КАФЕ ПАУЗА

Tag: тунел

  • Што значи кога сонувате одредени места? Плажата е симбол на борба, замокот е прибежиште од проблемите

    Што значи кога сонувате одредени места? Плажата е симбол на борба, замокот е прибежиште од проблемите

    Местата во соништата треба да се толкуваат во согласност со личните асоцијации, односно личноста која сонувала треба да се запраша на што ја потсетува одредено место или пак дали личи на нешто познато во нејзиниот живот.rnrnshto-znachi-koga-sonuvate-odredeni-mesta-plazhata-e-simbol-na-borba-zamokot-e-pribezhishte-od-problemite-kafepauza.mkrn

    Плажа – спој на животот и немирни емоции

    rnОпуштањето на плажа е знак дека доаѓа мирно и спокојно време. Плажата е место каде што земјата (вашиот живот) и водата (вашите чувства) се спојуваат и тоа симболизира пресврт на моменталната ситуација во животот. Ако работите на плажа, ќе посветите многу време работејќи на некој проект.rn

    Замок – симбол на засолниште и пофалби

    rnОзначува награди, чест, признанија и пофалби за вашите успеси. Вие сте предодредени да бидете на позиција на моќ, богатство и престиж. Алтернативно, сонот ја покажува вашата желба да побегнете од секојдневните проблеми. Ако сонувате живеење во замок, тоа е знак на вашата потреба за сигурност.rn

    Црква – лични уверувања

    rnЦрквата со отворени врати е предзнак на професионален раст и унапредување. Затворената врата е симбол на разочарување или губење пари. Ако сте во црква и ја гледате нејзината внатрешност, веројатно ќе се соочите со мали препреки. Црквата општо во сон симболизира без разлика на моменталните случувања.rn

    Карневал –доживување на светот на детски начин

    rnАко се видите себеси на карневал, ви недостига хармонија. Карневалот е општо симбол на лаги и измами. Обидете се она што ве мачи да го погледнете од друг агол, не онака како што изгледа. Можно е да ги гледате работите од детска перспектива, со невини очи. Бегство од карневал значи забава.rn

    Планина – предизвик, амбиција и препреки

    rnПланините означуваат големи препреки кои морате да ги совладате. Ако стоите на врв на планина, значи дека сте ги оствариле вашите цели. Алтернативно, планините означуваат поголема свест, знаење и духовна вистина. Искачувањето по планина е знак на неодлучност и амбиција. Ако паѓате, сакате да стигнете набрзина до успех, но и да побегнете од проблемите.rn

    Изгубени во шума – потреба да се разберете себеси

    rnШетање низ шума означува преодна фаза. Следете го својот инстинкт. Алтернативно, тоа е знак дека сакате поедноставен начин на живот. Ако сте се изгубиле во шума, несвесно сте во потрага по подобро разбирање на себеси. Ако сонувате шумски пожар, можна е трансформација само со голем напор, а вашата лутина е вон контрола.rn

    Зграда – симбол на личноста

    rnГрадба во сон обично го претставува телото или личноста на сонувачот. Може да упатува на интелект или разбирање. Ако личноста ја очекува некој бизнис проект, може да сонува непознати простории. Но, богата зграда може да симболизира успех или луксуз. Урнатини може да упатуваат на проблеми во односите.rn

    Хотел – промена во животот

    rnХотелот означува нова состојба на свеста или промена на идентитетот. Поминувате низ фаза во која сакате да се ослободите од старите навики и стариот начин на размислување. Алтернативно, сонот подразбира губење на личниот идентитет.rn

    Карпа – губење на контролата

    rnАко стоите на раб на карпа, веројатно во последно време сте постигнале пораст на нивото на разбирање, нова свест и свежа перспектива. Но, воедно ја имате достигнато и критичната точка во својот живот, па се плашите од губење на контролата.rn

    Поле – сакате слобода

    rnЗелено поле во сон е знак на големо изобилство, плодност, слобода и среќа. Оние кои го сонуваат поминуваат низ период на личен раст, а непрегледното поле може да упатува на желба за слобода.rn

    Река – живот, среќа и мир

    rnАко видите во сон мирна и чиста река, пред вас се среќни случувања. Ако водата е матна и разбранувана, ќе се справувате со недоразбирања и љубомора. Празно корито упатува на болест.rn

    Ходник – преоден период

    rnОдење низ долг ходник означува безизлезна ситуација. Тој симболизира и ситуации кои постојано се повторуваат. Воедно може да биде и знак на преоден период кон подобра состојба.rn

    Тунел – лош предвесник

    rnТој е знак на неуспех во љубовта и работата. Воз кој ве пресретнува во тунел е знак дека ќе ја промените кариерата или нагло ќе го промените животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавиот тунел што некогаш сте го виделе

    Најубавиот тунел што некогаш сте го виделе

    По повод Фестивалот на светлината во Лион, Франција, тунелот „Црвен крст“ кој е долг 1,8 километри беше претворен во надреална земја на чудата. Фестивалот траеше од 6 до 9 декември, а за тоа време благодарение на светлосните проекции, тунелот беше претворен во голема галерија „на отворено“.rnrnНајубавиот тунел што некогаш сте го виделеrnrnЖорж Кепеникјан, заменикот за култура на градот Лион, изјави дека ова е првпат во Европа, преку иновативни креации да му биде променета функцијата на еден тунел. Во овој период тунелот беше достапен само за пешаци и велосипедисти, а посетителите имаа прилика да гледаат дел од серијата видеа „Anamorphosi“, кои беа проектирани на ѕидовите и таванот на тунелот.rnrnНајубавиот тунел што некогаш сте го виделеrnrnГлавната идеја била проекциите да бидат толку реални, што посетителите ќе немаат впечаток дека се наоѓаат во затворен простор, туку како навистина да се на местата прикажани на ѕидовите.rnrnНајубавиот тунел што некогаш сте го виделе Најубавиот тунел што некогаш сте го виделе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најопасните железнички линии

    Најопасните железнички линии

    Дали би се осмелиле да патувате по најстрашните железнички пруги во светот?rn
    rn

    Tren a las Nubes, Аргентина

    rnЗавршена во 1932 година во аргентинскиот град Салта, железничката пруга Tren a las Nubes или „Воз во облаците“ е една од најголемите пруги во Јужна Америка. Долга е околу 435 километри и потребни се 16 часа за да се помине целата пруга. Првичната цел на оваа линија била подобрување на економијата, а денес функционира единствено за туристи. Линијата минува низ полиња со тутун, низини, 29 мостови и 21 тунел пред да се искачи по вијадуктот Ла Полворила, на висина од 4.200 метри. Најопасните железнички линииrn

    Белиот премин и рутата Јукон, Канада и САД

    rnОваа железничка пруга долга околу 177 километри ги поврзува пристаништето Скагвеј во Алјаска, денес популарна станица за бродови и Вајтхорс, главниот град на канадската територија Јукон. Тесната железничка пруга била завршена во 1900 година, кон крајот на популарната Златна треска. Линијата минува низ многубројни стрмнини, десетици мостови и карпести свиоци, сите проследени со огромни глечери, планини и водопади. Најопасните железнички линииrn

    Nariz del Diablo, Еквадор

    rnЖелезничката линија Nariz del Diablo или „Носот на ѓаволот“ поминува покрај еквадорскиот град Алауси, во близина на градот Риобамба кој се наоѓа на Андите, спуштајќи се 80 километри јужно, кон градот Палмира. Возот по оваа линија се движи бавно за патниците да може да уживаат во глетката на Еквадор, позната како „Авенија на вулканите“. До пред извесно време на патниците им беше дозволено да седат на покривот од возот за повеќе да уживаат во пејзажите покрај кои минува линијата. Ова задоволство беше укинато заради стрмнините по кои се искачува возот. Најопасните железнички линииrn

    Железницата во Џорџтаун, САД

    rnИако е долга само 7 километри, железницата во Џорџтаун повеќе од еден век е главна туристичка атракција. Возот ги зема патниците од Џорџтаун, Колорадо и ги носи во соседниот град Силвер Плум, искачувајќи се повеќе од 6.000 метри и минувајќи низ спектакуларен планински терен. Оваа железница работи само во периодот од април до декември. Најопасните железнички линииrn

    Железница на смртта, Тајланд

    rnПовеќе од 90.000 работници и 16.000 воени затвореници загинале за време на изградбата на железничката пруга долга 415 километри, која ги поврзува Бангког во Тајланд и Мјанмар во Бурма. Возењето по оваа железничка линија денес е популарно за посетителите на градот Канчанабури, кој се наоѓа северозападно од тајландската престолнина. Линијата минува покрај големи карпи и преку голем број дрвени мостови. Најопасните железнички линииrn

    Мостот Памбан, Индија

    rnГрадот Рамешварам на островот Памбан е поврзан со индиското копно преку мост долг околу 2,5 километри, кој истовремено претставува и железничка линија. Оваа линија е посебно популарна кај верниците затоа што и самиот град Рамешварам е едно од попопуларните места за аџилак. Најопасните железнички линииrn

    Бамбусовата железница, Камбоџа

    rnВо обид да се справат со земјата која е позната по несигурната и примитивна железничка мрежа, жителите на Камбоџа ги презеле работите во свои раце и создале сопствен сервис, користејќи „возови“ направени од бамбус. Овие возови може да достигнат брзина и до 40 километри на час, генерирајќи енергија од мали мотори и може да носат до 10 патници. Проблемот се јавува кога два воза поминуваат по иста пруга. Во тој случај, бидејќи има само една линија, возот со помало оптоварување, се трга од пругата и се враќа откако другиот воз ќе помине. Најопасните железнички линииrn

    Железницата Курунда, Австралија

    rnЗавршена во 1891 година, железницата Курунда ги поврзува градовите Кернс и Курунда во Квинсленд, Австралија. За да стигнете од едниот во другиот град, потребни се 1 час и 45 минути возење по оваа железничка линија, која минува низ Националниот парк и покрај многубројни водопади, тропски шуми и 15 тунели. Најопасните железнички линииrn

    Планинските железници, Индија

    rnЖелезниците Дарџилинг, Калка – Шимла и Кангра биле изградени уште во времето кога територијата на Индија била британска колонија. Денес овие железници сè уште функционираат и секоја од нив поминува низ подножјето на Хималаите, без да го уништат пејзажот. Кога биле изградени, овие железници се сметале за чудо на инженерството, а денес возовите кои сообраќаат по овие линии се неудобни, бавни и преполни со патници. Најопасните железнички линииrn

    Outeniqua Choo Tjoe, Јужна Африка

    rnИзградена во 1928 година, оваа железничка линија ги поврзува градовите Џорџ и Нисна во провинцијата Западен Кејп, во Јужноафриканската Република. Долга околу 68 километри, патувањето по оваа линија трае два часа и нуди неверојатна глетка на крајбрежјето на лагуната во Нисна. За жал, оваа линија е укината од минатата година. Најопасните железнички линии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тунелот на љубовта

    Тунелот на љубовта

    За сите романтични души, „Тунелот на љубовта“ е место кое мора се посети. Романтичен, но истовремено и мистичен, овој тунел претставува вистинско чудо на природата.rnrnТунелот на љубовтаrnrn„Тунелот на љубовта“ се наоѓа во градот Клевен, Украина. Создаден од дрвја посадени едно до друго кои на врвот се спојуваат, е задолжително место за сите заљубени парови. Задоволството да биде уште поголемо, низ тунелот можете да поминете со воз и заедно со вашата сакана да отпатувате во светот на бајките.rnrnТунелот на љубовтаТунелот на љубовтаrnrnТунелот е многу популарно место помеѓу заљубените парови, кои може да посакаат желба со бакнеж. Според легендата, доколку љубовта е искрена, тогаш нивната желба ќе се исполни.rnrnТунелот на љубовтаТунелот на љубовтаТунелот на љубовтаТунелот на љубовта
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.