КАФЕ ПАУЗА

Tag: трендови

  • Враќање на неочекуваните трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!

    Враќање на неочекуваните трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!

    Шарен е изборот што го имаме од дизајнерите за следната сезона, така што секој ќе може да пронајде нешто што сака. Оваа сезона е целосно со предимензионирани облици и истакнување преку живописни бои и впечатливи парчиња облека.rnrnВраќање на неочекувани трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!rnrnМодната прогноза вели дека оваа година фокусот ќе биде на преголемите ракави, џебовите и многуте детали.rn

    Силни бои

    rnrnrnНајмногу ќе се носат портокаловата, белата, жолтата, тиркизната, сината, црвената, беж бојата и црната.rn

    Кратки здолништа

    rnВраќање на неочекувани трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!rnrnИако на многу дами нема да им се допадне, но ултракратките модели на здолништа ќе може често да се видат на улиците оваа пролет.rn

    Светки

    rnВраќање на неочекувани трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!rnrnОваа сезона светките ќе се носат и во текот на денот. Колекциите на водечките дизајнери се преполни со ваквите модели.rn

    70-тите се враќаат

    rnВраќање на неочекувани трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!rnrn70-тите години се сметаат за една од најмодерните години, па дури и денес дизајнерите ја црпат својата модна инспирација од тој период. Сако-палтата што тогаш биле во тренд се враќаат на модната сцена.rn

    Плетени чанти

    rnВраќање на неочекувани трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!rnrnЧантите што најчесто ги среќаваме на плажа ќе бидат голем хит оваа пролет.rn

    Предимензионирани ракави

    rnВраќање на неочекувани трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!rnrnПредимензионираните ракави се апсолутен хит што нема да се повлече од модната сцена.rn

    Монохроматски стил

    rnВраќање на неочекувани трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!rnrnСтилизирањето од глава до пети во иста боја е моден хит.rn

    Тропски принт

    rnВраќање на неочекуваните трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!rnrnТрендот што потсетува на лето и радоста ќе биде во тренд. Цветовите се она што жените најмногу ќе го сакаат.rn

    Фармерки со трегери

    rnВраќање на неочекувани трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!rnrnПо неколку години, фармерките во комбинација со трегери се повторно во мода.rnrnМожеби сакате да дознаете и дека хеланките се враќаат во мода: Следете го ова правило за да не направите погрешна комбинација.

  • Нов тренд за убавина што би можел да владее во 2020 година

    Нов тренд за убавина што би можел да владее во 2020 година

    Минатата година, масажерот за лице од жад беше апсолутен хит, а експертите за убавина и инфлуенсерките тврдеа дека тој помага за намалување на отоците на лицето и на црвенилото.rnrnНов тренд за убавина што би можел да владее во 2020 годинаrnrnРолерите за масажа ќе бидат актуелни и во текот на оваа година, но она по што сите лудуваат се програмите за гимнастика на лицето. Низ САД се отвораат „теретани“ за лице, а онлајн-курсевите веќе го преплавија Интернетот.rnrnДобрата масажа на лицето може да ги елиминира главоболката и исцрпеноста, а лицето можете да го масирате и дома. Пред да започнете со масажата, отстранете ја шминката и подгответе масло што ќе им помогне на рацете полесно да се лизгаат по кожата.rnrnПокријте го целото лице со рацете така што врвовите на прстите ќе се наоѓаат на челото, а краевите на дланките ќе бидат близу до брадата.rnrnДржете ги така неколку секунди, а потоа полека и нежно движете ги кон ушите, така што на тој начин ќе го нанесувате маслото по целото лице.rnrnПогледнете кои 3 модни додатоци ќе доминираат во текот на 2020 година.

  • Кои ќе бидат најголемите трендови за храна во 2020 година?

    Кои ќе бидат најголемите трендови за храна во 2020 година?

    Дури и кога станува збор за нарачки доцна во ноќта, луѓето сè повеќе ќе бидат ориентирани кон органската храна. Домашната и органската храна ќе бидат апсолутен хит во текот на оваа година бидејќи таа е поздрава за луѓето, но и за околината. Со оглед на тоа што е невозможно целосно да се измијат остатоците од пестициди на овошјето и на зеленчукот, многумина ќе одгледуваат домашни намирници.rnrnКои ќе бидат најголемите трендови за храна во 2020 година?rnrnИзложеноста на пестициди е штетна за здравјето, а експертите предупредуваат дека хормоналното нарушување може да биде резултат на континуираната консумација на неоргански овошје и зеленчук. Веганскиот животен стил и начин на исхрана станаа попопуларни поради движењето вегенуари (збор составен од веган и од јануари).rnrnБијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи беа едни од првите што започнаа ваков начин на исхрана. Во текот на јануари, тие ја елиминираа храната од животинско потекло и ги охрабрија луѓето да се хранат поздраво барем неколку дена.rnrnОваа година, вегенуари добива наследник – органуари. За ваквиот начин на исхрана се залагаат лекарите, а намирниците што се во фокусот се од животинско потекло: бубрези, црн дроб, срце и говедско месо. Експертите велат дека треба почесто да ги јадете овие намирници бидејќи го штитат здравјето на мозокот, на мускулите и на црниот дроб. Но, добрата вест оваа година е тоа што се луѓето сè почесто ќе порачуваат зеленчук или овошје наместо хамбургер.rnrnЕдни од најпопуларните намирници оваа година ќе бидат медицинските печурки реиши, кои може да ги додадете во храната што ја готвите или да направите чај. Тие се јадат за подобар имунитет и за одбрана од сезонските настинки.rn

    Кељот е богат со хранливи материи

    rnНа менито се почесто ќе се појавуваат кељ, прокељ и зелка. Зелката го штити здравјето на желудникот, а прокељот ги отстранува токсините и е одличен за сјајна и негувана кожа.rn

    За сјајна и негувана кожа

    rnСè повеќе луѓе ќе додаваат колаген во прав во својата исхрана. Оние што сакаат да имаат сјајна кожа, ќе додаваат една лажичка колаген во своето смуди, во кафето или во чајот.rn

    Повеќе карфиол

    rnЛуѓето сè почесто подготвуваат тесто од карфиол. Прво го ставаат во блендер, а потоа во микробранова печка и додаваат јајце, лук, моцарела и сол.rn

    Повеќе органска храна

    rnСе предвидува дека во 2024 година луѓето ќе јадат 5,7 % повеќе органска храна во споредба со оваа година. Пазарот со здрава храна ќе доживее брз раст.rn

    Убава, но опасна храна

    rnПоради фотографии, луѓето ќе јадат карамбола бидејќи изгледа убаво, но таа е штетна за луѓето со слаби бубрези.rnrnПрочитајте кои 10 знаци покажуваат дека вашето тело е полно со токсини.

  • Кој тренд во состанувањето секој хороскопски знак би сакал да не постои?

    Кој тренд во состанувањето секој хороскопски знак би сакал да не постои?

    Кој дел од состаниците ви е најмалку омилен? Постојат одредени моменти од состанувањето што не ни се допаѓаат. Еве што велат ѕвездите за секој хороскопски знак кога во фокусот ги имаме неомилените трендови од романтичните состаноци.rnrnКој тренд во состанувањето секој хороскопски знак би сакал да не постои?rn

    Овен

    rnИспраќањето „мешани сигнали“. Посакувате луѓето да бидат поотворени во врска со нивните емоции.rn

    Бик

    rnПреправањето дека не ѝ/му е грижа за ништо. Посакувате луѓето посамоуверено да ги прифатат своите чувства, наместо да се грижат да не остават впечаток на „мекуши“, па глумат дека се премногу силни.rn

    Близнаци

    rn„Пријателствата со придобивки“. Посакувате луѓето да бидат поподготвени да влезат во вистински врски со личностите што ги привлекуваат и ги сметаат за блиски пријатели, наместо да избегнуваат поблиско поврзување.rn

    Рак

    rnГледањето Нетфликс и „кулирањето“. Посакувате луѓето повеќе да излегуваат на романтични состаноци наместо да си седат дома.rn

    Лав

    rnНенадејното исчезнувањето на партнерот. Посакувате луѓето да признаат кога не се заинтересирани наместо да „збришат“ и да ве натераат да претпоставувате што тргнало наопаку.rn

    Девица

    rn„Речиси“ врските. Посакувате луѓето поконкретно да ги дефинираат нивните односи наместо да се „влечкаат“ наоколу без никакви обврски.rn

    Вага

    rnОбичниот секс. Посакувате луѓето да бараат подлабока поврзаност и вистинска интимност, наместо да имаат врски за една ноќ, без никакви обврски.rn

    Скорпија

    rnГлумењето недопирливост. Посакувате луѓето да се вложуваат вистински во врските наместо да покажат кој помалку се грижи.rn

    Стрелец

    rnФазата со разговори. Посакувате да нема толку многу чекори помеѓу фазата: флертување и фазата: сериозна врска.rn

    Јарец

    rnАпликациите за запознавање. Посакувате луѓето повеќе да ги ценат разговорите лице в лице наместо да се обидуваат да создадат врски преку телефон.rn

    Водолија

    rnИграњето игри. Посакувате луѓето да бидат директни со вас наместо да ви се приближуваат и да ве оттурнуваат, во зависност од нивното расположение.rn

    Риби

    rnТоксичните врски. Посакувате луѓето да избираат живот наместо да бидат заглавени во токсична врска со погрешна личност.rnrnМожеби сакате да дознаете и кој е најголемиот совет што секој хороскопски знак треба да го следи во 2020 година.

  • Трендови за уредување на ентериерот во 2020 година

    Трендови за уредување на ентериерот во 2020 година

    Секоја нова година носи нови трендови, без разлика дали станува збор за модата, за парфемите, за боите што ќе доминираат или за трендовите во уредувањето на ентериерот. Од зголемена употреба на одржливи материјали до гламурозни парчиња и експанзија на индивидуалноста и уникатноста, погледнете кои стилови ќе бидат популарни во уредувањето на ентериерот во 2020 година.rn

    Класична сина боја

    rnТрендови за уредување на ентериерот во 2020 годинаrnrnОваа интересна боја ќе ја има на ѕидовите, на украсите, па дури и на осветлувањето. Сината боја е совршена за модерни парчиња мебел и за привлечни предмети. Оваа нијанса на сина боја е иста како бојата на природната светлина на северната хемисфера која има сини тонови во текот на целата година.rn

    Гламур

    rnТрендови за уредување на ентериерот во 2020 годинаrnrnГламурот е тренд што никогаш не исчезна целосно, а високата софистицираност вклучува максималистички начин на декорирање каде што моделот е во центар на вниманието, а премногу украси е непознат поим.rnrnКога станува збор за уживање во убавината на вашиот дом, смелите форми, доминантните украси, како и секојдневниот раскош ќе ја одбележат декорацијата на ентериерот во текот на оваа година.rn

    Уникатен дизајн

    rnТрендови за уредување на ентериерот во 2020 годинаrnrnУникатниот дизајн ќе кулминира бидејќи оваа година целта на дизајнерите е да ве шокираат. Од контрастни материјали до впечатливи украси што привлекуваат внимание, сè ќе се врти околу уникатноста.rn

    Природни текстури

    rnТрендови за уредување на ентериерот во 2020 годинаrnrnПоради политички, економски и социјални промени, не е изненадување што природата ќе биде врвен избор кога станува збор за изборот на дизајн во 2020 година. Новиот пристап кон природните текстури подразбира обоен мермер, сушено цвеќе и класични органски текстури. Богатите дрвени текстури никогаш не излегуваат од мода, а природно не мора да значи и минималистички пристап. Комбинирањето природни материјали и луксуз ќе биде во фокусот на уредувањето во текот на оваа година.rn

    Органска форма

    rnТрендови за уредување на ентериерот во 2020 годинаrnrnОрганските форми ќе продолжат да се здобиваат со популарност и во текот на 2020 година. Истражувањето на природниот свет, во комбинација со дизајнерските иновации, поттикнува развој на апстрактни, но и на поедноставни форми. Барајте дизајни што потсетуваат на природата и на нејзината најдобра рустикална форма.rnrnПогледнете неколку идеи како да го уредите домот во бојата што ќе ја обележи 2020 година.

  • Пет трендови на социјалните мрежи за 2020 година

    Пет трендови на социјалните мрежи за 2020 година

    Социјалните мрежи денес се составен дел од животот и дел од секојдневната рутина на секој човек. Поради тоа, не е ни чудо што дигиталната стратегија сè повеќе станува задолжителен дел од деловната стратегија на повеќето компании и бизниси.rnrnПет трендови на социјалните мрежи за 2020 годинаrnrnВо теорија, концептот е многу едноставен. Ја следите вашата целна група и ѝ сервирате релевантни содржини, но сите го прават истото и се појавува проблем – презаситеност на социјалните мрежи со содржина. Затоа е многу важно да ги следите трендовите и да се трудите да бидете пред конкуренцијата.rnrnЕкспертите советуваат дека треба да бидете во чекор со времето, а ова се петте главни трендови за 2020 година.rn

    1. Зголемена популарност на краткотрајните содржини

    rnОва се однесува на содржината со кратко траење што не е достапна по одредено време. Пример за ова се Инстаграм, Снепчет и Фејсбук. Причината за популарноста на овие формати е тоа што вниманието на луѓето сè повеќе опаѓа што е предизвикано од премногу достапни информации. Ова е поткрепено со фактот дека во јануари 2017 година, 150 милиони луѓе дневно објавувале приказни, а во јануари 2019 година тој број изнесувал 500 милиони.rn

    2. Пораст на популарноста на социјалните мрежи со специфична содржина

    rnФејсбук и Инстаграм се најголемите, најпопуларните и сеопфатните платформи, но тие не се единствените. На пример, TikTok е социјална мрежа за кратки видеосодржини особено популарна кај помладата популација, LinkedIn останува првиот избор за деловни контакти, а Twitch е најатрактивна социјална мрежа за гејмерите.rn

    3. Инстаграм го укинува бројот на лајковите

    rnМожеби веќе сте ја забележале оваа промена на вашите профили бидејќи Инстаграм почна постепено да ја воведува, но во почетокот на 2020 година ќе ја има на сите профили. Ова значи дека увидот во вкупниот број лајкови на една објава ќе биде видлив само за корисникот на профилот. Образложението за воведување на оваа новина е тоа што луѓето почнаа да се вреднуваат според лајковите што ги добиваат, а тоа негативно влијае врз менталното здравје. Но, прашањето е дали тоа е вистинската причина за промената или Инстаграм сака да го спречи понатамошниот развој на маркетингот на инфлуенсерите, со цел да се зголеми профитот од класичното рекламирање во рамките на самата платформа.rn

    4. Проширување на трговијата преку социјалните мрежи

    rnСè повеќе компании ги користат социјалните мрежи за директна продажба, а овој тренд има тенденција да продолжи и во наредните години.rn

    5. Видеото како доминантен формат на содржина

    rnВидеосодржината е најпримамлива за корисниците и се смета дека стигнува до голем број корисници. Исто така, видеорекламите што се поставени на Фејсбук и на Инстаграм се над десет пати поевтини од оние што содржат само фотографија, а се претпоставува дека до 2022 година, видеото ќе сочинува дури 82 % од целата содржина на Интернет.rnrnПогледнете ги овие 6 апликации слични на Инстаграм што можете да ги користите доколку не сакате да бидете многу друштвени.

  • 5 мејкап трендови што треба да ги совладате пред да започне новата година

    5 мејкап трендови што треба да ги совладате пред да започне новата година

    Подгответе се за мала промена затоа што следната година голем хит ќе бидат креативните и смели форми и неонските бои. Започнете да го усовршувате нанесувањето остра линија ајлајнер и изберете црвен кармин што најмногу ќе одговара на вашиот тен. Во 2020 година сите ќе тежнеат да имаат шминка што ќе изгледа природно, па заборавете на контурирањето и на сјајните хајлајтери. Погледнете што ќе биде во тренд следната година за да го усовршите начинот на шминкање на време.rn

    1. Повеќе сенки, помалку кармин

    rn5 мејкап трендови што треба да ги совладате пред да започне новата годинаrnrnОвој изглед вклучува акварел нијанси, графички линии и уникатни комбинации на бои што нема да ги најдете во вашата неутрална палета. Ако сакате да го задржите вниманието на очите, тогаш изберете неутрална боја на кармин.rn

    2. Без хајлајтери

    rn5 мејкап трендови што треба да ги совладате пред да започне новата годинаrnrnВо 2020 година, сè повеќе жени ќе сакаат да имаат свеж и природен изглед на лицето. Исфрлете ги сјајните хајлајтери, а наместо нив, одлучете се за природен сјај на кожата. Не заборавајте да пиете многу вода и да се фокусирате на негата на кожата. Можете да направите и лажен сјај со хајлајтер, но грижата за вашата кожа е клучна.rn

    3. Остри и дефинирани линии

    rn5 мејкап трендови што треба да ги совладате пред да започне новата годинаrnrnОстрите линии на очите и дефинираните набори со впечатлива нијанса ќе бидат голем тренд во 2020 година. За јасно нагласени форми, прво нацртајте линија на капакот на окото со молив во посветла боја и тоа нека ви биде основа за понатаму да го пополните тој дел со смела нијанса на сенка за очи. Ако сакате да имате остри линии, избришете ги нерамните делови со помош на мицеларна вода.rn

    4. Црвени усни

    rn5 мејкап трендови што треба да ги совладате пред да започне новата годинаrnrnЗошто имате тенденција да ги употребувате црвените кармини само за време на празниците? Во 2020 година очекувајте редовно да гледате смели црвени усни на свежо лице. За вашиот кармин да трае подолго, прво нанесете кармин, потоа натапкајте ги усните со марамче, ставете малку пудра во прав и на крајот повторно нанесете кармин.rn

    5. Неонски ајлајнер

    rn5 мејкап трендови што треба да ги совладате пред да започне новата годинаrnrnОчекувајте да видите уште повеќе неонски бои во 2020 година. Ако користите неонски ајлајнер, остатокот од вашата шминка треба да биде едноставен и неутрален. Изберете неутрални нијанси на сенка за очи и не плашете се да експериментирате со ајлајнер или маскара во светла боја.rnrnПогледнете која фризура ќе биде најпопуларна во 2020 година.

  • Славни личности кои постигнале голем успех иако не ги слушале советите за слабеење

    Славни личности кои постигнале голем успех иако не ги слушале советите за слабеење

    Природната убавина е воодушевувачка. Во светот на славните постојат многу личности кои се природно убави, додека некои од нив се изложуваат на секакви „корекции“ за да би го постигнале „совршениот изглед“.  Секако дека и оние кои се благословени со природна убавина мора да се грижат за неа и да ја негуваат.rnrnКога ќе ги погледнеме Џенифер Лопез, Мисти Коупленд и Џенифер Лоренс тешко е да си замислиме дека нивните тела некогаш се разликувале од општите стандарди за убавина. Но, овие жени се потрудиле нивните карактеристики да ги претворат во нивна моќ докажувајќи дека не мора да се придржуваме на секој стандард за да се сакаме себеси и да бидеме успешни.rnrnДа ги погледнеме славните личности кои морале да си ги одбранат правата да бидат свои и кои всушност успеале во тоа.rn

    Џенифер Лопез

    rnrnrnЏенифер Лопез е една од најуспешните пејачки. Таа е исто така позната танчарка и актерка. Има продадено над 75 милиони синглови ширум светот. Оваа година, Советот на модни дизајнери од Америка ја прогласија Џеј Ло за најмодерна жена на годината. Облините кои ги поседува телото на Џенифер навистина ѝ помогнале да стане познат моден бренд. Но, не било отсекогаш сè така беспрекорно. Во едно интервју, Лопез изјавила дека на почетокот на нејзината кариера имало многу луѓе кои нагласувале дека таа мора да изгуби неколку килограми. Но, таа не се грижела за мислењата на другите. Како што покажало времето, била потполно во право.rn

    Амбер Тамблин

    rnrnrnАмбер Тамблин е американска поетеса и актерка. Таа има улоги во повеќе филмови вклучувајќи ги „Прстенот“ (The Ring) и „Џанго разузданиот“ (Django Unchained) и ТВ сериите како „Доктор Хаус“ (House M.D.) и „Два и пол мажи“ (Two and a Half Men). Таа е самостојна и самоуверена жена. Но, некогаш нештата биле поинакви за неа. Во 2008-ма година, Амбер Тамблин била под притисок од нејзиниот агент од „Варнер Брос“. Таа го играла главниот лик во „Сестринството на патувачките пантолони“ (The Sisterhood of the Traveling Pants) и била наречена „млада ѕвезда во развој“. Нејзиниот посредник тогаш ѝ се јавил и ѝ честитал на успехот, но ѝ рекол и дека мора да ослаби. Оваа случка имала навистина лошо влијание врз нејзината самодоверба.rnrnДенеска, Тамблин го поддржува #TimesUp движењето и се бори за женските права од најразлични сфери.rn

    Мисти Коупленд

    rnrnrnМисти Коупленд е балерина која станала првата афро-американска прима балерина во Американскиот балет и театар. Таа е овоплотување на привлечност и елеганција. Како и да е, и балерините не се имуни на критики кои изјавуваат дека нивните тела се како „алатки“ кои мора да кореспондираат на традиционалните естетски одлики на балетот. На почетокот на нејзината кариера, Мисти била под притисок да ја изгуби тежината.rnrnПод притисокот од професионалците, таа се соочувала со проблеми поврзани со нејзиното здравје. Сепак, успеала да ги надмине овие предизвици и да докаже дека ништо не може да го спречи вистинскиот талент. Во 2015, Мисти Коупленд се нашла на листата на 100-те највлијателни луѓе, според „Тајм“.rn

    Ешли Бенсон

    rnrnrnЕшли Бенсон е американска актерка, позната по нејзините улоги во „Деновите од нашите животи“ (Days of our Lives) и „Мали слатки лажливки“ (Pretty Little Liars). Покрај тоа што е малку ниска, најчесто била критикувана и дека „била премногу дебела за одредени улоги“. Ешли не се грижи за нејзината тежина и мисли дека личноста не мора да изгуби ниту еден килограм доколку смета дека не треба.rn

    Ешли Грејам

    rnrnrnЕшли Грејам е „плус сајз“ модел кој ги инспирира жените ширум светот за да веруваат во себеси. Таа работела со познати брендови како „Форд Моделс“, „Гламур“, „Левис“, „Лејн Брајант“, „Марина Риналди“ и „Additiion Elle“. Тешко е да се замисли дека оваа силна жена некогаш имала проблеми со нејзиното самопочитување.rnrnВо детството, другите деца ја исмејувале, а нејзините родители секогаш ѝ кажувале дека е премногу „буцкаста“. Сите овие непожелни ситуации и недвосмислени сугестии допринеле Ешли да се издигне и да докаже дека светот на манекенството не е отворен само за слабите девојки.rn

    Кели Кларксон

    rnrnrnКели Кларксон секогаш била склона кон дебелината. Откако ја родила нејзината ќерка и качила некој килограм повеќе се соочила со уште посурови критики на социјалните мрежи. Кларксон не дозволила овие мислења да влијаат врз нејзиниот живот и им одговорила на нејзините „хејтери“ дека живее во слободен свет и дека воопшто не ѝ е грижа што другите мислат за нејзината тежина.rnrnВо 2018-ма година, Кели успеала да изгуби околу 20 килограми. Потоа била дијагностицирана со заболување на тироидната жлезда. Кларксон почнала да го насочува вниманието кон здравата храна, но изјавила дека не сака да вежба и дека никогаш нема да биде видена во теретана.rn

    Џенифер Лоренс

    rnrnrnЏенифер Лоренс едноставно го мрази зборот „полн“. Покрај многуте одлични филмови од кои била дел, таа не преферира ригорозни диети и идеални телесни облини. Во едно нејзино интервју, Џенифер истакнала дека кога жената има нормална тежина, таа е опишана како „жена со облини“ затоа што повеќето се навикнати да гледаат жени кои имаат помалку килограми од нормално. Таа смета дека на телевизија треба да биде илегално да се нарекува некој „дебел“.rn

    Тајра Бенкс

    rnrnrnТајра Бенкс е познат модел, актерка, пејачка и ТВ водителка. Таа покажува голема самодоверба сега, но морала да се соочи со малтретирање од страна на мас-медиумите како и во светот на манекенството.rnrnСè уште ѝ е болно да се потсети на настанот кога списанијата објавиле нејзина слика со навредувачки наслов за нејзиното тело. Плус тоа, еднаш за време на настап во Милано,  две шивачки ја нарекла „дебела“. Дури и модните дизајнери одбивале да работат со Тајра поради нејзините колкови.rnrnДенеска, Бенкс се обидува да ги инспирира луѓето од сите возрасти и форми. За оваа цел направила фотосесија во костими за капење и тие фотографии ги посветила за оние кои секогаш слушале дека не се доволно добри поради нивната тежина, возраст, фризура итн.rnrnВо едно од нејзините интервјуа, актерката Кери Фишер тврдела дека филмската индустрија единствено се грижела за тежината и за изгледот, и дека ништо не се променило во последните 38 години од нејзината кариера. Актерката ја критикувала опсесијата на Холивуд со изгледот и додала дека изреката „изгуби тежина“ е исто толку лесна како и да кажете „биди помлад“. Покрај сите правила од модната индустрија, сите овие славни личности успеале да постигнат голем успех и да станат прекрасни ѕвезди.rnrnДали и вие би се бореле за вашите права да бидете свои или би подлегнале на правилата кои ги наметнува општеството? Дали би ги следеле тековните или би создале нови модни трендови?rnrnПрочитајте и за овие 10 прекрасни славни личности кои ги прифатиле нивните несовршености.rn

    Автор: Наталија Наумовска

  • 6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

    6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

    Денес сѐ почесто маркетерите се обидуваат да „продадат“ производи и услуги кои ги пласираат како здрави и како такви тие можат да поминат кај младите луѓе кои се силни и здрави. Но, оние луѓе кои имаат хронични болести мора да бидат многу внимателни со трендовите кои ги следат.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    1. Интервален тренинг со висок интензитет

    rnЛуѓето кои сонуваат за совршено тело мислат дека овој тренинг е вистинска магија. Но, една студија спроведена од Универзитетот Рутгерс покажала дека оние кои вежбаат на овој начин со брзо темпо се посклони кон повреди и страдаат од воспаление на колената и рамењата. Затоа, доколку сакате да вежбате со овој интензитет, треба претходно да го подготвите телото со некоја друга физичка активност. Но, ако сте целосен почетник во вежбањето, а сакате да изгубите килограми, овој вид тренинг не е најдобрата опција за вас.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    2. Паста за заби со јаглен

    rnНеодамна стана вистински тренд да се користи јагленот, не само за чистење на желудникот, туку и за козметички цели. Ако сакате да користите паста за заби што содржи јаглен, треба да запомните дека таа е абразивна. Чистењето на забите со оваа паста делумно ја уништува и глеѓта, која, за жал, не се обновува. Ова ќе ги направи вашите заби многу почувствителни, а ќе изгледаат и потемни. Дополнително, мали парчиња јаглен може да се залепат за пломбите и да ви предизвикаат иритација. Доколку сакате да имате совршена насмевка, доволно е да одите на редовни контроли кај вашиот стоматолог.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    3. Електронски цигари

    rnЕлектронските цигари станаа многу популарни кај оние кои сакаат да се откажат од пушењето. За нив се верува дека се помалку штетни од обичните цигари. Но, бидејќи загреаните електронски цигари генерираат никотин аеросол, кој се состои од тутун и други хемикалии, тие се уште поштетни за здравјето на луѓето.rnrnВрз основа на резултатите од некои проучувања на бронхијалниот епителиум кај луѓето кои пушат вакви цигари, се дошло до заклучок дека тие може да доведат до воспаление, оксидативен стрес и да имаат други лоши последици врз белите дробови и дишните патишта. Долгорочно, може да доведат и до хронична опструктивна белодробна болест и рак.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    4. Вагинално чистење со клизма

    rnОвој метод на чистење може да доведе до промени во микрофлората на внатрешните гениталии, иритација, чешање и бактериска вагиноза. Исто така, ова може да го зголеми ризикот од развој на рак на грлото на матката.rnrnАко забележите некоја непријатност кај вашите генитални органи, не правете работи на своја рака и посетете лекар.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    5. Пиење витамини без рецепт

    rnЛекарите често нѐ потсетуваат дека честото пиење витамини без препорака може да има негативни последици. На пример, земањето премногу витамин Ц може да доведе до формирање на бубрежни камења. Ако мислите дека не внесувате доволно хранливи материи, направете промена во вашата исхрана или консултирајте се со нутриционист кој ќе ви направи соодветна диета.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    6. Кегелови вежби

    rnКегеловите вежби се специјализирани за стимулација и тонизација на пелвичните мускули. Но, за овој вид на вежбање има многу контрадикции. На пример, ако некој има болка во карлицата или уринарна инконтиненција, овие вежби може да ги влошат работите или да им наштетат на мочниот меур и бубрезите. Исто така, многу луѓе ги прават овие вежби на погрешен начин или прават многу повторувања за да добијат побрз резултат.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

  • 5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со нови

    5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со нови

    Трендовите се менуваат речиси секојдневно и поголемиот дел од нив остануваат засекогаш во минатото. Нешто што денес е хит, може уште утре да стане демоде, па навистина е тешко да препознаете колку долго ќе трае некој тренд. Сепак, според модните експерти, следниве модни трендови нема да ги гледаме до крајот на сезоната.rn

    1. Чанти околу половина

    rn5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со новиrnrnИако никој не се надеваше на враќањето на овој тренд, чантите кои се носат околу половина станаа вистински хит. Но, сега повторно се враќаат во заборав и ќе бидат заменети со чанти кои се носат преку рамено.rn

    2. Голи рамена

    rn5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со новиrnrnБлузите со голи рамена беа најистакнатиот тренд неколку толпи сезони по ред, но и на нивната популарност ѝ доаѓа крај. Ова лето наместо двете, покажете го едното рамо со асиметрични блузи кои беа популарни на почетокот на милениумот.rn

    3. Сламени шешири

    rn5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со новиrnrnМинатото лето сламените шешири беа додаток што го носеа речиси сите, но ќе бидат заменети со нешто неочекувано – рибарски шешири. Овие шешири се носеа на крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, а сега повторно ги гледаме како дел од комбинациите на познатите трендсетерки.rn

    4. Кратки панталони

    rn5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со новиrnrnПрекратките панталони кои едвај покриваат нешто полека ја губат својата популарност. Ова лето ќе бидат заменети со бермуди кои се малку над колената.rn

    5. Едноставни бикини

    rn5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со новиrnrnКласичните бикини ова лето се во втор план. Доколку сакате да изгледате неверојатно на плажа, вложете во бикини со невообичаен крој и модели со додатоци како колани, реси, бисери и панделки.rnrnПогледнете и кои модели на чанти се хит оваа пролет.