Во минатото украсувањето на елката се поврзувало само со богатите. Всушност, пред многу години тие биле единствените коишто ја украсувале елката за католичкиот Божиќ, а подоцна и за Нова година.rnrn
rnrnУкрасувањето на елката на начинот на којшто денес го правиме тоа е „родено“ во Германија, кога во средниот век за католичкиот Божиќ елката се украсувала со црвени јаболка, а во денешна западна Германија се ставале и колачиња во различни облици и свеќи коишто го симболизирале Исус Христос како вечна светлост.rnrnПонатаму низ годините овој обичај се раширил по целиот стар континент, а во 1841 година во Англија се појавила првата елка украсена со бонбони, цветчиња направени од хартија, машни и мали подароци. Украсувањето на елката некогаш било само за богатите, но многу бргу овој обичај го прифатиле и останатите. Доселениците коишто доаѓале од Германија овој обичај го претставиле во Америка, а Азија овој обичај го дознала од мисионерите.rnrnМеѓутоа, постојат бројни теории за тоа од кого поточно потекнува овој обичај за украсување на елката. Меѓу другите, овој обичај најчесто се врзува за симболот на дрвото, односно за стеблото коешто едно древно германско племе го сметало за свето. Според легендата, христијанскиот мисионер Бонифациј, којшто подоцна е прогласен за светец, во 723 или 724 година исекол едно стебло за да им покаже на паганите супериорност на христијанството над нивната религија. Всушност тоа требало да покаже дека тие треба да ја отфрлат својата религија и да го прифатат христијанството. На крај, тој успеал во своите намери.rnrnОбожавањето на дрвјата било многу често кај европските пагански народи, при што тоа успеало да се задржи и да се пренесе и на новите религии.
Tag: украсување
-

Дали знаете од каде потекнува обичајот за украсување на елката?
-

Новогодишна елка: 3 стилови на украсување за сечиј вкус
Кога некој ќе спомне Божиќ или Нова година, првото нешто на кое помислуваме се украсите. Празничното шаренило се забележува на секој чекор, а вистинската магија започнува во домот и тоа на новогодишната елка.rnrn
rnrnНезависно дали се работи за природна или пластична, веселата и разиграна новогодишна елка е најубавиот украс во домот за време на празниците. Затоа мора да ѝ дадете оригинален карактер и стил. Доколку сѐ уште не сте сигурни како да ја украсите, следуваат 3 идеи, па вие одберете ја онаа која најмногу соодветствува со вашиот амбиент.rn1. Класична, еднобојна новогодишна елка
rn
rnrnБогато украсената елка со разни лампиони во златна, црвена или сребрена боја за многумина е омилената комбинација. Најпрвин изберете боја која најмногу ви одговара, а потоа помеѓу класичните лампиони ставете и по некоја машна или оригинален висечки украс во истата боја. На врвот на елката, се разбира, ставете ѕвезда.rn2. Елегантна новогодишна елка во пастелни бои
rn
rnrnПастелните бои како виолетова, бордо, нежно розова и крем, вашата елка ќе ја претворат во романтичен украс на домот. Со овие бои одлично се вклопуваат сребрените и белите лампиони, а деталите, како што се украсите со пердуви и циркони, дополнително ќе ја освежат елката и ќе ја направат доста интересна и занимлива.rn3. Разиграна, индивидуална новогодишна елка
rn
rnrnАко сакате да си играте со боите, формите на материјалите и рачно изработените украси, тогаш уникатната разиграна елка е идеална за вашиот дом. Во оваа приказна нема ограничувања и затоа е важно да си поиграте со најразновидни украси. Популарните црвено-бели лижавчиња, ѕвончињата и лампионите, украсните ленти, машни, па дури и колачите се совршениот избор за ваквата весела елка. Пуштете ја имагинацијата да лудува! -

19 креативни примени на шарениот селотејп
Автор: Сара ТурановиќrnrnАко дома имате шарен селотејп тогаш оваа статија е тотално за вас. Тој е шарен и забавен, што ќе ве направи големи зависници од него. Со тек на време ќе сакате да го ставате на сè и сешто. Ако сè уште немате некоја идеја, погледнете ги овие 19 подолу.rn
1. Облепете ги тетратките и моливите
rn
rn2. Залепете го на кутијата за моливи
rn
rn3. Украсете го полначот за мобилен
rn
rn4. Разиграјте ги штипките за алишта
rn
rn5. Украсете ги обичните свеќи
rn
rn6. Направете декорација во вид на срциња
rn
rn7. Изработете или облепете обични подметачи за чаши
rn
rn8. Користете го како обележувач во тетратки
rn
rn9. Украсете ги рамките за слики
rn
rn10. Не го заборавајте при завиткување подароци
rn
rn11. Направете го интересен пластичниот прибор за јадење за одредени пригоди како пикник или роденденска забава
rn
rn12. Дајте ѝ нов дизајн на вашата едноставна вазна
rn
rn13. Тука се и велигденските јајца
rn
rn14. Бидете креативни и оригинални со роденденските картички
rn
rn15. Употребете го за да направите картичка со порака која ќе ја ставете во рамка
rn
rn16. Украсете ги и саксиите
rn
rn17. Направете ја вашата тастатура поинтересна
rn
rn18. Тоа можете да го направите и со вратата од вашата соба
rn
rn19. Дизајнирајте ги роденденските свеќички
rn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

16 интересни декорации со сијалички кои мора да ги испробате оваа година
Секоја година новогодишните сијалички се оние кои ја создаваат целата таа магична празнична еуфорија. Ви претставуваме 16 креативни начини како да го декорирате домот со сијалички.rnrn
rn1. Пинг-понг топчиња
rn
rn2. Ѕвездено небо
rn
rn3. Магична ламба
rn
rn4. Цветни сијалички
rn
rn5. Лустер од хулахоп
rn
rn6. Врвца за слики
rn
rn7. Уметност на шишиња вино
rn
rn8. Рамка во форма на срце
rn
rn9. Снежни топки
rn
rn10. Светлечки букви
rn
rn11. Осветлени скали
rn
rn12. Божиќно венче
rn
rn13. Божиќна светлечка позадина
rn
rn14. Лустер од пластични чаши
rn
rn15. Збор напишан со сијалички
rn
rn16. Новогодишна елка на ѕид
rn

-

Празникот на чудата – Велигден
Автор: Мандевска Бојанаrnrn„Христос воскресна! – Навистина воскресна!“ Тоа е поздравот со кој во наредните денови православните христијани ќе се поздравуваат меѓусебно. Велигден е празник над празниците или празник на чудата. Ден кога се слави Христовото воскресение и победата на доброто над злото.
Главна симболика на овој празник се јајцата. Жените од секое православно семејство утрото на Велики четврток ги фарбаат (вапсуваат) првите јајца во црвена боја, и со нив ги тријат децата по образите или им исцртуваат крст по челата за здравје. Останатите јајца се бојат во различни бои и се цртаат, сината боја ја симболизира непорочноста, виолетовата – крстот, зелената – Христовите ученици, а жолтата – самиот Бог.
Постојат многу митови и легенди за тоа како црвените јајца станале симбол на овој празник. Главен обичај за овој празник е дарувањето велигденски јајца, притоа водејќи сметка секој член на семејството и гостин да добие јајце со одреден симбол.
Момчињата и девојките се даруваат со јајца со исцртано венче за да си најдат животен сопатник, додека пак на малите деца во водата во која се бањаат им се става по едно црвено јајце за да ги заштитува и да ги дарува со здравје. Се верува дека фарбаните јајца имаат голема моќ, па дури и нивната лушпа се смета дека има заштитна функција. Фарабаните јајце се ставаат во кошница со слама со цел таа да наликува на птичјо гнездо.
Ноќта на Велика сабота или во недела наутро се оди во црква на велигденска литургија и тие коишто постеле земаат причеста. Потоа во кругот на семејството се поставува неделен празничен ручек на кој се служи познатата велигденска салата, печен зајак или јагне, се пие црвено вино и се јаде велигденски леб.

Но, пред да се почне со славењето и празнувањето на Велигден, неизбежно е велигденското чистење и кречење на домот. Со чистењето семејствата ги отстрануваат сите непотребни работи кои го спречуваат слободното циркулирање на позитивната енергија во домот и ослободуваат простор за нова подобра енергија која самиот празник ја дава. Украсувањето и средувањето на домот во велигденска атмосфера е прекрасен момент. Нека следните слики бидат инспирација за вас, нека ја разбудат вашата креативност во уредувањето на домот и велигденската трпеза.



Нека ни е вечен и честит празникот!rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Кралот на тортите
Бади Валастро е многу успешен пекар, кој многу млад го наследил бизнисот од неговите родители. Тој пораснал во Хобоукен, Њу Џерси како дел од традиционална италијанска фамилија. Бади покажувал голема заинтересираност за украсување торти уште од мали години. Кога имал 17 години морал да го преземе семејниот бизнис поради ненадејната смрт на татко му. Со помош на неговата фамилија, денес тој е еден од најпознатите пекари во Америка.rnrn
rnrn„Пекарата на Карло“ е позната по неверојатно уникатните торти. Од 2009 година, Бади има и своја ТВ емисија (Cake Boss) која премиерно се прикажува на американската кабловска телевизија „TLC“. Во емисијата се издвоени најзабавните и несекојдневни торти, почнувајќи од тоа кој и за што ги нарачал, како се стигнало до идејата и целосната изработка на тортата, како и нејзиниот транспорт до настанот. Снимени се 4 сезони, а популарноста на емисијата, како и на пекарата, секојдневно расте. rnrn
rnrnТие изработуваат торти за родендени, свадби, забави и за многу други видови настани. Досега немало незадоволни клиенти, туку напротив, Бади постојано ги надминува очекувањата на сите. Еве мал дел од нивните неверојатни дела, а на вас останува да одлучите дали навистина Бади е кралот на тортите.rnrn











rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Божиќни цветни декорации
Автор: Бојана МандевскаrnrnЉубов, тоа е вистинското значење на Божиќ. Празник над празниците. Доказ за раѓањето и постоењето на доброто, искреноста, чесноста и вербата како дел од човекот. Период од годината кога се шири добрина и љубезност. Споделувањето, радоста, среќата се доблести кои го прават Божиќ поважен од останатите празници. За надополнување и разубавување на празничната атмосфера неопходен дел се божиќните песни, декорации, цвеќиња, храна.rnrn
rnrnЦвеќето се користи во различни видови декорации. Аранжманите со цвеќиња и нивното поставување во одредени делови од домот може да го подигнат расположението и да дадат подобар изглед на празничната атмосфера. Украсувањето на домовите претставува обичај кој ја следи традицијата уште од времето кога се мислело дека цвеќињата имаат магична моќ. Божиќните цвеќиња се симбол за веселост, љубов, убавина, надеж и „виновници“ за будењето нежни емоции во човечките срца. Најкористени цвеќиња во божиќните декорации се бршлен, имела, рози, млечка, зеленика, кактус, шишарки и секако, дабови гранчиња.rnrnЕве неколку предлози како би можеле да го употребите цвеќето за декорации во божиќен дух.rnrn


















rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Новогодишна елка за студенти
Драги студенти, годинава заборавете на украсувањето на новогодишната елка. Имаме да ви понудиме едно поинакво решение. Идејата сè уште нема официјален деец, па токму затоа не знаеме нешто повеќе за нејзе. Единствено со сигурност може да се потврди дека е оригинална и штосна. Па што чекате, соберете ги книгите и почнете да украсувате. Учењето за оваа зимска сесија може да почека. :)rnrn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Кафе-позадина за вашиот десктоп #13
Крајно време е да ја поставите новогодишната елка, барем на вашиот десктоп во омилената шолја со кафе. Оваа десктоп-позадина ќе ве стави во празнично расположение и ќе ви го пренесува новогодишниот дух кој владее насекаде околу вас. Воедно, поставувањето на оваа позадина е дел од процесот на украсување по повод празниците кои следуваат.
rn
Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (2716×1810) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
