КАФЕ ПАУЗА

Tag: убиство

  • Ужасни шефови (Horrible Bosses)

    Ужасни шефови (Horrible Bosses)

    Филм за мобингот, за малтретирањето на работното место и за професионалните психопати со чии лик и дело речиси сите сме се запознале, но сме морале да премолчимеrnrnrnУжасни шефови (Horrible Bosses)Режија: Сет ГордонrnrnИграат: Џејсон Бејтман, Чарли Деј, Џејсон Судеикис, Џенифер Анистон, Кевин Спејси, Колин Фарел, Џејми ФоксrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 8 јули 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rn„Анистон е зависничка од секс“, „Кој сака да го убие Кевин Спејси?“, „Анистон конечно во долна облека“… Со месеци пред воопшто филмот „Ужасни шефови“ да се појави во кино салите, холивудската маркетинг локомотива почна да ги врти тркалата, па „од Вардара до Триглава“ весниците се полнеа со вакви наслови за нешто што требаше да биде хит комедија. Ѕвезден кастинг одбран очигледно тактички и со длабока финансиска предумисла. rnrnТака, филмскиот ветеран Спејси ги носи филмаџиите во салите, згодните момци (и сосема добри актери) како Чарли Деј, Џејсон Судеикис, Џејсон Бејтман и Колин Фарел ги носат девојките, а најверојатно ПР одделот забрзано работеше на тоа Џенифер да ја направи следната секс бомба, па и момците да го купат толку скапоценото кино билетче. rnrnНо, ако ги земеме предвид очекувањата, набилданата филмска тензија која требаше да кулминира во тек на (тие час и половина) „Ужасни шефови“, финалето за жал е благото чувство дека и не сте гледале нешто посебно. Комедијата која почна со висок старт, ќе заврши помеѓу многуте медиокритетни филмски остварувања.rn————————————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Ник (Џејсон Бејтман), Курт (Џејсон Судеикис) и Дејл (Чарли Деј) се тројца најдобри пријатели кои најголемиот дел од денот го минуваат во канцеларија, а она малку слободно време што го имаат пак, го користат да се жалат за своите психотични шефови. Ник е вработен кај вистинскиот робовладетел, Дејв (Кевин Спејси) кој од него очекува да биде на своето место од изгревање до заоѓање на Сонцето и притоа ако задоцни само една минута добива лекција.rnrnКурт е сметководител во фирма која ја води Боби (Колин Фарел), човек кој смета дека не треба да вработува дебели луѓе и кој… да не откривам сè, но накратко е вистинска карикатура од личност. Додека Дејл ù е помошник на забарката Џулија која сексуално го злоставува (најверојатно за едно машко и не изгледа толку страшно да е малтретиран од Џенифер Анистон, но во „Ужасни шефови“ е извор на проблеми).rnrnТројцата другари стигнуваат до одредена точка на вриење во својата професионална приказна и решаваат да ги убијат своите шефови. Наместо платен убиец налетуваат на свој консултант, Деан М.Е. Џонс (треба да го гледате филмот за да ви станат јасни иницијалите М.Е.) кој ги советува како да ги ликвидираат своите жртви. Советникот го игра уште една ѕвезда, Џејми Фокс и сцените со него, иако не се многу, се најхумористични во целиот филм. Ужасни шефови (Horrible bosses)Тројцата комичари, Бејтман, Судеикис и Деј, иако се релативно нови за нас, моментално се вистински хит за американската публика. Со нив минуваме низ пропаднатите и невообичаени обиди прво да најдат платен убиец, а потоа да ги ликвидираат шефовите. Нивниот хумор е резервиран и дозиран. Тие не се „Ејс Вентура личности“, туку обични луѓе како секој од нас, кои тргнуваат да ги решаваат своите проблеми на малку невообичаен начин. Сепак, тој момент на „реален човек во нереална ситуација“  во повеќето денешни комедии како да не ни нуди смеење до солзи како порано, ниту пак реплики кои ќе ги зборуваме со месеци.жасни шефови (Horrible bosses)И наспроти тројцата тапчовци се нивните шефови кои се најпознатите актери во кастингот. Иако не се појавуваат во премногу сцени и дефинитивно не ви се задоволува жедта за кој било од нив, го исполнуваат очекуваното. Сепак, тие за тоа време презентираат едвај неколку мали слоја од нивните ликови, така што не се прави особена детална анализа околу тоа кои се и зошто се такви.Ужасни шефови (Horrible bosses)Кога и како да го гледате: Филм за дома, за во друштво и за ноќно време. Сигурно ќе ве релаксира и (се надеваме) нема да ви даде некои идеи како да ги решите проблемите во професионалниот живот.Ужасни шефови (Horrible bosses)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Последниот оброк на неколку осудени убијци

    Последниот оброк на неколку осудени убијци

    Jonathon Kambouris е роден во 1981 година во Детроит, Мичиген. Во 2001 година, се сели во Њујорк каде почнува да студира фотографија на Parson The New School for Design. Од тогаш, па сѐ до денес Џонатон фотографира за многу списанија и реклами.rnrnЕден од неговите проекти е насловен „Last meal“ (Последниот оброк) кој се состои од фотографии од затвореници осудени за убиство и листа на продукти од нивните последни оброци кој го изеле пред да бидат егзекутирани. Авторот за овој проект вели:rn
    rn

    „Го направив овој проект за да ја истражам интересната и уникатна врска која ја имаат луѓето со храната. Во овој случај, храната ја употребувам како метафора за да го покренам прашањето за смртната казна.“

    rnПогледнете дел од проектот:rnrnПоследниот оброк на неколку осудени убијциrn

      rn011

    • Име: Daniel Harold Rolling
    • rn011

    • Последен оброк: опашка од јастог, ракче и пита од јагоди
    • rn011

    • Егзекутиран на: 25 октомври 2006 година во Флорида
    • rn011

    • Смртна казна: смртоносна инјекција
    • rn

    rnПоследниот оброк на неколку осудени убијциrn

      rn011

    • Име: Gerald Lee Mitchell
    • rn011

    • Последен оброк: едно ќесе американски бомбони
    • rn011

    • Егзекутиран на: 22 октомври 2001 година во Тексас
    • rn011

    • Смртна казна: смртоносна инјекција
    • rn

    rnПоследниот оброк на неколку осудени убијциrn

      rn011

    • Име: Reginald Lenard Reeves
    • rn011

    • Последен оброк: четири парчиња пржено пилешко и две лименки Кока кола
    • rn011

    • Егзекутиран на: 9 мај 2002 година во Тексас
    • rn011

    • Смртна казна: смртоносна инјекција
    • rn

    rnПоследниот оброк на неколку осудени убијциrn

      rn011

    • Име: Aileen Carol Wuornos
    • rn011

    • Последен оброк: една чаша кафе
    • rn011

    • Егзекутирана на: 9 октомври 2002 година во Флорида
    • rn011

    • Смртна казна: смртоносна инјекција
    • rn

    rnПоследниот оброк на неколку осудени убијциrn

      rn011

    • Име: Victor Feguer
    • rn011

    • Последен оброк: маслинка со семка
    • rn011

    • Егзекутиран на: 15 март 1963 година во Ајова
    • rn011

    • Смртна казна: смртоносна инјекција
    • rn

    rnПоследниот оброк на неколку осудени убијциrn

      rn011

    • Име: Timothy McVeigh
    • rn011

    • Последен оброк: две чашки сладолед од нане со чоколадни трошки
    • rn011

    • Егзекутиран на: 11 јуни 2001 година во Индијана
    • rn011

    • Смртна казна: смрт со бесење
    • rn

    rnПоследниот оброк на неколку осудени убијциrn

      rn011

    • Име: Gary Leon Brown
    • rn011

    • Последен оброк: сладолед-сендвич
    • rn011

    • Егзекутиран на: 24 април 2003 во Алабама
    • rn011

    • Смртна казна: смртоносна инјекција
    • rn

    rnПоследниот оброк на неколку осудени убијциrn

      rn011

    • Име: Ted Bundy
    • rn011

    • Последен оброк: стек, јајца, пржени компири и кафе
    • rn011

    • Егзекутиран на: 24 јануари 1989 година во Флорида
    • rn011

    • Смртна казна: електрична столица
    • rn

    rnПоследниот оброк на неколку осудени убијциrn

      rn011

    • Име: Jonathan Wayne Nobles
    • rn011

    • Последен оброк: црвено вино и парче леб
    • rn011

    • Егзекутиран на: 7 октомври 1998 година во Тексас
    • rn011

    • Смртна казна: смртоносна инјекција
    • rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Правда за сите (Law Abiding Citizen)

    Правда за сите (Law Abiding Citizen)

    Филм за болката, љубовта кон семејството и одмаздатаrnrn rnrnПравда за сите (Law Abiding Citizen)Главни ликови:  Џерард Батлер, Џејми Фокс, Колм Мини, Брус Мекгил, Лесли Биб, Мајкл Ирби…rnrnРежисер: Феликс Гери ГрејrnrnЖанр: трилер, драма, акцијаrnrnВреметраење: 108 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 октомври 2009rnrnМузика: Боб Дилан, Чино Морено, Ченг Чи, Марк Фарнер…rnrnВеб-сајт: www.lawabidingcitizenfilm.comrnrnНаша оценка: 8/10rnrnrnrnrn___________________________________________________________________________________________  Приказна која покажува што може да направи болката за трагично изгубеното семејство, кога љубовта и омразата се сплотуваат, а неправдата само ги поткрепува. Оригинална приказна, одиграна од актери кои ви овозможуваат максимално да се соживеете со дејството и да погледнете еден одличен филм.rn___________________________________________________________________________________________rnrnrnrnПриказна: Филмот започнува во домот на Клајд Шелтон, каде што двајца разбојници му ги убиваат жената и малата ќеркичка пред неговите очи. Сепак, судот донесува одлука едниот разбојник да ја одлежи казната, а другиот, кој е всушност убиецот на семејството, во договор со обвинителството е пуштен на слобода, заради недостаток од докази.rn.rn

    „Не важно што знаеш. Важно е што можеш да докажеш во судот.“

    rnСепак, 10 години подоцна Клајд Шелтон, сам, со однапред  испланирани потези, решава да го сруши целиот корумпиран судски систем и да ја задоволи правдата.  Интересното е тоа што, главниот лик истовремено е и позитивецот и негативецот, па ваше е да одлучите како ќе гледате на приказната.rn.rn

    „Тешкиот дел не е да ја донесеш одлуката. Тешкиот дел е да живееш со неа.“

    rnФилмот доби негативна критика само за завршетокот, кој што можеби малку би ви бил предвидлив или би ве разочарал, но сепак во целост филмот со сигурност ќе ви се допадне.Правда за сите (Law Abiding Citizen)Кинематографија: Филмот навистина го доловува ефектот на болката на актерот, искажана преку нездравата и морбидната одмазда врз негативците. Режисерот навистина успеал многу добро да ги замисли сцените, а и да ги спроведе во пракса. Сето тоа е збогатено со одлична музика и добро одбрани локации за снимање, за максимално подигнување на адреналинот.Правда за сите (Law Abiding Citizen)Кога и како да го гледате: Овој филм го заслужува вашето внимание, па затоа е препорачливо да го гледате со помирно друштво или пак можете и сами.  Обезбедете си освежителен пијалак и дозволете си да погледнете еден несекојдневен филм за време на  викендот.Правда за сите (Law Abiding Citizen)Слични филмови: „15 минути“ (15 Minutes), „Фрактура“ (Fracture), „Автопат“ (Freeway)

  • Декстер (Dexter)

    Декстер (Dexter)

    ТВ серија за убиствата, правдата и семејствотоrnrnДекстер (Dexter)rnrnГлавни ликови: Мајкл С. Хол, Џенифер Карпентер,  Лорен Велез, Дејвид Зајас, Џули БензrnrnКреатор: Џејмс Манос Џуниор rnrnЖанр: криминал, драма, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 55 мин.rnrnДатум на прво прикажување: 1 октомври 2006rnrnЈазик: англиски и шпанскиrnrnБрој на сезони: 4 (x 12 епизоди)rnrnСледна епизода: 26 септември 2010rnrnВеб-сајт: http://www.sho.com/site/dexter rnrnНаша оценка: 10/10rnrn_________________________________________________________________________________ Што се наоѓа помеѓу убивањето и казните? Освен со мерките на полицијата и законите, постои ли друг начин престапниците да си го добијат своето? Декстер се грижи тоа да биде така. Без разлика зошто и како го прави тоа, тој го одржува балансот помеѓу доброто и злото, помеѓу правдата и криминалот, а и самиот е некаде помеѓу. Кон која страна натегнува повеќе, одлучете сами. _________________________________________________________________________________rnrnrnrnПриказна: Декстер Морган е форензичар во полициската станица во Мајами каде работи како експерт за анализа на шаблони во распрскување на крв. Извршувајќи ги своите дневни обврски кон работата и посветувајќи им го секогаш потребното внимание на своите најблиски, навечер сепак наоѓа време да живее сосема поинаков живот – живот на сериски убиец.rn

    Декстер (Dexter)

    rnНо, Декстер Морган не е таков убиец кој ќе го мразите и презирате. Напротив, тој може да стане ваш херој. Тој ги следи оние кои го прекршиле законот и некому нанеле зло, но некако успеале да и избегаат на затворската казна. Тој работи според однапред утврден ред и правила. Не остава ништо на случајноста. Ладнокрвен е и искрен кон себеси, свесен е дека е монструм, но сепак игра итро за да не биде фатен.rn

    (2) Декстер (Dexter)

    rnСекоја сезона е посебно заокружување, но токму кога ќе помислите дека веќе нема што да се случи, приказната добива нов тек, уште подобар и понеочекуван од претходниот.rnrnСеријата Декстер се базира на две новели од Џеф Линдзи „Нежно посветениот Декстер“ и „Мрачните соништа на Декстер“.rn

    (3) Декстер (Dexter)

    rnИнтересни податоци: Играјќи ги братот и сестрата во серијата, Мајкл С. Хол (Декстер) и Џенифер Карпентер (Дебра Морган) се земаа на 31ви декември 2008 година.rn.rn

    Дебра: „Зошто никогаш не правиме муабет како брат и сестра?“rnДекстер: „Нашиот татко беше полицаец, ти си полицаец, јас работам за полицајците… за нас, ова е муабет за брат и сестра.“

    rnИмето на главниот лик Декстер е во релација со значењето на зборот dexterity (вештина, спретност). Овој збор се дефинира како ментална способност или брзина, подготвеност и грациозност во физичка активност, особено вештина и леснотија за користење на рацете.rn

    (4) Декстер (Dexter)

    rnКога и како да ја гледате? Веројатно ако се одлучите за ваква серија, вашето срце може да ја издржи возбудата и исчекувањето кои со неа доаѓаат. Според тоа, за вас е сеедно кога ќе ја гледате, но најдобро правете го тоа кога сте сами и во темница. Така, нивото на адреналинот во вашиот организам ќе се покачува и ќе си дозволите вистинско доживување на неочекуваното.rn.rn

    Живеев во темнина долго време. Со годините моите очи се прилагодија додека темнината не стана мојот свет и можев да гледам.

    rnСлични серии: „Закон и ред“, „Моќ“, „Менталист“, „Бројки“rnrn