КАФЕ ПАУЗА

Tag: универзални

  • 12 универзални, но урнебесни закони за секојдневниот живот

    12 универзални, но урнебесни закони за секојдневниот живот

    Постојат универзални закони за секојдневниот живот за кои многумина од вас се сигурно свесни, но ниту еднаш досга не сте се обиделе да ги претворите во зборови. Прочитајте ги овие забавни вистини за животот што ќе ве насмеат до солзи!rnrn12 универзални, но урнебесни закони за секојдневниот животrn

    1. Закон за нормалност

    rnСите изгледаат нормално додека не ги запознаете.rn

    2. Закон за чујност

    rnАко мислите дека никој не ве слуша, пробајте да прднете.rn

    3. Закон за единственост

    rnСекогаш имајте на ум дека сте единствени. Исто како и сите останати.rn

    4. Закон за веродостојност

    rnНикогаш не ја проверувајте длабочината на водата со двете нозе.rn

    5. Закон за грижливост

    rnАко мислите дека никој не се грижи дали сте живи, обидете се да прескокнете рата за кредит.rn

    6. Закон за паѓање

    rnАко не ви успее од прва, падобранството не е за вас.rn

    7. Закон за позајмување

    rnАко некому му позајмите 20 евра и никогаш повторно не го видите, најверојатно вредел за тие пари.rn

    8. Закон за перверзност

    rnНе грижете се, изгледа перверзно само првиот пат.rn

    9. Закон за дуплирање

    rnНајбрз начин да дуплирате 1.000 евра е ако ги свиткате на половина.rn

    10. Закон за надмудрување жени

    rnПостојат две главни теории за надмудрување жени. Ниту една од нив не е добра.rn

    11. Закон за искуство

    rnИскуството е нешто што нема да го добиете сè додека не помине моментот кога ви е потребно.rn

    12. Закон за времето

    rnВремето не минува исто. Многу зависи од тоа на која страна од вратата на тоалетот се наоѓате.rnrnНе ви беше доволно? Прочитајте ги и овие 16 универзални закони што со сигурност ќе ве насмеат!

  • 3 универзални начини на шминкање кои ѝ стојат добро на секоја жена

    3 универзални начини на шминкање кои ѝ стојат добро на секоја жена

    Голем број од девојките и жените ширум светот посветуваат големо внимание на шминкањето. Со оглед на тоа што ни се достапни повеќе производи кои ги имаат професионалните шминкери, можеме слободно да експериментираме и да ја претвориме нашата шминка како онаа за насловните од списанијата. Сепак, многу девојки постојано се трудат да дознаат нови трикови и начини на разубавување, со кои секогаш ќе изгледаат убаво и сјајно. Доколку сте се запрашале дали постои начин на шминкање кој одговара на сечиј облик на лице, како и на сечиј тен, тогаш имајте на ум дека не постои еден, туку три начини. Ви ги претставуваме универзалните начини на шминкање кои ќе го направат вашиот изглед посјаен, без разлика на бојата и нијансата на тенот, обликот на очите или бојата на косата.rnrn1-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    1. „Пајак“ трепки, блескави образи и усни во боја на шумско овошје

    rn2-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    Очи:

    rnЗа овој изглед потребни ви се, таканаречени, пајак трепки, односно оние кај кои влакненцата се слепени и изгледаат како боцки. Вистински предизвик е да ги добиете, па ако не користите вештачки, сè што е потребно да направите е после виткањето на трепките да нанесете барем три слоја маскара. За слоевите совршено да се надградуваат, почекајте околу минута после секое нанесување на маскарата. Ако сакате трепките да добијат вистински „боцкав“ ефект повлекувајте ја четката од маскарата лево-десно, држејќи ја исправено. Ова е единствениот изглед каде што не сметаат малите грутки од маскара.rnrn3-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    Образи:

    rnСо оглед на тоа дека усните и очите ќе бидат нагласени, образите и јаболкниците треба да бидат суптилно нашминкани. Постојат повеќе начини за да добиете природен и сјаен изглед. На пример, можете да нанесете малку кокосово масло или да го помешате со соодветната сенка за очи и да го нанесете на јаболкниците. Исто така, можете да додадете и малку хајлајтер при нанесувањето на течната пудра, а не преку неа. Немојте да го заборавите ниту стариот, добар вазелин!rnrn4-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    Усни:

    rnПотребно е да го изберете соодветниот кармин или сјај за усни во боја на шумско овошје. Исто така, изберете и молив за усни во истата нијанса. Без разлика, дали имате посветол или потемен тен, оваа нијанса ќе ви прилега совршено. Со обѕир на тоа дека очите се нагласени само со трепките, а немате ни силно руменило, слободно можете да побарате и потемни нијанси во зависност од тоа што повеќе сакате да носите.rnrn5-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    2. Мачкини очи, безбојни усни и контурирање на сиво-кафеаво

    rn6-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    Очи:

    rnНе е лесно да ги добиете таканаречените „мачкини“ очи, бидејќи мора да сте премногу вешти со ајлајнерот, но не грижете се, со доволно вежбање ќе го постигнете тоа што го посакувате. Направете прецизна линија така што ќе започнете од внатрешниот агол на окото и ќе се движите кон надвор, цртајќи тенка линија нагоре. Следниот чекор е врвот на таа линија да го споите со линијата на капакот и тоа при средина на окото. Она што треба да го знаете, без разлика каков облик на очи имате, е тоа дека совршената линија е всушност продолжение на аголот на вашето око, чиј крај би требало да биде паралелен со крајот на окото.rnrn7-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    Образи:

    rnТаупе или сиво-кафеавата нијанса во себе содржи доволно сива боја за да не биде премногу топла и доволно кафеава боја, за да не биде премногу ладна. Исто така, оваа боја фино го имитира природното сенчење на лицето. Со соодветна четка за контурирање, започнете од линијата на увото, продолжете веднаш под образите и застанете на средината, отприлика каде што се наоѓа точката на надворешниот агол на окото.rnrn8-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    Усни:

    rnБезбојните усни не се тешки да се добијат, а дури воопшто не е потребно да ја имате таа нијанса на кармин. Потребно е да нанесете балсам за усни, а потоа со помош на прстот да нанесете течна пудра и нежно да ја тапкате. Доколку сакате, можете одозгора да нанесете безбоен сјај за усни.rnrn9-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    3. Бронзен „зачаден“ изглед, розови образи и сиво-кафеави усни

    rn10-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    Очи:

    rnБронзената е една од ретките бои кои на најдобриот можен начин ги истакнува сите нијанси на очи. Поради таа причина, морате да ја ставите на вашите капаци. Со поголема четка нанесете ја на горниот дел од капакот, а со помала на долниот дел и потоа по линијата на трепките нанесете потемна сенка. Добро размачкајте ги за да добиете „зачаден“ ефект.rnrn11-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    Образи:

    rnНијансата која од сите дава најдобар ефект на природно руменило е розовата. Руменилото секогаш се нанесува така што малку ќе се насмеете, а потоа со лесни движења со соодветна четка ќе преминувате од образите кон слепоочниците. Изберете нијанса на розова која ќе ви даде здрав и младешки изглед.rnrn12-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rn

    Усни:

    rnКомбинацијата од сива и кафеава боја е прилично неутрална и оваа нијанса одлично се комбинира со зачадените очи. За да добиете уште подобар ефект на усните, немојте директно да го нанесувате карминот, туку земете малку од него со врвот на прстите, а потоа нанесете го на усните. Бојата на тој начин сигурно ќе ви се допадне уште повеќе.rnrn13-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

  • Постојат 9 универзални карактерни групи: Во која спаѓате вие и кој е вашиот најдобар пар?

    Постојат 9 универзални карактерни групи: Во која спаѓате вие и кој е вашиот најдобар пар?

    Без разлика дали сакате да ја подобрите вашата врска, да ја најдете вашата сродна душа или пак, да разберете тежок партнер, доколку ги знаете 9-те универзални карактерни групи во кои можат да се сместат сите луѓе, вие ќе бидете многу посвесни за вашите карактерни црти, ќе го цените партнерот повеќе или пак, ќе бидете поотворени кон нова врска доколку сте сингл…rnrnpostojat-9-univerzalni-karakterni-grupi-vo-koja-spagjate-vie-i-koj-e-vashiot-najdobar-par-kafepauza.mkrn

    1. Перфекционист

    rnПерфекционистите имаат високи стандарди. Тие знаат да бидат огромни критичари кон себе, но понекогаш и кон нивниот партнер. Мотивирани се да ги подобрат луѓето и светот околу нив. Можат да бидат доживеани како да сакаат да држат сè под контрола, како и опсесивни личности кои осудуваат, но и кои сакаат да бидат доживеани како совршени. Тие никогаш не би ни помислиле да побараат помош.rnrnНајдобар пар: Авантуристот (ги учи перфекционистите како да се опуштат)rnrnНајлош пар: Романтичарот (не се доволно продуктивни за перфекционистите)rn

    2. Помагач

    rnПомагачите ги ставаат потребите на нивниот партнер пред своите. Тие имаат проблеми со примањето, па затоа и имаат тенденција да работат или настапуваат за љубов. Тие се одлични слушатели. Често ги маскираат своите чувства, но имаат потреба да биде љубени. Способни се да манипулираат или да се претворат себеси во жртва со цел да добијат љубов. Ретко зборуваат за себе.rnrnНајдобар пар: Наметнувачот (може да ги научи помагачите како да се заземат за себе)rnrnНајлош пар: Романтичарот (ќе ги искористи)rn

    3. Постигнувач

    rnПостигнувачите се идентификуваат со својот успех и се водени од него. Најчесто не се во допир со своите емоции, ниту пак со емоциите на својот партнер. Тие се вредни, ефикасни, понекогаш со претеран натпреварувачки дух, како и нарцисоидни. Тие постојано сакаат да постигнуваат резултати. Може да го игнорираат својот партнер бидејќи се презафатени со работата.rnrnНајдобар пар: Авантуристот (постигнувачите покрај нив можат да научат како да се забавуваат)rnrnНајлош пар: Миротворецот (постигнувачите ќе ги гледаат како мрзливи и немотивирани)rn

    4. Романтичар

    rnРомантичарите сакаат нивните емоционалните потреби да бидат забележани. Имаат тенденција да бидат идеалисти во врските. Тие се креативни, топли, имаат потреба да бидат разбрани, лесно привлекуваат партнери, но имаат проблем при одржувањето на врската. Се обидуваат најсилно што можат да не бидат обични. Имаат тенденција да го менуваат лесно расположението како и да бидат депресивни. Водени се од својата интуиција. Очекуваат партнерот да им биде достапен во секое време бидејќи во спротивно ќе се почувствуваат запоставени.rnrnНајдобар пар: Перфекционистот (иронично, но тие можат да ги научат на дисциплина и практичност)rnrnНајлош пар: Помагачот (романтичарите стануваат претерано зависни од нив)rn

    5. Набљудувач

    rnНабљудувачите се љубопитни и имаат потреба да ги разберат сите детали. Тие се осаменици и имаат потешкотии при поврзување во врските. Најчесто доволни си самите на себеси. Тие не сакаат да изгледаат будалесто или глупаво и често се многу мудри и аналитични. Тие знаат да бидат тврдоглави и емоционално недостапни.rnrnНајдобар пар: Авантуристот (може да ги научи како да станат позабавни и да гледаат повеќе перспективи во животот)rnrnНајлош пар: Наметнувачот (тие ќе се полнат меѓу себе со гнев)rn

    6. Лојален

    rnЛојалните обожаваат безбедност, сигурност и не сакаат промени. Тие бараат одобрување, не се сигурни, но многу се лојални и одговорни. Тие исто така се и личности од доверба, но не им веруваат лесно на луѓето. Имаат тенденција да бидат одлични моногамни партнери. Знаат да бидат параноични, да се грижат премногу и да заземаат одбранбен став. Независни се.rnrnНајдобар пар: Миротворецот (ги учат како да не го сфаќаат животот толку сериозно)rnrnНајлош пар: Постигнувачот (тие ќе се чувствуваат запоставено покрај нив)rn

    7. Авантурист

    rnАвантуристите имаат потреба од слобода. Не можат да го задржат долго своето внимание насочено кон едно нешто и често брзо им досадуваат работите, особено во врските. Тие сакат да се забавуваат, избегнуваат страдање и негативност, многу се шармантни и спонтани, но знаат да бидат и немирни, импулсивни, недисциплинирани и бунтовни.rnrnНајдобар пар: Набљудувачот (ги смирува)rnrnНајлош пар: Перфекционистот (со тек на време тие им стануваат одбивни)rn

    8. Наметнувач

    rnНаметнувачите имаат тенденција да бидат гласни, понекогаш дури и агресивни. Ретко кога нешто ги заплашува. Имаат потреба да бидат слушнати, цврсто се потпираат на себе, директни се и се однесуваат заштитнички кон најблиските. Тие сакаат да доминираат, многу се нечувствителни, агресивни и сакаат да ги држат работите под нивна контрола.rnrnНајдобар пар: Помагачот (ги учи на ранливост, нежност и грижа за други)rnrnНајлош пар: Набљудувачот (им влијаат да станат повлечени)rn

    9. Миротворец

    rnМиротворците сакаат сите да се сложуваат, па затоа и често се медијатори. Тие одбегнуваат конфликти, се обидуваат сите да ги направат среќни и знаат да бидат многу пријатни и дарежливи. Тие се со широк ум, тврдоглави, пасивно агресивни и често осудуваат.rnrnНајдобар пар: Постигнувачот (тие во нивна близина се поефикасни и попродуктивни)rnrnНајлош пар: Лојалниот (им влијаат да станат поригидни и неодлучни, но и ги исполнуваат со грижи и анксиозност)

  • 16 универзални закони

    16 универзални закони

    Автор: Вера МартиноскаrnrnМожеби не ги паметите наизуст Њутновите закони, но овие закони сигурно ќе ве потсетат на одредени ситуации во кои сте се нашле, а сте посакале да не е така. Сурови и на моменти драконски, ова се дел од универзалните закони. Добро е да знаете дека не сте единствените на кои им ѕвони телефонот додека се во бањата и дека космосот ги има однапред регулирано овие работи за вас, така што не треба да се грижите. Слободно може да се опуштите, но сепак внимавајте на законот на веројатноста.rnrn16 универзални закониrnrn1. Закон на механичко поправање – Откако сте ги извалкале вашите раце со масло, носот ќе почне да ве чеша и ќе ви се оди во тоалет.rnrn2. Закон на гравитацијата – Секоја алатка, завртка, навртка, клинец, кога ќе ви падне, ќе се истркала до најнепристапниот ќош.rnrn3. Закон на веројатноста – Веројатноста дека некој ве гледа е правопропорционална со глупавоста на тоа што во моментот го правите.rnrn4. Закон на случајните броеви – Ако свртите погрешен број, никогаш не е зафатено и секогаш некој одговара.rnrn5. Закон на алибито – Доколку му кажете на шефот дека доцните на работа затоа што ви се дупнала гумата, веќе следното утро навистина ќе ви се дупне гумата.rnrn6. Закон на варијацијата – Ако го смените редот во кој чекате (лента во сообраќај, на  каса во супермаркет или на шалтер во банка), редот којшто сте го напуштиле секогаш ќе се движи побргу од оној во кој сте сега (секогаш!).rnrn7. Закон на бања – Кога целосно ќе се потопите со вода, ѕвони телефонот.rnrn8. Закон на блиските средби – Веројатноста да сретнете некој познаник, драматично се зголемува кога сте со некого со кој не сакате да бидете видени.rnrn9. Закон на резултатот – Кога сакате да му докажете некому дека одредена машина не работи, таа проработува.rnrn10. Закон на биомеханиката – Интензитетот со кој некое место ве чеша е обратнопропорционален со достапноста на тоа место.rnrn16 универзални закониrnrn11. Закон на театарот и стадионот – На секој настан, луѓето чии седишта се најдалеку од коридорот пристигнуваат последни и тие неколку пати ќе станат за да си земат храна, пиво или да одат во тоалет и ќе си заминат порано, пред крајот на претставата или натпреварот. Додека пак, оние кои седат покрај коридорот доаѓаат навреме, никогаш не стануваат, имаат долги нозе или големи стомаци и остануваат до самиот крај на изведбата, а можеби и повеќе. Овие луѓе се најчесто и груби.rnrn12. Закон на кафето – Штом ќе седнете да си испиете едно топло кафе, вашиот шеф ќе ви рече да направите нешто што ќе трае толку долго, колку што ќе му треба на кафето да се олади.rnrn13. Марфиев закон на шкафчињата – Ако има само двајца во соблекувалната, ќе имаат шкафчиња кои се наоѓаат едно до друго.rnrn14. Закон на логичниот аргумент – Сè е можно, ако не знаете за што зборувате.rnrn15. Вилсоновиот закон на комерцијалната маркетинг стратегија – Штом најдете производ што навистина ви се допаѓа, ќе престанат да го произведуваат.rnrn16. Закон на докторот – Ако не се чувствувате добро, додека да стигнете на доктор, веќе ќе се чувствувате подобро.rnrnВо колку од овие закони се пронајдовте? Имате ли некои амандмани на горенаведените закони?  Или можеби ќе споделите некој ваш, а сепак универзален закон?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.