КАФЕ ПАУЗА

Tag: ужина

  • Брза диета со суви сливи

    Брза диета со суви сливи

    Сувите сливи не претставуваат само вкусна ужина, туку и се одлични за коските бидејќи ги зајакнуваат. Тие содржат витамин К, кој е многу важен за коските, но и за згрутчувањето на крвта. Нивните растворливи влакна ја забавуваат апсорпцијата на гликоза и го стабилизираат нивото на шеќер во крвта.rnrnБрза диета со суви сливиrnrnДиетата со суви сливи спаѓа во оние „брзи“ диети и може да се практикува максимум 5 дена и тоа само за одредена потреба. Па така, доколку ве очекува важен состанок, прослава или нешто слично, можете набрзина да симнете од 2 до 5 килограми зависно од вашиот организам, за да изгледате одлично на настанот.rnrnОброците треба да се консумираат на секои 3 часа, а вашето дневно мени треба да изгледа вака:rnrnПојадок: 6 суви сливиrnrnУжина 1: јаболкоrnrnРучек: варено јајце и варена виршлаrnrnУжина 2: иста како и ручекотrnrnВечера: чаша јогурт со ниска масленостrnrnПокрај тоа што треба да го почитувате овој строг режим на исхрана, добро е и да бидете физички активни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќна диета базирана на домати

    Моќна диета базирана на домати

    Овој црвен плод е вистинска ризница и во себе содржи витамини А и Ц, калциум и ликопен, најмоќниот антиоксиданс кој го смалува ризикот од малигни заболувања. Сто грама домати содржат само 18 калории, па совршен е за диета. Оваа диета трае 5 дена, а можете да ја повторите после 2 дена пауза.rnrnЗа време на овие пет дена, нормално морате да заборавите на слатки, бел леб, млечни производи со висока масленост, а предност ќе треба да им дадете на рибата, пилешкото месо, овошјето, зеленчукот и на интегралните житарки.rnrnМоќна диета базирана на доматиrnrnСмеете да користите маслиново масло, а од зачините сол, бибер и ароматични билки. Секое утро потребно е да пиете чаша со млака вода на празен стомак, а задолжителни се најмалку четири оброка дневно.rnrnОва се правилата кои морате да ги следите при исхраната, а покрај тоа што ќе загубите неколку килограми, зависно од вашиот метаболизам, ќе го исчистите телото од токсини.rn

    Предлог за појадок:

    rn

      rn011

    • Интегрално печиво, парче немасно сирење и еден домат
    • rn011

    • 2 лепчиња на тост намачкани со маргарин и 2 парчиња шунка
    • rn011

    • 200 грама јогурт со ниска масленост помешан со лажица мед и 2 лажици житарки
    • rn

    rn

    Прв ден

    rnРучек: домати со сирењеrnrnИзмешајте 300 грама домати со 200 грама свежо сирење со ниска масленост. Одозгора полијте една лажица маслиново масло и зачинете со босилок. Со салатата каснете и 30 грама интегрален леб.rnrnУжина: 100 грама овошје по изборrnrnВечера: тестенини со сос од доматиrnrnДва моркови исечете ги на крукчиња и динстајте ги со малку маслиново масло. Потоа додадете 50 милилитри пилешка супа и динстајте уште пет минути. Во тавата додадете 450 грама исечкани домати, посолете и додадете половина лажичка мед. Оставете сосот да се крчка на тивок оган околу 15 минути. Сварете 100 грама тестенини и полијте ги со сосот.rn

    Втор ден:

    rnРучек: грчка салатаrnrnИсечкајте една главица црвен кромид, два домати и една поголема краставица. Прелијте ја салатата со маслиново масло и зачинете ја по вкус. Одозгора додадете неколку коцки сирење. Со салатата каснете 30 грама интегрален леб.rnrnУжина: шолја црно кафе и две бисквитиrnrnВечера: супа од осличrn

    Две главици црвен кромид динстајте ги со малку маслиново масло и додадете два поголеми домати, кои претходно сте ги олупиле и исечкале на резанки, коцка за супа од зеленчук и половина литар вода. Кога супата ќе се свари, додадете сечкани парчиња од филети ослич и варете уште 20 минути. Зачинете по вкус.

    rn

    Моќна диета базирана на домати

    rnrn

    Трет ден

    rnРучек: омлетrnrnИсечкајте 100 грама шампињони и 300 грама домати и динстајте ги со малку маслиново масло. Кога водата ќе испари, додајте две јајца и убаво измешајте.rnrnУжина: 2 морковиrnrnВечера: телешко со доматиrnrnИспечете едно парче телешко месо, од 125-150 грамови. Во друга тава динстајте една исечкана главица црвен кромид и два домати, потоа додадете го и месото и оставете ги заедно на оган уште 15 минути.rn

    Четврт ден

    rnРучек: ладна салатаrnrnВо блендер ставете 300 грама исечкани домати, една пиперка, краставица, една лажица маслиново масло, две чешниња лук и две парчиња тост искршен на парчиња. Ставете сол и бибер, изладете го и потоа уживајте.rnrnУжина: сендвич со доматиrnrnВечера: полнети доматиrnrnИздлабете три домати и ставете ги во еден сад. Помешајте 100 грама свежо сирење, 125 грама недоварен ориз, малку босилок, исечкан домат и кромид, па со смесата наполнете ги доматите. Печете ги 20 минути на 200 степени Целзиусови.rnrnМоќна диета базирана на доматиrn

    Петти ден

    rnРучек: италијанска салатаrnrnЕдно парче тост и 400 грама домати исечете ги на парчиња и измешајте ги. Додадете малку марула, полијте ја салатата со две лажици маслиново масло и оцет и зачинете по вкус.rnrnУжина: овошна салата со мед и ментаrnrnЗемете едно киви и едно јаболко и исечкајте ги на коцки. Во нив додадете една лажица мед и зачинете ја овошната салата со еден лист од мента.rnrnВечера: паприкашrnrnЕдна главица црвен кромид исечкајте ја ситно и динстајте ја заедно со 200 грама компир, исечкан на коцкички, четири моркови исечкани на крукчиња, 100 грама печурки и малку праз. Зачинете, а потоа додадете 100 милилитри супа од зеленчук и 250 милилитри сок од домати. Оставете го на оган уште 15 минути.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да си испукате пуканки во хартиена кеса во домашни услови?

    Како да си испукате пуканки во хартиена кеса во домашни услови?

    Во добро друштво или сами со некое добро филмче, пуканките се навистина незаменлива, крцкава и нискокалорична ужинка. Но, доколку сте ноќна птица, а вашите родители спијат во близина на кујната, веројатно немате можност да го грабнете тенџерето и да пукате во ниедно време.rnrnГолема радост беше моментот кога видовме дека се продаваат пуканки во хартиена кеса, наменети за едноставно и педантно пукање во микробранова печка, како и оние сосема готовите, спакувани пуканки. Но, тие се прилично скапи кога ќе се земе предвид дека за таа цена дома ќе испукате неколку големи тенџериња полни до врв. Исто така, купените пуканки за пукање во микробранова печка содржат разни адитиви како што се остатоци од риба, млеко, вештачки зачини и што ли уште не?! Тоа е и калорично и нездраво. Затоа, купете си кеса неиспукани зрна и хартиени кеси и подгответе си домашно приготвени пуканки, поубави од оние во кино.Како да си испукате пуканки во хартиена кеса во домашни условиНачин на подготовка: Зависно од големината на кесата што ја имате, ставете 50-70 грама зрна пченка и превиткајте ја кесата 3 пати на врвот. Немојте да ја хефтате, бидејќи желевцата може да предизвикаат искри или пожар во микробрановата печка. Нема потреба ни од селотејп, кесата нема да ви се отвори при пукањето, доколку е убаво свиткана. Ставете ја кесата во микробрановата печка околу 3 минути на висока температура или онака како што секогаш ги пукате оние купени од продавница.Како да си испукате пуканки во хартиена кеса во домашни условиСовет за пукањето: Исклучете ја микробрановата печка во моментот кога пукањето ќе се намали на 1-2 пуканки во секунда. Ако почекате уште малку, може да ви изгорат.rnrn

    Рецепти

    rnДиетални со сол: Бидејќи вака подготвените пуканки не се мрсни, солта нема да се нафати за нив. Затоа земете еден мал длабок сад и толчник и толчете ја солта додека не стане како прав. Потоа посолете и почнете да грицкате.rnrnМексикански: ставете чили, лут кечап и сол.rnrnМиризливи: помешајте лук во прав и кромид во прав, за пуканки со интензивен вкус.rnrnПуканки со сирење: изрендајте кашкавал и сирење во пуканките додека се жешки. За поедноставна варијанта, може да ставите само пармезан и малку сол.rnrnДесертни пуканки: ставете малку цимет, шеќер и декорирајте ги со мед.rnrnКласични: посолете и прелијте ги со стопен путер.rnrnАко сакате да бидете ептен кул, испринтајте си и готово дизајнче за кесата, за да изгледа како да сте ги купиле пуканките од продавница. :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чипс од прокељ

    Чипс од прокељ

    Лесна, брза и супер здрава крцкава ужина…Чипс од прокељПотребни состојки:rn

      rn011

    • Прокељ
    • rn011

    • Маслиново масло
    • rn011

    • Сол
    • rn011

    • Лимон
    • rn

    rnНачин на подготовка: Разделете ги малите зелкички на ливчиња. Најмалите нема да можете да ги одвоите, па или искористете ги така или зачувајте ги за други рецепти. Попрскајте ги ливчињата со маслиново масло и ставете ги во загреана рерна на 200 степени Целзиусови да се печат 8-10 минути додека рабовите не станат крцкави. Ѕиркајте ги постојано бидејќи брзо можат да изгорат. Извадете ги од рерна, попрскајте ги со свеж лимонов сок и сол. Пријатна ужина!Чипс од прокељ
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусни ужини со путер од кикирики

    Вкусни ужини со путер од кикирики

    Може да биде кремаст или крцкав, солен или природен, но не може да се негира дека путерот од кикирики е навистина вкусен. Иако официјално Меѓународен ден на путерот од кикирики е 24-ти јануари, знаеме дека нема ништо поубaво од неговата секојдневна консумација.rn

    Палачинки со путер од кикирики и парчиња чоколадо

    rnВкусни ужини со путер од кикирикиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 160 грама купечка зрнеста смеса за палачинки
    • rn011

    • 1 поголемо јајце
    • rn011

    • 90 грама природен путер од кикирики
    • rn011

    • 240 мл млеко
    • rn011

    • 1/2 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 180 грама чоколаден чипс
    • rn011

    • 1 лажица несолен путер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте ја рерната на 100 степени. Измешајте ги смесата за палачинки, јајцето, дел од путерот од кикирики, млекото, екстрактот од ванила и чоколадниот чипс. Стопете 1 лажица несолен путер во голема тефлонска тава. Од добиената мешавина испржете палачинки. Префрлете ги палачинките во загреаната рерна и чувајте ги таму додека не бидат подготвени за сервирање. Премачкајте ја секоја палачинка со преостанатиот путер од кикирики и во средината декорирајте со парче чоколадо.rn

    Коктел од банана и путер од кикирики

    rnВкусни ужини со путер од кикирикиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 мала зрела банана, пресечена на половина
    • rn011

    • 120 мл немасно млеко
    • rn011

    • 1 лажичка кремаст путер од кикирики
    • rn011

    • 3 коцки мраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер измешајте ги бананата, млекото, путерот од кикирики и коцките мраз. Изблендирајте ги состојките додека не добиете изедначена густа течност. Послужете во високи чаши.rn

    Мафини со јаболка и путер од кикирики

    rnВкусни ужини со путер од кикирикиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 50 грама путер од кикирики со парченца (природен по можност)
    • rn011

    • неколку веќе подготвени мафини или друг вид колачиња
    • rn011

    • 2 јаболки исечени на кришки
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnМафините премачкајте ги со путерот од кикирики. По желба, врз путерот можете да наросите пченични зрнца. Врз секој мафин ставете по една кришка јаболко.rn

    Милиброд со путер од кикирики и банани

    rnВкусни ужини со путер од кикирикиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 8 парчиња милиброд
    • rn011

    • 90 грама путер од кикирики
    • rn011

    • 2 банани исечени на тркалца
    • rn011

    • 85 грама мармалад од јагоди или некое друго овошје
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНамачкајте четири парчиња милиброд со путер од кикирики. Врз путерот нанесете тркалца банана. Останатите четири парчиња милиброд намачкајте ги со мармалад и ставете ги врз бананата. Вака добиените сендвичи пресечете ги дијагонално и послужете ги.rn

    Ѓевречиња со путер од кикирики

    rnВкусни ужини со путер од кикирикиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 лажици природен путер од кикирики
    • rn011

    • 1 лажичка мед
    • rn011

    • 1 ѓеврек, поделен на половина по должина
    • rn011

    • 1 прстофат сол
    • rn011

    • 1 банана, исечена на тркалца
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги путерот од кикирики, солта и дел од медот и со добиената смеса намачкајте ги двете половини од ѓеврекот. Врз путерот нанесете го овошјето и прелијте со остатокот од медот.rn

    Колачиња од путер од кикирики

    rnВкусни ужини со путер од кикирикиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 175 грама сенаменско брашно
    • rn011

    • 1 прашок за пециво
    • rn011

    • 1/2 лажичка сол
    • rn011

    • 1/4 лажичка сода бикарбона
    • rn011

    • 170 грама несолен путер
    • rn011

    • 250 грама шеќер
    • rn011

    • 120 грама природен, кремаст путер од кикирики
    • rn011

    • 3 јајца
    • rn011

    • 60 грама павлака
    • rn011

    • 1/2 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • цврст фил од путер од кикирики*
    • rn011

    • мармалад од јагоди за декорација
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте ја рерната на 180 степени. Калапите за колачиња обложете ги со хартиени калапи за печење. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и содата. Несолениот путер и шеќерот изматете ги додека не добиете мазна пенеста смеса, а потоа додадете ги кремастиот путер од кикирики и јајцата (едно по едно, миксирајќи после секое).rnrnНамалете ја брзината. Во чинија измешајте ги павлаката и екстрактот од ванила. Во изматената смеса со путер од кикирики, наизменично додавајте ги смесата со сувите состојки, па кисело-слаткиот крем со павлака и на крај повторно завршете со сувата смеса. Добиената смеса поделете ја подеднакво во калапите за колачиња (најдобро е да се наполнат 2/3 од секој калап) и печете околу 20 минути или додека тестото не се одлепи од калапите. Испечените колачиња оставете ги да се оладат.rnrnОладените колачиња треба да се филуваат со цврст фил од путер од кикирики и на крајот да се декорираат со мармалад од јагоди во средината.rnrn* За да го подготвите филот од путер од кикирики, потребно ви е:rn

      rn011

    • 180 грама крем-сир
    • rn011

    • 40 грама шеќер во прав
    • rn011

    • 1/2 лажичка сол
    • rn011

    • 180 грама кремаст путер од кикирики, неприроден
    • rn011

    • 1/2 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 115 грама шлаг
    • rn

    rnИзмешајте ги крем-сирот и шеќерот и матете со миксер на средна брзина. Додадете ги солта, путерот од кикирики и на крајот ванилата. Матете го шлагот додека да се измасни и потоа смешајте го со другата смеса. Користете го веднаш или оставете го во фрижидер до 2 дена, во овој случај, пред употреба задолжително оставете го на собна температура и изматете го на слаба брзина.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?

    Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?

    Во денешно време експертите од разни области, секојдневно прават истражувања за да дојдат до резултати кои ќе го информираат светот за сето она што се случува во областа на науката, а тие резултати директно влијаат на нашиот секојдневен живот, како и на менталното и физичкото здравје. Во продолжение прочитајте кои часови од денот, експертите ги определиле како идеални за да имате секс, да се одморите со попладневна дремка, најдобро да го меморирате материјалот за испит или да стопите најмногу калории со спорт.rn

    Правилно време за мерење на тежината е 7 часот наутро

    rnЕдно истражување покажало дека луѓето кои се качуваат на вага секој ден, губат два пати повеќе килограми од оние кои се мерат еднаш неделно, бидејќи повеќе ќе внимаваат што јадат во наредните денови, доколку вагата покажала повеќе од вообичаено. За да ја дознаете вашата најточна моментална телесна тежина, качувајте се секое утро на вагата, веднаш откако ќе станете од спиење и ќе го посетите тоалетот. Немојте да се мерите повеќе пати во денот, бидејќи во зависност од тоа што јадете и пиете и колку сте физички активни во текот на денот, вашата тежина може да варира од 1 до 2,5 кг.rnrnКое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?...rnrnАко константното следење на вашата тежина прави да се чувствувате опседнато или нервозно, обрнете внимание само на тоа како ви стои облеката. Шеесетгодишната актерка Кирсти Алеј која имаше големи проблеми со тежината, успеа да се задржи на тежина од 45 килограми, купувајќи го истиот фустан во различни големини кои варирале од број 44 до 35, за да ја следи нејзината тежина. Сега таа носи број 35.rn

    Најдобро време за бричење на нозете е 8 часот наутро

    rnТромбоцитите се значајни фрагменти на крвта, кои го овозможуваат нејзиното засирување кога ќе се пресечете со жилетот при бричењето. Тие се најгусти и најобилни рано наутро, вели Џенифер Акерман, авторка на книгата „Sex Sleep Eat Drink Dream: A Day in the Life of Your Body“. Поради тоа, ако случајно се пресечете додека се бричите, голема е веројатноста дека нема многу крв да почне да блика ако тоа го сторите рано наутро, па нема да морате да се шетате со ханзапласти по нозете.rnrnКое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?...rn

    Идеално време за попладневна дремка е од 13 до 15 часот

    rnДремките не се само за бебиња и пензионери. Ваквото краткотрајно спиење може да ви ги подобри рефлексите додека го возите автомобилот, да ја зголеми вашата креативност на работното место и да ви помогне да запомните каде си ги заборавивте клучевите. Пладневната починка може дури и да ви го спаси животот. Едно истражување спроведено од страна на Харвардското училиште за јавно здравство и Атинскиот медицински универзитет во Грција, покажало дека со попладневната дремка се намалува процентот на смртни случаи за една третина, на мажи и жени кои имале срцеви проблеми.rnrnНајдобро време за дремка според докторот и интернист Кери Питерсон, е во првите часови после пладне, бидејќи во тој период „хормонот за спиење“ мелатонин, најмногу се лачи. Во секој случај, не треба да дремете повеќе од 20 минути, бидејќи после таа точка, мозокот влегува во подлабока фаза на спиење, поради што ќе се чувствувате поисцрпено кога ќе го слушнете звукот на алармот.rnrnКое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?...rnrn

  • 6 начини да јадете како спортист

    6 начини да јадете како спортист

    Храната, после вежбањето е многу важна за спортистите. Прочитајте ги тајните во нивната исхрана и почнете да ги практикувате.rn

    1. Појадувајте. Секој ден!

    rn6 начини да јадете како спортистrnrnСпортистите не се вртат во кревет по неколку минути наутро. Тие стануваат и веднаш почнуваат со интензивно вежбање од 2 часа. По вежбањето, појадуваат оброк кој е богат со протеини. Ако немате време наутро, не грижете се – не сте единствени, но не заборавајте дека појадокот е задолжителен.rn

    2. Јадете повеќе оброци во текот на денот

    rn6 начини да јадете како спортистrnrnСпортистите јадат во текот на целиот ден, како би можеле да го одржат енергетското ниво. Нив никогаш нема да ги видите како јадат од чинија полна со многу храна.rn

    3. Чувајте ги ужинките при рака

    rn6 начини да јадете како спортистrnrnШто има во чантата на спортистите? Изобилство од енергетски грицки и ужинки за да го задоволат нивниот глад. Тие своите ужинки ги планираат однапред и секогаш ги имаат при рака.rn

    4. Протеините се задолжителни (и тоа не само од месо)

    rn6 начини да јадете како спортистrnrnСекој оброк на спортистите треба да содржи протеини. Тоа е така затоа што протеините ја оформуваат мускулната маса.rn

    5. Земете по една банана

    rn6 начини да јадете како спортистrnrnСпортистите знаат дека овошјето е клучен и најважен извор на шеќери во нивната исхрана. Бананата е број еден овошје на кое спортистите „му се поклонуваат“.rn

    6. Збогувајте се со газираните пијалаци

    rn6 начини да јадете како спортистrnrnГазираните пијалаци се прецртани на листата на неопходни продукти кои треба да ги внесуваат. Кога станува збор за внесување течности, спортистите знаат дека водата е клучна и есенцијална. Дури и кога пијат спортски пијалаци, тие знаат дека потоа треба да ги согорат внесените калории.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ослабете додека седите на работното биро

    Ослабете додека седите на работното биро

    Многу е лесно да се фрли некое килце на себе доколку постојано се седи пред компјутер. Работното биро е совршено место за дебелеење, а причината е очигледна: комбинација од неподвижност и разни грицки кои сакате да си ги „мљацкате“ во текот на денот. Можете да ослабете ако се откажете од грицките, ја користите паузата за вежбање во теретана или, пак, почнете да ги практикувате овие 5 едноставни совети додека сте на местото на злосторството.Ослабете додека седите на работното бироrn

    Понесете си ужина од дома

    rnТешкиот работен ден нема да ви дозволи да издржите само со ручекот. Оттаму и ви се јавува потребата за дополнително полнење на стомакот. Затоа, кога веќе сакате да ставите нешто плус во устата, тоа нека бидат 2 тенки парчиња кашкавал или диетален јогурт. Нема да внесете многу калории, а ќе ќе внесете протеини и ќе се чувствувате заситено.rn

    Скријте ги грицките

    rnДалеку од видик, далеку од ум. Ова е заклучокот од едно скорешно истражување кое покажа дека испитаниците изеле 70% повеќе бонбони кои стоеле во проѕирна тегла, за разлика од количината што ја изеле кога биле складирани во непроѕирна. Па затоа, наместо да ги чувате своите омилени грицки на бирото, каде што најверојатно нема да се задржат ни до 15 часот, тргнете ги настрана, во шкафче или во фрижидер.Ослабете додека седите на работното бироrn

    Набилдајте ги стомачните мускули

    rnПрилагодете ја висината на столицата така да колковите ви се на 3-5 см над колената. Потоа навалете се напред за да дојдете со градите над колковите и стегнете ги лопатките (зад рамената) за да го буткате градниот кош кон напред. Со ова едноставно движење ќе го ангажирате горниот дел од телото, па така можете да набилдате „чоколаден“ стомак.rn

    Стискајте си го задникот на секој имејл

    rnСамо затоа што по цел ден седите на вашиот задник, не значи дека не можете да работите на зацврстување на мускулите. Во моментот кога ќе стиснете на копчето Send, згрчете ги мускулите од долниот дел на телото и задржете така 5 секунди.  Потоа, опуштете се 5 секунди. Направете го ова 4 пати. Набрзо, ќе создадете условен рефлекс да се стегате на секој испратен имејл. Доколку имате шеф кој постојано ве бомбардира со пораки, очекувајте да ги видите резултатите за само неколку недели.Ослабете додека седите на работното бироrn

    Вежбајте со нозете

    rnРетко кој шеф би ви дозволил да правите пауза за да правите склекови или други вежби за затегнување во канцеларијата. Но, тој не мора да знае дека вежбате, нели? Исправете се на столчето. Испружете ја едната нога напред така да дојде паралелна со подот, потоа истегнете го стапалото и задржете така 5 секунди. Спуштете ја полека, одморајќи се 5 секунди и повторете го истово со другата нога. Дузина подигнувања на нозете во текот на денот се доволни за да добиете позатегнати нозе. Дополнително, не заборавајте да правите и кратки вежби за релаксација и ослободување од стрес.

  • Чоколаден тост со путер од кикирики

    Чоколаден тост со путер од кикирики

    За појадок, вечера или ужина, овој чоколаден тост ќе ви покаже дека комбинацијата од чоколаден крем и путер од кикирики е совршена, а бананата само ќе го надополни ефектот. Направете го кога сте во брзање, кога не знаете што благо да јадете или кога не можете да му најдете соодветна примена на путерот од кикирики. Верувајте, ова е тост кој нема да го направите само еднаш.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 парчиња леб
    • rn011

    • 2 големи лажици путер од кикирики
    • rn011

    • пола банана
    • rn011

    • 60 г чоколадо за готвење
    • rn011

    • 1 лажица стопен путер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДвете парчиња леб намачкајте ги со путер од кикирики.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирикиrnrnПоловина од чоколадото за готвење грубо исечете го со нож, а другата половина ситно изрендајте ја. Исечете ја бананата ја на 4 тркалца кои ќе ги распоредите врз едното парче леб. Врз бананата, ставете го грубо исецканото чоколадо, а останатите рендани трошки распоредете ги подеднакво на двете лепчиња.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирикиrnrnПреклопете ги парчињата леб внимателно. Горното парче намачкајте го со растопениот путер и ставете го на тостер или на тефлонско тавче (за палачинки) ако немате тостер. Почекајте чоколадото да почне да се топи. Потоа превтрете го тостот на другата страна и намачкајте го другото парче леб со путер. Кога тостот ќе добие убава златна боја, исечете го на два тријаголници.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирики
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

    Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

    Одбирањето добра ужина, некогаш навистина може да претставува голем проблем. Закуската треба истовремено да ве засити за да може вашето тело нормално да функционира, да не ви го распие главниот оброк и што е најважно, да биде вкусна.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrnrnЕве неколку примери за квалитетна ужина, која ќе ги задоволи критериумите на сите, а со сигурност ќе ви помогне да го избегнете ризикот за некое непосакувано кило плус.rn

    Јаболко и путер од кикирики

    rnКомбинацијата од овие две нешта содржи голем број белковини, влакна и маснотии, па така едно јаболко со просечна големина и неколку лажички путер од кикирики навистина би ве заситиле. Бидејќи оваа ужина бара малку повеќе џвакање, мозокот си дава автосугестија дека организмот внесува поголема количина храна.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Овошен јогурт

    rnОвошниот јогурт е секогаш победник. Тој ќе зафати повеќе простор во вашиот желудник, а и ќе му треба подолго време за да се свари. Одберете вкус според вашиот критериум  и уживајте на вашата пауза.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Лубеница

    rnТаа има малку повеќе калории од некои други овошја што можете да ги консумирате, но има предност бидејќи е полна со вода, па така вашиот стомак ќе биде полн, а вие сити.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Протеинска штангла

    rnПротеинските штангли всушност имаат сѐ што ви е потребно за да ве заситат. Богати се со белковини и масти, а во маркетите имате голем избор од нив. Сепак, пред да изедете поголема количина, бидете внимателни и прочитајте на обвивката колку калории содржат.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Пуканки

    rnДефинитивно одлична закуска, која понекогаш би била и добра замена за вашата вечера. Волуменски, пуканките зафаќаат поголем простор, а се богати и со белковини.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.