КАФЕ ПАУЗА

Tag: трева

  • Одговори на смешни прашања кои ги поставуваат дечињата

    Одговори на смешни прашања кои ги поставуваат дечињата

    Дали понекогаш ви се случило да останете збунети кога вашето дете или внуче одеднаш ќе се сврти кон вас со некое прашање и љубопитно ќе почне да трепка? Магазинот „Real Simple“ за таа цел, приготвил краток прирачник кој ги нуди вистинските одговори на мистериите на детскиот универзум.rnrnОдговори на смешни прашања кои ги поставуваат дечињатаrn

    „Дали рипчињата спијат?“

    rnПа може да се рече дека спијат, но никогаш нема да ги „уловите“ со затворени очи, бидејќи тие едноставно не ги затвораат очите. Повеќето видови риби имаат одредени фази во текот на кои нивниот метаболизам се забавува, така што и тие секако се одмораат, иако и тогаш очите им се ширум отворени.rn

    „Зошто тревата e зелена?“

    rnПоради хлорофилот, односно зелениот пигмент кој им овозможува на билките да се хранат.rn

    „Зошто икаме?“

    rnИкањето обично се појавува кога од некоја причина ќе се иритира дијафрагмата, мускулот на дното од градниот кош. Потоа, дијафрагмата брзо ќе се повлече, така што воздухот силно ќе навлезе во белите дробови, а кога тој воздух ќе „удри“ во говорниот апарат, се случува икањето – објаснува д-р Норман Еделман од Здруженијата на американските пулмолози. Икањето ќе престане кога ќе се опушти дијафрагмата.rn

    „Зошто зевањето е заразно?“

    rnИталијанските научници минатата година се занимавале со овој феномен. За заразност на зевањето е заслужна емпатијата. Произлегло дека поголема е веројатноста дека и ние ќе се проѕевнеме доколку зева некој што ни е нам близок, како на пример член на семејството или близок пријател, отколку ако зева некој кој не го познаваме. Според тоа, слободно можете да му кажете на вашето дете, дека ако почне да зева откако вие сте се проѕевнале, тоа всушност значи дека вам со тоа ви вели: „Мамо/тато те слушнав, и јас сум уморен“.rn

    „Зошто мастиката не се лепи на забите?“

    rnОбјаснете му на детето дека тоа е иста ситуација како кога може да се слизне кога паѓа дожд или кога подот е мокар од некоја причина. Мастиката допира на забите кои се влажни од плунката, чие излачување е додатно зголемено поради џвакањето мастика – вели Де Ирвин Шмигел од Американската асоцијација на стоматолози.rn

    „Зошто ни кркорат цревата?“

    rnАко не сме јаделе некое време, мозокот му испраќа порака на желудникот дека е време за јадење. Тој сигнал предизвикува „грмотевици“ бидејќи се ослободуваат желудочни сокови за да може храната која се очекува да се свари. Ако видиме или помирисаме храна, „одговорот“ на нашиот стомак ќе биде уште поинтензивен.rn

    „Зошто не можеме да се скокоткаме сами себе?“

    rnКога некој ќе нè заскокотка, почнуваме да се смееме, подвикнуваме и се обидуваме да се оттргнеме, но ние всушност повеќе реагираме на ефектот на изненадување, отколку на самото скокоткање. Ако се обидеме да се заскокоткаме самите себе, ние однапред знаеме што ќе се случи, па поради тоа ефектот на изненадување изостанува и скокоткањето нема никакво влијание.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еко-уметност: портрети од вистинска трева

    Еко-уметност: портрети од вистинска трева

    Британското дуо Хедер Акројд и Ден Харви содава уметност од вистинска, жива трева. Ја садат и внимателно ја одгледуваат сè додека не го добијат она што го замислиле, а тоа се фантастични уметнички дела. Сè што им е потребно е обично семе, вода, светлина и фотографски негативи. Светлината и сенката која ја формираат негативите се главните виновници за овие необични портрети.Еко уметност: портрети од вистинска треваЕко уметност: портрети од вистинска треваПокрај бизнис партнери, тие се и животни сопатници. Во едно интервју Акројд на шега изјавила:rn
    rn

    „Растеме деца и трева заедно.“

    rnСпоред неa, овие уметнички дела ја отсликуваат силата на природата и непобитноста на фактот дека целосно зависиме од фотосинтезата кај растенијата.rnrnЕко уметност: портрети од вистинска треваЕко уметност: портрети од вистинска треваЕко уметност: портрети од вистинска треваЕко уметност: портрети од вистинска треваЕко уметност: портрети од вистинска трева
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вертикална шума

    Вертикална шума

    Автор: Горана КоневскаrnrnrnАрхитектот Стефано Боери планира да ја „изгради“ првата и најневеројатна вертикална урбана шума во Милано. Одлична и дефинитивно инспирирачка идеја! Иако често среќаваме одлични идеи кои остануваат нереализирани, сепак, тоа не е случајот и со овој проект. Нацрт планот и буџетирањето се веќе завршени и се поставени првите рамки на проектот.rnrnБоско вертикале ќе чини 6 милиони евра, а тука се планирани не само растенија и дрвја, туку и луксузни апартмани. Секој од апартманите има балкон дизајниран да издржи отприлика 900 мали дрвја и растенија, со тоа што фасадата на зградата ќе биде налик на шума.Вертикална шумаКреаторите на проектот тврдат дека на оваа кула ќе бидат достапни отприлика 10.000 квадратни метри на кои ќе бидат засадени разни видови дрвја, растенија, трева и сл., и ќе придонесат за филтрација на воздухот, задржување на прашината, подобрување на микроклимата, заштедување на енергија, апсорпција на CO2 и сл.Вертикална шумаВертикална шумаСè уште не е утврдено дали шумата ќе биде достапна за прошетки на сите граѓани или само на тие кои ќе живеат во нејзе.rnrnОва е навистина интересно. Да се живее во шума, а сепак истовремено да се живее и во град. Тоа сега ќе стане можност за некои од граѓаните на Милано. Исто така, овој концепт може да придонесе за воведување на повеќе зеленило во градовите при изградба на нови зданија – еден сосема нов правец на екстериерната уметност.Вертикална шумаВертикална шума
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Црвената плажа во Кина

    Црвената плажа во Кина

    Црвената плажа се наоѓа на реката Лиаохе, која се наоѓа 30 километри северозападно од градот Панжин во Кина. Своето име плажата го добила благодарение на нејзиниот изглед, кој е предизвикан од една морска трева која цвета на солена почва. Тревата започнува да расте во април или во почетокот на мај и преку лето е зелена.Црвената плажа во Кина На есен, таа добива црвена боја, а плажата наеднаш добива изглед како да е прекриена со црвен килим и создава еден уникатен пејзаж. Поголемиот дел од „Црвената плажа“ е заштитен и затворен за посетителите.Црвената плажа во КинаЦрвената плажа во КинаЦрвената плажа во КинаЦрвената плажа во КинаЦрвената плажа во КинаЦрвената плажа во Кинаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    Секојдневието на кучињата се состои од играње, пешачење, трчање, спиење и јадење. Но, сакајќи постојано нешто да грицкаат помеѓу забите, и кучињата исто како и луѓето, можат да се здебелат од консумирање нездрава храна и да станат тромави и мрзливи. Доколку сакате да се погрижите вашето куче повторно да има добра линија, прочитајте како да му помогнете да ги стопи вишокот масти, со помош на здрава диета.

    rn

    Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    rnrn

    Дали вашето куче е дебело?

    rnАко не сте сигурни дали е вашето куче полно или има таква природна конструкција, прво посоветувајте се со ветеринар, да видите што тој мисли. Ако и тој утврди прекумерна тежина, тогаш време е да преземете нешто. На кучињата кои имаат нормална телесна тежина, мешето не треба да им виси повеќе од градниот кош кога ќе го погледнете во профил. Исто така грбот не треба да му биде многу обемен.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Измерете му ги килограмите на вага

    rnПред да го стартувате здравиот режим на живот на вашето куче, кренете го внимателно во раце и качете се на вага. Потоа едноставно, одземете ја вашата телесна тежина и ќе ја добиете неговата маса. Проверете која е идеалната тежина за расата на вашето куче, според табелата направена од американското здружение за спречување на здебелувањето на животните.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Не му давајте да јаде од вашата храна

    rnПрвата работа која треба да ја направите за да ја ставите под контрола тежината на вашето куче, е да престанете да му давате храна за луѓе. Миленичето можеби на почетокот ќе биде вознемирено, ќе ви се лути, а можеби и ќе ве моли со тажниот поглед во очи, да му фрлите некое мевце под трпезата. Но, доколку сакате да му помогнете со проблемот со килограмите, тогаш не треба да му попуштате. Човечката храна многу лесно се таложи на кучињата. Можеби си мислите „ако јас ја јадам, зошто да не може и моето куче?“, но неговото тело не е исто како вашето и нему не му е потребна вашата храна, си има своја.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Избегнувајте да му давате да грицка помеѓу оброци

    rnДиетата за вашето куче не мора да биде многу строга. Откако ќе престанете да му давате од вашата храна, внимавајте да не му давате многу често да грицка меѓу оброците. Почекајте да видите дали ќе има некаква промена во неговите килограми. Вие ќе можете и понатаму да го почестите зашто на пример, дента многу послушно реагирало на вашите наредби, а притоа да не внесува непотребни калории. Дајте му здрави грицки како морков или целер. Не сте сигурни дали вашето куче ќе сака да јаде морков? Обидете се, можеби ќе се изненадите од неговата реакција.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rnrnАко и понатаму е доста полно вашето кутре, тогаш ќе мора да ја намалите количината на кучешка храна која му ја давате, но за ова е подобро прво да се посоветувате со неговиот ветеринар, за да не дозволите тоа да прегладнува.rn

    Избегнувајте ја диеталната кучешка храна

    rnНе користете диетална кучешка храна за поедноставно да го решите овој проблем. Основните хранливи состојки се отстранети од оваа храна, за да се намали нејзината калоричност. Проблемот се состои во тоа што, основните масти се неопходни за вашето мило животинче да има здрава кожа, убаво крзно и високо енергетско ниво. Ако сепак решите да му давате диетална храна, правете го тоа постепено, а не одеднаш. Првите денови мешајте му ја со регуларната храна која ја јаде.rn

    Носете го секојдневно на прошетка во паркот

    rnТерајте го вашето куче повеќе да вежба за да ја намали неговата тежина. Секако, тоа не значи дека треба да го носите вашето куче на едночасовна прошетка, доколку тоа досега било навикнато на 15 минути движење на ден. Исто како и кај луѓето, и на вашето куче му е потребно прво да стекне малку кондиција, за да не се исцрпува и да нема болки во телото. Постепено, од ден на ден, покачувајте ги минутите наменети за прошетка и трчање. Така, ако тоа е навикнато на 15 минути спортување дневно, тогаш покачете го ова време на 20-25 минути на ден. После една недела покачете го уште за 5-10 минути и така секоја седмица.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Терајте го да трча кога ќе му фрлите играчка

    rnВо продавниците за миленичиња, ќе најдете разнообразни играчки за кучиња. Сите играчки кои се лесно преносливи, се одлични за неговата диета. Користете топчиња, фризби, плишани играчки или некоја друга ваша омилена играчка. Фрлете ја во тревата еднаш, два пати, пет пати, сè додека вашето кученце не се растрча малку.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Шетајте го по трева и песок, а не по асфалт

    rnСекогаш земајте ја предвид површината по која вашето куче пешачи. Оние кучиња кои секогаш пешачат по тротоари и асфалтни површини, ги абат нивните зглобови и шепи. Пешачењето по трева и песок е добро за неговите зглобови, а зелената околина ментално ќе ја стимулира неговата љубопитност и ќе го направи потолерантно за подолго движење.rn

    Вежбајте го вашето куче наутро

    rnАко го терате вашето куче да вежба рано наутро, пред да јаде појадок, ефектите ќе бидат многу поголеми отколку ако вежба поручек или навечер. Однесете го на прошетка во зеленило рано наутро што ќе му овозможи да согорува калории во текот на целиот ден, дури и кога ќе одмора. Доколку ова го практикувате секој ден и вие паралелно ќе одржувате здрава линија на вашето тело.rn

    Стимулирајте го психички

    rnУпотребувајте мили зборови и погалете го вашето куче пред, за време и по вежбањето, за тоа да знае дека ја прави вистинската работа и ги исполнува вашите желби. Колку и да ве сака кучето, ако му претставува тешкотија да вежба, ќе треба повеќе да се потрудите со менталната стимулација.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rnrnАко вашето куче има здравствени проблеми, слушајте ги исклучиво советите од ветеринарот. Доколку тоа е сосема здраво, а има проблем само со тежината и сакате да создадете здрави навики во неговото, а со тоа и во вашето секојдневие, тогаш правилно следејќи ги овие освети, очекувајте резултати за неколку месеци. Идеално е вашето куче, на неделно ниво да губи од 1-2% од телесната тежина.rnrnПрочитајте и како правилно да го чешлате вашето бушаво куче.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Колкав дел од вашата омилена гардероба била жртва на дамки кои се создале поради инциденти при јадење, незгоди или други непредвидени случувања? Никогаш не треба да брзате, откажувајќи се од нивното отстранување. Ова се неколку начини како да се справите со нив.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Основни правила за поголема ефективност:

    rn

      rn011

    • Запаметете дека со дамките треба да се справите најбрзо што можете, бидејќи имате поголеми шанси да ги отстраните додека се свежи.
    • rn011

    • Пред да употребите некакво средство за отстранување дамки, проверете на мал дел, дали облеката може да ја загуби бојата при процесот на чистење. На овој начин ќе се осигурате дека нема да ја отстраните дамката, притоа оштетувајќи го парчето облека.
    • rn

    rn

    Дамки од црвено вино

    rnДоколку материјалот може да се пере само на суво (со хемиско чистење), употребете растворувач за суво перење. Во случај да нема ограничувања, прво директно нанесете отстранувач за дамки, а потоа преминете на процесот на перење според побарувањата на материјалот. Исто така, наместо со отстранувач, дамката можете да ја накиснете со минерална вода пред перењето.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од чоколадо

    rnНајпрво, оставете го чоколадото да се стврдне. Потоа со остар предмет нежно отстранете го чоколадото од материјалот. Ставете крпа под дамката и врз неа нанесете средство за суво чистење. Протријте ја дамката со прсти и полијте ја со топла вода. Доколку е потребно повторете ја постапката.rn

    Дамки од трева (зеленило)

    rnЗа материјали кои мораат да се перат на суво, пробајте дамката да ја отстраните триејќи ја со микс од светол оцет, вода и сода бикарбона. Хемиската реакција може да помогне дамката да биде отстранета. Доколку материјалот може да се пере на кој било начин, пробајте да ја отстраните дамката со микс од алкохол и вода (1:3). Оставете дамката да се исуши и потоа целосно исперете го парчето облека.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од крв

    rnСо дамките од крв морате да се справите најбрзо што можете. Започнете со ставање на дамката под млаз ладна вода и тријте ја со прсти. Доколку тоа не е доволно, употребете средство за суво чистење или пак отстранувач за дамки што се употребува при перење. Како домашен „лек“, можете да употребите микс од амонијак и вода и да го оставите парчето облека покиснато 20 минути.rn

    Дамки од кафе

    rnНабрзина нанесете отстранувач за дамки врз дамката. Потоа исплакнете ја со вода, загреана до температура која ја дозволува материјалот. Доколку дома немате ваков отстранувач, пробајте истото да го сторите со сјај за садови.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од мастило

    rnПоставете чиста ткаенина под дамката и прскајте ја дамката со лак за коса додека таа не излезе. По прскањето почекајте неколку секунди, а потоа протријте со друго, чисто парче ткаенина. Повторувајте го процесот додека дамката не се исчисти целосно.rn

    Дамки од масло за готвење

    rnНајпрво на мрсната дамка нанесете прашок што апсорбира (бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона) и оставете го некое време. Доколку дамката се уште не е излезена, употребете средство за суво чистење и не заборавајте под дамката да ставите крпа или старо парче материјал.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку начини да го искористите пивото, освен за пиење

    Неколку начини да го искористите пивото, освен за пиење

    Пиво – пијалак кој е обожуван и од жените и од мажите.rnrnrnrnЕве неколку начини како да го употребите пивото во секојдневното живеење, ако не го пиете.rn

    Полирање на мебел и покуќнина

    rn

    Замислете колку би било поинтересно ако чистите по дома со пиво. Тогаш, домашните обврски нема да ви претставуваат потешкотија, нели? Пивото е одлично за полирање на дрвенарија. Тоа на дрвото му дава сјај и здрав изглед.

    rnrn

    Купка од пиво

    rnСон на секој маж. Во полна када со топла вода, ставете неколку конзерви пиво. Верувале или не, ова е одлично за вашата кожа, ако се земе предвид дека квасецот е основна состојка во пивото. Тоа ја измазнува кожата и ја прави сјајна.rn

    Маринада

    rnБифтекот ќе биде многу посочен ако еден ден отстои во маринада од пиво. Не само што месото ќе биде повкусно, туку и многу меко.rn

    И помага на тревата да расте побрзо

    rnСтавете малку пиво на оние места од вашиот тревник кои се исушени и со кафена боја. Тревата ќе ги апсорбира хранливите материи и шеќерот и ќе порасне побрзо.rn

    Уништува полжави и штетници

    rnНаполнете една конзерва со 1/4 пиво. Конзервата закопајте ја во земјата во вашата градина. Штетниците ќе се опијат од мирисот и ќе се удават.rn

    Стапица за глувци

    rnНаполнете една кофа со евтино пиво. До кофата ставете една штица како би можеле глувците да се искачат до кофата. Тие ќе се намамат од миризбата и ќе се удават во кофата со пиво.rn

    Го смирува стомакот

    rnОва ќе ви се допаѓа најмногу. Седнете и напијте се пиво. После кратко време, вашите болки во стомакот ќе се смират. Алкохолот ќе ја намали болката. Важно: Овој совет не го земајте предвид ако имате гастритис или чир.rn

    Полирање на злато

    rnНамокрете парче ткаенина со пиво и почнете да го триете парчето злато (прстен, синџирче, брош) додека не видите дека почнува да сјае. Ова не го употребувајте ако има вметнати скапоцени камења во накитот.rn

    Гответе со пиво

    rnВо пиво можете да готвите ракчиња. Тие ќе ја задржат нивната свежина и ќе бидат крцкави.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скулптури од трева

    Скулптури од трева

    Овие скулптури, изработени од почва и пченични семки, прицврстени на конструкции од рециклирано железо, се резултат од креативната работа на Матилда Русел-Жироди.Скулптури од треваСкулптури од треваrn

    „Природниот свет кој го апсорбираме станува дел од човековото постоење. Преку овие антропоморфски (човечки форми) скулптури од почва и пченични тревни семиња, се залагам да покажам дека храната, нејзиното потекло и нејзиниот транспорт имаат влијание врз нас, повеќе од нејзиниот вкус. Нејзината внатрешна моќ влијае на секој орган од нашето тело. Набљудувајќи ја природата и станувајќи свесни за тоа што јадеме и како јадеме не прави почувствителни на циклусите на исхрана во светот, за изобилието, за немаштијата и ни овозможува да бидеме физички, интелектуално и духовно поврзани со глобалната реалност.“

    rn