Тинејџерски трилер со сите нишани, приказна за сестринската љубов, пријателите и предизвиците кои со себе ги носат најлудите години од нашите животи
rn
Тинејџерските драми и трилери, или young adult fiction ако сакате, толку го освоија книжевниот свет, што се чини невозможно да не налетате на некоја ваква книга, па колку и да не се вашиот омилен жанр. Бегајќи од напнатите психолошки трилери и драми кои ги читав во последно време, решив да сменам и да се обидам со нешто полесно – и дефинитивно не успеав. Иако е пишувана во многу полесен и поедноставен стил и е наводно наменета за помлада публика „Подмолна убавина“ нема баш лесна тематика. Приказната се врти околу главниот лик Кетрин и истовремено следи три важни периоди, животот после смртта на нејзината помалечка сестра, животот откако ја запознава Алис и конечно животот со нејзината ќеркичка.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnКетрин е повлечена, мистериозна девојка која одбива да се дружи со нејзините врсници, поточно одбива да се дружи со кој било, таа е сериозна девојка која изгледа како никогаш да не се забавува. Алис е најпопуларната девојка во училиштето, шармантна и преубава со неверојатна способност да ги натера луѓето околу неа да прават токму сè што ќе посака. Па така кога Алис решава дека Кетрин ќе биде нејзината нова најдобра другарка, Кетрин нема што многу да направи освен да ја прими во нејзиниот живот и притоа да се чувствува благодарно за вниманието кое го добива. Никогаш не претпоставува зошто Алис ја избира токму неа, осаменоста и депресијата во којашто запаѓа поради смртта на сестра ја оддалечува од нејзините врсници и Кетрин едноставно сака да биде меѓу луѓе коишто ќе ѝ дозволат да се чувствува младо, слободно па и по малку будалесто. Вистината е дека Кетрин се обвинува за смртта на нејзината сестра и токму поради тоа не може да продолжи нормално со својот живот, чувствувајќи вина за сè убаво што доживува.rnrnАлис многу брзо ѝ влегува под кожа и Кетрин, иако многу претпазлива и внимателна, почнува да се опушта во нејзино друштво и да ѝ верува, па наскоро ја открива пред неа нејзината голема и мрачна тајна – како всушност умрела Рејчел, помалата сестричка. Но, она што не го очекува се наглите промени во расположението на Алис, која од ултразабавна, дури екстатична станува зајадлива, мрачна па и злобна. Со текот на времето, Алис ја покажува нејзината темна страна, почнува постојано да ја повредува новата најдобра другарка со злобни коментари, да ѝ ги уништува ретките среќни моменти и едноставно не можете а да не ја забележите нејзината опседнатост со Кетрин. Во меѓувреме, Кетрин и покрај чудното однесување на Алис, конечно почнува да ја прифаќа тажната судбина и учи како да живее со неа, наоѓајќи нова љубов и со тоа надеж дека можеби сепак сè ќе биде во ред на крајот. Алис за жал, не може да се помири со нејзината среќа и наскоро Кетрин ја дознава вистинската причина за нејзината опседнатост со неа и конечно вистината дека никогаш не биле другарки, но за жал предоцна за да успее да се извлече лесно од нејзините лоши намери.rnrn
rnrnКако што споменав, книгата е пишувана во доста лесен стил и многу брзо се чита, и можеби поради тоа не почувствував дека премногу се поврзав со ликовите па дури и со целата тажна приказна. Ми се допаднаа тинејџерските собиранки, слободата која на некој начин се чувствува додека се забавуваат и уживаат во најлудите години па дури и неколку интересни размислувања и нивните гледишта на светот. Секако, покрај Кетрин и Алис има уште неколку важни ликови околу кои е изградена приказната, но за сите заедно можам да го кажам дека ги обележува она што според мене е присутно кај сите тинејџерски книги, филмови, серии, а тоа е фактот дека никогаш не можам вистински да поверувам дека станува збор баш за тинејџери, за толку млади луѓе. Неколку пати морав да се потсетам дека читам за 16-годишна девојка, а не за некој далеку постар, што е прилично нормално кога главните ликови се толку млади а живеат сами, без ограничувања и без некој посериозен надзор од постарите.rnrnВо секој случај, интересно четиво кое реално би имало најголемо влијание врз помладата публика, како што и се очекува, па топло ја препорачувам на сите наши помлади читатели кои секојдневно се соочуваат со предизвиците кои ги носат највозбудливите години во нашиот живот. Ако не друго, секогаш е добро некој да ви вреже во глава неколку добри правила:rn
- rn011
- Секогаш останете блиску до пријателите кога сте на забава, особено меѓу непознати и кога се консумира алкохол;
- Никогаш, ама баш никогаш не влегувајте во кола со непознати, колку и да е очајна ситуацијата во која се наоѓате;
- Не верувајте им лесно на луѓето околу вас, злобата понекогаш знае да има и убаво лице.
rn011
rn011
rn
rn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk


Како и секоја добра приказна, така и оваа започнува со прекрасна млада жена, полна со живот. Но, за несреќа, оваа приказна започнува и со крајот на животот на таа жена, со нејзиното убиство. Во тоа време Карл Хикмен (Вилијам Фичнер) бил западнат во очајна ситуација. Тој многу пати помислувал и да се откаже, но она што го одржувало во живот биле гневот и морфиумот. Хикмен никогаш не би поверувал дека токму тоа убиство на таа жена која била пронајдена во парк во Париз целосно ќе го промени неговиот живот.
Луи решава да побара помош за овој случај од Карл кој работел за полицијата во Њујорк, но бил отпуштен откако на еден случај добил куршум во десната дланка и ја изгубил способноста за нејзино користење. Со други зборови, по повредата тој веќе не можел да пишува извештаи, ниту пак да држи пиштол и големи се шансите дека ќе биде на тешки лекови до крајот на неговиот живот. Но, сепак тоа не ги загрозило неговите неверојатни способности за дедукција поради кои и Луи го бара за убиствата на девојки во неколку различни држави низ Европа.
Доколку сте љубител на криминални ТВ серии, оваа приказна дефинитивно ќе ве одушеви. Различните карактери од кои се состои тимот се одлично освежување од монотноста која може да се забележи во сериите од овој жанр во последниве неколку години. Ви ветуваме дека нема да се разочарате доколку ѝ дадете шанса на „Поминувајќи граници“.
rnrn




Главни улоги:
Дени е харизматично момче на 16-годшина возраст кое после 5 години се враќа во училиштето од каде заминало заради убиството кое го извршило врз неговата тетка. Обидувајќи се да се ресоцијализира наидува на голем отпор од неговите врсници, кои го нарекуваат социо (од социопат). Во моментот кога се случил немилиот настан од минатото, со него биле двете негови другарки Џо и Лејси со кои му е особено важно да се зближи повторно.
Џо многу бргу почнува да му верува и го прифаќа, дури и се обидува да најде начин да му помогне, додека Лејси, која го оставила стариот живот зад себе и изградила имиџ во училиштето едвај се согласува да разговара со него.rnrnОд случката од минатото не се развива приказната во серијата, туку од ненадејното убиство на една од соученичките од училиштето, за кое, очекувано, главен осомничен е Дени.
Мајката на Дени, која и самата порано била популарна во соседството од сè срце сака му помогне на својот син, но често излегува дека го прави спротивното. Дополнителна отежнувачка околност е тоа што таткото на Џо е полициски шериф во градот.
Никој не знае зошто Дени го направил грозоморниот чин пред 5 години, ниту пак тој смее да каже. Не знаеме ниту кој и зошто ја убил девојката од училиштето, како и дали Дени е виновен за тоа или не.rnrnСеријата ветува свежа приказна за љубителите на мистеријата. Да се надеваме дека ова нема да биде уште една растегната приказна која од недела во недела ќе станува сè потешко да се следи.
rnrn
Овој лик е толку комплексен, што речиси секој кој ја чита драмата ќе си оформи своја верзија за Хамлет. Можеби тоа е резултат на тоа што оваа драма е напишана во период од Шекспировиот живот кога тој е многу зрел писател со силно познавање на човековата природа. Врз оформувањето на ликот на Хамлет, влијае култот на меланхолијата, кој се издигнува во Англија во раниот 17-ти век. Имено, тогаш се верувало дека доколку се наруши
Хамлет чувствува дека Клавдиј го презема неговото место до Гертруда. Тој сака да биде единствениот кон кого неговата мајка ќе чувствува љубов. Бракот меѓу Клавдиј и Гертруда, Хамлет го гледа како одвратна игра, го смета за инцест и за акт со кој се понижува кралството. Хамлет го мрази чичко си толку многу, што одбива да го убие за време на молитва, верувајќи дека на тој начин Клавдиј би одел во рајот.rnrnХамлетовите извртени зборови придонесуваат ликот никогаш да не е потполно јасен за своите чувства, а токму тоа му дава слобода на секој читател да оформи своја теорија за емоционалната состојба на Хамлет и причината за неговото однесување. Комплексноста на овој лик е што од една страна толку ја вреднува мајка си, а од друга страна во многу наврати со неговите зборови остава впечаток дека не ги почитува жените. Исто така, Хамлет постојано го одлага своето дејствување и премногу размислува за секоја своја постапка, но во еден момент без да размислува го следи својот инстинкт и го убива Полониј.
Јасно е дека Хамлет го режира своето лудило, шетајќи и зборувајќи сам со себе, но која е неговата вистинска цел? Неговото божемско лудило е мотив за неговата љубена Офелија навистина да го загуби разумот, посегнувајќи по својот живот, што меѓу другото, ја прави оваа драма и љубовна трагедија.rnrnОваа Шекспирова трагедија е вистински сплет на убиство, одмазда и сексуална желба. Како и другите дела на Шекспир, и оваа драма е одраз на тогашната состојба во Англија, само што Шекспир секогаш поставува други земји како место на случување (во случајов се работи за Данска). Со „Хамлет“, Шекспир дава одраз на негативностите во општеството, како братоубиството, лицемерието и желбата за власт.rn
Како би изреагирале вие?rn
Режија: 
Додека Едгар Алан По (Џон Кјузак) ги минува деновите во пишување, пиење и ковање планови како да се ожени со убавата Емили Хамилтон (Алис Ив) и покрај противењето на нејзиниот татко (Брендан Глисон), сериски убиец внесува страв во градот. Младиот детектив Филдс (Лук Еванс) ќе препознае дека убиецот е мотивиран од приказните и поемите на По и оперира според нив, па ќе побара помош од него за да го спречат убиецот и понатаму да ги претвора во реалност неговите страшни дела. Тој ќе прифати, а работите ќе кулминираат кога Емили ќе стане следната цел на убиецот.
Дејството е сместено во веќе спомнатите неколку октомвриски денови на 1849 година, па сцените најчесто се темни, токму како во поемата на Едгар Алан По. Амбиентот наликува како оној од хорор филмовите, иако нема страшни сцени (со исклучок нa наколку кои изобилуваат со крв), но додава и мистериозност во самиот филм.
„Гавранот“ не е некој сјаен трилер кој долго ќе го паметите, но е доволно добар за моментите кога ќе сакате да се опуштите со филм. Воопшто не е тежок за гледање, не бара размислување и читање меѓу редови како некои други филмови – мистерии, па е добар за гледање во секое време.
rnrn

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
Интересното е тоа што и Соња Џејкобс и Питер Прингл се наоѓале пред смртна казна за извршени убиства, но биле ослободени откако бил повторен судскиот процес и се докажало дека биле неправедно осудени.rnrnТие се запознале во Ирска на конференција одржана од „