Доколку сте нови на оваа социјална мрежа или пак, едноставно во моментов не можете да се сетите на нешто интересно што би сакале да го споделите со вашите следачи, погледнете ги следниве идеи кои можат да ви помогнат да креирате интересни твитови кои ќе бидат забележани од сите…rnrnrnrnПомогнете им на другите – Барем 50% од вашите твитови треба да бидат насочени кон тоа индиректно да одговорите на прашања кои другите ги поставуваат. Додека пак, само 10% треба да бидат на било каков начин ваша промоција.rnrnБидете поддршка – Кога некои твитерџии имаат тежок ден, напишете им дека сте покрај нив и дека ги поддржувате. Оваа постапка на нив многу ќе им значи.rnrnБидете интересни и не се повторувајте – Немојте постојано да ги повторувате истите твитови и обидете се да ги проширите вашите перпективи со цел да напишете нешто на што никој досега не се сетил.rnrnНапишете добар виц – Не се препорачува да ги бомбардирате луѓето со своите шеги, но, понекогаш доколку налетате на некој навистина забавен виц добро е да го споделите и со другите.rnrnНапишете новооткриен факт – Доколку редовно читате истражувања и новости, споделете ги со вашите следачи оние откритија кои ги сметате за фасцинантни.rnrnПрашајте за препорака – Особено доколку ви треба совет за купување, патување или некој вид професионална услуга.rnrnКористете линкови – Доколку сте прочитале интересна статија, сте слушнале нова песна, сте гледале добар филм или пак, сте налетале на некој нов вебсајт споделете го и тоа со оние кои ве следат.rnrnЧеститајте им на другите – Можете слободно јавно да ги споделувате честитките, особено ако станува збор за вашите најблиски.rnrnЗаблагодарете им се на другите – Исто како и честитките, така и благодарноста треба да биде споделена.rnrnПовторување твитови – Доколку е нешто навистина важно, можете да го повторите неколку пати истиот твит, но внимавајте да не претерате. 2 до 3 пати е сосема доволно.rnrnБидете оние кои навистина сте – Вие сте уникатни и токму тоа треба да му го покажете на светот.rnrnТвитер собир – Организирајте твитап и поканете ги вашите следачи на некој интересен настан.rnrnКритики и рецензии – Доколку сте прочитале некоја книга или пак, сте гледале некој филм или серија споделете го вашето мислење за нив.rnrnПрепорака за ресторан – Побарајте да ви предложат ресторан каде што тие уживале во вкусна храна.rnrnИнспиративни цитати – Споделете мисли од најголемите умови кои вам ви оставиле некаков впечеток и инспирирајте ги со нив и вашите следачи.rnrnПобарајте работа – Ако во моментов сте во потрага по нова работа или пак, не сте задоволни со сегашната, споделете го тоа со другите. Од каде знаете, можеби ќе добиете некоја добра понуда…rnrnВести и новости – Споделете го она што во моментов се случува и заедно со другите разговарајте на таа тема.rnrnНаправете анкета – Поставете интересно прашање и откријте што другите мислат за тоа.rnrnСподелете домашен рецепт – Зарем има подобар начин да се освојат твитерџиите од фотографија и рецепт за вкусен десерт?rnrnРазговарајте за минатото – За старите добри времиња.rnrnЗаеднички интереси – Твитер е единственото место каде што брзо можете да најдете луѓе со исти интереси како вашите, па не се плашете да го кажете она што навистина ви лежи на душата.rnrnОдговарајте на прашања – На Твитер редовно се поставуваат прашања, па доколку имате одговори на нив слободно споделете ги.rnrnСподелете промени во вашиот живот – Доколку конечно сте одлучиле да почнете да вежбате, да се исхранувате здраво или пак, да се преселите од дома, споделете го тоа со вашите следачи.rnrnСподелете ги соништата – Зарем не би сакале конечно да ги искажете сите оние нешта кои би сакале да ги постигнете, дури и ако во моментов ви изгледа невозможно? Доколку го направите тоа вие ќе добиете целосна поддршка и ќе се чувствувате многу подобро.rnrnСподелете ги постигнувањата – Положен испит, дипломирање, вработување, венчавка, бременост и сè останато кое вие го сметате за голем успех во вашиот живот.rnrnРетвитајте – На крајот од денот, доколку немате инспирација за твитање, секогаш можете да ретвитате. Споделете ги со вашите следачи сите оние мисли од другите твитерџии кои вие сметате дека вредат да бидат прочитани.
Како што се наближува крајот на 2014, мораме да ги пофалиме сите важни женски подвизи во текот на годината. Од Малала Јусафзаи, до познатите музички ѕвезди, ова се жените кои ја заслужуваат секоја пофалба за нивните феминистички подвизи. Еве за што сè феминистите можат да наздрават на крајот на оваа 2014.rn
1. Малала Јусафзаи ја добива Нобеловата награда за мир
rn
„Верувам дека оружјето нема моќ, затоа што оружјето може само да убие. Но, пенкалото може да даде живот.“
rnrnrnЗа Малала се расчу во 2012 година и од тогаш таа инспирира многумина ширум светот давајќи им до знаење дека постојат толку многу работи кои еден човек може да ги направи во текот на својот живот. На само 11-годишна возраст, Малала тајно ги испраќала своите дневници до Би-би-си, кажувајќи им за насилството и неправдите кои секојдневно се случуваат во нејзината земја. Таа продолжила да пишува и да оди на училиште, иако се плашела од Талибанците. Малала била застрелана во глава во училишниот автобус кога се враќала од училиште. За среќа таа преживеала и била префрлена во Англија на лекување. По тој инцидент формирана е Фондацијата Малала, раководена од самата Малала, која се залага за образованието на девојките.rnrnНа 16 години Малала одржа драматичен говор во ОН, објави свој мемоар, и се здоби со многу награди и признанија, како Меѓународната детска награда за мир. На само 17-годишна возраст, Малала е добитник на Нобелова награда и икона за заштита на правата на луѓето. Воедно, Малала докажа дека, како што Бан-Ки-Мун кажа, екстремистите едноставно најмногу се плашат од девојка со книга.rn
2. Феминистичкиот настап на Бијонсе на VMA
rnБијонсе и оваа година покажа кој е на врвот на светската музичка индустрија. На самиот крај од 2013 објави визуелен албум без апсолутно никаква претходна најава, настапи на Греми наградите на почетокот на 2014 со неверојатната изведба на „Drunk in love“, поголемиот дел од годината го помина на заедничката турнеја со нејзиниот сопруг, „On the run“, и без да земе здив продолжи да го освојува светот.rnrnrnrnВрв на сите нејзини достигнувања беше настапот на овогодишните МТВ видео музички награди, каде во 16-минутен настап склопи 14 песни од најновиот албум. Настапот достигна точка на вриење кога силуетата на Бијонсе стоеше пред огромниот екран каде пишуваше „ФЕМИНИСТ“, додека се слушаше делот од самата песна каде е вклопен говорот на познатата нигериска авторка Чимаманда Нгози Адичи, која ја кажува својата дефиниција за феминизам. На крајот од настапот, нејзиниот сопруг Џеј Зи заедно со Блу Ајви, ѝ ја врачи наградата Мајкл Џексон, најавувајќи ја својата сопруга како најголемиот забавувач во музичката индустрија. Исто така Бијонсе оваа година застана на врвот меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Тајм.rnrnБијонсе отворено се залага за феминизмот и еднаквоста на жената, истовремено давајќи им пример на сите млади девојки и жени за тоа како една жена може да има успешна кариера, но и да биде мајка и сопруга истовремено.rn
3. Моне Дејвис победи во сериите од малата лига во бејзбол
rnМоне Дејвис ги руши стереотипите од типот „фрлаш како девојче“, бидејќи таа фрла како многу талентирано девојче. 13-годишната Моне Дејвис се вбројува меѓу највлијателните тинејџери во светот. Таа е првата девојка која победила на овие турнири, и е една од 18-те девојки кои учествувале воопшто (иако вкупно се имаат натпреварувано 9.000 играчи). Спортскиот магазин „Sports Illustrated“, каде се најде на насловна страница, ја прогласи за дете-спортист на годината, а веднаш до нејзината слика стоеше напишано „Запомнете го нејзиното име“.rnrnrn
4. Марјам Мирзихани стана единствената жена со највисоката награда во полето на математиката
rnМарјам Мирзихани е математичарка со иранско потекло која работи во САД. Од 1 септември 2008 таа работи како професор по математика на Универзитетот Стенфорд. Од оваа година Мирзихани стана првата жена наградена со Филдсовиот медал, најпрестижната награда во полето на математиката. При прифаќањето на наградата Мирзихани изјави: „Би била среќна ако ова ги инспирира младите жени научници и математичари“.rnrnrn
5. Жените отворено зборуваа за абортусот
rnИако абортусот од одамна е контроверзна тема, оваа година повеќе од кога било жените јавно можеа да кажат „имам абортирано“. Иако релативно голем е бројот на жени кои некогаш абортирале, многу мал дел од нив зборувале за тоа јавно. Тоа повлече мислење дека абортусот не е толку честа појава и им дозволи на многу власти да донесат закони против него со што им се одзема правото на жените да имаат безбеден абортус. Политичарката од Тексас, Венди Дејвис, отворено ја раскажа својата приказна кога морала да ја прекине долго посакуваната бременост поради здравствени проблеми. Со свое признание во јавноста излезе и кандидатката за гувернер од Невада, Луси Флоренс, која прекинала бременост на 16-годишна возраст бидејќи не била спремна да биде мајка.rnrnrnrnСе објавија и книги а се основаа и организации кои имаа за цел да ги охрабрат жените отворено да зборуваат за своите искуства и да не се почувствуваат осудено. Меѓу причините зошто жените се одлучиле на абортус, наведени се насилни партнери, тоа што веќе имале деца или се соочиле со проблеми во бременоста, а многу зборуваа за проблемите кои ги имале бидејќи не им бил дозволен абортус.rnrn
Кога читаме или слушаме за тоа како е да се работи во најголемите светски компании, најчесто дознаваме за лошите страни на корпоративната култура и за нивните тешки интервјуа за работа. Сепак, работата таму покрај големата плата носи и определени привилегии со кои одговорните сакаат да им обезбедат на вработените мала оддишка од напорната работа, поголемо задоволство во работата и со тоа и поголема продуктивност.rn
Гугл
rnГугл на вработените им обезбедил куглана во која може да се релаксираат, не е забрането и да дремнат малку, а покрај тоа секој од нив може 20% од своето работно време да го искористи на некој личен проект по свој избор. Им се нуди и невообичаена можност за перење на алиштата додека се на работа, но најинтересната привилегија е тоа што компанијата му дава по 5.000 долари на секој вработен кој ќе реши да купи електричен автомобил. Дел од зелената политика се и бесплатните велосипеди наменети за транспорт од една до друга зграда во големиот комплекс на Гугл.rnrnrn
Фејсбук
rnФејсбук се труди да ги задоволи своите вработени давајќи им големи количини на бесплатна вкусна храна. Во своите простории тие имаат пицерија, суши ресторан, слаткарница, ресторани со скара, продавница за салати итн.rnrnrn
Твитер
rnТвитер е компанија која очигледно претпочита малку поопуштена атмосфера. Не постои код на облекување, некои од состаноците се одржуваат на покривот, може да се вежба јога во канцелариите и внимавајте – даваат бесплатно пиво. Исто така многу се флексибилни кога станува збор за годишните одмори.rnrnrn
САС
rnИТ компанијата САС се грижи за здравјето на своите вработени. Имаат свои терени за кошарка и тенис, своја фитнес сала, базен, салон за масажа, па дури и сопствен лекар.rnrnrn
Епл
rnЕпл е позната како компанија која е скржава кога станува збор за дополнителни привилегии за работниците. Таа е далеку од останатите компании кои се спомнуваат овде, но се издвојува по тоа што отсекогаш промовирала политика на толеранција кон работниците – припадници на ЛГБТ популацијата и еднакви привилегии за сите, дури и во моментите кога поради тоа губеле клиенти и пари.rnrnrnrn
Голем број од познатите ѕвезди користат Твитер и некои твитерџии едноставно не можат да одолеат за да го искажат своето вистинско негативно мислење за нив. Токму затоа одвреме-навреме Џими Кимел издвојува дел од најинтересните злобни твитови и потоа им дава на самите славни личности да ги прочитаат пред камера. Тоа го прави за забава, но и за да ги потсети корисниците на оваа мрежа дека и ѕвездите се луѓе со чувства кои можат да бидат повредени.rnrnrnrnДел од учесниците во 7-то издание на „Celebrities Read Mean Tweets“ се Џулија Робертс, Ештон Кучер, Кортни Кокс, Енди Гарсија, Метју Меконахи, Ема Стоун и Софија Вергера чии реакции и коментари ќе ве насмеат до солзи.rnrnrnrnДоколку ви се допадна ова видео, погледнете ги и претходните кои се исто толку забавни колку и најновото…rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrn rnrn
Автор: Ана ПетровиќrnrnДрастичната промена на веб-сајтовите сведочи за еволуцијата на веб-дизајнот и технологијата. Веруваме дека секој од вас барем еднаш во денот ги посетува овие 5 најпопуларни веб-сајтови, кои одлучивме да ви ги прикажеме во нивниот првобитен облик.rn
Фејсбук
rnКолкумина од вас го памтат почетниот изглед на социјалната мрежа Facebook (на почетокот позната како Thefacebook), креирана во рамки на неколкумина студенти и цимери на основачот, Марк Закерберг? Од сосема мал проект кој на почетокот започнува со неколку (позајмени) долари, денес претставува најуспешна социјална мрежа која брои повеќе од милијарда корисници.rnrnrn
Гугл
rnСе сеќавате ли на Google од 1998 година? Изгледаше токму вака, основана од страна на двајцата студенти, Лари Пејџ и Сергеј Брин.rnrnGoogle е познат по иновативниот систем на пребарување. Така, колку една веб-страница е повеќе посетена, толку почесто таа се појавува на првата страна, кога пребарувате поим поврзан со истата. Денес, ваквата техника ја користат поголемиот дел од интернет пребарувачите.rnrnrn
Јутјуб
rnYoutube, со самото настанување во 2005 година, ја започнува ерата на видео клиповите. Според истражувањата во 2006 година, на оваа страница дневно се прегледуваат 100 милиони видеа, а се поставуваат 65 илјади нови.rnrnrn
Јаху
rnКреиран во март 1995 година, воопшто не изгледа на она што е денес.rnrnrn
Твитер
rnТешко е да поверувате, но втората по ред најпопуларна мрежа во светот, Twitter, некогаш изгледала токму вака. Од своето преставување во 2006 година, оваа социјална мрежа бележи огромен развој.rnrnrnrn
Добро работно место во коешто ќе уживате, во денешно време не подразбира само имањето интересни проекти, фин шеф и дружељубиви колеги. Сè повеќе и повеќе големи компании, а сега и Твитер, им овозможуваат на нивните вработени динамична работна атмосфера, која е визуелно примамлива и истовремено придонесува за зголемување на продуктивноста и ефикасноста.rnrnrnrnЛоцирана во Сан Франциско, глобалната централа на Твитер е составена од два ката кои се во склоп на историска зграда во арт-деко стил, изградена во 1937 година. Канцелариите на Твитер ги направила компанијата IA Interior Architects, во соработка со Lundberg Design.rnrnrnrnОсветлените, отворени работни средини и групни простории, колоритните ѕидови и убавиот мебел, во кој е вклопена и препознатливата сина боја на социјалната мрежа, ги мотивира вработените и им влева креативност. Освен можноста секој ден да уживаат во шармантното работно место, вработените во овие канцеларии исто така имаат и пристап до студио за јога, фитнес просторија, соба за видео игри, како и голема кафетерија и огромна градина на кровот.rnrnrnrn
И животот во развиениот свет со себе си носи секојдневни проблеми кои носат горчина во животот на некои луѓе. Иако не се тоа големи проблеми од типот на недостаток на финансиски средства или недостаток на вода за пиење, сепак има нешта кои нивните животи ги полнат со стрес. Овие твитови се доказ за тоа.rnrnМорав да се разбудам затоа што жената што ми пегла требаше да дојде А СÈ УШТЕ НЕ Е ДОЈДЕНАrnrnПокривката на базенот не може да се отвори како што треба, каква штетаrnrnШтотуку испив чај со млеко од соја. Тоа беше една од најлошите одлуки во мојот живот.rnrnЧистачката не дојде минатата недела. Се надевам дека наскоро ќе се појави затоа што корпата е речиси полна.rnrnМорав да ја намалам светлината на ајпадот затоа што ме болеа очитеrnrnПреку глава веќе од производите на Епл.rnrnИмам мала расекотина на „ајпад“ прстот. Секој твит е агонија, ама јас храбро издржувам.rnrnЛупењето калинки мора да е една од најболните задачи во светотrnrnТука сите имаат БМВ, Лексус, Мерцедес или Рејнџ Ровер. Се џверат во мене и мојот џип затоа што знаат дека не припаѓам овдеrnrnНема веќе анасон во продавницата. Катастрофа.rnrnИспив премногу масло од тартуфи. Знаевте ли дека е лаксатив?rnrnДали постојат стерео системи со вграден Спотифај? Ме нервира што морам да ја стартувам ајфон апликацијата и да го вклучувам постојано.rnrnБи сакал моите родители да престанат да ги расфрлаат парите од моето наследство на е*ени модерни јогурти. 12 фунти неделно е глупаво.rnrnАаааахх, мојот бешамел сос нејќе да се згуснеrnrnНе можам да го запомнам името на мојата чистачка.rnrnМислам дека ставив премногу вода во киноата.rnrnМојот паричник е премал.rnrnРазочарана сум од мојата прва масажа во Индонезија. Немаше многу масирање, туку повеќе притискање на одредени точки и допирање со прстите. Премногу меко за мој вкус.rnrn rnrn
Потребна ви е добра музичка плејлиста, но никогаш не успевате да најдете доволно време за да ја составите? Нема проблем. Твитерџиите го направија тоа за вас. Сè започна со неколку музички предлози од @TheTetka на хаштагот #КвалитетнаМузика кои брзо прераснаа во голема Твитер забава која траеше до раните утрински часови.rnrnМора да признаеме дека сите оние кои учествуваа навистина се разбираат во добра музика. На тајмлајнот можеа да се видат и постари и понови песни од сите жанрови. Иако беше многу тешко да се одберат само 20 песни од сите предложени, ние сепак успеавме да составиме одлична музичка плејлиста. Имајте си убаво попладне.rnrnrnrnNirvana – Smells Like Teen Spirit – предложено од@TheTetkarnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=hTWKbfoikegrnrnThe Beatles – Let It Be – предложено од@El_Guaje___rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=1LMSOfs10mArnrnThe Eagles – Hotel California – предложено од @Spirit_Scarletrnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=FVsbvFkhzY4rnrnMichael Jackson – Dirty Diana – предложено од @StolePreciOusrnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=yUi_S6YWjZwrnrnAretha Franklin – Rocksteady – предложено од@EnkriptiranaTarnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=EXJx2NnnxA0rnrnAC/DC – Whole Lotta Rosie – предложено од @PetarDogovrnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=QMvE0yFnR0IrnrnRUN-DMC – It’s Tricky – предложено од@lokaleniritantrnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=l-O5IHVhWj0rnrnMariah Carey ft. Whitney Houston – When You Believe – предложено од@__primadonarnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=LKaXY4IdZ40rnrnТаму кај што си – Ристо Самарџиев – предложено од@Ljube_Arnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=meDy_t0OY6ArnrnSarah Brightman & Andrea Bocelli – Time to Say Goodbye – предложено од@TheTetkarnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=4L_yCwFD6JornrnRolling Stones – Angie – предложено од @__primadonarnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=RcZn2-bGXqQrnrnJimi Hendrix – Little Wing – предложено од@DZAJO555rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=BkEPBiMbgxsrnrnLouis Armstrong & Ella Fitzgerald – Dream A Little Dream Of Me – предложено од@SharenaMarsovkarnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=io0uqrp9dcornrnBoys Are Back In Town – Thin Lizzy – предложено од @ShumechaTabletarnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=5_xqb416S7ornrnFrank Sinatra – My Way – предложено од@FollowTheBlackOrnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=qQzdAsjWGPgrnrnJoan Jett & the Blackhearts – I Love Rock n’ Roll – предложено од@Emilija_Gievskarnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=t5ecqUhec-srnrnBen E. King – Stand by me – предложено од@philosopher_mkrnrnhttps://www.youtube.com/v/Vbg7YoXiKn0rnrnChris Isaak – Wicked Game – предложено од @Kljomparkarnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=oadhHk2xs6crnrnТоше Проески – Зајди, зајди – предложено од@edno_devojcernrnhttps://www.youtube.com/watch?v=kJeb6SSFn34rnrnThe Fugees – Ready or Not – предложено од@FollowTheBlackOrnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=aIXyKmElvv8
Сите редовни корисници на социјалната мрежа Твитер, се барем малку опседнати со стекнувањето сѐ поголем број следачи на нивниот профил. Но, притоа голем број твитерџии забораваат на фактот дека бројот на следачи не е толку важен, колку што е важен квалитетот на твитовите кои ги објавуваат. Така, доколку честопати знаете да твитнете нешто интересно, имајте на ум дека вашите нови следачи сами ќе си доаѓаат. Оние кои се пронајдоа во текстов, можат конечно да ја воочат разликата на овие две работи, на мошне интересен илустриран начин.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во поголема варијантаrnrnrn
Именувањето на брендот е форма на уметност. Името треба да биде привлечно и незаборавно. Успешните компании како Гугл и Кока-кола направија вистински избор. Но, како настанале овие имиња?rn
Кока-кола
rnНајпознатиот газиран пијалак во историјата своето име го добил според листот кока (coca) и оревот кола (kola). Фармацевтот Џон Пембертон е творецот на првата серија на сирупот Кока-кола во 1886 година. Името на сирупот го предложил Френк Мејсон Робинсон, бизнис партнер на Пембертон. Тој латиничното „k“ го заменил со „c“, мислејќи дека така ќе изгледа подобро. На тој начин настанало познатото лого Coca–Cola. Но Кока-кола не станала веднаш хит. Во првата година од нејзиното производство просечно се продавале по 9 шишиња дневно. Во 1888 година Пембертон го продал својот бизнис непретпоставувајќи го огромниот потенцијал на она што го создал.rnrnrn
Гугл
rnНајголемиот пребарувач го добил своето име според зборот „Гугол“ (googol), што всушност претставува огромен број кој најдобро би се опишал како бројот 1 проследен со 100 нули. Постојат различни приказни како од Гугол настанал Гугл, но официјалната приказна била објавена од компјутерскиот научник Дејвид Колер. Коосновачите Лари Пејџ и Сергеј Брин го формирале пребарувачот познат како „BackRub“ кога во 1997 година размислувале за промена на името. Еден нивни колега го предложил „googolplex“, но Пејџ го скратил името на „googol“. Кога неговиот колега пребарувал дали името е достапно, тој погрешно го напишал зборот и го добил „Google“.rnrnrn
Најк
rnСпортската компанија Најк е именувана според грчката божица на победата прикажана со раширени крилја. Компанијата била основана во 1964 година и во тоа време се викала „Blue Ribbon Sports“. Еден од вработените, Џеф Џонсон, тврдел дека дизајнот за логото го видел на сон. По долго расправање околу името, најпосле во 1978 година Џонсон одлучил дека Најк звучи подобро од втората опција која гласела „Димензија шест“ (Dimension Six).rnrnrn
Старбакс
rnГордон Букер, еден од основачите на Старбакс, ги советувал своите колеги дека зборовите кои почнуваат со буквите „st“ звучат многу помоќно. Така тој направил список на зборови кои почнуваат на „st“. Во тој период тимот разговарал за еден рудник во Вашингтон кој се викал Старбо (Starbo). Тогаш Букер помислил на Старбак, најдобриот пријател на капетан Ахаб во романот „Моби Дик“. Така Старбакс го победил второто можно име за оваа компанија кое гласело „Карго куќа“ (Cargo House).rnrnrn
Амазон
rnЏеф Безос својата онлајн компанија прво ја нарекол Кадабра (како дел од абракадабра). Кога му го соопштил името на неговиот адвокат, тој го прашал зошто би сакал да си ја нарече компанијата така? Безос сфатил дека ќе мора да го смени името и се сложил тоа да биде Амазон заради две причини: прво затоа што името навестувало колку голема може да стане компанијата и бидејќи тоа ќе го доведел сајтот при врвот на ранг листите, кои во тоа време се правеле по азбучен редослед.rnrnrn
Твитер
rnСпоред коосновачот на оваа социјална мрежа, Џек Дорси, нејзиното прво име било „Stat.us“. Дорси изјавил дека тимот сакал име кое најмногу ќе одговара на зуењето низ цел свет, па така дошле до името „twitch“, но Дорси сметал дека ова име не ја доловува вистинската замисла. Тој го пронашол зборот Twitter (црцори) во речникот и сфатил дека овој збор совршено одговара на неговата идеја.rnrnrn
Доритос
rnФрито-Леј, компанијата која го произведува познатиот чипс, го преведува името Доритос од шпански јазик како „мали парчиња злато“. Арч Вест, извршниот директор на Фрито-Леј, ја добил идејата за Доритос во 1964 година, додека бил на одмор. Тој купил ќесичка препечени тортиљи од еден локален ресторан во Калифорнија. Кога се вратил на работа веднаш смислил име за крцкав пченкарен чипс со шпански призвук.rnrnrn
Доминос
rnВо 1960 година Том Монаган и неговиот брат купиле пицерија во Мичиген и ја нарекле Доминикс (DomiNick’s). Бизнисот одел добро, па Монаган купил уште две локации. Оригиналниот сопственик на пицеријата, чие име било Доминик, не сакал неговото име да се користи во проширувањето на бизнисот и заради тоа Монаган морал да го смени името. Името Доминос случајно го предложил еден вработен во пицеријата, додека завршувал со доставата. На Монаган му се допаднало името и веднаш потоа го смислил и логото на кое се наоѓаат домино коцки, на кои Монаган додавал уште една точка секогаш кога ќе отвори нова пицерија. Како што самиот вели, тогаш не размислувал на интернационалниот синџир кој го поседува денес.rnrnrnrn rnrn