Дали некогаш сте се почувствувале како да не можете да живеете без имејл, Фејсбук, Твитер или СМС? Дали сте забележале дека не е возможно да не ги проверите непрочитаниот имејл и нотификацијата од социјалните мрежи веднаш по нивното пристигнување? Дали сметате дека е време да почнете да ги игнорирате овие пораки за да можете побрзо да ја завршите работата? Дали знаете зошто настануваат овие зависности кои секојдневно ни го одвлекуваат вниманието?rnrn
rnrnВиновникот е допаминот – Тој бил „откриен“ во 1958 година од страна на Арвид Карлсон и Нилс-Ајк Хиларп од националниот институт за срце во Шведска. Допаминот се создава во неколку делови од мозокот и е критичен за одредени негови функции како мислењето, движењето, спиењето, расположението, вниманието, мотивацијата и наградувањето.rnrnЗадоволство наспроти барање – Можеби сте слушнале дека допаминот ги контролира системите за „задоволство“ во нашиот мозок. Тој овозможува да чувствувате задоволство и на тој начин ве мотивира да барате одредено однесување, како храна или секс. Но, едно неодамнешно истражување го менува погледот на оваа тема. Допаминот не го предизвикува самото задоволство, туку ве тера да посакувате, барате и трагате по него. Истражувањето исто така покажало дека опиоидниот систем е оној кој предизвикува да чувствуваме задоволство.rnrnПосакување наспроти сакање – Според истражувачот Кент Бериџ, овие два система – „посакувањето“ (допамин) и „сакањето“ (опиоид) се надополнуваат. Првиот систем ве тера да преземете акција, а вториот да чувствувате задоволство од тоа што сте го направиле. Допаминот е многу посилен од опиоидот и поради тоа луѓето имаат тенденција да бараат повеќе, наместо да бидат задоволни со тоа што веќе го имаат.rnrn
rnrnНепредвидливоста е клучот – Допаминот исто така е стимулиран од непредвидливоста. Кога ќе се случи нешто што не сте го очекувале, се зголемува и продукцијата на допамин во вашиот мозок. Се сеќавате ли како се почувствувавте последниот пат кога добивте неочекувана порака или нотификација?rnrnДопаминска јамка – Со интернетот, социјалните мрежи и испраќањето СМС имате скоро инстантно задоволство од вашата потреба да барате. Сакате веднаш со некого да се слушнете? Пратете му порака и тој/таа ќе ви одговори за неколку секунди. Сакате да знаете што се случува со вашите пријатели од средно? Доволно е само да се логирате на Фејсбук или Твитер и сè ќе дознаете. Многу е лесно да се западне во оваа допаминска „јамка“. Но, како што поминува времето станува сè потешко и потешко да се оттргнете од неа…rnrnПовеќе, повеќе, повеќе – Интересно, но истражувањата покажале дека мозокот е поактивен кога луѓето очекуваат да добијат награда, отколку во моментот кога ќе ја добијат. Бидејќи системот за допамин нема вградено безбедносно копче со кое можете да го исклучите, понекогаш се случува тој непрекинато да ви вели: „повеќе, повеќе, повеќе!“ Колку пати сте се фатиле себеси дека дури и по пронаоѓањето на потребната информација на интернет, вие не сте прекинале со сурфањето?rnrn
rnrnПавлови знаци – Системот за допамин е особено осетлив кога станува збор за „знаци“ кои претскажуваат доаѓање на награда. Дури и кога станува збор за краток и тивок звук кој се активира на вашиот мобилен кога ви стигнува порака, во истиот тој момент вашето ниво на допамин во мозокот веќе е многу зголемено.rnrn140 карактери е уште позависно – Системот за допамин е најмногу стимулиран кога информациите ви пристигнуваат во мали количества кои не можат целосно да ве задоволат. Една кратка порака или еден „твит“ е совршен начин за целосно да го активирате вашиот систем за допамин.rnrnНишто не е бесплатно – Оваа константна стимулација на системот за допамин може да биде исцрпувачка. И постојаната промена на насоченоста на вниманието може да ви влијае на тој начин да не можете ништо да завршите на време. Дали можете да направите нешто за да излезете од овој вечен круг? Или пак, да ја спречите неговата појава?rnrn
rnrnРешението е едноставно – Најдобар начин за намалување на вашата зависност е доколку успеете да се дистанцирате од сите знаци. Исклучете го звукот на мобилниот, компјутерот и на сите останати електронски направи кои ги поседувате. Тргнете ги и автоматските нотификации од сите апликации и пробајте да се сконцентрирате на вашата работа. Можеби на почетокот ќе ви биде тешко и постојано ќе имате потреба да проверувате да не сте добиле нова порака или имејл, но со тек на време вашиот мозок ќе „заборави“ на постојаното исчекување и ќе можете конечно да ја завршите работата на време.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Вилата е сместена на едно брдо веднаш над океанот, а зафаќа површина од 364 квадратни метри. Ентериерот на домот е во класичен стил, но ретко кој би му одолеал на погледот кој го нуди низ стаклениот ѕид. Целата куќа е опкружена со балкон на кој се поставени удобни лежалки за уживање и релаксација. 












rnrn
Меѓу неговите најнови точки се „Губење време на интернет“ и „СМС комуникација со девојките“, како дел од последно лансираниот стенд-ап материјал „Опасно вкусни“, достапен по цена од 5 американски долари на неговиот официјален 












Секој пар од патиките има нешто карактеристично за социјалната мрежа или веб-сајтот, па така на патиките инспирирани од Фејсбук можете да забележите дека постои покана за пријателство, додека на оние инспирирани од Твитер се наоѓа китот заедно со птичките.
rn


rnrn
rnrnСекој кој имал компјутер во 80-тите или 90-тите години од минатиот век, сигурно користел DOS, Norton Commander или некоја друга слична програма, за ако ништо друго, да пушти некоја видео игра. Веб-сајтот „
rnrn
rnrnНивните постери всушност претставуваат преработка на логоата на познатите социјални мрежи. Тие ги обработиле логоата на познатите социјални мрежи Фејсбук, Твитер и Јутјуб и направиле интересни слогани кои служат како потсетници и поттикнувачи на желбата за читање. rnrn
rnrn


rnrn