Во минатото некои жени биле обвинувани за вештерство. Дали тоа биле жени кои се разликувале од толпата, по својот изглед, по начинот на однесување и по нивните интереси, па заради тоа некој само сакал да ги елиминира или пак обвиненијата за вештерство биле вистинити?rn
Мол Даер
rnДаер била осамена жена која живеела во периферијата на Света Марија Каунти, Мериленд. Таа била обвинета дека е вештерка. Откако селаните поради тоа ја запалиле нејзината колиба таа побегнала во шумата. Се верува дека пред да почине го проколнала селото со години да владее настинка и заболување во него. Нејзиното тело било пронајдено на една карпа која и денес сè уште е таму.rnrn
rn
Марет Јонсдотер
rnБила првата Швеѓанка која била осудена во големиот лов на вештерки. Марет била обвинета за јавање на мажи како тие да се коњи. На чудотворната полјана наречена Блокула изведувала сатански ритуали против нивна волја. Иако измачувана, таа никогаш не ги признавала злоделата и затоа не можела да биде егзекутирана. Но, потоа Швеѓаните го менуваат законот. Таа е обезглавена пред да ѝ го запалат телото на клада.rnrn
rn
Мари Лаво
rnБила позната како Вуду Кралица на Њу Орлеанс. Мари Лаво наводно била вплеткана во некроманија, контрола на умот, телекинеза, дури и правела љубовни напитоци. Таа никогаш не е обвинета за нејзините магии, напротив 12.000 луѓе дошле за да ја изразат нивната почит за време на нејзиниот погреб.rnrn
rn
Салем вештерки
rnСудењето на Салем вештерките започнало во 1692 година кога ќерката и внуката на попот започнале да се однесуваат чудно, фрлајќи предмети и врискајќи. Градскиот доктор им дијагностицирал соработка со ѓаволот и наскоро 200 луѓе биле обвинети за вештерство, а 20 од нив биле убиени заради овој чин.rnrn
rn
Агнес Вотерхаус
rnТаа е првата жена во Англија која била обвинета за вештерство и убиена во 1566 год. Тажно е што нејзината црна магија била причина за смртта на многу луѓе во градот. Таа дури поседувала мачка која се викала Сатана. Додека ја носеле на бесилка, таа признала дека еднаш се обидела да убие човек, но неговата верба во Бога ги спречила сатанските моќи да делуваат врз него.rnrn
rn
Мерга Биен
rnГерманскиот принц од Фулда, Балтазар Фон Дернбах во 1603 год. со Марга Биен го започнал ловот на вештерки. Таа веќе била двојна вдовица и штотуку омажена за својот трет сопруг. Луѓето на Фон Дербах ја измачувале, сè додека таа не признала дека користела вештерство за да ги убие претходните двајца сопрузи. За време на судењето таа била трудна и мислела дека тоа ќе ѝ помогне да се спаси, но Фон Дербах ја присилил да признае дека носи дете на Сатаната. Била запалена на клада.rnrn



rnrnНекој ѕвони на вратата – братот на бившата жена на Бредли, прв сигнал за неволја. Додека се труди да го откачи, некој ѕвони на телефон – неговиот долгогодишен пријател и ривал, Арнолд Бафин мисли дека си ја убил жената. Патувањето е одложено, Бредли мора да му помогне на својот пријател и тука започнува хаотичниот вртлог на проблеми од кој Бредли не може да се извлече.rnrnКнигата има шест главни лика чиишто животи се испреплетуваат и на крајот кулминираат на најдобриот можен начин на којшто еден генијален трилер може да заврши – со убиство.rnrnНесогласувањата во брачниот живот на Арнол и Рејчел, нивната наивна, дваесетгодишна ќерка Џулиан која започнува афера со Бредли, неговата депресивна сестра Присила која го напушта својот сопруг, неговата бивша жена Кристијан која се враќа за да му го загорчи животот и нејзиниот брат Френсис се сосема добра основа за проблеми.rnrnНо, „Црниот принц“ не е само трилер. Морам да признаам дека, љубовната афера помеѓу Бредли и Џулиан иако бизарна, изобилува со романтика и чувства и во голема мера книгата е всушност приказ на неверојатниот ефект на љубовта и начинот на кој може да нè измени. Дури и намќорест старец кој не се грижи за никој во неговиот живот и е опседнат со тоа да биде признат и запомнет.rnrnМожеби најинтересниот дел е фактот дека меѓу нив нема лажго, ликовите му се обраќаат на читателот со сопствената визија за настаните и начинот на кој ги доживуваат. Тие се комплексни, интересни, но Ајрис не се труди да ги направи особено привлечни за читателот. Обични луѓе, средна класа, секојдневни проблеми кои се испреплетуваат на тој начин што се сè само не обични и секојдневни, само поради одлуките на самите ликови.rnrnДа бидам искрена, никогаш не сум била фан на Шекспир па ми требаше време да ја сфатам поврзаноста со Хамлет и начинот на кој Ајрис преработува некои делови во контекст на книгата. Во секој случај, книгата бара време и посветеност, но нуди вистинско уживање. Овој прекрасен доказ за генијалноста на Ајрис Мердок не смеете да го пропуштите.rnrn

rn
rn
rnrn

rnrnАналис (Виола Дејвис) е моќна жена и одличен адвокат. Таа работи како бранител и постојано се стреми кон победа без притоа да се грижи дали нејзиниот клиент е виновен или не. Бидејќи паралелно работи и на факултет, таа секоја година одбира по 4 студенти да работат за неа. Аналис не е типична професорка по право, таа наместо да предава според програмата ги носи студентите на терен каде што имаат можност од прва рака да учат како да бидат адвокати. Но, конкуренцијата е голема и токму затоа само оние кои имаат доволно знаење, храброст и среќа ќе можат да станат дел од нејзиниот тим.rnrn
rnrnЕпизодата започнува со 4-ца студенти кои во шума разговараат за оружјето со кое било извршено убиство. Тие исто така имаат и голема караница за телото, дали да го остават онаму каде што е или да го закопаат. Во овој момент сè уште не се знае кој е убиениот и кој го извршил тоа убиство, но изгледа дека на некој начин сите се вмешани. Откако тие ќе одлучат да фрлаат паричка за нивниот следен чекор, епизодата нè носи пред 3 месеци, на нивното прво предавање на факултет. Ова движење напред-назад во период од 3 месеци ќе продолжи во текот на целата ТВ серија и токму тоа е она што ја прави возбудлива и мистериозна.rnrn rnrn

rnrnВелат не постои подобра реклама за една книга од кажаниот збор на некој што ја прочитал. Збор кој понатаму се шири од еден на друг љубител на добрата литература. Во тој случај ќе бидам искрена со вас. „Чест“ е една од најдобрите книги што сум ги прочитала, и тоа ни помалку ни повеќе туку ја вбројувам меѓу првите три. Ќе направи да се исклучите од светот и за миг да заминете во курдското село покрај реката Еуфрат, во Истанбул, па во Лондон. Ќе станете дел од тешката судбина на Пембе и нејзината сестра Џамила.rnrnОбесправената положба на жената во муслиманската религија е само дел од темите, но овој роман е многу повеќе од тоа. Станува збор за маестрална психолошка анализа на секој од ликовите и борбата за правото на слобода и љубов што секој го заслужува. Нехронолошкиот редослед на раскажување кој ве тера да бидете целосно сосредоточени на она што го читате и да ги следите судбините на ликовите, деталното и богато раскажување исткаено во сите бои и вкусови е она што ме натера да ја засакам оваа книга уште од првата страница.rnrn


rnrnДејствието во филмот продолжува десет години по матурата, кога таа веќе се преселила во Њујорк, каде што има стабилна врска, работи како адвокат, а има и одлична понуда да се приклучи кон една голема адвокатска фирма. Но, токму тогаш добива повик за помош од својата средношколска љубов. Тој е осомничен за убиство на неговата девојка, а и покрај многуте понуди од повеќе различни адвокати најмногу ѝ верува на Вероника и смета дека таа може да го извади од проблемите во кои се наоѓа.rnrn
rnrnСигурно оттука веќе почнувате да претпоставувате во која насока ќе се движи филмот, но не очекувајте клишеа. Тој личи на епизода од ТВ серија, така што на почетокот се случува убиство, потоа се бара виновникот, а мистеријата се разрешува дури на крај. При тоа, не е напнат како некои трилери, нема некои големи пресврти, туку е забавен и лесен за следење. Покрај тоа, за пофалба е и изведбата на главната актерка Кристен Бел, која нејзиниот лик го прави многу допадлив. Филмот и онака е интересен, но главниот лик му го дава оној шмек кој го прави еден од оние со кои би сакале да се опуштите.rnrn
rnrn rnrn

rnrnНеоспорен е талентот на Хемон, неговото навидум ноншалантно раскажување на тажната судбина на едно момче, неговиот црн хумор кога раскажува за несигурноста на Брик кој мора да се докажува како писател во туѓа земја додека живее од платата на неговата жена, неговите шлаканици за освестување кои ве тераат да се потсетите на бројните трагедии на Балканот. И што е најдобро, никогаш во ниту еден момент не се преправа дека знае како е да се преживее војна.rnrnКнига за сите Балканци, иселеници, емигранти, за сите што имаат некој далеку и за сите што се далеку, а никогаш вистински дома.rnrn


rnrnТој ѝ ја објаснува својата состојба на Кристин, но ја замолува сѐ уште да не ѝ кажува ништо на нивната ќерка убедувајќи ја дека прво сака повторно да воспостави контакт со неа. Таа му дозволува да се видат само затоа што тој ѝ ветува дека повеќе не работи како агент на ЦИА. Но, истиот ден кога тој ќе треба да оди на ручек со Зои, се појавува Виви (Амбер Херд) со понуда која ретко кој би можел да ја одбие. На кратко, тој мора набрзина да одлучи дали сака да убие или да умре. Виви, која поседува експериментален лек за неговата болест му гарантира дека доколку тој го убие Волкот (шверцер на оружје и муниција) во рок од 3 дена, тој ќе може да помине уште многу време заедно со својата ќерка.rnrn
rnrnВо меѓувреме се случува уште една непланирана работа – мајката на Зои ќе мора итно да замине на пат, па поради тоа ќе го замоли Итан да ја чува во наредните 3 дена. И токму тогаш работите стануваат многу повозбудливи. Итан ќе мора да најде начин како да балансира помеѓу својата последна мисија како агент и својата нова мисија како татко.rnrn
rnrn„3 дена за убиство“ е лесен и интересен филм за гледање, исполнет истовремено и со многу тензија која ќе го одржува вашето внимание, но и со совршена доза на хумор која одвреме-навреме ќе ве смее и опушта. Кевин Костнер како и секогаш одлично ја завршува својата работа, а истото можеме слободно да го кажеме и за останатите актери во овој филм кои совршено се одбрани за своите улоги.rnrn
rnrn

rnrnКако ќе успее Лизбет да се одбрани и да ја докаже вистината кога за свои непријатели има големи и влијателни имиња? Како би успеала да дејствува кога е затворена во болничка соба и е во исчекување на својата затворска казна? Ќе успее ли Блумквист да ги зачува доказите за злоупотребата и прекршените човекови права на Лизбет, кога зад петици има врвни шпиони и убијци?rnrnФеминистките го обожуваат Ларсон. Во повеќе наврати нему му е припишана титулата „човекот кој ги сакаше жените“. Познат по својата борба против расизмот, десничарскиот екстремизам и шовинизмот, Ларсон и во ова продолжение останува верен на истите мотиви, но најмногу фокусирајќи се на борбата против омаловажувањето на жената. Книгата е поделена на 4 дела плус епилог, а на почетокот на секој дел стои по едно кратко истражување и коментар за жените воини – амазонките.rnrnОние кои ги прочитале претходните два дела ја знаат приказната за Лизбет и Блумквист, што само значи дека знаат какво доживување ги чека. Останатите, имајте на ум дека книгите не се меѓусебно строго поврзани така што нема да ви биде скратено уживањето во „Девојката што го урна осилото“.rnrn
rn
rn
rnrnВо последниве години, се регистрирани над 68 убиства при месечарење ширум светот.rnrn