Поголемиот дел од оние кои се во врска сакаат да знаат што можат да направат за да го подобрат својот однос со партнерот. Сите тие тежнеат кон личност која ќе направи да се чувствуваат вредно, но сепак остануваат во врска каде што не го добиваат тоа. Зарем е прифатливо да сте со личност која не прави да се чувствувате на овој начин? Дури и ако се надевате дека со тек на време нештата ќе се сменат?rnrn
rnrnНе. Основата на секоја врска е љубовта. Но, паралелно со неа треба да чувствувате и ценење, почит, доверба, привлечност… Сите овие емоции треба да бидат взаемни и да предизвикуваат и двајцата да се чувствувате дека вредите. Доколку не ги добивате овие нешта во врската, тогаш зошто сè уште сте во неа? Размислете како сте се однесувале на почетокот. Дали сè уште ги правите истите мали нешта кои ги правевте тогаш? Ако не, зошто?rnrnМалите нешта кои ги правите во врската најчесто се иницијатори на поголемите, бидејќи тие покажуваат дека сте подготвени да се потрудите за вашиот соиграч без која било друга причина освен вашата желба да ја направите оваа личност посреќна. Вам не треба да ви бидат потребни посебни прилики или дата на календарот со цел да ја искажете вашата љубов. Сè што ви е потребно е само љубовта. Или посреќна врска. Токму затоа секојдневно одвојувајте малку време со цел да направите нешто мало што ќе му покаже на вашиот партнер дека се грижите и го/ја цените.rnrnЖивеењето во денешно време е тешко, нештата знаат да станат хаотични и да избегаат од контрола, но постојаниот напор е оној кој ќе ја одржува вашата врска цврста. Вие двајцата заедно треба да се борите против сите предизвици кои ќе ви излезат на патот. Среќните врски не траат доколку никој не се труди. Имајќи го тоа на ум, не мора да правите големи нешта. Доволни се само 30 секунди да му/ѝ испратите порака која ќе го/ја насмее. Не се потребни пари за да го/ја бакнете на средината од неговата/нејзината реченица. Дали сè уште го/ја прегрнувате кога шетате? И мажите и жените имаат своја одговорност. Доколку некој не ги исполнува вашите стандарди за начинот на кој сметате дека треба да се однесува кон вас во врската, тогаш мора да го кажете тоа јасно и гласно со цел да можете да разговарате и да ги подобрите нештата.rnrnВие можеби не го сфаќате тоа сега, но да се биде неутрален или генерално апатичен во врската исто така може да доведе до негативни резултати. Дури и кога несвесно го правите тоа, ако не се чувствувате посакувано може да биде исто како и да се чувствувате непосакувано. Слободно поставете си повисоки стандарди. Доколку вашата врска почне одлично, но по некое време вашиот партнер почне поинаку да се однесува кон вас, тоа не значи дека се променил туку дека едноставно го открил својот вистински лик. И секако, доколку не вложувате труд секојдневно да правите тој или таа да се чувствува посебно, тогаш врската без сомнение ќе има негативен исход. Животот е премногу краток да се помине покрај личност која не ве цени.
Tag: труд
-

Еден и едноставен клуч за среќна љубовна врска
-

Најсилното женско оружје: 5 нешта кои сите мажи ги забележуваат за време на сексот
Додека жените се трудат нивната коса и шминка да изгледаат беспрекорно, мозокот на мажите функционира малку поинаку и тие забележуваат нешта кои на жените ниту на крај памет не би им паднале. Па, ако сакате да доживеете незаборавно сексуално искуство, насочете го вашето внимание кон овие 5 детали кои се првите нешта кои секој маж ги забележува кај жените за време на сексот…rnrn
rn1. Вашата иницијатива
rnНе постои ништо поеротично од жена која се чувствува добро во своето тело. Тоа е природна мамка за мажите на која тие едноставно не можат да одолеат. Освен што ги прави жените посексапилни и позаводливи во нивните очи, тие ја сметаат опуштеноста за време на сексот како и преземањето иницијатива за силна желба да бидете со нив и да уживате во нивното друштво. Мажите обожаваат кога жените знаат што сакаат и не се плашат да го споделат тоа.rn
2. Вашите движења
rnДвижењата се едно од најсилните женски оружја, започнувајќи од самото одење, флертување преку говорот на телото, однесувањето во друштвото, па сè до движењата во креветот. Женското тело само по себе им е многу привлечно на момците, но кога се вклучуваат и секси движења кои откриваат страст и заведување, ниту еден маж во тој момент нема да може да остане рамнодушен. Опуштете се, спојте го вашето тело со неговото и освојте ги сите негови сетила.rn
3. Вашите погледи
rnПогледот може да биде многу сензуално и страсно оружје на кое „паѓа“ секој маж. Тој покажува сигурност, висока самодоверба, уживање, страст и желба за секс. Со погледите за време на бакнежите, како и со погледите насочени кон неговото голо тело вие инстантно ќе ја зголемите неговата страст и желба за сексуален однос.rn
4. Вашите воздишки
rnЗа време на сексуалниот однос, она што открива вистинско задоволство се сензуалните воздишки на жените кои можат силно да влијаат врз возбудата на мажот. Со помош на овие воздишки тие знаат кога се на вистинскиот пат и на нив гледаат како на мали докази кои им укажуваат дека уживате во нивните допири и бакнежи. Едноставно препуштете ѝ се на страста и не се плашете да му покажете на вашиот партнер што навистина чувствувате за време на водењето љубов.rn
5. Вашиот труд
rnАко мислите дека момците не обрнуваат внимание на вашата долна облека или пак, на уредувањето на интимната зона, вие многу грешите. Иако се целосно „загреани“ за вашето тело, тие веднаш го забележуваат и вашиот труд да ги импресионирате. Токму затоа не грижете се доколку изгубите повеќе време на дотерување, тоа со сигурност ќе бидете ценето од нивна страна…
-

Девојки, време е да научите како да прифаќате комплименти
Понекогаш жените можат да бидат осудени доколку не направат нешто, а исто така и доколку го направат тоа. Па, во тој случај полесно е да кажат дека не се потрудиле воопшто. Но, тоа е далеку од вистината. Вие сте вложиле напор да изгледате добро, да бидете успешни во својата работа, како и во приватниот живот и во уште многу други работи, па зошто да не го признаете вашиот труд? Зошто да не го прославите вашиот успех? Која е потребата во вас да се јавува срам секој пат кога ќе чуете нешто позитивно за вас? Со цел да бидете уште поуспешни во вашите намери, редно време е да почнете да прифаќате комплименти. Тие не само што ќе ве мотивираат да продолжите, туку и ќе направат да се почувствувате одлично во својата кожа.rnrn
rnВо ред е да прифатите комплимент
rnЖените веруваат дека прифаќањето комплимент е како да признаваат дека навистина изгледаат добро. Но, нели тоа е и причината поради која сте се дотерале? Зарем не сте го облекле тој фустан за да изгледате добро? Затоа што ви се допаѓа и вам? Доколку луѓето велат дека им се допаѓа нешто кај вас, сосема е во ред да се согласите со тоа. Сосема е во ред да кажете благодарам. Вие сте се потрудиле да изгледате добро и треба да ги прифатите придобивките од вашиот труд.rn
Во ред е да се дотерате за вас
rnШто има лошо во тоа да признаете дека сте се дотерале само затоа што сте сакале токму денес да изгледате добро? Зошто да се срамите од вашиот добар изглед? Зошто да измислувате оправдувања само затоа што сте посакале денес да не носите фармерки? Сосема е во ред да бидете ексцентрични и гласни и да се дотерувате за самите себеси. Во ред е да го менувате вашиот стил без да треба да го менувате вашиот изговор.rn
Во ред е да се дотерате за други луѓе
rnБидете искрени и кажете му на вашето момче дека сте го облекле тој секси фустан за него. Исто така зошто да не ги облечете убавите пижами кога тој доаѓа да преспие ка вас? Сосема е во ред да изгледате добро за другите луѓе, тоа ни најмалку не е криминално дело. Да, вие треба да се дотерувате за самите себеси, но кој вели дека не смеете да се облечете добро и за некој друг? Нема ништо понижувачко во тоа да изгледате добро за другите, само немојте да дозволувате нивните мислења да ги уништат вашите.rn
Во ред е да ја сфатите работата сериозно
rnКога жените остануваат да работат до доцна, тие се напорни. Кога мажите остануваат да работат до доцна, тие се мотивирани. Зошто владеат вакви разлики за истото нешто? И жените се исто толку мотивирани како и мажите, па зошто да немаат право на истата жилавост? Жените не треба да прават изговори за тоа зошто дошле порано на работа или останале до подоцна. Тие сакаат да бидат успешни во својата кариера исто колку и мажите. Токму затоа време е да престанете да се доживувате како жртви, постојано барајќи изговори за вашата желба за напредување и да почнете да им бидете вистинска конкуренција на мажите.rn
Во ред е да се разгалувате
rnДозволено ви е одвреме-навреме да потрошите повеќе пари на маникир, доколку тоа направи да се почувствувате добро и потоа слободно споделете го вашето искуство. Не мора секоја поголема цена да ја гледате како нешто страшно, доколку можете да си ја дозволите секако, па токму затоа не кажувајте изговори како „Имав тешко утро“, туку едноставно кажете ја вистината. Тоа се ваши пари и вие ќе ги трошите онака како што сакате. Доколку тоа ве прави среќни, не мора да се преправате дека не знаете што правите.rn
Во ред е да преминете во крајност
rnАко сакате да пробате црн кармин за да видите како ќе ви стои, сторете го тоа. Доколку луѓето ве прашуваат зошто сте го направиле тоа или пак, се шегуваат на ваша сметка не барајте оправдување. Вие сте сакале да направите нешто ново и токму тоа е ставот врз кој треба цврсто да стоите. Кога ќе донесете одредена одлука, не се предомислувајте поради мислењето на другите.rn
Во ред е да сакате да изгледате добро
rnДоколку сте станувале цел месец во 5 часот наутро за да имате време да вежбате пред да одите на работа, не велете дека не е ништо страшно ниту пак тешко. Вие го заслужувате тој комплимент исто како што го заслужувате успехот. Не се срамете од тоа да им признаете на луѓето колку напорно сте работеле, бидејќи тие нема да ве критикуваат за вашата добро сторена работа.rn
Во ред е да кажете дека сте уморни
rnНе се плашете да ги погледнете луѓето во очи и да им ја кажете вистината. И вие сте човек, со свои граници на толеранција, па зошто да се ставате во ситуација да трпите повеќе отколку што треба? Исто така, не заборавајте и дека е сосема во ред да ги погледнете луѓето во очи и да не им кажете ништо. Изборот е ваш.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

15 знаци дека го искористувате вашиот потенцијал иако мислите дека не е така
Вашиот потенцијал ве прави да достигнувате големи нешта и да си ги остварувате вашите соништа. На моменти може да почувствуваме дека не го даваме најдоброто од себе, дека можеме повеќе, дека не го искористуваме целосно нашиот потенцијал. Но, сè додека се трудите и вложувате време и внимание работејќи го она што го сакате, вие сте на вистинскиот пат. Вистината е дека никој не може да биде присутен секаде и да успева на секое можно поле во животот, па не се обесхрабрувајте. Ова се 15 знаци кои ќе ви покажат дека го користите вашиот потенцијал иако во моментов мислите дека не е така.rnrn
rn1. Зрачите со позитивност
rnВо најголем дел од времето имате насмевка на вашето лице. Не е сè совршено но вие знаете дека работите си доаѓаат на свое место и на крај коцките ќе се наредат. Кога размислувате за иднината ја гледате со позитива и очекувате убави работи. Кога имате проблем знаете да дојдете до решение, можеби не веднаш, но свесни сте дека за секој проблем има решение, дури и ако понекогаш треба да почекаме и да бидеме стрпливи.rn
2. Се фокусирате на решенија и крајни резултати
rnСвесни сте дека најголем дел од проблемите со кои животот нè тера да се справиме, се решаваат со верба во себеси и позитивен пристап на нештата. Немате навика долго да плачете поради тоа што ве снашло туку се фокусирате на тоа како да го поправите. Размислувате за последиците и свесни сте дека секој потег во животот носи различни последици за кои самите сте одговорни.rn
3. Ги исполнувате вашите цели
rnПоставувањето цели е многу корисно. Знаете кон што целите и каде се движите. Со помош на целите вие сте одговорни, фокусирани и мотивирани. Се радувате на секој, и најмал успех, бидејќи знаете дека малите чекори исто така ве водат кон големи нешта. Си поставувате многу цели и се фокусирате на исполнување на истите. Можеби не секогаш нештата ќе одат по планираното, но во најголем дел од случаите можете гордо да се пофалите дека со труд сте го добиле она што сте го сакале.rn
4. Не ви пречи напорната работа
rnНапротив, ѝ се радувате бидејќи знаете дека она што е навидум тешко, непознато и што ве плаши е токму она што треба да го направите. Свесни сте за тоа и го прифаќате фактот дека ќе има денови кога излегувате рано од дома а се враќате доцна, ќе има непроспиени ноќи и мамурни утра придружени со галонски количини на испиено кафе, но тоа е само дел од патот до успехот.rnrn
rn5. Ги исполнувате вашите ветувања
rnВашиот збор ви значи многу и го сфаќате сериозно, како и оние околу вас. Колку ги исполнувате вашите ветувања зборува многу за вас како личност. Дури и ако станува збор за ветување што сте го направиле кон вашиот помал брат, знаете дека треба да го исполните.rn
6. Вие сте во постојан процес на учење
rnНе се плашите да побарате помош и свесни сте дека животот е голема лекција. Секогаш сте отворени за нови познанства и знаења. Доколку чувствувате дека ви е потребно повеќе знаење на одредена тема, ќе се запишете на курс или пак ќе се информирате на кој било друг начин. Верувате дека секогаш и од секого може да научите нешто во животот.rn
7. Отворени сте за промена
rnВерувате дека нештата се случуваат со причина и дека некогаш мора да излезете од безбедната зона на комфорот и да ризикувате. Иако промените може да бидат страшни, во суштина се добри. Дури и да не излезе како посакуваното, знаете дека сте побогати за едно искуство повеќе.rn
8. Добро се справувате со стрес
rnИако не секогаш ви успева добро и разумно да се справите со стресот, знаете колку е важно како вие реагирате на стрес. Затоа се осврнувате кон нештата кои ве смируваат и знаете дека некогаш е подобро да ја преспиете вечерта и наутро да донесете одлука што ќе правите. Вашиот лек при стресни ситуации може да биде осврнувањето кон религијата, долгите прошетки, слушањето музика и сл.rn
9. Се грижите за вашата исхрана
rnЗнаете колку е важна здравата исхрана и физичката активност. Се грижите за себе за што телото ви возвраќа со енергија, баланс и добро здравје.rn
10. Останувате во форма
rnНе вежбате само за да го отстраните вишокот килограми. Вежбате за едноставно да останете во форма. Тоа е дел од вашиот здрав начин на живот и покажува колку сте истрајни, мотивирани и доследни до своите принципи.rn
11. Посветувате внимание на физичкиот изглед
rnЗнаете дека физичкиот изглед не е пресуден, но исто така знаете дека е важен. Сакате да зрачите со професионалност и токму поради тоа нема да направите утка при изборот на гардероба за интервју за работа.rn
12. Негувате цврсти врски со блиските
rnВрските со членовите на вашето семејство, пријателите или со вашиот партнер ви се важни и вложувате во нив. Знаете дека успешниот човек секогаш негува цврсти пријателства, здрави семејни односи и љубовни врски. Подарувањето љубов значи и добивање љубов, а ако човек не знае каде припаѓа лесно може да се изгуби.rn
13. Едноставно, се забавувате
rnИмате полн распоред. Не безделничите и точно знаете што ќе правите утре. Но, исто знаете и како да го организирате слободното време. Само работа и сериозност ќе ве направи здодевни личности кои заборавиле како да уживаат во животот, затоа знаете како да се опуштите и да го доживеете животот како голема забавна авантура.rnrn
rn14. Благодарни сте и скромни
rnИскрено сте благодарни за малите нешта со кои секојдневно сте благословени. Не се поставувате надмено и во принцип сте скромни и едноставни личности кои знаат да го ценат и вреднуваат животот.rn
15. Имате животно мото
rnИли, уште подобро, повеќе од едно. Секогаш се водите по некоја движечка сила која ве мотивира и инспирира. Не само мото, тоа може да биде и нечија животна приказна. Секогаш наоѓате зборови кои ви го поттикнуваат расположението и ве охрабруваат кога ќе се почувствувате несигурно.rnrnСигурно по читањето на овој текст сфативте колку вложувате во остварувањето на вашите цели во животот и оваа доза на самодоверба ви беше потребна. А, доколку мислите дека некои од горенаведените работи не ги применувате, сега е вистинско време да почнете.
-

Како да се засакате себеси?
Многумина луѓе толку се мразат себеси, што самопочитувањето им се чини како далечен сон. Илузија, која постои само да ги измачува и гони во текот на животот. Сепак, надежта постои и нештата може да се променат. Со овие едноставни препораки, секој ден сѐ повеќе и повеќе ќе се засакувате себеси. Затоа, запомнете дека:rnrn
rnВо моментов сте токму онаму каде што треба да бидете
rnОва значи дека не треба негативно да гледате на сите минати „грешки“ и „неуспеси“. Всушност, тие биле неопходни за да го постанете она што сте сега и да можете да напредувате во иднина. Престанете да се каете за сите работи што сте или не сте ги направиле вчера, пред една година или дури и деценија. Прифатете ги случките во вашиот живот, учете од нив и заборавете ги. Сигурно ве чекаат подобри нешта во иднина. Не ризикувајте да ве одминат најубавите моменти и шанси, кои веќе никогаш нема да се повторат.rn
На другите не им должите објаснување за она што сте
rnДали некогаш сте зборувале со некого и сте имале потреба да си ги оправдувате мислите чувствата и постапките? Никому не му должите објаснување за вашите размислувања, верувања и она што самите сте. Одговорни сте единствено пред самите себе. Едноставно одговорете им дека така сте се чувствувале во моментот и крај на дискусијата.rn
Треба да ги цените сопствените квалитети
rnСите имаме слабости кои со задоволство би ги промениле. Но, проблемот настанува кога повеќе се сосредоточувате на нив, отколку на јаките страни. Никогаш нема да се засакате себеси доколку постојано си пронаоѓате нови маани. Затоа, престанете да се саботирате и промовирајте си ги прекрасните особини и таленти што ги поседувате. Направете листа од сите работи, што ви се допаѓаат кај вас. Барем за момент заборавете на скромноста. Бидете искрени спрема себе. Кога и да не се чувствувате добро, само погледнете ја листата и ќе сфатите колку навистина вредите.rn
Не треба да ги преувеличувате квалитетите на другите
rnМногу често ги преценуваме добрите особини кај другите луѓе. Ги идеализираме и ги замислуваме многу подобри од она што навистина се. Се споредуваме со нив, што пак прави да се чувствуваме искомплексирано. Но, тие не постојат за да се споредуваме со нив. Само затоа што не ги гледате нивните маани, не значи дека не постојат. Признајте си дека тие се добри во некои нешта, а вие во други. Можеби и тие се угледуваат на вас за одредени работи, а вие тоа не го ни забележувате.rn
Треба да си ги разберете емоциите
rnСлучувањата сами по себе немаат значење. Ние самите им го даваме, а притоа голема улога имаат искуствата од минатото. Еден ист настан, може да биде доживеан со две различни емоции, во завидност од претходните искуства. Па така, кога се чувствувате лошо за нешто што сте го направиле или не, потрудете се да ја разберете емоцијата зад тоа. Причинско-последичен однос. Тоа е сѐ.rn
Со работа и труд се доаѓа до совршенство
rnНе може преку ноќ да се засакате себеси и веќе никогаш да не размислувате за тоа. За ваква промена потребно е многу внимание и посветеност. Секојдневно треба да градите добра врска со себе, исто како што тоа се трудите да го направите со другите луѓе. Вие самите сте приоритет. Дадете си до знаење дека може да поминете низ сѐ и одберете да бидете победник, наместо жртва. Она во што верувате, тоа и ќе станете. Затоа, отворете го умот за убави и позитивни нешта и сакајте се себеси.
-

Зошто е важна самодисциплината и како да ја развиеме?
Автор: Петар Лазаровrnrn
- rn011
- Дали започнувате со некоја активност или проект и го завршувате до крај!?
- Дали кога ќе ветите нешто (па дури и кога е само на себеси) го исполнувате!?
- Дали лесно кажувате НЕ на некое провокативно јадење, а притоа сте на диета!?
- Дали станувате порано секој ден и работите на себе (вежбање, прошетка, читање)!?
- Дали станувате да завршите некоја работа што сте рекле дека ќе ја завршите, кога само ви се дреме и/или гледа ТВ!?
- Дали станувате на првото ѕвонење на алармот, или после 4-5 притискања на „snooze”!?
- Дали сте биле на сите тренинзи на фитнес или пилатес?
- Дали ја проверувате електронската пошта во одредено време во денот (или постојано пораките ви го одвлекуваат вниманието)!?
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrnДоколку одговоривте ДА на овие прашања, тогаш вие нема потреба да читате понатаму. Но, доколку во повеќето од прашањата се пронајдовте дека го правите спротивното, тогаш се работи за помала (само)дисциплина и можеби би ви користело да го прочитате текстот во продолжение.rnrnДисциплината е систем на активности кои водат кон остварување на определена цел или идеал. Таа претставува доминација на волјата во однос на некои примални (основни) желби. Дисциплината претставува контрола над нашите емоции и начин како да се надминат нашите слабости. Затоа многу често таа се поистоветува и со самоконтрола и мотивација. Дисциплина е кога го користиме разумот со цел да ја донесеме вистинската и најправилната одлука, а која можеби е спротивна на нашата желба. Често дисциплината значи жртвување на задоволството и возбудата од некоја активност, за нешто што не е толку возбудливо, но сигурно многу повеќе во релација на нашите генерални цели. Тоа е така и така мора да го прифатиме.rnrnСо самодисциплина обезбедуваме контрола и моќ врз нашите животи. Таа е основата за развој на нашиот карактер.rnrn„Штом ќе се обврзете за нешто, потребна ви е дисциплина и макотрпна работа да го остварите тоа.“rn- Хајле Гебресиласие, маратонец
rnМногу луѓе сметаат дека ако си дисциплиниран, си војник и ја губиш креативноста и слободата. Но, тоа е огромна грешка. Дисциплината дури и значи слобода. Колку повеќе ја развиваме нашата самодисциплина, толку повеќе се здобиваме со контрола над нашите акции и емоции и со тоа си обезбедуваме поголема продуктивност, намалување на проблемите, како и можност за успех, почит и подобро физичко и ментално здравје.rnrnДобра вест е дека дисциплината, како и секоја вештина, може да се учи и развива. Еве неколку совети кои може да ви помогнат да ја развиете вашата самодисциплина:rnrn1. Свесност: Примарно е да знаеме и да бидеме свесни што правиме и што не правиме. Какви активности и одлуки превземаме, и дали сме сосема свесни за нивните последици. Ако не сме свесни дека нашето однесување е недисциплинирано, тогаш како ќе знаеме да го подобриме?!rnrn2. Самопознавање: Дисциплината е систем за менаџирање на желбите и потребите. Доколку ние си ги познаваме добро нашите потреби, тогаш ќе донесуваме најдобри одлуки кои се во релација со нашите цели и вредности.rnrn3. Обврзување на самодисциплина: Кога ќе ги дефинирате вашите задачи и активности, мора да се обврзете дека ќе ги завршите. Самодисциплина е кога почетниот ентузијазам за некоја работа ќе исчезне, вие сепак да останете мотивирани и да ја завршите задачата.rnrn4. Завршување на работите: Дадете си ветување дека сите работи што ќе ги почнете, ќе ги завршите. Без разлика дали планираниот ефект ќе се изгуби и/или нема поента во завршување на работите, вие бидете доследни на тоа што сте си го ветиле и завршете ја работата.rnrn5. Храброст: Потребна е огромна храброст да се биде дисциплиниран. Мора да си признаеме дека некои работи се тешки да ги направиме и потребна ни е храброст за да ги направиме.rnrn6. Откачете ги изговорите: Бидете свесни и искрени со себе. За да не направите некоја работа, мозокот е спремен да измисли фантастични изговори. Не барајте изговори, туку засукајте ги ракавите и најдете решение и завршете ја работата.rnrn7. Почнете со ситни обврски: Зададете си мали одговорности и задачи за исполнување, или задачи за во точно определено време од денот. Со нивно исполнување вашата самодоверба ќе се зголеми и веројатноста за исполнување на посериозните задачи е поголема.rnrn8. Фокус: Не дозволувајте глупости да ви го одземаат вниманието. Нашиот мозок е дизајниран да ги завршува работите. Но, ако сред некоја активност ни се попречи некоја друга, тогаш мозокот бара таа истата да се заврши. И ако постојано ни се уфрлаат некои други работи, тешко ќе биде да го завршиме она што сме го почнале.rnrn9. Вежбајте рутина: Звучи досадно, но е еден од најдобрите начини за учење на дисциплина. Правење на некои работи секој ден, а не кампањски. Тоа ни дава рутина, што влијае на развојот на позитивните навики.rnrn10. Разговарајте со дисциплинирани луѓе: Алоцирајте некои личности во вашиот живот (пријатели, колеги, роднини) кои сметате дека се самодисциплинирани и разговарајте со нив. Како тие ги прават работите, како тие се справуваат со сите тешкотии итн.rnrn
„Сите ние мора да поминеме низ процесот на патење од една од овие 2 работи: болката што ја предизвикува дисциплината или болката од каењето и/или разочарувањето.“rn- Џим Рон, претприемач и автор
rnОдбивам каење и разочарување, јас повеќе сакам да се справувам со болката на дисциплината.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 лекции кои ги учиме за пријателството во нашите 20-ти
Нашето мислење за пријателството се менува многу во 20-тите години од нашите животи. Еве што сè учиме за пријателството во оваа декада.rnrn
rn1. Некои пријатели едноставно не го заслужуваат вашето време
rnКако што се менува вашиот живот, а и вашите приоритети, ќе сфатите дека некои личности едноставно не го заслужуваат вашето време и дека не се вклопуваат веќе во вашите животи. Како што влегувате во светот на возрасните, сосема нормално е да развиете поинакви мислења и ставови за животот, и истите може да не се ни малку слични со мислењата и ставовите на вашите пријатели од средно.rn
2. Секогаш наоѓајте време за оние кои го заслужиле вашето време
rnНо секако, тука се и пријателствата кои се вредни за вашиот труд, како и за вашето време. Во 20-тите учиме дека иако многу пријателства се прекинуваат, постојат и такви кои не смееме да ги запоставиме. Иако се ретки, постојат пријателства кои се долги и искрени. Тоа се луѓето со кои може секогаш да си направите добар муабет, да се разберете и да си дадете совет и најважно од сè, да се чувствувате пријатно во нивно друштво.rn
3. Истовремено е и потешко и полесно да склопите пријателства кога сте возрасни
rnБидејќи точно знаете што барате кај пријател, може да ви биде потребно време за да пронајдете таква личност. Исто, бидејќи веќе почнувате да имате големи обврски, не можете да им посветите многу време на пријателствата. Но, од друга страна, вие веќе сте насочени кон главните интереси во животот, факултет или работна кариера, и многу полесно ќе склопите пријателства кога веќе се движите во такви кругови и се дружите со луѓе кои имаат слични интереси.rnrn
rn4. До крајот на 20-тите секој од нас има помалку, но повредни пријателства
rnБројот на вашите пријателства ќе се намали со тек на време. Некои од вашите пријатели ќе се преселат во друг град/држава, други ќе бидат премногу зафатени со работата и семејството и сами ќе се оддалечат од вас, за некои пак едноставно ќе сфатите дека не сте толку добри пријатели како што сте биле некогаш. Но пријателствата кои ќе продолжат да траат, иако помали на број отколку во средно, ќе стануваат сè повредни и побогати.rn
5. Никогаш нема да го/ја заборавите најдобриот/ата пријател/ка од детството
rnБез разлика колку време минало откако сте се виделе за последен пат, секогаш може да се потсетите на некои смешни ситуации низ кои сте минале заедно.rnrn
rn6. Некогаш пријателствата бараат повеќе труд
rnНе секогаш во вашето пријателство ќе тече мед и млеко. Некогаш ќе треба да вложите екстра труд во пријателството. Не сакате да се разделите и никогаш да не разговарате повторно поради банална кавга. Во 20-тите сфаќаме дека многу нешта можат да ни се случат и нам, како и на нашите пријатели. Доколку најдобрата пријателка се пресели во друг град, ќе сфатите дека сакате да вложите напор и понатаму да го одржувате вашето пријателство и покрај географската оддалеченост. Доколку дојде до конфликт ќе пробате да го решите. Бидејќи знаете колку скапоцени се ретките пријателства, нема да кренете раце лесно. Ќе се откажете тогаш кога ќе ви стане јасно дека другата страна не вложува толку напор или дека веќе е залудно.rn
7. Не мора да бидете најдобри пријатели со пријателите на вашето/ата момче/девојка
rnНиту пак мора да станете најдобри пријателки со девојката на вашиот најдобар другар. Не постојат правила. Да, може да се согласувате и да се гледате често, но не мора да значи дека ќе станете најдобри пријателки, па не јадосувајте се ако не се случи тоа.rn
8. Пријателите може да престанат да ви бидат пријатели
rnДа, може да ве „откачат“, да се оддалечат од вас, да си најдат други пријатели и слично. Бидете подготвени. Исто како што вие може да посакате да прекинете некое пријателство (види број 1), така и некој друг може да посака да го прекине пријателството со вас. Не мора да значи дека вие сте лоши личности, едноставно од x причини вашите патишта се разидуваат.rn
9. Секогаш може да разговарате со вистинскиот пријател
rnВистинскиот пријател е секогаш тука да ве ислуша, макар и преку скајп или телефонски разговор. Истото се очекува од вас, едноставно да бидете тука за некого. Со тек на време учиме многу да ги вреднуваме разговорите, советите, па макар и само трпеливото слушање од нечија страна.rn
10. Вашата мајка навистина може да ви биде најдобра пријателка
rnВо средно сигурно криевте некои работи од вашата мајка, и во одредени периоди од вашето тинејџерство сте мислеле дека воопшто не ве разбира и дека живее во поинаков свет од вашиот. Но како што растете, сфаќате дека таа може навистина да ви биде најдобрата пријателка која некогаш сте ја имале.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Кои се причините поради кои момците сакаат да останат во врска со вас?
Сексот е едноставен. Луѓето постојано физички се привлекуваат и многумина немаат никаков проблем веднаш по запознавањето да ја поминат вечерта заедно. Па, што е тоа што ги прави врските толку тешки и комплицирани? Зошто постојат толку многу слободни девојки кои сѐ уште го бараат Вистинскиот? Доколку сте една од овие девојки, постои веројатност дека сѐ уште не сте научиле што тој бара од една љубовна врска.rnrn
rn1. Давајте му простор
rnСекоја жена знае дека на мажот му е потребен свој простор. И обратно. Мажите не сакаат кога барате од нив детално да ви го раскажуваат целиот ден, или пак, доколку постојано ги барате на мобилен за да ги прашувате што точно прават во тој момент. Да бидеме реални, и вие на нивно место би полудувале во вакви ситуации.rn
2. Прифатете го онаков каков што е
rnМожеби најважното нешто на оваа листа е тоа да можете да го прифатите онаков каков што е. Не се обидувајте да го промените во нешто што едноставно не е. Да, сите ние свесно или несвесно влијаеме врз нашите партнери, но сосема е погрешно доколку се обидуваме од корен да ги промениме. И секако, не заборавајте дека неговото минато не може никако да се промени. Фокусирајте се на личноста која е тој денес.rn
3. Нека му биде забавно да поминува време со вас
rnИ покрај тоа што не треба да ги менувате вашите интереси и размислувања за никого, сепак треба да им дадете шанса и на неговите замисли за забава. Доколку тој сака да танцува по цели ноќи, одвојувајте време да му правите друштво. Или пак, ако е многу заинтересиран за научната фантастика и ги знае напамет сите филмови и ТВ серии од оваа област, доколку не се запознаете и вие со нив, како би разговарале на неговите омилени теми? Секако доколку и тој не го прави истото за вас, тогаш можеби е подобро да најдете некој со кој имате повеќе заеднички работи.rnrn
rn4. Почитувајте се себеси
rnОвој совет не само што е добар за во врските, туку и за надвор од нив. Вие не смеете никому да му дозволите да се однесува кон вас како кон ѓубре. Без разлика дали станува збор за вашиот партнер, шеф, пријател или случаен минувач. Мажите не сакаат да бидат во врска со девојка која им дозволува да ја злоупотребуваат. Во тој случај тие ќе си ја завршат својата работа и ќе продолжат понатаму. Без вас. Доколку се почитувате себеси, вие исто така нема да дозволите и да се менувате за некого. Во успешните љубовни врски партнерите се рамноправни.rn
5. Трудете се
rnМажите веднаш го забележуваат вложениот труд во врската. Доколку е доволно само едно несогласување за да посакате да истрчате низ вратата, тогаш тој ќе помисли дека вие веќе сте на пола пат надвор од врската. Потребно е многу време и труд за да постигнете сериозна љубовна врска и доколку не сте подготвени да му покажете дека имате желба тоа да го направите, тогаш тој воопшто нема да ве сфаќа сериозно.rn
6. Бидете добра личност
rnБез разлика на она што го гледате на малите екрани, мажите едноставно не сакаат лоши девојки. Секако, тие сакаат жена која се бори за себе и која има голема самодоверба, но доколку удирате кутриња или бркате мали дечиња тогаш тој два пати ќе размисли дали ќе сака да го помине својот живот со вас. Мажите сакаат жени кои имаат топло и грижливо срце.rnrn
rn7. Грижете се за вашиот изглед
rnДа, изгледот е важен… Но, не онака како што вие мислите. Спротивно на општото верување, мажите не се заинтересирани да имаат „совршена“ жена. Вие не мора да изгледате како супермодел и секојдневно да одите во теретана, но мора да ја одржувате вашата хигиена. Туширајте се редовно, ставајте барем малку шминка и исчешлајте ја косата. Не би сакале да сте во врска со личност која ќе мисли дека сте комплетен хаос.rn
8. Не ја кријте вашата интелигенција
rnДа, сите ние сме запознале мажи кои имаат потреба да бидат „попаметните“ во врската. Но, тие се оние кои брзо продолжуваат понатаму. Оној кој е заинтересиран за сериозна врска полна со љубов, почитување и разбирање ќе ја цени вашата интелигенција и ќе биде горд на неа. Во вистинската љубовна врска постои и ментална привлечност покрај физичката. Размислете, кога ќе бидете престари за секс, што друго ви преостанува да правите?rn
9. Имајте голема самодоверба
rnМажите веднаш ги забележуваат жените кои имаат голема самодоверба затоа што знаат дека тие се способни да направат многу работи во нивниот живот. Токму затоа, доколку мислите дека можете нешто да направите, не се однесувајте како да не можете. Бидете горди на своите постигнувања, бидете доследни на вашите соништа и цели и тој веднаш ќе посака да поминува повеќе време со вас. Големата самодоверба е заразна.rnrn
rn10. Бидете независни
rnВо врската не е важна само неговата независност, туку и вашата. Морате да научите како да ги правите нештата без притоа да се консултирате за секоја ситница со него. Бидете своја личност и не бидете онаа девојка која го губи својот идентитет кога е покрај својот партнер.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Еве ги вештините со кои ќе го импресионирате секој маж
Никогаш не треба да се менуваме за некого, но еве кои се вештините кои би го импресионирале секој припадник на машкиот род, а кои се истовремено и многу корисни за вас самите.rnrn
rnСамоодбрана
rnМажите сакаат независни жени. Способноста да се грижите сами за себе е многу привлечна. Во бајките, жените обично се преставени како слаби и беспомошни, но во реалниот живот тие треба да се силни и вешти. Па, според тоа, еден од талентите што би го воодушевил секој маж се и вештините за самоодбрана. Зошто да не почнете да посетувате кик-бокс или некои други слични дисциплини?rn
Јавно говорење
rnМажите сакаат жени кои знаат да зборуваат јавно. Ставете и се и вие во истата позиција: дали повеќе би се одлучиле за некој кој едвај плашливо склопува реченици или за некој кој зрачи со самодоверба? Потребна е храброст за јавно говорење и кога некој ќе види дека тоа ви оди лесно, тоа секако би било привлечно.rnrn
rnГотвење
rnСигурно сите ја имате слушнато поговорката Готвењето е најсигурниот пат до машкото срце. Дури да научите само еден или два оброци, верувајте дека веднаш ќе има позитивни реакции. Секако, готвењето е вештина што помага и во други ситуации. На пример, кога сакате да ги воодушевите пријателите, зошто да не направите една чинија домашни колачиња како подарок за нивниот роденден.rn
Танцување
rnИма многу различни видови танц, како и различни типови мажи. Некои повеќе ја сакаат грациозноста на балетот, додека пак други се за нешто побрзо и модерно. Сѐ зависи од тоа кого се трудите да воодушевите. Најдобро е да го правите она што ве прави да се чувствувате убаво. Нека сопствената исполнетост и забава ви биде приоритет, а импресионирањето нека дојде само како бонус.rn
rnГимнастика
rnМажите сакаат еластични жени. Секако не треба да вежбате гимнастика само поради тоа, туку затоа што навистина е добро за здравјето и телесната тежина.rn
Пеење
rnДури и ако некој не е многу убав, ако таа личност знае да пее, веднаш ви станува посимпатична и попривлечна. Така и мажите гледаат на жените кои знаат да пеат. Не мора професионално да се занимавате со тоа, но барем блеснете на некое караоке каде секој ќе може да ги забележи вашите пеачки способности.rnrn
rnДобро согласување со деца/животни
rnМожеби ова не е типичен талент, но сепак човек треба да има одредени вештини за да знае како треба да се однесува со деца или животни. Доколку умеете да смирите пискаво бебе, сите тоа ќе го сметаат за плус. Доколку кученцата најпрвин доаѓаат кај вас, сигурно има нешто. Се вели дека животните имаат шесто сетило, па кога тие ве сакаат, тогаш и луѓето ќе се чувствуваат така.rnrnДоколку ви се допаднаа вештините, зошто да не се обидете и со малку труд да внесете големи промени во сопствениот живот? И за крај, запомнете дека првенствено треба да го направите тоа за себе, а импресионирањето ќе си дојде само по себе.
-

Два основни видови карактери кои нè обликуваат како личности
Дали имате навика да ги избегнувате предизвиците или да се соочувате со нив? Дали трудот и упорноста ги сметате како пат до успехот или залудно трошење време?rn
rn
Ова е едноставен, но корисен приказ на двата сосема спротивни карактерни особини кои нè обликуваат како личности. Каде се пронаоѓате себеси, во левата или десната колона?
rnrn
rn rn
rn rn Статичен менталитет
rnИнтелигенцијата е статичнаrnrnВоди до желба да се изгледа паметно и има тенденција да:
rn
rn Растечки менталитет
rnИнтелигенцијата се развиваrnrnВоди до желба да се надградуваат сопствените знаења и интереси и затоа има тенденција да:
rn
rn
rn Избегнува предизвици rn
Ги прифаќа предизвиците rn
rn
rn Лесно да се предаде пред препреките rn
Да биде отпорен и издржлив на препреките rn
rn
rn Вложувањето напор го гледа како залудно и без цел rn
Вложувањето напор го гледа како пат до успехот rn
rn
rn Не може да поднесе критика и го игнорира негативниот фидбек што го добива од другите, иако е добронамерен rn
Учи од упатените критики rn
rn
rn Се чувствува загрозено поради туѓиот успех rn
Успехот на другите го гледа како инспирација и поука rn
rn
rn Како резултат нема да го достигнат својот потенцијал и многу рано во животот ќе застанат на статична точка која не води до напредок. Ова е одраз на детерминистички поглед на светот, односно покорување на силата и законите на природата, верувајќи дека човекот е немоќен да влијае. rn
Како резултат постигнуваат високи и важни успеси во животот. Ова им дава чувство на моќ и слободна волја. rn
rn
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
