КАФЕ ПАУЗА

Tag: вечера

  • Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет

    Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет

    Во ресторанот „Subsix“ кој се наоѓа на Малдивите, гостите можат да вечераат покрај морскиот свет. Овој локал се наоѓа 6 метри под водата и неодамна бил трансформиран од ноќен клуб во прекрасен ресторан. Ентериерот е инспириран од подводната околина и морскиот свет кои се претопени во секој детаљ од дизајнот.rnrn(1) Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот светrnrnЗа да пристигнете до овој ресторан, вие мора да отпатувате со глисер на околу 500-тина метри од брегот. По пристигнувањето, најпрво ве очекува драматично спуштање под вода со неверојатен лифт кој ќе ве одведе директно во ресторанот. Во центарот од просторијата има огромен бар инспириран од школка, додека пак атмосферата на просторот се менува во текот на денот во зависност од осветлувањето. Наутро осветлувањето е бело, за време на вечерата е виолетово, додека пак, доцна во ноќта е сино.rnrn(2) Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот светrnrnНо, она што најмногу го издвојува овој ресторан е близината до океанскиот свет. Неверојатниот дизајн ви овозможува да набљудувате над 90 корални гребени, како и уникатни видови риби за незаборавно искуство.rnrn(3) Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет (4) Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет (5) Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет

  • Идеален состанок за секој хороскопски знак

    Идеален состанок за секој хороскопски знак

    Како изгледа идеалниот состанок за секој хороскопски знак? Прочитајте и подгответе се пред да го поканите новиот партнер за излегување.rnrnidealen-sostanok-za-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnНив ќе ги импресионирате со одење во клуб каде што ќе можете да играте цела ноќ. Обидете се да бидете во првите редови на некој гламурозен настан, затоа што Овните сакаат да бидат видени на важни случувања. Тие исто така ќе уживаат во кино или на музички фестивал. Блескаат во друштво на познати и успешни личности. Добра идеја е да ги одведете на различни спортски случувања, манифестации и натпревари, како на пример куглање, тенис, билјард и сл. Овенот е активен и енергичен знак, па затоа сака постојано да е во некоја акција.rn

    Бик

    rnПредложете им опуштен ручек, како на пример пикник во парк, на брег или на плажа. Биковите се вистински гурмани и познати по тоа дека сакаат да уживаат во добра храна и добар разговор, па затоа секогаш можете да ги одведете на ручек или вечера во некој добар ресторан. Ако сакате да ги импресионирате, потрудете се да зготвите нешто добро и поканете ги кај вас или предложете им заедно да направите вечера. Како алтернатива може да го искористите киното и да се опуштите заедно без никаков притисок.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците сакаат да разговараат на сите теми. Тоа може да се случи на кое било место, но за разговорот да ви биде попријатен ви треба добра атмосфера. Со одење во музеј ќе ги направите работите поинтересни за нив. Припадниците на овој знак, уживаат во долги прошетки на кои ќе можат да забележат улични артисти и музичари. Изненадете ги со одење во ресторан во кој се служи егзотична храна. За нив разновидноста претставува главен зачин во животот, па затоа немојте да се плашите да предложите нешто необично. Близнаците не можат да го задржат вниманието на едно место, на нив им е потребна промена и новитет.rn

    Рак

    rnИскористете ја приликата да уживате во некој италијански ресторан, во романтична атмосфера, со цвеќиња и свеќи на масата. Пријатната и романтичната атмосфера, добрата кујна и релаксирачката музика претставуваат добра основа за почеток на романса. Избегнувајте ги гужвите и пренатрупаните места, затоа што Раковите тоа не го сакаат. За нив соодветната атмосфера е романтична и интимна. Немојте да ги запознавате со вашите пријатели или семејството веднаш на почеток. Тие имаат потреба од одредено време додека потполно се опуштат. Ќе знаете дека работите се одвиваат добро со тоа што Ракот ќе ве покани во својот дом што значи дека веќе ви верува и почнува да се отвора.rn

    Лав

    rnЛавовите поседуваат префинет вкус, сакаат екстравагантни и скапи работи, па затоа одведете ги на вечера во ексклузивен ресторан, им се допаѓа кога уживаат со сите сетила и кога се услужени. Додатно ќе ја зачините романтичната вечера со цвеќе, добро вино или чоколадо. Полн погодок е одењето на коктел, лесна вечера и танц после тоа. Тие уживаат во елегантни и префинети случувања, тоа им го одзема здивот. Мора да се потрудите за вашиот изглед, изгледајте совршено и Лавот нема да ви одолее.rn

    Девица

    rnНекои претставници на овој знак ќе уживаат во заедничко посетување на јога час, а потоа одење на лесна вечера. Други ќе уживаат во возење велосипеди покрај прекрасни области, трчање низ парк или одење на пиво. Понудете им да одберат ресторан во кој ќе вечерате. Девиците обично сакаат да посетуваат манифестации и настани од областа на културата и уметноста – изложби на слики или промоции на книги. Ќе ви треба повеќе време и трпение кога ќе излегувате со Девица, затоа што овој знак нема така лесно да ви се препушти и да ви верува. Прескокнете ја рутината и заедно правете некои нови и интересни работи.rn

    Вага

    rnВагите ќе ги освоите со вечера во висок стил. Одведете ги во некој луксузен ресторан, а доколку не можете да си го дозволите тоа, поканете ги дома, но внимавајте деталите да бидат совршени – менито, салфетките, приборот за јадење, осветлувањето, музиката. Тие го ценат и сакаат убавото, имаат добар и истанчен вкус и нема да погрешите ако ги одведете на некој настан од културен и уметнички тип, затоа што тоа за нив е прилика да го покажат својот добар вкус. Одлични се во разговори со други луѓе, затоа одведете ги на пијалак и уживајте во разговорот за интересните и актуелните случувања. Вагите преферираат чисти, уредни и префините места за излегување. Посветете внимание на вашиот изглед.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите се потполно непредвидливи личности. Внимателно слушајте ги кога зборуваат за нивните интереси и хобија, и според тоа предложете им место за излегување. Поради тоа што се полни со живот и енергија, предложете им некоја рекреација или спортска активност во која ќе можете заедно да учествувате. Уживаат во романтичните вечери со својот партнер, а идеалната вечер е покрај камин и со чаша добро вино. Најмногу им се допаѓа мирот, тишината и интимните ситуации. Тие сакаат сè да биде под нивна контрола, или барем да мислат дека е така. Скорпиите сакаат отмени места и ресторани.rn

    Стрелец

    rnОдведете ги на музички фестивал, концерт или во екстравагантен ресторан. Организирајте забава и повикајте ги вашите и нивните пријатели, затоа што Стрелците сакаат да запознаваат нови луѓе. Тие се доста активни личности и ќе уживаат во заедничкото возење велосипеди или долгите прошетки во непознати области. Тие ја сакаат авантурата и секогаш се спремни за акција. Предложете им некоја дестинација на која претходно не сте биле.rn

    Јарец

    rnТие сакаат активности кои ги исполнуваат и збогатуваат на одреден начин. Таквите активности треба да им дадат добра и квалитетна вредност на вложените пари. Можете да ги одведете на ручек или вечера во некој добар ресторан. Уживаат во случувањата и активностите за кои после тоа ќе можат да разговараат. Соодветни активности за нив се одењето во театар, музеј или кино. Сакаат да посетуваат нови и актуелни места.rn

    Водолија

    rnВодолиите лесно ќе можете да ги запознаете и да ги придобиете во кругот на пријателите. Тие сакаат друштво и дружење со музика. Одведете ги на вечера со пријателите или со друг пар или одете на забава кај заеднички пријатели. Тие сакаат да водат долги разговори на интересни теми. За нив интересна би било посетата на некоја изложба од полето на науката или технологијата. За вечера предложете им ресторан во кој се служи егзотична храна. Заборавете ја традицијата и однесувајте се спонтано.rn

    Риби

    rnРибите ќе бидат во својот елемент доколку се покрај вода или во вода, затоа одведете ги на пливање, шетање покрај река, пикник на брег на река или езеро. За нив идеална прошетка е под ведро небо и држење за рака. Нив исто ги привлекува и музиката, филмот, уметноста, па можете да им предложите да одите во кино, на концерт, на изложба на слики или скулптури.

  • Дали би сакале тие да ви подготват романтична вечера?

    Дали би сакале тие да ви подготват романтична вечера?

    Кога станува збор за актуелните трендови на социјалните мрежи, со сигурност може да заклучиме дека со Инстаграм владеат згодните момци. Па така, досега имавме можност да гледаме згодни момци кои сакат да читаат, момци кои се љубители на кафе или пак на кучиња, а сега ја имаме таа можност да видиме фотографии од момци кои сакаат да готват.rnrn1-dali-bi-sakale-tie-da-vi-podgotvat-romantichna-vechera-www.kafepauza.mk_rnrnЌе се сложите дека има нешто неодоливо секси во момче кое носи престилка. Едноставно како да сте хипнотизирани од самиот почеток кога тој ќе влезе во кујната, па сè до моментот кога ќе го сервира вашето омилено јадење и заеднички ќе уживате во интимните моменти. Сигурно досега сте уживале во тој поглед, па добро знаете за што ви зборуваме.rnrn2-dali-bi-sakale-tie-da-vi-podgotvat-romantichna-vechera-www.kafepauza.mk_rnrnСигурни сме додека после гледањето на овие фотографи ќе почувствувавте глад. Дами, дали сакате овие момци да ви зготват романтична вечера?rnrn

  • Вкусен ирски тост со пржен кашкавал

    Вкусен ирски тост со пржен кашкавал

    Совршен избор за вечера…

    rnВкусен ирски тост со пржен кашкавалrn

    Потребни состојки за 6 лица:

    rn

      rn011

    • 150 милилитри млеко
    • rn011

    • 1,5 лажица брашно
    • rn011

    • 400 грама чедар кашкавал
    • rn011

    • 160 грама презла
    • rn011

    • 1 лажица сенф
    • rn011

    • 120 милилитри темно пиво
    • rn011

    • 2 жолчки од јајца
    • rn011

    • 4 млади кромитчиња
    • rn011

    • 6 парчиња леб за тост
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте го млекото, па потоа додајте во него брашно и мешајте сè додека не зоврие. Кога ќе почне да зоврива, намалете ја температурата со цел млекото малку да се згусне. Додајте го кашкавалот и мешајте на ниска температура сè додека не се стопи целосно, а потоа додајте ги и презлата, сенфот и темното пиво. Мешајте додека смесата не се соедини целосно.rnrnТргнете го тенџерето од оган и оставете го малку да се олади. Откако ќе се олади додадете ги жолчките и добро промешајте, а потоа додадете го и кромидот. Сипете ја смесата на лепчињата и потоа ставете ги во рерна да се загреат. Печете сè додека не поруменат и не добијат златно-кафеава боја. По желба, можете да печете со претходно подготвени печурки.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ја навредувал во училиште, пораснале, ја поканил да излезат и еве што му одговорила

    Ја навредувал во училиште, пораснале, ја поканил да излезат и еве што му одговорила

    Секоја девојка која некогаш била навредувана и омаловажувана од страна на некое злобно момче на училиште, посакува животот да ѝ даде шанса да помине покрај него полна со самодоверба и да му го заврти паметот. Таква шанса добила Луиза Менинг, која на 12-годишна возраст била секојдневно навредувана на училиште а децата ја исмевале велејќи ѝ дека е дебела и влакнеста.rnrnЈа навредувал во училиште, пораснале, ја поканил да излезат и еве што му одговорилаrnrnПоради тоа Луиза се борела со нарушување во исхраната за време на тинејџерските години. Сега е самоуверена 22-годишна девојка и студира на Оксфорд. На една забава наидела на еден од злобните момци кој, не знаејќи дека порано ја познавал и ја навредувал, ја поканил да излезат. Решила да не се појави на состанокот, но наместо тоа дечкото да го добие ова писмо придружено со нејзина слика од времето кога имала 12 години.rnrnЈа навредувал во училиште, пораснале, ја поканил да излезат и еве што му одговорилаrnrnЕве што пишувало во писмото:rn
    rn

    „Еј (името е скриено),rnrnЖал ми е што не можев да ти се придружам вечерва. Памтиш во осмо кога бев дебела а ти ме исмеваше поради мојата тежина? Не? Јас памтам – ги минав наредните три години јадејќи помалку од јаболко на ден. Така, решив да ја прескокнам оваа вечера.rnrnЈа паметиш споената веѓа која ја исмеваше? Влакнестите нозе од кои ти се гадеше? Паметиш како цели три години ти и твоите пријатели секој ден ме нарекувавте влакнеста ѕверка? Не, веројатно не паметиш, или немаше да видиш како изгледам по 8 години за да ми обрнеш доволно внимание и да ме третираш како човечко суштество. Помислив да ти го испратам ова како потсетник. Нареден пат кога ќе помислиш на мене, замисли ја девојката на оваа слика, бидејќи таа е онаа која само што те откачи.rnrnЛуиза.“

    rnЈа навредувал во училиште, пораснале, ја поканил да излезат и еве што му одговорилаrnrnЛуиза ја објави оваа фотографија на Фејсбук, и на големо изненадување доби форма на извинување од момчето.rn
    rn

    „Еј… само колку да се знае, намерата ми беше да запознаам луѓе, да склопам пријателства, а не дека изгледаш многу добро. Но, претпоставувам дека си го барав ова и не те обвинувам за тоа што ме извиси.rnrnНе можам да го променам тоа каков сум бил пред 8 години, и нема да те навредам преправајќи се дека тоа не се случило, но се надевам дека ми веруваш дека сега сум сосема поинаков. Можам само да ти се извинам и да ти посакам сè најдобро. Претпоставувам дека нема да останеме во контакт, но искрено ти посакувам да го доживееш секој успех што го заслужуваш.“

    rnПа, изгледа секој може да се промени на подобро, дури и незрелите момци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подароци за 8 Март со кои ќе ја направите среќна секоја жена

    Подароци за 8 Март со кои ќе ја направите среќна секоја жена

    Без разлика дали една жена го празнува 8 Март или не, таа ќе биде среќна доколку партнерот ѝ приреди мало изненадување. Ова се неколку едноставни, но моќни идеи за подарок кои би ја израдувале секоја жена.rnrn(1) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    Цвеќе

    rnОва е првиот и очигледен избор на многу мажи, и иако звучи како клише, сепак може да биде вистински израз на внимание, кое жената може да го почувствува од самиот гест, но и од изборот на она што го сочинува букетот. Обидете се самите да аранжирате нешто за да бидете уникатни, а ако не ве бива, одете со букет рози. Со розите никогаш не можете да погрешите.rnrn(3) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    Книга

    rnЕдноставен и не премногу оригинален подарок, но секогаш актуелен и прифатлив. Ако вашата партнерка сака да чита книги, тогаш овој избор е полн погодок. Можеби некогаш ви спомнала за некоја книга која е хит во моментот и би сакала да ја прочита или пак ви зборувала за жанровите кои ги обожава. Влезете во книжарница и направете го изборот. Ако ви дозволува џебот, одете со некоја хит трилогија. Ќе биде горда да ги нареди деловите на полицата.rnrn(2) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    Вечера за дами

    rnКолку добра идеја. Организирајте ѝ вечера со пријателките. Таа несомнено ќе биде воодушевена. И тоа не само таа. Изненадувањето ќе ги расположи сите дами кои се вклучени во планот. Изберете ресторан, резервирајте место, организирајте ја храната и пијалаците и јавете ѝ се на вашата подобра половина за да ѝ кажете каде да биде и во кое време. Со ова, не само што ќе ја направите неа среќна, туку сте ги освоиле и сите нејзини пријателки засекогаш.rnrn(4) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    Рачна изработка

    rnБило да се работи за парче накит, гардероба, некој украс за домот или нешто друго, со рачната изработка не можете да погрешите. Уникатните парчиња се секогаш на цена, и нема жена која не ги посакува во својот естетски свет. Пронајдете нешто убаво и уникатно. Сигурно ќе ѝ се допадне.rnrn(5) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    Кошница со производи за нега и убавина

    rnДенот на жената е ден кога креативноста во понудата на парфимериите доаѓа најмногу до израз. Наместо да посегнете по колекциите во картонска амбалажа во маркетите, појдете во некоја парфимерија и изберете убав комплет со производи за нега и убавина интересно сместен во кошница. Не бегајте од шминките и лаковите за нокти. Купките и шампоните не се единствената козметика која ја користат жените. Изненадете ја со изборот. Таа ќе се чувствува како ни самата да не можела да направи подобар.rnrn(6) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mk

  • 25 начини како да задоволите жена

    25 начини како да задоволите жена

    Често размислувате дека е тешко, речиси и невозможно вистински да ја задоволите вашата жена или девојка? Не кревајте раце. Ова се 25 начини како вашата партнерка да ја направите задоволна и среќна.rnrn25 начини како да задоволите женаrnrn1. Кога носи тешки ќеси, понудете ја вашата помош.rnrn25 начини како да задоволите женаrnrn2. Направете ѝ полица за книги.rnrn3. Купете ѝ кутија со колачи кога ќе ви каже дека имала лош ден.rnrn25 начини како да задоволите женаrnrn4. Покажете разбирање доколку е зависна од работа. Доколку некогаш нема време за вас, бидете попустливи.rnrn5. Не ја гледајте чудно доколку јаде многу, тоа што е женско не значи дека јаде само салати.rnrn25 начини како да задоволите женаrnrn6. Не очекувајте дека ќе ја посетува теретаната заедно со вас. Таа ги сака вашите стомачни, но не преферира да крева тегови.rnrn7. Покажете почит и разбирање кон нејзината работа.rnrn8. Донесете ѝ појадок и кафе во кревет.rnrn

  • Идеи за вечера во Париз

    Идеи за вечера во Париз

    Париз – градот на светлината, романтиката, љубовта и секако, храната. За вистински да го доживеете градот и француската кујна, разгледајте ги следниве прекрасни идеи за вечера во Париз.rn

    Пикник

    rnЕдна од најлесно остварливите идеи за вечера во Париз е пикникот. Купувањето состојки и одбирањето на совршеното место е многу забавно. Прошетајте по уличните штандови за храна, пекарниците, слаткарниците, каде сигурно ќе најдете нешто вкусно. Исто така, не заборавајте да изберете некое сирење, месо и француски леб.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Крстарење

    rnКрстарењето по Сена е еден од најдобрите начини да се доживее градот. Во комбинација со добра храна пак, претставува посебно искуство. Уште една интересна идеја за убава и необична вечера во Париз.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Организирана прошетка

    rnПокрај толку многу штандови, продавници, ресторани и вкусна храна во Париз, навистина е тешко да се одбере вистинската храна и ресторан. Затоа, ако сакате да истражувате и повеќе да се информирате, најдобро е да одите на организирана прошетка. Можеби нема да ви ги покажат најдобрите места, но секако ќе откриете места и видови храна за кои не сте ни знаеле дека постојат. Ќе си поставите стандарди и потоа полесно ќе се одлучите.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Луксузен ресторан

    rnДоколку ви дозволува буџетот, штета е да не отидете во некој од луксузните ресторани во Париз. Франција е лидер во бројот на ресторани со Мишелин ѕвезди, вкупно 954. Само во Париз има 79 ресторани со Мишелин ѕвезди, од кои 10 се со три Мишелин ѕвезди. Доколку не можете да си дозволите, одете во модерно бистро или вечерајте во хотел со три ѕвезди.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Часови за готвење

    rnВо Париз се организираат часови за готвење кои сигурно ќе ви помогнат да се усовршите, а и подобро да ја запознаете француската кујна. Има работилници каде се изучува изработка на чоколадни производи, слатки, печива итн.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Дегустација на вино

    rnИ при дегустациите на вино, има вклучена храна, иако во помали количини. Можете да посетите некои од античките визби во градот или пак да одите во луксузните ресторани, каде може да уживате во вкусни вина и француска храна.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Домашна вечера

    rnНема ништо поавтентично од домашно зготвена француска храна. Не грижете се доколку вашето семејство и пријатели не се во Париз, бидејќи може да одите на организирана вечера со традиционална француска храна, во типичен француски дом.rnrnИдеи за вечера во Париз
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хит диета: Четири причини да ја прескокнете вечерата

    Хит диета: Четири причини да ја прескокнете вечерата

    Иако следуваат многу празници и секој ужива во заедничките оброци со семејството и пријателите, можеби сепак најдобро ќе ви биде доколку ја прескокнувате вечерата.rnrnОваа диета е многу едноставна за спроведување и не бара посебни намирници или готвење на специјални јадења. Сè што треба да правите е да ја прескокнувате вечерата, што значи дека после 16 часот не треба да јадете до наредното утро. Доколку останувате до покасно, можете да го поместите последниот оброк понапред, но важно е разликата помеѓу последниот и првиот оброк да ви биде 14 часа.rnrnХит диета: Четири причини да ја прескокнете вечератаrnrnАмериканскиот истражувачки центар за диететика докажа дека доколку го практикувате ова, позитивно му влијаете на организмот и тоа повеќекратно.rn

    Слабеење

    rnДоколку не внесувате храна во организмот по 16 часот, телото почнува пополека да ги согорува мастите. Не треба да очекувате инстант резултати, туку да бидете трпеливи.rnrnТелото ќе согорува по неколку грама дневно, што воедно е и предност на оваа диета, бидејќи на тој начин нема да се појави вишок на кожа, поради загубата на преголема тежина, туку кожата полека ќе се прилагодува на смалената тежина.rn

    Третман против стареење

    rnИзворот на внатрешна младост е хормоналниот баланс и додека телото произведува доволно хормони, ние сме здрави и изгледаме младо. Гладот го стимулира производството на хормоните за раст и мелатонин. rnrnТелото лачи доволна количина хормон за раст до 21-та година од животот, а потоа почнува да се намалува, додека во староста воопшто не се лачи. Намалувањето на хормонот за раст резултира со слабост во мускулите, замор и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.rnrnНашите предци, оделе на спиење гладни, за нивното тело да биде спремно за подолг период на условно постење. Кога сме принудени да одиме на спиење гладни, нашата енергија, која телото инаку би ја користело за варење, се троши за елиминација на штетните супстанци, зголемување на нивото на хормоните и за регенерација на клетките.rn

    Топење маснотии

    rnАко редовно го следите ова правило, зголеменото ниво на хормони ќе влијае на намалување на маснотиите во телото, зајакнување на коските, зголемување на еластичноста на кожата, намалување на холестеролот во крвта, зајакнување на имунитетот, намалување на уморот и подобрување на функцијата на срцето.rn

    Подобар сон

    rnКако што знаете, додека спиете со празен стомак се произведува мелатонин, односно хормон за спиење. Во таа состојба, температурата на телото се намалува, а нашето спиење е подлабоко и се регенерираат клетките во телото. Сите луѓе по добро преспиена ноќ изгледаат помладо и обратно, по непреспиена ноќ изгледаат ужасно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Брза диета со суви сливи

    Брза диета со суви сливи

    Сувите сливи не претставуваат само вкусна ужина, туку и се одлични за коските бидејќи ги зајакнуваат. Тие содржат витамин К, кој е многу важен за коските, но и за згрутчувањето на крвта. Нивните растворливи влакна ја забавуваат апсорпцијата на гликоза и го стабилизираат нивото на шеќер во крвта.rnrnБрза диета со суви сливиrnrnДиетата со суви сливи спаѓа во оние „брзи“ диети и може да се практикува максимум 5 дена и тоа само за одредена потреба. Па така, доколку ве очекува важен состанок, прослава или нешто слично, можете набрзина да симнете од 2 до 5 килограми зависно од вашиот организам, за да изгледате одлично на настанот.rnrnОброците треба да се консумираат на секои 3 часа, а вашето дневно мени треба да изгледа вака:rnrnПојадок: 6 суви сливиrnrnУжина 1: јаболкоrnrnРучек: варено јајце и варена виршлаrnrnУжина 2: иста како и ручекотrnrnВечера: чаша јогурт со ниска масленостrnrnПокрај тоа што треба да го почитувате овој строг режим на исхрана, добро е и да бидете физички активни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.