Секоја соба во домот можете да ја украсите со растенија, па така и бањата. Вие треба само да изберете растенија што можат да поднесат многу влага и вашата бања веднаш ќе изгледа поубаво и посвежо.rnrn
rnrnЗа украсување на бањата, изберете растенија што сакаат топли и влажни простори, а одличен избор се папратот, драцената, бамбусот, орхидеите и слични растенија. Исто така, пожелно е да има прозорец во бањата, така што растенијата ќе добиваат доволно природна светлина.rnrnЧувајте ги растенијата подалеку од места каде што водата тече директно, како што е подот на туш-кабината.rnrnПогледнете ги фотографиите во продолжение за да добиете идеја како да ја декорирате бањата со растенија и да создадете зелен простор за опуштање и уживање.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како да ја вклопите виолетовата боја во вашиот животен простор.
Tag: уредување
-

Свежо и релаксирачко: Идеи што ќе ве натераат да ја украсите бањата со растенија
-

15 примери како да ја вклопите виолетовата боја во вашиот животен простор
На љубителите на виолетовата боја не им треба многу за да ги убедите во нејзината уникатност и сестраност. Оваа боја ги симболизира правдата и достоинството и со текот на годините стана симбол за родовата еднаквост и за силата на жените. Исто така, таа е поврзана со борбата за право на глас на жените во Велика Британија на почетокот на 20-тиот век.rnrn
rnrnВиолетовата боја е создадена од комбинација на топла и енергична црвена и ладна сина боја и ги има својствата на двете бои.rnrnНејзините потемни нијанси се многу впечатливи и енергични, а посветлите нијанси смируваат. Кога станува збор за трендовите, виолетовата е апсолутен хит оваа сезона.rnrnСо оглед на богатата понуда, многумина ќе ја наполнат гардеробата со виолетови парчиња облека оваа сезона, но некои ќе сакаат да внесат виолетови нијанси и во својот животен простор.rnrnАко не сте сигурни од каде да започнете, најдобро е да започнете со уредување на ентериерот со виолетови детали. Тепих, украсни перници, столна ламба, завеси, една фотелја или тросед во виолетова бојат веднаш ќе го освежат просторот.rnrnНајхрабрите можат веднаш да ги бојадисаат ѕидовите во својата омилена нијанса. Погледнете ги фотографиите за да откриете како да ја вклопите виолетовата боја во сите простории во домот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn -

Едноставно и евтино уредување на ѕидот што ќе ја направи секоја соба поудобна за живеење
Малите промени во дизајнот на ентериерот, за кои не ви треба голема сума пари, можат да направат голема разлика. Не мора да го менувате или да го преместувате мебелот за да го освежите просторот во кој најмногу престојувате. Понекогаш е доволно да преуредите само еден ѕид за да ја освежите просторијата. Погледнете како да го уредите празниот ѕид за да се чувствувате поудобно во вашиот дом.rn
Украсете го ѕидот со кохезивни фотографии
rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnПразниот ѕид во вашата омилена просторија можете да го уредите со кохезивни фотографии. Може да го уредите ѕидот со црно-бели фотографии од детството, со фотографии од родителите, бабите и дедовците или со фотографии од омилените спомени, места и слично. Сè што ќе ви треба се три или повеќе исти рамки, слични (или меѓусебно поврзани) фотографии и еден ѕид. За многу кратко време и за многу малку пари ќе добиете сосема нов ѕид и галерија спомени што секогаш ќе ве потсетуваат на нешто убаво.rn
Залепете тапет
rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnЛепењето тапети е наједноставната и најбрзата опција, но малку поскапа од другите. Ако имате буџет, но немате време да набавите украси, материјали и сл., тапетите се одличен избор за вас. Тапетот не мора да го покрива целиот ѕид, туку може да се постави само на еден дел, а вие можете да изберете дезен што ќе биде пријатен за очите и што ќе ја направи просторијата потопла.rn
Обесете стари инструменти или украси
rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnКолекција инструменти, стари инструменти што веќе не се користат или дрвени украси од патувања, како што се маски или нешто слично може да бидат совршен украс на ѕидот.rn
Уметнички дела
rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnНикогаш не можете да погрешите со добрите уметнички дела, тие никогаш не можат да бидат демоде. Добрата работа е што секогаш можете да купите уметнички дела и од не многу познати уметници или да купите репродукции на уметнички дела од познати уметници. Така, секогаш ќе имате нешто на ѕидот што ви е пријатно и драго, а тоа ќе ѝ даде посебна енергија на просторијата.rn
Поставете полици
rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnПолиците се секогаш добра декорација. Како прво, собата ќе изгледа поголема, ќе имате повеќе простор за чување предмети и ќе можете да ги изложите оние украси, фотографии, книги и други работи што ви се важни.rnrnПогледнете го овој прекрасно уреден стан во кој ќе се вљубат љубителите на виолетовата боја.
-

ТВ серии што ќе ви помогнат при уредувањето на домот
Понекогаш на сите ни треба малку одмор со некоја серија што не оптеретува премногу. Затоа, седнете и погледнете некоја од овие серии кои ќе ви помогнат при следното уредување на домот.rnrnВо последно време има многу серии за уредување на ентериерот, како и за домашна организација. Ретко има нешто порелаксирачко од убавите куќи во Лос Анџелес или следењето на целиот процес на украсување на домови. Ова се некои од оние типови серии што можете лесно да ги вклучите за да ве забавуваат во текот на целиот ден, но можеби и да ве инспирираат за дополнително украсување.rn
1. Dream Home Makeover
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=8X_m6E3XEaw&feature=emb_titlern
2. Get Organized
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=XPg_BE6EA94&feature=emb_titlern
3. Interior Design Masters
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=oLjW8UB5Bg0&feature=emb_titlern
4. Selling Sunset
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=DXdO0Revllc&feature=emb_titlernrnПогледнете кои се најинтересните филмови и серии кои не смеете да ги пропуштите во октомври!
-

Сè е во деталите: Идеи за уредување на домот така што секој агол ќе изгледа прекрасно
Само затоа што немате голем стан или куќа, не значи дека не можете да го организирате просторот така што ќе предизвика воодушевување. Уредувањето на малиот простор, исто како и уредувањето на големиот простор, бара генијалност и размислување за тоа што ќе функционира во просторот, а што не.rnrn
rnrnИсто така, малиот простор не значи дека треба да се фокусирате само на основните парчиња мебел и да ги игнорирате деталите. Внимателниот избор на детали ќе придонесе вашиот дом да изгледа посебно.rnrnЕдна сопственичка на стан во Њу Џерси ќе ви покаже како да направите секој агол од станот да изгледа совршено, благодарение на внимателно одбраните детали. Таа користела многу бели детали и создала вистинска нежна и светла оаза.rnrnКога ќе ги погледнете фотографиите подолу, ќе забележите дека има огледала на белите ѕидови, а токму светло обоените ѕидови и огледалата се двата совети што ќе ги добиете кога ќе побарате помош за уредување на мал стан што сакате да го направите визуелно поголем.rnrnОсвен што го прават просторот поубав, огледалата ја истакнуваат природната светлина во домот, визуелно го зголемуваат просторот и потенцираат одреден дел од станот или куќата. Светлите ѕидови, исто така, визуелно го зголемуваат просторот.rnrnВо продолжение погледнете ги фотографиите што ќе ви дадат инспирација како да го уредите вашиот дом.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие кујни во боја во кои ќе се вљубите. -

Најубавите есенски трендови во уредувањето: Еве што ќе биде хит оваа есен!
Есента пристигна, а со неа пристигнаа и нови трендови. Со цел да ви помогнеме и да ве инспирираме истовремено, избравме неколку интересни трендови кои сигурно ќе ве охрабрат да внесете прекрасен дел од есенската атмосфера во вашиот дом.rnrn
rnrnrn
1. Кадифено
rnАко има една боја која секогаш не потсетува на есенските денови, тогаш таа е секако портокалова. Доза од портокалова боја за време на есента отсекогаш била (и останува) класика, таа носи одредена топлина во внатрешноста, и тоа на многу традиционален начин. Оваа година, сепак, портокаловиот тренд оди чекор подалеку и му е додаден кадифен допир. Идејата е дека топлината на кадифениот материјал го носи тоа пријатно чувство во просторот, додека портокаловата, како што споменавме порано, ја дава таа класична палета на есента.rnrn
rnrn
rnrn
2. Крзнени детали
rnЗа луксузен допир во ентериерот, можете да го користите еден од трендовите оваа есен, а тоа е вештачкото крзно. Без разлика дали станува збор за ќебиња, килими или украсни перници, деталите од вештачко крзно донесуваат вистинско чувство на топлина во домот. Комбинирањето со други модерни украсни парчиња ќе осигури дека вашата соба ќе ја добие онаа есенска атмосфера.rnrn
rnrn
rnrn
3. Бели тикви
rnАко сакате тикви или само сакате порано да започнете со подготовките за Ноќта на вештерките, тогаш можете да го декорирате вашиот дом без додавање палети на бои. Белите тикви се идеално решение за вас, а истовремено и совршен украс во просторот. Дали ќе се одлучите за поголеми или помали тикви, зависи од вас. Најдоброто решение е да имате неколку тикви со различна големина.rnrn
rnrn
4. Украсете го каминот
rnАко сте од оние среќници кои имаат камин во својот дом, зошто да не го користите како дел од украсот? Клучот е да се „загрее“ ентериерот со пријатни декоративни елементи што прават да се чувствувате пријатно во просторот и сепак да изгледа доволно луксузно. Може да ставите неколку свеќи и перници покрај каминот или некои други креативни украси што ќе го освежат каминот и ќе му дадат уникатен изглед.rnrn
rnrnПогледнете ги и тиквите со сукуленти кои се едни од најубавите декорации за оваа есен.
-

Будат чувство на среќа: 5 совети како да го уредите вашиот дом во топли бои
Дали некогаш сте влегле во простор каде што, веднаш штом стапнавте во него, се чувствувавте пријатно, заштитено, среќно и инспирирано? Голема е веројатноста тој простор да бил уреден во топли бои. Кога сте опкружени со топли бои, во просторот се создава чувство на позитивна енергија, удобност, страст, интимност.rnrn
rnrnЗа топли бои се сметаат сите нијанси на црвена, жолта и портокалова, а тука спаѓаат и бојата на праска и нијансите на розова и златна боја, така што можете да ги комбинирате овие бои при уредувањето на вашиот дом.rnКако да го уредите просторот во топли бои?
rnКлучот е во комбинирањето на топли и ладни бои, во умереноста, но и во креативноста.rn
1. Бели или темни ѕидови?
rn
rnrnКога луѓето ќе одлучат да внесат бои како црвена или жолта боја во просторот за живеење, тие често мислат дека сè друго мора да биде совршено бело. Но, ѕидовите може да бидат во темни бои како сива или во ладни тонови како тиркизна. Токму оваа комбинација на бои постигнува контраст што дава одредена доза на „скапост“.rn2. Користете теписи
rn
rnrnЕден од наједноставните начини да се трансформира просторијата и да ѝ се даде чувство на топлина е да додадете тепих. Ова е местото каде што топлите бои можат да дојдат до израз. За да може килимот да се вклопи во целокупниот простор, барем една од боите на тепихот треба да одговара на деталите, како што се декоративните перници или уметничките дела на ѕидот.rn3. Поиграјте со ткаенините
rn
rnrnДекоративните перници се наједноставниот и најевтиниот начин да внесете топли бои во домот. Топлите бои можете да ги истакнете и преку постелнината, завесите или преку лесно поставените ќебиња на софата во дневната соба.rn4. Внесете уметност
rn
rnrnДоколку не сакате да инвестирате во украсни предмети како перници, фигури или вазни во топли бои, тогаш идеално решение се сликите. Еден ѕид исполнет со слики ќе создаде впечаток на галерија и на тој начин ќе ја искажете вашата креативност.rnrn
rnrnКога станува збор за уметноста, тоа не мора да значи скапи уметнички дела. Можете да ги закачите цртежите на вашите деца, илустрациите од некои патувања или вашите сопствени обиди за сликање.rn5. Внесете елементи од природно дрво
rnБојата на природното дрво совршено се вклопува во топлите тонови. Таа може веднаш да преобрази просторот и да му даде чувство на удобност, а дрвениот под или дрвениот мебел во кафени тонови се идеални за да го постигнете тоа.rnrn
rnrnБез разлика дали станува збор за масичка во дневната соба, за биро или за целата кујна, дрвото е лесно за одржување, трае со години и дава чувство на поврзаност со природата.rnrn
rnrnПогледнете ги овие 20 идеи за внатрешна трансформација на домот без да потрошите многу пари. -

Како да го уредите домот во тиркизна боја за свеж и модерен ентериер?
Тиркизната боја означува мир, спокојство и стабилност. Ако се всели во вашиот дом, таа ќе ја поттикне комуникацијата и ќе создаде емоционална рамнотежа. Во палетата бои, тиркизната е помеѓу сината и зелената и затоа ве потсетува на лето. Ако сакате да го направите вашиот дом место каде што ќе владеат морето и свежината, овие идеи ќе ви помогнат во тоа и не се закана за семејниот буџет.rnrn
rnДневна соба и кујна во аквамарин тон
rnПросториите во кои има мебел или детали во тиркизна боја изгледаат волшебно. Деталите во тиркизна боја во комбинација со црвена, беж или зелена може да го постигнат посакуваниот пресврт во просторот. Тоа може да биде фотелја, ламба, перничиња за софа, ѕид во оваа боја, тепих или кој било друг сегмент во духот на летото.rnrn
rnБања што ќе ве расони
rnАко сакате да ја освежите старата бања со едноставни детали, цветната вазна на мијалникот, крпите, килимот или туш-завесите може совршено да одговараат на најчестите бои на бањата – сива, сина, бела, портокалова или нежна розова боја. Тиркизните плочки во комбинација со белата санитарија изгледаат многу свежо и енергично.rnrn
rnНежна рамнотежа во спалната соба
rnЗбогатувањето на просторот со оваа боја и уживањето во неговата едноставност е најефикасно во личната интимна зона. Променете ги завесите, обоете ги малите фиоки или купете постелнина и перници во тиркизна боја. Оваа боја го зголемува нивото на креативност и чувствителност и се комбинира со бела, портокалова, розова и црна боја.rnrn
rnМали детали во тиркизна боја
rnНавистина не се потребни многу напори за хармонично чувство на лето и море. Некои од идеите што можете да ги искористите се тиркизни свеќници, лустер, фотелја или некое друго парче мебел во тиркизна боја.rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како да ги освежите полиците за книги во вашиот дом. -

Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил
Ако вашата градина сè уште нема нов летен изглед, уредете ја во медитерански стил кој носи освежување во форма на убави бои кои се рефлектираат на сонцето. Медитеранскиот стил се карактеризира со присуството на природни материјали, светли бои и интересни дезени.rnrn
rnМатеријали
rnКај медитеранскиот стил, фокусот е ставен на употребата на исклучиво природни материјали. Ако сакате помодерен изглед, одлучете се за бетонски допир. Бетонскиот мебел е многу популарен детал, кој секако треба да биде покриен со убави шарени природни ткаенини. Ратанот, плетеното дрво и тврдите парчиња дрво треба да бидат дел од оваа приказна. Килимите, прекривките, веселите перници и разбрануваните завеси кои потсетуваат на морска клима се неизбежни детали на медитеранскиот стил. Дрвениот покрив и завесите ќе ви помогнат да уживате во приватноста во вашата градина и да уживате во нејзината убавина дури и за време на најжешките летни денови.rn
Детали
rnОна што го дополнува медитеранскиот стил се деталите – прекрасни фенери кои висат од таванот, сини и бели тонови, свеќи, зеленило и цветни елементи, вазни, саксии, украсни садови и сè останато што ве потсетува на море. Исто така, можете да додадете спомени од вашите одмори во форма на школки, морски ѕвезди, камчиња и слично.rnrnВо продолжение погледнете ги фотографиите од најубавите градини и тераси во кои доминира медитеранскиот стил.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие идеи како да го претворите малиот двор или балкон во удобно место за релаксирање. -

Летни идеи за уредување на вашиот дом
Ова лето многумина ќе заборавиме на хотелите, но оние кои имате летна куќа можете да размислите што можете да промените во ентериерот за да уживате во неа. Ако немате, тогаш можете да добиете инспирација и идеи за вашата идна куќа од следните предлози.rn
1. Винтиџ детали
rnВинтиџ деталите со розова и пастелно зелена боја се совршени за вашиот летен ентериер. Исто така, можете да додадете антички вазни и бокали кои даваат посебна магија.rnrn
rnrn
rn2. Морски детали
rnАко сакате да го донесете мирот на морете во домот, тогаш размислете за додавање детали во зелена, бела или сина боја кои ќе создадат релаксирачки амбиент.rnrn
rnrn
rn3. Рециклирани украси
rnУкрасувањето со рециклирани предмети е начин со кој можете да заштедите многу. Бидете креативни и создајте интересни украси од работите кои веќе ги имате дома.rnrn
rnrn
rn4. Пастелни бои
rnПастелно жолта, сина, зелена и розова се одлични бои кои создаваат смирувачки амбиент и можат да го претворат вашиот дом во одлично летно место.rnrn
rnrn
rn5. Рустикален стил
rnАко вашата куќа е дрвена можете да се одлучите за детали со повеќе земни тонови како што се кафеавата, темно зелената и други бои кои ќе му дадат рустикален изглед на вашиот ентериер.rnrn
rnrn
rnrnПогледнете кои се 5-те најпопуларни бои за дизајн на ентериерот ова лето.