Доколку сте бремени и сте во онаа фаза кога со вашиот партнер разгледувате книги, пребарувате на интернет и зборувате со најблиските со цел да најдете соодветно име за вашето најмало, тогаш можеби е време да размислите за малку поинаков пристап. Името кое ќе го изберете за вашето новороденче може многу да влијае врз неговиот понатамошен живот.rnrn
rn
Вие би можеле да создадете уникатно дете
rnВо денешно време станува сè попопуларно да се даваат имиња кои се необични и уникатни. Тоа има големи придобивки кои можат позитивно да влијаат врз самото дете. Според Памела Редвуд Сатран, авторката на книгата „The Baby Name Bible“, родителите сè повеќе одбираат несекојдневни имиња како на пример, Поезија. Тие се подготвени да го изберат она име кое ќе го направи нивното дете најуникатно, па затоа и бараат имиња кои другите деца ги немаат.rnrnКога родителите ќе одлучат да му дадат на своето дете уникатно и необично име, тие со тоа и се погрижуваат нивното дете да не биде дел од толпата. Многу родители не сфаќаат дека давањето на вакво име може директно да влијае и врз нивниот карактер. Според Адам Алтер, професор по психологија и маркетинг при Универзитетот во Њујорк, доколку му дадете на вашето дете уникатно име, вие ќе создадете и уникатно дете. Тоа се случува бидејќи ќе го поттикнете на неконвенционално и креативно размислување. Кога вие се доживувате како различни, со тек на време ќе почнете и различно да се однесувате. Токму ова перципирање на себе на поинаков начин ќе ве ослободи од размислувањето кое е стандардно за сите луѓе и ќе ви отвори сосема нови перспективи во животот.rn
Етикетите имаат големо влијание
rnПрофесорот по психологија, Ричард Вајзмен, од Англија вели дека постои истражување кое го потврдува ова тврдење дека етикетите кои ги даваме имаат големо влијание врз нашите животи. Истражувањето ни покажало дека наставниците даваат поголеми оцени на деца со имиња кои им се допаѓаат, додека пак студентите со непожелни имиња искусуваат поголемо ниво на социјална изолација. Друга студија ни покажува дека момчињата со поженствени имиња поминуваат полошо во училиште од нивните врсници и имаат многу проблеми со однесувањето во текот на основното и средното училиште. Од друга страна пак, девојчињата со имиња кои звучат помашки, имаат тенденција да одберат кариера која е потипична за момчињата за разлика од оние со обични женски имиња.rnrnДоколку вие му дадете на вашето дете уникатно име, тогаш му отворате пат кон сите надежи и соништа. Со ова артистичко или научно име, вие му покажувате на тоа дете дека се восхитувате на квалитетите кои ги поседува, како независноста и интелигенцијата. Сатран вели дека луѓето кои ги именуваат своите деца уникатно исто така се истите оние кои ги охрабруваат нивните деца да го носат тоа што го сакаат, ги праќаат во поквалитетни креативни програми и им дозволуваат слободно да се изразуваат.











rnrnУживајте во нешто поразлично, но сепак прекрасно.rnrn


























































rnrn
























































rnrnЧитајќи чувствував како да гостува во моја емисија и едноставно седи до мене и ми раскажува. Ете толку близок станува Џамбазов со читателот. Секоја од приказните ве интригира да се интересирате за да дознаете повеќе, но истовремено задоволувајќи ве со веќе напишаното. Книгава би ја оценила како еден топол збир на случки и настани, на личности кои му биле блиски на писателот, дали членови на неговото семејство, другари, колеги, но најмногу љубови, остварени и неостварени, телесни и платонски. Игор вешто ги крие идентитетите на дамите кои се кријат зад приказните, но нема да ве поштеди од експлицитното раскажување.rnrnСо книгава Џамбазов ќе ве поучи да живеете за да креирате незаборавни спомени кои ќе можете да ги прераскажете. Да живеете заради малите, убави и обични нешта. Ќе ве покани да бидете дел од неговата трансформација, од гол до облечен човек. Ќе ви објасни, метафорично, дека му здодеало да биде гол. Сега на сè ќе му даде смисла и облик, ќе се облече, парадоксално соголувајќи се пред вас како негови верни читатели и почитувачи. Ќе ви каже што прави еден човек откако ќе добие втор мандат од животот.rnrn

rnrn



















