Кападокија е област во Турција што се карактеризира со неверојатни пејзажи од вулканско потекло, подземен град што датира од 1000-та година пред нашата ера и огромни манастири во пештери што биле изградени во периодот на почетокот на христијанството. Сепак, оваа област најмногу е позната по секојдневните лансирања на балони на топол воздух. Погледнете ги овие фотографии на фотографката Кристина Макеева што без сомнение ќе ве изненадат и ќе ве натераат да го запишете ова место како едно од следните дестинации што би сакале да ги посетите.rnrnrnrn
Драги фанови на филмот „Inception“, „Flatland“ не е продолжение, но сепак претставува еден фасцинантен проект. Дигиталната фотографска серија на турскиот артист Ајдин Бујукташ ги искривува улиците на Истанбул во надреални градски пејсажи кои ја заинтригираат и предизвикуваат човечката гледна перспектива.rnrnrn
„Живееме во места кои поголемиот дел од времето не ги ни забележуваме, места кои ги трансформираат нашите сеќавања, места кои му дават на артистот една нова димензија. Овие дела се стремат да го остават гледачот со една изненадувачка визуелна, иронична како и мултидимензионална, романтична гледна точка“, вели Бујукташ.
rnГлавна инспирација на Бујукташ за изработката на овој проект била сатиричната новела на Едвин А. Абот – „Рамна земја: Романса на многу димензии“, во која се раскажува приказната за еден дводимензионален свет во кој живеат геометриски фигури. Погледнете ги неговите неверојатни фотографии.rnrn
Денеска кафето е задоволство кое го практикуваме како рутинска навика. Неминовно е нашата кафе пауза да ја искористиме релаксирајќи се во некое кафуле, а пак првото нешто што ќе го направиме во посета на некоја нова држава е да ја почувствуваме атмосферата на кафулињата таму. Денес тој толку вообичаен процес некогаш бил недозволен и забрануван.rnrnrn
Знаете ли кое е и кога е отворено првото кафуле во светот?
rnКафето служело во медицината на Истокот. Најверојатно пристигнало од Етиопија и Јемен до Блискиот Исток, па потоа и по брегот на Северна Африка.rnrnПрвото кафуле било отворено во Константинопол во 1555 година на денешната улица во Истанбул – Тахтакале. Кафулето се викало Кива Хан.rnrnИма повеќе приказни кои се врзуваат за ова кафуле и за неговото потекло. Прво дека Шамс од Дамск и Хакам од Алепо се иноваторите на кафулето.rnrnДруга е грчката приказна во која велат дека Грци биле луѓето кои го отвориле ова кафуле уште во 1475 година, на што Турците возвраќаат дека кафето за првпат е донесено во 1517 година за време на владеењето на султанот Селим I по освојувањето на Египет.rnrnТрета приказна вели дека Отоманскиот управник во Јемен, Оздемир Паша, донел зрна кафе кога бил повикан во Константинопол каде што тој го запознал Султанот Сулејман со овој необичен пијалак. Најверојатно Оздемир знаел многу претходно за кафето затоа што пред да стане управител во Јемен живеел во Каиро, а потоа ги освоил Судан и Етиопија. По оваа средба во палатата веднаш бил вработен човек кој бил задолжен да прави кафе за султанот.rnrnrnrnПодоцна кафето во Турција било забрането и сите вреќи со кафе биле истурени во морето затоа што се сметало дека тоа е иновација која ја стимулира човековата природа. Но, ваквите забрани биле игнорирани од страна на кафулето Кива Хан, па тоа сепак продолжило да работи.rn
Што се правело во кафулето?
rnНајчесто тоа било место каде се собирале мажи кои покрај тоа што пиеле кафе, читале и пишувале поезија, слушале музика, воделе дискусии за културниот живот, играле шах. Вообичаено се собирала голема група мажи, околу 20-30 луѓе кои споделувале мисли и искуства со чаша кафе. Во кафулето доаѓале и високи функционери кои сакале да се релаксираат.rnrnrnrnКафулето многу пати било затворано, но подоцна почнало да функционира без дозвола, менувајќи ја локацијата во некои слепи улички далеку од очите на власта, каде всушност се ослободило од плаќање данок. По многуте обиди да се затвори кафулето, сепак властите попуштиле и тоа продолжило со работа.rnrnПо речиси еден век биле отворени и првите кафулиња во Европа. Со воените освојувања од страна на Отоманската империја во Европа, оставени се голем број вреќи со кафе, па така почнал да се шири овој тренд и биле отворени кафулиња во Виена, Венеција, Париз, Мадрид, Хамбург и Лондон.rnrnrnrnВо Турција кафулето се сметало како место за состанок на мажите кои разговарале за културниот социјален живот.rnrnrnrnВо Англија за одржување форуми чија тема била политичкиот живот. Кафето имало цена од 1 пени.rnrnrnrnВо Германија кафулето имало погрдно значење со кое се опишувало женското озборување. Но, оттогаш ваквите места служат за попуштени разговори.rnrn
Брендон Ли е режисер и водеограф којшто сака да патува по светот и да го регистрира во форма на видео она што го гледа околу себе. Во продолжение можете да го видите начинот на кој тој ја видел Турција. Ова не е само уште едно видео на некој кој бил некаде и снимал нешто. Стилот на Брендон Ли е поинаков. Тој на едно место ги става нештата кои можат да го воодушеват гледачот, како што се прекрасни пејзажи, а веднаш до нив и оние нешта кои може да не му се допаднат на патникот додека истражува некоја нова земја. rnrnОва е видео кое ќе ви овозможи не само да видите како тој ја видел Турција, туку ќе ви даде можност и да ја почувствувате, веројатно приближно онака како што ја почувствувал и самиот тој.rnrnrnrnrnАко ви се допадна, разгледајте го неговиот профил на Вимео. Таму можете да најдете уште неколку вакви слични видеа кои не личат на другите на кои сме навикнати да ги гледаме.rnrn rnrn
Првата асоцијација на Блискиот Исток во последно време се војните кои внесуваат огромен немир во инаку тивкиот бескрај од песок, прашина и самотија. Но, ако од сликата ги одземете вооружените конфликти ќе остане само спектакуларна природа, како и на секое друго место на нашата прекрасна планета. Следните неколку локации се доказ за тоа.rnrnБелата Пустина во ЕгипетrnrnОстровот Сокотра крај ЈеменrnrnМртвото Море на границата меѓу Израел и ЈорданrnrnРеката Нил во ЕгипетrnrnПланината Арарат во ТурцијаrnrnЦрвениот Кањон во ИзраелrnrnКападокија, ТурцијаrnrnПланината Синај, ЕгипетrnrnПустината Руб‘ал Хали на Арапскиот ПолуостровrnrnФјордовите Мусандам во ОманrnrnДолината Вади Рум во ЈорданrnrnВодопадот Тортум во ТурцијаrnrnЦрната Пустина во ЕгипетrnrnНационалниот Парк Асир во Саудиска Арабијаrnrn rnrn
Автор на текст и фотографија: Петар ПетковскиrnrnИстанбул е вториот најголем град во Европа и осмиот по големина во светот со 14 милиони жители. Ова е еден од најживописните градови на планетата, а многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“.rnrnrnrnОд утро до мрак градот пулсира во еден своевиден организиран хаос, а реките од луѓе и автомобили никогаш не запираат. Секој нареден миг се воодушевувате од секој нов откриен агол на градот, заборавајќи на уморот од километрите поминати во пешачење низ тесните улички, живописните чаршии и тезгите со дрангулии. Хоризонтот е исполнет до бесконечност со џамии и цркви, дворци и кули, кои векови наназад ја прераскажуваат историјата на оваа територија, судирите помеѓу христијанството и муслиманството, спојот на Европа и Азија.rnrnБез разлика дали сакате да се качите на траект и да „скокнете“ во Азија, да се восхитувате на најновата современа уметност во арт-музејот „Istanbul Modern“, да ги видете зашеметувачките византиски мозаици во црквата на Свети Спас, или пак да прошетате низ векови старата чаршија, Истанбул вреди да се посети, и е место каде што буквално, истокот се сретнува со западот.rnrn
Дали некогаш сте размислувале за летање со балон на воздух? Луѓето коишто го искусиле тоа, го опишуваат како неверојатно вивнување во облаците, каде воздухот е поредок, ветрето минува низ вашата коса, а слободата којашто ќе ја почувствувате во отворениот бесконечен простор пред вас, не се опишува со зборови. Ако решите да го сторите тоа, имајте на ум дека Кападокија е позната, освен по својата мистична убавина и по тоа што е едно од најдобрите места на светот за летање со балон на топол воздух.Кападокија е област во централна Анадолија во Турција, позната по спектакуларниот надреален пејзаж во кој си поиграла природата, сочинета од подземи градови, цркви во пештери и куќи врежани во карпите. Карпите настанале пред илјадници години како резултат на вулканска ерупција која со помош на климатските фактори ги креирала овие форми. Ова место чие име на персиски значи „Земја на убави коњи“ е познато и по многубројните прекрасни долини, кањони и фантастично обликуваните камења, кои својот облик го добиле како резултат на ерозијата, дождовите и ветровите илјадници години наназад. Оваа област е најмистичниот и најтаинствениот предел на светот.Раната есен е идеално време за посета на Кападокија, едно од најнеобичните локации на земјата. Воодушевувачката глетка во комбинација со одличните услови за летање, им овозможуваат на балоните да лебдат помеѓу камените куќи, вгнездени во необичните карпести формации и над сето она што е скриено подземи во турската област.Во праисториските периоди првите човечки населби биле изградени под земја во вулкански карпи поради заштита од дивите животни. Постојат многу подземни градови во областа Кападокија, но најголем е градот Деринкују, кој има осум нивоа. Сега се и некои праисториски градби реновирани и претворени во хотели поради големиот број посетители кои доаѓаат да ја видат оваа праисториска фасцинантна убавина.Еден од најпознатите градови во Кападокија е Гореме. Главната улица на овој град е преполна со ресторани со прекрасни градини и продавници за сувенири, а на два километри од центарот се наоѓа музеј на отворено со илјадници величествени карпи во кои се вгнездени цркви и манастири.Климата во Кападокија подразбира суви лета, студени зими, снег напролет и благи есенски денови. Ако сакате да уживате максимално разгледувајќи ја, изнајмете велосипед, јавајте коњ или летајте со балон. Прошетката по Кападокија е единствено искуство кое ќе ве натера да помислите дека местото е излезено од нечија фантазија.rnrn
Сите овие величествени базени поседуваат нешто кое би сакале да го почувствувате и видите со сопствени очи додека сте на оваа планета. Бидете амбициозни и мечтајте еден ден да си создадете прилика да посетите барем еден од нив. Којзнае, можеби сонот ќе ви се оствари. Во меѓувреме уживајте во овие гламурозни базени кои ќе ви ја наполнат душата.rnrnХотел Mardan Palace, АнталијаrnrnВили Алија, БалиrnrnРесорт San Alfonso del Mar, ЧилеrnrnХотел Springs Resort & Spa, КостарикаrnrnThe Camrbian hotel, ШвајцаријаrnrnХотел Hacienda Na Xamena, ШпанијаrnrnХотел The Grand Mauritian Resort & Spa, Остров Маврициус, АфрикаrnrnХотел Ubud Hanging Gardens, ИндонезијаrnrnХотел Caruso, ИталијаrnrnРесорт Golden Triangle, ТајландrnrnРесорт Jade Mountain, Света Луција, Средна АмерикаrnrnЗабавен парк Crocosaurus Cove, АвстралијаrnrnХотел Huvafen Fushi, МалдивиrnrnХотел Marina Bay Sands Resort, СингапурrnrnРесорт The Sarojin, ТајландrnrnВили и апартмани Elounda Gulf, ГрцијаrnrnХотел Capella Pedregal Resort, MeксикоrnrnРесорт Glenwood Hot Springs, Колорадо, САДrnrnХотел Golden Nugget, Лас ВегасrnrnХотел The Joule Dallas, ТексасrnrnХотел Amirandes Grecotel Exclusive Resort, Грцијаrnrn
Во зависност од временските услови, небото на зајдисонце може да добие црвена, жолта, виолетова или зелена боја. Погледнете како изгледа зајдисонцето во различни делови од светот.rnrnТуамоту, ТахитиrnrnСинајската планина во ЕгипетrnrnНационалниот парк Серенгети во ТанзанијаrnrnЛондон, АнглијаrnrnСанта Моника, КалифорнијаrnrnАтина, ГрцијаrnrnДубаи, Обединетите Арапски ЕмиратиrnrnРио де Жанеиро, БразилrnrnИстанбул, ТурцијаrnrnТајпеј, ТајванrnrnДрезден, ГерманијаrnrnГдањск, ПолскаrnrnВенеција, ИталијаrnrnПесочната карпа Улуру во АвстралијаrnrnБора Бора, ТахитиrnrnКи Вест, ФлоридаrnrnРезерватот Масаи Мара во КенијаrnrnТаџ Махал во ИндијаrnrnПирамидите во ЕгипетrnrnАјфеловата Кула во ПаризrnrnМосква, Русијаrnrn
Медитеранот го опфаќа регионот околу Средоземното Море и се протега на три конетиненти: Европа, Африка и Азија. Спојот на медитеранска клима и архитектура прави Медитеранот да биде една од најпосакуваните дестинации за патување.rnrnСкијатос, ГрцијаrnrnСанторини, ГрцијаrnrnПафос, КипарrnrnКос, ГрцијаrnrnКоста Бланка, ШпанијаrnrnРота, ШпанијаrnrnНица, ФранцијаrnrnБијариц, ФранцијаrnrnКан, ФранцијаrnrnСкопелос, ГрцијаrnrnСамос, ГрцијаrnrnПелопонез, ГрцијаrnrnТаормина, СицилијаrnrnАмалфиското крајбрежје, ИталијаrnrnТел Авив, ИзраелrnrnБејрут, ЛибанrnrnАнталија, ТурцијаrnrnПалма де Мајорка, ШпанијаrnrnБарселона, Шпанијаrnrn rnrn