Некогаш самите себеси знаеме да си бидеме најголеми непријатели и саботери. Овие работи не смеете да си ги речете себеси од проста причина што или се невистинити или пак небитни.rnrn
rn
1. „Посакувам да немав толку лоша среќа“
rnЈа знаете приказната за човекот кој упорно се жалел дека никогаш не добил на лото иако никогаш немал уплатено ливче? Не можете да се дефинирате како баксузи по неколку неуспешни обиди во нешто. Мислите дека другите околу вас добиваат при секој обид? Среќата зависи само од вас самите и од вашата упорност.rn
2. „Премногу е доцна за мене“
rnДа, кажете ѝ го тоа на бабичката која зема часови за возење или средовечниот човек кој за првпат скока банџи. Годините се бројки, младоста е во срцето. Може да констатирате дека вашето време минало или пак да го направите она што никој не го очекувал од вас. Стар/а сум, е само изговор, не е причина.rn
3. „Но, што ќе помислат другите?!“
rnАко некој е вреден да го задржите како ваш пријател, тој ќе ве поддржува и ќе ве прифати такви какви што сте, затоа престанете да се обидувате да ги импресионирате другите. Не сакате да се разбудите еден ден со помислата дека сте го живееле животот за нечиј друг ќеф наместо за ваш.rn
4. „Толку сум глупав/а, не вредам за ништо“
rn
„Ако ја проценувате рибата според тоа како се искачува на дрво, ќе го мине целиот живот мислејќи дека е глупава.“ – Алберт Ајнштајн
rnПрестанете да се омаловажувате, никој ги нема сите можни одговори за сè. Наместо да се потиснувате и обвинувате дека не сте способни за нешто, фокусирајте се на стекнување повеќе знаење и искуство за она во што сте добри.rn
5. „Никој никогаш нема да ме сака“
rnАко седите дома постојано жалејќи се дека никој не ве сака, наскоро ќе престанете да се сакате и самите (ако веќе не сте престанале). Од каде знаете дека никој нема да ве сака? Бидејќи милувате да се самосожалувате? Постојат личности на кои им значите премногу, кои ве сакаат, кои не можат да го замислат животот без вас. Не ви звучи крајно себично вашата желба да го пронајдете романтичниот партнер наместо да им ја возвратите љубовта на оние кои се грижат за вас? А љубовта ќе ја најдете, можеби тогаш кога најмалку очекувате.rnrn
rn
6. „Не можам“
rnАко се откажете уште пред да започне трката секако дека нема да стигнете до целта. Не смеете да си го правите тоа самите на себе. Со такви мисли вие станувате најголемите непријатели на себеси.rn
7. „Животот не е фер“
rnКажете им го тоа на гладните, сиромашните, на бездомниците. Погледнете се во огледало. Да, понекогаш животот знае негативно да ве изненади, но вие сте оние кои можат да го извлечат најдоброто од него. Жалам што ќе мора да ви кажам, но животот не е совршен, ниту пак некогаш ќе биде, но навистина е огромен дар.rn
8. „Го мразам моето тело“
rnВие сте привлечни и прекрасни. Движете се со позитивна енергија и разубавувајте им ги животите на оние околу вас. Никој не е совршен и доколку не научите да се сакате себеси, никогаш нема да бидете задоволни од вашето тело.rn
9. „Посакувам да бев како него/неа“
rnЉубомората е ужасна особина и голем непријател. Не споредувајте се со другите, не може да знаете како е да бидеш во нечија кожа, и ако сте завидливи бидејќи некој добил нешто што вие сте го сакале можеби е корисно да помислите колку тој/таа вложил/а труд во тоа.rnrnНаместо да се трудите да бидете нечија копија, потрудете се да бидете најдобрата верзија од себеси.rn
10. „Претешко е“
rnДа, трчањето или пливањето маратон е тешко. Доколку се наоѓате пред голем предизвик бидете среќни, имате можност да работите напорно за подоцна да уживате во успехот.rn
11. „Не можам никому да му верувам“
rnСекој бил повреден на некој начин, но тоа не значи дека треба да кренете раце од целото човештво. Постојат личности кои ја заслужуваат вашата доверба и љубов, затоа бидете отворени за таа опција. Не бидете лековерни, но не градете ѕидови околу себе.rn
12. „Најдобро ќе биде да се откажам“
rnСетете се на некоја заразна игра која сте ја играле подолго време. Колку пати изгубивте? Колку пати кликнавте „продолжи“? Истото направете го во вашиот живот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn
rnrn
rn
rnrn
rnrn
Знам дека кога и јас ќе имам внуци, светот има да биде сосем различен од она што е сега, и тоа е нормално. Ако не, ај да не се менува ништо, да си се храниме од глинени чинии, да живееме во колиби, да не користиме нова технологија која е измислена за да ни го олесни животот.rnrnВо мое време одевме пешки до соседното село за на училиште, а кога ќе се вратевме молзевме крави и помагавме по нивите. Добро, ако тоа би те направило среќен, запиши си го детето на школо подалеку од местото на живеење, купи една нива во близина, па и крави, и чувствувај го амбиентот „како во твое време“.rnrnВсушност, не е човек да им замери на постарите, ама во секој случај имам право да им замерам на помладите. Да, и тие си имаат „свое време“, како и навика да си прикажуваат за истото. Ах, кога јас бев студент, тоа беше генерација на вистински студенти, не сега… И продолжува да ломоти за тоа како во негово време факултетите биле потешки и дипломата држела вода. Да, а ние денешниве студенти летаме од радост и среќа, и просто нашиот студентски живот е лесен како пердув. Луѓе, тоа се промени во образовниот систем, и додека не знаеш како му е на некого во кожата, не коментирај! Ако во иднина студирањето на некој начин се олесни (макар навидум), ќе им се турите на кутрите студенти кои студираат далеку од дома и се прехрануваат со ајвар и домашни јуфки, дека нив цвеќиња им цветаат за разлика од тоа како било во ваше време!?rnrnДруг нашироко познат бисер, самопрогласените експерти (кои можеби уште ни диплома не зеле), знаат да оценуваат туѓи факултети. На кој факултет си се запишала? Ха, па работата е да се запишеш на факултет а не на курс! И секако, вие од приватните факултети ништо не учите и оценките ви ги тресат од џебовите. Се разбира, пошто на никој државен факултет никогаш не се случило професор да побара пари за оценка, и твојот факултет е просто пример за една утопија каде сечиј труд е беспрекорно и најточно-на-цел-свет оценет.rnrnДа видиш како ми е мене, јас колку учам, главата ми чади, не знам кај да се свртам, имам 5.000 книги и уште тридупло скрипти, а тек ако бројам хендаути и белешки и… Извини, ама ако ти е толку неподносливо на факултет, само за информација, не е задолжителен. Фала богу нашава земја располага со еден куп необработено земјиште и ниви, земи работи си или купи си стадо овци и заработувај за живот. Мислам, не е во ред да поминуваш низ таква тортура ако не си способен да издржиш.rnrnДа, разбирам јас дека во денешно време има премногу студенти, дека неретко некој ќе земе диплома иако не е способен, ама тоа не е само кај нас, секаде се случува. Да, разбирам дека на никого не му е сјајно и дека многу работи можат да ве изреволтираат, ама дозволете на крај коцките да си се наместат на место.rnrn
rnrn rn
rnrn
rn
rnrn
rnrnСекако, туѓото мислење до некој степен е важно. Не би смееле да се претвориме во бесчувствителни суштества кои не се грижат апсолутно за ништо и воопшто да не го почитуваме туѓото мислење. Она што треба да научиме е кои се луѓето чие мислење вреди да го почитуваме. Најважно е да знаеме каде е границата, односно кога ги слушаме туѓите мислења за наше добро, а кога дозволуваме целосно да ја обликуваат нашата личност.rnrn rnrn
rn
rnrnЉубовните врски бараат многу напорна работа. И доколку и двете страни не вложуваат константно многу труд, врската започнува да се распаѓа и во најлош случај целосно завршува. Но, тоа не мора да значи дека истото ќе ви се случи и вам. Доколку сакате да останете во моменталната врска, тогаш погледнете ги овие 4 магични фрази кои ќе ви помогнат многу лесно да ја остварите вашата цел.rn
rnrnБарањето размислување од друг може да ви помогне да станете поотворени и покреативни при изнаоѓање нови решенија за вашите проблеми. Ако го/ја запрашате партнерот, односно партнерката за мислење, тој/таа можеби ќе ви понуди сосема различно гледиште од вашето, нешто што вам ни на крај памет не би ви паднало. На тој начин ќе му/ѝ покажете дека го почитувате неговото/нејзиното размислување, дека тоа е важно за вас, ќе ја зацврстите вашата врска, а можеби и ќе научите нешто ново за полесно справување со секојдневните проблеми.rn
rnrnКога се случуваат вакви работи, многу лесно може да се сфатат лично. И покрај тоа што има шанси овие работи да се прават намерно, многу почесто тие настануваат поради случаен сплет на околности. Можеби вашиот партнер не знае дека толку ве нервира подигнатиот капак или пак вашата партнерка не е свесна колку ви се важни одредени спортски натпревари.rnrnОбидете се да му/ѝ објасните зошто толку ве иритираат овие ситуации, но направете го тоа на начин со кој ќе покажете дека сакате го разберете нивното однесување, не да ги обвинувате за она што е веќе направено. Исто така откако ќе го кажете своето, дајте им шанса за објаснување и откако ќе ги ислушате, едноставно и смирено објаснете им како тоа делува на вас. Ќе се изненадите што сè можете да решите со едноставна и смирена комуникација.rn
rnrnПробајте да ја погледнете ситуацијата од малку поинаков агол. Не мора да значи дека секогаш треба да ви биде криво за тоа што сте го направиле, но сепак тоа не ве спречува да се извините за своите постапки со кои сте ги повредиле оние кои ги сакате. Фразата „извини“ не мора да значи признавање на вината. Може да се каже за да покажете дека сфаќате дека сте повредиле некого и дека поради тоа жалите.rn
rnrn„Те сакам“ може да биде искажано на вербален, но и на невербален начин. Секоја личност е различна. Некои луѓе ги кажуваат овие 2 збора постојано, додека пак други многу ретко. Но, бројот колку пати се кажани не е мерило за љубовта која тој/таа ја чувствува за вас. На некои луѓе едноставно полесно им е да ви кажуваат „Те сакам“ преку одредени постапки, како на пример да ви подготвуваат свежо кафе секое утро. Пронајдете го начинот на кој вашиот партнер вистински ги искажува своите чувства и со тек на време ќе сфатите дека можеби тој/таа ви кажувале дека ве сакаат многу почесто отколку што претходно сте мислеле.rnrn rnrn
rnrn