Купувањето обувки во летниот период може да биде тешка работа за оние кои имаат големи, широки или пак многу тесни стапала. Затоа, одлично решение е да преработите некои стари апостолки или да купите евтин пар и од нив да направите сосема нов модел.rnrn
rnrnОвие апостолки може да ве чинат само 200 денари, а да ви потрошат околу половина час од вашата „креативна зона“.rn
Потребни елементи:
rn
rn011
- Евтин пар апостолки
rn011
- Кујнски ножици
rn011
- Ткаенина по избор
rn011
- Термопластично лепило (доколку имате)
rn
rnИсечете 4 ленти од ткаенината широки 10 см, долги 60 см. Можеби ќе биде доволно и да се пократки, но најдобро е да не ризикувате при првиот обид.rnrn
rnrnОд долната страна на апостолката, отсечете го задебелениот дел кој ги држи ремчињата. Откако ќе ги отстраните ремчињата, ви останува основата за вашите нови апостолки.rnrn
rnrnТкаенината ако сакате можете да ја порабите пред да почнете да ја протнувате низ основата за апостолките, но како и да постапите, во секој случај, зашилете ги краевите како на сликата.rnrn
rnrnЗемете две ленти и протнете ги низ отворот кај палецот.rnrn
rnrnЗаврзете јак двоен чвор. Чворчето ќе се вклопи во дупчето од првобитните ремчиња. Отсечете ги остатоците.rnrn
rnrnСвртете ја апостолката на лице и врзете уште еден чвор на околу 2,5 см од основата. Ова е делот кој ќе дојде меѓу вашите ножни прсти. Држете ги двете ленти кога ќе го врзувате чворот.rnrn
rnrnСега врзете уште еден чвор, веднаш до претходниот и стегнете го цврсто.rnrn
rnrnПотоа протнете ги двете парчиња ткаенина низ двете странични дупчиња.rnrn
rnrnОблечете ја апостолката и видете колку ткаенина треба да остане за да ви ја држи ногата стегнато и стабилно, а потоа врзете чворчиња одоздола. Извадете ја апостолката од стапало и проверете ги чворовите. Потоа повторно облечете ја, прошетајте низ собата и проценете дали е доволно цврста. Имајте на ум дека материјалите се растегнуваат со носење, така што подобро е лентите да се добро стегнати.rnrn
rnrnПотсечете ги остатоците и чворчињата ќе пропаднат во отворите. За дополнително зацврстување, капнете малку термопластично лепило во секое од дупчињата пред да ги спуштите чворчињата.rnrn
rnrnГотово. Сега може да бидете креативни и да направите модел кој никој друг не го носи. Можете да употребувате разни материјали, да плетете неколку врвки заедно, да поставувате додатоци, па дури и да направите сандали со мала варијација во моделот.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.