КАФЕ ПАУЗА

Tag: ученици

  • 15 нешта за кои сме заборавиле да им се заблагодариме на нашите учители/ки

    15 нешта за кои сме заборавиле да им се заблагодариме на нашите учители/ки

    Можеби учителите не носат наметки на суперхерои, ниту пак кога ќе излезат на улица им бараат автограми, но дефинитивно заслужуваат огромна благодарност. Благодарност за нивното трпение, љубов и родителска грижа. Благодарност за тоа што вложувале во нашето образование дури и тогаш кога нивниот труд не бил доволно платен. Да се потсетиме за што сè сме заборавиле да им се заблагодариме на нашите учители и учителки. Уште поважно, ако повторно ги сретнеме, да им кажеме едно „благодарам“ иако нема да знаат зошто им го велиме тоа.rnrn15 нешта за кои сме заборавиле да им се заблагодариме на нашите учители/киrn

    1. Благодариме што нè учевте да делиме еден со друг

    rnНè научија колку е важно да се дели и да се биде несебичен. Колку е важно кога твоето другарче не носи блок, да му позајмиш лист.rn

    2. Благодариме за сите прегледани тестови, смирување на кавгите и следењето на школската програма

    rnИако знаеме дека имавте многу обврски и на приватен план.rn

    3. Благодариме за секое колаче и бонбонче

    rnКое си го сфаќавме како најголемата награда на светот.rn

    4. Благодариме што ни влевавте самодоверба

    rnШто нè натеравте да сфатиме дека сме добри во нешто.rn

    5. Благодариме за вашите насмевки

    rnИако е тешко цел ден да држиш насмевка на лицето. Сигурно и вие сте имале лоши денови.rn

    6. Благодариме за секоја пофалба и укор

    rnБидејќи и двете ни беа потребни.rn

    7. Благодариме за следењето на нашиот напредок

    rnИако мразевме кога ќе ги повикавте нашите родители на разговор, сега сфаќаме дека било за наше добро.rnrn15 нешта за кои сме заборавиле да им се заблагодариме на нашите учители/киrn

    8. Благодариме за дисциплината на часот

    rnБидејќи заслуживме да учиме во мирни услови кои вие ни ги овозможивте.rn

    9. Благодариме што нè поттикнувавте на креативност

    rnСекојдневно, со секој проект, цртеж и состав, нè теравте да размислуваме и твориме. Неизмерно сме благодарни.rn

    10. Благодариме за секоја божиќна и велигденска декорација

    rnБлагодариме што нашите училници изгледаа како куќата на Дедо Мраз.rn

    11. Благодариме што нè ставивте пред себе

    rnНемојте да мислите дека сме заборавиле на вашите жртви за нас.rn

    12. Благодариме што верувавте во нас

    rnИ не ни се смеевте на промашениот состав или погрешно решената задача.rn

    13. Благодариме што секојдневно се справувавте со нашите проблеми

    rnСо секоја кавга со нашите другари, секоја изгубена тетратка, секоја солза.rn

    14. Благодариме што ни ги сменивте животите

    rnШто нè описменивте и ни ја дадовте основата за понатаму.rn

    15. И за крај, благодариме што нè гледавте како свои деца.

    rnИ сфаќаме колку таа постапка е несебична и хумана.

  • Корисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?

    Корисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?

    Постојат безброј истражувања и научни трудови за функционирањето на мозокот, но голем акцент се става на теоријата која тргнува од тврдењето дека луѓето или ја употребуваат левата, или десната хемисфера. Би се изненадиле колку тоа влијае буквално на сè – како учите нови работи, како склопувате пријателства, како го минувате вашето слободно време, која професија сте ја одбрале и сл.rnrnКорисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?rnrnВашето однесување, вашиот начин на живот и вашите интереси, лесно би можеле да се објаснат според тоа која половина на мозокот ја користите повеќе. Ајде подетално да ги анализираме оние кои ја употребуваат левата и оние кои ја употребуваат десната хемисфера, како и сите оние нешта кои влијаат на нив. Имајте на ум дека сепак ова се генерализации, кои не се секогаш 100% точни, но поголемиот дел од нив важат и сигурни сме дека ќе се пронајдете во нив.rnrnНајпрво, доколку никогаш не сте направиле тест и не знаете која половина од мозокот повеќе ја користите, кликнете тука.rn

    Карактеристики на двете групи:

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Лева страна

    rn

    rn

    Десна страна

    rn

    Ретко кога сонуваат будни или лутаат со мислите. Тие се постојано тука, критички настроени, добро организирани и ориентирани кон остварување на сопствените цели Филозофски настроени, добри во односите со другите луѓе, неретко се непредвидливи, избувливи и водени од емоциите, и по малку неорганизирани и дезориентирани
    Читаат во седната положба Читаат лежејќи
    Сакаат цврсто да ги следат своите планови и to-do листи Импулсивни и спонтани, некогаш губат осет за време
    Чувствата не влијаат на одлуките кои ги носат Се потпираат на своите чувства и емоции, како и на интуицијата
    Одлични се во математички пресметки и фасцинирани се од науката Уметнички души, сакаат емоциите да ги искажуваат преку пишаниот збор, спортисти, и слободното време го минуваат слушајќи музика
    Следат правила, прописи и насоки. Се потпираат на својата интуиција, сакаат сами да ги поставуваат правилата и да откриваат нови нешта
    Сакаат реалистички приказни Сакаат да читаат фикција и мистични приказни
    Преферираат смирена музика Можат да учат додека в позадина има музика и не им пречи ако таа е гласна
    Сакаат кучиња Сакаат мачки

    rnКорисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?rnrnПрофесорите кои се наклонети кон левата хемисфера преферираат чиста и мирна училница, сакаат да им даваат задачи на учениците и да ги поттикнат на индивидуална работа. Предаваат според лекцијата и програмата, даваат теоретски информации и отвораат дискусии.rnrn Оние кои ја користат десната хемисфера, пак, во своето предавање ставаат акцент на визуелизацијата, сакаат да користат дополнителни материјали и да ги предаваат лекциите на оригинален, свој начин. Ставаат акцент на работа во групи, и сакаат раздвижена и „жива“ училница.rnrnУчениците кои ја користат левата половина сакаат да учат сами во тивка просторија. Секогаш се потпираат на дадените инструкции, сакаат факти и точни бројки, и неретко инкорпорираат разни научни истражувања во својот труд, дури и кога тоа не е задолжително. Сакаат да ги следат правилата.rnrnЗа разлика од нив, оние кои се наклонети кон десната хемисфера, сакаат да ги создаваат правилата. На ученик кој ја користи левата хемисфера му се даваат чекорите по кои треба да се води за да стигне до целта, додека на оној кој ја користи десната, му се објаснува самата цел за тој сам да најде начин да стигне до неа.rn

    Различни стилови на учење

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Лева страна

    rn

    rn

    Десна страна

    rn

    Размислуваат линеарно – нив им се потребни деловите за да ја склопат целата сложувалка. Информациите ги процесираат чекор по чекор. Тоа им помага да имаат концизен план. Размислуваат холистички – ја гледаат целата слика а не деталите. Информацијата ја процесираат почнувајќи од решението односно одговорот, а не од начините да се стигне до целта.
    Големи реалисти, ги сакаат картите отворени на маса – работите се такви какви што ги гледаш. Не бараат решенија од страна, туку тргнуваат она кое тие мислат дека е решение. Одговорите на разни животни прашања и одлуки ги наоѓаат во себе.
    Лесно учат симболи – паметат зборови, знаци и математички симболи. Се фокусираат на конкретното – сакаат да го видат и почувствуваат она за што им се зборува.

    rnКорисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?rn

    Совети за оние кои се наклонети кон левата страна:

    rn

      rn011

    • Иако имате постојана потреба да ги држите нештата под контрола, сепак корисно е да научите да работите во група. За да ви биде полесно може да се пријавите да бидете лидер на групата, или одговорен за одредена област.
    • rn011

    • Кога веќе сакате да организирате, искористете ги вашите организациски способности. Бидете секогаш добро организирани, и барајте работа за која е потребен добар организатор. Така и вие ќе бидете исполнети и ќе чувствувате дека конците се во вашите раце.
    • rn011

    • Потрудете се да не влегувате во расправии толку често или пак да ги поправате другите кога зборуваат. Луѓето можат да добијат мислење за вас дека сте снобови или недружељубиви. Секој си има право на мислење и избор. Некогаш е подобро да ги премолчите вашите забелешки.
    • rn011

    • Кога треба да работите на некаков проект, одберете го оној кој од вас бара факти и точни бројки и информации. Вие не сакате зборување од памет или измислување нови правци, така што подобро е да волонтирате за проект или задача кој/а бара темелна работа и следење на инструкциите.
    • rn011

    • Работете сами кога имате можност бидејќи гужвата лесно ве деконцентрира и иритира.
    • rn011

    • Доколку може да одберете кај кој професор ќе слушате предавања, одбегнете ги креативците и оние кои сакаат да зборуваат слободно и општо. Тоа лесно ќе ве демотивира.
    • rn

    rn

    Совети за оние кои се наклонети кон десната страна:

    rn

      rn011

    • Запомнете дека ваш приоритет не е само да започнете одреден проект туку и да го завршите. Вие сте креативни и вашиот мозок постојано смислува нови начини и нови идеи, но кое фајде ако не одите до крај туку веднаш почнувате со новото кое ви дошло на памет?
    • rn011

    • Искористете ја вашата јака страна – креативното пишување. Одбирајте предмети на факултет, или проекти на работа кои од вас бараат креативно изразување. Тоа ќе ве направи задоволни и вас како и вашиот професор/работодавец.
    • rn011

    • Створете навика да правите планови. Можеби и мали, и не толку темелни, но корисно е да знаете кон каде се движите. Едноставна листа со задачи во текот на работната недела е добра промена.
    • rn011

    • Да, за вас постојат толку можности и толку нешта кои би требало и сакате да ги направите. Но стиснете пауза, не може да добиете сè одеднаш. Доста фантазиравте, сега фатете се за конкретен проект.
    • rn011

    • Одбегнувајте професори кои премногу се осврнуваат на теорија и кои од вас бараат прецизни факти и информации бидејќи вие сакате слободно да ги процесирате информациите. Така ќе го одбегнете чувството дека сте заглавиле во шема која воопшто не ви оди во прилог.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 креативни одговори на школски тестови од големи паметковци

    20 креативни одговори на школски тестови од големи паметковци

    Точниот одговор е доказ за знаење и отвора врата кон прелазна или кон повисока оценка. Сепак, точниот одговор не е секогаш и најдобриот, барем ако споредуваме со овие паметни одговори за кои мора да се даде признание.rnrn

    Задача: Пронајди го x.  Одговор: Еве го.
    Задача: Пронајди го x.
    Одговор: Еве го.
    rnrn
    Прашање: Накратко објасни што е тврдата вода. Одговор: Мраз.
    Прашање: Накратко објасни што е тврдата вода.
    Одговор: Мраз.
    rnrn
    Задача: Реши ја равенката.
    Задача: Реши ја равенката.
    rnrn
    Прашање: Што завршило во 1896? Одговор: 1895.
    Прашање: Што завршило во 1896?
    Одговор: 1895.
    rnrn
    Прашање: Каде била потпишана Американската декларација за независност? Одговор: На дното.
    Прашање: Каде била потпишана Американската декларација за независност?
    Одговор: На дното.
    rnrn
    Прашање: Која е најголемата сила на земјата? Одговор: Љубовта.
    Прашање: Која е најголемата сила на земјата?
    Одговор: Љубовта.
    rnrn
    Задача: Именувај го четириаголникот. Решение: Боб, Сем, Тедисон, Кејт, Хари.
    Задача: Именувај го четириаголникот.
    Решение: Боб, Сем, Тедисон, Кејт, Хари.
    rnrn
    Прашање: Што им се случува на момчињата во пубертет? Одговор: Му велат збогум на детството и влегуваат во светот на возрасните.
    Прашање: Што им се случува на момчињата во пубертет?
    Одговор: Му велат збогум на детството и влегуваат во светот на возрасните.
    rnrn
    Прашање: Која е највисоката фреквенција на звукот која човекот може да ја слушне? Одговор: Мараја Кери.
    Прашање: Која е највисоката фреквенција на звукот која човекот може да ја слушне?
    Одговор: Мараја Кери.
    rnrn
    Прашање: Има ли маж да можност за репродукција со само еден тестис? Одговор: Не, ова не им е привлечно на девојките.
    Прашање: Дали маж има можност за репродукција со само еден тестис?
    Одговор: Не, ова не им е привлечно на девојките.
    rnrn

  • Учител-херој од Индија обезбедува бесплатно образование за сиромашните деца

    Учител-херој од Индија обезбедува бесплатно образование за сиромашните деца

    Раџеш Кумар Шарма е четириесетгодишен татко на три деца и работник во продавница кој секој работен ден на два часа ја напушта својата платена работна позиција и се упатува кон еден мост под делхиското метро. Под него држи бесплатни часови за сиромашните деца од градот кои поради сиромаштијата не посетуваат училиште.rnrnУчител-херој од Индија обезбедува бесплатно образование за сиромашните децаrnrnИ самиот Шарма не го довршил факултетот поради финансиски проблеми, па не можел да издржи да не презема ништо додека ги гледал децата како се соочуваат со истите проблеми. Успеал да убеди неколку работници и фармери да им дозволат на своите деца да доаѓаат на часови кај него наместо да работат дома и со тоа го основал своето бесплатно училиште. Денеска, штом стигне до својата импровизирана училница под мостот, здогледува барем по триесет деца кои се нестрпливи да научат нешто и да се извлечат од сиромаштијата.rn
    rn

    „Нашиот учител ни вели дека кога ќе нè погоди сиромаштија треба да го ослободиме умот, а тоа се постигнува само преку образование,“ вели петнаесетгодишниот Абишек, еден од неговите редовни ученици.

    rnУчител-херој од Индија обезбедува бесплатно образование за сиромашните децаrnrnЧасовите на Шарма ги посетуваат деца кои не одат редовно во училиште, но сакаат да учат. Неговата цел е да ги спреми за вклучување во наставата во државните училишта.rn
    rn

    „Тие доаѓаат овде секој ден. Со нив успевам дури да одам и пред училишниот план,“ вели Шарма.

    rnУчител-херој од Индија обезбедува бесплатно образование за сиромашните децаrnrnРезултатите од неговиот напор се извонредни. Од почетокот до денес, низ неговата импровизирана училница поминале околу 140 деца, половина од нив веќе се префрлиле во државните училишта како редовни ученици, а доаѓаат и деца од претшколска возраст. Тој вели дека неговиот најголем успех е тоа што успеал да го смени сфаќањето на родителите во врска со овој проблем. Наместо да ги тераат децата да работат уште од мала возраст, тие сега ги охрабруваат да се образуваат.rn
    rn

    „Сфатија дека ако децата од селата во внатрешноста на земјата можат да учат, можат и децата од главниот град.“

    rnПокрај училиштето под мостот, Шарма веќе спроведува настава и на други локации во Њу Делхи. Со своето херојско дејствување овој храбар човек покажува како функционира во практика тезата на неговиот сонародник Ганди дека секој треба кај себе да ја бара промената која сака да ја види во светот околу себе.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Класот

    Класот

    Автор: ТамараrnrnВо секој клас има барем по еден фудбалер кој е 24/7 на тренинг, тој инаку тренира во фудбалски клуб Вакв, ама нема врска, тој сепак е професионален фудбалер. Има една шмизла, која сите ја мразат и оговараат, само се фали: „Ова ми е од Тера нова, вчера се фарбав, две бели влакна ми израснале, а кондуриве ми се од City mall… Абе од Скопје!“ А таа уствари купува на Битпазар! Потоа, една на која сите ѝ викаат дека е убава и добра колку да бидат со неа, една која цело време хистерично се смее, една која само учи, учи и учи, да она понекогаш и чита, али углавном учи. А да, и заборавив да ви кажам, она учи!rnrnКласотrnrnИма и по некоја кошаркарка, која едвај чека да заврши 7-ми час за да оди на тренинг, како и еден феминизиран тип, пример сите си седат во училница и тој влетува и се дере: „Лелеее срце да ти кажам што ми се деси“, една која цело време ги озборува другите позади грб, еден кој е „западнат“ во технологијата, еден на кој сите му се единици и не му е гајле за тоа, еден кој е ко изгубен Германец, еве професор го прашува: „Ја прочита лектирата?“ – Па, професорке јас ја барав. – Добро, ја најде? – Па, професорке јас сакав да ја барам, а професорке која лектира?“rnrnА да, тука е и манекенката, таа не знае да оди во патики, манекенка била! Има и некој што нонстоп бара бесплатни на Вип. Ги замара сите: „Ти бесплатни на Вип имаш ли? Леле бее, дајте ми само 2 минутки!“ Стави си де бесплатни на Вип, 80 денари е, не ги замарај луѓето. Има еден што малтретира и еден што е малтретиран.rnrnА класот не би бил клас без умислената што прави фотосесии по школски вецеа. Отишла во веце и се слика. Позадина и се плави искршени плочки изналепени со паломи и прави некои испупчени пози. И после на Фејсбук кога ќе видиш ставила слика и опис на сликата е: „Можда нисам згодна, ал сам веома незгодна“.rnrnИма и една што мисли дека е оперска пејачка е една Цеца. Тие по цел ден не пеат, тие се дерат! Има и такви што не се чешлаат по еден месец.rnrnИсто така има и алкохоличари, главна тема на класен час им е како си поминале во петок и сабота во Клуб, не гледале прст пред око. И тој прави филм: како обезбеџење го мавало, како на полицаец на кондура му се исповраќал, како се качувал на хауби на авта, како кршел чаши, а не ги платил. А оно нема врска. Тој уствари цела вечер седел спроти Клуб на плоштад, зашто баш таа вечер му се погодило да бараат лична карта на врата, а он едвај 16 години има. А има и такви што излегле со 100 денари, а се вратиле дома ѓон пијани. Тие се фалат дека се вратиле сабајле во 4, а они уствари се пуштени до 1.30. И се жали сабајле у 7 саат, уште го болела глава, уште го „држел“ алкохолот од петок. Абе ајде! Четири дена те „држи“ тебе алкохолот?rnrnТука се и оние што на секои 45 минути трчаат во веце. Но, тоа не е сè. Да не ги заборавам и плавушите. Има и такви што сабајле во 7 саат се топ намачкани со аргета по лицето, а да, и плус маскара неизбришана цела недела.rnrnТука е и Дон Жуанот кој им се пушта на сите од 1-ва година или 2-ра евентуално. Тој со девојчињата само Фејсбук разменува, телефонски број никако! Зашто на Фејсбук кога ќе му здосади ќе ја блокира, вака ќе биде замаран, и плус ако девојчето има бесплатни на Вип, е тогаш е готов.rnrnИма една што нонстоп се гребе за цигари. А има и такви што пример купуваат Родео и ќе ги видиш цигарите ги пикаат во пакла од Вест. А има и една што е нонстоп гладна и еден што јаде по 5 тоста на голем одмор. Има и по неколку патриоти. Тој роден ’97 година, а негов најголем идол е другарот Тито.rnrnИма неколку заљубени. Влетува таа во училница и се дере пред табла: „Лелеее, ме погледна!“ И ја прашуваш: „Што ти е?“ И таа: „ПОГЛЕДНА МЕ!!!“ И се тресе цела. И после 15 минути кога ќе се смири ја прашуваш: „Добро што ти беше?“ И таа вели: „Ме погледна! Дечкото од трета година ме погледна!“ Абе остави тој е Дон Жуан, сите ги гледа! Има една што е зависник од Фејсбук, и со најновиот Самсунг Галакси ес3 си фаќа вифи. И во секој клас има барем по еден со Ер Макс авганистански патики. Има и такви што доцнат секој ден зашто таксито им закаснило 17 минути.rnrnИма и такви што сакаат да го импресионираат професорот иако имаат 5-ка и го трошат времето за поправање единици. Седнала во прва клупа и му се пика на професорот: „Професоре, јас за петка едно есејче да напишам?“ Абе ајде доста. Целата графа ѝ е со петки, нема место за оценка, таа уште една бара! А некој дреме од позади 15 минути, чека една 2-ка да добие. Има и еден професионален препишувач. Има и еден што мисли дека е Бред Пит. Тој носи флуоресцентни Најк или Адидас или кондури на штикла и штрака по цело школо. Косата му е дигната нагоре и како петел се шета по цело школо, од 100 метри ќе го познаеш. Носи тесни фармерки, да пукнат на него, и кошула–виножито, што пошарена – тоа подобро. Има некои од нив носат и по 15 пирса на уво, да им донесеш и ланец од точак од отпад, и тоа ќе си го стават на уво.rnrnИма и една што запишува бисери, една што чита „50 нијанси на сиво“ наместо „Чичко Горио“. Инаку „50 нијанси на сиво“ е еротски роман за жени. И таа се пикнала во ќош, и од време на време ќе се слушне: „Ах, лелее, Ахх!“ Добро, ШТО ПРАВИШ? Сигурна си дека читаш? Има и еден филозоф којшто оди од клупа на клупа и ги замара сите за квантна физика и за тоа кое видео било најгледано на Јутуб. И има еден манијак.rnrnИ во секој клас главна функција на претседателот е да ги одложува тестовите, а најглавно ветување на учениците е: за утре обавезно ќе научам, денеска мачката ми умре.rnrnА да, и во секој клас има одредени „здруженија“ од девојчиња или машки. Кои од нив се собираат во училница, кои надвор, кои во ходник, и тие гледаат кој на кого повеќе муабети да спушти, кој кого повеќе ќе заглави. Страшно!rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Професори танцуваат позади ученици

    Професори танцуваат позади ученици

    Учениците од училиштето Аби Кели Фостер биле замолени да учествуваат во видео интервју. Но, тие тие не знаеле дека професорите им подготвувале добро испланирана шега. Додека учениците одговарале од срце на прашањата кои им биле поставувани, професорите позади нив тајно се препуштале на лудо танцување.Професори танцуваат позади ученици

    rnrn

    rnrnИмате некој доволно откачен професор од вашето училиште кој би ù се препуштил на ваква несекојдневна забава пред камера?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Исклучително креативен руски алманах

    Исклучително креативен руски алманах

    Уште една генерација руски генијалци или во најмала рака креативци. 🙂 Група ученици одлучиле да му се спротивстават на класичниот изглед на алманахот и да ги земат работите во свои раце. Смислиле едноставен, уникатен и забавен начин на фотографирање. Направиле портрети пред училишната табла, на која исцртале работи карактеристични за нивното неколкугодишно учење и другарување. За секој од нив има посебен цртеж, кој ги открива неговите лични особини и желби за иднината…rnrnПогледнете го несекојдневниот и навистина кул алманах на овие „руски палавковци“:rnrnИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахИсклучително креативен руски алманахrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шарено училиште за подобрување на расположението на учениците

    Шарено училиште за подобрување на расположението на учениците

    Автор: Ивана Лазороска

    rn

    При изградбата на училиштата, главна движечка сила е благосостојбата која ќе ја чувствуваат учениците додека престојуваат во просторот. Имајќи го ова предвид, дизајнерите кои биле одговорни за дизајнот и ентериерот на ова училиште, не се плашеле од јаките и живи бои со кои експериментирале. Напротив, дошле до одлично решение.Шарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеСтанува збор за основното училиште „St Mary’s“, кое се наоѓа во Greensborough, предградие на Мелбурн, Викторија, во Австралија. Виновници за ваквиот изглед се тимот архитекти од smith + tracey.rnШарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеОвие простории се прилагодливи и интересни. Употребата на разни бои го дели просторот во различни зони за работа во групи, односно на разни студиски области.Шарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеШарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеБојата не се користи само на ѕидовите, туку се забележува и на мебелот, па дури и на таваните. Сета таа хармонија на бои, кои секако се неутрализирани со бела и сива, придонесува за поведро и посвежо расположение на учениците.Шарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеШарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеАрхитектите се инспирирани од самата природна околина на училиштето. Како што дрвото расте и цвета во природата, така децата растат, се развиваат и стекнуваат знаење во едно училиште. Самите геометриски форми на предметите поттикнуваат чувство на возбуда и авантура кај учениците.Шарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеШарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеШарено училиште за подобрување на расположението на учениците Изгледа дека во Австралија учениците имаат среќа да учат во прекрасно дизајнирани средини. Се сеќавате на средното училиште Фитзрој?rn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.