„Набиениот“ работен распоред не ги спречува ниту најуспешните луѓе во светот да ја покажат својата љубов кон животните. Некои од нив се премногу блиски со своето милениче и повеќе личат како да се милуваат со љубовен партнер, а не со животно, други имаат чуден избор на животинче-пријателче, а трети ги користат помалите мирни животинки како моден детаљ со кој се прават важни во јавноста. Погледнете за што станува збор.
rnrn
Кети Пери очигледно негува голема љубов кон ова мило кенгурче. „Аха, се љубам в уста со кенгур.“ – објавила поп ѕвездата на Твитер, на 12 мај.
Првото куче на сопрузите Барак и Мишел Обама, дефинитивно го одржува во фит форма овој брачен пар. Претседателот на САД и првата дама, се држат за раце додека го бркаат нивното куче Бо на јужниот тревник крај Белата куќа минатиов јуни, чија раса е португалско водно куче.
Џастин Бибер очигледно почнал да се интересира за водниот животински свет. „Во друштво со мојот нов пријател“ – твитна поп ѕвездата на 8 септември.
rn
Актерката Ен Хатавеј можеби е зафатена со снимањето на филмот „The Dark Knight Rises“ во кој таа ја глуми улогата на жена-мачка, но на крајот од долгиот ден, таа отишла со нејзиното куче Есмералда на прошетка во Пистбург, на 5 август.
Дрскиот фраер од ТВ серијата Gossip Girl (Озборувачка) Ед Вествик, го шета неговото куче додека е на снимање во Њујорк, на 14 септември.
Секое куче има право на свој посебен ден! Присуствувајќи на настанот „Божиќ за миленичиња“ во месец јули, кој е наменет за промоција на подароци за миленичиња, а чии гости се само VIP фаци, Денис Ричардс решила додека е таму, да нахрани едно среќно кутре.
Музичарот Елтон Џон се спријателува со делфинот Лили, кој се наоѓа во Аквариумот Џорџија, а неговиот маж Дејвид Фурниш и деветмесечното бебенце се смешкаат во позадина.
Можеби „очајната домаќинка“ Ева Лонгорија е од неодамна сингл жена, но неа очигледно во моментов не ù е потребен маж кој ќе ù прави друштво. „Примање малку љубов од Џинкси!“ – твитнала актерката на 1 февруари.
Ѕвездата на ТВ серијата „How I Met Your Mother“ (Како ја запознав мајка ви) Ниел Патрик Херис заедно со неговиот партнер Дејвид Буртка имаат две бебиња и две кучиња. Новите татковци дискретно ги носат близнаците Харпер Грејс и Гидеон Скот, додека ги шетаат нивните кучиња низ Лос Анџелес на 30 јануари.
Хилари Даф релаксирано си возела велосипед покрај езерото Толука во Калифорнија на 12 август, заедно со нејзиниот јоркширски териер кој се вика Јак.
Аманда Сејфрејд му покажала нежност на своето куче Фин, во Лос Анџелес, во февруари 2010. Таа изгледа обожува да се бакнува на француски начин, со нејзиното куче, кое е од расата австралиски овчар.
По сè изгледа бившата сопруга на Рајан Филипе, Рис Витерспун си имала слободен ден само за себе. Посветениот татко, ги прошетал неговите две деца Ева, 11, Дикон, 7 и семејното куче, во Беверли Хилс на 13 март.
Дру Баримур многу се зближила со едно необично, влакнество суштество – мало слатко меченце, додека била на фестивалот Синема Кон, во Лас Вегас, на 30 март.
Мараја Кери има дури пет крзнени пријателчиња кои ù помагаат да го намали стомачето после раѓањето близначиња во април. Таа ја споделила оваа слика на нејзиниот Твитер профил на 20 август со наслов „Џогирање во кучешки стил“.
Дефинитивно најинтересна „алка“ на МТВ видео музичките награди имал Џастин Бибер. На свеченоста, тој бил во присуство на неговата подобра половина Селена Гомез, а бидејќи не сакал да прошета сам по црвениот килим, решил со себе да го понесе неговото милениче – змијата Џонсон.
За 25-от роденден, родителите на Кели Озборн, Ози и Шерон, ù купиле совршен поклон – неверојатно слатко кутре, кое го собира во една рака. „Сè ми разместува“ – твитнала Кели, кога го добила нејзиниот малечок померанец. Во секој случај, малиот бељаџија ù послужил како одличен моден детаљ, во текот на модната недела во Њујорк, во февруари 2010.
Актерката Рејчел Блисон, која ја запознавме преку нејзината улога во ТВ серијата „Округот Оринџ“, првоаприлското попладне, го поминала шетајќи низ Лос Анџелес, заедно со нејзиното симпатично пријателче.
Кој вели дека момците како Фифти Сент не знаат да бидат нежни? Тој ја твитнал оваа фотографија од него и неговото повредено кутре, во септември 2010.
rnrn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Логоата на „Епл“ и на „Фејсбук“ се нацртани на некои стари ѕидови, а „Гугл“ може да го видите на кинескиот ѕид, во црква и на детско игралиште. Неговата цел е да создаде контраст помеѓу зборовите и одбраните локации, за оној кој што ќе го види неговото дело да се запраша што сакал да каже авторот. 












rn
Клупата за твитање е дел од еден интерактивен парк, а дизајнирана е со цел да го истражува потенцијалот за поврзување на дигиталната и физичката комуникација. Функционира на тој начин што фаќа фотографии од корисниците кои твитаат додека седат на неа, како и од нивната околина и потоа ги качува и испраќа во вид на Твитер-фид во живо. На овој начин, им се овозможува на луѓето да комуницираат и во живо и виртуелно.
Секој пат кога некој ќе седне на клупата, таа прави фотографии со помош на две камери, кои веднаш ги поставува на Твитер. Едната камера е поставена на самата клупа и „ја гледа“ околината, додека другата е поставена во близина на клупата и „гледа“ во луѓето кои ја користат.




rnrnМожеби
rnrn„Кратко позирање после ручек.. и ѕирнете во позадина! ;)“ –
rnrnИзгледа
rnrn„Смачкувам автомобили од мојата хотелска соба“ –
rnrn
rnrnИзгледа на некого му треба пилешка супа. „Уморен сум и се чувствувам како ѓубре денес. Сакав да го споделам ова така што најболните меѓу нас, ќе се почувствуваат подобро споредувајќи се“ –
rnrnБабински очила, забна протеза и неверојатно смешна фаца е фотографираниот имиџ на поп-дивата
rnrn
rnrn
rnrnДали девојката која ја обожава лудата забава можеби започнува некаков нов тренд? „Ова се навистина огромни обетки! Хаха!“ –
rnrn„Време е за капење“-
rnrnБандата од ТВ серијата „
rnrn„Слика направена при почетокот на возењево. Ох Господе! АААХ! Колку е бистро и колоритно! АААААХ! (липам) Толку е убаво!“ –
rnrnПо сè изгледа и кошаркарската ѕвезда 

rnrnНекогаш ќе му здодеете на некој и тој ќе престане да ве следи, друг пат пак, вие ќе го преземете тој чекор кога некој ќе го премине вашиот праг на толеранција. Во секој случај, како што пораката од еден познат твит вели:rn

