КАФЕ ПАУЗА

Tag: ученици

  • Писмо од Алберт Ајнштајн до неговиот син, што мора да го прочитаат сите „лоши“ ученици

    Писмо од Алберт Ајнштајн до неговиот син, што мора да го прочитаат сите „лоши“ ученици

    Алберт Ајнштајн сакал да сонува и да талка со мислите за време на часовите, бил расеан и често ги игнорирал своите училишни задачи. Поради тоа и денес многумина би го нарекле лош ученик. Некои предмети едноставно му се допаѓале повеќе од останатите, па ним им посветувал повеќе внимание, додека пак другите ги занемарувал.rnrnПисмо од Алберт Ајнштајн до неговиот син, кој мора да го прочитаат сите „лоши“ ученициrnrnКога пораснал и станал родител, тој секогаш сметал дека на децата треба да им се пружи слобода да откријат што ги интересира. Неговите деца, синовите Ханс Алберт и Едуард кој го нарекувал Тете, ги поттикнувал да развиваат интереси кои не се врзани со училиштето. По разводот од неговата сопруга Милева, Ајнштајн отишол да живее во Берлин, а неговите синови живееле со мајка им на релација Виена-Цирих. Во писмото кое во 1915 година му го пратил на тогашниот 11-годишен Ханс Алберт, тој го советува да се држи до свирењето клавир и дрводелството, кое малото дете ги сакало, затоа што за него тоа е „дури подобро и од училиште“.rnrnЗа разлика од многуте кои до ден денес не го сфаќаат ова, Ајнштајн знаел дека не постојат лоши ученици. Тоа е само лош назив за децата и младите кои не добиле можност да ги развиваат своите специфични интереси, туку се обидувале да се вклопат во наставните програми кои веќе постојат и во пропишаните активности. Во продолжение прочитајте го писмото во кој големиот научник открива како може децата најмногу да научат.rnrnПисмо од Алберт Ајнштајн до неговиот син, кој мора да го прочитаат сите „лоши“ ученициrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnМој драг Алберт,rnrnВчера го добив твоето писмо и бев многу среќен поради тоа. Веќе се плашев дека повеќе нема да ми пишеш. Кога бев во Цирих, ти ми рече дека ти е чудно кога доаѓам таму. Поради тоа мислам дека е подобро да се најдеме на некое друго место, каде што нема никој да ни пречи.rnrnБез оглед на сѐ, ќе та замолам секоја година да поминуваме цел месец заедно, за да видиш дека имаш татко на кој си му драг и кој те сака. Од мене можеш да научиш многу добри работи, нешто што другите не можат лесно да ти го понудат. Она што сум го постигнал со напорна работа, не е само за странци, туку посебно за вас, мое момченце. Овие денови завршив една од најубавите работи во мојот живот и кога ќе бидеш поголем ќе ти зборувам за тоа.rnrnМило ми е што слушам дека уживаш во свирењето клавир. Според мое мислење, клавирот и дрводелството се најдобри работи за момчиња на твои години, дури и подобри од училиште. Тоа се работи кои на млада личност како тебе одлично ѝ одговараат.rnrnСвири го она што ти се допаѓа, дури и ако професорите не ти даваат тоа да го вежбаш. Тоа е начин на кој најмногу ќе научиш, уживајќи во тоа што го работиш до таа мера што нема ниту да забележиш како поминало времето. Јас сум понекогаш толку окупиран со работата, така што заборавам на својот пладневен оброк.rnrnВи испраќам бакнежи на тебе и на Тете,rnrnТато.rnrnПоздрав и за мајка ви.rnrn[/message_box]

  • Неверојатна училишна задача која засекогаш останала во сеќавањето на учениците

    Неверојатна училишна задача која засекогаш останала во сеќавањето на учениците

    Оваа приказна за една неверојатна наставничка која успеала да ги натера учениците да веруваат во себе ќе ве остави без зборови. Станува збор за инспиративна животна лекција која никого нема да остави рамнодушен.rnrnНеверојатна училишна задача која засекогаш останала во сеќавањето на ученицитеrnrnЕден ден, наставничката по математика од едно училиште им кажала на учениците дека ќе добијат многу интересна задача. Таа побарала од нив на лист хартија да ги напишат имињата на сите ученици од класот. Потоа им рекла да се сетат на најубавата работа што би можеле да ја кажат за секој од нивните соученици и да го запишат тоа. На крајот од часот, учениците ги предале нивните листови. Било петок. Преку викендот, наставничката направила анализа на резултатите. Го напишала името на секое дете на посебен лист хартија и ги наброила сите убави мисли што биле кажани за него. Наредниот понеделник на секој ученик му ја дала соодветната листа со убави зборови.rnrnДецата биле толку возбудени што во училницата одекнувале шепоти и коментари од типот „Дали ова е навистина за мене?“, „Не сум знаел дека некому толку му се допаѓам“. Не ги дискутирале резултатите за време на часот, но наставничката знаела дека ја постигнала нејзината цел. Нејзините ученици почнале да веруваат во себе.rnrnПо неколку години, Марк Еклунд, еден од учениците, загинал во Виетнам. Погребот се одржал во неговото родно место, така што повеќето негови соученици како и наставничката по математика отишле на погребот. По погребот, таткото на овој млад човек ѝ пришол на наставничката и ѝ кажал: „Сакам да Ви покажам нешто“. Го земал неговиот паричник и извадил старо парче хартија. Било очигледно дека листот бил свиткуван и одвиткуван повеќе пати. Ѝ го подал листот и ја прашал: „Го најдоа ова помеѓу работите на син ми. Знаете што е?“. Тоа било листата на убави мисли што соучениците на Марк ги напишале за него.rnrnМајката на младиот човек се заблагодарила и рекла: „Ви благодарам што сте го направиле тоа. На нашиот син многу му значеше“.rnrnИ потоа следувало огромно изненадување. Еден по еден, поранешните соученици на Марк почнале да ги вадат нивните листи. Многумина од нив ги чувале во нивните паричници. Некои дури и ги ставиле во нивните фото албуми. Еден човек кажал:rnrn„Мислам дека сите ги имаме зачувано. Како би можеле да фрлиме нешто такво?“

  • 5 работи во врска со јапонскиот образовен систем кои ќе ве изненадат и инспирираат

    5 работи во врска со јапонскиот образовен систем кои ќе ве изненадат и инспирираат

    Јапонците се луѓе познати по нивната интелигенција, здравје, учтивост и благосостојба. Но, зошто овој народ толку се разликува од останатите? Најверојатно станува збор за нивниот образовен систем. Постојат неколку нешта кои се карактеристични за тамошните ученици и кои без сомнение ќе ве изненадат. Прочитајте за што станува збор…rnrn5 работи во врска со јапонскиот образовен систем кои ќе ве изненадатrn

    1. Нема тестови во првите три години

    rnЈапонските ученици не полагаат тестови сѐ до дека не дојдат до четврто одделение. Според јапонската култура, многу е важно да се научат младите ученици на љубезно однесување, отколку да се фокусираат на интензивни подготовки за претстојните тестови. Клучно верување е дека карактерот на децата мора да се развива. Развивањето почит кон другите се учи во училиште, а учениците мора да покажат почитување еден кон друг и секако кон нивниот учител. Од најголема важност е односот ученик-учител. Учениците кои нема да сакаат да ги разочараат своите наставници, нема да се однесуваат непристојно.rn

    2. Учениците сами го чистат училиштето

    rnЈапонските ученици треба самите да ги исчистат училниците и тоалетите. Суштината на ова е да се научат на тимска работа, да споделуваат одговорност и да развијат поголема грижа за работите, не само за луѓето. Всушност, од овде се согледува тоа како тие се грижат за местото каде што треба да учат. Учениците се поделени во групи според задачите кои треба да ги извршуваат. Групите се менуваат во текот на годината, така што секој ученик добива искуство во сите задачи.rn

    3. Учениците јадат исти, балансирани оброци

    rnОсвен на учениците кои имаат сериозни алергии на храна, на јапонските ученици им се нудат оброци од стандардно мени. Имено, тие ги учат децата на здрава храна, прикажувајќи им кои состојки им се најпотребни. Менијата се составуваат во соработка со здравствени професионалци и обучени готвачи. Покрај тоа, училишните оброци во голема мера се направени од свежи состојки со локално потекло. Наставниците јадат со учениците, а ова е уште една навика која ги зајакнува нивните меѓусебни односи. Честопати учениците служат ручек еден на друг, како начин за да се прошири благосостојбата во целото одделение.rnrn5 работи во врска со јапонскиот образовен систем кои ќе ве изненадатrn

    4. Јавните училишта ги учат учениците на традиционална уметност

    rnЈапонските ученици ги изучуваат традиционалните уметности како Шодо (јапонска калиграфија) и хаику, формален стил на поезија. Шодо вклучува пишување со бамбус четка и мастило на хартија од ориз. Уметноста бара познавање на јазикот и помага за да се задржи почитувањето на културните традиции. Вештината за пишување хаику поезија дејствува на сличен начин, односно ја промовира свеста кај учениците за вредноста на националните и културните традиции.rn

    5. Јапонските ученици носат училишни униформи

    rnОд средно училиште, јапонските јавни училишта бараат нивните ученици да носат униформи. Стандардите се разликуваат, но многу од униформите се во воен стил, црни униформи за момчињата, а морнарска блуза и здолниште за девојчињата. Тие се скромни во однос на бојата, нивната должина и дизајн. Имено, идејата за носење иста облека е учениците да се чувствуваат како дел од една заедница и со ова е надмината социјалната разлика која се одразува преку надворешниот изглед, при што им овозможува на учениците да се фокусираат на учењето. Некои јапонски училишта имаат строги правила за носење додатоци како што се чантите, шминка, па дури и фризури.

  • 15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

    15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

    Поголемиот дел од децата ги сметаат училиштата за здодевни. Меѓутоа, не се сите образовни институции подеднакво монотони. Постојат некои навистина неверојатни училишта кои изгледаат како футуристички згради од некој научно фантастичен филм и нудат сосема нов пристап кон учењето. На пример, во Шведска има училиште каде децата не се делат според половите. Во Сан Франциско, САД, наставниците ги учат децата на „опасни“ работи, кои нивните родители обично им ги забрануваат. Во продолжение прочитајте повеќе за најнеобичните училишта во светот, по што со сигурност ќе посакате и вие да сте учеле во некое од нив…rn

    1. Макоко, училиште што плови во Лагос, Нигерија

    rn15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренцијаrnrnОва училиште што плови е уникатна градба на вода која се наоѓа во крајбрежниот регион на Африка. Училиштето е наменето за сите возрасти и првично било изградено во случај водата од лагуната да достигне многу високо ниво. Во него има училници и простории за забава, како и капацитет безбедно да издржи до 100 деца, дури и во екстремни временски услови.rn

    2. Училиште во коцка, Копенхаген, Данска

    rn15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренцијаrnrnОва училиште е всушност една голема училница во која доаѓаат повеќе од 1.100 средношколци. Лекциите се одржуваат во широка стаклена коцка која се нарекува гимназија. Отворениот простор е поделен на одвоени секции со удобни места за седење чија цел е да ја поттикнат флексибилноста и креативното размислување на учениците.rn

    3. Училиште со индивидуален пристап кон учениците, Австралија

    rn15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренцијаrnrnПокрај необичниот и светол надворешен дизајн, стратегијата за учење која се користи во ова училиште е исто така далеку од традиционална. Сите ученици имаат свој индивидуален план на учење кој лесно може да биде прилагоден од страна на наставниците и родителите. Децата исто така имаат право сами да даваат предлози за да го подобрат образовниот процес и да го направат попријатен за учениците. Уште една поразлична одлика на ова училиште е тоа што сите часови се одржуваат во мали групи.rn

    4. Училиште во вистинскиот свет, Роуд Ајленд, САД

    rn15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренцијаrnrnУште од самиот почеток учениците учат за она што ги интересира. Со цел да им се помогне на тинејџерите да ја пронајдат и проследат нивната идеална професија, секој ученик добива ментор кој работи во областа каде што детето би сакало да влезе еден ден. Тоа значи дека учениците го учат само она што навистина им е потребно за нивната идна кариера. Оваа стратегија на учење моментално е прифатена од страна на 55 училишта ширум светот.rnrnПродолжете на следната страница за останатите училишта.rn

  • Учителка им поставила едноставно прашање на нејзините третоодделенци. Нивните одговори ќе ви го скршат срцето.

    Учителка им поставила едноставно прашање на нејзините третоодделенци. Нивните одговори ќе ви го скршат срцето.

    Кајл Шварц, учителка на деца од трето одделение во Денвер, Колорадо успеала да навлезе во тајниот живот на нејзините ученици поставувајќи им само едно едноставно прашање. Таа им предава на деца од семејства со низок приход. 92% од учениците во основното училиште Даул зависат од субвенционираната програма за ужинка, само еден од знаците на страдањето со кое се тие соочени. Но, Шварц открила дека парите за ручек се најмалата грижа на овие деца. Тие страдаат од недостаток на родител во домот, насилство и стрес.rnrnУчителка им поставила едноставно прашање на нејзините третоодделенци. Нивните одговори ќе ви го скршат срцето.rnrnШварц сакала подобро да ги разбере своите ученици, па им рекла да одговорат на прашањето „Што би сакале вашиот учител да знае?“ и да ги предадат своите одговори анонимно. Она што го напишале ќе ве изненади, а можеби и ќе ве расплаче.rnrnМногу од проблемите кои дечињата се охрабриле да ги споделат, не ги кажале никому никогаш порано. Дел од нив се мали и смешни, други се сериозни и тешки. Од изгубени пенкала до „изгубени“ родители, од роденден на кој сите во училиштето заборавиле до болна мајка во болница…rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Можете ли да ја решите оваа загатка наменета за учениците од Сингапур?

    Можете ли да ја решите оваа загатка наменета за учениците од Сингапур?

    Во меѓународни рамки, Сингапур често избива на врвот или близу до врвот според математичките вештини на учениците. А кога ќе ја прочитате оваа загатка, ќе видите и зошто. Оваа одлична логичка задача ќе ве натера добро да се замислите и да се обидете да дојдете рамо до рамо со 15-годишните Сингапурци.rnrnМожете ли да ја решите оваа загатка наменета за учениците од Сингапур?rnrnАлберт и Бернард само што се запознаваат со Шерил и сакаат да знаат кога е нејзиниот роденден. Шерил им открива 10 можни датуми:rnrn[column col=”1/3″]rnrn15 мајrn17 јуниrn14 јулиrn14 августrnrn[/column]rn[column col=”1/3″]rnrn16 мајrn18 јуниrn16 јулиrn15 августrnrn[/column]rn[column col=”1/3″]rnrn19 мајrnrnrn17 августrnrn[/column]rnrnПотоа Шерил им ги кажува посебно месецот и денот од нејзиниот роденден на Алебрт и на Бернард соодветно.rnrnАлберт: Не знам кога ѝ е роденден на Шерил, но знам дека ни Бернард не знае.rnБернард: Отпрвин не знаев кога ѝ е роденден на Шерил, но сега знам.rnАлберт: Тогаш сега и јас знам.rnrnКога ѝ е роденден на Шерил?

  • Какви професори сакаат студентите и учениците?

    Какви професори сакаат студентите и учениците?

    На студентите и учениците им е преку глава од професори со кои ќе си играат мачка и глушец. Тие сакаат…rnrn(1) Kakvi-profesori-sakaat-studentite-i-uchenicite-www.kafepauza.mkrnrn1. Професори кои предавањето ќе го направат интересно и забавно.rnrn2. Професори кои страсно си ја работат својата работа и не изгледаат како да се таму само заради плата и малтретирање.rnrn3. Професор кој ќе им помогне да научат, а не некој што само ќе ги казнува кога немаат научено.rnrn4. Сакаат професори кои знаат да си ги признаат грешките и не изигруваат безгрешници.rnrn5. Сакаат професор кој нема само да предава, туку ќе ги учи.rnrn6. Сакаат професор кој ќе ги почитува, затоа што и тие заслужуваат почит.rnrn7. Сакаат професор кој ќе го почитува нивното слободно време и нема да им го одзема целото со домашни задачи и проекти.rnrn8. Сакаат професори на кои им е важно учениците да знаат и да разбираат.rnrn9. Професори кои ќе ги предизвикуваат да размислуваат на поинаков начин, кои само ќе ги насочуваат, но нема да им наметнуваат одреден став.rnrn10. Сакаат професор кој ќе им даде простор и време да научат.rnrn11. Професор кој ќе внимава на нив.rnrn12. Професор кој ќе ги охрабрува да го зборуваат тоа што го мислат.rnrn13. Сакаат толерантен професор, а не генерал.rnrn14. Сакаат професор со кој ќе можат да се идентификуваат, кој ќе има разбирање за нив и со кој ќе можат да изградат врска на доверба.rnrn15. Сакаат професор кој ќе знае добро да управува со часот и нема да дозволува работите да му се лизнат од раце поради себе или некои ученици или студенти.

  • Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијата

    Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијата

    Еден професор во средно училиште сакал да сподели важна животна лекција со неговите ученици. Но, тој сметал дека монотоното предавање нема да биде слушнато, па токму затоа испланирал интерактивна вежба. Сè што му било потребно биле парчиња хартија и канта за рециклирање на почетокот од просторијата.rnrnТој им кажал на сите ученици дека тие ја претставуваат целата популација и дека секој од нив има шанса да се збогати. Потоа им дал едноставна инструкција:rn

    „За да преминете во повисоката класа, вие мора да го фрлите парчето хартија во кантата, но притоа без да станете од вашето столче.“

    rn(1) Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијатаrnrnРезултатите биле токму тоа што би можеле да очекувате. Повеќето од учениците во првите редови ја погодиле кантата, додека поголемиот дел од оние позади не успеале. Професорот објаснил:rn

    „Колку сте поблиску до кантата, толку ви се подобри шансите. Вака изгледа привилегијата.“

    rn(2) Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијатаrnrnЕдинствените ученици кои се жалеле за нефер ситуацијата биле оние од задниот дел на просторијата. Од друга страна пак, учениците понапред во просторијата биле толку фокусирани на задачата што воопшто не обрнале внимание на нивната предност, односно привилегија.rnrnТокму така и функционира привилегијата. Таа може да ни овозможи појасен поглед во сегашноста и иднината, но исто така може и да нè одвлече од предизвиците кои ги доживуваат луѓето зад нас со истите цели. Во таа смисла, луѓето со привилегии можат да бидат пречки за социјалното движење на оние без привилегии. Професорот завршил со следнава изјава:rn

    „Вашата работа како студенти кои се здобиваат со едукација е да бидете свесни за вашата привилегија и да ја искористите оваа привилегија наречена ‘образование’ за да го направите најдоброто што можете при постигнување на огромни нешта, но притоа треба и да им помагате на оние во редовите зад вас.“

    rnПогледнете го ова одлично видео од целиот настан…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Зошто децата во Финска се попаметни од оние во Македонија?

    Зошто децата во Финска се попаметни од оние во Македонија?

    Слично како и Македонија, и Финска е земја со лоша географска положба и недостаток на природни ресурси кои не овозможуваат добар развој. Една третина припаѓа на Арктичкиот круг, а голем дел е покриен со езера и шуми. Не секогаш имале добри односи со соседите. Во шеесеттите години била сиромашна земја на земјоделци, а денес е една од најбогатите во светот. Електронската индустрија е најважна гранка, затоа што во меѓувреме решиле да се сконцентрираат на знаењето како нивен единствен ресурс кој можел да ги извади од економската беда во која живееле. Тие имаат најголем број истражувачи по глава на жител во светот, а само Шведска и Израел трошат поголем процент од БДП на истражувања и научен развој.rnrn1-Zoshto-decata-vo-Finska-se-popametni-od-onie-vo-Makedonija-www.kafepauza.mk_rn

    Зошто е тоа така?

    rnФинска има толкав успех поради нивниот образовен систем. Тој не ги стимулира децата механички да го научат и повторат она што го вели професорот, туку да истражуваат, мечтаат и иновираат. Од 2000 година па наваму ОЕЦД го спроведува ПИСА тестот, чија цел е да ги спореди знаењата на учениците од различни образовни системи во светот. Се спроведува кај децата од 15 до 16 годишна возраст, при што се тестираат нивните способности за читање, решавање проблеми, математика и наука. Децата од Финска се на самиот врв или блиску до него на сите вакви тестови спроведени до сега. За разлика од нив, Македонија само еднаш учествувала во тестирањето и била пласирана на дното заедно со Индонезија, Перу, Албанија и Бразил. При тоа, резултатите биле прилично под светскиот просек. Кога би се оцениле со оценка од еден до пет, македонските средношколци од 2000 година би биле некаде помеѓу единица и двојка, а најдобрите меѓу нив помеѓу три и четири.rnrnЗошто децата во Финска се попаметни од оние во Македонија?rn

    Во што е тајната?

    rnФинците посветуваат сериозно внимание на образованието на своите деца. За тоа ви препорачуваме да го погледнете документарниот филм „Финскиот феномен“ (The Finland Phenomenon). Во него авторот Боб Комптон посетува неколку училишта, професори и ученици во нордиската земја и истражува што е тоа што овој образовен модел го прави толку успешен. Подолу се поставени четирите дела од по 15 минути, кои се достапни на Јутјуб. За жал нема македонски превод, па ако не го познавате англискиот јазик или ако сте нестрпливи да дознаете повеќе, ги издвоивме главните поенти од него.rn

      rn011

    • Целта на образовниот систем е да всади љубопитност, имагинација, иновација, самоиницијативност и претприемачки дух и да им помогне да развијат другарство. Моделот во кој наставникот пренесува одредени информации, а ученикот ги повторува по него е напуштен, а е воведен таков што ги стимулира учениците да откриваат и создаваат свои информации. Финска ги спрема сите деца за работа, за придонес кон заедничкото добро и за активно граѓанство.
    • rn011

    • Целта не е на детето да му се даде стандардизирано знаење кое ќе се контролира, да се направи компетитивно и да му се всади каква било стандардизирана идеја за успех.
    • rn011

    • Затоа на децата не им се проверува знаењето со тестови во првите шест години од образованието, а во некои училишта сè до крајот на средното образование. Првите шест години служат за детето да се подготви за учење и да му се помогне да ја најде својата страст. Никому не му се кажува дека е слаб ученик кого не го бива за ништо, туку се лоцира проблемот, доколку го има, и му се помага во учењето. Така на учениците им се дава можност да развијат сопствен начин на учење.
    • rn

    rnЗошто децата во Финска се попаметни од оние во Македонија?rn

      rn011

    • Децата тргнуваат на училиште на седумгодишна возраст. Пред тоа нема никакво формално образование. Атмосферата во училиштата е опуштена, а децата им се обраќаат на професорите по име, без да ги нарекуваат „наставничке“ или „професоре“. Учениците во основно училиште остануваат што е можно подолго кај истиот наставник, затоа што тој најдобро ги познава и кај него полесно учат. Дури во погорните класови имаат различен наставник по секој предмет.
    • rn011

    • Класовите се релативно мали, од по околу 20 ученици. Тоа им овозможува на учениците да развијат поинтимни другарски односи меѓу себе, а и поблизок однос со наставникот. На часовите по природни науки класовите се ограничени на 16 ученици за да може секој од нив да спроведе експеримент.
    • rn011

    • Националниот образовен совет не изработува детална наставна програма, туку само дава насоки. Секое училиште, а потоа и секој наставник одлучува на кој начин ќе ги спроведе насоките и што ќе вклучи во наставниот материјал.
    • rn011

    • Часот започнува со мало „загревање“. Наставникот е должен да ги воведе учениците во часот и дискусијата на начин кој за нив ќе биде интересен и ќе ги заинтересира за темата, но истовремено ќе биде и интелектуално предизвикувачки.
    • rn011

    • Во филмот има една сцена каде што авторот присуствува на час по математика на кој се учи за Питагоровата теорема. Професорот подоцна му објаснува дека учениците не треба да ја научат теоремата, туку да ја откријат сами. Тој прво им поставува прашања за да открие до каде се со знаењата, а потоа им укажува како да ги „пополнат празните места“. За тоа нема тестирања, затоа што преку таквиот метод тие учат да ги применуваат математичките методи во секојдневниот живот, а не учат теoреми на механички начин.
    • rn011

    • Акцент се става на разбирањето и „читањето“ на науката, а не на нејзиното учење.
    • rn

    rnЗошто децата во Финска се попаметни од оние во Македонија?rn

      rn011

    • Учениците во основно училиште не добиваат домашни задачи се до седмо одделение. A потоа, кога ја добиваат, тоа е многу малку и не е редовно. На тоа трошат отприлика 3-4 часа неделно. Треба да имаат време за слободни активности за добро да се развиваат.
    • rn011

    • Кога некое дете покажува дека има тешкотии со учење, високо квалификуван специјалист работи со него за да види каде лежи проблемот, а потоа и да најде начин да му помогне да учи. Тоа дете не се казнува заради „неуспехот“.
    • rn011

    • Немаат премногу часови и набиена програма за учениците да можат повеќе време да посветат на сопствени проекти и самостојно продлабочување на знаењето. Како резултат на тоа, наставниците имаат повеќе време за оние кои имаат тешкотии во откривањето на нови работи.
    • rn011

    • Кога треба да се запишат во средно училиште, учениците бираат помеѓу две програми. Едната е академска, односно научна, а другата стручна, односно техничка. Дури 45% од децата се решаваат за стручните програми, затоа што тие ги спремаат за работа веднаш по завршувањето на средното образование. И од нив се бара да внесат многу интелигенција во своето учење. Во финскиот вредносен систем нема работа која е „под нечие ниво“. Порано немало таков баланс затоа што стручните училишта биле многу слаби, но властите решиле тоа да го сменат воведувајќи многу поголем квалитет во техничките образовни програми. Овие ученици имаат доволно знаења за да најдат работа веднаш по матурирањето и не им треба дополнително практично искуство.
    • rn011

    • Само 66% од средношколците продолжуваат на факултет.
    • rn011

    • Децата велат дека преферираат да ја работат работата од соништата отколку да заработуваат многу пари. Веќе во осмо или деветто одделение тие посакуваат доста широк спектар на професии, вклучително и инженер, психолог, наставник, итн. При тоа напоменуваат дека се добри во една или друга област, па затоа сонуваат за таа професија.
    • rn

    rnЗошто децата во Финска се попаметни од оние во Македонија?rn

      rn011

    • Професорите велат дека и пред 30 години и денес учениците се речиси исти, но професорите многу се подобриле.
    • rn011

    • Оценките на крајот на средното образование се важни затоа што од нив зaвиси дали некој може да биде наставник. Потребни се високи оценки, а само најдобрите од оние кои имаат високи оценки можат да станат наставници, односно „knowledge workers (работници со знаење)“, како што ги нарекува еден професор во филмот. Потребно е да се поминат и ригорозни приемни испити за упис на факултет, а само околу 10% од пријавените успеваат да влезат. Тие мора да завршат петгодишни студии, составени од три години додипломски и две години мастер студии. Не може да се стане наставник без магистратура. Тоа е престижна професија во Финска.
    • rn011

    • Целта на системот е секое дете во земјата да има еднаков пристап до квалитетно образование. Тоа значи дека секое дете треба да биде третирано еднакво, да добие еднакво квалитетен наставник како и секое друго дете и образованието да биде бесплатно. Ниту на факултет не се плаќа партиципација.
    • rn011

    • За време на студиите, студентите опсервираат голем број часови. Потоа дискутираат и критикуваат меѓу себе.
    • rn011

    • Не е непознато на студент кој сака да стане наставник на факултет, со добра намера, да му биде кажано дека таа професија не е за него.
    • rn011

    • Секој наставник во Финска поминува само до четири часови дневно во училница. Должен е да помине и два часа во неделата на стручно усовршување.
    • rn011

    • Нема инспектори кои вршат надзор над работата на училиштата. Постои доверба во системот. Сметаат дека кога некому му се укажува доверба и не се контролира, тој ќе се потруди да ја заслужи довербата. Ако некој те проверува, тогаш се трудиш само пред него да се докажеш.
    • rn

    rn

    Уживајте во филмот!

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ученици даваат креативни одговори на едноставни прашања од нивните наставници

    Ученици даваат креативни одговори на едноставни прашања од нивните наставници

    Децата се забавни, итри и креативни, а наставниците по дифолт се здодевни. Кога ќе ги напуштиме школските клупи, мислењето значително ни се менува, но додека седиме во нив, она што е здодевно и тешко за нас, може да биде многу забавно за наставниците од другата страна. Следниве дијалози се примери од праксата кои го потврдуваат тоа.rnrn0-uchenici-davaat-kreativni-odgovori-na-ednostavni-prashanja-od-nivnite-nastavnici-kafepauza.mkrnrnНаставничката: Марија, дојди до картата и покажи ја Северна Америка.rnМарија: Еве ја.rnНаставничката: Точно. Ученици, ајде сега кажете ми кој ја откри Америка.rnУчениците: Марија.rnrnНаставничката: Вини, наведи едно важно нешто што не постоело пред 10 години.rnВини: Јас!rnrn1-uchenici-davaat-kreativni-odgovori-na-ednostavni-prashanja-od-nivnite-nastavnici-kafepauza.mkrnrnНаставничката: Глен, зошто секогаш толку многу се валкаш?rnГлен: Па наставничке, јас сум многу поблиску до земјата од вас.rnrnНаставничката: Џорџ Вашингтон не само што го исекол црешовото дрво на неговиот татко, туку и ја признал вината. Луи, зошто мислиш дека татко му не го казнил?rnЛуи: Бидејќи Џорџ сè уште ја имал секирата во рака.rnrn3-uchenici-davaat-kreativni-odgovori-na-ednostavni-prashanja-od-nivnite-nastavnici-kafepauza.mkrnrnНаставничката: Сајмон, кажи ни искрено, дали кажуваш молитва пред јадење?rnСајмон: Не, не морам. Мајка ми е добра готвачка.rnrnНаставникот: Клајд, твојот состав на темата „Моето куче“ е потполно ист со оној на брат ти. Дали го препиша?rnКлајд: Не наставнику, тоа е истото куче.rnrn2-uchenici-davaat-kreativni-odgovori-na-ednostavni-prashanja-od-nivnite-nastavnici-kafepauza.mkrnrnНаставничката: Харолд, како се нарекува човек кој не престанува да зборува дури и кога другите повеќе не се заинтересирани да го слушаат?rnХаролд: Наставник.rnrn4-uchenici-davaat-kreativni-odgovori-na-ednostavni-prashanja-od-nivnite-nastavnici-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.