Додека во некои градови постојат обични и тмурни градби, некои области се збогатени со фасади во боите на виножитото што внесуваат позитивност во животот. Во продолжение проследете дел од најживописните улици на Земјата.rn
1. Ел Каминито (Буенос Аирес, Аргентина)
rnОбласта Ла Бока во Буенос Аирес првично била дом на голема емигрантска популација. Денес, таму постои работничка класа којашто е позната по уличната уметност. Главната пешачка патека, ел Каминито, е дел каде што постојат разнобојни згради преполни со изведувачи, уметници и кафулиња на отворено.rnrn
rn
2. Стариот град Колмар (Франција)
rnОвој град изгледа како да е директно извлечен од бајките. Уникатната архитектура вклучува светли француски ролетни и германските половични градби од дрво, покажувајќи ни две различни култури споени во едно. Низ стариот дел може да се забележи и канал, поради што овој град го добил прекарот „Мала Венеција.“rnrn
rn
3. Најхаувен (Копенхаген, Данска)
rnШарените фасади на оваа улица се едни од најпознатите во цела Европа. Интересно е тоа што во една од овие згради некогаш живеел Ханс Кристијан Андерсен.rnrn
rn
4. Улица на виножитото (Чарлстон, Јужна Каролина)
rnОваа улица ќе ви го подобри денот. Низата од тринаесет пастелни грузиски куќи е една од најпосетуваните знаменитости на градот.rnrn
rn
5. Стариот град Шавен (Мароко)
rnОвој мал северен град во Мароко е опкружен со планини и е познат по својата мешавина од шпанска и муслиманска архитектура, покриена со нијанси на сина боја. Се смета дека бојата е воведена од еврејските имигранти, коишто го обоиле градот за да ги имитираат небото и рајот.rnrn
rn
6. Улица на бонбоните (Њуфаунланд, Канада)
rnМожеби ќе помислите дека студените зими во Канада се депресивни, но не и ако живеете на оваа улица. Овој дел од градот Свети Џонс е обложен со прекрасни куќи обоени во црвена, сина, жолта и боја на лаванда. Не е изненадувачки што ова е најфотографираното место во Канада.rnrn
rn
7. Лас Палмитас (Пачука, Мексико)
rnМексиканската влада спонзорирала проект за урбано уредување, со што го претвориле ова место рај за уличната уметност. Како резултат на проектот, околу 2.000 домови биле трансформирани во анимирани јавни уметнички изложби.rnrn
rn
8. Пасеа Џервасони (Валпараисо, Чиле)
rnБојата е многу значајна во овој пристанишен град на централниот брег на Чиле. Тесните, ридски улици нудат прекрасна глетка. Тука може да се видат огромни графити и згради со светло обоени фасади.rnrn
rn
9. Пазарен плоштад (Варшава, Полска)
rnОвој дел е исполнет со светли згради во весели бои коишто датираат од 13-тиот век. Голем дел од стариот градски плоштад бил уништен за време на Втората светска војна, а потоа бил целосно реконструиран.rnrn
rn
10. Фондамента Понтинело (Бурано, Италија)
rnОстровот Бурано, градот на уметниците и рибарите, е интересен поради куќите обоени во боите на виножитото што се наоѓаат покрај смарагдно зелениот канал. Се смета дека рибарите ја почнале традицијата на боењето на куќите со цел да си помогнат да ги идентификуваат нивните домови.rnrn
rn
11. Ру Кремиу (Париз, Франција)
rnОваа улица е една од најдобро чуваните тајни на Париз… и оние коишто го откриле ова се надеваат дека тоа ќе остане така!rnrn
rn
12. Бо Каап (Кејптаун, Јужноафриканска Република)
rnОвој првенствено муслимански дел се трансформирал по апартхејдот, кога жителите одлучиле да го обојат со различни прекрасни бои. Денес е популарна туристичка атракција, добро позната по обоените куќи изградени на мали улици со калдрма.rnrn
rnrnКое место ви се допадна најмногу?