечерата на невообичаено место дава чувство на леснотија и изненадување. За промена, послужете ја вечерата во дворот, на терасата или на некое друго невообичаено место.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

    Здравица со црвено вино

    rn

    Секогаш во близина имајте добро црвено вино и вински чаши. Тоа е добар начин да се започне разговорот. Дури и ако сте преморени од работа, чаша црвено вино може да ја направи романтична дури и најобичната вечера. Уште подобро е ако сте инвентивни и кажете некоја креативна здравица.

    rn

    Како да го украсите домот за Свети Валентин?

    rnrn

    Природен инстинкт

    rnЗа романтична атмосфера на масата, заборавете на чаршафите. Не покривајте ја масата, туку декорирајте ја со стаклени вазни или поголеми чаши полни со цвеќе. Сензуалноста е природен инстинкт што ја нагласува природната убавина.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Италијански сендвич со кашкавал

    Италијански сендвич со кашкавал

    Се прашувате што фино да јадете? Доста ви е од обични сендвичи со кашкавал и шунка? Сакате нешто печено, топло, меко, брзо и многу вкусно, а во исто време и италијанско? Овој сендвич ги има сите квалитети. Направете го и уживајте во вкусот на стопениот кашкавал.rnrnИталијански сендвич со кашкавалrnrn

    Потребни состојки за 8 сендвичи:

    rnrn

      rn011

    • 8 мали домати
    • rn011

    • 16 парчиња леб
    • rn011

    • маслиново масло
    • rn011

    • сол, бибер
    • rn011

    • оригано
    • rn011

    • 400 г кашкавал
    • rn011

    • 400 г фета сирење
    • rn011

    • 1/2 шолја пармезан
    • rn011

    • 16 парчиња мек кашкавал
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnrn1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Доматите исечете ги на половина и наредете ги во тавче за печење. Посипете ги со маслиново масло и зачинете ги со оригано, сол и бибер. Печете ги додека да омекнат и станат малку набрани по краевите. Италијански сендвич со кашкавал2. Потоа, загрејте ја рерната на 250 Целизусови степени. Лепчињата намачкајте ги со маслиново масло и поделете ги во парови. Ставете по две парчиња домати на едната страна на лебот. Врз доматите, ставете малку фета сирење, а врз него две парчиња од мекиот кашкавал. Пред да го затворите сендвичот со второто парче леб, ставете малку рендан кашкавал. Преклопете го сендвичот. Истото направете го со сите парчиња леб.Италијански сендвич со кашкавалИталијански сендвич со кашкавал3. Сендвичите наредете ги во тавче за печење кое е претходно намачкано со масло. Печете ги сендвичите 15 минути или додека не се растопи кашкавалот. Потоа извадете ги, посипете ги со рендан пармезан и печете уште малку, додека тој не се растопи. Италијански сендвич со кашкавалИталијански сендвич со кашкавалЗабелешка: Овој сендвич може да го направите и во три дела, така што ќе ставите уште едно парче леб во средината на сендвичот, но така можеби нема да ви биде баш згодно за јадење. Состојките на сендвичот навистина зависат од вашиот вкус: печурки, зеленчук, сувомеснати производи…Италијански сендвич со кашкавал
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Чоколаден тост со путер од кикирики

    Чоколаден тост со путер од кикирики

    За појадок, вечера или ужина, овој чоколаден тост ќе ви покаже дека комбинацијата од чоколаден крем и путер од кикирики е совршена, а бананата само ќе го надополни ефектот. Направете го кога сте во брзање, кога не знаете што благо да јадете или кога не можете да му најдете соодветна примена на путерот од кикирики. Верувајте, ова е тост кој нема да го направите само еднаш.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 парчиња леб
    • rn011

    • 2 големи лажици путер од кикирики
    • rn011

    • пола банана
    • rn011

    • 60 г чоколадо за готвење
    • rn011

    • 1 лажица стопен путер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДвете парчиња леб намачкајте ги со путер од кикирики.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирикиrnrnПоловина од чоколадото за готвење грубо исечете го со нож, а другата половина ситно изрендајте ја. Исечете ја бананата ја на 4 тркалца кои ќе ги распоредите врз едното парче леб. Врз бананата, ставете го грубо исецканото чоколадо, а останатите рендани трошки распоредете ги подеднакво на двете лепчиња.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирикиrnrnПреклопете ги парчињата леб внимателно. Горното парче намачкајте го со растопениот путер и ставете го на тостер или на тефлонско тавче (за палачинки) ако немате тостер. Почекајте чоколадото да почне да се топи. Потоа превтрете го тостот на другата страна и намачкајте го другото парче леб со путер. Кога тостот ќе добие убава златна боја, исечете го на два тријаголници.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирики
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.