КАФЕ ПАУЗА

Tag: труд

  • Како пајакот си ја плете мрежата?

    Како пајакот си ја плете мрежата?

    Пајакот обично спокојно си седи и си дреме настрана додека си го чека ручекот, но за да може да си го дозволи тоа претходно вложува многу труд.rnrnКако пајакот си ја плете мрежата?rnrnЖан Мишел, фотограф-аматер од Франција, слично како и пајакот, одморал оставајќи го неговиот фотоапарат да слика сам на секои 4 секунди во текот на 90 минути. Но, потоа макотрпно работел да ги спои сите тие фотографии во ова неверојатно видео кое детално го покажува процесот на плетење на пајаковата мрежа.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративни цитати од Винстон Черчил

    Инспиративни цитати од Винстон Черчил

    Сер Винстон Ленард Спенсер – Черчил бил британски политичар, најпознат по своето владеење во Велика Британија за време на Втората светска војна. Се смета за еден од најголемите лидери на векот. Покрај политиката тој бил познат и како оратор, офицер во Британската армија, историчар, писател и артист. Черчил е единствениот претседател кој има добиено Нобелова награда во областа на литературата. Еве еден мал дел од неговата колекција на цитати која ќе ве замисли, но истовремено и ќе ве насмее.rnrnИнспиративни цитати од Винстон Черчилrn
    rn

    „Никогаш, никогаш, никогаш не откажувајте се.“

    rn

    „Најдобрите нешта се едноставни и голем дел од нив можат да бидат изразени со еден збор: слобода, правда, чест, должност, милост, надеж…“

    rn

    „Храброст е она што е потребно за да станете и прозборите; храброст исто така е и она што ви треба за да седнете и слушате.“

    rn

    „Лагата ќе го помине целиот свет пред вистината да добие можност да си ги облече панталоните.“

    rn

    „Ние сме господари на некажаните зборови, но робови на оние кои ќе ни се испуштат.“

    rn

    „Песимистот гледа потешкотии во секоја нова можност, а оптимистот гледа нова можност во секоја потешкотија.“

    rn

    „Ставот е мало нешто кое прави голема разлика.“

    rn

    „Нека нашата предвремена загриженост премине во предвремено размислување и планирање.“

    rn

    „Постојан труд – не сила или интелигенција – е клучот за откривање на нашиот потенцијал.“

    rn

    „Има само една работа која е потешка од борење со сојузниците, тоа е да се борите без нив.“

    rnИнспиративни цитати од Винстон Черчилrn
    rn

    „Шегата е сериозна работа.“

    rn

    „Постојат 2 нешта кои се потешки од говор после вечера: да се качите на ѕид кој се навалува накај вас и да бакнете девојка која пробува да се тргне од вас.“

    rn

    „Вистината е непроменлива, злобата може да ја напаѓа, незнаењето може да ја исмејува, но на крај таа сепак е таму.“

    rn

    „Успех е одење од неуспех во неуспех без губење на ентузијазмот.“

    rn

    „Ако одите низ пеколот, продолжете да се движите.“

    rn

    „Сакам човек кој се потсмева додека се бори.“

    rn

    „Живееме според тоа што го добиваме, но го си го градиме животот според тоа што го даваме.“

    rn

    „Јадењето зборови никогаш не ми предизвикало лошо варење.“

    rn

    „Имате непријатели? Супер. Тоа значи дека некогаш сте се бореле за нешто во вашиот живот.“

    rn

    „Можеби сум пијан госпоѓо, но наредното утро ќе бидам трезен, а вие сè уште ќе бидете грда.“

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи

    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи

    Автобуските станици се одлично место за рекламирање, иако може да бараат употреба на доста труд и креативност. Тие се многу ефективни, често, повеќе и од огромните билборди, бидејќи дозволуваат да се употреби поголема инвентивност, а пораката имаат можност да ја видат голем број луѓе кои чекаат автобус, случајни минувачи, како и возачите по улиците.rnrn

    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Икеа
    rnrnПозитивна околност е тоа што автобуските станици се користат во поголемиот дел од денот, цела недела, па така големи се шансите рекламата да ја видат повеќе луѓе. Уште една поволност која ја нуди овој вид маркетинг е тоа што можете да делувате локално. Па така, доколку вашиот продукт или услуга, е наменет за одредена локална таргет група, тогаш неколкуте автобуски станици во тоа место се неизбежна локација на која ќе дојдат поголем дел од тие луѓе.rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Кафе-клуб „Caribou“
    rnrnНа луѓето кои чекаат автобус обично им е многу досадно, па ваквиот начин на разубавување на станицата, може да биде непропустливо доживување за многумина.rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Светско првенство во фудбал
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Вистински хип хоп
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Wonderbra
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Туристичка агенција „Fiji“
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Рампа „Quicksilver“
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Вага
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Сигурносно стакло
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Реклама против насилство која гледа
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Зоолошка за бубачки
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Кока-кола лепенка
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Кока-кола ладилник
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Телевизиска реклама за пренос на Светско првенство во фудбал
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Невидливост
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Реклама за фармерки
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Сауна од норвешката авиокомпанија
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Бесплатно кафе до…
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Млеко
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Sony Play Station
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Apple Macbook Air
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Анимираниот филм „Up“
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Зоо во Сан Франциско
    rnrn
    Автобуски станици искористени во креативни маркетинг кампањи
    Ноќен ресторан на Мекдоналс

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Архитектура на сопствениот ум

    Архитектура на сопствениот ум

    Автор: АнаrnrnПосакувам да можев да ги слушнам сите приказни на светов. Да ги знам сите тајни за успешен живот, за исполнетост со хармонија, секој ден некој да извезе за мене нова прекривка од неговите спомени, а истата да ме топли. Толку луѓе, толку различни патешествија, посакувам да можев да ги имам. Се учи од сопствените чекори, но и од оние на другите. Не сакам да ги затворам очите пред она што може да ме научи да го прескокнам вирот, секогаш подобро е кога чевлите ми се суви…rnrnЧекориме по секакви улици, некои прави, некои криви, други прашливи и непроодни, учиме животни лекции од чекорите кои сме ги правеле по нив. Некои приказни биле топли, со мека основа, прекрасни за доживување, други ни ги повредиле стапалата…rnrnСекоја една од овие приказни е испишана во книга која секој од нас ја чува на посебно место во себе…rn

    Она што ме интригира е посебната особина на човечкиот ум тие приказни да ги повторува во реалноста, најчесто луѓето имаат потреба да се присетуваат на оние трнливи денови, додека пак спомените просеани со убавина, ги оставаат во втор план… Се прашувам зошто? Можеби за да се присетат на онаа удобност која во моментот ја имаат? Можеби да си доловат дека секогаш има подобро? Можеби…Архитектура на сопствениот умКако и да е… Снегот повторно ме израдува оваа зима. Прошетките по белите улици, надве-натри со забелени, кристализирани гранки од дрвјата кои бдеат над патеките за шетање, се едни од моите омилени. Се изгледа толку чисто, мирно…Сета неправда и непристојност како да се задушила во таа примамлива атмосфера која не повикува да заиграме на снегулките… Паѓаат и паѓаат. Пуста белина, ни ги крати очите и не гали по црвените образи. Шалчиња, капчиња, ракавици, неизмерно шаренило го стоплува студот во нашите погледи.

    rnПристигнувањето дома е особено пријатно. Топол чај кој додека се правел, го процветал својот мирис низ просторијата во која седиме, две-три свеќи, човекот кој ви значи, драг разговор кој почнал уште на прошетката и ете ја вашата совршена вечер… Секоја прилика која ви е дадена може да биде во основа толку едноставна и еднобојна во почетокот, сè што ви треба за да добие топлина во себе е креативноста која се крие во вашиот ум.rnrnСакам да цртам. Тоа е мојата пасија. Гаам љубов кон уметноста уште од мала. Секое чувство кое ме обзема го ставам на лист хартија… Понекогаш и малите скици кои сум ги направила прераскажуваат многу. Застанувам пред публика со своите дела, во таа публика моите очи се најважни гости. Самокритичност. Помага. Но само во одредени количини.rnrnИдејата ми е, дека секоја нишка која паѓа врз вашите очи како превез, со малку труд може да стане големо парче ткаенина, секоја конфузија во вашето тело, може да прерасне во прекрасен танц, секоја игра која ја играте, може да стане вашата театарска претстава… Сè што треба е да верувате во себе, да споделувате и лицето на секое старо, да го измиете со ново.rnrnДо следно читање,rnrnИмајте убав ден,rnrnСо љубов насликана од срце,rnrnАна

  • Три точки

    Три точки

    Автор: Анаrn

    Милион погледи.rnУште повеќе замерки.rnДолга тешка улица, навидум чиста,rnно на неа, толку валкани чекори!rnДодека дождот полека го мие нејзиното лице,rnочите и се полнат со солзи… се радува на новото.rnПолека пристигнува до кривината која ја носи кон невиденото…rnДали ќе го сврти погледот?rnИли ќе остане во раката на несознанието?rnДали е таа онаа правата?Три точкиСигурно некогаш во животот сте се нашле во ситуација кога сте требале да донесете одлука.

    rnУф! Секогаш кога треба да донесам некаква одлука, ми е тешко. Имам една особина која не ја сакам многу кај себе, знам силно да се покаам за нешто доколку не е направено со најмали детали… А подоцна пак, ќе си речам: „Што ти е? Успеа нели? Дај опушти се!“ Тешко е да се опуштиш кога знаеш дека оние мали, ситни детали те двојат од врвот, од целосната победа… Од друга страна пак, сите сме победници, зар не? :DrnrnИмам натпреварувачки дух, кој не толку многу го покажувам, но постои и кога треба, сите го чувствуваат. Сметам дека секој еден треба да го храни тој дух во себе. Да сакаш да победиш е една од најздравите особини кај еден човек.rnrnТака се постигнуваат целите во животот, барем според мене… Секоја победа има своја цел. На кому како му се посреќило. И победата има своја ранг листа… Те става онаму каде си заслужил… Старите велат: „Колку си посеал, толку ќе си ожнееш.“ Имаат право. Не постојат златни лажички.  Жал ми е за оние кои не се трудат. Нема секогаш некој да им ја работи работата. Ќе паднат и тие. Фрустрира понекогаш, знаете? Фрустрира фактот дека некој направил помалку, добил повеќе, а ти, ти си се здробил од работа за минимум, за трошка…rnrnКога ќе се случи нешто такво во моја близина и присуство, јас секогаш си велам, барем знаењето и искуството се мое богатство. Некои ова мислење го сметаат за празно. Не ме засега. За секој еден ќе дојде времето. Само труд и трпение. Трпение – спасение.rnrnСакам збор.rnСакам.rnСонувам.rnrnМечтаам.rnrnНе можам да објаснам што е доволно…rnТри точки…rnТоа е сè…rnШто значат?rnrnЗначат сè што имаме.rnЗначат сè што ќе имаме.rnrnИднината е ваша. Патот по кој ќе одите е онаков каков сами ќе си го ископате. Снаодливи, тајни, нежни, два чекори напред, еден назад… Па добро, секогаш останува оној еден чекор напред… Јас не се откажувам. Ви удриле шамар на реалноста? Соочете се со неа. Нема бегање. Постоиме поради некоја си причина… Јас велам, искористете ја. Па животот е краток, луѓе мои. Едно трепнување и сме се нашле на крајот. Почетокот е навистина важен. Оставете впечаток.