КАФЕ ПАУЗА

Tag: уникатно

  • Новите канцеларии на „Гугл“ во Лондон

    Новите канцеларии на „Гугл“ во Лондон

    Сопствениците на Гугл, сакат нивните вработени да придонесуваат со брилијантни идеи, а за да им помогнат при тој процес секогаш се трудат тие да имаат интересен и несекојдневен работен простор. Пред краток период во лондонското претставништво во кое веќе работат 350 вработени, се отвори нов кат за техничките лица, наречен L4, кој по некои претпоставки е најмодерниот во светот.Новите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонКонференциските сали имаат аглеста гарнитура, ходниците се направени како на вселенскиот бродот „Enterprise“ од серијалот „Ѕвездени патеки“, а за време на паузите сите можат да се забавуваат во собата со билјард-маса и видеоигри.Новите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонКога од Гугл започнале да го прават овој работен простор, тие решиле да почнат од нула, па ги урнале сите ѕидови и го исфрлиле целиот мебел. Уникатниот изглед бил создаден само за вработените да бидат задоволни и да го даваат максимумот на работа.Новите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонЗа освежување за време на паузите тука може да се наиде на многу храна и пијалаци. Може да се пие кафе, кое го прават во 19 видови, а за јадење може да се седне во еден од четирите ресторани кои се целосно бесплатни.Новите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонИсто така, на овој кат има и фитнес-сала, звучно изолирана музичка соба во која има тапани и електрични гитари, а во собата за игри има билјард-маса, конзоли за играње и огромен телевизор.Новите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во Лондон

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ледениот хотел во Квебек

    Ледениот хотел во Квебек

    Дали некогаш би сакале да престојувате во хотел направен целосно од мраз? „Hotel de Glace“ е уникатен хотел кој се наоѓа на само 10 минути од канадскиот град Квебек. Тој е тотално уникатен бидејќи од година во година изгледа различно. Тоа е така, бидејќи тој е направен од 15.000 тони снег и 500.000 тони мраз, па откако тие ќе се стопат, другата година се прави нов. За изградбата на хотелот се потребни околу 30 дена и помош од 60 работници.Ледениот хотел во КвебекХотелот има 36 соби, чиј ентериер е целосно направен од мраз. Иако можеби изгледа дека преспивањето во вакво место може да биде многу неудобно, сепак гостите не спијат директно на мраз. Врз креветот направен од мраз има душеци, вреќи за спиење, крзна и слично. Ѕидовите кои се дебели 1,2 метри, иако се направени од мраз, ја одржуваат температурата во собите, бидејќи делуваат како природен изолатор. Од хотелот исто така им се препорачува на гостите пред спиење да посетат сауна или топла бања, за да им биде уште потопло во текот на ноќта.Ледениот хотел во КвебекЛедениот хотел во КвебекХотелот ќе биде официјално отворен на 6 јануари, а ќе работи од 25 март. Тој ќе биде достапен и за дневни тури, како и за разни прослави.Ледениот хотел во КвебекЛедениот хотел во КвебекЛедениот хотел во КвебекЛедениот хотел во Квебекrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уникатен и модерен накит кој го отсликува секојдневното

    Уникатен и модерен накит кој го отсликува секојдневното

    Овој уникатен накит е дел од колекцијата „Snapshot“, направена од израелското дизајнерско студио „Yael + Tal“. Колекцијата е составена од обетки, ѓердани и нараквици на кои се претставени минијатурни луѓе, кои одмараат седнати на клупа или на некоја лулка. Уникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневното Името на колекцијата сугерира на секојдневни сцени кои се фатени во вистинскиот момент и на тој начин остануваат овековечени засекогаш. Дизајнерите преку оваа прекрасна колекција од модерни и уникатни парчиња накит изработени од злато и од сребро, сакаат да ни ја претстават убавината на секојдневното.Уникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневното
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Дрво со шарено стебло

    Дрво со шарено стебло

    Можеби овие дрвја ви изгледаат како да се обоени со темперни бои, но нивната боја е во суштина, дело на природата. Ова специјално дрво е наречено „Eucalyptus deglupta“, а попознато е по името „Rainbow Eucalyptus“ (Еукалиптус-виножито). Колоритните пругасти „чкртаници“ на неговото стебло, се лупат секоја година, при што се покажува светло зелената боја на внатрешноста од дрвото. Овој слој од дрвото потоа потемнува и повторно се создаваат бои како сина, виолетова, портокалова, жолта, црвена и костенлива. Дрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стебло„Eucalyptus deglupta“ е единственото дрво од видот еукалиптус, кое природно го има на северната хемисфера. Тоа расте природно на островот Нова Британија, во Нова Гвинеја, крај морето Серам, на островите Сулавеси и Минданао. Денес, дрвото се одгледува на многу места во светот, најмногу поради струготините кои се користат за производство на хартија или за изработка на декоративни предмети.Дрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 1.500 ножици кои застрашувачки висат од таван

    1.500 ножици кои застрашувачки висат од таван

    Замислете си како влегувате во тивка соба, во која жена спокојно си шие. Потоа замислете си како жената седи под 1.500 пара остри кинески ножици, кои висат од таванот, опасно насочени накај неа со острите врвови. Ваква била идејата на артистката Beili Liu, која стои зад овој проект т.н. „The Mending Project“ (Проектот закрпување).1500 ножици кои застрашувачки висат од таванОваа опсежна инсталација била прикажана минатава пролет во галеријата „Women and Their Work“ во Остин, Тексас, каде Liu креирала опасна, застрашувачка, но истовремено и фантастично мистериозна атмосфера. Како што посетителите влегувале во просторијата, им било кажано да отсекуваат парче од бела ткаенина, кое било закачено близу влезот и потоа да и го дадат на артистката да го зашие. Закрпеното парче постојано растело и се ширело накај подот, како што влегувал секој нов набљудувач.1500 ножици кои застрашувачки висат од таван1500 ножици кои застрашувачки висат од таван.rn

    „Работам со игла и конец при изработката на моите инсталации, во последниве 3 години. Така што ми изгледаше како една природна прогресија на мојата работа, да започнам да користам платно и ножици. Пораснав во Кина, каде овие традиционални ножици се користат во секое домаќинство, поради што ми создаваат некаква позната топлина во душата. Исто така ме привлекува нивната елегантна форма. Тие се составени од три едноставни делови: две обликувани железни парчиња и еден бакарен зглоб, кој ги поврзува.“ – објаснува Liu

    rn1500 ножици кои застрашувачки висат од таван.rn

    „Концепциски, ме интересираше контролирањето на заканувачката есенција од овие ножици остри како брич. Овие ножици не се „љубезни“ како оние на кои сме навикнати. Овие можете да ги употребите за да пресечете нешто или за да ги забодете во нечиј грб. Исто така, во кинеската култура, ножиците никогаш не треба да бидат позиционирани со остриот дел кон некого, бидејќи тоа се смета дека носи несреќа. Тие се острат кога ќе отапат и се користат истите цел живот. Од друга страна, ножиците претставуваат алат на жената, исто како што шиењето е традиционално женска задача во едно домаќинство. Мене, како женски уметник, ме интересира моќта на покорниот акт на „закрпувањето“.“

    rn1500 ножици кои застрашувачки висат од таван1500 ножици кои застрашувачки висат од таван .rn

    „Посетителите отпрвин беа шокирани и не веруваа што гледаат, а потоа почнаа да чувствуваат интрига, страв, загриженост (за мене), љубопитност и возбуда. Потоа се смирија, почнаа да истражуваат, зјапаа во ножиците на таванот и мирно чекореа во просторот. Доста е интересно чувството да се биде истовремено и уметнички изведувач и набљудувач на реакцијата на луѓето.“

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уникатна фотелја

    Уникатна фотелја

    Автор: Ивана ЛазороскаrnrnАко досега многупати ви се случило да ги губите секојдневните предмети, кои се расфрлени во вашата дневна соба, оваа премногу функционална, но и естетски добро дизајнирана фотелја е создадена само за вас.Уникатна фотелјаУникатна фотелјаДизајнирана од страна на Daisuke Motogi, а презентирана на настанот за дизајн, Дизајнтајд Токио 2010, со димензии 900 x 700 x 700 мм, сега фотелјата е достапна за секого.Уникатна фотелјаВо неа би можеле да вметнувате многу поситни секојдневни предмети кои често ги користите додека се релаксирате во својот дом. Обично тоа би биле книги, далечински управувач, пенкала, односно сè она што би можеле да го вметнете во празнините меѓу тапацираните коцки кои меѓусебно поврзани ја создаваат фотелјата.Уникатна фотелјаУникатна фотелјаНа овој начин, сите работи кои ви се потребни за добра релаксација во вашиот дом, секогаш ви се достапни на дофат на рака.Уникатна фотелјаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога суперхероите биле фетуси…

    Кога суперхероите биле фетуси…

    Францускиот артист Alexandre Nicolas, очигледно имал навистина бујна фантазија и уникатна замисла, кога решил да ги создаде овие малку морничави, но сепак преслатки неродени суперхеројчиња. Неговите фантастични скулптури, моментално ги изложува на уметничкото шоу Hey! Modern Art and Pop Culture, организирано од страна на уметничкиот магазин HEY, кое трае до 4 март, 2012 година, а се одржува во парискиот музеј Halle Saint-Pierre. Спакувани во коцки изработени од синтетички кристал, овие неродени бебиња изгледаат како да го очекуваат нивното деби во светот. 🙂 Кога суперхероите биле фетуси...Кога суперхероите биле фетуси...Кога суперхероите биле фетуси...Кога суперхероите биле фетуси...Кога суперхероите биле фетуси...Кога суперхероите биле фетуси...rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза

    Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза

    Четири недели поминаа додека да трепнеме. Многу фотографии, креативност, оригиналност, ентузијазам, но и борба, напнатост, исчекување… Конечно можеме сите длабоко да воздивнеме. Несомнен победник со 1.339 лајкови е фотографијата на Верица Цекова.rnrn

    Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза
    Победничката фотографија на наградната игра „Уживај на кафе и добиј фотоапарат Nikon S2500!“
    rn

    Борбата беше за фотоапарат Nikon S2500, во комплет со мемориска картичка од 2 гигабајти, торбичка и врвка. Целта на оваа наградна игра беше да ја поттикнеме креативноста, да ги разбудиме заспаните емоции, да ги потсетиме вештините дека може да се искористат и секако, да уживаме во кафето. Веруваме дека успеавме во тоа. Овој мал подарок од нас за вас е знак на нашата почит кон нашата публика, вие.

    rn

    И честитаме на Верица за победата и ù посакуваме со среќа да си го користи новиот фотоапарат, да прави многу фотографии со него, па зошто да не учествува и на некоја наредна наградна игра што ќе ја организира Кафе пауза. Им честитаме на сите учесници кои прикачија вкупно 120 валидни фотографии.

    rn

    Во продолжение, стручниот тим на нашата редакција, ги издвои 10-те најкреативни, најуметнички фотографии кои учествуваа во изборот. Со клик на фотографиите, можете да видите кој стои зад нив. Уживајте!Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде…

    Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде…

    Компанијата „Woouf“ од Барселона, Шпанија дошла до интересна идеја да дизајнира оригинална колекција персонализирани перници за седење. Тие фантастично би се вклопиле во сечиј дом, дури и кога би немале никаква улога на мебел.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrnДоколку имате музичко студио или едноставно ја сакате музиката, можете вашата просторија да ја направите многу интересна, доколку си набавите перница која изгледа како пијано, звучник или вуфер. Ако сте голем гурман и сакате да го потенцирате тоа пред вашите пријатели, едноставно купете си хамбургер или еден помфрит и седнете на него. Доколку пак обожавате да патувате, одберете си го куферот кој најмногу ви се допаѓа и седејќи на него, размислувајте каде ќе одите на патување. Има и фотоапарат, на кој можат да седнат љубителите на добрата фотографија.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrnОвие дотерани перници, наполнети со морска пена и изработени од многу издржлив материјал, не само што претставуваат место плус за седење во вашиот дом, туку прават секој дизајн на столче да изгледа толку досаден во споредба со нив, гледајќи ги само на фотографии. Нивната оригиналност, ќе го задоволи вкусот на возрасните, исто колку што и на помалите деца. Цената на комфорниве пернички варира од 90 до 275 евра.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија

    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија

    Француската уметничка Анастасија Елија која најчесто црта и создава илустрации, започнала еден необичен проект, во кој трансформира ролни од потрошена тоалетна хартија во исклучително креативни уметнички дела.Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартијаСече мали парчиња од хартија и ги забодува во процепи во внатрешноста на ролната. Така таа ги создава овие неверојатно слатки, малечки сцени сместени во ролни од тоалетната хартија, кои секојдневно ги фрламе во ѓубре.Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    rn

    „Еден ден погледнав во ролната од потрошена тоалетна хартија и се запрашав дали можам да направам нешто со неа.“

    rn

    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Фризерски салон
    rnrnАнастасија вели дека за изработката на една сцена ù се потребни неколку часа работа поради тесниот обем на ролната.rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Лулање

    rnrn

    „Се служам со пинцета за да манипулирам со разните хартиени облици. Користам иста боја хартија како бојата на ролната. Тоа создава илузија дека фигурите произлегуваат од самата ролна.“.

    rn

    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Далеку на север: ирвас
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Далеку на север: був
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Боксување
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Реновирање
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Риболов
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Фудбал
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Танго
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Зоо
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Жирафа во Зоо
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Снег
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Пазар
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Пружање алишта
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.